ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:ТАЈНОТО ДОСИЕ НА ЕДЕН НАКЛЕВЕТЕН ПАТРИОТ (4)
Прогонетите прецизно го предвиделе распадот на Југославија во 1970 година
Со неверојатна, безмалку Нострадамусова прецизност Крсте Вељановски, водачот на групата „Банкари“, ги предвидува причините и начинот на кој ќе се распадне СФРЈ, како и настани потоа и случувања околу Македонија, цели 20 години пред распадот навистина да се случи.
Тој мошне аналитички ги анализира состојбите во СФРЈ во 1970 години. Неговите размислувања и укажувања за тоа време се неверојатно слични на денешните политичко-економски случувања во државава.
Службата за државна безбедност уште во 1967 година го прислушувала дуќанот „Борово“ во битолската чаршија, сопственост на Цветан Најдовски. Во досието снимените материјали се означени како „извор Терзија“. Правејќи резиме, оперативно-техничкиот работник на СДБ резимира:
„Критикувајќи ги општествено-економските и политичките состојби ја омаловажува општествено-политичката акција за надминување на тешкотиите и шпекулира со судбината на СФРЈ по смртта на другарот Тито, односно прогнозира распаѓање. Во вакви услови, гледал можност за остварување на дамнешните желби - обединување и отцепување на Македонија во самостојна држава. Сметал дека нашиот систем е во постојано вриење, дека е гнил, нестабилен и обременет со големи разлики, кои водат кон постапно распаѓање. За ова ги обвинувал Тито и државното раководство, кое, според него, недомаќински се однесувало спрема општествениот имот, односно на преден план ги имало личните, а не општествените интереси“, заклучува прислушувачот.
Особено е интересен еден разговор во дуќанот, снимен на 19 февруари 1970 година, меѓу Крсте Вељановски и Цветан Најдовски:
Крсте: Овие нашите во странство што прават. Би требало и тие да се ангажираат по прашањето на Македонија, ама не ми се верува оти тие се против денешниот режим. Јас да ти кажам право повеќе сум склон кон оваа во Скопје, отколку на „Македонска трибуна“ (Крсте смета дека овој имигрантски весник е пробугарски, н.з.). Му дадоа еден каршилак и на Бугарија и на Грција и му даваат и сега. Ние, Цветане, јас велам, би имале корист од како ќе умри Тито. Ќе станат големи трзавици. Ќе стани борба меѓу хрватско-словенската група и српската и тогаш ако дојди српска група тука, да знаеш оти Хрватите и Словенците ќе се отцепат. Овие нашиве сигурен сум дека ќе застанат на страната на Хрватите, овие во Скопје.
Цветан: Хмм... Не верувам.
Крсте: Не веруваш, ама види тука постои причина. Ранковиќ ќе биди во прашање, партијата негова ќе оживи. (Александар Ранковиќ, поранешен југ. министер за внатрешни работи, тогаш веќе разрешен поради национализам, н.з.). Ранковиќ сега не спие. Тој ќе гледа да се дочепа до власт со неговата комунистичка партија. Овие нашиве ќе се плашат да не му приредат Србите репресалии оти Ранковиќ повеќе настрада од Црвенковски (Крсте Црвенковски, македонски комунист-либерал, функционер на СКЈ, познат по брионската афера на прислушување, со што и нанел силен удар на тогашната УДБА, а жртва на тој случај бил и Ранковиќ, н.з.).
Цветан: Тоа не е ништо, ќе му го дадат него, а другите ќе останат.
Крсте: А ако би се одделиле да ја прифатат хрватската група... така јас си правам една студија во паметов.
Цветан: Ние не граничиме со Хрватска.
Крсте: Сеедно, се отцепува Хрватска и Словенија, се отцепува и Македонија. Србија, Црна Гора и Босна можат да останат. Тогаш можеш да им речеш елате побратими.
Цветан: Тогаш Бугарија ќе гледа да воведи нешто, ќе пристани... со Македонија.
Крсте: Велиш!? Овие комунистиве, мајката се ебале. За да го зачуваат своето интернационално единство утре можат и бугарофили да станат. Тој проблем е за ними и изгледа на тоа ќе дојди. Во овој момент треба и економски овие да издржат. Оти, еве, ние да речиме да би се остварила оваа наша идеја, знаеш дека и ние не можиме да издржиме.
Цветан: Економски сама Вардарска Македонија не можи да издржи. Прво море немаме. Гоце Делчев добро рекол: Македонија без Солун како лук без глава.
(продолжува)
|
|