ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,674
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
За оние кои не ја прочитале, за оние кои ја прочитале а ја заборавиле, за оние кои ја прочитале а не ја разбрале, а најмногу за оние самопрогласените борци за "враќање" на никогаш невоспоставената демократијата а во суштина творци и чувари на едноумието и тоталитаризмот во Македонија: Милчин, Најчевска, Фрчковски, Трајаноски, Црвенковски, Латас, Груевски, .... се извинувам на неспоменатите, ја пренесува целата "ПРАШКА ДЕКЛАРАЦИJA" како обид да помогнам граѓаните на Македонија конечно да разберат каде е изворот на сите проблеми во Македонија.
Quote:
Прашка Декларација за осуда на сите видови тоталитаризам
Имајки ја во предвид желбата за достоинствена и демократска иднина на Европскиот континент и фактите дека:
- општествата кои го занемаруваат минатото немаат иднина,
- Европа нема да биде единствена доколку не успее да ја обедини најнапред сопстевната историја, односно да ги препозне нацизмот и комунизмот како заедничко наследство, и да повика на јавна расправа за сите злосторства нанесени од тоталитарните идеологии од минатиот век,
- дека комунистичката идеологија е директно одговорна за тешки злосторства против човештвото,
- лошите навики произлезени од комунистичкото воспитување, тешко ќе ги оптеретуваат нашите деца, а со тоа и идните поколенија,
- различните оценки спрема Комунистичката идеологија, и понатаму Европа ќе ја делат на Исток и Запад,
- европските интеграции, одсекогаш биле одговор на насилството спроведено токму од тоталитарните системи на континентот,
- за злосторствата против човештвото од страна на комунистичките режими мораат да бидат информирани сите европски умови, дека комунистите ги правеле истите злосторства како и нацистите,
- дека нема разлика меѓу нацизмот и комунизмот во поглед на нивните стравични карактери, како и во поглед на нивните злосторства против човештвото,
- за злосторствата на комунизмот сеуште не е комплетирана расправата од правен, политички, историски… но пред се од морален агол,
- дека злосторствата се правдани во името на теоријата за “Класна Борба“ и принципите како “Диктатура на Пролетеријатот“ и сл. Пароли кои се фактички оправдувања за теророт со кои се бранеле различните диктатури.
- сторителите на многу злосторства во името на комунизмот никогаш не се изнесени пред судот на правдата, а нивните жртви сеуште не се признати,
- мора да постојат сеопфатни информации за комунистичкото тоталитарно минато, кое ќе води кон длабоки разбирања и расправи, кои пак ќе доведат до здраворазумни заклучоци прифатливи за сите европски народи,
- конечната интеграција на сите европски народи, не е возможна без напор да се утврди конечната вистина за комунистичката идеологија, што би подразбирало нејзина комплетна осуда, исто како како и нацизмот.
- Комунистичкото минато на Европа мора да биде објективно истражено од европската академска јавност, но и од сите други релевантни по тоа прашање, се со цел идните генерации да имаат комплетна слика за комунизмот,
- дека во различни делови на светот, сеуште има преживеани комунистички режими, кои држат една цела петтина од светската популација, вршејки невидени злосторства со цел да ја сочуваат власта,
- дека многу земји, и покрај тоа што не се водени од комунистички партии, јавно ги немаат осудено комунистичките злосторства, ниту пак на било кој начин се имаат дистанцирано од нив,
- дека Прага, е еден од градовите кои прошол низ владеењето на двата тоталитаризми, и нацистичкиот, и комунистичкиот.
Верувајки дека милионите жртви на комунизмот, како и нивните семејства, имаат право на правда, сочуство, разбирање, како и на признавање на нивната болка, на ист начин како што се жртвите на нацизмот морално, политички и правно признати.
Ние, учесниците на Прашката Конференција „Европската Совест и комунизмот“,
- имајки ја во предвид резолуцијата на Европскиот Парламент по повод шеесет годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа, 8 мај 1945, 12 мај 2005,
- имајки ја во предвид Резолуцијата 1481, на Парламентарното Собрание на Советот на Европа од 26 јануари 2006,
- со оглед на резолуцијата донесена на 16 конгрес на Европската Народна Партија, на 5 февруари 2004 г, која повикува на создавање на независно стручно тело за собирање и проценка на податоци, за и околу кршењето на човековите права од страна на комунистичките диктатури, како и основање на спомен музеј на жртвите од комунизмот,
- со оглед на тоа дека резолуции за осуда на комунизмот се усвоени во многу пост-комунистички земји,
- со оглед на искуството на Установита на сеќавањата и спомениците во Полска, Германија, Словачка, Чешка, САД, како и музеите во Литванија, Летонија и Естонија, и Куќата на Теророт во Унгарија,
- имајки ги во предвид сегашните и идни претседавања со ЕУ и Советот на Европа,
- со оглед на фактот дека во 2009 се одбележуваат 20 години од сломот на комунизмот во Источна и Средна Европа, како и од масакрот на плоштадот Тјенанмен во Пекинг
повикуваме да се постигне:
1. Сеевропско разбирање дека, и нацистичките, и комунистичките тоталитарни режими, мора да бидат осудени со аршин на деструктивни злосторнички политики кои систематски применувале најекстремни облици на терор, ги елеминирале граѓанските права и човекови слободи, повикувале и предизвикувале разни видови на агресии војни и сл, и како неодвоив дел од нивната идеологија, уништувале и депортирале цели народи и групи на луѓе, и како такви треба да бидат третирани како големи трагедии кои се случиле во ХХ век.
2. признавање дека сите злосторства направени во името на комунизмот, треба да бидат третирани како злосторства против човештвото, и да бидат предупредени сите идни генерации, дека таквите злосторства треба да бидат осудени исто како и нацистичките во Нирнбершкиот процес,
3. формирање на заеднички пристап спрема сите тоталитарни режими, односно подигнување на Европската свест за злосторствата на комунизмот, со што дефинитивно и двете злосторства би биле комплетно осудени и отфрлени,
4. воведување на законодавство, кое би им овозможило на судовите да судат и осудуваат за злосторства направени во името на комунизмот, како и обезбедување на компензација на самите жртви,
5. обезбедување на принцип на еднаквост, и недискриминирање на жртвите на било кој тоталитарен режим,
6. Европски и меѓународен притисок за осуда на комунистичките жртви во минатото, како и ефикасна борба против постоечките комунистички злосторства,
7. препознавање на комунизмот како составен и негативен дел од заедничката европска историја,
8. прифаќање на сеевропска одговорност за злосторствата направени во името на комунизмот,
9. утврдување на 28 август, како ден на потпишувањето на пактот Хитлер-Сталин, познат како пакт „Рибентроп-Молотов“ кој би бил ден за сеќавање на сите жртви од двата тоталитарни режими, кој ќе се одбележува на ист начин како што Европа го одбележува денот на жртвите на Холокхаустот на 27 јануари,
10. јасни ставови на националните парламенти на сите држави, во правец на осуда спрема комунистичките злосторства како злосторства против човештвото, што подразбира и формирање на соодветно законодавство, но и парламетарна активност која ќе го следи таквото законодавство,
11. ефикасни и јасни забрани против употреба на било какви комунистички симболи или пароли,
12. продолжување на сослушувањето од страна на Европската Комисија во врска со злосторствата на сите комунистички режими,
13. во оние земји, каде на власт биле тоталитарни комунистички режими, Европската комисија е должна да оформи независни одбори од стручни лица, кои ќе собираат податоци во врска со кршењето на човековите права под комунистикиот режим на национално ниво, се со цел блиска соработка експертската комисија при Советот на Европа,
14. обезбедување на јасни меѓународни правни рамки кои би подразбирале слободен и неограничен пристап до архивите кои содржат информации поврзани со злосторствата во името на комунизмот,
15. основање на Институт на Европското сеќавање кој би бил:
а) Европски институт за студирање на тоталитаризмот, развој на научни и образовни проекти, како и пружање на подршка на сличните институти на национално ниво,
б) сеевропски музеј/спомен на жртвите на сите тоталитарни режими, со цел подигнување на свеста за злосторствата направени во нивно име
16. организирање на меѓународна конференција, за злосторствата од страна на комунистичките режими ширум светот, со учество на влади, пратеници, академици, стручни лица и невладини организации, чии резултати би биле објавени ширум светот.
17.прилагодување и исправка на европските учебници по историја, со цел децата да добијат јасна слика за комунистичките злосторства, кои би биле предавани на ист начин како и нацистичките,
18. Сеевропска, обимна и темелна расправа за комунизмот и неговот наследство денес,
19.Заедничка комеморација поповод 20 годишнината од падот на Берлинскиот Ѕид, како и од масакрот на плоштадот Тјенанмен.
Ние, учесниците на Прашката Конференција „Европската свест и комунизмот“ ги повикуваме сите народи и парламенти во Европа, заеднички да ги прифатат идеите позитивните заклучоци во оваа Прашка Декларација, како и практично да ги спроведат препораките и политиките кои од неа произлегуваат.
Декларацијата е донесена во чешкиот парламент на 3 јуни 2008 година, во присуство на представници од сите влади на земјите членки на ЕУ, представници на Европската Комисија, Европскиот Парламент, Советот на Европа и многу други меѓународни релевантни институции.
|
|