Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
+info от днеска - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: +info от днеска (/showthread.php?tid=4415)



+info от днеска - Васил - 21-11-2022

Здравейте Йордане,
днеска нещо ви одумват на +info. Твърде много сте ръчкали по темата за люстрацията... 

Македонија доволно се има извинето на жртвите на комунизмот (21.11.2022)


"– Ги имаш тие групи, како тој Јордан Петрески и компанија, кои постојано ја држат таа тема, за УДБА, дека УДБА сè уште контролира сè во нашите органи, а таа група не бара рехабилитација на жртви на комунизмот, туку на оние што реално во тоа време биле криминалци и би одговарале во било која држава."

Отделно, че и фамилията Ви са променили. Докога на величия като Спасовски ще им се дава трибуна да form the public opinion in Macedonia? И какво става с Жарко Јордановски? Той май беше либерал на младини.


RE: +info от днеска - ЈорданПетровски - 17-12-2022

(21-11-2022, 03:27 PM)Васил Wrote: Здравейте Йордане,
днеска нещо ви одумват на +info. Твърде много сте ръчкали по темата за люстрацията... 

Македонија доволно се има извинето на жртвите на комунизмот (21.11.2022)


"– Ги имаш тие групи, како тој Јордан Петрески и компанија, кои постојано ја држат таа тема, за УДБА, дека УДБА сè уште контролира сè во нашите органи, а таа група не бара рехабилитација на жртви на комунизмот, туку на оние што реално во тоа време биле криминалци и би одговарале во било која држава."

Отделно, че и фамилията Ви са променили. Докога на величия като Спасовски ще им се дава трибуна да form the public opinion in Macedonia? И какво става с Жарко Јордановски? Той май беше либерал на младини.



ВЕРНИОТ ЧУВАР НА ТОТАЛИТАРНИОТ КРИМИНАЛЕН И КОРУПРИВЕН СИСТЕМ ГЕРОСКИ ПОВТОРНО СИ ГО ПОКАЖА НЕДЕМОКРАТСКОТО ЛИЦЕ!!
Како и што очекував, мојот одговор Героски не го објави досега а тоа значи дека нема никогаш па ни тогаш да го објави.
Според законот на тоа бил обврзан:


Право на исправка на објавена информација
Член 17
(1) Секој има право од издавач на медиум, односно од одговорен уредник на издавач на медиум да бара, без надоместок, да објави исправка на објавена информација во која се наведуваат неточните факти објавени во информацијата, а со кои биле повредени неговите права или интереси. Право на исправка имаат и правните лица и други организации и тела, доколку со информацијата биле повредени нивните права или интереси.
Член 19
(1) Исправката мора да биде објавена во рок од два дена од доставувањето на барањето во првиот нареден број, ако се работи за периодични изданија или во друг медиум, ако се работи за не периодична публикација. Во време на изборен процес исправката мора да биде објавена во првото следно издание, односно првата следна програма од ист вид веднаш по примањето на исправката

Право на одговор на објавена информација
Член 26
(1) Физичко или правно лице има право да поднесе барање до издавач на медиум, односно до одговорен уредник на издавачот на медиумот, без надоместок, да објави негов одговор на објавена информација, доколку физичкото или правното лице има поврзаност со наведените факти објавени во информацијата или доколку има легитимен интерес.

Да го тужам +ИНФО не ни помислувам, бидејќи тоа судство со 8% доверба е еден од чуварите на тоталитарниот, коруптивно мафијашки комунистички систем.

пс. ако сака некој нека го пренесе линков од текстот на Ѓорѓи Спасов и воено и мојот повик до Сапасов дека ако сака, односно ќе собере храборост да го демантира онаа што сум го напишал нека повели во групаѕа форум котле па тука ќе полемизираме.

Quote:ИЗВИНУВАЊЕТО“ НА ДОКАЖАНИТЕ ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ Е САМО ОБИД ДА СИ ГИ ИЗМИЈАТ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ


[Image: 1.jpg]



Јордан Петровски 27.11.2022

Одговор на изјавата на Другарот Ѓорѓи Сопасов во текстот МАКЕДОНИЈА ДОВОЛНО СЕ ИМА ИЗВИНЕТО НА ЖРТВИТЕ НА КОМУНИЗМОТ Прозивките од ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ се дневнополитички фолклор, во кој ме споменува мене, Јордан Петровски.
Quote:– Ги имаш тие групи, како тој Јордан Петрески и компанија, кои постојано ја држат таа тема, за УДБА, дека УДБА сè уште контролира сè во нашите органи, а таа група не бара рехабилитација на жртви на комунизмот, туку на оние што реално во тоа време биле криминалци и би одговарале во било која држава. Прашање е дали секој што во време на комунизмот бил санкциониран, може да го прогласиш како жртва на комунизмот. Вклучувајќи ги и сите оние што во време на фашизмот соработувале со фашистите и слично. Секако, настрадале и тие кои што не ја прифаќале Југославија, тие што сакале независна Македонија, некои сакале да се оди кон Солун, или пак тие што сакале Македонија да биде во состав на Бугарија. Тоа биле идеолошки борби и прашење е дали сите може да ги прогласиш за жртви на комунизмот. Тоа е како денеска ВМРО-ДПМНЕ да го прогласиш жртва на СДСМ, и СДСМ жртва на ВМРО-ДПМНЕ. Па можеме да ги бараме жртвите на груевизмот, или жртвите на приватизацијата, и така натаму. Се манипулира со поими „жртва“, „џелат“, „кодош“ за да се остави емотивен впечаток во јавноста и тука нема многу простор за разговор – вели Спасов. 
Првин да пренесам толкување што значи Рехабилитација:
Значење на рехабилитација:
  1. Повторно воспоставување углед, добар глас, чест, репутација. Морална рехабилитација. Рехабилитација на добриот глас.
  2. (прав.) Враќање на одземени права. Со рехабилитацијата на поранешните противници на системот власта ги поправи грешките од минатото.
Од горнава дефиниција е јасно дека постои еден сериозен проблем, односно дефицит, со рехабилитацијата како решение на проблемот со кој е соочена македонската држава. Имено, проблемот е во тоа што рехабилитацијата како механизам не бара одговорност од сторителите на кривични дела--напротив, таа ја зачувува моралната супериорност на сторителот (злосторникот), а само им дава величествена прочка на прогонуваните од страна на злосторниците! Според тоа, Другарот Спаспов е во право кога вели дека јас не сум задоволен со понудите на неговата страна, бидејќи јас не барам рехабилитација на жртвите на комунизмот. Јас барам судски процеси на кои ке одговараат комунистите за своите злостори од 1945 па се до моментот кога завршиле нивните злодела--датум кој треба да се утврди како производ на истрага и кривичен процес. Она што Спасов и компанија се обидуваат да го премачкаат со вар е дека постои документирана историја на судски процеси засновани на лажни и чисто политилчко-идеолошки обвиненија, како и чист идеолошко-политички прогон извршен по пат на систематски репресивни мерки врз луѓе кои по сите разумни основи делувале сосема во рамките на Уставот, законите, и Природното право--односно разумот, чија што единствена квазиправна основа, според Владе Милчин, била „потребите на владите.“ Овие наместени судски процеси, како и неуставните прогони и репресивни мерки од политички и идеолошки причини уништиле луѓе, а на нивните семејствата им ја одзеле иднината на нивните поколенија. Кога имаме случај на убиство, правната сатисфакција не се постигнува со рехабилитација на убиениот, туку со затворска казна за убиецот. Оттука, извинувањата и рехабилитациите се само театрален перформанс на злосторниците да си ја откачат одговорноста која им тежи, а со тоа да си ја ги сочуваат општествените позиции со кои се стекнале по пат на неморални дејности. Да почнам со ред. Дека механизмот на рехабилитација за злоделата кои комунистите ги прават од 1945 година па до денеска е само обид да се спасат од казните за злото кое тие го прават во овие скоро осумдесет години, ќе дадам прецизен пример преку случајот на Методија Андонов Ченто.

Прашање: Дали УКИНУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА е вистинската РЕХАБИЛИТАЦИЈА на Ченто?
Одговрор: НЕ!

Образложение: Рехабилитацијата е само симнување на кривичната одговорност од неговите џелати, која ниту ја докажува неговата невиност, ниту ги става пред одговорност оние кои бесправно ги оштетиле Ченто и неговото семејство, кое останало без својот патријарх! Без повторена судска постапка, не можело и не може да има рехабилитација. Зошто? - Една причина за тоа е фактот што во ОБВИНЕНИЕТО против Ченто има дела кои тој навистина ги сторил. Имено, тој барал РАЗДРУЖУВАЊЕ од Југославија! Проблемот за Спасов и компанија е тоа што самоопределувањето до отцепување на народите од Југославија било загарантирано со Уставот на ФНРЈ!! Тоа, Друже Спасов, значи дека таквото дејство на Ченто не може да биде кривично дело! Неговата рехабилитација од страна на оние кои го оштетиле--до точка на уништување--само означува великодушност на системот, кој ете, и покрај тоа што тој--според логиката на Спасов и Комунистите--бил криминалец, ќе добие помилување од добродушниот Систем.
 
[Image: 320440292_1421936598214654_3684395095603...e=63A375CA]

Понатаму, во пресудата има и дела за кои Ченто лажно е обвинет. Тоа е обивинението дека Ченто планира да пребега во Грција, поради што бил апсен при обидот за бегство и организирање на вооружени групи. За овие обвиненија не постои материјален доказ! 
Дел од обвинението, кој според мене е пресуден за елиминацита на Ченто, е на скенираното!

[Image: 320401785_1308176039946964_1232337077648...e=63A2D5C4]

Секој кој ја смета Чентовата рехабилитација и рехабилитацијата на сите жртви за периодот 1945 -1991 кои се бореле за самостојна и демократска држава Македонија за лажна--а тое е обврска на секој Македонец--во едно не треба и не може да прифати македонска државотворност од 1944/5 година. Причината за тоа е судењето и осудувањето на Ченто, кој бил перјаница на национал-демоктаското крило, и кој бранејќи ги Македонските интереси дошол во судир со Темпо, Тито и нивните гавази во Македонија! Ченто многу јасно вели дека ФНРЈ е само окупаторско продолжение на претходниот окупатор, Кралска Југославија. Патем, Ченто не бил сам во неговата загриженост дека повоена Македонија ќе се врати под управата на Србите, како што може да се воочи од извештајот на капетан Реинер содржана во нашата збрика преводи на документи од арихите на ЦИА. Но има уште една причина, со Ченто страдаат и Брашнаров, Шатев, Марковски, Соколов и други кои за разлика од Ченто имаат комунистичката идеолошка еднаквост со „убијците“ на Ченто но се исти во погледот по прашањето за самостојна и демократска држава Македонија.
Јас сум убеден дека Ченто не би сакал да биде рехабилитиран на ваков начин и ставен на исто историско ниво со Глигоров, Колишевски, Марина, Чашуле, Мојсов, односно, со неговите убијци а воедно и убијците на Македонската самостојна и демократска држава.
Патем, постапката за неговата рехабилитација, е само семејна и судска. Нема никакво историско, па ниту државно, значење. За државата да си најде место во меѓународната заедница, нужноста од целосна историска рехабилитација е важна. Со тоа ќе биде рехабилитиран не само Ченто, туку сите историски личности  кои се бореле за самостојна и демократска држава Македонија ќе си го завземат висинското место во историјата..
Патем, постапката за неговата рехабилитација, е само семејна и судска. Нема никакво историско, па ниту државно, значење. За државата да си најде место во меѓународната заедница, нужноста од целосна историска рехабилитација е важна. Со тоа ќе биде рехабилитиран не само Ченто, туку сите историски личности  кои се бореле за самостојна и демократска држава Македонија ќе си го завземат висинското место во историјата.
Втората причина зошто не барам рехабилитација--не само за „жртви на комунизмот, туку на оние што реално во тоа време биле криминалци и би одговарале во било која држава“--а во која лежи и потврдата дека УДБа продолжила со свoјот прогон на Македонци, односно дека таа останала контролор на политичкиот и општествениот живот во Македонија е во фактот што уште во 1991 година дојде до инсталирање на власт од ортодоксни комунисти избрани од редот на соработниците на КОС и УДБа, кои го продолжија комунистичкиот прогон во периодот на лажната самостојност на Р. Македонија со користење на закони и методи од бившата СФРЈ! Во овој период, според доказите кои станаа достапни со отварањето на досиетата 1999/2000 година, е евидентиран неуставен прогон од политички и идеолошки причини на неколку илјади луѓе се до денот стапувањето на сила на законот за пристап до досијеата, а тоа е 2000 година. Индициите говорат дека тој прогон продолжил и после 2000 година, поради што велам дека крајниот датум ќе мора да се утврди по пат на криминална истрага. 
Еве ги доказите за моето тврдење: Во периодот после 1991 година, кога Р. Македонија се одвои од СФРЈ и изгласа „самостојност“ ДБК/УБК=УДБа продолжија да работат по законите на СФРЈ барем до 1996 година--за тој период поседувам непобитни докази и вие ги гледате на решенијата за прислушкување. УДБа продолжила да си го тера онаа што единствено го знае--прогон на Македонци---иако бил донесен Устав на Самостојна Република Македонија кој бил прилагоден на повеќе партискиот систем и парламентарна демократија. Но УДБа од секогаш била над Уставот! Па така и покрај тоа што според Уставниот законик, законите на „самостојна“ Република Македонија мораа во рок од ЕДНА година да се усогласат со Уставот Р. Македонија кој е донесен на 17.11.1991 година, СДБ/ДБК/УБК=УДБа продолжиле со старата практика на прогон, сега само со малку изменети обвиненија кон Македонците кои се залагале за потполна самостојност на Р. Македонија и коренити промени во системот, односно раскин со комунистичкиот начин на практикување на власт--а тој раскин не е можен ако не се растури УДБа! После 1991 година, УДБа како основа за прогон и отворање на досијеа користи дека кај лица по „случајност“, членови или симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и носители на идејата за самостојна Република Македонија, секогаш пронаоѓа индиции дека тие лица соработуваат со БНСР (буграска разузнавачка служба) кон „насилно рушење на Уставниот поредок на Р. Македонија “ и Македонски Врховизам и Екстремизам!
УДБа во 1992 година со неуставни Правила за работа на СДБ објавен во неуставен Посебен/Таен слжбен весник воведува линија на работа/прогон  „МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ и Екстремизам“!


[Image: 320709924_1091004358263062_1474885462222...e=63A1FA87]
 
Да го појаснам скенираното и преку него да дадам докази дека УДБа е над Уставот--што и го овозможиле Претседателот на државата, Парламентот, Уствниот суд, и владата! Да потсетам дека ова е периодот на таканаречениот Октопод, на криминалната приватизација, за пирамидалните штедилници, на пролиферацијата на рекетот, на кршењето на ембаргата и слично Во горниот ред е скениран членот 6 од Уставниот закон за прогласување на Уствот од 1991 година, во кој јасно се вели дека сите закони мора да се усогласат со Уставот во рок од една година. Значи ниеден закон од СФРЈ после 17.11.1992 година не смее да важи на територијата на Р. Македонија!! Прво од лево кон десно на вториот ред е решението за прислушкување од 1994 година каде стои дека прислушкувањето ќе се врши според законот на Службата за државна безбедност на СФРЈ од 1984 година и се наведува членот 24 и бројот на службениот весник на СФРЈ! Тој член е на скенот во средината на скенираното! Крајно десно е повторно Решение за прислушкување, но ова решение е од 24.01.1996 година. Да напоменам Законот за МВР и за работа на СДБ/УДБа стапил во сила на 06.04.1995 година, значи нешто помалку од три години од последниот рок кога според Уставниот закон морал да биде донесен!
Второто прекршување на Уставот е непочитувањето на член 17 од Уставот во кој стои дека за да се отстапи од начелото на неповредливост на писмата и другите облици на комуникација тоа е можно само врз одлука на суд!! Но во Правилата за работа на СДБ (Службен весник на Р. Македонија-посебен службен весник 10/92) и на второто Решение од 1996 година го гледате истото Правилник за работа на ДБК (Службен весник  на Р. Македонија-посебен службен весник бр.10 од 31.10.1995 год.). Со тој Правилник се овозможува прислушкување само со потпис на Министерот на МВР, што е не уставно! Нејсе, за комунистите Уставот никогаш не можел да биде ограничувачки фактор за нивната желба за апсолутна власт и власт по секоја цена.
Конечно, во излагањата на Спасов и неговите содружници, неизбежно е и тврдењето, цитирано погоре, дека низ работата на органите на државната безбедност биле опфатени и мнозина вистински „криминалци кои би одговарале во секоја држава“. Документите ги демантираат Спасов и компанија. Прво, анализирајќи ја граѓата на УДБа, станува јасно дека криминалните дела биле ингеренција на службите за јавна безбедност, додека службите за државна безбедност се занимавале со прашања од политичко-идеолошка природа. Просто, службите за јавна безбедност се униформираната полиција, поранешна милиција; службите за државна безбедност се „луѓето во кожни мантили“, опфатени во Извештајот на извршниот совет на СРМ за работата на службите на државна безбедност од 1966 година. Тоа се органите кои ја одредувале „морално-политичката подобност“ на граѓаните и тоа се службите кои не интересираат нас во однос на барање на одговорност за уништувањето на животи во изминативе осум децении. Дотолку повеќе, она што го помножува проблемот во тврдењето на Спасов и компанија во однос на „вистинските криминалци“ е фактот што службите за државна безбедност, од средината на 1950тите години па наваму, се повеќе се занимваат со „сузбивање“ и „расчистување“ со „криминалците“ наместо со отворање на судски криминални процеси--односно, оние кои одбиваат соработка со службата се оставаат под репресивни мерки, додека оние кои прифаќаат соработка, добиваат општествено-политчки награди. Другарот Спасов заборава дека со Уставот од 1991 година Р. Македонија има повеќепартиски систем, а тоа значи дека луѓе кои имаат поинаква идеологија од комунистичката повеќе не се „криминалци“--омилен изрз на комунистите за нивните политички и идеолошки неистомисленици! А тоа е она што тој го мисли кога вели дека имало и такви „што реално во тоа време биле криминалци и би одговарале во било која држава“. Тука тој мисли на тоталитарна комунистичка држава каде што за криминално дело се смета нецелосното поклонување пред каприците на властодршците. Кога Спасов и компанија зборуваат за „криминалци“, тие не зборуваат за убијци, крадци, наркодилери, управители на пирамидални штедилници, шверцери на цигари и алкохол, шверцери на бело робје, продуценти на порнографија, производители на контрабанда и слични дегенерични и антисоцијални активности на кои кај секој разумен човек асоцира терминот „криминалци“! Напротив, тоа се активностите кои Спасов и компанија ги штитат, а на народот му ги продаваат како „прогрес“. Тоа е впрочем целта на заробувањето на државата и прогонот на сите оние кои се залагаат за морален и чесен систем и владеење на правото. Бидејќи сум ограничен во просторот ќе го потсетам Другарот Спасов на последниот заклучок на Комитетот за надворешни работи на ЕП донесен на 26.10.2021 година. Во заклучок се вели:

Quote:„-Акутно свесни за извештаите и обвинувањата за врски меѓу политичките фигури на високо ниво и организираните криминални групи, европратениците ја нагласуваат потребата да се искоренат политичките и административните врски со организираниот криминал преку јасни заштитни мерки против корупцијата и ефикасно гонење на случаи на корупција од висок профил.
-Врски помеѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја уште пред распадот на Југославија и продолжија по завршувањето на конфликтите од 1990-тите години ...“
 

Другар Спасов, вие сте во структурите на системот од 1991 па до денеска. Значи вие сте еден од тие кои ги продолжиле врските на организираниот криминал со политиката и бизнисот, и прогонот на политички и идеолошки неистомисленици и во „самостојна“ Р. Македонија. Значи вие сте дел од криминалните структури „организирани во криминални групи“ на кои укажува Комитетот за надворешна политика на ЕП!
Оттука, ние не бараме и не прифаќаме рехабилитација на жртвите на вашиот систем, бидејќи таа е само навреда за нас, а перење на рацете за вас. Ние бараме ваша одговорност за анти-социјалните дејства кои ги вршите овие осум децении