Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 1 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Jaguar C-X75
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Jaguar C-X75 - Иднината на Автомобилите


[Image: 2011%2f5%2fjaguarcx75GT10.jpg]

Оригинално дизајниран по повод 75 годишниот јубилеј на компанијата, овој модел претставува технолошко и дизајнерско чудо. Концептната верзија на овој хибриден супер автомобил имаше 968КС, максимална брзина од 330km/h и ниска емисија на CO2, од само 28g/km.
0123456789101112


[Image: 2011%2f5%2fjaguarcx75GT6.jpg]

Претставен како концепт на авто саемот во Париз во 2010 година, Jaguar C-X75, конечно доби зелено светло да влезе во производство и тоа во лимитиран број на примероци.

[Image: 2011%2f5%2fjaguarcx75GT7.jpg]

Оригинално дизајниран по повод 75 годишниот јубилеј на компанијата, овој модел претставува технолошко и дизајнерско чудо. Концептната верзија на овој хибриден супер автомобил имаше 968КС, максимална брзина од 330km/h и ниска емисија на CO2, од само 28g/km.

[Image: 2011%2f5%2fjaguarcx75GT9.jpg]

Продукциската верзија нема баш да ги задржи овие бројки, но од Jaguar ветуваат, перформанси слични на Bugatti Veyron (преку 300km/h макс. Брзина и од 0-100 километри за помалку од 3 секунди) и чистота како Toyota Prius (емисија на CO2 помалку од 99g/km). Со овие бројки зад себе, овој Jaguar ќе има најголемо забрзување и ќе биде најбрз од сите Jaguar-и до сега.

[Image: 2011%2f5%2fjaguarcx75GT8.jpg]

Деталите за моторот кој ќе биде вградуван во C-X75 сеуште не се обелоденети, но ако судиме според концептот, тогаш тоа ќе биде бензинско-електричен хибриден систем кој ќе им дава погон на сите 4 тркала. Соработката со F1 експертите Williams при производството на овој автомобил ветува мотор создаден со помош на технологија која се користи во врвниот моторспорт, па од таму и перформансите. А како додаток на се, зад седиштата, поставени средишно ќе има поставени гасни турбини, детал инспириран од авио индустријата.

[Image: 2011%2f5%2fjaguarcx75GT2.jpg]

Енетериерот е исто така инспириран од авио индустријата и изгледа како кокпит на некое летало од иднината. Со многу LED искористен на вратите, на контролната табла, на мерачите за брзина кои изгледаат како да лебдат и со врвен аудио систем со звучници дизајнирани од hi-fi специјалистите Bowers & Wilkins. Седењето е толку ниско, што ви изгледа дека се возите во болид од Formula 1.

Jaguar C-X75 ќе биде целосно изработен во Британија и ќе бидат произведени само 250 примероци. Цената? Па штом нуди перформанси како Bugatti Veyron, очекувајте и слична цена.

11-05-2011, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



[Image: B56F6423C245D2EFB3A747B558E.jpg]
15-05-2011, 01:16 AM
Reply