Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШЕСТ БОМБАШИ- ОА „ПЛАСТИКА“
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (1)



Почитувани...
Од вечерва го започнуваме пишувањето за групата наречена "ШЕСТ БОМАШИ" и полицискиот предмет "Пластика"...
Ќе бидат тука пишани работи до сега јавно необјавени, за делувањето на оваа илегална група во 1970 година до 1974 година, причините поради кои се организираат, начинот на кој делуваат, целите кои ги имаат...
Фељтон кој ќе трае и со секоја нова објава ќе станува се поинтересен...
Во периодот од 1970 година Горно Лисиче важи за место во Скопје каде Македонизмот и Идејата за Обединета Македонија зема се поголем замав..
Таму веќе има формирано во 1969 година илегална организација која се вика "Со Идејата на Гоце Делчев ВМРО"

[Image: 357444520_589274556653802_29276699711228...e=64ABC9C6]
Основачи на организацијата се :
1.Пандил Стефковски
2.Славе Бошковски
3.Спасе Трпковски
4.Спасе Нешовски
5.Павле Трпковски
6.Драган Николовски
7.Ѓорѓи Тодоров.
Организацијата се формира на 2 Август, 1969 година и Идеологијата која ја застапувале како Заклетва е дека секогаш ќе се борат за правата на својот Народ, против секаков вид на Непријател на Македонија и Македонскиот Народ.
Дека ќе се борат за Идејата за обединување на Трите Дела на Македонија.
2 ри Август е Датум со огромно значение за Горно Лисиче.
Организацијата делела книга со Патриотска Содржина, текстови поврзани со Илиндеското Востание, го кревала Македонизмот низ Населението во Горно Лисиче, забранувала пеење на било какви други песни освен македонските...
Во секоја куќа имало слики од Македонските Војводи, а Гоце Делчев Таткото на Револуцијата е нивниот Идеолошки Татко...
Кампувањето на Мечкин Камен станува традиција за 2 ри Август во седумдесетите години на минатиот век.
Организацијата "Со Идејата на Гоце Делчев ВМРО" со својата активност успева во своите редови да привлече и многу младинци кои стануваат активисти...
Постојано се следени, обработувани, пратени и притворани.
Но и Затвор и Притвор ИДЕЈАТА е ЖИВА!!!
Подоцна основачите на оваа организација имаат огромен удел и во формирањето на Илинденскиот Марш и Културно уметничкото друштво Никола Јонков Вапцаров.
Двајца луѓе, двајца големи Македонци од Горно Лисиче Пандил Стефковски и Славе Бошковски (прикажани на фотографија) ќе остават голем траг во периодот од 1970 година до 1974 година со своето учество во бомбашките напади на шест локации во Скопје и формирањето на строго Илегалната организација "Гоце Делчев".



Quote:ШЕСТ БОМБАША (2)

[Image: 357491976_589864476594810_78990675418983...e=64ABDAA5]

Во 1970 година во одредени структури на тогашниот секретаријат за внатрешни работи, припадници на тогашните безбедносни сили, се јавува потреба да се крене гласот за браќата и сестри во Егејска и Пиринска Македонија, но и незадоволство од тоа што се случува во секретаријатот со македонските припадници.
Потеценувана е нивната работа од директивите кои доаѓаат од Белград.
Тројца големи Македонци Славе Васовски од Теарце Тетовско, Славе Бошковски од Горно Лисиче и Тодор Георгиев од Велес, кои претходно заедно работат во полициската станица "Пролет" се почесто разговараат дека мора нешто да се превземе конкретно...
Славе Бошковски од Горно Лисиче му кажува на својот комшија но и училишен другар голем Македонец, Патриот до коска, Пандил Стефковски, дека постои еден човек во државна безбедност Славе Васовски кој го викаат Македонецот, и дека сака да се види со него и да разговараат за Македонските прашања.
Се среќаваат во куќата на Славе Бошковски, во куќата на Пандил Стефковски, покрај Вардар...
На оваа група се приклучува и Никола Саздовски учител од Кавадарци кој живее и работи во Скопје, еднаш веќе осуден на 5 години строг затвор за Македонија 1952 година.
Замислете ја таа Храброст и Одлучност браќа и сестри...
Никола Саздовски заедно со него во групата го вклучува и Јован Котевски од Струшко кој живеел во негова близина во Скопје, но и соработувале околу пишување книги и статии за Илинденскиот период...
Полека полека таа 1970 година се создава строга илегална група која поставувава експлозивни направи на 6 локации во Скопје до 1974 година..
Првата локација е грчкиот конзулат.
Ги води Идејата за Обединета Македонија.
Ги боли неправдата и тортурата врз Македонците од Егејска и Пиринска Македонија.
Ги следат Гемиџиите од 1903 та година...
Не сакаат слава!!!
СЕ АРЧАТ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Сите овие шест луѓе се средно имотни со фамилии но Македонија за нив е Заклетвата.
Членови на неформалната илегална група "Гоце Делчев":
1.Славе Васовски роден 31.1.1931.во Теарце, Тетовско, виш инспектор во ДБК.
2.Славе Бошковски роден 7.02.1925. во Горно Лисиче припадник на јавна безбедност.
3.Тодор Георгиев роден 25.02.1929 во Велес припадник на јавна безбедност.
4.Никола Саздовски роден 7.10.1925 година во Кавадарци Учител.
5. Пандил Стефковски роден 7.11.1925 година во Горно Лисиче шофер.
6.Јован Котевски роден 14.01. 1932 година Струшко новинар во Телевизија Скопје.

Превземено од Македонски Аманет Македонец за Македонец
06-07-2023, 01:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (3)

[Image: 358388652_590453446535913_76096339648503...e=64AD518E]

Кон крајот на 1970 година сите членови на групата се состанале три пати, два пати, во куќата на Пандил Стефковски, еднаш во куќата на Славе Бошковски, и двете куќи се наоѓаат во Горно Лисиче.
На овие состаноци било договорено во поставувањето на експлозивите да не учествува писателот Ѓорѓи Котевски затоа што самиот се изјаснил дека не е способен за такво нешто.
Се договориле дека тој како писател ќе делува на друг начин со пишување на памфлети и слично.
Договорено е на овие состаноци дека треба да се предизвика експлозија во грчкиот конзулат во Скопје за да се упати порака до Браќата и сестрите Македонци во Егејска Македонија, дека во Македонија постојат прави Македонци, кои не се помируваат со нивната несреќна судбина, а од друга страна да и се даде до знаење на Грција дека не може да прави со Македонија и Македонците што сака.
Договорено е да се стави експлозивна направа во дописништвото на "Политика" во Скопје, како би се ставило до знаење на јавноста дека не му е место на српското влијание во Македонија.
Сакале да упатат порака и до албанците дека МАКЕДОНИЈА НЕ Е НИВНА И ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ.
Затоа било одлучено да се постави експлозивна направа во дворот на исламската верска заедница, како објект кој ги обединува нив, и во дворот на зградата каде што живеел поглаварот на ИВЗ Хаџи Бедри Хамит Ефенди.
Исто така било договорено да се постави експлозија и на францускиот културен центар во Скопје и тоа од причина што Франција е еден од главните актери при донесувањето на меѓународниот документ за поделба на Македонија.
Шесте бомбаши исто така како и нивните предци СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАОРИ ВЕЛЕШКИ ГЕМИЃИИ имале цел преку поставување на овие експлозиви да го свртат вниманието на светската јавност.
Не сакале жртви и нема жртви во бомбашките напади...
Сакале само да ГРМИ, ДА СЕ ЧУЕ...
ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА!!!
Одговорен за набавување експлозиви и формирање на експлозивни направи е Славе Васовски вработен како виш инспектор во ДБК кој и претходно ракувал со експлозивни направи.
26.01.1971 година..
Поставување експлозив во грчкиот конзулат...



Quote:ШЕСТ БОМАШИ (4)

[Image: 358401756_591056276475630_57777597873947...e=64AE8285]

Дојде и тој ден...
Воројатно така размислувале, Славе Васовски, Славе Бошковски и Пандил Стефковски на 26.01.1971 година...
Особено Пандил Стефковски кој во себе ја носи болката како војник граничар на границата со грција кога го гледа егзодусот на Македонците од Егејска Македонија пред свои очи, и има наредба како граничар да пука на секој што ќе се обиде да ја помине границата.
Нормално, Пандил Стефковски не само што не го прави тоа го прави тоа а во својата душа вечно ќе му остане болката за Македонците измачувани од грчката власт...
Дојде денот за одмазда...
Каква,таква....
Поставување на експлозив во грчкиот конзулат.
МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ!!!
Славе Бошковски и Пандил Стефковски одат во домот на Славе Васовски кој претходно спремил две експлозивни направи.
Во една трилитарска лимена кутија од моторно масло,ставил 2 килограма експлозив, во една од патроните поставил рударска каписла бр 8 и спорогоречки фитил.
Потоа подготвил една неексплодирана граната со челична кошулица во која бил наполнет класичен ТНТ во количина од 800 грама и место класична запалка вметнал рударска каписла бр. 8 и спорогоречки фитил.
Славе Бошковски, Пандил Стефковски и Славе Васовски, пешки од домот на Васовски се упатуваат кон грчкиот конзулат, во договор, Славе Бошковски да оди прв покрај оградата и доколку има луѓе да застане, а доколку нема да продолжи.
Македонските Гемиџии не сакале човечки жртви.
Било се во ред и Славе Бошковски продолжил што било знак дека може да се постават експлозивните направи.
Една фрла Славе Васовски, го пали фитилот со жарче од цигара, другата експлозивна направа ја фрла Пандил Стефковски и не успева да го запали ли фителот со цигарата поради возбуда и лошо маневрирање.
Тројцата се повлекуваат од местото, а експлодира само една експлозивна направа која прави сериозни материјални штети, нема повредени и човечки жртви.
Славе Бошковски и Пандил Стефковски се качуваат на автобуската кај зелено пазарче во автобус бр 7 и си одат во Горно Лисиче, а Славе Васовски си оди во својот дом во Кисела Вода.
Следните денови Пандил Стефковски го прашувал својот комшија Славе Васовски дали е се во ред, на што овој му одговарал да не се секира.
Интересно е што тројцата бомбаши од групата ШЕСТ БОМБАШИ, вработени во државна и јавна безбедност, постојано ги имале информациите за овој случај и било барано од нив да се реши овој случај воден како тероризам.
Учесниците во поставувањето на овој експлозив во грчкиот конзулат биле презадоволни од направеното..
Нанесени се оштетувања на конзулатот и дворот на конзулатот а нема повредени и мртви.
Првата од шесте планирани експлозии одекна.. 26.01.1971 година во грчкиот конзулат.
НЕКА ГРМНЕ БОЛКАТА ЗА БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА!!!
НЕКА ГРМНЕ ТАТНЕЖОТ ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!!!
08-07-2023, 02:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ШЕСТ БОМАШИ(5)

[Image: 358447684_591653803082544_20222381028371...e=64B14DCC]
Поминуваат 8 месеци од поставувањето на првата експлозија во грчкиот конзулат, групата составена од шест бомбаши мирува, затаена во строга илегала, но никако поколеблива...
Напротив, решени се да одат по зацртаниот пат без ни тронка можност за откажување.
Овој пат по негова желба и барање експлозивот во дописништвото на "Политика"во Скопје сам ќе го постави Тодор Георгиев, вработен во јавна безбедност,голем патриот и Македонец.
Замерувал што не бил вклучен во првиот напад на грчкиот конзулат, па затоа сите биле согласни овој пат Тој да биде извршителот.
Тодор бил задоен со Илинденскиот Период, Гемиџиите, ВМРО...
Подолг период се познававал со Јован Котевски исто член на групата, писател, кој му помагал на Тодор околу книгата која сам ја пишувал "По трагите на минатото" во 1965 година.
Групата сметала дека треба да се постави експлозив и да се предизвика експлозија и во дописништвото на НИП "Политика" во Скопје, како би се ставило до знаење на јавноста дека не му е местото на српскиот печат и влијание во Македонија.
Тодор Георгиев им кажува на своите соборци, мојот татко беше газен и тепан од српски чизма и пендрак, нема да дозволам и моите деца да го доживеат истото.
Другите членови од групата се согласуваат со тоа што го кажува Тодор.
Ден пред да се постави експлозивот оди со Јован Котевски во близина на дописништвото за да овој му каже точно каде се наоѓа...
За правењето на експлозивната направа, повторно е задолжен Славе Васовски вработен во државна безбедност.
Експлозивната направа се состоела од класичен формациски метак од лиен ТНТ експлозив, во тежина од 200 грама со димензии 100x 55x25mm а во отворот предвиден за запалка поставил каписла бр. 8 со прикачен фитил.
Тодор ја земал експлозивната направа од Славе Васовски.
28.9.1971 година силна експлозија во дописништвото на "ПОЛИТИКА" во Скопје.
Тодор Георгиев во вечерните часови се паркира на паркингот кај старата железничка станица во Скопје, носејќи ја направата под палтото, дошол на местото пред влезот на дописништвото на "Политика" во ходникот на зградата со цигара го активирал фитилот, и се оддалечил.
Од настаната силна експлозија демолирано е претставништвото, ходникот и влезот од зградата.
Нанесена е голема материјална штета...
Акцијата и овој пат е успешна...
Има сериозни штети по објектот но нема човечки жртви и ранети..
"Нека грми, нека се слушне гласот" си повторува во себе Тодор Георгиев по одекнување на експлозијата.



Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (6)

[Image: 358442222_592230396358218_74910422217619...e=64B13C0C]

Задоволни од тоа што успешно ги поставуваат експлозивите во првите две акции, во грчкиот конзулат во Скопје и дописништвото на "Политика" во Скопје, групата која делува во строга илегала смета дека време е, да грмне и по трет пат.
Во разговорите кои ги воделе во 1970 година пред да започнат со акциите Славе Васовски вработен во ДБК, истакнал дека националното прашање не е поволно решено ниту со албанците при што Васовски се повикувал на демонстрациите во Тетово од 1968 година и тврдел дека за кратко време заради поголема стапка во наталитетот кај албанците, ќе ја зафатат цела западна Македонија и дека Албанија има претензии на македонската територија и дека треба нешто да се превземе и на тој план.Инаку Славе Васовски е роден во Теарце, Тетовско.
Колку биле мудри нашите Херои...
Предвиделе се 50 години однапред и дале се од себе да го спречат ова што се случува сега.
Групата ШЕСТ БОМБАШИ заклучува и одлучува дека треба да се подметне експлозивна направа на објект кој ги обединува албанците, за да им се стави до знаење дека Македонија не е нивна, дека МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ.
Изборот паднал на Исламската Верска Заедница во Скопје.
Славе Бошковски набавил челична боца и ја сокрил во неговата нива во Горно Лисиче,а Славе Васовски ја наполнил со 6 килограми експлозив и поставил каписла и фитил.
10.6.1972 година.
Славе Бошковски, Никола Саздовски и Славе Васовски во вечерните часови, со возило доаѓаат пред Стоковна куќа "Илинден". Васовски останува да ги чека во возилото, Бошковски и Саздовски ја земаат експлозивната направа и ја поставуваат и активираат со жарче од цигара,во дворот на ИВЗ.
Тие се повлекуваат и одат накај возилото во кое ги чека Васовски.
Доаѓа до силна експлозија,сериозни оштетувања на зградата, канцелариите и околните објекти, направена е значителна материјална штета.
Во овој напад со тешки телесни повреди со трајни последици се здобил Укшин Красниќи.
Кога доаѓаат во возилото Васовски и Саздовски и од кога веќе ја чуле експлозијата меѓусебно си честитаат за успешно изведената акција и сите во еден глас велат НЕКА ГРМИ.


Чекав да видам дали некој ќе реагира анневистините изнесени во овој „ серијал“ и да го завршат серијалот па да реагирам и да осознам зоштои кому му е потреба ваква безочна лага. Но еве веќе некој  кој има сознаниеја Зоран Бобов искоментирал дека дтрворците нас серијалот ги измешале сериозно лончињата. Ќе биде интерсно да се слушне одбраната на творците на „серијалов“. Која сигурно ќе биде голема лага. После тоа јас ќе ги објавам документите за ОА „ПЛАСТИКА„ 1, 2, 3 и 4. Творец нса Оперативните Акции „ПЛАСТИКА“ е Иван Бабановски.

[Image: image.jpg]
10-07-2023, 10:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (7)


[Image: image.jpg][Image: 1.jpg]

Почитувани...
Неколкумина луѓе се обратија во нашето здружение заинтересирани и изненадени од тоа што го читаат за Илегалната група која делувала од 1971 година до 1974 година во Скопје, со прашање на која основа е пишаното и дали е веродостојно.
Пишуваме на база на обвинителен акт, на судски пресуди, изјави на членови на групата, сведоштва на најблиски.
АПСОЛУТНО ВЕРОДОСТОЈНО.
Има барања и од Горно Лисиче и од останати граѓани за оваа група да напишеме и еден вид брошура...
Оставаме на времето, и се надеваме дека уште луѓе ќе се вклучат со информации за овие настани, особено луѓе кои кон крајот на осумдесетите работеле во државната и јавна безбедност...
Отворена е нашата канцеларија...
Илегалната група продолжува по зацртаниот план за поставување експлозивни направи..
На ред е зградата во која живее поглаварот на ИВЗ, Хаџи Бедри Хамит Ефенди, која се наоѓа на ул,, Мирче Мацан " бр 5 во Скопје.
Како што пишувавме и во минатиот пост групата сметала дека Исламската Верска Заедница е обединувачки објект на албанската националистичка мисла која доаѓала од претензиите кои ги имала Албанија кон Македонија, а со пуштањето на експлозивите во ИВЗ и во зградата каде што живеел поглаварот сакале да упатат порака дека Македонија не е нивна и дека МАКЕДОНИЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!
7.02.1973 година.
Славе Васовски повторно е задолжен за правење на експлозивната направа.
Овој пат офанзивна рачна бомба, наполнета со 100 грама лиен експлозив ТНТ во која наместо капакот со оргиналната запалка била поставена каписла број 8 и фитил.
Извршител е Тодор Георгиев кој ден порано од Славе Васовски ја добил точната адреса, со велосипед поминал поминал покрај објектот извидувајќи го објектот за да наредниот ден ја постави бомбата. Во вечерните часови на 7.2.1973 година Георгиев дошол до зградата каде ја активирал бомбата палејќи го фитилот со цигара и потоа ја фрлил во дворното место.
Се слушнала експлозија која не нанела голема материјална штета.
Тодор Георгиев го проследува звукот на експлозијата со зборовите НЕКА ГРМИ НЕКА СЕ ЧУЕ ГЛАСОТ!!!

 [Image: 2.jpg]


Quote:ШЕСТ БОМБАШИ ([Image: 1f60e.png]

[Image: 3.jpg]

Групата полека ги остварувала своите првични зацртани цели, а тие биле на секој непријател на Македонија да му се испрати порака дека сеуште има Македонци кои го живеат делото на Илинденците, Идеолошки Татко им е Таткото на Револуцијата Гоце Делчев, заколнати се на Заклетвата...
ВМРО е уште Живо!!!
По грчкиот конзулат,претставништвото на "Политика" во Скопје, Исламската Верска Заедница и зградата во која живее нејзиниот Поглавар на ред е и Францускиот Културен Центар во Скопје.
Одлуката да се постави експлозивна направа и во Францускиот Културен Центар е од причина што Франција е еден од главните актери при донесувањето на меѓународниот документ за поделба на Македонија и мислеле дека на овој начин ќе биде свртено вниманието на светската јавност.
26. 04. 1974 година.
Повеќе од три години од првата грмнува и петата експлозија.
Главни учесници луѓето од државната и јавна безбедност Славе Васовски, кој повторно ја прави експлозивната направа, Славе Бошковски и Тодор Георгиев.
Доаѓаат со возило, Бошковски и Георгиевски ја земаат направата и се упатуваат кон зградата каде што е сместен ФКЦ. Тие направата ја пренесуваат до новоизграден деловен простор чиј зид се граничи со францускиот културен центар, во ќошот ја оставиле направата, со цигара го запалиле фитилот и се оддалечиле.
Се слушнала силна експлозија која предизвикала материјални штети но не со толку силен интензитет.
Грмна и до Франција...
До сите тамошни медиуми.
МАКЕДОНИЈА Е ЖИВА испратија порака шесте бомбаши...
11-07-2023, 11:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (9)


Инспирирани од Солунските Атентатори, со желба да го привлечат вниманието за Македонската Вистина, Илегалната Група неформално наречена "Гоце Делчев" а полициски наречена "ШЕСТ БОМАШИ" ја поставува и шестата експлозивна направа која експлодира и најсилно.
Првично не им е во план таа да биде последна но сепак е последна.
Претходно Пандил Стефковски кој пренесувал експлозив во камионот кој што го возел,за воена фабрика во грција на Славе Бошковски и Славе Васовски од камионот им дал две вреќи по 50 кила ТНТ со лушпи, кои на изглед потсетуваат на крупно мелено брашно, а се производ на фабриката Искра од Бариќ.
Васовски е повторно мајстор за правење на експлозивната направа кој во челична боца чии зидови биле 3,25 мм, на која бил оштрафен вентилот, ставил 8 килограми ТНТ во љушпи набавен од Пандил Стефковски, и на ваквата челична цевка и била вметната рударска каписла бр 8 и спорогоречки фитил.
Од кога ја подготвил направата Васовски, се било подготвено за шестата експлозија.
30.12. 1974 година.
Тодор Георгиев и Славе Васовски со возило дошле под самиот надвозник на булевар југославија.
Васосовски направата ја поставил на средишните столбови кои се наоѓаат помеѓу двете коловозни средини, го активирал фитилот со жарче од цигара и се упатил накај Автокоманда.
Настанала многу силна експлозија,која отворила голем кратер, се распрскале парчиња на сите страни со голем досег.
Тоа се должело на големото количество експлозив во оставената експлозивна направа.
Повторно за Последен Пат изговараат НЕКА ГРМИ НЕКА СЕ ЧУЕ ГЛАСОТ!!!
Се чуствуваат горди што се потомци со дело на Велешките Гемиџии...



Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (10)

[Image: 4.jpg]


Почитувани, во претходните пишувања во детали опишавме се околу поставувањето на експлозивните направи на групата "Шест Бомбаши" на шест локации во Скопје, во периодот од 1971 година до 1974 година кога престануваат со акциите.
Славе Васовски е со идеја и план овие напади да продолжат, да бидат уште посилни, дури и со жртви од македонските непријатели, но тоа не е прифатено пред се од Славе Бошковски на кој прв му ги кажува своите планови а подоцна и од другите членови на групата.
Можеби и сами приметивте во пишувањата, единствен кој нема учествувано во поставувањето на експлозивите е Јован Котевски, писател, вработен во телевизија Скопје, а најголем удел во бомбашките напад има тројката од полиција, во која предначи Славе Васовски,но доволно активни се и Славе Бошковски и Тодор Георгиев.
Во една акција учесник е и учителот Никола Саздовски.
Пандил Стефковски е учесник во поставувањето на првиот експлозив во грчката амбасада, и помага со две вреќи експлозив за експлозијата на надвозникот на булевар југославија.
Доаѓа до силен притисок директно од тито и токму до учесникот на нападите и главен во правењето на експлозивите Славе Васовски, вработен во ДБК, овој случај под хитно да има епилог и завршница со осудени лица.
Зошто прифаќааат други луѓе да лежат затвор за дело кое не го сторило?
Како се случува после 11 години да се отвори повторно овој случај?
Колку време е следена и на обработка оваа група и на кој начин се влегува во нивните домови!
Зошто во првите пресуди за овој случај казните се многу мали а во 1985 година кога вистински се судат "ШЕСТЕ БОМБАШИ" казните се за тероризам од 14 до 11 години?
15-07-2023, 12:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (11)

[Image: image.jpg][Image: 1.jpg]

[Image: 2.jpg]

Ова можеби ќе биде најкраткиот пост околу овој случај но многу силен и тежок...
Се до 1985 година судски, овој случај полициски е затворен затоа што под притисок на Белград да се реши случајот како учесници во оие напади се претставуваат други луѓе осудени за друго дело, кои се претставуваат и како учесници на експлозиите во грчкиот конзулат и во дописништвото на политика...
Овие луѓе и годините подоцна се до 1985 година се претставуваат како учесници во бомбашките напади од 1971 1974 година.
Само за да биде затворен случајот пред Белград лажно е се.
Има и случај кога еден од подоле наведените оди кај Пандил Стефковски во Горно Лисиче и му вели еее јас кога пуштав бомби низ Скопје чичко Панко, а Панко мирен ладен му вика браво Војводо браво голем Македонецу.
Не подлегнува на провокација..
Претставени како осудени до 1985 година со казни затвор за овој случај се
1.Диневски Костадин - Динката.
2.Ефтимов Панде.
3.Киро Донев.
4.Ѓорѓи Доцев.
Ѓорѓи Доцев и највеќе потенцира низ годините кои следат дека е учесник во бомбашките напади на грчкиот конзулат и дописништвото на "Политика" нешто што за жал не е точно.
Во понеделник многу докази, изјави, пресуди, ќе бидат презентерирани и за овој случај и за се останато..
Утре правиме пауза, понеделник подолг пост и ексклузивни информации.
Следете не...
Еве ги вистинските пресуди за тројцата од четворицата лажно претставени бомбаши.




Quote:ШЕСТ БОМБАШИ (12)








https://youtu.be/z8efoU4lRSw
21-07-2023, 12:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:ШЕСТ БОМБАШИ(13)



Тројцата припадници на секретаријатот за внатрешни работи Славе Васовски, Славе Бошковски и Тодор Георгиев се пензионираат во 1980 година.
Пред пензионирањето се дисциплински казнувани, на Славе Бошковски му е одземен пиштолот 1979 година.
Нешто по нивното пензионирање ставени на се на мерки на следење,инспектори секојдневно "шетаат" околу нивните куќи, но и на останатите членови од групата ШЕСТ БОМБАШИ, а Тодор Георгиев во Велес е наместен од службите, и почнува да кажува многу работи не знаејќи дека разговара со удба.
На 19.06.1985 година полицијата влегува во домот на Пандил Стефковски, на 17. 06.1985. година влегува во домот на Славе Васовски, на 18.06.1985 во домот на Бошковски Славе, претрес во домот на Тодор Георгиев прават на 18.06.1985.
Сите членови на групата се притворени во Истражен затвор.
Окружното Јавно Обвинителство КТ. бр 106 /85 Скопје врз основа на член 45.став 2 точка 3 и член 174 став 2 од ЗКП поднесува
ОБВИНИТЕЛЕН АКТ
ПРОТИВ :
1.Васовски Славе роден 31.1.1931 во село Теарце Тетовско, вработен во државна безбедност.
2.Тодор Георгиев роден на 25.02. 1929 година во Велес, вработен во јавна безбедност.
3.Славе Бошковски роден 7.2.1925 во Горно Лисиче вработен во јавна безбедност.
4.Саздовски Никола роден на 7.10. 1925 година во Кавадарци учител.
5.Пандил Стефковски роден 7.11. 1925 од Горно Лисиче шофер.
6.Јован Котевски роден 14.01. 1932 година во Струшко писател и новинар во Радио Телевизија Скопје.


Quote:ШЕСТ БОМБАШИ(14)

[Image: 361955375_597345462513378_85957074123070...e=64BF2A5F]

Почитувани следбеници на страната и на нашето здружение, ова е последен пост посветен на Шест Храбри Македонци, кои во време кога за кажан збор се лежело затвор со години,поставувале експлозивни направи низ Скопје во периодот од 1971 година до 1974 година со цел да се упати порака до НЕПРИЈАТЕЛИТЕ на Македонија дека Македонската Кауза е ЖИВА и дека Македонецот трпи голема неправда во Егејска Македонија, и голем злочин е нанесен на еден НАРОД.
Славе Васовски и Тодор Георгиев можеби се и најрадикалните во групата, и двајцата вработени во секретаријатот за внатрешни работи и може да се каже без тронка страв, учествуваат во изработката(Васовски) во поставувањето на експлозивите (Тодор Георгиев) и со голема желба преку татнежот на експлозијата, да се осветат за цела болка нанесена врз Македонија.
Славе Бошковски исто така вработен во секретаријатот за внатрешни работи е тивкиот "ликвидатор"
Молчелив, замислен,непоколеблив кога е извршувањето на задачите во прашање.
Никола Саздовски учителот од Кавадарци кој веќе еднаш има лежено за Македонија, осуден на 5 години 1952 година, со цело срце и душа повторно е спремен да лежи за Каузата,ништо помалку спремен и да го положи својот живот за Истата.
Чичко Панко Пандил Стефковски големиот Македонец од Горно Лисиче ВМРОВЕЦ кој го следел делото на Организацијата и го живеел сонот за Обединета МАКЕДОНИЈА со главен град Солун.
За него прв претседател на Македонија не бил лазар колишевски како што наметнувале туку МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО.
Јован Котевски писател задоен со Илинденскиот период, новинар во Радио Телевизија Скопје, не учествувал во бомбашките напади, но секогаш бил тука со групата, информиран за секој напад особено близок со Тодор Георгиев.
Како здружение МАКЕДОНСКИ АМАНЕТ МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ ни е повеќе од мило што ги отворивме овие настани и презентиравме пред јавноста.
Наидоа на изненадување и одличен прием.
Се надеваме дека тука нема да застанеме...
Со пресудите го завршуваме овој фељтон, со прогласување на Македонија за Независна Шесторицата БОМБАШИ се ослободени.
Во затвор се од 1985 година.
1.Славе Васовски 14 години
2.Тодор Георгиев 13 години.
3.Славе Бошковски 12 години.
4.Никола Саздовски 12 години.
5.Пандил Стефковски 11 години.
6.Јован Котевски 6 години.
КРАЈ!!!
21-07-2023, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

[Image: image.jpg]


[Image: image.jpg]
24-07-2023, 04:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,686
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

[Image: 001.jpg]


[Image: 02.jpg]
27-07-2023, 01:15 PM
Reply