Тајна бр.6
Вапцаров се чувствувал „етнички Македонец“ (1)
Георги Сталев
Пред точно десет години, пишувајќи еден приказ за Никола Јонков Вапцаров, споменав - онака, патем- дека немам увид во тогашните моментни ставови во Бугарија околу проблематиката поврзана со делото на челникот на Македонскиот литературен кружок во Софија во периодот од есента 1938 година до втората половина на 1941 година. Сега веќе се знае дека токму овој поет е номиниран од бугарска страна за можен избраник за меѓународниот календар за УНЕСКО во врска со што имаше и некои (пред) услови: дејноста на номинираниот да не е во врска со политички и идеолошки ангажмани. Прашан за неофицијален совет, знаејќи го предусловот, не го споменав името на Никола Ј. Вапцаров туку обрнав внимание на делото на Браќата Миладиновци и на Григор Прличев. Што стана со македонскиот предлог немам повратна информација. За потсетување на денешниот наш читател, овде да укажеме на најбитното околу дејноста на споменатиот кружок, на чиешто основачко собрание Н. Ј. Вапцаров го прочита својот знаменит реферат за ролјата и значењето на ова своевидно здружение, во кое по првите средби останале да членуваат исклучително Македонци со македонска национална свест, без разлика на кој јазик пишувале. Во споменатиот реферат е подвлечено од јасно и појасно, дека членовите имаат првенствена задача да се вклучат во создавањето на македонска национална литература. Покрај челникот, во него членувале Антон Попов, Ангел Жаров (Сматракалев), Георги Абаџиев, Асен Шурдов, Кирил Николов, Димитар Митрев, Митко Зафировски, Коле Неделковски, Венко Марковски и други, додека Волче Наумчески повремено присуствувал на нивните средби како симпатизер. (Патем речено, тогаш Волче Наумчевски директно јавно ја обвини бугарската поетеса Елисавета Вагрјана дека пропуштила да го спаси животот на Н. Вапцаров, давајќи негативна оцена за поетските вредности на атестираниот поет, кој, потоа, веќе осуден на смрт, беше и стрелан заедно со своите истомисленици на 25 јули 1942 г. поради антифашистичка дејност.) До август 1942 година во самата Бугарија Н. Ј. Вапцаров беше третиран како македонски национален поет - за што постојат несоборливи сведоштва не само од сочуваниот тогашен бугарски печат. Со Резолуцијата на ИНФОРМБИРОТО), точно преку ноќ, бугарската официјална јавност го промени ова мислење, почнувајќи да протура севозможни и апсурдни фалсификати околу личноста и делото на поетот од Банско. Ја присилија дури и сопругата на Никола, Бојка Вапцарова, да дава контроверзни изјави со кои го изневери ликот и духот на својот сопруг. Веројатно по нечиј наговор и еден препејувач на дел од поезијата на Вапцаров се осмели дрско да подметне како завршен стих во една од најпопуларните авторови песни - дека тој пее за, Болгарију нашу, ! (Настрана со исчанченостите во интерпретацијата на неговите, инаку, најмакедонски песни) . Меѓутоа, во екот на балканските транзиции, се појави една интересна брошура под наслов, Никола Јонков Вапцаров, Бугарија и Б‘лгарите, со продолжена ознака: кон просопографијата на поетот,) , во издание на еден од познатите софиски научни институт. Впечатливо е дека авторот проговори за Н. Вапцаровата национална вистина, прогласувајќи го речиси сето напишано во Бугарија од 1948 г. наваму за делото на поетот како тешка, бескрупулозна измама за бугарскиот аудиториум.
1/4/10 15:00 Historian said... 8 Вапцаров се чувствувал „етнички Македонец“ (2)
Тој на Бугарите им ја откри суштината на Кружокот, ја призна нивната програма како македонска, осудувајќи ги фалсификатите и фалсификаторите кои не само што премолчувале туку и измислувале „факти“ околу институцијата Македонски литературен кружок во Софија, олицетворена во поетот Н. Ј. Вапцаров. (Тодор Балкански има пишувано на долго и на. широко уште и за Венко Марковски како поет кој ги имал напишано, „Најмрсните стихове“ насочени кон Бугарија, но и за Коле Неделковски) , „Вистината за тоа дека Вапцров се чувствувал ‘етнички Македонец‘ е непобитна“ - пишува категорично Т. Белкански. Една страничка понатаму, двојно подвлечено, цитирајќи го претходно напишаното од Димитар Митрев, авторот на брошуркава вели: иЗа чест на академикот Митрев, тој не ги измисли тие изводи“, мислејќи на исказите на македонскиот литературен критичар околу националното определување на Македонецот Н. Ј. Вапцаров. Во поткрепа на своето мислење Т. Балкански посегнува по автентични документи, долго чувани во тајност, во кои се споменува недвосмислено: „ Треба да ја изградиме националната свест на Македонците. Светот треба да разбере дека ние сме одделна нација, одделен народ со свои сопствени карактеристики што не одделуваат од другите Јужни Словени“. Тука се споменуваат сопствените изјави во оваа насока на поодделни членови на Кружокот (М. Сматракалев, А, Попов и други) . Текстот на Т. Балкански изобилува со вакви аргументи, како и со искажувања на неколкумина видни бугарски автори од почетокот дури и на педесеттите години на минатиот 20-ти век кои се осмелиле да кажат нешто повеќе околу вистините за Кружокот, но и ги обвинува извеснитв В. Колевски, М. Радонова, па и рускиот преведувач на песната „Доклад“ за мистификација, апсурдни изјави спротивни на вистината наречена Н. Ј. Вапцаров. Тоа е едната страна на научниот лик на Тодор Балкански. Од ова би се добил впечаток за неговата вистинољубивост, коректност при користењето на фактите. (Се разбира, сите овие документирани појави, пројави, ставови, спомени итн. македонската наука ги има елаборирано и тоа од поодамна, а и Т. Балкански често тие елаборации ги зема предвид како мошне респектабилни, па дури -понекогаш- верувајќи им и „на слепо“ во недостиг од оригинални верзии, вршејќи мета-превод на некои текстови - што зборува за почитувањето на сериозноста на средствата со кои се вклучи македонистиката) . Со тоа, случајов на Тодор Балкански го третираме меѓу исклучоците. Но, дали и меѓу најчестите исклучоци?!. . За жал, изгледа дека се има свое лице и своја опачина!
1/4/10 15:01 Historian said... 9 Вапцаров се чувствувал „етнички Македонец“ (3)
Признавајќи дека Никола Ј. Вапцаров се чувствувал како Македонец во поглед на националната определба, во својата брошура авторот веднаш ќе се сврти кон прашањето - дали бил во право тоа да го стори?! Тој не му го оспорува поетскиот талент на поетот ниту посебно се занимава со прашањата дали бил колебливец, плашливец, дволичник, накадарен партиец или уште нешто полошо, но - сепак- иако меѓу редовите Балкански како да се согласува со некои од ставовите на рогатиот Натемаго од типот на памфлетистот Р. Ликова и М. Георгиев со неговиот, овде би сме рекле, „четврти растрел“, Тоа, пак, отворен ќе го каже со обвинението дека Никола Јонков Вапцарова е предавник на бугарскиот народ, на „својот“ род, на својот татко (иако од мајка му останале запишани изјавите за неговите добродетели и од овој аспект) . Тој е дециден дека „Македонскиот литературен кружок е првата организација на бугарската литература по „лозарите“ од минатиот век (овде се мисли на 19 век- забел. Г. Сталев) што се занимавала со негацијата на бугарското име. Веќе како учесник во тој кружок, Н. Вапцаров е завршен македонист и порекнувач на бугарското народноно и хоронимно име“. (Би било пожелно Т. Балкански да знае дека поетот од Банско не е порекнувач на тоа што му се импутира туку е отрицател на Македонцем- како што тоа би рекол Г. Прличев- наметнатото бугарско име!) . И, уште нешто: Македонскиот литературен кружок ги прероди Мисирковите негации на лингвонимот бугарски јазик на македонските Бугари, воопшто ја прероди мисирковштината како појава во бугарскиот национален живот, - што е срам за секој културен народ“! Очигледно, последново значи дека бугарскиот народ треба да се срами што го родил извергот (изродот) Никола Јонков Вапцаров, кој себеси се осмелил да се нарече Македонец!! Мртва уста да се насмее! - би рекол нашиот народец. (Колку што ми е познато ова се нарекува - нацифашизам!) Сега е редно да си го поставиме прашањето: Па, зошто тогаш Бугарија го пријавила Никола Јонков Вапцаров како свој предлог за меѓународно чествување!
Се разбира, како потврда на својата теза Т. Балкански се служи со фактографија од минатото, споменувајќи ја бугарската определба на браќата Миладиновци, на Рајко Жинзифов, на браќата Петковиќ на Григор Прличев, но заборавајќи или не сакајќи да се присети дека истите тие личности пред тоа се декларирале како припадници на елинистичката раса, а Јордан Хаџи Константинов- Џинот бил ту „Бугарин“, ту „Србин“, кој „се колнел“ во „пресетото болгарско наше“, но и во „возљубеното српство свое“, заборавајќи да го спомене Ѓорѓија Пулевски.
1/4/10 15:03 Historian said... 10 Вапцаров се чувствувал „етнички Македонец“ (4)
Но, не го заборавил, , - како што одбележавме, - Венко Марковски од времето на неговото „македоноствојучество“ како антибугарски поет, како восфалител на Тито (, Не одред, а војска на Тито сме ние“, „Песна за Тито“, итн.) Не напаѓа авторот на брошурата и за прифаќање на „немотивираната со ништо форма на презимињата кај нас со завршеток на евоки и овски, наводно, наметната во Македонија по нејзиното државно инаугурирање во август 1944 година!. . За волја на вистината да се потсетиме дека нас, Македонцитв, не присилувале туѓите властодршци да бидеме и Јоанидис и Илиќ, но по 1944 г. на сите ни се остави да избираме по сопствена волја, па едни се определија за Попов, други за Попо (в) ски, трети за Поповиќ, - всушност како што се именувале и во минатото: Прличев, Пулевски, Пејчиновиќ (кога тоа не морале да го сторат!) И, се прашаме: зошто тоа (формата на ОВ и ЕВ) би била бугарска, кога во Русија ги среќаваме презимињата Аксаков, Тургењев, Горбачов, Троекуров итн. ? (Пишувајќи на оваа тема, авторот на овие редови само меѓу претплатниците на книги од Ѓ. Пулевски ги сретна презимињата: Т. Мицоски, од Оолун, М. Пендароскж од с. Мирковаци, Ѓ. Кајовски од с. Бањани и уште дваесетина други!) Прософискиот дел на брошурката (па не само тој) отвора и други прашања кои македонската наука. одамна ги разрешила, - што не е за верување дека Т. балкански не ги имал на увид!
Но, како и да е, сепак, ќе му искажеме на овој автор една благодарност за правилното толкување на основните идеи на Никола Јонков Вапцаров и на членовите на Македонскиот литературен кружок во Софија.
|