Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФРОСИНА РЕМЕНСКИ -ОНИШЧЕНКО-ПЕНДАРОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: 1f47d.png] ТАКТИКА ИЛИ „СИСТЕМСКА ПРОПУСТ“

[Image: 320974882_683981703231343_34566535113150...e=63B23897]

Еден неодамнешен пример во соседна Србија може да послужи како пример како „системските пропусти“ се добредојдени тактики за бегање и соочување со одговорност.
Еден ученик грубо претепал свој соученик. Училиштето и институциите се кренале на нозе и започнале план за санкционирање на насилникот и работа со жртвата. Еден еден пред да започне дисциплинската постапка за насилникот што требала да заврши со исклучување од училиште и одговорност за малолетникот, некој "паметен" ги посоветувал родителите за „системски пропуст“ и насилникот го отпишале од училиште, пред воопшто да почне дисциплинската постапка за него и да ја добие мерката.
Чудењето продолжило кога се дознало дека насилникот без никаков проблем, благодарение на „системскиот пропуст“ се запишал во друго училиште без никаква санкција која можела да го спречи во тоа. (Настанот се случил во декември о.г во училиштето „9 Мај“ во Ниш)
[Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png][Image: 1f6a9.png]За „системскиот пропуст“, „пропустите како државна тајна“ и тактиката малку подоцна во денот. До тогаш нека си ги прочитат сите шокирачките изјави, зошто треба да одговорат не само за Онишченко, туку и за шпионажата и незаконското следење со Сребреното комбе.
[Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png]



29-12-2022, 03:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: 1f3af.png] ПОГРЕШНА ТАКТИКА ЗА БЕГАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА ОНИШЧЕНКО СО ТЕЗА "СИСТЕМСКИ ПРОПУСТ" И ДРЖАВНА ТАЈНА[Image: 2757.png]

[Image: 320762322_488196136775160_52386878586718...e=63B26C84]

Нема такви обуки и такви инвестиции во градење на капацитети на институции и влог во парламентарен надзор над безбедносни служби, што ќе можат најповиканите да ги научат да читаат закон и да не бидат конформисти со глупоста.
[Image: 1f6a9.png]Да излезе пред пратеници Директор на АНБ, да "реферира" за пропусти, грешки, процедури и одговорност за одземено македонско државјанство за првпат во историјата на државата, а од друга страна да има пратеници кои треба да знаат, ама "голтаат" опашки зад превез на некаква државна тајна е просто неверојатно за разбирање од сите што знаат што е нормално, а што не.
Еве зошто:
[Image: 2139.png] "Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка"[Image: 2757.png]
(Закон за класифицирани информации)
[Image: 1f6a9.png]Како е бре можно "Пропустите за случајот Онишченко да биде државна тајна" според тој закон на кој се повикувате[Image: 2753.png]
[Image: 2753.png]Или можеби може да биде, ако ова "реферирање" е прикривање на пречекорувања (чии),, злоупотреби (чии), незаконски акт или постапка (која и од кого), зад превез на државна тајна[Image: 2757.png]
[Image: 26a0.png] По целата хистерија што се дигна за овој случај и плафонски дигнатите очекувања и лицитирања со одговорност од страна на највисоко државно ниво, да се излезе и да не кажеш ама баш ништо и да не се праша ништо е повеќе од мајтап.
[Image: 1f6a9.png][Image: 31_20e3.png] Чекам ова прв да го прочита и да одговори претседателот Пендаровски, од причина што тој најгласно зборуваше за нарушен кредибилитет на државата, за стратешкиот партнер САД и нивен интерес за рускиот шпион Онишченко, за интересот од НАТО, за амбасадорска размисла ала Виктор Димовски, за нови истраги, дека мора да има одговорност итн.
[Image: 1f6a9.png][Image: 32_20e3.png] Втор чекам да се огласи премиерот Ковачевски и да каже, дали после оваа "државна тајна" за која "мора да има одговорност" и "нови истраги" (како што изјави) за Онишченко, сеуште стои на ставот дека, со Онишченко е нарушен интересот на државата, НАТО и САД како стратешки партнер, и да каже како ќе им објасни и на нив и на јавноста дека, неговиот избор за директор на АНБ со "државна тајна" ја прикрива и својата одговорност и одговорноста на тие кои ја применија тактиката "системски пропуст" и принципот "не таласај".
Никој не бара да мафтате со папири кои не можете да ги откриете, но можете и морате да кажете во кого и за што лежи одговорноста за Онишченко[Image: 2757.png]
Ако не знаете како се прави тоа, погледнето го моето заштитено јавно пријавување од 26.12 за шпионажа, прислушкување, фалсификати и злоупотреби.
[Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png][Image: 1f447.png]




За тоа прашање ќе ви треба многу помудра "тактика", наместо молк и изговор за "системски пропуст". Тоа е веќе системска грешка, зошто ништо не сте научиле од паролите "да не се повтори" и "нема правда, нема мир", а токму таа битка ве седна во фотељи сите до еден[Image: 2757.png]
Договорете се конечно, дали Онишченко е проблем или не, и дали одлуката е про-САД или контра-САД, за да не бидат збунети пак.
[Image: 1f648.png][Image: 1f649.png][Image: 1f64a.png]
29-12-2022, 03:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Добро утро Претседателе Пендаровски [Image: 1f1f2_1f1f0.png]

Добро утро Македонијо каде и да си [Image: 1f1f2_1f1f0.png]

[Image: 321651430_1757573691310963_5809594581392...e=63B35C14]
Почитуван Претседателе Пендаровски, на завршетокот на оваа година имам неколку прашања до Вас кои ги упатувам јавно.
Не мора да ми одговорите мене, одговорете им ги на граѓаните и на нашите стратешки партнери кои Ве прашувале за тоа како рускиот агент со 8 идентитети Олександр Онишченко добил македонско државјанство.
Прашањата ги извлекувам само од една Ваша изјава од интервју за 24 Вести (18.11) и наслов од него во медиум.
Имавте многу изјави за случајот Онишченко, и на највисоко ги кренавте очекувањата и дома и надвор за овој случај.
[Image: 1f6a9.png]Рековте: (цит.) "... Јас би рекол дека станува за системски пропуст, не станува збор за една индивидуа. Значи некој погрешил, примил мито, шпекулирам."[Image: 2757.png]
Затоа прашувам:
[Image: 31_20e3.png] Дали "системскиот пропуст" како термин да не се каже ништо е Ваш предлог до "реферирачите" пред пратениците[Image: 2753.png]
[Image: 32_20e3.png] Ако не станува збор за една индивидуа која згрешила, дали Вие како претседател дознавте колку индивидуи згрешиле и во кои постапувања згрешиле[Image: 2753.png]
[Image: 33_20e3.png] Дали Ви дадоа одговор за шпекулациите, дека некој примил мито и како го истражиле и утврдиле тоа[Image: 2753.png]
[Image: 1f6a9.png]Ако од "новата истрага" на директорот на АНБ дознаваме дека, "системскиот пропуст" бил државна тајна, би Ве прашала уште нешто:
[Image: 34_20e3.png] Што утврдила "старата истрага" на Виктор Димовски што е различно од "новата истрага" на Зарко Милошевски - која е разликата[Image: 2753.png]- освен терминот "системски пропуст" наспроти одговорноста на која Вие најмногу инсистиравте.
[Image: 35_20e3.png] Од кога "пропусти" станаа вредности и интереси кои се штитат со највисок степен на класификација "државна тајна" претседателе[Image: 2753.png]- зарем би можеле Вие како Врховен командант на АРМ да класифицирате "пропуст" во АРМ со кој би бил нарушен кредибилитетот на АРМ на земја членка на НАТО[Image: 2753.png]по логиката за "пропустот" и кредибилитетот на АНБ.
[Image: 2753.png](цит.) " ... со кои очи ќе излеземе пред Американците и од утре повторно да соработуваме" ..., без одговорност претседателе Пендаровски.
Не брзајте со одговорите помина годината. Сите се по кафани и коктели, не читаат сериозни вести.
Во новата година лично ќе инсистирам да имате Ваш став за заштитеното јавно пријавување за прашањата за заштита на државата и граѓаните за кои зборував на 26.12.2022. До тогаш нека Ви симнат "поенти" на хартија од овој линк:
29-12-2022, 03:48 PM
Reply