Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЧИЈА ЖРТВА БЕА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#61

Црни ти благодарам за документарецот.Дали имаш повеќе информации за авторот?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
22-03-2011, 03:20 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#62



Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
22-03-2011, 11:10 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#63



Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
22-03-2011, 11:31 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#64




Поздрав до сите форумджии!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
22-03-2011, 11:38 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#65

(22-03-2011, 11:10 PM)TATAP Wrote:









Во двава прилога се зборува за ист настан, граѓанската војна во Грција , разликата е во тоа кој како се чувствува. Бугарите и да се обидуваат да докажат дека Македонците се творба на коминтерната можам да ги разберам, освоени територии треба да се сочуваат. Но бежанците Македонци не ми се јасни. Филмов на англичанкава кој јас го прикачив е изработен од неутралец. Секаде ке биде прифатен како поверодостоен доказ.

22-03-2011, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#66

(22-03-2011, 11:38 PM)TATAP Wrote:


Поздрав до сите форумджии!


Благодарам за убавиот поздрав. Многу убава песна.
Јазикот на кој е испеана не е многу близок до Бугарскиот или така ми се чини.
22-03-2011, 11:43 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#67

Любка Рондова е световно известна певица.И едно от децата-бежанци.Щом сама казва,че е българка-склонен съм да и вярвам.Имала е възможност да живее където си поиска по света-дошла е в България.Не кавам "върнала се е",а "дошла",защото е родена в Гърция.
А колкото до езика...не прилича ти на годините!Знаеш много добре,че в България (днес) има различни диалекти-да не говорим извън границите Party1
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
22-03-2011, 11:54 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#68

(22-03-2011, 11:54 PM)TATAP Wrote: Любка Рондова е световно известна певица.И едно от децата-бежанци.Щом сама казва,че е българка-склонен съм да и вярвам.Имала е възможност да живее където си поиска по света-дошла е в България.Не кавам "върнала се е",а "дошла",защото е родена в Гърция.
А колкото до езика...не прилича ти на годините!Знаеш много добре,че в България (днес) има различни диалекти-да не говорим извън границите Party1



Знаев дека за јазикот ке дадеш многу "аргументиран" одговор.
Ако се сретнеме, имаш пијачка . Ама јас пиво не признавам за пијалок.

23-03-2011, 12:19 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#69

(23-03-2011, 12:19 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Знаев дека за јазикот ке дадеш многу "аргументиран" одговор.
Ако се сретнеме, имаш пијачка . Ама јас пиво не признавам за пијалок.
можам и тако:
[Image: 800px-Bulgarian_dialect_map-yus.png]
Видиш ли светло кафявата област,дето тръгва от Македония-Битоля,Велес,Благоевград,заобикаля София и продължава на север?Аз съм родом от същата тая зона...Най-горе,на края,ама съм вътре...Прави ли ме това по-малко българин? Icon_mrgreen
Ако имаш път към Испания-заповядай!И аз не пия бира-направих си казан за ракия!! Sm_wink
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
23-03-2011, 12:37 AM
Website Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#70

Ова е извадок од еден Американски вебсајт кој говори за Грчката граѓанска војна,како и за вмешаноста на други Балкански држави во таа војна:

Quote:The Slavo-Macedonians, with the backing of the newlyformed Tito regime in Yugoslavia, kept up their efforts. Just a few days after the Varkiza agreement, Slavo-Macedonian emigres from Greece formed, in Skopje, an Organisation named NOF (National Liberation Front) and sent armed guerrilla bands back to the border areas of Greek Macedonia.

In May 1946 the Greek civil war resumed, with Yugoslavia, Bulgaria, and Albania channeling support to Communist guerrillas who aim to overthrow the Greek Government. because of its mountainous terrain and common borders with the Communist Balkan countries, Northern Greece (Macedonia, Thrace, Epirus) , became the center of the conflict. The fighting was most destructive in western and central Macedonia, and a large number of citizens fled the war zone and moved to the big cities, forming a mass of refugees. Meanwhile, former SNOF fighters (who, being loyal to Tito, had been forced by EAM to leave Greece) set up a new pro-Yugoslav organization (NOF), returned to Greece and sided with the Greek Communists.

Оваа е преводот на истиот извадок со превод на Македонски:

Славо-Македонците со подршка од новоформираниот Титов режим во Југославија, ги продолжија своите активности. Неколку дена по договорот во Варкиза, Славо-Македонските имигранти од Грција формираа, во Скопје своја организација наречена НОФ (Национално Ослободителен Фронт) и пратија вооружени герилски банди назад во граничните области на Грчка Македонија.
Во Мај 1946 Грчката граѓанска војна продолжи, со Југославија, Бугарија и Албанија давајќи подршка на Комунистичките герили со цел да извршат насилна промена на Грчката влада. Поради нејзиниот планински терен и заедничка граница со Комунистичките Балкански земји, Северна Грција (Македонија, Тракија, Епир), стана центар на конфликтот. Војувањето беше најдекструктивно во Западна и Централна Македонија, и огромен дел на населението избегна од воените жаришта и се пресели во поголемите градови, правејки голема мала маса на бегалци. Во меѓувреме, поранешни војници на СНОФ (кои иако биле лојални кон Тито, биле приморани од ЕАМ да ја напуштат Грција) воспоставиле нова про-Југословенска организација (НОФ), се вратиле во Грција и се здружиле со Грчките Комунисти.

http://www.globalsecurity.org/military/w.../greek.htm
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
23-03-2011, 03:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#71

(22-03-2011, 03:20 PM)афион Wrote: Црни ти благодарам за документарецот.Дали имаш повеќе информации за авторот?



Авторот е Англичанка се вика Jill Daniels, оваа е нејно самостојно дело. Многу е чудно што документарецов досега не е прикажан во Македонија.
Mожеби затоа што ја кажува вистината кој дал наредба да се одвојат децата од родителите и за кои цели.

Очекував дека ке се дискутира околу причината за таква наредба, за праќањето во борба на Македонските деца кои ги враќале од Романија, но сезнајковциве веднаш тргнаа да убедуваат дека се работи за Бугари и дека филмот е пропаганда. Воопшто не ги интересираат пеколните планови на комунистите кои од МАКЕДОНСКИ ДЕЦА ,небитно дали биле со Бугарски или Македонски сознанија, сакале да направат ЈАНИЧАРИ КОИ КЕ СЕ БОРАТ ЗА КОМУНИСТИТЕ.
24-03-2011, 12:41 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#72

http://www.facebook.com/pages/%D0%94%D0%...651?ref=ts

Во коментарите ги имаат пронајдено сите информации за авторката,а има и благодарност до тој што го постави на интернет.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
24-03-2011, 01:05 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#73

Ова е еден документарец направен во бивша Југославија за децата бегалци. Филмот е направен во 1948 година и правен од Белградско студио, и е полн со КОМУНИСТИЧКА реторика и КОМУНИСТИЧКО гледиште на проблемот.











"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
24-03-2011, 02:53 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,136
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#74

Овие клипови се од емисијата на Васко Ефтов,направете споредба со документарецот на Џил Даниелс, дали Васко Ефтов ја кажува вистинската приказна за децата бегалци и Граѓанската војна во Грција,и дали е пристрасен во прикажувањето на тој настан.









"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 24-03-2011, 03:03 PM by basilius_2.)
24-03-2011, 03:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#75


Quote:Стојан Андов во минатиот број на неделникот „Публика“ излезе со теза дека Македонија, односно Владата, во име на добрососедството (се разбира и решавањето на спорот за името), треба да и се извини на Грција за граѓанската војна.
18-07-2011, 01:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#76

Quote:Директорот на Институтот за национална историЈа одговара на тврдењата на Андов

Тито требаше да им се извини на Македонија и Македонците!


[Image: 50B038ED44938C4B82CE2DB94CC3ED26.jpg]

Ако се говори за некакво извинување, тогаш не треба Република МакедониЈа да им се извини на егеЈските Македонци и на сите жртви во ГраЃанската воЈна во ГрциЈа, туку Јосип Броз Тито требаше да им се извини на МакедониЈа и на Македонците, затоа што ги натера да бидат жртвено Јагне во ГрциЈа, вели Тодор Чепреганов

Апсурдно е жртвата да му се извинува на џелатот! А, ако веќе се говори за некакво извинување, тогаш не треба Република Македонија да им се извини на егејските Македонци и на сите жртви во Граѓанската војна во Грција, туку Јосип Броз Тито требаше да им се извини на Македонија и на Македонците, затоа што ги натера да бидат жртвено јагне во Грција, смета директорот на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов.
Поранешниот пратеник и претседател на Собранието, Стојан Андов, во интервју за минатонеделниот број на „Публика“ ја промовира идејата, државата Република Македонија да им се извини на егејските Македонци и сите жртви на Граѓанската војна во Грција, бидејќи, според него, до војната не би ни дошло ако не се вмешало тогашното југословенско раководство на чело со Тито. Според Андов, Јосип Броз се водел со погрешната идеја за формирање уште една голема социјалистичка држава во Европа, наспроти постоењето на тогашниот Советски Сојуз. Заради ефикасност на актуелните средби меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Андов му порача на премиерот Никола Груевски да го информира Јоргос Папандреу дека Република Македонија, како држава која има европски амбиции и се владее според сегашните принципи на ОН, на ОБСЕ, и сака да стане член и сојузник со земјите-членки на НАТО и ЕУ, ја осудува политиката што Тито и југословенскиот режим ја воделе кон Грција во периодот од 1945 до крајот на Граѓанската војна во 1949 година. Своите ставови и размислувања за улогата на Тито, тогашното југословенско, па и македонско партиско раководство, Андов ги темели врз книгата „Петте судбоносни години од 1945 до 1949 година“ од историчарот Ристо Кирјазовски.
За волја на вистината, ова не е ниту прва, ниту единствена книга која врз основа на аргументи и факти фрла нова светлина врз улогата на егејските Македонци и настаните поврзани со грчката Граѓанска војна. Во прв ред, книгата на Лилјана Пановска под наслов „Крајот на една илузија-Граѓанската војна во Грција и Македонците 1946-1949“. Но, факт е дека секое споменување на овој сегмент од македонската национална историја на површина ја изнесува неговата чувствителност, комплексност, тежина и значење, како и клучното прашање: „Дали и по 65 години постои стравување, од чисто идеолошки причини, тоа да ја добие вистинската слика?“.

Македонците изложени на терор

Осврнувајќи се на историските околности во Грција кон крајот и по завршувањето на Втората светска војна, Чепреганов потсетува на демонстрациите во Атина од 4 декември 1944 година, жртвите во нив и интервенцијата на британските сили, како и на повлекувањето и разоружувањето на силите на ЕЛАС (Грчка народноослободителна армија).
Во тој момент, во Грција има 10.000 Британци, а силите на ЕЛАС броеле 120.000 припадници. Но, веќе кон крајот на јануари 1945 година, бројот на Британците се зголемува на 60.000.
- Во периодот по ослободувањето на Грција, по доаѓањето на Британците и по првите парламентарни избори на кои Грците се изјаснуваат за монархија, голема улога играат британските сили. Во ЕЛАС доаѓа до раслојување каде што голем број од членовите на КП на Грција, околу 420.000 луѓе, се повлекуваат од членство во партијата како и од вооружените сили. Но, почнува терор. Непосредно по изборите, во март 1945 година, во Грција почнува терор од страна на Националната гарда на Грција, жандармеријата, полицијата, на сите оние сили кои биле против комунистите. Теророт е особено голем во делот на Македонија во рамките на Грција. И сега, како да се спротивставите на тоа? - прашува Чепреганов, кој се согласува дека неспорен историски факт е оти Народноослободителниот фронт (НОФ) на егејските Македонци е формиран во Скопје и дека тука се одвивале сите активности. Но, реагира на идејата на Андов дека Македонија треба да им се извини на егејските Македонци.
- Андов вели дека во неколку наврати го слушал Јосип Броз-Тито како говори за овие работи. Но, зошто токму тогаш не реагирал и не го поставил прашањето, Тито да се извини на Македонија и Македонците, затоа што ги натера да бидат жртвено јагне во Грција?! Зашто целата работа ја водеше прво Сталин, кој набрзо, во 1947 година, се откажа, а потоа Тито ја презема и ја водеше целата работа. Кој од македонските функционери тогаш можеше да рече тоа да не се прави!? Мора да се има предвид дека се работи за идеја. Нашите во делот на Македонија во рамки на Грција уште во периодот на Втората светска војна формираа самостојни единици, беа дел од силите на ЕЛАС, се бореа заедно со нив од страната на антифашизмот. И во тој период грчката КП им ветуваа признавање на нивните национални права - додава историчарот.
Во книгата „Крајот на една илузија“, авторот Лилјана Пановска забележува:
- Во услови на комплетна поделеност меѓу ККЕ (КПГ) и Македонците, грчкото комунистичко раководство решило, во иднина, да манипулира со македонското национално прашање. Кога и да се јавела потребата од политичка и од воена поткрепа од македонскиот фактор, ККЕ ги задоволувала неговите упорни барања и правела одредени половични отстапки, притоа не откажувајќи се од контролата врз него и врз неговото движење. Во моментот кога потребата од неговата поддршка исчезнала, ККЕ ги повлекувала отстапките и целосно ги игнорирала барањата на Македонците.
18-07-2011, 01:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#77


Quote:Неприродни сојузници

Односите меѓу „неприродните сојузници“ (Македонците и КПГ) во целост зависеле од дадените историски и воено-политички околности. Но, КПГ никогаш не се согласила со правото на Македонците за самоопределување, отцепување од Грција и припојување кон Македонија и Југославија. Нивниот лимит останал - права „да“, но во рамките на „новиот тип демократија“ за кој тие се залагале и бореле.
- Треба да се има предвид дека Грците комунисти, како и сите, ај да не ги исклучуваме останатите, се националисти. Не може тие да говорат за давање права кога знаат што би бил крајниот ефект и затоа во одредена ситуација тие си играат со чувствата на Македонците што се таму. Како резултат на тоа, кон крајот на војната имате единица што преминува на територијата на Македонија, бидејќи не се согласува да биде ставена под команда на ЕЛАС, па Тито реагира и ги враќа назад. Но, основната идеја е самостојна, обединета и независна Македонија. Не смее да се изуми дека во Февруарскиот поход, дел од единиците од Македонија престојувале во делот на Македонија во рамките на Грција, а со нив бил и Темпо, како и голем број британски мисии. Самиот Темпо во 1945 година во Белград вели дека ги поминал сите три дела: Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија, и дека сите сакале да се обединат. Точно е дека Македонците се жртви на Граѓанската војна, но тоа не беше нивна граѓанска војна. Тоа беше војна на Грците во која нашите влегоа за да ги остварат своите права - потенцира Чепреганов.
Иако е претенциозно и невозможно настаните да се објаснат во еден текст, сепак, вреди да се споменат одредени детали врзани за ставовите на тогашното Ју-раководство во однос на егејските Македонци. Пановска во „Крајот на една илузија“ прави паралела меѓу настапот на Андрија Хебранг и Тито. Хебранг, раководејќи ја партиската делегација на средба со Сталин во јануари 1945 година во Москва, напоменува дека: „Југославија се надевала да ја добие од Грција „грчка Македонија и Солун“. Ова барање не било поставувано дотогаш за да не се „отежнела позицијата на ЕЛАС внатре во земјата“, но затоа, како што нагласил „сега ова барање ќе биде поставено“. За ваквата намера, Хебранг добил и предупредување од Сталин: „... да се создава ситуација во која вие би се покажале во непријателски односи со Романија, со Унгарија, со Грција, значи дека имате намера да војувате со целиот свет, нема смисла од создавање на таква позиција“. Сепак, останува отворено прашањето што, во суштина, стоело зад овие изјави на југословенското раководство, имајќи го предвид фактот дека Тито, кон крајот на декември 1944 година, ги убедувал Британците дека „нема намера да ги форсира плановите за анектирање на грчка Македонија“ и дека ова прашање ќе било оставено на разгледување на мировната конференција“.
- Неспорно е тоа што Тито го направил за Македонија, како признавање на Македонците, добивањето македонска држава и култура. Но, мора да го кажеме и тоа што тој го направил, а со што не можеме и да се согласиме. Историскиот факт е дека Тито во договор со Британците во 1949 година ги жртвуваше Македонците. Фицрој Меклин, кој за време на војната бил кооптиран во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, по Информбирото бил испратен да преговара со Тито. Тие се согласиле тоа што ќе се договорат да не се објавува извесно време, а се договориле границата кон Грција да биде затворена, односно да не се пуштаат силите на ДАГ да влегуваат во Македонија, за што, за возврат, Тито ќе добие економска помош од Британците и од Американците. Сето тоа е подоцна обелоденето. Но, зошто кога била донесена таа одлука, Тито не го известува македонското раководство, да каже слушајте луѓе, вака и вака е работата? Цела среќа што Албанците ја отвориле границата и имало каде силите на ДАГ да преминат, инаку ќе беа масакрирани - вели директорот Чепреганов.
18-07-2011, 01:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#78

Quote:Енигма оставена до денес

До денес останува енигма одговорот на прашањето зошто навистина Тито за постигнатиот договор со Британците не го информирал македонското партиско раководство. Дилемата ја поставува и Пановска во книгата „Крајот на една илузија“:
- Во првата половина на 1945 година, сепак, постоеле индикации дека југословенското раководство, на одреден начин, не се откажало од неговите аспирации кон „грчка Македонија“, преку реализирање на идејата за обединета Македонија!
Од особена важност, во овој контекст, е изјавата што Тито, за време на неговиот престој во Москва, во првата половина на април 1945 година, му ја дал на московскиот дописник на „Њујорк тајмс“. Одговарајќи на поставеното прашање: „Дали независната македонска држава ја вклучува грчка Македонија?“, тој изјавил дека прашањето сега не се разгледува, но дека тој не и се спротивставува на желбата на сите Македонци да се обединат со нивните браќа!
Набргу по изјавата на Тито, на 23 април 1945 година во Скопје, на иницијатива на КПЈ/КМП, била формирана единствената организација на Македонците од егејскиот дел на Македонија, позната под иницијалите НОФ. По формирањето, НОФ било ставено под раководството и под целосна контрола на Белград и Скопје. Важен момент што не кореспондира со одлуката за формирање на НОФ, секако е специјалната наредба на Тито бр.236 од 2 април 1945 година, за расформирање на Првата егејска ударна бригада, како и речиси едновременото расформирање на Политичката комисија на Македонците под Грција.
Ако се прифати констатацијата дека тоа било сторено заради смирување на пропагандната клеветничка кампања водена против Југославија за наводното мешање во внатрешните работи на Грција, за територијалните аспирации на штета на Грција, тогаш со право се поставува прашањето зошто непосредно по расформирањето на бригадата и на Политичката комисија била донесена одлука за формирање на НОФ? Ова прашање бара посебно внимание, но постојните историски извори не овозможуваат негово целосно согледување и давање соодветен одговор.
Индикативен е уште еден момент. Бунтот на скопското Кале и во штипската касарна, проследени со паролата „Одиме на Солун, не на Срем“ датираат од почетокот на јануари 1945 година. Ако процените биле дека одењето на Солун ќе значи вовлекување на Југославија и Македонија во војна со Грција и сојузните сили, како и губење на антифашистичките придобивки, зошто истата таа процена не важела и за егејските Македонци, туку напротив, тие се поттикнувани и поддржувани за учество во воената разврска на грчката политичка криза?!
- Тито беше прагматичар, имаше повеќе интереси, пред с` стратегиски за Трст и Истра, отколку кон Македонија. Македонското прашање го користеше само за да може да го реализира она што го бараше горе. И тој не сакаше да ја жртвува својата идеја за Југославија за сметка на македонското прашање. Кога виде дека тоа не може да се реализира и дека зад Грција застанаа Велика Британија и САД, тој се повлече - истакнува директорот на Институтот за национална историја.
Дали воопшто треба да се постави прашањето зошто егејските Македонци влегоа во „оган“ по официјалното завршување на Втората светска војна и учествуваа во Граѓанската војна во Грција? За да се спасат од теророт, да ги остварат своите национални права, да го сменат курсот на грчката политика во односот кон нив и има ли сето тоа некој идеолошки предзнак? Чепреганов тргнува од крајот:
- Граѓанската војна во Грција е пред с` идеолошки судир меѓу социјализмот и капитализмот. Во целата оваа компонента с` е поврзано меѓу себе, ништо не може да се исклучи. Македонците имаа терор што се вршеше врз нив, бараа остварување на своите национални права, право на самоопределување и обединување со Македонија. Затоа, на Второто заседание на АСНОМ има претставник од Грција, од Егејскиот дел на Македонија, кој излегува и бара да се обединат во рамките на Југославија. Можеби токму во ова лежи и причината зошто не дојде до обединување. А, се правеа комбинации за разни федерации: јужнословенска, дунавска, југословенско-бугарска... Но, егејските Македонци биле изложени на огромен терор од страна на Националната гарда, жандармеријата и полицијата во Грција, беа запалени огромен број села, биле убиени огромен број Македонци, биле носени по логори сите оние кои биле поврзани со демократското движење. Можеби на врвот може да се стави идејата за обединување, што ги водела сите. Но, токму тоа им пречеше на сите, посебно на Велика Британија, зашто знаеше што стратегиски ќе значи губењето на Грција во однос на Панславистичките држави! - потенцира за крај Тодор Чепреганов.

Предраг Димитровски
18-07-2011, 01:14 AM
Reply