ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,656
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:"Слобода или смрт"
В.М.Р.О.
№ 303
Македонија
22 август 1922 г.
Окружно. Тајно
До водачите на окрузите
и до нелегалните групи
ВО МАКЕДОНИЈА.
Централниот Комитет на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, откако ги зеде во предвид:
1. Декларациите на бугарската влада од 1919 год., дека за создавањето на автономна Македонија таа е готова да го отстапи делот од неа кој остана во пределите на царството Бугарија;
2. Дека истата година бугарската влада предложи плебисцит над сите свои покраини, врз коишто изјавуваат претензии соседите на Бугарија, молејќи тој да се простре и над Македонија, Тракија и Добруџа;
3. Дека населението од останатиот дел од Македонија под бугарска власт се изјасни на јасен начин, дека тоа претпочита да влезе во составот на автономна Македонија, штом таа ќе биде создадена и
4. Дека тоа население по право и долг, како и во исполнување на дадената клетва пред Организацијата во минатото, не може да не ги потпомага морално и материјално борбите за слобода на своите браќа од поробена Македонија,
РЕШИ: Да се возобнови и преустрои Организацијата во тој крај, како филијала на ВМРО, со следните цели:
1. Да ја потпомага морално и материјално ВМРО во поробените делови од Македонија под Србија и Грција;
2. Да ги отстранува сите пречки за успехот на организацијата, и тоа уништување на разбојништвото, шверцот и шпионажата, казнување на кратците, изнудувачите, рушветчиите и зулумџиите чиновници и сл.
3. Да им дава прием и помош за најдување на работа на качаците и бегалците од Македонија под српско и грчко ропство, кои се вратиле на одмор или за работа, како и да содејствува за враќање во родните места на тие што тоа го посакуваат;
4. Да се ублажат партиските борби таму до степен да не бидат штетни за каузата на бесправниот човек;
5. Да ги потпомага законски установените власти за зајакнување на редот и законитоста, во тој, до скоро, најнемирен крај во царството Бугарија;
6. Да уреди и таму милиции за засилување на заштитата на селата и границата против напади од крадци, шверцери, разбојнички банди, наши и туѓи и др. под.
Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиска; таа не се меша во внатрешните борби на царството Бугарија, ниту зема страна во партиските борби таму. Ако, меѓутоа, биде засегната или предизвикана од личности и групи, без разлика какви убедувања имаат тие, Организацијата лично ќе се расправи со нив, согласно правилникот и нејзините традиции.
Со многу срдечни поздрави,
Чл. во Ц.К. на В.М.Р.О.
(п) Т. Александров
Quote:"Слобода или смрт"
В.М.Р.О.
№ 416
Македонија
4 април 1923 г.
Окружно. Тајно
До водачот на округот, околиските војводи и нелегалните групи на организацијата за поддршка на ВМРО
ВО МАКЕДОНИЈА под бугарска власт.
По повод настанатиот немир во населението таму по Нишките српско-бугарски преговори; поради заканите српски воени единици да влезат на бугарска територија, со цел да прогонуваат чети; или разбојници "федералисти", заедно со "портокаловите гардисти", предводени од изроди како Паница, П. Ангелов и др. слични да навлезат во границите на Македонија, со цел да уништуваат, заедно со Србите, поддржувачката ВМРО, и при заплашувањето на земјоделската влада да објави воена состојба во Пиринска Македонија и да ги одложи изборите за пратеници таму, - за да се успокои населението и запази престижот и угледот на ВМРО, се потсетувате да ги преземете веднаш следните најсериозни мерки:
1. Ако во Македонија под бугарска власт се појават омразените српски капи - синоним на ропство и крџалиски зулуми - да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата, штом преминат повнатре од бугарската граница.
2. Ако тргнат за таму познатите разбојници "федералисти", безмилосно да се уништуваат, без да им се дозволи да ја сквернават боречка Македонија со своето присуство.
3. Ако бидат пратени од безумната бугарска влада "портокалови гардисти", коишто се "одликуваа" досега со своите грабежи, сквернавења и "храброст" кон незаштитеното население, за прв пат да се предупредат да се вратат назад, или да се обезоружат и пратат во нивните родни места, а после првото - едно за сите - предупредување, да се удрат и уништат до нога од нелегалните групи, поткрепени од четници на отсуство и др. нелегални таму, внимавајќи да не се спасат на некој начин ни еден од неверните водачи.
4. Ако навистина "демократската" земјоделска власт се реши да објави воена состојба во Петричкиот округ и ги одложи изборите таму, да се прифати мислењето на населението: дали треба да се плаќаат даноци и да се исполнуваат наредбите на сегашната "бугарска" влада, која ги лишува од изборното право - тоа, што не осмелија да го сторат дури ни тираните Срби и Грци во деловите на Македонија под српско и грчко ропство."
Бугарската влада е навремено предупредена да не допушта српски единици да минуваат таму, ниту да праќа "портокалови гардисти". Ако при сето ова се дрзне да не предизвика, бидете беспоштедни во мерките, затоа што останува врз неа целата одговорност за сите лоши последици од тоа.
Тие, кои поради малодушност, небрежност или од други причини не ги исполнат горните наредби, ќе бидат казнети со смрт.
Со многу срдечни поздрави,
Чл. во Ц. К. на ВМРО
(п) Т. Александров
|
|