Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТАР ЧАУЛЕВ СО АПЕЛ ДО МЕЃУНАРОДНАТА ЈАВНОСТ ВО 1927г: БУГАРСКАТА ВЛАДА ВРШИ НЕВИДЕН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: 286791609_381454857297459_66271538665172...e=62A662D6]


ПЕТАР ЧАУЛЕВ СО АПЕЛ ДО МЕЃУНАРОДНАТА ЈАВНОСТ ВО 1927г: БУГАРСКАТА ВЛАДА ВРШИ НЕВИДЕНИ ЗЛОСТОРСТА ВР3 МАКЕДОНЦИТЕ

Петар Чаулев, член на Централиниот комитет на ВМРО, упатил апел до медиумите во октомври 1927 година со цел да ја запознае светската јавност со невидените злосторства на бугарската влада на Александар Цанков против Македонците кои што се залагале и бореле за независна Македонија.

Чаулев вели дека бугарската влада десетина години е најголемиот непријател на ВМРО и работи по теркот на српската и грчата влада.

За да ги оправда масовните убиства, бугарската влада наменски ги окривила Македонците дека тие наводно биле комунисти. Чаулев вели дека иако има по некој комунист меѓу Македонците, грото од дејците и револуционерите не се комунисти и обвинувањата немаат основа.

Исто така, Чаулев прави разлика кога зборува за Македонците и за бугарскиот народ, за кој вели дека тој исто така страда од бугарската влада.

- „Го примивме следниов апел, кој нам ни го упати Чаулев по повод крвавите злостори на Цанков здружен заедно со Протогеров, и на сите други листови:

Веќе дваесет години наназад, владата не прeстана да биде најопасниот непријател на ВМРО, никогаш не пропушни ниедно сретство за да ги привлече на своја страна, за свои анексионистички цели, најкорумпираните и најподмитливите елементи меѓу Македонците и да ги организира под разни називи, по теркот на атинската и белградската влада, за да ги истопори против претставниците на една независна македонска политика.

Ова тежнеење на бугарската влада, која и понатаму упорно сака македонското прашање да го смета како едно просто орудие за целите на својата домашна и надворена политика, доби последниве денови на израз преку нечуените ѕверства и безпоштедно убивање на сите оние Македонци кои искрено сакаат независност за својата татковина.

За да ги прикрие своите озлогласени злостори, бугарската влада со ренегатот Протогеров, прогласи дека сите нејзини убиени и прогонети жртви на денешниот ден се комунисти.

Впрочем, познат е планот на владата на Цанков која зави во црно илјадници семејства, злосторнички и одвратен план според кој таа сака, откако ги уништи најистакнатите земјоделци и комунисти, да ја потчини на нејзината волја македонската организација, или ако тоа не го стори, да ја уништи.

Затоа што полковникот Атанасов, војводата Алеко Василев, претставникот Занков, новинарот Војков, поранешниот пратеник Бујнов, интелектуалецот Кантарџиев и останатите убиени - сем македонскиот ревлуционер и комунистички пратеник во бугарското Собрание - никогаш не беа комунисти.

Грубите лаги на бугарските власти премногу се очевидни за да можат да го постигнат саканиот успех.

Во име на правдата и човечностам, апелирам до сите интелектуални и цивилизирани луѓе во Европа, до работниците и селаните во целиот свет, да го дигнат својот моќе глас на протест во одбрана на Македонците, кои што ги слоставува и касапи една влада, која во текот на само една година ги истреби бугарските интелектуалци и која беснее против бугарскиот народ на поѕверски начин од некогашните цариградски султани, влада составена од крволочни садисти, чии што подвизи ја возбудуваат сечија совест.

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, која во минатото петрпела и подлабоки кризи од оваа, останува и ќе остане до остварувањето на својата прогама; но пред кобните злосторства деновиве, таа пред цивилизираниот свет го окривува генерал Протогеров како вистински кривец за колежите извршени како против Тодор Александров така и против останатите македонкски водачи и енергичнo бара една строга анкета.“

ИЗВОР: „Оковани радник“ , 12 октомври, 1934 година, стр. 4.
09-06-2022, 08:40 PM
Reply