Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 12 Vote(s) - 2.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИРТУЕЛНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА
Author Message
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Поаѓајќи од реалноста дека ниту Власта, ниту Опозицијта не сакаат да донесат Закон за лустрација, ние како Комитет за Демократизација на Република Македонија, дојдовме до идеа да се обидеме да направиме предлог-закон за лустрација кој што ќе биде општо прифатлив. Свесни сме дека нема да биде идеален, бидејќи не постои ништо идеално на овој свет.

Затоа дојдовме до идејата за Виртуелна тркалезна маса на која учество ќе земат луќе кои се занимавале со овој проблем. Луѓе кои во одредени моменти биле про и контра постоечкиот Закон за лустрација; про и контра идеата дали да се спроведе лустрација сега; про и контра лустрација од 1991. година до денешен ден. Оваа дискусија ја замислуваме како прв чекор кон националното помирување и градење на единствен став на леви, десни, монархисти, републиканци и сите помеѓу, по прашањата кои се врзани за македонскиот државен и национален интерес.

За разлика од општите пракси на Форумот, оваа дискусија ќе биде од затворен тип. Ќе дискутираат само луѓе, учесници во досегашните подготовски на Законот за лустрацијата.

Едновремено, упатуваме јавна порака до сите останати учесници во досегашните подготовски на Законот за лустрацијата да влезат во оваа Тркалезна маса. За да бидете вклучени, јавете се на следната адреса: komitet10@gmail.com

Замислата на Комитетот за Демократизација на Република Македонија за текот на дискусијата е како што следи:

Hие, ако домаќини на дискусијата ќе ја опточнеме истата со наше видување на работите, преку текстот "Лустрација за национално помирување". За почеток, како вовед секој од учесниците ќе даде свое видување за дел на текстот или за целиот текст, или пак, видување кое ќе нема ништо врзано со нашиот текст - од причина што можеби решенијата за лустрација по негови или нејизни видувања не се допрени со уводниот текст.

Потоа ќе ја модерираме дискусијата со поставување на прашања, за да ги разјасниме дилемите и да ги усогладсиме различните видувања. Предноста на ваков начин на дискусија е што секој ќе пишува и ќе постира кога има време. Во понатамошната фаза ќе се оди со обработка на поединечни прашања, за да се стаса до најдоброто решение за предло-закон кој би го поднеле до Собранието.

Оваа тема ќе оди паралелно и на подфорумот "Политика", каде ќе е отворена за дискусија за општото членство на Форум, со надеж дека и од тука ќе произлезат некои интересни решенија - а можеби и покана за учество во Виртуелната тркалезна маса.

Се надеваме дека ова ќе биде првиот вистински и решителен чекор кон конечното решение на овој клучен процес за македонското општество.
12-01-2011, 05:03 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

Quote:Сон за новото македонско општество

ЛУСТРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ

[Image: 30b2yie.jpg]

пишуваат Дане Поповски и Јордан Петровски
(Групација на Ветерани Дисиденти при Комитетот за Демократизација на Република Македонија)

Клучно за македонската Лустрацијата за Народно помирување е конечно да го исклучи анитмакедонскиот елемент од управителството на државата. Значи, да се откријат Наредбодавачите, Извршителите и Соработниците. Оние за кои ќе се утврди дека работеле за интересите на туѓи држави да се изведат пред лицето на правдата и да им се суди за велепредавство. Оние пак, за кои нема да се утврди дека тоа го правеле за интерес на туѓи држави, но сепак дека работеле против интересите на Република Македонија како независна и суверена држава, или за некои лични цели, да им се забрани учество во јавниот и политичкиот живот, и криминално да одговараат оние кои ги кршеле човековите права на граѓаните злоупотребувајќи ја својата службена должност

Зошто Законот за лустрација на Андов не успеа? - Заради тоа што авторот сакаше да ги сокрие вистинските виновници, како и вистинската причина за која се гонети жртвите на УБД-а (синоним под кој ќе ги пордазбираме сите тајни Служби на СФРЈ и РМ).

"Експертите" при составувањето на Законот за лустрација како најголеми виновници за делата на УДБ-а ги посочуваа Кодошите. Во држава каде првенствена задача на полицијата и војската беше на недемократски начин да ја зачуваат Комунистичката партијата на власт, шансите да се биде кодош беа и се многу големи. Затоа, спрема Кодошите треба да се има засебен однос: Бидејќи тие биле присилени на соработка со УБД-а, Законот нив мора да ги класифицира како еден вид на жртви и за нив да не предвидува казни.

За несреќа на нашата Татковина, во Македонија покрај идеолошката борба, многу пораспространета беше борбата за Национална слобода, односно, борбата за Обединета, Суверена, Самостојна и Демократска (ОССД) Македонија. Затоа УДБ-а после Втората Светска Војна, кога требаше да влее страв во коските на народот, и да го пресече во зародиш движењето за ОССД Македонија, изврши невидени злосторства. Жртви на прогонот беа голобради момчиња кои се организираа во ВМРО-(С.Д.Р.М.А.) ПРАВДА. За неполна година ВМРО-ПРАВДА достигна бројка од 28.000 регистрирани членови.

Доколку беа живи вистинските борци во борбата за слобода на Македонија од Втората Светска Војна - оние кои не влегоа во борбата од идеолошки и пројугословенски причини, како членови на КПЈ(М) - туку чие мото беше Обединета, Суверена, Самостојна и Демократска Македонија, убедени сме дека лустрацијата ќе се завршеше уште во 1991. година. Но, за несреќа во Македонија судирот, како што спомнавме погоре, не беше, а и денеска сеуште не е исклучиво од идеолошка природа. Напротив, сржта на судирот е национална. Дејци за независна и суверена Република Македонија против дејци за Македонија според конформациите на Букурешкиот договор! Значи веќе станува јасно каде е Македонскиот проблем.

Во скоро сите посткомунистички држави се спроведе лустрација. Таму се лустрираа носителите на Комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошките левици и десници. За да биде целисходна, и од полза на народно помирување и обединување, лустрацијата во Македонија мора да зафати многу подлабоко. Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 90%) се по национална основа. Прогонувани се Македонци (левичари, десничари и центристи), кои беа за ОССД Македонија. За жал, во времето на Едноумието, македонскиот народ немаше прилика да го искаже своето мислење по прашањата на независнот и државно уредување - бидејќи никогаш немаше слободни избори! На првата можност кога се укажа шансата народот да гласа на избори - тој и' даде најмногу гласови на партијата која својата платформа ја темелеше на независна македонска држава. На следниот чекор - Референдумот за независност - тој ист народ со убедливо мнозинство се изјасни за своја држава.

За да она што сакаме да го објасниме биде полесно разбирливо, понатака ќе пишуваме исклучиво за периодот на наводно независна Република Македонија. Имено, прогонот продолжува и по осамостојувањето, и критериумите според кои се спроведува прогонот сe исти како оние од после Втората Светска Војна. Ова треба да е чудно и неразбирливо, и над се' спротивно на Законите и државните интереси - бидејќи Македонија на Референдумот изгласа самостојност, а Службите на прогон (УДБ-а), исто како и во 1947. година, отворија досијеа и отпочнаа прогон специфично против луѓе кои се залагаа за исполнување на првиот дел на референдумското прашање - "Дали сте за суверена и самостојна Република Македонија?". Значи првиот дел на прашањето на Референдумот беше измама, или пак, Власта изврши чин на велепредавство !?

Во периодот веднаш по Референдумот, според изјава на Др. Зоран Тодоровски, Директор на Архивот на Македонија, отворени се неколку илјади досијеа, што значи дека Службата повторно морала да се ангажира за да произведе кодоши. "Производството" на кодоши е тајната заради која нема лустрација, и е причината зошто токму Андов, како врвен познавач на процесот на производство на кодоши беше избран за да го одработи Законот за лустрација. Додека Законот сеуште беше во верзија на муабети беше добар, и даваше надеж дека конечно Македонија ќе го симне тој голем товар од своите плеќи - Лустарцијата, односно примената на Декларацијата на ЕУ за осуда на Комунизмот - еден од најбитните услови за влез во ЕУ.

Но, како одеше пишувањето на Законот отпаѓаа најважните членови - оние кои беа клуч за вистинска Лустрација. Бадијала беа укажувањата на Бачев, Јанкуловски, Дамовски и уште неколкуте чесни и вистински борци за спроведување на Лустрацијата. Соработниците, Извршителите и Наредбодавачите (Андов, Маневски, Милчин и компанија) не можеа да понудат друг закон! Бидејќи секоја друга форма на Законот ќе ги лустрира единствено нив - а тоа треба да биде основната поента на Македонската лустрација! Со Македонската лустрација мораме да дојдеме до врвот, т.е. до Налогодавачите, кои се изворот на злото.

Продолжувањето на прогонот по линија на македонски национализам, т.е. на оние кои идејно се за независна и суверена македонска држава, и по Референдумот и Осамостојувањето на Македонија е чин на немакедонска политика. Таа политика беше спроведена од марионетска Власт која имаше за цел да го преврати резултатот од Рефендумот '91, односно да го наметне вториот дел на прашањето како едниствена опција за нашата Татковина - "... со право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија" - бидејќи тие беа оние кои што инсистираа на тој дел воопшто да биде вклучен во Референдумот - а воедно и беа Власт во годините кои следуваа! Наша должност, како Македонци и како демократи, е да ја спроведеме жeлбата на народот од Референдумот за независнот; да ја демаскираме таа политика, и да покажеме пред граѓаните на Македонија за кого тие луѓе - Властодржците од 1991. година до денеска- работеле: чии интереси штителе и за кого ја уништувале Република Македонија на духовен, економски и демографски план.

Пак да се вратиме на кодошите. Службата има еден специфичен начин на работа. Имено, прогонот не го прави за да на Прогонетиот ("Предмет на Обработка") му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала средства или начини. Најчест метод беа уцени со нешто од што жртвата, "Предметот на Обработка", се плашела да излезе во јавноста - прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем за кој Службата на "Предметот на Обработка" ќе му понуди помош за решавање - на пример, задолжување кај лихвар, стопирање на судски предмет и слично. Откако службата ќе го добиела новиот кодош, почнувала со поставување на задачи кон истиот, т.е. обработка на нов "Предмет".

За Кодоши многумина ги сметаат и оние луѓе кои на официјален начин биле канети во канцелариите на УДБ-а, при МВР, со закана дека ако не "соработуваат" т.е. ако не се појават на сослушувањето, им следува некаква казна. За Кодоши се сметаат и луѓе - соседи или пријатели и членови на семејството на "Предметот на Обработка", кои знајно или назнајно, правејќи уличен муабет со Службеник-Извршител придонесувале кон досието на "Предметот". За Кодоши се сметаат и луѓето, за кои објаснивме погоре како биле ставaни на свршен чин, и како единствен избор им останало да доставуваат информации до органите на прогонот. Значи, Кодошите, најчесто немале избор.

За да не се добие впечаток дека оваа стратегија има за цел комплетна амнестија на Кодошите, тука мора да ги дефинираме Соработниците и да ги раздвоиме поимите "Соработник" и "Кодош". Соработници се оние поединци кои не биле вработени во тајните служби на МВР, но кои, како надворешни тела, извршувале задачи за УДБ-а кои биле на штета на други поедници и на националните интереси, а за возврат добивале надомест од пари, привилегии, унапредувања итн. За разлика од Соработниците, Кодошите не добивале надомест за доставувањето информации до МВР, туку, информациите кои ги давеле, биле изнудени или незнајно дадени. Секако, мора да се очекува дека има значаен број на Кодоши кои станале Соработници. Бидејќи цели на оваа стратегија се националното помирување и размонтирување на УДБ-а како орган на антимакедонска политика, ние велиме дека Кодошите (кои не станале Соработници) треба да бидат третирани како жтрви или во најмала рака - неутрално, но во никој случaј тие да не се гонат.

И конечно, да ја објасниме идејата за Лустрација за Народно помирување. Во 2002. година во Република Македонија беше донесен Закон за политичките затвореници, со кој требаше да се обесштетат осудуваните за независна Македонија во времето на поранешна Југославија. Овој Закон е одлична појдовна основа, и со мали дополненија и измени неговата примена ќе овозможи рехабилитација, репатријација и репарација на жтрвите на УБД-а до 1991. година - а воедно нема да има нов прогон против оние кои дејствувале во рамките на Законите на поранешна Југославија. Тоа значи, клучно, дека илјадниците Кодоши, кои имале или немале избор за да соработуваат со Службите, луѓе кои се ионака во залезот на своите животи - ќе можат на мир да си ги одживеат нивните последни години. Тоа би било прифатено како задоволително, а во знак на добра волја, од страна на Ветераните Дисиденти.

Клучно за македонската Лустрацијата за Народно помирување е конечно да го исклучи анитмакедонскиот елемент од управителството на државата. Значи, да се откријат Наредбодавачите, Извршителите и Соработниците. Оние за кои ќе се утврди дека работеле за интересите на туѓи држави да се изведат пред лицето на правдата и да им се суди за велепредавство. Оние пак, за кои нема да се утврди дека тоа го правеле за интерес на туѓи држави, но сепак дека работеле против интересите на Република Македонија како независна и суверена држава, a за некои лични цели, да им се забрани учество во јавниот и политичкиот живот, и криминално да одговараат оние кои ги кршеле човековите права на граѓаните злоупотребувајќи ја својата службена должност.

Според ова сценарио станува збор за сосема мал број на луѓе кои би ги опфатила Лустрацијата. Зборуваме за една групација на луѓе, која во периодот од 1990 година, па до денеска преку разни форми ја спроведува таа антинационална програма за уништување на Македонија и Македонците. Луѓе од Власта, кои кога Словенците и Хрватите трчаа и молеа кај владите на ЕУ и САД меѓународно да им ги признаат државите, тие (нашава марионетска Власт) од "петни жили" вадеше сили да ја задржи Македонија во југословенски сојуз, за потоа преку ноќ да станат "државотворци" - на зборови на независна Р. Македонија, а на дело отвораа досијеа и прогонуваа луѓе кои вистински се залагаа и работеа на независноста и сувереноста на Република Македонија. Зборуваме луѓето кои го опљачкаа народот низ криминалната приватизација и сето општесвтено богатство на нечесен начин си го препишаа на себе си. Зборуваме за луѓето кои ја задржаа и сеуште ја држат Македонија надвор евроатлантските сојузи и кои си поигруваат со името на државата и идентитетот на народот.

Кога овие неколку дузини на поединци, со се' нивната антимакедонска мрежа ќе се отстранат од јавнот и политичкиот живот, и кога на виделина ќе излезат нивните свесно спроведени политики на национален раскол и општествен грабеж, тогаш македонското општество ќе може да почне да живее во единство и слога. Тогаш ќе се расветли и криминалната приватизација, и Република Македонија ќе може економски да заживее, па дури и да стане предмет на почитување на државите спрема кои денес се стремиме да им се придружиме. Тогаш ќе биде решено и прашањето за т.н. спор за името. Тогаш ќе можеме навистина да очекуваме покани за членство во Европската Заедница и НАТО, и конечно, еднаш за секогаш ќе престанат постојаните меѓуетнички напнатости и закани за понатамошно распарчување на држвата. Денес, повеќе од било кога на Македонија и’ е потребна слога и единство меѓу нејзините чеда. Денес, повеќе од било кога на Македонија и’ е потребно движење, организација или партија која ќе ги обедини обесправените толпи и која ќе ја има храброста и доблеста да го прочисти општеството од мрежата на УДБ-а на чија милост или немилост страдаат граѓаните на нашата Татковина.
12-01-2011, 05:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(12-01-2011, 05:13 PM)Администратор Wrote:

За да тргнеме од мртва точка треба да дефинираме што бараме од "лустрацијата"

I. Кого ке опфати "лустрацијата":

Наше видуваш:

1. Соработниците
2. Извршителите
3. Налогодавачите

II. Кој дела треба да ги обработи

1. Прогонот по идеолошка основа
2. Прогонот по национална основа
3. Трансвормациата на општествениот капитал, бидејки за тоа постојат докази дека е идеолошка одлука која е донесена да се сочува комунистичкиот систем како општествено уредување.

III.Како да се спроведе:

1. Преку СПЕЦИЈАЛЕН СУД-НЕ ПРЕКУ КОМИСИЈА

IV. Кој да ја спроведе

1. Стручни лица во областа на правото.
21-01-2011, 09:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,638
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(12-01-2011, 05:13 PM)Администратор Wrote:
Quote:Сон за новото македонско општество

ЛУСТРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ

[Image: 30b2yie.jpg]

пишуваат Дане Поповски и Јордан Петровски
(Групација на Ветерани Дисиденти при Комитетот за Демократизација на Република Македонија)

Клучно за македонската Лустрацијата за Народно помирување е конечно да го исклучи анитмакедонскиот елемент од управителството на државата. Значи, да се откријат Наредбодавачите, Извршителите и Соработниците. Оние за кои ќе се утврди дека работеле за интересите на туѓи држави да се изведат пред лицето на правдата и да им се суди за велепредавство. Оние пак, за кои нема да се утврди дека тоа го правеле за интерес на туѓи држави, но сепак дека работеле против интересите на Република Македонија како независна и суверена држава, или за некои лични цели, да им се забрани учество во јавниот и политичкиот живот, и криминално да одговараат оние кои ги кршеле човековите права на граѓаните злоупотребувајќи ја својата службена должност

Поголема потврда за нашето видување за лустрацијата од текстов нема. Посебна благодарност до Др. Зоран Тодоровски кој ја потврди со непобитни докази нашата теза дека во македонската лустрација не е доминантен судирот на идеолошките леви и десни, туку е во прашање ИДИОЛОГИЈАТА, за САМОСТОЈНА МЕКАДОНИЈА или за МАКЕДОНИЈА под СРПСКО влиание ОКУПАЦИЈА. После овој текст на сите треба да им е јасно дека законот кој го донесе Груевски е всашност закон кој требаше да го сокрие продолжението на СРПСКОТО влијание и по "ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО" 1991 година.

Quote:НЕОБЈАВЕНО ПИСМО НА ПАНКО БРАШНАРОВ И ПАВЕЛ ШАТЕВ

ЈУ-комунистите сакаат да ја зграпчат Македонија

[Image: 17760AA3CFC61F44AC501161028B7851.jpg]

Паролата за обединување на македонскиот народ во рамките на ФНРЈ имаше смисла во 1943/44 година, кога македонскиот народ беше поставен пред алтернативата или да остане како ЈужносрбиЈанец, т.е. да биде оставен на српска асимилациЈа од една страна, а од друга, постоЈниот Чисто фашистиЧки режим во БугариЈа, наспроти спротивставувањето и борбите на прогресивните сили на Чело со БРП(к), не дозволи тие да излезат на површината за да можеше да се постави конкретно и поинаку целосното ослободување и обединување на македонскиот народ

Прашањето за обединувањето на македонскиот народ уште од самиот почеток е поткопано поради неговото неправилно поставување од страна на ЦК на ЈКП во смисла цела Македонија да се присоедини кон ФНРЈ, без да се води сметка за особените, специфични услови, ниту за братските соседни држави, и притоа без да се гледа во перспектива развивањето на прогресивните сили на Балканот и нивното обединување во една моќна федерација-јужнословенска или балканска.

Вака Панко Брашнаров и Павел Шатев, двајца врвни македонски револуционери и членови на Президиумот на АСНОМ, го почнуваат своето писмо, означено како строго доверливо, што на 1 октомври 1948 година го испратиле до раководствата на советската и бугарската комунистичка партија. Во него тие ги запознаваат своите партиски колеги со состојбата во Вардарска Македонија во периодот од 1944 до 1948 година. Индикативно е што цело време наместо кратенката КПЈ се користи ЈКП.

Писмото е испратено преку бугарската амбасада во Белград и досега не е објавувано ниту во поранешната ју-зедница, ниту во слободна и независна Македонија. Во два наврата, во 1998 и во 2004 година е публикувано во Бугарија од извесен Веселин Ангелов во книга под наслов „Македонското прашање во бугарско-југословенските односи (1944-1952)“ во рамките на проект „Архивите говорат“. Покрај воведниот дел, писмото содржи и 14 точки или, како што велат авторите, факти, што претставуваат поткрепа за нивните оценки за состојбата во Вардарска Македонија.

Задоцнета парола

ЦК на ЈКП, пишуваат Брашнаров и Шатев, се стреми да ја заземе целокупна Македонија, становиште што ги има сите елементи на едно националистичко буржоаско гледиште, што сака преку отцепување на одредени области да го разреши македонското прашање, игнорирајќи ги интересите на бугарскиот народ, а раководителите на ЦК надмено се однесуваат спрема рамноправниот на себе ЦК на БРП(к). Ако се оди право по патот, согласно становиштето на ЦК на КПЈ, тогаш Македонија не може да служи за сврзувачко ткиво меѓу балканските народи, поради тоа што ќе и даде превез на ФНРЈ за излез на Белото Море, ќе ја оддалечи Бугарија од морето, ќе ја лиши од природните богатства на Пиринскиот крај и на тој начин ќе ја направи Бугарија економски зависна од неа.

Истото е и за Егејска Македонија, чиј етнографски состав е изменет поради случувањата по првата империјалистичка војна, во чиј состав еден голем дел има туѓ елемент, што може да е непријателски, па според тоа и така настроен кон ФНРЈ. Освен тоа, со одделувањето на Егејска Македонија од Грција, последната од една страна се лишува од богатите плодородни полиња-Солунско, Серско, Драмско - кои служат за житници и тутунско производство, а од друга, при таква перспектива, со сигурен стремеж за отцепување, откинување територии од Грција, се засилуваат позициите на крајно националистичките елементи-монархофашистите-и ќе служат како доказ во нивните раце за оправдување дека ако победи демократскиот блок, Македонија, ни помалку ни повеќе, ќе биде завладеана од Југославија. А, при сегашните политички релации, општата политичка ситуација и епската борба што ја водат грчкиот, а и македонскиот народ во Егејска Македонија, се вистинска татковинска светост по однесување дека дадените и давани жртви се поддршка на становиштето на ЦК на КПЈ. Таа парола, тоа становиште за обединување на македонскиот народ во рамките на ФНРЈ имаше смисла во 1943/44 година, кога македонскиот народ беше поставен пред алтернативата или да остане како јужно-србијанец, т.е. да биде оставен на српска асимилација, односно фактички да биде уништен од една страна, а од друга, постоечкиот чисто фашистички режим во Бугарија, фактички веќе окупирана од Германците, наспроти напорите, спротивставувањето и борбите на прогресивните елементи и сили во државата на чело со БРП(к), не дозволи тие да излезат на површината, да се пројават посилно и поотворено, за да можеше да се постави конкретно и поинаку целосното ослободување и обединување на македонскиот народ. Но, сега кога во Бугарија на чело стои БРП(к) која во ништо не заостанува зад КПЈ, нема смисла да се натпреваруваме за заземање или заграбување земји, што припаѓаат на самиот македонски народ, а не на ЦК на ЈКП.

Илустрација на националистичките стремежи

Во продолжение од писмото Брашнаров и Шатев своите ставови ги образложуваат преку конкретни примери. Ставени во 14 точки, тие пишуваат:

За да ги илустрираме агресивните, националистички стремежи на ЦК на ЈКП во однос на соседните држави и асимилаторската политика спрема македонскиот народ, прикривани под превезот на комунизмот во чие име и под чие знаме се вршат престапи, изнесуваме некои факти на неправди, терор и насилства спрема одделни лица и групи во цела Македонија и надвор од неа.

Како прво, авторите наведуваат дека ЦК на ЈКП до Резолуцијата на Коминформбирото, под превезот на комунизмот, го прикривал својот национализам и така на одделни командни позиции и во партијата врбувал свои слепи послушни орудија, како што е типичниот случај со лицето Видое Смилевски, сегашен потпретседател на Владата на НР Македонија. Во август 1944 година, на планината Козјак, пред да се собере на историското заседание во манастирот „Св.Прохор Пчињски“, (АСНОМ) Антифашистичкото собрание на Македонија, кога се подготвуваше листата за народни претставници на Македонскиот генерален совет, Вукмановиќ-Темпо дојде на собирот со еден млад човек од Гостиварско, кој не знаеше да зборува македонски. Тоа беше Видое Смилевски. Генерал Темпо го предложи за народен претставник во АСНОМ. Присутните се вознемирија и се спротивставија, а против тој предлог особено се искажаа другарите Лазар Соколов од Куманово, бивш помошник-министер за трговија, а сега професор на универзитетот во Белград, Кирил Глигоров-бивш министер за финансиите во Македонија, помошник министер за финансии во Белград, и Благој Хаџи Панзов, поранешен помошник на јавниот обвинител на Југославија, до скоро советник при југословенската делегација во Софија, а сега отстранет и без определена служба. Генерал Темпо се налути и го напушти собирот. Потоа, кога собирот продолжи, Темпо повторно дојде и рече: „Видое Смилевски е испратен од ЦК на ЈКП и треба да се внесе на списокот на народните претставници...“. Заповедта беше исполнета, но поради тоа споменатите другари подоцна беа распрснати по Србија како сомнителни и неподобни лица и на тој начин лишени од можноста да станат општествени и македонски народни и државни дејци.

На ист таков начин се поставија и истакнаа и други лица како Никола Минчев, Киро Миљовски, Љупчо Арсов, Вера Ацева, а и самиот Лазар Колишевски, кој има заслуги спрема македонскиот народ и работничката партија само затоа што учел заедно со Александар Ранковиќ во средното техничко училиште во Крагуевац, а потоа бил уапсен во Македонија (1941) и осуден на доживотен затвор од бугарската фашистичка власт. Такво врбување се прави во сите републики и само така може да се објасни и изборот за делегати на слепо послушни лица, кои можат да се потчинуваат на дисциплината на ЦК на ЈКП, кој нападно бара строга дисциплина од своите членови, а самиот не се потчинува на повисокиот орган како што е Коминформбирото.

Второ, ЦК на ЈКП имајќи ги на располагање државниот апарат и слепите егзекутори - органите на УДБ-а, сите одбрани и верни орудија на Александар Ранковиќ и Цветко Узуновски-ги отстранува од работа и ги исклучува од Партијата и Фронтот лицата кои ја поддржуваат или симпатизираат Резолуцијата на Коминформбирото, како што е случај, на пример, со претседателот на Врховниот суд на НР Македонија, Коста Тасев, и Димко Страчков, самиот инвалид, кој за време на народноослободителната војна ги загуби убиените во борба татко и брат итн.

Под плаштот на станбената криза и национализацијата на имотите, ЦК на ЈКП врши одземање куќи, како што е случајот, на пример, со лицето Нанче Велков, кој уште во 1945 година и подарил две куќи на државата, во 1946 даде уште две куќи под наем на државни установи и единствената останата куќа на ул.370 бр.9-Скопје, каде што живее, му се одзема, за да се слушнат само молбите на Д.Влахов, а целото семејство на Нанче е иселено в село, иако има три мали деца кои одат на училиште.

Одрекување на борбата и игри со азбуката

Во третата и четвртата точка од писмото се укажува на доделувањето незаслужени пензии на поединци од страна на Претседателството на Президиумот на НР Македонија, при што се споменува случајот со таткото на Љупчо Арсов, како и на директивите на ЦК на ЈКП за подигање на „борбеноста и авторитетот“ на Партијата.

- Се налага да се одрекува секаква борба ако не е поврзана со борбите на Србија. Таа надменост оди до таму што историјата и револуционерните борби на македонскиот народ одвај ли не почнуваат од 2.Х1941, пишуваат авторите.

Следниот факт се однесува на формирањето на македонската азбука, па Брашнаров и Шатев укажуваат на тоа „како крајностите, националистичкиот нихилизам на ЦК на МКП се допираат со националистичките и секако шовинистички крајности на ЦК на КПЈ“. По првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944, народните претставници избраа комисија, која требаше да изработи и македонска азбука и граматика. Комисијата изработи азбука и ја поднесе за одобрување пред АСНОМ. Таа азбука не се одбори од ЦК на МКП со образложение дека тој којшто пишува на чисто македонски не е тука. Алузија за Венко Марковски, кој во тоа време бил во Втората бригада. Тоа мислење на ЦК на КПМ се даде, бидејќи ЦК с` уште не се чувствуваше господар на ситуацијата, а и сметаше дека Венко Марковски ќе се приклони кон гледиштето на ЦК. По доаѓањето на Венко Марковски во штабот, се виде дека и тој е поддржувач на македонската азбука далеку од секакво српско или бугарско влијание. Со ширењето на слободната територија во Македонија и со префрлувањето на штабот во с. Долно Врановци, Велешка околија, ЦК на КПМ се почувствува поздраво застанат на своите позиции и затоа почна да настојува по секоја цена да се воведе Вук-Караџичовата азбука и колку е можно македонскиот книжевен јазик да се одалечува од народниот говор. Спроведувачи на таа политика беа ген.Темпо и Лазар Колишевски преку Блаже Конески по теоретски упатства дадени од проф.Боткович, истакнат великосрпски шовинист и соборец на окупаторската власт во Србија.

Бидејќи напорите за воведување една чиста македонска азбука не беа задушени, кога Президиумот на АСНОМ дојде во Скопје одново се покрена прашањето, што беше тргнато со една итрина од страна на ЦК на КПМ, кога рекоа дека ќе бидат повикани проф. Державин и Бернштајн за да дадат мислење за македонската азбука и книжевниот јазик. Првиот, проф.Державин дојде во Белград, но намерно не му се даде можност да ја посети Македонија. Тој предлог беше даден од ЦК на КПМ. Откако ЦК се почувствува посилен почна насекаде да труби за културни придобивки, за македонски јазик, а всушност подземно почна да се шири мислењето дека ние Македонците сме мал народ и затоа зошто ни е да изработуваме јазик кога имаме готов српски јазик и можеме да се служиме со него. Нашите национал-нихилисти распространуваа рамнодушност спрема нацијата како нешто кое го одживеало своето време, а ЦК на КПЈ напротив, преку својот „агитпроп“, го засилуваше национализмот. И затоа целата територија на Вардарска Македонија ја запази за сфера на културно влијание каде што од 1945 до сега не се пушташе никаков друг весник или книги освен српски, со изговор дека не се пишувани според чисто комунистичка линија. Дури и органот на Советската армија во Бугарија беше спречен да се продава само затоа што беше пишуван на бугарски јазик.

Не е доволно тоа, но јазикот во книгите и весниците, особено во весникот „Нова Македонија“ намерно, смислено, со јавна тенденција се искривува од постојано поставени лица, како што е засега лицето Џамбаз од Прилеп, за да не може да се разбира и народот да биде принуден да ги чита весниците „Борба“ или „Политика“ т.е. само српски весници.

Со иста тенденција, се напоменува во следната точка, не се составуваат учебници на македонски јазик, за да се принудат учениците да се служат со српски учебници, што е средство за сродување на учениците со српскиот јазик.

Српски наместо македонски песни

Брашнаров и Шатев натаму укажуваат дека никаде на јавни места и особено на манифестации не може да се чуе убавата македонска песна, а насекаде се пеат само српски песни! Ако некој пее македонска песна, тој е „националист“, „сепаратист“, а ако се чуе бугарска песна, сите се сметаат за вмровци.

Народните претставници во Собранието во Белград секогаш зборуваат на српски јазик, со оправдување, за да бидат разбрани од другите депутати, а многу дирекции и претпријатија во Македонија својата официјална преписка и тоа меѓу себе, ја водат на српски.

Тој, како што велат двајцата револуционери, национал-нихилизам на ЦК на КП Македонија и шовинизмот на ЦК на ЈКП најизразено се пројавуваат во административно-територијалното разделување на Македонија и Србија. Административно-територијалната граница на Македонија откај Србија сега минува низ Черкески Рид-10 км на север од Куманово, додека вистинската и етнографска граница на Македонија е реката Јужна Морава и р.Пчиња и ги опфаќа околиите Трговиште, Бојановци, Прешево „Козјак“, т.е. триаголникот меѓу Крива Паланка, Босилеград и Врање. Целиот тој крај е населен со Македонци, припоени од српската пропаганда кон српската нација. ЦК на ЈКП како вистински „комунистички раководител“ го зачувал тој крај за Србија и во исто време дава проглас да се присоедини и Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија. Не е доволно тоа, туку додаваат и глас дека бугарската пропаганда во Пиринскиот крај го бугаризирала пиринското население. Затоа ЦК на ЈКП има намера да го поттикнува преку ЦК на КПМ испраќањето учители во Пиринскиот крај за да го разбудат македонското сознание меѓу населението. Се поставува прашањето, зошто не се праќаат македонски учители во „Козјак“. Не само што таму не се испраќаат учители Македонци за да го будат македонското сознание, а ЦК на КПМ дури отвора српски училишта на македонска територија, во делот на сегашната граница откај Србија во селата Табановци, Четирци, Никулени, Старо Нагоричани. А во Куманово има и српско училиште, иако нема чисто српско национално малцинство, како преселени или дојдени таму да живеат. Тие „срби“ во Куманово вршат литија на Св.Сава, а на Македонците не им се дозволува на ист начин да го празнуваат празникот Св.Кирил и Методиј -24 Мај.

Величање на српските војводи

Најдолга е 11-тата точка од писмото во која Панко Брашнаров и Павел Шатев го елаборираат српскиот национализам и великосрпството во Вардарска Македонија, па за тоа пишуваат:

Додека ЦК на КПМ го одвраќа народот од правилното развивање на националното чувство, ЦК на ЈКП, преку агитпропот во лицето на Милован Ѓилас и Нешковиќ, во печатот распространува најгруб национализам и великосрпство. Во статија по повод годишнината на Вук Караџиќ во весникот „Борба“, Милован Ѓилас говори за српската книжевност во периодот од Кирил и Методиј до Паисиј Хилендарски, додека летописецот Црноризец Храбар, современик на Кирил и Методиј, говори за с` уште недефинирана општословенска култура.

Тргнувајќи од тоа дека Русите ги величаат и ги слават генерал Кутузов, Суворов како народни херои, така Бранислав Нешковиќ на 6 конгрес на Народниот фронт на Србија ги велича војводите генерал Цутник, Степановиќ и Мишиќ и ги прогласува за народни херои, иако според нивните дела како полководци се поборници на великосрпството. Се знае дека војводата Цутник беше десна рака на кнезот Арсениј и на престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ по балканските војни кога Македонија беше поделена меѓу балканските сојузници, а уште поважно за тоа време се масовните колежи на многу македонски родољуби. Што се однесува до другите војводи како „солунците“, кога се вратија (во текот на 1918) во државата на СХС беа опфатени и удрени со генералниот штрајк на железничарите, рударите и минерите во Трбовле 1919/1920 г. Ова се потврдува од зборовите на Милован Ѓилас изречени во едно интимно друштво: „Тоа што раководителите на поранешна Југославија не можеа да го направат близу 30 години, ние новите раководители го направивме за три години“.

Овие и други подобни зборови, мисли, заклучоци на теоретичарите на ЈКП од ЦК на МКП се оправдуваат и се примаат како правилни-комунистички, а нашите македонски дејци и борци за нашето ослободување се нарекуваат националисти, недораснати за времето или издишени старци, кои не треба и не заслужуваат да се слушаат и уважуваат. На тие фарисеи им е потребно да дигаат врева и да се кријат под комунистичката прекривка - со притаеност и слободољубие. Затоа им е потребно пред светот да креваат споменик на Гоце Делчев во Скопје. Потребно им е да основаат комитет за илинденски песни, потребно им е да прават „прослава“ за Илинден во Крушево, како трибина за да се исмева се што е бугарско, макар да е и историски факт, дека илинденците се чувствувале и дејствувале секогаш и насекаде како луѓе со бугарско сознание. Нашите фарисеи имаат илинденци пензионери инвалиди, старци на државни јасли, кои треба да се издржуваат за да не се изгуби сјајот на слободољубието и признавањето на КПМ, не давајќи им на тој начин можност на илинденците организирано да го манифестираат и пројават своето војување и придонес кон ослободителното дело.

Забранувањето на секаква организација на илинденци во Народниот фронт како одделна група се врши смислено од ЦК на ЈКП за да се задуши и да не излезе на виделина вистинскиот лик на македонскиот народ, да не излезе на јаве оној животоспособен и боречки елемент, кој на своите плеќи ги изнесе илинденската епопеја и народноослободителната борба. Ова се потврдува со егзекутирањето на 12 души во Скопје, 53 души во Велес, 43 души во Куманово-без секаков суд, убиени од органите на ОЗНА по директива и заповед на Александар Ранковиќ. Ние не говориме за престапниците фашисти, кои со оружје или на друг начин се бореле против партизаните, но ние сме против, затоа што општеството не беше убедено во нивната вина.

Плодовите на таа со ништо неоправдана бугарофобска политика, како меѓу македонскиот народ, меѓу емиграцијата во Бугарија и спрема самиот бугарски народ, се појавија уште во почетокот на ослободувањето на Македонија од фашизмот. Уште од почетокот на ослободувањето, наместо да одиме кон зближување со емиграцијата и бугарскиот народ и целото тоа движење да дојде од долу, од самиот народ, наместо да се олеснат врските и комуникацијата со Бугарија или меѓу Вардарска и Пиринска Македонија, напротив, тие целосно се намалија и секоја пројава од страна на емиграцијата или од самиот народ во Македонија, по разни градови и села за зближување и взаемна помош се толкуваа еднострано. Како во случајот со Охридското братство во Софија кое во 1945 г. на населението во Охридската околија му испрати пченка, што беше отфрлена како рушвет за да биде ослободено лицето Кецкаров, поранешен кмет на градот Охрид.

На тие појави на страдање, што доаѓаат од долу, од народот, претседателот на раководството Лазар Колишевски покажа дека „дипломатскиот пат за помошта од Софија за Скопје е преку Белград“. Тоа значи дека се отфрла секаква поблиска комуникација со бугарскиот народ и македонската емиграција, додека успеат да ја асимилираат македонската младина, без да сметаат дека тоа е една сериозна работа и најмалку комунистите се за такво асимилирање. Затоа се дојде до главниот факт од огромната македонска емиграција во Бугарија, нашата кауза да се „брани“ и „заштитува“ од еден професионален агент, предавник уште на крал Александар, извесен малоумник и бескарактерна личност Ангел Динев, кој со резолуцијата, изготвена и продуцирана од други, ја напаѓа и ја обвинува БРП(к). Таа резолуција е веќе отпечатена во 100.000 примероци за да се растура насекаде, во момент кога кај нас нема хартија за учебници и др.

Правосудството до степен на илузија

ЦК на ЈКП, продолжуваат Брашнаров и Шатев, за да ја задоволи реакцијата во Југославија, донесе закон за пензионерите, кој ја признава затекнатата положба на сите чиновници главосечачи, џандари и насилници на македонскиот народ. Исто не беа заборавени да се пензионираат и српските учители - пропагандатори на србизмот во Македонија, кои беа плаќани од Министерството за внатрешни работи на бивша Србија. Од друга страна, за вистинските народни учители, кои му служеа на македонскиот народ за 10-15 турски лири, пари што се собираа од црковните приходи, влезни билети, за нив нема пензии, зашто училиштата во кои тие учителствуваа беа под патронат на Егзархијата, која исто така беше официјално призната од турската државна власт како претставник на македонското и бугарското учебно дело тогаш. Засега не наоѓаме за потребно да ги допреме економските проблеми со чие користење се дојде до апсурд.

Правосудството на НР Македонија по директивите на ЦК на КПМ е стигнато до степен на една илузија за судење според законитост, зашто пресудите како систем претходно, во затворен плик, се даваат на соодветни судии. Доволно е да се земе која било пресуда за политичка или присилна работа за да се заклучи таа илузија. На тој начин народот губи доверба во народното правосудство. Со народните обвинители работата е уште полоша, зашто тие се органи на ЦК на КПМ. Делата во судовите и Македонија од ден во ден се намалуваат поради тоа што народот веќе ја загуби довербата во судот како државен институт и ако има дела, тие особено се создаваат од народните обвинители под диктат на УДБ-а, која врши апсења и подига предмети ако некој има работи што ним им се потребни, на пример, каса за пари, фотографски апарат, билијард итн.

Писмото на двајцата врвни револуционери завршува се следната забелешка: Затворите се полни со политички затвореници како последица на измислени афери, како придружници на ВМРО-Иван Михајлов, кој немал и нема никакво влијание меѓу масата, а со тие процеси му се крева авторитетот и името како народен херој. n

Зоран Тодоровски, директор на Архивот на МакедониЈа

Отсуството на потписите остави сомнеж

Овој документ одамна е познат кај еден број македонски историчари, кои се занимаваат со овој период. Кога пред 20-ина години во Централниот партиски архив во Софија првпат го видов документот, на него беа напишани само имињата и презимињата на Панко Брашнаров и Павел Шатев, но ги немаше нивните потписи. Затоа кај мене се наиде на еден сомнеж дали овој документ е оригинал. Бидејќи, како што е познато, сите документи што ние ги објавуваме и се верифицирани во науката треба да бидат потпишани од самите автори. Малку е чуден тонот на обраќањето на нашите двајца врвни револуционери. Притоа, не ми е чудно за Шатев, зашто тој долго време работел, дејствувал, живеел во Бугарија, бил во врска со многу тамошни политичари од сите струи. Но, ме изненадува присуството на Брашнаров, зашто тој во својата работа нема никакви допирни точки со бугарските политичари.

Писмото е напишано на бугарски јазик, но ако внимателно се прочита може да се види дека во него има многу македонски зборови, што упатува на заклучок дека иако Шатев добро го познавал бугарскиот јазик, сепак неговото присуство во Македонија придонело да употреби и голем број македонски зборови.

Инаку, оценките за тогашната политичка ситуација во Македонија, изнесени во писмото, се точни и тие се потврдуваат и во голем број документи, што се наоѓаат кај нас во Архивот, особено во архивот на ЦК. Истражувајќи го Шатев и неговите пишувања од овој период може да се каже дека писмото потекнува од неговата рака и сметам дека е пишувано во момент на револт и гнев од тоа што тогаш се случувало во Македонија. Особено што со приклучувањето на Македонија кон федерална Југославија македонското прашање не се реши целосно, односно Македонија остана необединета, со што не беа реализирани заложбите на македонските револуционери, додека македонското раководство, на некој начин, застана под капата на КПЈ, пред се на нејзиниот претставник тука, Темпо.

Едноставно, обајцата не очекувале таков расплет на настаните. Немајќи друг излез и гледајќи дека македонското раководство е послушно, сервилно кон КПЈ и слепо ги извршува неговите наредби, сметале дека единствено Советскиот Сојуз е голема сила, која може да има влијание и да придонесе за менување на ваквите состојби. Што се однесува до бугарската партија, Шатев уште во 1929 година воспоставил многу блиски односи со Георги Димитров и веројатно затоа го испратиле писмото и на таа адреса.

Останките на Панко итно да се вратат дома

[Image: 38A9FABBB7C69946AEFEA860E219BEB5.jpg]
Новинарот Владимир Тевчев во последната епизода на емисијата „Код“ на „Канал 5“ телевизија, врз основа на истражувањето и достапните податоци и факти, откри дека моштите на Панко Брашнаров се наоѓаат во гробница на загрепските гробишта Мирогој. Тој, специјално за „Публика“ вели:

- Деновиве некој ми рече: „Наоѓањето на гробот на Брашнаров е успех голем колку и оној на кошаркарите“. И се согласувам со него. Ќе набројам само неколку епитети поврзани со името на човекот кој го отворил Првото заседание на АСНОМ, а подоцна бил потпретседател на првата македонска влада. Тој е творец на ВМРО - Обединета, сведител на два Илиндена, современик на Гули и Алабакот, искрен пријател на Ризов и Чуповски, соборец на генерал Михајло Апостолски, близок соработник на Рацин, Ченто и Пирузе. А откако ќе помислите дека неговиот гроб 60 години никој не го побарал - несфатлива е инертноста и незаинтересираноста на македонската држава, барем во последниве 20 години. Затоа што малкумина се големите, светите, Македонците, кои не задолжија, та коските да им ги оставаме расеани по светот. Гробот на Брашнаров е напуштена парцела, десетина метри од последните гробови на Мирогој во Загреб. Не е голема, 6-7 квадратни метри. Контурите на гробницата се сеуште видливи. Еден од службениците на градските гробишта, кој ни ја покажа парцелата, вели: „Земјата е чудна. Од неа не можеш ништо да сокриеш“, алудирајќи на пропаднатиот дел од гробницата, по кој се познава дека тука некогаш е копано. Сега, останува уште едно, последно ископување, за да се исправи неправдата и коските на Панко да се вратат дома.

Инаку, по објавувањето на ова откритие во емисијата „Код“, добивме многу јавувања од луѓе, кои прашуваат за свои блиски, кои умреле на Голи оток, а гробовите сеуште не им се знаат. Ова е можеби почеток на решавање на една многудецениска мистерија.

Директорот Тодоровски е изненаден од откритието на „Код“ и изразува сомневање:

- Јас сум изненаден и не очекувам дека останките на Брашнаров се таму. Но, ако навистина се таму, официјална делегација треба што побргу, не утре, туку веднаш да оди во Загреб за да констатира се и да почне постапка за враќање на моштите. Како што реков, јас се сомневам, зашто сум разговарал со многу луѓе и сите имаат различни верзии за чинот на загинувањето на Брашнаров. Некој вели од болест, некој од истоштеност, некој од работа, некој дека бил удрен со летва по глава, но државата треба да се заинтересира за неговиот гроб.

Предраг Димитровски
#
28-08-2012, 01:27 PM
Reply