Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ватикански документи за Македонија од 17 век
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,631
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote: Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци пред четири века!


Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни, всушност сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. Според еден од документите, во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан

Во трезорите на Ватикан се чуваат значаен број документи за Македонија и за Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим (Арцхивио делла Сацра Цонгрегазионе де Пропаганда Фиде), кој е формиран за да ги собира и чува документите од тајното дипломатско функционирање на Светата столица, се чуваат документи што го покриваат периодот од 1622 година до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи, уште од основањето на Конгрегацијата како „ресор за пропаганда на католицизмот во светот“, целокупната документација систематски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот архив.

Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Мемориа Рерум), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, папата Урбан Осми покажал не само разбирање за напорите на Инголи туку со тоа оваа драгоцена збирка ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттаму, по неговата смрт, збирката била преместена во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18 век овој архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде што, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За време на транспортот во Франција, односно при враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925 година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан?

СЕДНИЦИ ВО ПРИСУСТВО НА ПАПАТА

Според документите од функционирањето на оваа институција може да се види дека е основана во времето на папата Григориј Петнаесетти. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година, а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на Римокатоличката црква. Освен тоа, обврска на Конгрегацијата била да го организира и надгледува ширењето на католицизмот меѓу нехристијаните. Конгрегацијата, според актот за нејзиното основање ја сочинувале 13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред. Членовите на Конгрегацијата редовно одржувале седници еднаш месечно, и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници (Цонгрегазионе Генерали) биле разгледувани важни прашања, додека оние сложените биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите во Конгрегацијата и други експерти (Цонгрегазионе патриколари). Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно (Цонгресси). Прашањата, кои барале интервенција на папата, му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала со декрет, препораки и писма.

До 1665 година генералните или месечните седници се одржувале во присуство на папата, меѓутоа таа практика е прекината во 1666 година. Оттогаш, секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувал папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање на прашањата што ја надминувале надлежноста на префектот и на целата конгрегација. Од овие извештаи, и кратки молби, поднесени до папата, основан е посебен фонд. Мнозинството документи во овој фонд се однесуваат на прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници, а подоцна секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата.

СТИПЕНДИИ ВО 1619 ГОДИНА!

Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот колеџ, значи Словенски колеџ во Лорето, кој би основан 1580 година. Токму своето образование на овој колеџ го почнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии“. Значи, уште во 1619 година во Ватикан правеле разлика меѓу Македонците, Србите и Бугарите, па затоа за нив била одобрена посебна квота во колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан.

Освен овој, во Архивот на Когрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ што е мошне значаен за нас. Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова, и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата. Се работи за даноци што ги наметнал султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата.

ОД ТАТКОВИНАТА НА АЛЕКСАНДАР!

Исклучително интересни се двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на Охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои жали за зулумите што ги прават Турците, особено Албанците, во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар“. На заднината на истото писмо во Конгрегацијата било запишано да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светата столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград „каде што охридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на ‘Бугарија, Србија, Македонија и Босна‘“. Тоа се случува во средината на 17 век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје, на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека охридскиот патријарх ќе договори со султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки, известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици, а ниту еден муслиман.
Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци, нема податоци во Конгрегацијата.

Во секој случај, овие и многу други документи што се чуваат во Ватикан сигурно ќе фрлат ново светло на затемнетиот дел на балканската историја, која, како што се знае, особено по пропаста на античка Македонија, ја пишувале само победниците

[Image: pismo1.jpg]

[Image: pismo2.jpg]
26-03-2012, 02:58 PM
Reply
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#2

Ne znam vo 16 vek da sa imali printeri Icon_razz)) Ili ke kajesh che toja tekst napisan na Kirilica e original od 16 vek???? Ne znam vo 16 vek da sa polzvali [.....] Icon_razz)) Aman od vashte falsifikati ....
My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



26-03-2012, 09:03 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#3

Quote:Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година.
Има една малка подробност-кардинал Барберини от 1623 е папа Урбан VIII...Все пак е имал на разположение 17 години,за да разбере,че кардинала е станал папа Razmisluva
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
26-03-2012, 10:21 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#4

(26-03-2012, 10:21 PM)TATAP Wrote:
Quote:Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година.
Има една малка подробност-кардинал Барберини от 1623 е папа Урбан VIII...Все пак е имал на разположение 17 години,за да разбере,че кардинала е станал папа Razmisluva

Моя грешка!Папата е Мафео Барберини,който в последствие назначава за кардинали няколко свои роднини.Един от тях е Франческо Барберини-отговорник за библиотеката на Ватикана.Предполагам,че до него е писано писмото (Франу Барберину).
За това време римляните казват "quod non fecerunt barbari, fecerunt Barberin"-каквото не направиха варварите го направиха Барберини
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
26-03-2012, 10:35 PM
Website Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,631
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(26-03-2012, 09:03 PM)Playboytaxi Wrote: Ne znam vo 16 vek da sa imali printeri Icon_razz)) Ili ke kajesh che toja tekst napisan na Kirilica e original od 16 vek???? Ne znam vo 16 vek da sa polzvali [.....] Icon_razz)) Aman od vashte falsifikati ....



Морав да барам бугарски извор, за да не ме обвиниш за фасификат:

Quote:Гутенберг отваря печатницата си в Майнц, Германия през 1444 г. и започва работа по Гутенберговата библия, която излиза от печат през 1456
26-03-2012, 11:00 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 18
#6

Авторот на овоj памфлет - Блаже Миневски (роден 1961 год. во Гевгелија) е македонски раскажувач, романсиер и драматург. Music3

[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
(This post was last modified: 27-03-2012, 06:18 AM by jingiby.)
27-03-2012, 06:16 AM
Reply
Playboytaxi Offline
Senior Member
****

Posts: 614
Joined: Jun 2010
Reputation: 24
#7

(26-03-2012, 11:00 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(26-03-2012, 09:03 PM)Playboytaxi Wrote: Ne znam vo 16 vek da sa imali printeri Icon_razz)) Ili ke kajesh che toja tekst napisan na Kirilica e original od 16 vek???? Ne znam vo 16 vek da sa polzvali [.....] Icon_razz)) Aman od vashte falsifikati ....



Морав да барам бугарски извор, за да не ме обвиниш за фасификат:

Quote:Гутенберг отваря печатницата си в Майнц, Германия през 1444 г. и започва работа по Гутенберговата библия, която излиза от печат през 1456

Ne me razbra. Ne te obvinjavam tebe za falsifikat. Choveko koj napisal taja statija i pokazva edin manipuliran "dokument" kako original e falsifikatoro,ili toj koj mu dal da napishe taja statija . Nikoj vo 17 vek ne izpolzval tie skobi [...] !!! Tie gi ima samo na komputero Icon_razz

My Blog with hundreds of original VMRO and other old documents related to Macedonia:
http://macedoniandocuments.blogspot.com/...lchev.html



27-03-2012, 07:03 AM
Website Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#8

(26-03-2012, 02:58 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote: Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци пред четири века!


Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни, всушност сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. Според еден од документите, во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан

Во трезорите на Ватикан се чуваат значаен број документи за Македонија и за Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим (Арцхивио делла Сацра Цонгрегазионе де Пропаганда Фиде), кој е формиран за да ги собира и чува документите од тајното дипломатско функционирање на Светата столица, се чуваат документи што го покриваат периодот од 1622 година до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи, уште од основањето на Конгрегацијата како „ресор за пропаганда на католицизмот во светот“, целокупната документација систематски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот архив.

Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Мемориа Рерум), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, папата Урбан Осми покажал не само разбирање за напорите на Инголи туку со тоа оваа драгоцена збирка ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттаму, по неговата смрт, збирката била преместена во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18 век овој архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде што, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За време на транспортот во Франција, односно при враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925 година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан?

СЕДНИЦИ ВО ПРИСУСТВО НА ПАПАТА

Според документите од функционирањето на оваа институција може да се види дека е основана во времето на папата Григориј Петнаесетти. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година, а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на Римокатоличката црква. Освен тоа, обврска на Конгрегацијата била да го организира и надгледува ширењето на католицизмот меѓу нехристијаните. Конгрегацијата, според актот за нејзиното основање ја сочинувале 13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред. Членовите на Конгрегацијата редовно одржувале седници еднаш месечно, и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници (Цонгрегазионе Генерали) биле разгледувани важни прашања, додека оние сложените биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите во Конгрегацијата и други експерти (Цонгрегазионе патриколари). Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно (Цонгресси). Прашањата, кои барале интервенција на папата, му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала со декрет, препораки и писма.

До 1665 година генералните или месечните седници се одржувале во присуство на папата, меѓутоа таа практика е прекината во 1666 година. Оттогаш, секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувал папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање на прашањата што ја надминувале надлежноста на префектот и на целата конгрегација. Од овие извештаи, и кратки молби, поднесени до папата, основан е посебен фонд. Мнозинството документи во овој фонд се однесуваат на прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници, а подоцна секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата.

СТИПЕНДИИ ВО 1619 ГОДИНА!

Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот колеџ, значи Словенски колеџ во Лорето, кој би основан 1580 година. Токму своето образование на овој колеџ го почнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии“. Значи, уште во 1619 година во Ватикан правеле разлика меѓу Македонците, Србите и Бугарите, па затоа за нив била одобрена посебна квота во колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан.

Освен овој, во Архивот на Когрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ што е мошне значаен за нас. Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова, и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата. Се работи за даноци што ги наметнал султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата.

ОД ТАТКОВИНАТА НА АЛЕКСАНДАР!

Исклучително интересни се двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на Охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои жали за зулумите што ги прават Турците, особено Албанците, во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар“. На заднината на истото писмо во Конгрегацијата било запишано да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светата столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград „каде што охридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на ‘Бугарија, Србија, Македонија и Босна‘“. Тоа се случува во средината на 17 век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје, на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека охридскиот патријарх ќе договори со султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки, известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици, а ниту еден муслиман.
Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци, нема податоци во Конгрегацијата.

Во секој случај, овие и многу други документи што се чуваат во Ватикан сигурно ќе фрлат ново светло на затемнетиот дел на балканската историја, која, како што се знае, особено по пропаста на античка Македонија, ја пишувале само победниците

[Image: pismo1.jpg]

[Image: pismo2.jpg]


Става дума за македонци - жители на областта Македония. Най-вероятно гърци.
(Хасково, затвора
на криминалните хора
има ги секакви
- турси, арменси, сигани...) Icon_razz .
(This post was last modified: 28-03-2012, 12:45 AM by Вовата.)
28-03-2012, 12:44 AM
Reply
Zoograf Offline
Senior Member
****

Posts: 643
Joined: Jul 2010
Reputation: 30
#9

Македонија во Ватиканските документи од тоа време се спомнува и на други места. Најважно кај Охридскиот архипескоп Атанасије, ех, шпанска чизма на империјализма (од ~1615 год)...
http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid...8#pid30578
[Image: pribichevich103.jpg]
[Image: pribichevich104.jpg]
Бензинoт e ваш, a идејите наши.
О. Б.
28-03-2012, 03:42 AM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#10

[Image: 026732864.jpg?r=0]
Искал да привлече внимание...Цетине не е близо нито до географска Македония,нито до ОА...
Сега разбирам-всеки,който каже,че е македонец Е македонец (етнички)!!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
28-03-2012, 07:36 AM
Website Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#11

Наистина има такива документи, макар и малко на брой, не само във Ватикана, но и в Русия. Те са свързани най-вече с гръцката пропаганда, която представяла македонците като гърци наследници на Ал. Македонски, които под натиска на славяните били забравили своя роден гръцки език и започнали да говорят български. Преродбениците се борели именно срещу този гръцки македонизъм. Всъщност македонизма първи го създават гърците, които се опитвали да погърчат Македония и Тракия. През годините той е съществувал под различни форми. Гръцкият македонизъм твърдял, че българите живещи в областите Македония и Тракия са наследници на гъркът Ал. Македонски. Сръбският и югославският македонизъм наблягали предимно на славянския произход на македонците. Мисирков създава неговия македонизъм, за да предпази българите от Македония от сръбска асимилация. Ето какво пише Мисирков, тази негова статия можете да намерите в сборника с негови трудове, който издаде Блаже Ристовски.


Статия на Кръстьо Мисирков (1) "Народността на македонците"

11.05.1924

"Статията на г-н Арсения Йовков "Българи в Македония", поместена в бр. 1 на в. "20 юлий", като че ли отново повдига въпроса за народността на македонците, като го решава с неопровержими доказателства в полза на българското племе. Авторът на въпросната статия в една друга своя статия, поместена в последния брой на в. "Пирин", се изрази, че македонски въпрос ще има дотогава, докато има българи и българско национално съзнание в Македония...В последната статия г. Йовков се изрази дори, че ние македонците, трябва да бъдем по-големи българи от самите българи.
Тези две интересни статии на г. Йовков ни дават повод да се спрем върху въпроса за народноста на македонците и върху ролята, която тоя въпрос е играл и ще играе в историята на Македония.
Началото на 19 век завари в Македония гръцко духовенство и българско национално съзнание между по-събудените македонци, които ръка за ръка с българите от България* и Тракия поведоха борба за национална просвета и национална църква. Това духовно и национално единство на мизийци, македонци и тракийци предшествува и последва създаването на Българската екзархия и освобождаването на България.
Сърбите позавиждаха на българите и по някои други теоретически и практически съображения почнаха да оборват европейските, македонските и българските твърдения, че македонците са българи, и с това те първи поставиха на масата на учените въпроса за истинската народност на македонците.
Би било неблагоразумно да отричаме, че задачата, която си поставиха сърбите, е немаловажна и че успехите, които те постигнаха благодарение на своята упоритост и строга систематичност, са колосални...И в резултат те завладяха по-големия дял от Македония, която им се даде като земя, населена от сърби; даде им се от ония, които до последно време единодушно признаваха българския народностен характер на Македония...
Но ето че се раздават виковете на самите македонци: ние сме българи, повече българи от самите българи в България...Вий сте могли да победите България, да й наложите каквито щете договори, но с това не се изменя нашето убеждение, нашето съзнание, че ний не сме сърби, че ний до сега сме се казвали българи, тъй се казваме и днес и така искаме да се казваме в бъдеще...
Ние не можем и не трябва да подражаваме на мизийците във всичко, защото мизийската логика , техните начини на действие довеждат до договори като сръбско-българския в 1912 г., като Ньойския. Ние ще бъдем повече македонци, отколкото българи, но македонци със свое отлично от вашето сръбско - национално самосъзнание, със свое историческо минало, със своя литературен език, общ с българския, със свое македонско-българско национално училище, със своя национална църква, в които националното и религиозно чувство на македонеца да не бъде оскърбявано от лика и духа на сръбските светци като свети Сава...
Наричаме ли се ний българи или македонци, ний винаги се съзнаваме като отделна, единна, съвършено отлична от сърбите и с българско съзнание народност, която ще знае да наложи волята си за борбата за човешки права на македонеца."

*През турското робство България е била наричана само северната част на страната (Мизия), докато южните части, Тракия и Македония били обозначавани отделно.

вестник "20 юли", София брой 5, 11.05.1924 г.; оригиналът е на български

1. Кръстьо Мисирков привърженик на "македонизма" в началото на 20 века. След това се отказва от собствената си теза, прокарана в книгата му "За македонцките работи", и минава на великобългарски (големобугарски) позиции.
28-03-2012, 11:56 AM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#12

Нова Македония, петок, 17.7.2009

„Мегали идејата“ станала врховна идеологија на секоја грчка влада

Српската Влада направила програма за заедничко спогодбено српско-грчко настапување во Цариград, со цел да се спречи да им се даваат нови привилегии на Бугарите, да се отстранат пречките и да се воспостави соработка меѓу Србите и Грците во Македонија, да се одреди границата на интересните сфери на Србите и на Грците и да се постигне спогодба за уништување на бугаризмот во Македонија.

Остварувањето на „Мегали идејата“ почнало веднаш по создавањето на првата грчка држава, по ослободувањето од османлиската власт во 1830 година.

Проектот за создавање голема грчка држава со помош на големите сили, уште од појавата во форма на „Мегали идеја“ станала врховна идеологија која се пренесувала на секоја влада. Таа не се однесувала само на нејзиното територијално проширување, туку и на засилувањето на економската и на финансиската состојба. Во 1832 година Велика Британија, Франција и Русија и одобриле заем на Грција во износ од 60 милиони франци, а најголем дел биле потрошени за војската.

И тук авторът показва, че е много неграмотен.

Тука се вршело грцизирање на историјата, на јазикот и на другите „научни факти“, со кои се „откривало“ дека во составот на Византија, покрај грчкото население, влегувале и други народи, а многу од нив давале и византиски императори. На пример, општо е познато дека императорите Јустин и Јустинијан потекнувале од Македонија и дека Василиј I и Василиј II биле претставници на македонска династија итн.

През средновековието Македония се наричала територията около Одрин/Едирне. А днешната Вардарска Македония е наричана България.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21740

28-03-2012, 12:03 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#13

СЛАВЧО КОВИЛОСКИ:
Слободата треба да дојде „или сите ќе изумреме“

„Идејата за издавање „Македонски буквар“ за потребите на српската пропаганда во Македонија и Стара Србија за првпат ја изнел Деспот Баџовиќ“. Тој „Буквар“ требало да биде составен на српско-македонски јазик кој полека со време ќе се приближува до чисто српскиот. Оваа идеја се реализирала подоцна кога се ангажирал Стојан Новаковиќ кој, пак, ги ангажирал Коста Групчев (иќ) и Наум Евро (виќ), чиј ракопис бил насловен како „Македонски буквар во Цариград“. Букварот во поголемиот дел е составен од македонски зборови, но со извесни србизми, кои требало да потпомогнат при евентуалното србизирање на македонскиот народ.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.a...eID=117912
28-03-2012, 12:05 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#14

Како да се реорганизираат османлиските територии?

Нова Македония, четвъртък, 09.07.2009

Покрај грчките политичари и дипломатијата, особено голема активност пројавиле атинскиот и цариградскиот силогос. Кога во Грција биле подготви да поверуваат дека во Европа Македонија е прифатена како грчка територија, во 1876 година се појавила картата на познатиот и авторитетен европски етнограф-картограф Киперт, во која тој македонското население го прогласил за бугарско и териториите што ги населувало тоа население ги означил со розова боја. Атинскиот силогос жестоко реагирал на картата на Киперт, која во тие моменти се сметала како опасна за грчките интереси. Силогосот го информирал италијанскиот амбасадор во Атина Матеи дека картата на Киперт не е прифатлива за Грците и затоа било потребно таа да се ревидира.

Грчкиот министер за надворешни работи Делијанис испратил писмо до грчкиот амбасадор во Рим Михаил Папаригопулос, во кое му го доставил меморандумот во врска со картата на Киперт. Притоа Делијанис го изнел и ставот на грчката влада дека, иако таа не сакала да се меша, картата на Киперт сепак не соодветствувала на етнолошката пропорција на Балканот. Според Делијанис, синџирот на планините Балкан Планина и Шар Планина претставувал демаркациона линија меѓу Словените и Грците, што го потврдувале етнологијата и историјата. Грчкиот министер сметал дека од јужната страна на Балкан Планина имало Бугари и Албанци, но сепак доминирал грчкиот елемент и неговата многубројна моќ не можела да се оспори. Преписката меѓу Папаригопулос и Киперт траела подолго време. По неколкуте писма Папаригопулос напишал едно во кое навел дека повеќе од половина од населението во јужните делови на Македонија било погрчено, со што признавал дека по етничко потекло тоа сепак не било грчко.

Во текот на февруари 1878 година Киперт објавил нова карта од која можело да се види дека Македонија не била претежно бугарска, туку претежно грчка!?

Според авторите на меморандумот, територијата јужно од Балкан Планина од секогаш била населена со Грци, а Словените што живееле тука биле словенизирани Грци.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21733
28-03-2012, 12:07 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#15

Дневник, 27.06.2009


ПРОЕКТИ ЗА НЕПОДНОСЛИВА ЗБРКА

Споменикот на Александар и црквата на Вранишковски

Димитар Димитров (Авторот е универзитетски професор)

Ако го оставиме Јустинијан настрана, како некој што не е во врска со предметот, за античките татко и син е документирано дека биле функционализирани против борбата на нашите предци за наша држава. Култот на Александар Грците го вградиле во теорија за нашиот идентитет што не прави едно со нив, Грците. Како наследници на Александар, кој според таа теорија, се разбира, бил Грк, ние исто така сме Грци, но, со доаѓањето на Славјаните, сме се заборавиле и сме станале славофони. Таа теорија, во македонската борба и во Втората балканска војна, се спроведувала во комбинација со насилство. Нашите предци требало да прифатат или дека се Грци или да бидат „анулирани“ (Н. Диму, Несреќата да си Грк).

Се исходува од една основна претпоставка дека имено целото население во далечното минато било грчко. „Каков срам!“ - велеле грчки жандарми во Горно Куфалово. - „Ние ве ослободивме. Гласот на Александар Велики ве вика од гробот. Не го слушате ли? А продолжувате да бладате...“ (Карнегиевиот Извештај за Балканските војни 1912-1913.) Клучната ролја во имплементацијата на грчката александристска теорија ја играла грчката црква, која „во последните два века им служела на сите богови, само не на Единствениот“ (Н. Диму). Во книгата на Раптис Капетанот Пулакас работата е така поделена што свештеник, со опширна просветителска проповед, се труди заблудените чеда, паднати во анималност и варварство, да ги „прероди“ и да ги спаси за елинизмот и културата во идентитетот со Александар. Додека за луѓето (движењето на отпорот) што ја одбиваат таквата „преродба“ следувал теророт на андартите.

Во случајот на костурскиот владика Каравангелис двете функции се споени во една личност. Тој бил и проповедник и организатор на терористички акции. Мантијата му била потребна поради авторитетот на православната црква сред православното население. Така, проблематичниот ВМРО-вски војвода Коте Христов при првата нивна средба му бакнува рака, а владиката уште со првата реченица му ја внушува „преродбата“ на грчки начин: „Вие сте Грци од времето на Александар Велики, но наминаа Славјаните и ве пославјанија. Изгледот ви е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и статуите скриени во неа. И тие се грчки. И монетите што ги наоѓаме се грчки.“ (Македонската борба).

ЗА "ПРЕРОДЕНИТЕ"

Како што гледаме, пред еден век, во грчката „Македонска борба“ и во Втората балканска војна, Александар и грчката црква не само што не си противречеле, туку биле единствена позиција - позиција на погрчување на територијата и на населението. На другата страна од фронтот стоела ВМРО, закотвена во преродбата врз Кирило-Методиевата-Климентова традиција. Еден од нејзините најголеми дејци вака ја коментира проповедта на „преродениот“ поп Герман: „Тој брат толку се погрчил... се помачи секако да ни докаже дека ние сме биле Грци!... Почна да ни ја раскажува историјата за великиот Александар... Човек што не се разбира од историја, а сака да ти проповеда со неа, тоа е многу смешно!. Ние... го зарезахме.“ (Дневник). Еден друг „прероден“, војводата Вангел Георѓиев, кој станал капетан Вангелис, „славофон по јазик, но грк по душа“ (Г.Каравангелис), загинал од куршум на чета на ВМРО. (Дневник).

Од друга страна, „преродениот“ Коте Христов, капетан Котас, грчки народен херој, овековечен споменички и во името на селото, го заклал ВМРО-вскиот војвода Лазар Поп-Трајков, чија отсечена глава му ја принесол како трофеј на „Црното евангелие“, како што уште жив го нарекле Каравангелис. Друг андартски капетан му ја отсекол главата на тешкоранетиот Чакаларов, која, набиена на кол, андартите ја разнесувале низ Леринско, извикувајќи: „Нема Чакаларов! Нема Македонија!“.

Таков е споменот на Александар во врска со државотворниот процес на Република Македонија, сублимиран во девизата „Се’ за Македонија“. Таков е уделот на грчката црква во нашето политичко и народно обособување. Се работи за тенденција на одродба наспроти тенденцијата на културно-политичка индивидуализација во рамките на европската реалност, (индивидуализација) што ја претставува штотуку споменатата Кирило-Методиева-Климентова преродбенска традиција. Таа амбиваленција на ширењето на источното христијанство сред Славјаните, има милениумска историја. Се протега од Византиската, преку Отоманската Империја, до „црните евангелисти“ и до црквата на Вранишковски, на таа задоцнета инсталација на грчкиот патријарх Христодулос со посредство на српскиот патријарх Павле. Толку колку што Охридската архиепископија била „грко-православна“, толку биле „анулирани“ црковните и училишните претставници на Климентовата-преродбенска традиција. Карнегиевиот извештај и Дневникот и писмата на Мисирков сведочат за масовна чистка на тие најчести видови на тогашната интелигенција и за создавање на тој начин „обезглавен народ“.

Иако појавно спротивставени, проектите на споменикот на Александар и на црквата на Вранишковски ги поврзува заедничкото гледање наназад. Ако покрстувањето на нашите предци било мотивирано со нивното цивилизациско обликување во рамките на христијанска Европа, со „преродбата“ во знакот на култот на Александар се излегува од Европа, бидејќи се редуцира тој последен милениум од нејзината историја, кој, се разбира, ја подготвил современа Европа и нас како нејзин дел и етнокултурна особеност.„Грко-православната Охридска архиепископија на Пеќската патријаршија“ тоа милениумско обособување во Светиклиментовата традиција, со преродбата, ВМРО и АСНОМ го премостува со грчко-српска коалиција на нивото на „црните евангелисти“, како „свештен“ изблик на земната манија за непосредна грчко-српска граница.

Останува она што било укинато/трансцендирано од виталното, кое го поставува/обликува историскиот процес. Да се буричка по тој остаток, од него да се реконструира етнологија на античките Македонци и таа етнологија да се идентификува како наша „крв и култура“ - тоа значи да се следи антиисториски пат од трансцендирачко кон трансцендирано, од преживеано кон надживеано. Ако крвта прелиминарно ја апсолвираме како несводлива на етнолошки белег, каква култура можеле да ни дадат тие што брзале да ја земат грчката култура?

Тоа е стратегија на деструкција-автодеструкција, во традицијата на тактиката на Каравангелис „со нив против нив“, со која „славофоните“ ги регрутирал во андартските чети, како што е прикажано погоре, служејќи се со култот на Александар како орудие. Устоличувањето на Александар во грандиозен кич-споменик на централниот плоштад на главниот град на државата (след оние во Прилеп и во Штип), претставува триумф на грчката византиска вештина, со која на тој чин му се дава вид на провокација на Грција, а всушност се провоцира автодеструкција на државата и суигеноцид на нејзиното мнозинско население.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=67EB7E...299C&arc=1
28-03-2012, 12:10 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#16

Македонската борба. Мемоари
Германос Каравангелис (Скопие, 2000)

http://www.promacedonia.org/gk/index.html
28-03-2012, 12:19 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#17

Става дума за XVII век!
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
28-03-2012, 01:51 PM
Website Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#18

дублиран пост
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
(This post was last modified: 28-03-2012, 01:52 PM by TATAP.)
28-03-2012, 01:51 PM
Website Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#19

Нема тема а Веритас да не ја сотре со своите неповрзани со темата постови. Јордан постави линк каде Македонија се спомнува во Ватикан како засебна единка. Но Веритас мора нешто неврзано во неговата опсесија да постави.


Инаку контактите со Ватикан со засебни Македонци се познати. Еден од највпечатливиот е


http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid...6#pid31166
28-03-2012, 05:01 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#20

(28-03-2012, 03:42 AM)Zoograf Wrote: Македонија во Ватиканските документи од тоа време се спомнува и на други места. Најважно кај Охридскиот архипескоп Атанасије, ех, шпанска чизма на империјализма (од ~1615 год)...
http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid...8#pid30578
[Image: pribichevich103.jpg]
[Image: pribichevich104.jpg]

Оттук, мили деца, разбираме, че в средновековието е имало град Охрид. Имало и архиепископ Анастасий.

Имало и области на Балкана: Сърбия, Босна, Далмация, Македония, Гърция, Тракия и България.
28-03-2012, 06:35 PM
Reply