Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Проф. Лабовиќ: Мојата предлог стратегија за правосудството во Македонија Опсервер: Пр
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote: 5.Предлог- стратешка насока, Врховен совет на правдата

Членовите на Судскиот совет и Советот на ЈО, според позитивната регулатива во Македонија, не одговараат пред никого. Како констатација ова е споменето во Стратегијата (Стратегија на Владата на РСМ (2017-2022), но повторно, воопшто нема стратешка насока за ова исклучително битно прашање. Моите генерално концепциски ставови за начинот на конституирање, положбата во правосудниот и целокупниот правен систем, функциите и односите со другите државни институции на ова исклучително важно тело, кое може да носи наслов – Врховен совет на правда, конципирани се уште пред 17 години, а доразвиени се во научното дело “Власта корумпира“ ( Лабовиќ, 2006). Во научната студија “Системска корупција и организиран криминал“, предлагам слична концепција, но со изменети надлежности на Уставниот суд (за што разговаравме и со претседателот на ЗС г-дин Џемали Саити). Со оглед на ново проширената и значајна улога што треба да ја има Уставниот суд, како највисока институција за контрола на владеење на правото, називот на институцијата може да биде – Уставен совет на правдата. Сепак, овие се поголеми концепциски елаборации, кои зафаќаат измени и дополнувања во повеќе сегменти, така што од просторни причини не можам тука да ги елаборирам. Во секој случај голема стратешка празнина е што воопшто не постои како стратешка насока едно вакво тело, без оглед каков назив ќе има, со оглед на фактот што засега членовите на Судскиот совет не одговараат пред никого. Се заговара и опцијата судиите во Врховниот суд да не одговараат пред Судскиот совет, но заговорниците на таа идеја немаат адекватна солуција пред кое друго тело ќе одговараат врховните судии, ако не пред Судскиот совет. Или, се смета дека воопшто не треба да одговараат пред никого? Мојот предлог е да остане решението, судиите на Врховниот суд да одговараат пред Судскиот совет. Но, Судскиот Совет мора да биде со зајакната структура и зајакнат состав од редот на најискусните и најквалитетните судии (Venice Commission Report, 2010). Правото на жалба против одлуките на Судскиот совет и за судиите на Врховен суд треба да биде разгледувано во ново конципираното тело (Врховен совет на правдата или Уставен совет на правдата). Исто така, Стратегијата не предвидува стратешка насока со која треба да се надмине постоечката состојба, според која судиите немаат право да се жалат против одлуките на Судскиот совет за избор односно унапредување. Мојот предлог-решение е жалбите против одлуките на Судскиот совет и во овој дел да бидат предмет на одлучување пред Врховен совет на правдата или Уставен совет на правдата. Предлогот за нова стратешката насока е : – Утврдувањето на одговорност на членовите на Судски совет и Советот за јавни обвинители да го врши независно тело (Врховен совет на правдата или Уставен совет на правдата ), за чии што проширени надлежности, квалитативно нов начин на конституирање, место-положба во системот, структура и бројчан состав треба да се отвори дополнителен простор за дискусија. – Судиите и јавните обвинители правото на жалба против одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители можат да го изјавуваат пред независно стручно тело (Врховен совет на правдата или Уставен совет на правдата ). ОБРАЗЛОЖЕНИЕ на ПРЕДЛОГ за ДОНЕСУВАЊЕ НОВ ЗАКОН за ОПТИМАЛНО НЕЗАВИСНО И ВИСОКО СТРУЧНО ТЕЛО ВО РАМКИТЕ НА ПРАВОСУДСТВОТО Во текстот подолу, образложението за наведениот предлог поконкретно се однесува за судството. Меѓутоа, по некоја адекватна аналогија, сличен предлог може да се дизајнира и за јавно- обвинителскиот систем, во насока, која што е елаборирана за судството. Едно од можните алтернативни решенија може да биде: Во рамките на Врховниот совет на правда (или Уставен совет на правда) да се формираат 2 ( два) Оддела, еден за судството, друг Оддел за јавното обвинителство. Одделот за јавно обвинителство, меѓудругото, треба да биде надлежен за утврдување одговорност на членовите на Советот на ЈО (може и за Специјалниот јавен обвинител, по предлог на Советот на јавни обвинители), одлучување за времено одалечување од функција на член на Советот на ЈО, како и за одлучување во жалбена постапка против одлуките на Советот на јавни обвинители. Што се однесува конкретно до судството, потребно е ново системско решение за формирање ОПТИМАЛНО НЕЗАВИСНО И ВИСОКО СТРУЧНО ТЕЛО, кое на најдобар можен начин може да обезбеди надворешна и внатрешна независност и непристрасност при: Одлучување за одговорноста на членовите на Судскиот совет, (кои досега не одговараат пред никого), а со постоечките предлог-решенија се предлага да одговараат пред своите колеги. Одлучување за времено одалечување од функцијата член на Советот. Одлучување по жалба против одлуките на Судскиот совет, не само за санкции за дисциплинска или стручна одговорност, евентуално разрешување (како досега), туку и за избор односно унапредување на судиите. Предлогот за називот на новото независно и високо стручно тело треба да одговара на делокругот на работата. Оттука произлегува предлогот називот на ова тело да биде “Врховен совет на правдата ( во понатамошен текст ВСП), а секако дека може да се вика и поинаку. За формирањето на ова тело потребни се уставни измени, по што тоа може да биде правно регулирано со донесување нов закон кој се носи со обично мнозинство, исто како и Законот за судски совет. Доколку ингеренциите на ова тело би биле инкорпорирани во рамките на Уставниот суд, како што тоа, впрочем, го разговаравме со претседателот на Здружението на судиите г-дин Саит Џемали, (односно Уставен совет на правдата), со проширени ингеренции, квалитативно нов начин на конституирање, нова структура и бројчан состав на Уставниот суд, тогаш, исто така, би биле потребни уставни измени. Но, се разбира, за тоа треба дополнително да се дискутира и утврди кои се најоптималните стратешки насоки за обезбедување долгорочни и системски стабилни конкретни решенија за ова независно и стручно тело во иднина. Длабоко сум убеден дека соодветните уставни измени ќе отворат пат овие прашања далеку пооптимално да бидат регулирани со нови одредби во НОВ ЗАКОН, имајќи ги предвид следните конкретни предлог-решенија базирани на реално аргументирани премиси: Иницијатива за поведување постапка за одговорност на член на Судскиот совет може да дадат 25 судии за делот на членови на Судскиот совет избрани од редовите на судиите, Собранието на РМ што го избрал членот на Судскиот совет или една третина на членови на Судскиот Совет. Иницијативата за покренување постапка за одговорност на член на Судскиот совет се поднесува директно до новото независно и високо стручно тело. Аргументираниот резон е дека членовите на Судскиот совет кои одлучуваат за одговорност на судиите во прв степен, треба да одговарат пред друг орган, кој што, исто така, треба да одлучува во жалбена постапка против одлуките на Судскиот совет. Додека членовите на новото, независно и високо стручно тело кои се избрани од редот на судиите (како што ќе видиме од алтернативните предлози подолу) треба да одговараат пред вкупниот број на судии во РМ ( со апсолутно или квалификувано мнозинство), а членовите на новото тело избрани од Собранието треба да одговараат пред Собранието, кое одлучува со квалификувано мнозинство, во постапка детално утврдена со законот. Начините на одлучување во однос на прашањата кои произлегуваат од надлежностите на новото независно и високо стручно тело можат да бидат следните: а) Одлуките се донесуваат со мнозинство од вкупниот број на членови на новото независно и високо стручно тело б) Одлуките се донесуваат со 2/3 мнозинство од вкупниот број на членови на новото независно и високо стручно тело I. Тргнувајќи од еден од основните постулати на рационалистичката епистемологија – дека идеално решение не постои – пред нас е предизвикот да оцениме и споредиме меѓу повеќето понудени предлог решенија – кое е најоптималното решение, во смисла, кое од различните предлози има повеќе предности, а кое повеќе слабости, гледано низ призма на SWOT анализата во насока на остварување на поставените цели и можните закани за неостварување на тие цели, како и според логичките принципи на аргументација поврзани со неспорните емпириски факти. Во таа смисла: Дали е подобро за поведување постапка за гласање недоверба на член на Судскиот совет и Одлука за времено одалечување од функцијата член на Советот, да одлучува: а) високо стручно и независно тело надвор од Судскиот совет, или б) да одлучуваат негови колеги од самиот Судски совет ( како што е тоа сега предвидено во Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, пришто моше реално во услови на нашиот менталитет и обичаи (кои што не ретко се посилни од законите), многу е поверојатно да се јави неприципиелен солидаризам по колегијални и кронистички основи односно корпоративен клиентелизам, во контекст на познатата народна поговорка “Гавран на гавран не копа очи“. Ретките примери на ислучоци од оваа максима кои најчесто се однесуваат на политички исфорсирани случаи по нарачка, не треба да не одвраќаат од идејата за едно ново независно и високо стручно тело надвор од Судскиот совет, кое ќе одлучува по овие исклучително важни прашања. Одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за судски совет дека 2/3 од вкупниот број на судии ја донесуваат конечната одлука за разрешување на член на Судскиот совет, како и 2/3 од вкупниот број пратеници во Собранието на РМ за делот на членови на Судскиот Совет кои ги бира Собранието, не треба да ни ја замаглува вистината пред фактот дека, сепак, предуслов да се стигне до оваа фаза е: “образложената одлука по барањето за поведување на постапката за гласање за недовреба во вршење на функцијата на член на Совет ја донесува самиот Судски совет со најмалку осум гласови“. НОВОТО НЕЗАВИСНО И ВИСОКО СТРУЧНО ТЕЛО треба да биде конституирано според највисоки критериуми за утврдување кандидати (или, пријавени кандидати на јавен конкурс) од редот на најдобрите судии на Врховниот суд во изминатите години, докажани со својата работа и моралниот интегритет, како и пензионирани судии од Врховниот суд со слични највисоки критериуми. Функцијата на член на ова тело треба да биде наспојлива со вршење на било која друга професија или функција, освен оние професии кои ќе бидат определени со закон, а кои не се во судир на интерси со вршењето на оваа функција. За условите и начинот на водење постапка за избор и разрешување, како и критериумите за: а) пријавување кандидати на јавен конкурс или б) предлагање кандидати, за структурата, бројчаниот состав и должината на мандатот, имам определени концепциски замисли, но оставам простор деталните конкретни решенија подобро да бидат прецизирани во дискусија со повеќе искусни стручњаци. Главаната теза е дека мнозинството на членови на ова тело треба да биде од редот на актуелни и пензионирани врховни судии, кои се бират непосредно од страна на сите судии на територијата на РМ и одговараат пред нив. Другиот дел од структурата на членовите треба да биде од Собранието на РМ, на начин на кој што е подолу објаснето. Еден од можните предлози е: Предлогот за утврдување кандидати од редот на судиите за избор во оваа високо стручна функција во ВСП да го врши Професионалното здружение на судии на РМ, врз основа на високо подигнати и објективизирани критериуми. Конечниот избор на членовите на ова тело да го вршат: а) Мнозинство од вкупниот број на судии во РМ б) 2/3 од вкупниот број на судии во РМ Иницијатива за поведување постапка одговорност на член на ВСП може да дадат 25 судии. Еден од можните предлози е: Иницијативата за поведување постапка за одговорност на членовите на ВСП, што се избираат од редот на судиите, да се разгледува и предлогот да го утврдува Професионалното здружение на судиите на РМ, а конечната одлука ја донесуваат: а) Мнозинство од вкупниот број на судии во РМ



https://opserver.mk/makedonija/prof-labo...akedonija/
31-10-2022, 12:23 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Проф. Лабовиќ: Мојата предлог стратегија за правосудството во Македонија Опсервер: Пр - by ЈорданПетровски - 31-10-2022, 12:23 PM