Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Манифест на Главниот штаб на НОВ и ПОМ
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:М А Н И Ф Е С Т
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ! МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ! БРАЌА И СЕСТРИ НА НАШАТА ПОРОБЕНА АМА НИКОГА НЕПОКОРЕНА ТАТКОВИНА!
Настанаа деновите на големите победи на нашето оражие. Секој ден ни носи нова, голема победа. Непобедливата Црвена армија, надеш на сите поробени народи, напредуе на запад, без да можат да ја задржат. Сојузничките англо-американски армији напредујат во Италија. Нашата славна Народно-ослободителна војска на Југославија, под умната команда на најголемиот војник на нашата земња другаринот Тито, ги ослободуе градовите и селата по цела Југославија. Еве денес и нашата млада Народно-ослободителна војска на Македонија, што е составен дел на Народно-ослободителната војска на Југославија, израснала от малите партизански отреди за време от двегодишни нерамни борби протиф фашиските окупатори и нејзините слуги, се здоби со големи победи. Ослободен е голем дел от нашата татаковина. Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја - ослободуењето на Македонија.
Деновите што настануат са во исто време и денови на големи борби што ке ја решат судбината на нашата напатена и окрвавена татковина.
Германските фашиски окупатори претрпеја смртоносни удари при Сталинград, Орел, Харков, Смоленск, у Африка, Сицилија и Италија. Они го изгубија својот најголем сојузник - фашиската Италија на Мусолини. Но уште не са уништожени. Напротив уште ни стојат големи и тешки борби со тој главен непријател на слободата и независноста на нашиот народ.
Големоболгарските фашисти на чело со принц Кирил, Филов, Михов и други, што служат верно на Хитлеровите поробителни планови, се навоѓајат пред капитулација. Што повеќе се приближујат до границата на Болгарија братските словенски руски армији и што се појак е притисакот на народно-ослободителните востанишки дружини на братскиот болгарски народ се повеќе се разјадуе болгарската клика и нејзините слуги сред редовите на македонскиот народ. Туку уште, тије долни слуги на Хитлеровиот фашизам, заедно со разбоинишките германски орди, газат со својата бербатна чизма по нашите градови и села, по нашата света земња. Еве уште тије разбојнички банди обирајат по нашите села. Еве и денес на сила ги одвлечујат нашите синови во далечните бојишта, да се тепајат против големите сојузнички армији и против нашите југословенски браќа, а се тоа - зошто? - за германските банкари и барони. Со тије нечисти слуги на Хитлеровиот фашизам, со големо-болгарските фашиски окупатори, ни стојат такуѓере уште многу тешки и остри борби.
Големосрпските хегемонисти, на чело со предателскиот генерал Дража Михајловиќ, што служеја верно на германо-италијанските окупатори со цел да ги разбијат нашите народно-ослободителни борби, се навоѓајат денеска во раскапуење. Нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија ги разби комај по сите земњи на Југославија. Туку, тије бедни ронки на големо-српската хегемонија против који денеска стануе српски народ, заедно со сите народи во Југославија, се обидујат сетики да ги исполнат својте нечисти цели, со помоќта на окупаторите да ја разбијат нашата Народно-ослободителна војска. Во тоа они се соединија со големо-албанските хегемонистички среди во областа на Гостивар-Тетово, додека во областа на Куманово, со напаѓањето на џамији, се обидујат да ги скараат и фрлат во меѓусобна братоубиствена војна Македонците, Албанците и Турците. За да го осигураат повраќањето на режимот на големо-српската хегемонија и тиранија во Македонија, се служат со се’. И со тија гнасни слуги на Хитлеровиот фашизам, со големо-српските агенти на окупаторот во Македонија, ни стојат такуѓере уште многу големи и остри борби.
Големо-албанските фашисти и големо-албански хегемонистички елементи от цела Албанија, се збирајат по целата македонска територија под фчерашната италијанска окупација и со помоќ на германските окупатори от сите страни се обидујат да ја разбијат нашата Народно-ослободителна војска. Оваја реакционерна големо-албанска клика, уште от сега со провокаторско поставуење на прашањето за утрешните граници, сака да го разбије единството на македонскиот и албанскиот народ, што е создавано низ тешка и неравна борба против окупаторот. Она сака да ги фрли во братоубиствена верска војна за интересот на германските фашиски поробители. Она создава разбојнички, качашки банди со цел да го разбие нашиот тил. И со тије нови слуги на Хитлеровиот фашизам, со големо-албанските хегемонистички агенти на окупаторот, ни стојат уште многу големи и остри борби.
Македонските фашисти, предатели на македонскиот народ, слуги на германските фашиски окупатори на чело со Ванчо Михајлов от една страна и Китинчев, Ѓузелов, Чкатров, Коста Ципушев и други от друга страна са денес во раскапуење. Се повеќе што се гледа дека германскиот фашиизам се крши и се поголем што е напливот на борците во редовите на нашата Народно-ослободителна војска се повеќе се создава страх во редовите на сите предатели на македонскиот народ, који за сметка на Хитлера ја продадоја нашата татковина. Но овие подли предатели се обидујат да го расцепат македонскиот народ и на тој начин и понатакај да го поробујат. И против таја фашиска клика ќе требе уште долго, здружено и смело да се бориме.

БРАЌА СЕСТРИ, МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!

За прв пат во нашата славна историја имаме денес своја млада народна војска. За прв пат нашата млада војска жние победа по победа. Ние идеме спрема лице на новите големи борби. Се работи за судбината на нашата земња. Бије последниот час. Ве викаме вас, синови и ќерки на македонскиот народ да се сплотите во борбените редови на нашата Народно-ослободителна војска на Македонија. Ве викаме со небројни сили да удираме по сите непријатели на нашата слобода и независност. Ве викаме и вас, стари илинденски борци да стапите во редовите на нашата војска. Одново воскрснуват славните денови на Крушевската република и Илинденското востание. Те викаме и тебе, јунашка младино на Македонија, што даде толку жертви во борбата за слободата на својот народ. Те викаме тебе, македонски народе, да стапиш тврдо во нашите редои. Деновиве што идат ке ја решат твојата судбина.
Ние требе без друго да ги запреме крвавите германски окупатори што уште сакат да ја поробујат и обирајат нашата земња.
Ние требе бездруго да ги изпадиме големоболгарските окупатори от нашата татковина. Но ние ке направиме братство и единство со болгарскиот народ, кој веќе води решителна борба против големоболгарските фашисти и хегемонисти.
Ние требе бездруго да ја изпадиме големоалбанската клика и да ја направиме неспособна да го поробуе македонскиот народ. Но ние ке направиме братство и единство со албанскиот народ, кој нема ништо општо со тија реакционерни, хегемонистички клики.
Ние требе да ја изпадиме и големосрпската хегемонистичка и предателска банда на Дража Михајловиќ и да ја направиме неспособна наново да го врати режимот на големосрпската хегемонија и тиранија во Македонија. Но ние ке направиме братски СОЈУЗ СО СИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ НАРОДИ, на базата на полна национална рамноправност со српскиот, хрватскиот, словенечкиот и другите народи во Југославија. Ние ке работиме на тоа, заедно со сите народи во Југославија за да го создадеме братскиот сојуз на јужнословенските народи, зимејки го во нашите братски пазуви и братскиот болгарски народ.
Ние требе бездруго да ги изпадиме сите предатели на македонскиот народ, се едно дали се они во служба на Хитлера, на големоболгарската, ели на големосрпската хегемонистичка реакција. И ние ќе го создадеме полното единство на македонскиот народ, почнувајќи от комунистите, па се до старите илинденски борци, во борбата за една нова, слободна и народна Македонија.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ! МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!

Фашиските империјлисти со големоболгарските, големосрпските и големогрчките хегемонисти ја раскинаа нашата татковина и ја превртеја во ситна пара за поткусуруење на своите империјалистички интереси.
Овија хегемонистички клики во сите балкански земњи го распалуеја вечно расцеплението меѓу балканските народи. Денес сите балкански народи са едно, не само во борбата против фашиските окупатори, туку и во борбата против сите империјалистички хегемонисти на Балканите и против секој туѓ империјализам, што би се обидел да се меша во внатрешните работи на балканските народи. Тоа ни го гарантира и договорот склопен помеѓу Советскиот Сојуз и Англија на 26 мај 1942 година. Денес сите балкански народи са едно во борбата за создавање на еден братски федеративен сојуз на балканските народи, на базата на полна национална рамно правност и признавуење на правата за самоопределение на народите. Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убаво положение и толку сојузници за да ти се исполни твојот вековен идеал - соединението на Македонија. Затоа требе сите да се собереме околу нашето народноослободително движение, без разлика што некој во миналото се сеќавал како болгарофил, гркоман ели србоман. Затоа требе да создадеме заедно фронт со сите балкански народи во борбата против фашиските окупатори и против секој империјализам на Балканот.
БРАЌА И СЕСТРИ АЛБАНЦИ И АЛБАНКИ!
Германските фашиски окупатори и нијните слуги на големоалбанските фашисти и хегемонисти се мачат да ве бутнат во братоубиствена, верска војна. Они уште от сега го поставуат прашањето за утрешните граници, само за да можат да го разбијат единството меѓу македонскиот и албанскиот народ, кое е создавано во тешките борби против окупаторот и кое е главната пречка наново да се врати фашискиот ропски јарем. Уште од сега создаваат ајдушки, качачки банди за да ги обират сите наши села без да гледаат дали са тоа македонски ели албански, со цел да го разбијат нашиот тил.
БРАЌА И СЕСТРИ АЛБАНЦИ И АЛБАНКИ!
Немојте да оставиме на крвавите германски окупатори да ги скараат нашите два братски народа. Немојте да оставаме да го разбијат нашето борбено единство и да ги раздвојат нашите две славни знамиња - знамето на Скендербег и знамето на Крушовската република, соединети што ожниеја многу победи. Знајте дека соединените војски на сите балкански народи се борат денес за да се создаде една балканска федерација и дека ние највеќе ќе допринесеме за да се исполни таја голема цел, само ако уште посилно го закрепиме нашето единство и ако уште повеќе удриме против сите непријатели на нашето единство. Знајте дека после оваја војна сите балкански народи сами ќе си решават за својата судбина.

БРАЌА ТУРЦИ И ВЛАСИ!

И вас сакајат подлите германски окупатори да ве бутнат во братоубиствена војна. И от вас сакајат да направат покорни фашиски робои. Вашата судбина тесно е врзана со судбината на македонскиот народ. Придружете се на нашата борба и земете участие во нашата нова народно ослободителна влас.
НАША МЛАДА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКО НА МАКЕДОНИЈА, ГОРДОСТ НА НАШАТА ТАТКОВИНА!
Уште посмело и уште порешително удирај по непријателите на нашата слобода и независност - по германските фашиски окупатори и нијните слуги. Уништожујте ги фашиските орди, што ја поробија и ја обраја нашата таковина. Одмаздите ги нашите народни јунаци: Јордан Николов, Цветан Димов, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и толку други најарни синови на нашиот народ, што паднаја от крвничката фашиска рака. Високо развевајте го славното знаме на Гоце и на Крушовската република и тргнете по патот на легендарните илинденски востаници за ослободуење на нашата мила татковина.
Напред во борбата. Напред во победата.
Да е жива геројската Црвена армија и нејзиниот велик водач Сталин!
Да са живи нашите силни сојузници aнгло-совјетско-американска коалиција!
Да е жива борбата за слободата на македонскиот народ!
Да е живо единството и братството меѓу македонците, албанците, турците и власите.
Да е жив врховниот штаб на Народно-ослободителната војска на југославија и АВНОЈ-гаранција за националната слобода и рамноправност на нашиот народ!
Да е жив врховниот командант другаринот Тито, прикажаниот војсководец на нашата славна Народно-ослободителната војска на Југославија!
Да е живо единството и братството на народите на Југославија со братскиот болгарски народ!
Да е живо единството и братството на народите на Југославија со сите балкански народи!
Да е жива слободна Македонија!
Смрт на фашизамот - Слобода на народот.

ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА И ПАРТИЗАНСКИТЕ ОДРЕДИ НА МАКЕДОНИЈА:

Политички комесар, Цветко Узуновски, от Преспа доброволец на Шпанската народна војска
Командант, Михајло М. Апостолски, от Штип генералштабен мајор на бившата југословенска војска.
Членовите на штабот: Методија Ченто, трговец од Прилеп; Хамди Дема, капетан на албанската војска од Дебар; Страхил Гигов, работник од Велес; Венко Марковски, поет од Скопје; Петар Пирузе, адвокат и рез. поручник на бившата југословенска војска от Охрид; Иван Танов, капетан на шпанската народна војска од Ѓевѓелија; Никола Минчев, учител и рез. поручник на бившата југословенска војска од Кавадар, Јелисиј Поповски, доброволец на шпанската народна војска од Маврово; Кузман (Борко) Јосифовски, студент од Прилеп.
Октомври 1943 год, Положај.
02-02-2022, 04:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПРИГОВОР НА АНОК

на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ

9 декември 1943 г.
До главниот штаб на Македонската народно освободителна војска и П.О.
Некаде во Македонија.
„Реч - Народноослободилачка борба - била би само једна фраза, па чак и превара, када она не би имала осим општејугословенског смисла и национални смисао за сваки народ посебице, тј. када она не би значила осим ослобођења Југославије у исто време ослобођење - Хрвата, Словенаца, Срба, Македонаца, Арнаута, Муслимана итд... У томе и јесте суштина народноослободилачке борбе..."
тито („Пролетер" бр 1б-декември 1942 година)
„Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убаво положение и толку многу сојузници за да ти се изполни твојот вековен идеал - СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА... За това требе да создадеме заедно фронт со сите балкански народи во борба против фашистките окупатори и против секој империјализам на Балканот..."
(От манифестот)
Драги другари,
Манифестот, изпратен од Вас до Македонскиот народ, изполни со радост и гордост срцата на сите чесни Македонци, поради следните два факта:
1) Образуването на македонска народно освободителна војска и
2) формирането на раководството на таја војска - нејниот Главен штаб. И преди образуването на Штабот целиот наш народ следеше со трепет борбата на својте најарни синови, во таја неравна но геројска борба. Илинденското востание се повторуе денеска со борбите на народно-ослободителната војска и партизанските отреди и нови светли страници, исписани со крвта на борците за свободата на нашиот народ, обогатујат нашата историја. Но, таја славна борба е едновремено и дел от борбата на сите слободолубиви народи за окончателното уништуење на фашисткото зло и за утрешниот нов свет, во кој сите народи кје се радуват на полна национална слобода, политическа равноправност и социјална справедливост.
Манифестот, гледан во таја светлина, е акт от историческо значение, наред со манифестот на Крушовската република и Уставот на Натрешната Македонска револјуциона организација на Гоце, Даме, Гјорче Петров и Пере Тошев, којто требе да начертае принципите и задачите на Македонската Народно-освободителна борба, имајки пред вид миналото на нашиот народ, неговите идеали - национално обединение, на базата на братството на балканските народи - гледано во конкретната воеднополитическа обстановка.
Бидејќи акт от такво големо значение, манифестот предизвика коментари во сите краишта на Македонија. Секој што политически мисли си даде мнението по него. Па Акциониот комитет на народно-освободителната борба во Македонија и 8-те души от повиканите во Македонското Народно собрание, синтетизирајки ги различните забелешки на манифестот, сметава за своја должност да изнесат пред Штабот најоснованите забелешки, со цел да обрнат внимание на Штабот, којто е денеска единствено одговорен за правилното или неправилно поставуење и објаснуење на Народно-ослободителната борба и со цел да допринесат за целостното мобилизиране на Македонскиот народ во денешната гигантска борба со оглед на конкретната воено-политическа обстановка и идеалите на нашиот народ. Сведени на по важните, забелешките се следните:

I. ФОРМАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ:

1. Какво требе да претходи на издаването на еден манифест, т.е. што е претпоставка за издаването на еден манифест?
На еден манифест винаги требе да му претходи некој основен акт, безразлично да ли тој се викал: устав, платформа или правилник, во кој акт требе да се синтетизират во неколку точки основните принципи на народната борба. Тој акт би требало да е „Вјерују" на секи Македонец. Манифестот, пак, иде да обнародува и објасни по подробно, во популарна форма, принципите на основниот акт и по тоја начин да им даде широка гласност, за да ги направи извесни на сиот народ.
Во нашиот случај, Штабот се е обрнал до народа со еден манифест на кој не претходи никаков основен акт, којто да е предпоставка за излизането со манифесто пред народот. Заради това, и целиот манифест, макар да носи името манифест е еден обникновен позив во македонскиот народ и ако во него се засегнати основните принципи на македонската ослободителна борба.
2. Компетенцијата на Штабот
Во сврска со првиот вопрос се поставуе за компетентноста на Штабот да издаде манифест, во кој се определујат ВО ОКОНЧАТЕЛНА ФОРМА идеалите, принципите на Народноослободителната борба, како и по кој пат да се тргне за остваруењето на така поставените принципи, засегајќи при това и конкретни политички воспроси, по кој Народното собрание е единствено компетентно да си каже думата и по кој вопрос не може да се изјаснјава Штабот, преди да е свикано Собранието. А това заради следните причини:
Штабот е нс само и предимно воено тело на Народно ослободителната борба, но Штабот, составен од 11 души, не е смеел да определује, ВО ОКОНЧАТЕЛНА ФОРМА основните линии на борбата, а и дума да не става за определуење на конкретни политически ангажименти.
Но, кога е навлегол во компетенцијата на Народното собрание, то Штабот е требало опште во началото на Манифестот да каже, ОТИ МАНИФЕСТОТ ИМА ВРЕМЕНЕН КАРАКТЕР ДО СВИКВАНЕТО НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ, које е единствено компетентно во дефинитивна форма да определује, основните принципи на борбата ни, како и да приеме конкретни ангажименти во дадената конкретна политическа обстановка.
Не одејки по тој пат, Штабот ризикува да биде по некој воспроси корегиран от Народното собрание, пред вид на неговата компетенција. Това, пак, би имало недогледни последици по работата и би накрнило авторитетот на Штабот и целата ослободителна борба пред народот, а това е, разбира се, што не се сака от никого. Това би дало материјал на нашите противници да говорат оти целата борба е несериозна и без основно проучуење на најделикатните воспроси.
Во сврзка со това за напред би требало јасно и прецизирано да се разграничат должностите и правата на двете тела - Штабот и Народното собрание, за да се иде до такви положенија, а се во интерес на ефикасното и правилно раководење на народната борба во двата и дела: воениот и политическиот, како и најсетне, кој има последната дума при евентуални разногласија меѓу Штабот и Народното собрание.
3. Други, по малки формални забелешш
Манифестот, како што рекофме, обнародува основните принципи на една организирана борба. Вашиот манифест, без нужните елементи на еден манифест, не може да биде манифест. Точно речено, тој е позив до македонскиот народ, како и многу други до сега издадени позиви. Заради това, и оти во Манифестот на 9 страници вие расправуете сума работи, на којто не им е месгото во еден манифест, а основните принципи на македонската народно ослободителна борба или не се засегнати или се губат во лавиринтот на малко важни вопроси. (Пример: само со две-три думи се говори за миналото на македонската народно ослободителна борба, без да се прикажат најсветлите моменти на таја борба и се поврзат како револуционо наследство со днешната народно ослободителна борба, која да се види оти е само продолжение на таја борба, само под нова политичка обстановка. А се оделује многу место во Манифестот за разни политички мртовци, како Китинчев, Гјузелов, Чкатров и други, на кој им чиниме реклама и чес кога ги напајгјаме, а особено, пак, кога се говори за Дража Михајловиќ, кој во Србија ништо и никого не претстављава а за Македонија и да не говориме (Ете тија работи, на кој не им е местото во манифестот, а тие не се малку, Манифестот го прават позив а не манифест.)
Најсетне, завршувајки со формалните забелешки, требе да се напомне, забележеното от многу свет, оти Командантот не е требало да се прекрстуе от Мијалче или Мише во Михајло, на глед дребна работа, но сепак, работа која многу дразни чувството на Македонецот а дава храна на непријателите да не крстат така или онака. Нешто слично е со думата „Јелисије" и думата „положај".

ЗАБЕЛЕШКИ ПО ВОПРОСИ КОЈ ДОКОСНУЈАТ ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА

Во статијата на Тито „Национално питање у Југославији у светлости народно-ослободилачке борбе", се поставујат основните принципи на народно-ослободителната борба на народите во Југославија. Изјаснавањето на Тито по основните принципи на таја борба, ние го зедохме како мото на нашето писмо-изложение. И не случајно. Во статијата му, а по специјално во делот от статијата што го цитираме, се кажуват следното: „Народно-ослободителната борба кје биде празна фраза, па дури и лага, ако она не би имала освен обшто југословенски смисал и национален смисал за секи народ поотделно, т.е. кога таја борба не би значила освен ослободуењето на Југославија во исто време и ослободуењето на Хрватите, Словенците, Србите, Македонците, Арнаутите, Муслиманите и т.н., кога народно ослободителната борба не би донела слобода, равноправност и братство на сите народи во Југославија. Во това е саштината на народно-ослободителната борба." От така преведените думи на Тито излева следното:
1) Народно-ослободитвлната борба треба да доведе до ослободуењето на Југославија
2) Таја народно ослободителна борба требе да донесе национална равноправност на сите народи во Југославија и
3) Таја слобода може да е спечели секој народ само со пушка во рака.
Прокламираните горни три принципа, приложени на македонската дејствителност, значат: слобода и равноправност на една трета част от Македонија, која беше преди 1941 година во границите на бивша Југославија, или приложен до крај принципа оти таја борба требе неминуемо да значи и национална слобода и на отделните народи, за нашија народ она нема да донесе слобода и равноправност, ОТИ ЧАСТИЧНО ОСЛОБОДЕН НАРОД НЕ Е СЛОБОДЕН. Но, понеже Тито изправно е поставил теоретски необходимите условија за ослободуењето на еден народ неприложимоста на така поставените принципи на македонската дејствителност, значи, да во тесните рамки на Југославија неможе целостно да се разреши македонскиот национален вопрос. И во миналото, како от нашите дејци во ослободителното движение, така и от тугјите борци и движенија винаги се е сметало оти решението на македонскиот вопрос е возможно само во една федерација на Балканските народи, заради това, оти нашиот вопрос е општобалкански. Географското положение на Македонија, тугјите пропагандни влијанија и империјалистички тежненија за завладјаването на Вардарската долина и Солун (т.е. Македонија) создале ривалство мегју балканските народи околу Македонија и направиле од Македонија обект на империјалистичните апетити на балканските и изванбалканските завоеватели, Така создаденото положение, доведе до поделбата на Македонија за да се задоволат по тој начин тежненијата на трите опколјавашти Македонија империјалисти. Поради това специјално положение, проблемот на Македонија, се појавује во по особена светлина отколку националните проблеми на другите поробени народи во бивша Југославија. Повтараме: ПРОБЛЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВОТО РАЗРЕШЕНИЕ НАДХВРЛУЕ РАМКИТЕ НА БИВША ЈУГОСЛАВИЈА..
... Кога констатираме, от една страна, оти Тито е правилно поставил принципите на Народно-ослободителната борба на народите во бивша Југославија, а от друга страна, оти баш заради така поставените принципи македонскиот вопрос надхфрлуе рамките на Југославија и не може целостно да се разрежи во таја „југословенска комбинација", питаме се: што е накарало југословенското народно ослободително движение а по отделно самиот Тито, да викне и македонскиот вопрос за разрешаване во комплексот на националните впроси на другите народи на Југославија? Затова може да се најдат три причини и објасненија:
1) Неосведоменост на југословенското народно освободително движение. по специјално на Тито, за националните тежненија на македонскиот народ, за неговата минала револуциона борба, за днешните му идеали во таја народно ослободителна борба и вечнија му копнеж, да се еден пат за секога со сите сили заработи за соединението на Македонија - единствено возможното решение на Македонскиот вопрос, гледан от Македонска гледна точка и от обшто балканска призма. Не решение на македонскиот вопрос на парче, во една чужда на него, искуствена конбинација - Југославија, со која не го сврзуе никакво политичко наследство а е символ на неговото најцрно робство, а целостно решење во една широка комбинација.
2) Втората причина за такво гледање на македонскиот вопрос може да биде: желанието на најпрогресивното за денеска народно-ослободително движение - југословенското - да собере околу себе шо повејке от поробените народи на Балканот, баре тија што живејева во бивша Југославија, за да може по ефикасно да се концентрира и засили, под едно обшто раководство, главната борба денеска на сите поробени народи - уништожуењето на фашизма - главната пречка за слободата на народите.
И верно. Може да ни се префрли думата, оти сме заборавили тоја основен постулат на днешната борба, оти излегујеме от тесно схванати национални интереси и оти превидуеме главното за по дробното и т.н.
Но, драги другари, тија забелешки не би отговарале на истината. Ние не забраваме и не превидуеме, повељата на днешното време - БЕЗПОШТАДНА БОРБА ДО ПОКОПУЕЊЕТО НА ФАШИЗМА, а само излезуејки от неја, сакаме да најдеме правилно разрешение на нашиот, може би најтежок национален вопрос, за да можат да се остварат предпоставките за полното мобилизиране на сите материјални, човешки и духовни сили за таја превасходна борба. САКАМЕ САГЛАСУВАНЕ НА ВРХОВНАТА ПОВЕЉА НА ДЕНОТ СО НАШАТА НАРОДНА ПОВЕЉА, ОТИ БЕЗ ПРАВИЛНОТО ПОСТАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ВОПРОС ВО НЕГОВАТА ИСТИНСКА СВЕТЛИНА, ПРЕД САМИОТ НАРОД, ВО СОГЛАСИЕ СО ТЕЖНЕНИЈАТА НА ТОЈА НАРОД, НЕМА ЕДИНЕНИЕ НА НАРОДА, НЕМА ИСТИНСКА НАРОДНА ОСВОБОДИТЕЛНА БОРБА, НЕМА ИСТИНСКА АНТИФАШИСТКА БОРБА.
Вие тоа добро го знаете. И како шо рекофме порано, допустимо е и опростимо, ако југословенското народно освободително движение и Тито не познават днешната Македонска дејствителност, ако мислат, оти македонскиот народ кје се прегрне во днешната борба со сите сили, макар пред очите му да гледа утрешната картина на решен македонски вопрос на парче, но това не е допустимо и опростимо, ако нашиот Главен штаб не е излегол пред тија поменати форуми со истинското положение на тоја вопрос, со правите тежненија на македонскиот народ Това ви е била должност не само пред народа како негови синове на страж на борбата му а и како антифашистки борци, со оглед на денешната борба на сите слободољубиви народи.
Требело е, значи, да се објасни вопросот, да се објасни до крај. Но не само да се објасни а и да се потражи разрешение. А штом това објаснение би дало материјал да се види, оти македонскиот вопрос е комплексен, и разрешението му не може да биде на парче, нема човек, нем; форум, кој немало да увиди, оти тој вопрос требе да се постави инаку и оти требе да се најде истинското му разрешение во таква комбинација со таква политичка формула, која кје задоволи вековните идеали на македонскиот народ а едновремено кје допринесе максимум за мобилитирането му како и полното му участие во таја обштонародна борба против најголемото зло на човечеството.
Ако неосведоменоста на околните ни народи и движенија е причина за такво поставуење на македонскиот вопрос, таја причина може требе да се премахне.
Ако, пак, се мисли, оти само сврзани во една комбинација како Југославија, групирани околу југословенското народно освободително движение, ние највекје можеме да допринесене на днешната борба и да разрешиме нашиот македонски вопрос, тогај ние векје предварително одговорихме по горе: Македонскиот вопрос надхврлуе, при правилното му разрешение, рамките на Југославија и може истински да се разреши во една балканска комбинација. Поставиме ли го така, никако не би пречело на ЗАЕДНИЧКАТА НИ БОРБА ДЕНЕСКА СО СИТЕ ДРУГИ СЛОБОДОЉУБИВИ НАРОДИ, НИШТО НЕ БИ ПРЕЧЕЛО ДА ИМАМЕ ПО СИТЕ ВОПРОСИ СО ЈУГОСЛОВЕНСКОТО НАРОДНО ОСВОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕНИЕ САТРУДНИЧЕСТВО, А ОСОБЕНО ПО ВОЕНИТЕ ВОПРОСИ, НИШТО НЕ БИ НИ ПРЕЧЕЛО ДА ИМАМЕ СОГЛАСУВАНО КОМАНДУВАМЕ, КАКО И ДА САТРУД-НИЧИМЕ И СО СИТЕ ДРУГИ СЛОБОДОЉУБИВИ НАРОДИ И ДВИЖЕНИЈА, на прво место со нашите комшији, чиито правителства бева вчера или се денеска наши поробители. На сите народи денеска се налага заедничка борба и сагласуване, па и на нашиот народ, оти нашиот вопрос засега осетливоста на сите народи. Ништо нема да ни пречи ако сатрудничиме не само со југословенското народно освободително движение а и со балгарскиот „Отечествен фронт", врзките со кој ни се никакви, со грцкото народно-ослободително движение, и на сите да им поставиме нашиот вопрос на изјаснение, како пред самите ним, така и от нифна страна пред народите им. По тија случај не требе да се заборави борбата на движението „Обединена В.М.Р.О." во блгарскиот дел на Македонија која оште преди 1941 година јасно и недвусмислено изтакна принципа борба за прогресивна и обединена Македонија. Да си припомним и за писмото на Македонскиот народен представител от тоја дел на Македонија, Божин Проданов, изпратено до Др. Влатко Мачек, во кое се застпваше за целостна Македонија.
Ако не тражиме, никој нема да ни даде, АКО НЕ СЕ БОРИМЕ ОТ НИКОГО НЕМА ДА СЕ ОСЛОБОДИМЕ, ИЛИ НАЈСЕТНЕ, АКО НЕ СИ ПОСТАВИМЕ НИЕ ВОПРОСОТ ЗА ПОЛНО, ЦЕЛОСТНО РАЗРЕШЕНИЕ НИКОЈ НЕМА ДА ГО ПОСТАВИ НИ ДА ГО РАЗРЕШИ. АКО НАШАТА ПУШКА ДЕНЕСКА НЕ ГРМИ ЗА СОЕДИНЕНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА, НИКОЈ ТОВА СОЕДИНЕНИЕ НЕМА ДА НИ ГО ПОДАРИ. АКО НИЕ СЕ ЗАДОВОЉАВАМЕ СО РАЗРЕШЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКИЈА ПРОБЛЕМ НА ПАРЧЕ, ЕДЕН ПАТ ЗА СЕКОГА ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА Е САНКЦИОНИРАНА. А това нешто кје има недогледни последици за нашиот народ и по целата обшто-балканска ситуација.
Излагајки до тука нашата саштествена забелешка, ние, слушаме далечното ви негодувание. Вие сте срдити. На глас ни довикувате: Па не сме ли ние тија што во Манифестот написахме думите: „Никога до сега, македонски народе, не си имал толку убави положение и толку многу сојузници, за да ти се исполни твојот вековен идеал - соединението на Македонија." ...„Не сме ли ние тија, што во името на тоја идеал поканихме целиот наш народ на борба, да грабне пушка и да си спечели слободата..."
Но, драги другари, не превидохме това нешто. Напротив, во нашето писмо - изложение до вас, тија други ви ги ставихме како второ мото, подчертахме ги дебело и ве поздрављаваме за ниф. За ни ве подздрављава и секи честен Македонец. Тија думи згреват срцата и ги прибират борците.
Но, да ли тие думи се остварими, при вашите предварително направени ангажименти за разрешението на македонскиот вопрос во рамките на бивша Југославија. Да ли соединението на Македонија може да дојде, ако бдна трета част от неја разгрне својте сили? Да ли не требеше штом поставихте принципа за соединението на Македонија да теглите и консеквенциите му? Говори се за соединение а се бори за слободата на една част от Македонија. Зашто тоја принцип, хврлен срамежливо мегју редовете на густи исписаните 9 страници, не ви вдахнови да дадете полно изложение на тоја лозунг - вековна мечта на нашиот народ, -зашто след като написахте рамно три реда по тоја вопрос, не се обрнахте ДО НАШИТЕ БРАТЈА ПОД ГРЦИЈА И БЛГАРИЈА ДА ГИ ПОДКАНИТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКА БОРБА ВО ИМЕТО НА ТОЈА ИДЕАЛ? ЗАШТО НЕ КАЗАХТЕ ВО МАНИФЕСТОТ, КАКВИ СЕ ВРЗКИТЕ СО ТИЈА НАШИ БРАТЈА? И КАКВО СЕ Е НАПРАВИЛО ДА СЕ ОСТВАРИ ТОЈА СОЈУЗ - БОРБЕНИЈА СОЈУЗ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗАШТО НЕ КАЗАХТЕ, ЗАШТО НЕМА НИКОЈ ОТ ТИЈА КРАИШТА НЕ САМО ВО ШТАБОТ, НО, И ВО ЦЕЛАТА НАША НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА ВОЈСКА? НЕ БЕЈА ЛИ НАЈНЕУСТРАШИМИТЕ И НАЈПРОГРЕСИВНИТЕ БОРЦИ И РАКОВОДИТЕЛИ НЕКОГА ВО НАШАТА НАРОДНА ВОЈСКА: ЈАНЕ САНДАНСКИ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ТАСКАТА, ПОСТОЛ ВОЈВОДА, и плејада други от Серско, Кукушко, Воденско, Ениџе Вардарско, Разлошко и т.н.? И НАЈСЕТНЕ, ЗАШТО НЕ ОДГОВОРИХТЕ НА НАРОДА ОТИ СУДБАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ПРЕДВАРИТЕЛНО ДА СЕ НАЧЕРТАЕ ВО РАМКИТЕ НА БИВША ЈУГОСЛАВИЈА, - БЕЗ ДА СЕ ПРАШАТ ОСТАНАЛИТЕ ДВЕ ТРЕТИ НА НАШИОТ НАРОД ДА ЛИ СЕ ЗА ТОВА НЕШТО ИЛИ НЕ? Кје помогне ли таквото поставуење на македонскиот вопрос за полната мобилизација на нашија народ - мобилизација така нужна за обштата борба.
И, ете, драги другари, да видите, оти не сме забравиле да сте поставили принципа а да нема дела.
Нема зашто да се срдите. Такво е чувството на секи Македонец после препрочитанието на манифеста. Не ли е оправдано, да ве попитат, кога ги подканихте, разбира се, совсем правилно, Арнаутите, Власите, Турците и др. на борба со нашиот народ, зашто не ги подканихте нашите братја от другите краишта от Македонија на заедничка борба и е ли това молчание во согласие со принципа за соединението на Македонија? Ете, зашто, драги другари, погрешно поставениот вопрос доведуе до погрешни изводи. Ако, вие предварително определихте судбата на Македонија во рамките на Југославија, вие доследни на така поставениот вопрос, истина хврлихте лозунг за соединението на Македонија, но, кога требеше да влечете сите практични консеквенци от така поставенија лозунг, не направихте това а останахте доследни на приетите ангажименти -рамките на Југославија.
Ете, зашто, сега е јасно, оти ние бехме формалисти и поставувахме како формални вопроси, на вид не важни, за компетенцијата на штабот да се изјасњава по политичките вопроси и приема ангажименти, каква е компетенцијата на Народното собрание на Македонија и т.н.
3) Се чуја и извесни објасненија, оти една от причините за такво поставување на македонскиот вопрос била невазможноста на србското, грцко и болгарско движенија да излезат пред својте народи, пред вид на различните теченија во тија движенија, со објаснението оти македонскиот народ е нешто оделно от тија народи и има право на самостално национално соштестувание. Со оглед на неправилното осведомјаване на србските, грцки и болгарски маси во миналото от страна на реакционерните режими по македонскиот вопрос, тија маси, не биле оште подготвени да примат отцепуењето на тија делове во оделна целина, надвор от нимните граници. А излезуењето, пак, со отворен став по македонскиот вопрос денеска пред тија маси можело да попречи на полното единство на тија народи и да ослаби општиот фронт на народите во борбата им против фашизмот.
Ние, не можеме да оправдаваме еден таков опортунистичен став на народно ослободителните движенија на комшијските народи, ако таков соштествува, нити објаснението оти за здравината на внатрешниот фронт на тија народи се налагало премолчуењето на истинските тежненија на македонскиот народ и неговите историски права.
Питаме се, ако раководствата на народноослободителните диженија на комшијските народи се најистина зели такво становиште, какво се е направило во заштита на истината и правата на македонскиот народ. Да ли не требаше нашиот штаб во интерес на здравината на внатрешниот ни фронт и полното мобилиране на нашиот народ, да излезе открито пред својот народ и раководствата на комшијските народноослободителни движенија во заштита на една праведна кауза. Нешто повекје, да сака от тија раководства правилно да осведомат својите народи за да имаме гаранцијата оти нашиот вопрос правилно се разбира от сите слободољубиви народи за да се потикне и нашиот народ за оште по силна борба против обштиот враг. По тој начин, македонскиот народ кје добиеше сатисфакција за порано толку оспораваните му права от сите ненародни поробителски режими.

ЗАШТО НАРОДНО ОСВОБОДИТЕЛНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ НАПРЕДУВА

Обшто е познато, оти денешната форма за обштата народна борба е народно-ослободителната која има за цел да прибере сите антифашиски сили на секој народ, за заедничка борба против обштиот враг - фашизмот. Така широко поставена таја работа дава возможност да се разгрнат невидени досега сили, да се фрли во бој се што е чесно и народно, собрано под обштиот бајрак за утрешен по добар и справедлив свет, - во кој секи народ, па и македонскиот, кје заживее нов и слободен живот, братски прегнат со сите останали народи.
Така начертана таја борба, врзана со борбата за национално ослободуење и соединение на македонскиот народ, нема ли да воодушеви сиот чесен македонски народ за да стане готов на сите жертви и се нареди до еден под знамето на главниот штаб.
Но, за жалост, лозунгите на таја борба се подигнати ошче преди повекје от една година, а ние сме свидетели не на една разграната до крајните и возможности народна борба а само на една слаба борба, која се навогја ошче во началото на организирано работење. На шо се должи тоа?
1) Најнапред на недостатак на еден јасен програм на народно освободителното движение во согласие со вековните исторически тежненија на нашиот народ. По тој вопрос доста се пишеше по горе и нема нужда да се повтараме.
2) Недостаток на иницијатива от страна на лицата на кој е поверено да раководат и организират јадките на таја борба - ослободителните комитети.
3) Крутост и недостатачна демократичност во спроведуењето на народно-ослободителната програма от страна на лицата на кој им е наложено да раководат со организирането на народноослободителните комитети.
4) Спутавање дејноста на комитети со уското поставуење на принципите на народно-ослободителната борба. Недавање слобода на дејствие на комитетите за да се приберат околу нифната борба по возможност најголем број чесни и борбени Македонци. Спутавањето на комитетите се должи највечко на недоверието спрема членовето на комитета, от страна на иницијаторите. По тој начин акциониот комитет, след неколку измененија во компетенцијата му, стана безживотно тело и без необходимиот импулс продолжи соштествуванието си, макар во началото да се очекуваше многу от неговата работа.
А, пак, да не бева тија грешки, положението би било следното:
Разочарението во оноја дел на македонскиот народ кој очекуваше ,слобода от болгарската власт, нејните страхотни грешки, и особено пораженијата на Германците на источниот фронт и се по блескавите, успехи на Червената армија, како и успехите на сите поробени народи от фашизмот, создадоха сите неопходими условија за една широко поставена масова народно-ослободителна борба. Горе показаните грешки е минираја таја возможност да го имаме денеска окупен околу Штабот сиот македонски народ.
Нешто повекје. Оставените маси надвор от нашето движение а недоволни има опасност да станат плачка на Михајловистите кој во својата противнародна предателска политика, знаејќи расположението на народот се служат со пароли блиски до народните тежненија, како на пр. „Слободна и независна Македонија" и „Целокупна Македонија" и т.н. Наивници, кој не познават позадината на тија привлечни формули, благодарение на пропустот от наша страна да врземе масите за народно-ослободителната програма, да бидат измамени от тија фашистички слуги, без да узнаат оти се бијат против својата народно-ослободителна војска, единствената гаранција за слободата на нашиот народ.
Така, тија предатели, ползувајки се со споменатите примамни пароли, опитуват се во Македонија, особено мегју Штип и Царево Село(денес Делчево), да организират банди, со цел да ги фрлат во братоубијствена борба против нашата народно-ослободителна војска и партизанските одреди. Навремено разкринкаване на тија предатели е една от првите задачи на народно-ослободителната борба во тилот.
От тука показаните грешки во нашата борба треба да се извлечат и нужните поуки, кој мегју другото налагат брзо и додека е време, да се направе следното: Установлјавање на еднајасна, близка до народните тежненија народно-ослободителна програма, ревизирање на целокупната досегашна дејност на тоја сектор, избиране на погодни лица за таја борба, отфрлање на штетната крутост и недемократичносту спроведуењето на така установената програма и давање слобода на дејствие на комитетите, кој от своја страна да развијат широко поставена и добро обмислена народно-ослободителна борба.
Драги другари, ние напишахме горните редове, раководени от единственото желание македонската борба да најде својот истински пат, сметајки оти тоа е наш долг и оти сите носиме историска отговорност за судбината на нашиот народ и за учестието ни во обштата антифашистичка борба. Нашата савест го налагаше това.
Ние ве молиме, најосновно да ги претресете оште еден пат тука поставените проблеми и најскоро да ни отговорите, оти от нијното правилно поставуење и разрешавање зависи единството мегју нашиот народ и храбрата му ослободителна војска - единството мегју фронтот и тилот. Стане ли тоа, сите условија кје ги имаме за полното мобилизиране на сите сили на македонскиот народ, нашата ослободителна војска кје нарасне во силна армија, кје даде своја прилог во борбата на сите слободољубиви народи за дотепуењето на омразниот фашизам, со чието уништуење кје блесне слободата над сите поробени народи, па и над македонскиот.
Сакаме, со секој изминат ден, нашата народно-ослободителна војска и партизанските отреди - заштитникот и надеждата на македонскиот народ - да раснат и крепнат и печалат се нови и нови победи.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ И СЛОБОДА НА НАРОДОТ
(Примнато на 9. XII 1943 г.)
Срдечни другарски поздрави


Quote:Спомен на Киро Глигоров за составувањето на приговорот на АНОК

СПОМЕНИ НА КИРО ГЛИГОРОВ ЗА СОСТАВУВАЊЕТО НА ПРИГОВОРОТ НА АНОК КОН МАНИФЕСТОТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА МАКЕДОНИЈА

„...Во АНОК беа водени неколку расправии околу Манифестот на Главниот Штаб. Се разбира, во тие дискусии сите не учествуваа еднакво, имаше луѓе кои се согласуваа со него. некои имаа одредени забелешки, некои можеби сакаа да кажат повеќе. но молчеа. Во групата која, всушност, водеше и главен збор, покрај мене беше и Благој Хаџи Панзов од Велес.

Благој Хаџи Панзов беше адвокат, бевме заедно во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, учествуваше на заседанието во Прохор Пчински и беше избран за член на АСНОМ... За жал, подоцна и него го пратија во Белград, па оттаму го назначија за советник на југословенската амбасадаво Софија. По сè изгледа дека таму, за време на Рсзолуцијата на ИБ (1948) потпаднал под некои влијанија и притисоци од страна на брат му... што се случувало со неговиот случај, јас не знам - не се располага со материјалите од сослушувањата итн. Таков е случајот со сите информбировци. Имам слушнато дека Хаџи Панзов потпишал некој документ во кој го клевети Михајло Апостолски како Србин, и такви работи, а што се однесува до приговорот на Манифестот на Главниот Штаб - признал дека тој учествувал во тоа, но дека немал главна улога.

Всушност, вистината е дека приговорот го пишувавме тој и јас, и тоа седејќи во просториите на „Вардар-Банка“, каде што јас имав адвокатска канцеларија. Го работевме на мир, и тоа цели два дена. Кога бевме готови го изнесовме пред АНОК, приговорот беше прифатен и се договоривме да му се предаде на Кузман Јосифовски- Питу, како на делегат на Главниот Штаб и до ЦК во Скопје...

Значи постоеја два оригинала: едниот во целост е зачуван и подоцна објавен.... го објави Лазар Мојсов, а подоцна во целост е отпечатен во една книга на Лазо Колишевски како и во посебна брошура...на Михајло Апостолски, додека другиот примерок би морал да е некаде во Велес, закопан од Благој, или така нешто...“

Киро Глигоров, Македонија е се што имаме, Издавачки центар ТРИ, Скопје 2001
02-02-2022, 04:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Оваа е првата реакција на писмото од АНОК
[Image: image.jpg]  [Image: 1.jpg]
02-02-2022, 08:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: 2.jpg]  [Image: 3.jpg]
02-02-2022, 08:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 4.jpg]  [Image: 5.jpg]


[Image: 6.jpg]

Го прикачив целото писмо!
02-02-2022, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Одговор на Главниот штаб на НОВ и ПОМ на приговор од АНОК

14 март 1944 год.

Драги другари,
Вашето изложение од декември месец миналата година го добивме. Поради големи покрети и борби кој ги водевме против германо-б`лгаро-албанските хорди, кој се опитаја да ја разбијат нашата војска, ние не можевме по-рано да ви одговориме. Па и сега, ние не ќе можеме по обширно да ви одговориме, ама се надеваме се оти ќе дојдете при нас, каде ќе можеме сите проблеми да ги разјасниме, кој са поставени во Манифестот. Сега ние сакаме да се обрнеме само на најважните ваши примедби.
1. Вие викате оти нашиот Манифест не го носи обележјето на еден Манифест, туку да е тоа еден обикновен позив до македонскиот народ, макар да са додирнати основните принципи на народноослободителната борба во Македонија. Ние сметаме да тоа не е важно, схваните го вие Манифестот, ако сакате како обниковен позив и како таков го третирајте, ние против тоа немаме ништо.
2. Во вашето изложение вие викате да штабот е превземал компетенцијата на Народното собрание, и да не смејал да е определуе оште сега линијата на борбата во окончална форма. Ние пак сметаме да штабот е требало од името на целата наша војска и на целиот наш народ, да каже на својот народ која е целта и каков е карактерот на нашата борба, за тоа што во времето на издавањето на Манифестот друго политичко раководно тело не постоеше во Македонија, а времето налагаше да се издаде Манифестот или нешто подобно.
Нашата војска е лејала крв во токот на три годишни тешки и нерамни борби за интересите на својот народ. И она е најмеродавна да го каже патот на својот народ по кој он треба да појди за да се здобие со полна национална слобода. Никој друг нема право да збори денеска од името на нашата војска освен штабот, кој не представуе само единаесет души, туку целата наша војска. А нашата војска го представуе целиот наш народ. Во тоа сме се уверили минејќи низ македонските села и градови, каде нашиот народ не дочекуваше и не дочекуе како своја војска.
Другарите треба да знајат и тоа да нашата војска не е војска на Краљ Петар или цар Борис, па да не се занимава со политика, него напротив нашата војска е нова војска, политички наполно свесна и дорасла да води и политика а не само борба и само за тоа така политички наполно свесна може да ги издржи тежините на партизанскиот начин на борбите.
Ние ќе се бориме за постигнуење на целта на нашата борба, која е поставена во нашиот Манифест. Ќе се бориме да го собереме целиот македонски народ во таја борба. Секој поштен Македонец, кој дојде при нас ќе го примиме како брат, но секој кој појде против нашиот покрет ќе го сметаме за непријател на нашиот народ. Ние сметаме дека во таја борба ќе успееме и дека македонскиот народ, ќе биде вистина слободен во една Нова Титова Југославија.
3. Што се однесуе до прашањето за соединението на македонскиот народ, кое вие го подготвувате во вашето изложение, ние сметаме да ќе можеме да го постигнеме и реализираме тој вековен идеал на нашиот народ по скоро во една Титова Југославија, од колкото во некоја друга политичка комбинација. Соединението на македонскиот народ и нам ни лежи на срце како и вам и ќе се бориме за негово соединение до крај. Зар Димитри Влахов родом од Кукуш, другар на Гоцета Делчев во борбите за слободата на македонскиот народ, подпретседател на Антифашистичкото собрание на народното ослободуење на Југославија, нема да се бори за соединението на македонскиот народ?
Но треба да се знае драги другари, во време на издавањето на Манифестот меѓународното политичко положение не ни позвољаваше македонскиот проблем да го изнесеме на друг начин, освен како што е изнесен во манифестот. Титова Југославија денеска е стварност, призната меѓународна сила, со чија помошт ние можеме да постигнеме соединение на нашиот народ. Примерот на Словенија, која го постигна своето соединение уште во текот на оваја народно-ослободителна борба потврдуе да едино низ воена и политичка борба може да се изврши соединението на еден народ, које ќе можи да се примени и на македонскиот народ.
4. Што се однесуе до другите ваши примедби и мненија по прашањето на нашата недемократичност, крутост, недостаток на иницијатива, спутавање на дејноста на комитетот и т.н ние ви одговараме да во нашиот народно-ослободителен покрет слободата на мнението е загарантована и нема, нито пак може да постоји по демократски покрет од нашиот. Само ние нема да позволиме печалбите на нашата борба да се обрнат против интересите на нашиот народ.
5. Ние сметаме да е време да секој чесен Македонец дојде во редовите на нашата војска и учествуе во оваја борба во која се решава садбината на нашиот народ. Секое оклевање е злочин, а секое роварење против нашата војска е издателство према нашиот народ. Ние се надеваме да вие штом ќе го примите ова писмо, ќе дојдите во нашиот штаб да заедно е наставиме борбата во која се решава садбината на нашиот народ.
Тука треба да имате и тоа пред вид, дека утре секој Македонец ќе биде прашан каде беше во време на борбата и што е направил за слободата на нашиот народ, или е пак свесно или несвесно служил на окупаторот.
Борбата на нашиот народ е дојдена до таков степен, да нужно треба незабавно да пристапеме на сазивање и формирање на Антифашистичко собрание на Македонија, на кое нашиот народ дефинитивно ќе изгради своја народна власт.
Од тија разлози нужно е да што поскоро излезите на терен, кај нашата војска, каде ке са састанат делегати на македонскиот народ и каде ке можите и вие својите политички погледи да ги изнесите, бидејќи на овоа собрание ке се донесат историски одлуки, со кој ке се определи садбината на нашиот народ.
Одново ви напоменуваме да е секое одлагане злочин пред целиот народ.
Смрт на фашизмот-слобода на народот

14 март 1944 г.
Председник на Иницијативниот одбор за Свикуење на А.С. на Н.О. на Македонија М(етодија) П. Ченто
Командант на Главниот штаб Генерал М(ихаило) Апостолски
02-02-2022, 09:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Ликвидирањето на Кузман, вториот Делчев

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол, каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан



Ако за убиството на Кочо Рацин и во времето на комунизмот можеше, овде-онде, да се чуе понекој збор, мистеријата околу смртта на Кузман Јосифовски-Питу е надвор од видокругот на Македонците дури и во времето на независна Македонија. Во свеста на народот тој е само еден од партизаните, кој бил убиен од бугарскиот окупатор и тука приближно завршува приказната. Своевремено, децата од основното училиште во близина на некогашната фабрика „Алумина“ беа носени на местото каде што тој загинал и каде што е поставен споменик (сиромаштијата во независна Македонија ја однесе бистата на топење, а остана само основата од споменикот со натписот) за да им биде одржан говор што никогаш не го слушаа, уште помалку го помнеа, но сега и тој обичај изумре.

Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол каде што се наоѓал тој. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подолу до денешна „Алумина“, каде што бил застрелан.

За разлика од денес, кога да се има куќа во Трнодол е привилегија, во 1944 година тоа било изолирано место, надвор од градот до кое се стигнувало минувајќи низ безброј ораници. Во близината, токму на неколку метри од местото каде што е убиен Кузман, минувала железничката пруга за Тетово, и така беше сé доцните седумдесетти години од минатиот век. Во тој дел поголеми биле шансите да налетате на некое диво животно, отколку на бугарска војска. Оттука, во официјалната приказна за неговото убиство очајно недостига податокот за тоа кој им соопштил на бугарските власти каде се наоѓа Кузман и како војниците успеале да се приближат одејќи по пустелијата низ која мора да се мине за да се стигне до Трнодол, без да бидат откриени.


ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА


Како и да било, внимателна анализа на податоците за смртта на Кузман, кој бил нарекуван и втор Гоце Делчев, покажува дека тој најверојатно бил предаден. Прашањето е од кого. Тоа што едноставно не може да се тргне од пред очите е барањето на Светозар Вукмановиќ-Темпо, Кузман Јосифовски-Питу да биде отстранет.

Причини за тоа имало многу, но главната била поврзана со неговиот став дека Македонија „не може да биде слободна, ако не биде обединета“ и отворено настојувал да се формираат македонски партизански единици во Егејска и Пиринска Македонија, и тие да се поврзат со единиците од Вардарска Македонија. Тоа значело нивна заедничка борба за ослободување на обединета Македонија. А токму во своето писмо до ЦК на КПМ од август 1943 година, Темпо вели: „Ние не удривме доволно енергично по тие автономистички тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија и кои се изразуваат во инсистирање нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од составот на КПЈ и да ја изолираат борбата на македонскиот народ од борбата која што ја водат другите народи на Југославија...“

Со оваа реченица, без поголем проблем можело да му биде „спакувано“ досие на кој било македонски комунист и партизан што би ги спомнал Егејска и Пиринска Македонија. А Кузман не само што ги спомнувал туку и барал обединување на борбата на Македонците од сите три дела на Македонија. „Каузата на македонскиот народ од пред 50 години е во опасност. Сврзувањето со Југославија, конкретно значи и откажување од соединувањето на Македонија“, тврдел Кузман.

Ако тоа било така, ако и Темпо во своето барање бил јасен, тогаш не останувало ништо друго освен Кузман да го убијат Бугарите. Кој ги одвел нив до Гоце Делчев од Втората светска војна, е прашање околу кое и не мора да има толку многу дилеми, сеедно што има и такви што сметаат дека дури и куршумот не бил бугарски.

При сето тоа, останува фактот дека повеќе од 45 години Македонците беа манипулирани со еден настан чиј медал очигледно има и друга страна. Интересно е само што и денес, шест и пол децении подоцна, во Македонија човек многу ризикува ако ја спомне Егејска Македонија. Додуша, животот веројатно ќе си го зачува, но столбот на срамот не му гине.


Автор: Дарко Јаневски


Quote:димитар гелев
Убиството на Димитар Филипов Рафаилов


На 23 и 24 февруари 1994 година, во Прилеп бил одржан некаков научен собир посветен на животот и на делото на Кузман Јосифовски-Питу. На собирот говореле педесетина учесници. Кажале се и сешто за животот и за делото на комунистичкиот лидер Кузман Јосифовски.

Во врска со неговото убиство, нивниот заклучок бил дека кај убиениот Кузман е пронајдена лажна лична карта на име Димитар Филипов-Рафаилов и дека за разлика од вистинскиот Кузман убиениот бил "со среден раст, полуќелав и изразито слаб човек". Секој нормален човек, кога ќе види мртов човек што воопшто не личи на Кузман Јосифовски-Питу и кога кај него ќе најде лична карта на друго име, логично ќе заклучи дека личната карта му припаѓа на починатиот. Но тоа не било случај со учесниците на овој еминентен собир, кои и покрај се заклучиле дека убиениот бил Кузман Јосифовски-Питу, иако тој не личел на него и имал лична карта на друго име и презиме. За расправата во врска податокот како било можно едно мртво тело во исто време да е на различни гробишта во Скопје (во Бутел и во Кисела Вода) човек останува без зборови. Смешно, но дури и во 1994 година, толкав број еминентни учесници не ја кажале вистината за она што навистина се случило. А тоа што било кажано е реален одраз на состојбата со македонската историографија.

Димитар Филипов-Рафаилов е родум од Дебар и во Втората светска војна со Иван Михајлов бил еден од водачите на ВМРО. Неговата познаничка била Анка Белгарјанова, сопруга на Бојан Белгарјанов, шеф на бугарските комунисти. Тие биле поврзани со Ѓорѓи Димитров (родум од селото Света Петка во Пиринска Македонија).

На нивно инсистирање, во почетокот на 1944 година Иван Михајлов се согласил да стапи во контакт со одредени кругови во Македонија, пред се, поврзани со Димитар Чкатров од Битола, за да се договорат за понатамошните активности во врска со Македонија. Михајлов изворно требал да стапи во контакт со Чкатров, а не со Кузман. Михајлов сакал да им укаже на "одредени кругови" во Македонија дека со своето однесување го загрозуваат нејзиното обединување, која и во тоа време, како и денес била поделена на четири дела и дека нивните активности му се многу добро познати. Тоа особено почнало да станува јасно по вестите за интензивните контакти на одредени кругови во Македонија со комесарот на српскиот косовски одред Милија Ковачевиќ-Максим.

Бидејќи господинот Чкатров му бил вујко на Кузман, најнапред биле искористени т.н. "партизански канали", односно најнапред стапиле во контакт со господинот Кузман Јосифовски-Питу. Средбата ја договорила познаничката на Димитар Филипов-Рафаилов, Анка Белгарјанова. Таа средба се одржала во т.н. "вила на Водно", односно во една куќа во месноста Козле во Скопје и токму таа средба била "провалена".

Куќата била опколена и полицијата пукала во "присутните". Кузман бил ранет и заробен, а Димитар Рафаилов, иако ранет, успеал да побегне преку прозорецот, но бил убиен во близина на денешниот објект "Мала станица", каде што полицијата претходно поставила заседа. Тогаш таму имало пруга. Кузман и Димитар Рафаилов биле префрлени во болница. Кузман се уште бил жив, но полицијата им наложила на лекарите да не вршат никаква хируршка интервенција и да го остават да умре. Подоцна двете тела биле изложени пред болницата "за препознавање". Дежурниот лекар се викал Панче Караѓозов.

Подоцна се уапсени поголем број лица. Бил убиен братот на Анка Белгарјанова (Крум Георгиев), а таа била уапсена. Таа се обидела да се самоубие, најнапред со сечење на вените, а подоцна скокнала од прозорец во затворот, но останала жива. Сите стории за тоа дека нив ги издал братот на Анка се целосно измислени. Акцијата за убиството на Кузман и на Димитар Рафаилов била изведена со целосна координација на српската и бугарската полиција (Евреите во меѓувреме нешто ги снемало, исто како што се проретчија денешниве муслимани од Босна).

По овие настани, македонските кругови се уплашиле и ја прекинале комуникацијата со Михајлов. Продолжиле така како што си почнале... "со големи идеи". Сите приказни за Чкатров, Ѓузелов итн., кои биле "фашисти и ванчомихајловисти" се целосно измислени. Ова бил единствениот контакт на Михајлов со нив. Тие воопшто не биле поврзани и самите долго одбивале секаков вид комуникација. Тоа важи и за случајот "Ченто". Ченто немал никаква врска со Михајлов. Тој се појавил кога веќе било "доцна". Особено по "божикниот масакр" на скопското Кале. Луѓето што реално биле поврзани со Михајлов биле некои сосема други луѓе...

П.С.

Како дошло до тоа оние што биле против Хитлер да бидат убиени, а Гаврило Дожиќ да биде "прв патријарх" во новата Југославија, треба да ни појаснат тие што денеска тврдат дека "Косово не е ниту дел од проблемот ниту дел од решението" за Македонија. И дека треба да продолжат "преговорите за името"...
IZVOR
(Авторот е професор)



Потписници на Манифестот се:

Цветко Узуновски
Михајло М. Апостолски
Методија Ченто
Хамди Дема

Страхил Гигов
Венко Марковски
Петар Пирузе

Никола Минчев
Јелисиј Поповски
Кузман (Борко) Јосифовски

Дел од потписниците (обележени со црвени слова) се убиени или пратени на робија! Оставам на читателите да донесат заклучок кои идеи застапувале луѓето кои се ликвидирани и одстранети!
А Богоевски вели дека Глигоров бил прогонуван од комуниститер на Тито!!
07-02-2022, 04:34 PM
Reply