Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Проф. Лабовиќ: Мојата предлог стратегија за правосудството во Македонија Опсервер: Пр
Author Message
ЈорданПетровски Offline
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*******

Posts: 17,634
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote: 4.Предлог-стратешка насока, Судски совет

Во стратегијата има многу констатации за Судскиот совет, но нема стратешка насока за неговата структура и состав. Со оглед на фактот дека Судскиот совет преставува уставна категорија, потребни се Уставни измени со кои Министерот за правда и Претседателот на Врховниот суд не треба да бидат членови по функција во советот. Во Стратегијата предвидено е овие двајца функционери да останат во Советот, но без право на глас, што објективно гледано, не е најдоброто можно, реално одржливо и практично спроведливо решение, овде, кај нас, не во некоја развиена земја членка на ЕУ, затоа што и без право на глас со своето учество тие можат да влијаат и вршат своевиден притисок врз донесувањето на одлуките на советот. Ова генерално, стратешко решение, впрочем, како и сите други стратешки решенија, не треба да тргнуваат од фактот која е моменталната пресонификација на политичката номенклатура на власта. Тоа е така, затоа што не е ислкучена можноста во конкретниот историски миг на позиција министер за правда да биде избрана високо морална личност, која нема ни да помисли, а камоли да влијае врз одлуките на Судскиот Совет. Меѓутоа, Со оглед дека стратешките решенија не се предвидуваат за определени личности, туку тие треба да обезбедат долгорочни системско-стабилни решнија на подолг рок, имајќи ја предвид реалната можноста на определената позиција некогаш да дојде и најлош можен избор, затоа е потребно, во наши услови, правосудството да биде целосно ослободено од политиката. Тоа се однесува, како на Министерот за правда, така и на Претседателот на Врховниот суд, кој може и самиот да биде предмет на одлучување пред Судскиот совет. Неопходната соработка и координација за опредеелни работи може да се остварува и на друг начин без да биде Претседателот на Врховниот суд член на Советот. Според тоа, потребно е дополнително зајакнување на структурата на Судскиот совет, како услов за зацврстување на неговата надворешна институционална независност од полтички влијанија и притисоци. Едно од можните предлог-решенија би можело да се движи во следната насока: Десет (10) члена на Судскиот совет да ги избираат судиите од своите редови. Четворица од избраните членови да се припадници на заедниците кои не се мнозинство во РМ, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓните кои припаѓаат на сите заедници. Пет (5) члена избира Собранието на Република Македонија, од кои најмалку 3 (три) по предлог на опозицијата од редот на универзитетски професори по право, адвокати, нотари или извршители, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ. Ставовите еден и два од Амандман XXVIII од Уставот на РМ остануваат непроменети. Условите и постапката за избор и разрешување, како и престанок на мандатот на членови на Судскиот совет, се уредуваат со закон. ПРЕДЛОГ- ИЗМЕНИ на ЗАКОНОТ за СУДСКИ СОВЕТ и de lege ferenda идни УСТАВНИ ИЗМЕНИ Во однос на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за судски совет, предлагам подолу наведените членови да бидат усвоени од Парламентот во овој конкретен период, но, да се нотираат овие стратешки насоки во Стратегијата за правосудство (2017-2022) и во погодно време во иднина да се иницираат потемелни измени на Уставот на Република Македонија, а потоа и соодветни законски измени. Во овој дел нема да давам образложенија затоа што образложенијата се дадени подолу во текстот, со оглед на нивната генерално концепциска суштина и релеватност од аспект на потребата за дополнување на Стратегијата за правосудство (2017-2022), со неколку стратешки насоки, со цел за пополнување на досегашниот недостаток од генерален концепциски поглед и единствена стратешка визија за проектирање на долгорочни системски стабилни решенија, за што, кај некои од овие решенија неминовно ќе бидат потребни уставни измени. Член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судски совет, со кој се менува членот 6, став 2, во смисла дека министероот за правда и претседателот на Врховниот суд, како членови по функција учествуваат во работата на советот, но без право на глас, ги поддржав како предлог и сметам дека засега треба да останат како законско решение. Меѓутоа, предлагам дополнување на Стратегијата за правосудство со нови стратешки насоки, а во соодветно време и измена на Уставот на Република Македонија, во насока за нова структура и нов состав на Судскиот совет, според образложението кое што следува подолу во текстов. Истото се однесува и на член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судски совет, со кој се измени членот 36, став 2. Потребно е посебно да се сврти внимение – кога ќе се спомнат Уставни измени дека не треба да ни “се крева косата на главата“, затоа што тоа не значи дека “утре“ треба да се отвори постапка за уставни измени. Се разбира дека тоа е прашање на дистинкција меѓу стратегија и тактика. Во ингеренции на Владата е да ја процени политичката ситуација и одреди тактика, што значи, проценка за времето (динамиката), погодноста на политичкиот момент, погодната констелација на политички сили и односи во Парламемнтот, кога и како ќе се реализира оваа стратешка определба. Можеби тоа не ќе може да се реализира во текот на овој мандат на Владата. Но, Владата, треба тоа да го нотира како своја проектирана, долгорочна системско-стратешка насока (освен ако аргументирано нема друга подобра предлог-солуција), имајќи предвид дека стратегиите, за разлика од тактиките и акционите планови треба да имаат иманентна карактеристика на генерален концепциски поглед – СТРАТЕШКА ВИЗИЈА за проектирање долгорочни системски стабилни решенија, кои треба да ги надминат мандатите на една конкретна владина номенклатура и да остават зад себе: 1) систем од кој најголема корист, покрај најголемиот дел од граѓаните, ќе има токму Владата што прва ќе го спроведе овој концепт, затоа што ќе остави таков систем позади себе со кој еден ден кога ќе замине, ќе се заштити себе од неоснован кривичен прогон, заради партиски реваншизам и разни други ирационални мотиви, што е ноторен факт кој преставува фолклор во Македонија од самостојноста до денес. 2) Владата која прва ќе го “инсталира“ овој систем, ќе остави неизбришлива трага во историјата на својот народ, бидејќи ќе остави систем зад себе, кој што долгорочно и системски стабилно ќе функционира, независно од тоа која пратија или коалиција ќе дојде во иднина на власт. 3) Постои голема веројатност овој концепт на реформи, доколку биде препознаен, усвоен и практично спроведен во Република Северна Македонија, да ги надмине националните и регионални граници и да стане реформска парадигма за преку 80 % земји од светот, кои се соочуваат со слични проблеми на загрозување на владеењето на правото, како и нашата земја. Што се однесува до потребата за дополнување на стратегијата, не треба тоа да го гледаме низ призма на ригидна, бирократска и догматска правна свест, за тоа дека Европската Комисија ја има веќе одобрено стратегијата и консеквентно на тоа не може веќе таа да се ревидира до крајот на нејзиниот рок. Ова би било многу погрешно мислење, бидејќи Европската Комисија секако дека ќе се сложи со дополнување на стратегијата, ако имаме силни аргументи дека со предложените измени значително ќе се подобрат реалните услови за СИСТЕМСКО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, со тоа што предвидените предлог-решенија во новите стратешки насоки ќе бидат подигнати на уште повисоко квалитативно ниво за неколку скали, отколку што се постоечките стратешки насоки. Всушност, со новите стратешки насоки, кои доколку бидат комплементарно следени со други системски измени во поврзаните системи и потсистеми во општеството, директно ќе се придонесе кон решавањето на нашиот најголем општествен проблем – повисок степен на практична примена на законите. Впрочем, ништо не е еднаш засекогаш дадено, така што се е подложно на измени и промени. Освен тоа, деловникот за работа на Советот за следење на имплементација на стратегијата за реформи во правосудниот сектор (2017-2022) во чл. 2 ст. 1 алинеа 6, предвидува дека Советот “дава препораки за ревидирањена стратегијата врз основа на годишните планови и извештаи за имплементација на стратегијата“. Се разбира дека реформските зафаќања се обемни и длабоки, така што не треба да одиме според онаа нашата стара девиза: Оваа е премногу, не може сето ова да се реализира сега, дајте да видиме што може побрзо и полесно нешто да “прикрпиме“ сега, а за после ќе видиме. На овој стар и добро познат начин, не може “тешко болниот пациент“ да се излекува трајно. Ако некој мисли дека проблемот со владеењето на правото во Македонија е лесно решлив проблем со интервенција во пакет закони, тогаш имаме голема разлика во перцепцијата на проблемите. Од една страна, сите декларативно и номинално бараат суштински, темелни реформи во правосудството, а од друга страна, кога ќе се соочиме со тоа што навистина значат тие суштински и длабоки реформи во правосудството и што се` треба да направиме за да имаме значителен и видлив напредок во оваа област, повеќето не сакаат ни да слушат што се` треба да се направи и прибегнуваат кон палијативни и парцијални решенија.
31-10-2022, 12:21 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Проф. Лабовиќ: Мојата предлог стратегија за правосудството во Македонија Опсервер: Пр - by ЈорданПетровски - 31-10-2022, 12:21 PM