ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:МЕХАНИЦИЗМОТ НА ДОНСКИ ЗА НАПАЛМ-БОМБИТЕ НА ГРАМОС И ВИЧО!
(Пишува Тодор ПЕТРОВ: одговор на коментарот „Британската авијација никогаш не ги бомбардирала Македонците со напалм-бомби“ од 28 август 2010 година од Александар Донски)
Кога механицистички читате статистички бројки во историјата, секогаш го заборавате настанот и жртвите за којшто ТИЕ се однесуваат. И тогаш почнувате јалова полемика која врска нема со темата за којашто коментирате. Така постапил и Александар Донски во својот коментар „Британската авијација никогаш не ги бомбардирала Македонците со напалм-бомби“ од 28 август 2010 година, наводно како реакција на соопштението на Светскиот Македонски Конгрес со наслов „Комеморација за 62-та годишнина од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо“ од 25 август 2010 година. И среќа што Донски се огласи: ја спаси британската кралица од извинување и од понижување. Веројатно „ќе добие“ орден за заслуги за ликот и делото на Обединетото Кралство во Граѓанската војна во Грција. Иронизирам, затоа што коментарот на Донски друго и не заслужува. Ја промашил темата за која се огласил, сам или по нечија директива, ирелевантно.
Господине Донски, со тие кои ги ценам, јавно не полемизирам, не ги бербатам и рогови не им набивам. Ако нешто не знаат, во четири очи тоа им го кажувам, оти нели заедничка ни е целта, премногу ни се душманите со кои „војуваме“. Ако сме „заедно“... Ама, ако некој ме наведува јавно на сцена со неиздржани квалификации, роговите што мене ми ги набива од глава ќе му ги скршам!
Господине Донски, не полемизираме за бројот на летовите, за бројот на чевлите на пилотите, за ознаките на авионите, кој авион кога и каде дејствувал, какво оружје носел, какви загуби имал, кога и каде му се дупнала гумата, за бројот на изгорените дрва... Зборуваме за жртвите, за Македонците, кои живи гореа од напалм бомбите! Па и Грците, кои Атина не ги оплакува поради стравот од признанието дека по Втората Светска Војна, со помош на Британците, на власт дојдоа фашистите! Зборуваме за поразот на антифашистите во Грција со кои завојувале Британците по Втората Светска Војна, менувајќи ја историјата на Елада, одземајќи им ја победата на победниците во Втората Светска Војна во „Хеленската демократија“! Вие за тоа, не сакам да помислам дека немате врска, ама воопшто не зборувате?! Вашиот механицизам, како по обичај, ги амнестира менторите од злосторствата кои ги стимулираат. Впрочем, за воените злосторства по војните не се судат војниците, туку генералите и инспираторите. Монархофашистите во Граѓанската војна на Грција се само извршители, генералите и инспираторите се Британците поради договорот меѓу Черчил и Сталин во 1944 година: на Русија да и’ припаднат Романија и Бугарија, а на Велика Британија Грција. Никој не ја омаловажува одговорноста на Атина за геноцидот врз Македонците кој се уште трае. Впрочем, Македонците во Втората Светска Војна во Грција не беа сојузници на монархофашистите, туку беа партизани, после победата требаше да добијат автономија во Грција или обединување на Егејскиот со Вардарскиот дел на Македонија (Ѓорѓи Димитров истото го готвеше и за Пиринскиот дел на Македонија под Бугарија)! Затоа извинувањето го бараме од Британците!
Вие тоа воопшто го немате предвид, сте се изгубиле во бројките на грчките датотеки и сте ја промашиле темата, за да не’ наведете на вина зошто воопшто зборуваме за напалм бомбите и жртвите од нив?! Вие комеморацијата на СМК и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН ја квалификувате како „непотребна фарса“, за „комунистичка пропаганда, која има за цел, врз основа на лаги, да шири омраза кон нашите западни сојузници (Велика Британија и САД)“?! Од каде таква конструкција само Вие знаете. Но и тоа не е важно. Вие дури и погрешно наведувате „дека постоело бомбардирање со напалм бомби врз борците на ЕЛАС во реонот околу планината Вичо во 1948 година“.
Александре, Грчката народно-ослободителна армија (ЕЛАС) во Граѓанската војна на Грција не постои, туку Демократската армија на Грција (ДАГ). Иако и ЕЛАС и ДАГ биле под „команда“ на Комунистичката партија на Грција. ЕЛАС војува во Втората Светска Војна од 1941-1945. ДАГ војува во Граѓанската војна во Грција од 1945-1949, нејзе и се приклучува македонската воено-политичка организација НОФ во Егејскиот дел на Македонија...
... За жал, британскиот премиер Винстон Черчил во втората половина на 1944 година повеќе беше загрижен од можната комунизација на Балканот и Источна Европа, отколку од тоа како да ја победи фашистичка Германија, посебно исплашен од грчките партизани од ЕЛАС и нивното политичко крило ЕАМ, по војната да ја преземат власта во Грција, поради што му довери задача на британскиот генерал Скуби, по секоја цена да го разоружа ЕЛАС, со покритие за интервенција на британските трупи во Грција од претседателот на грчката влада во егзил во Каиро, Георгиос Папандреу (1888-1968, дедо на актуелниот грчки премиер Георгиос Андреас Папандреу роден 1952, ништо случајно, зарем не?)
Иако ЕЛАС не го положи оружјето туку во декември 1944 година започна оружени борби со британските трупи за престолнината Атина, поради засилувањата на британските трупи и одбивањето на Сталин да упати воена помош, на 12 февруари 1945 година ЕЛАС во Варкиза склучи договор за разоружување под услов затворање на фаѓистичките колаборационисти. И покрај договорот на сојузничките сили за затворање на сите колаборационисти со фашистичкиот германски, бугарски и италијански окупатор, Британците нема да го испочитуват договорот од Варкиза и овие реакционерни грчки сили набргу ќе бидат пуштени на слобода. Монархофашистите организирани во легална паравојска, иронијата да биде поголема вооружени од Британците токму со оружјето предадено од ЕЛАС, започнуваат невиден терор врз партизаните, левичарите и демократите, особено врз Македонците под Грција. Монархофашистичкиот режим во Грција по војната ги засили репресиите врз Македонците, а тоа кулминира по враќањето на кралот на 28 октомври 1946 година.
Не е никаква тајна дека Велика Британија ја опремуваше и вежбаше Грчката кралска армија! Заради неможноста да го понесе тој финансиски товар, Обединетото Кралство во 1947 година се повлекува од таа задача, по Британците таа задача ја преземаат САД со изговор борба против комунистичката агресија, но британските советнички мисии во Грција остануваат и понатаму.
По офанзивата на грчките монархофашистички сили врз ДАГ помогнати од англо-американските интервенционистички сили и целосниот пораз на ДАГ на битките на Вичо и Грамос на 30 август 1949 година, голем број од борците на ДАГ и нејзиното раководство заедно со целото раководство на КПГ пребегнуваат на територијата на Албанија со што целосно престанува борбената дејност на ДАГ во Грција.
Светскиот Македонски Конгрес повеќепати досега побарал извинување од Атина, Брисел и Стразбур за геноцидот врз македонскиот народ, како и репарации заради воени штети, експлоатација на природните ресурси на окупираните територии и штетите врз имотите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни до денес. Никој Атина не ја амнестирал од историската одговорност. Но, господине Донски, евоциите за минатото не се заради гнев и омраза према тие кои и’ нанеле жртви на нацијата во историјата, заради одмазда и нова војна. Минатото е поука за иднината. Спомените за минатото, помените за жртвите од минатото се самопочит на нацијата за упокоените, загинатите и убиените за слободата и демократијата на живите. Помените за жртвите како влог во темелите на државноста, се порака за мир и љубов, влог за иднината, а не робување на минатото. Денес гео-политичката карта на светот е променета. Американскиот унилатерализам е заменет со мултиполарноста на светот. И ние се боревме против Германците во Втората Светска Војна, ама денес Германија е стратешки партнер на Македонија! Ние и во времето на Отоманската Империја се боревме против Турците, ама денес Турција е стратешки партнер на Македонија! Режимот на Хитлер за Евреите создаде логори на смртта, ама Германија се поклони и извини на Израел! Режимот на САД ги фрли атомските бомби врз Јапонците, ама денес САД се извинија на Јапонија! Франција со закон го призна геноцидот врз Ерменците. Александре, Вашето пишување за античката историја на Македонија зарем не ги нарушува „добрите“ односи со соседите кои различно ја пишуваат и читаат историјата за Македонија и Македонците?!
СМК упати барање до Велика Британија да се извини на грчките и македонските анти-фашисти од Втората Светска Војна за поразот во Граѓанската војна на Грција 1946-1949 година, за жртвите од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо со цел спречување на комунизацијата на Елада и за британската асистенција за победата на грчките монархофашисти кои жестоко се пресметаа пред се со Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Има изјави дека Британците со напалм бомби бомбардираат и во 1947 година. Бројни ѕверства врз цивилно население во Егејскиот дел на Македонија извршени се и од британски војници.
Донски е контрадикторен кога констатира „дека Велика Британија и САД во Граѓанската војна во Грција застанале на страна на грчката кралска армија и тоа треба да се осуди, но, познато е и дека таа нивна определба не била заради Македонците, туку заради опасноста од ширењето на комунизмот на Балканот“?! Зарем комунистите не победија во Југославија, а Југославија беше сојузник со САД и Велика Британија? Дали Втората светска војна се водеше против фашизмот или против комунизмот?! Како анти-фашистичките сили во Грција станаа непријател на сојузничките сили, на Обединетото кралство? Од една страна Донски вели дека Велика Британија војувала со комунизмот, а од друга страна оплакувањето на жртвите од таа војна го нарекува „комунистичка пропаганда“, што е контрадикторно?!
И за крај, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН од оваа година ќе ја продолжат традицијата на одбележување на годишнината од британското напалм бомбардирање на Грамос и Вичо во Егејскиот дел на Македонија во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до1949 година со помен за жртвите од војната и барање Велика Британија да им се извини на Македонците и на антифашистите за поразот по Втората Светска Војна. Оти Граѓанската војна во Грција е само продолжение на Втората светска војна во која Британците жестоко се пресметаа со антифашистите одземајќи им ја победата и востоличувајќи ги на власт монархофашистите помагајќи ги во воените злосторства врз борците на ДАГ и цивилното население, врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија. Впрочем и егзодусот на децата „бегалци“ е со цел заштита од воените операции во Егејскиот дел на Македонија. Колку само од тие деца грчката кралица Федерика ги превоспита во јаничари на југот во Атина?! Затоа, дали први фрлиле Грци по род, во британски авиони, американски напалм бомби врз македонските и грчките антифашисти е ирелевантно, менторот е Велика Британија! Токму поради тоа и барањето за извинување е адресирано до британската влада. Македонија, се разбира, пак ќе одржува пријателски односи со Обединетото Кралство. Грција во Втората Светска Војна и по неа ниту произведуваше напалм бомби, ниту авиони! Но, британското покајание може да биде само македонско признание и во билатералните односи и во сојуз со Европската Унија и НАТО, што веќе го сторија Руската Федерација, Кина и САД три од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации!
Тодор Петров
|
|