Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАРАШПИОНИТЕ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА НА МИНЧО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,674
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: crvenata-mafija.jpg?itok=ekGOxLld]


Во предизборната 1998 година СДСМ припремајќи се за опозициско дејствување дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното "збогување" со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во "Макстил", инаку актуелен вицепремиер во владата на Бучковски. Во "Макстил" "старите пријатели" од времето на УДБА ја договараат реализацијата на веќе дефинираната стратегија за формирање паралелна разузнавачка служба, која на општо задоволство уште тогаш ќе биде формирана. На прв поглед, можеби е интересно прашањето како и за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ не се расветли дејствувањето на оваа паралелна разузнавачка структура. Одговорот е многу едноставен-затоа што тајниот центар на СДСМ во СДБ во клучните моменти на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ успеа да постави за директори на СДБ свои проверени и одбрани инсталации, како на пример Горан Митевски и Никола Спасевски, и на тој начин оваа паралелна служба успешно беше камуфлирана и остана недопрена и за времето на ВМРО-ДПМНЕ.

По дефинирањето на сите оперативни елементи на новата паралелна разузнавачка структура, се тргна во правец и на нејзино конкретно институционализирање. Јадрото на оваа паралелна структура ќе биде всушност СДБ, и во неа ќе се дислоцираат добар дел од најискусните и најспособни кадри на тајната полиција. Така, на пример, свое прибежиште во паралелната служба ќе најдат и агенти на СДБ, кои своевремено извршувале најделикатни задачи во странство, а познат е ризикот за обавување на разузнавачки активности во странски држави. Сосема друго прашањето е тоа што СДБ беше така поставена и што овие деликатни задачи всушност беа оперативни активности спрема т.н. македонски екстремисти и врховисти. Но, за волја на вистината, ова секако не ја намалува стручноста на агентите на СДБ, кои само спроведувале наредба на политичкото водство на СДСМ, чија влада, пак, носела акти за работа на службата во кои меѓу другото утвдила дека во тајната полиција треба да постои и линија на работа наречена-македонски екстремизам и врховизам. Истовремено, оваа паралелна разузнавачка структура ќе биде засилена и со пензионирани агенти на СДБ, кои со своето искуство даваат голем приоднес во реализирањето на дефинираните задачи и цели. Оваа паралелна разузнавачка служба денеска брои дваесетина припадници. Во оваа пригода сметам дека е несоодветно да ги обелоденам и нивните имиња. Сметам дека засега е доволно да се каже дека оваа служба ја раководи спомнатиот Живко Ѓеоргиевски.

Од аспект на поставеноста на средствата и методите на работа, ова служба во ништо не се разликува од дејствувањето на класичните разузнавачки служби. Има свои оддели за тајно следење и набљудување, за оперативна работа и аналитика. Се работи за мошне мобилна служба, организирана на прицип на база и станици и во овој контекст да спомнам дека имаат база сместена во една здравствена организација, и две станици стационирани во два стана. На теренот како и секоја разузнавачка структура прибираат најразлични оперативни податоци за свои потреби. Интересно е тоа што за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вмровската власт беше контролирана и приклештена помеѓу две разузнавачки структури-онаа легалната СДБ, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ божем ја контролира, и веќе спомнатата паралелна служба. Инаку оваа паралелна служба, како и онаа легалната СДБ, по потреба меѓусебно се помагаат во информации, луѓе, мислења и слично. Во прилог на ова, секако е и фактот што во моментот и во МВР и во СДБ знаат и го толерираат функционирањето на оваа вониституционална стуктура. Не е на одмет да спомнам дека во врска со расветлувањето на аферата "Големото уво" вештакот-брат на пратеникот Макрадули-кажа невистина дека само МВР располага со оперативно-технички средства, бидејќи во тоа време веќе функционира спомнатата паралелната разузнавачка структура, а немаше наод и мислење на спомнатиот вештак и за ова т.н.служба.

Агентите на оваа паралелна служба во одредени случаи не се воздржуваат од преземање активности за прибирање сознанија и за расветлување на т.н. дворски игри и сплеткарења внатре во владејчкиот СДСМ. Во оваа насока да спомнам два примера. Своевремено кога во јавноста проструи информација за можни средби на Владо Бучковски со опозиционерот Љубчо Георгиевски, активирани се агентите на оваа служба за лоцирање и расветлување на природата на овие средби. Исто така, јавноста се сеќава на меѓусебните прекукувања пред извесно време продуцирани од министерот Н.П. и транзицисискиот тајкун С.Ј. во врска со модалитетите на уплата во државниот буџет за купен државен комбинат. И во таа пригода, веднаш е активирана оваа паралелна разузнавачка структура и преземани се одредени оперативни мерки и активности спрема спомнатиот министер, за расветлување на заднината на таквото негово однесување. Сосема е јасно дека "инаетот" на министерот Н.П. во тој момент спрема спомнатиот олигарх не беше поради неговата загриженост за заштита на државниот капитал, туку во прашање беа дворски интриги и сплеткарења во владејачкиот СДСМ.

Инаку, уште при самото формирање на оваа паралелна полициска структура е дефинирана и легендата за нејзина заштита, доколку, се разбира, еден ден биде пробиена и го привлече вниманието на јавноста. Во оваа насока е смислено образложение со кое во јавноста ќе се сервираат информации дека всушност се работи за некаков центар за анализа за потребите на "Макстил", или, пак, нешто како група за т.н. стопанско разузнавање или индустриска шпионажа.

Јанко Бачев
28-11-2014, 02:39 AM
Reply