ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
      
Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:ВЕРА ДИМИТРОВА 60години ТРАГА ПО ГРОБОТ НА ТАТКО СИ
Ликвидацијата на Крсто Војвода се' уште тајна
Цели 40 години се бореше за слободна Македонија, стана жртва на режимот во неа и до ден-денес никој не ми кажува каде е закопан,вели неговата 89-годишна професорка
![[Image: D58D227052E0C04F8509E8861AB1C978.jpg]](http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/D58D227052E0C04F8509E8861AB1C978.jpg)
Осумдесет и осумгодишната Вера Димитрова од Крива Паланка веќе 60 години трага по гробот на својот татко, војводата Крсто Лазаров Коњушки од Куманово, убиен без судење во 1945 година од комунистичка власт, заедно со 48 лица, за кои не се знае каде се закопани. Последна желба на Димитрова е да го доживее расветлувањето на свирепото убиство, за кое државата се' уште молчи, и да му запали свеќа на својот татко, кој 40 години бил борец за слободна и независна Македонија.Според досегашните оскудни сознанија, се претпоставува дека стреланите се закопани во масовна гробница во Кумановско. Сите се ликвидирани во еден ден, без судски процес, а дури подоцна била донесена формална пресуда со која се осудени на смрт.
ТЕМПО И КОЛИШЕВСКИ
Вера вели дека повеќе историчари се обиделе, но никој не успеал да го открие местото на тајната ликвидација во „кумановскиот случај“, извршена по наредба на Темпо и Лазар Колишевски, исто како што завршиле и 53 велешани.Крсто Војвода животот го загубил четири години по враќањето од Бугарија, каде што поминал многу години во прогонство, не прекинувајќи ја својата борба за ослободување на Македонија.
- На крајот стана жртва на сопствениот народ. Постојано го ризикуваше животот, сонуваше да се врати во Македонија, а овде го дочекаа како најголем непријател, лажно обвинувајќи го дека соработувал со бугарската власт. Толку години никој во државата не сака да го открие ни местото на злосторството - со нескриена болка вели Вера.Нејзиниот дом е исполнет со слики на татко и'. Тој една вечер бил затворен во подрумот на денешниот кумановски суд, а по една недела одведен во непознат правец и ликвидиран.
- На прозорецот на подрумот имаше тенекија со неколку дупки низ кои разговаравме. Рече дека му е ладно, но кога со сестра ми утредента му донесовме јамболлија, ни кажаа дека два камионасо затвореници биле однесени некаде и ликвидирани. До ден-денеска никој не ни кажа каде се закопани - раскажува Вера.
ТИ СИ МИ ТАТКО
Од страв да не настрада целото семејство, таа и нејзината сестра по убиството го запалиле дневникот од 600 страници во кој татко и' пишувал спомени од времето кога бил војвода, за конгресите на ВМРО, војните и за револуционерната борба.
- Мајка ми Марија Думановска, тогаш му била свршеница и ја испратил во Ќустендил, а тој со четата илегално ја минал границата. Таму се венчале и таму сме родени јас, сестра ми и брат ми. Тајно се враќаше во Македонија за да го организира отпорот. Само ќе речеше „одам внатре“ и знаевме каде е. За да не го откријат, кога бев мала ми го претставуваа како чичко. На улица некои луѓе ми даваа бонбони и ме прашуваа каде е татко ми и кога ќе дојде дома. Еднаш му се фрлив во прегратка и му шепнав: знам дека ти си ми татко - се сеќава 88-годишната пензионирана професорка по француски и македонски јазик.Фотографии на нејзиниот татко и на нејзиното семејство Вера дала во историската збирка на Музејот на Македонија.
Од Вера Македонката до Вера Бугарката
Како девојче учествувала на манифестација во Ќустендил на која децата носеле транспаренти на кои пишувало „Дајте ни училиште на мајчин јазик“, „Македонија на Македонците“, „Слободна и независна Македонија“...
- Може ли некој што организира вакви манифестации во Бугарија и во нив го вклучува своето семејство, па дури и петгодишната ќерка, да биде окфалификуван како непријател на својот народ? Во ниту еден архивски документ, па ниту во Енциклопедијата на Ќустендил, не пишува дека се борел за бугарската кауза, туку дека бил деец на Македонско-одринското револуционерно движење, на ВМРО, дека бил војвода пред и за време на Илинденското востание, учествувал во Балканските и во двете светски војни. Затоа не можам да се помирам со трагедијата што ја доживеавме, па уште ни гробот да не му го знаеме. Најмногу ме боли што во Бугарија бев Вера Македонката, а во Македонија сум Вера Бугарката - вели разочараната жена, чиј постар син го носи името на нејзиниот татко, а по него е крстен и синот на нејзиниот брат.
Цел живот борба
Крсто Лазаров, роден во 1884 година во Коњух, Кратовско, како 17-годишен стапил во четата на војводата Коста Нунков, бил во чети и на други војводи, а од 1907 до 1912 година се борел против турската власт како војвода со сопствена чета во Куманово. Во ВМРО влегол во 1900 година, бил делегат на конгресите во 1925, 1928 и во 1932 година, кога бил избран за привремен претседател на конгресот, а станал и член на потесното раководство на организацијата. Познат е и по организирањето на атентатите на железничката пруга Скопје-Куманово. Поради борбата против српската пропаганда, бил прогонуван и апсен и во 1918 година принуден да побегне во Бугарија.
Жаклина Цветковска
|
|