Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 1 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОРИ И СЕ ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:Трендо, Мухиќ и Јордановски ќе се кандидираат на избори
20 април 2011
Форум

Сашо Мацановски - Трендо, професорот Ферид Мухиќ и новинарот Жарко Јордановски ќе се кандидираат на претстојните предвремени парламентарни избори, како дел од листа на независни кандидати, најави денеска Жарко Јордановски


[Image: lookup]

Листата на независни кандидати ќе настапи во изборната единица број 1, во Скопје Центар. Новинарот Жарко Јордановски рече дека листата е независна и отворена за сите заинтересирани, а нејзин носител ќе биде професорот Ферид Мухиќ.

[Image: images?q=tbn:ANd9GcTEW_XPB54hvvG0pD5tTyc...fusbBm-psA]

„На листата е и Сашо Мацановски – Трендо, наш добар пријател и добро познат во јавноста. Таа листа се формира од луѓе кои сакаат да бидат независни и кои сакаат да настапат на овие избори независно. Таа е во фаза на формирање, отворена е. Секој што мисли дека може, дека е достоен и дека сака да се појави како дел од листата, како еден од дваесетте носители на неа, слободно нека ми се јави“, рече Жарко Јорданоски.

[Image: zarko-jordanovski.jpg]
Мотото на листата како што најави Јордановски ќе биде „Македонија се менува, Македонија се' менува“, а лого и нејзин заштитен знак ќе биде портокалова роза, со која сакаат да направат кохезија помеѓу портокаловата боја, која е заштитен знак на актуелната ВМРО-ДПМНЕ и Владата и розата, која е заштитен знак на СДСМ.
Новинарот Јордановски рече дека ја напуштил својата работа во Фокус, за целосно да се посвети на листа на слободни и независни кандидати за пратеници.
Формирањето на оваа листа ќе одигра една смирувачка улога во целокупниот предизборен амбиент“, изјави Јордановски.
20-04-2011, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Зелената опција самостојно на избори
Вторник, 19 Април 2011 17:33

[Image: STEVO%20DOM%20LILJANA.jpg]

Зелените на Поповска предизборно се организираат. Изборните штабови ги формираат, а програмата веќе ја имаат.

„ ДОМ оди самостојно на избори и тоа ќе биде можност да ја промовираме целосно зелената опција. Европските зелени се големи пријатели на Македонија, а ова е шанса да ги добиеме уште поблиску за нас, како добри лобисти, какви што беа и досега" рече Лилјана Поповска претседател на ДОМ.


Трите збора кои почнуваат на буквата е, е нивното решение.

„ Економскиот модел во себе го вградува и екокошкиот аспект. Значи кога зборуваме за економијата, ние зборуваме и за екологија и за енергетика и за Европа. Така што сето тоа обединето е дел од нашата зелена програма" вели Поповска.

Очекуваат по едно пратеничко место од секоја изборна единица.

„ Сметаме дека тоа е реално. Ние секогаш одиме со реални и разумни цифри. Одиме за тоа да го зголемите нашето влијание за идната владата, за да можеме појако да ја внесеме зелената опција во владината програма" рече таа.

Според оваа партијата, регулацијата и отворањето на пазарот е економското решение за Македонија.


„ Значи тоа што го нудиме преку таа наша нова економска програма е решение за излез на Македонија од сиромаштијата. Многумина се скептични во можностите за Македонија, напротив ние сме оптимистички расположени. Решенијата ги гледаме пред се во регулацијата на пазарите" вели Јордан Трајков потпретседател на ДОМ.

Со тоа, според него ќе се привлечат нови инвестиции, а инвестициите пак ќе овозможат отворање на нови работни места.
20-04-2011, 02:25 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#3

Quote:Фијат Цаноски во коалиција со СДСМ


ПЕИ на Фијат Цаноски во коалиција со СДСМ. Нивната програма за влегување во НАТО и во ЕУ, од есен и Торбешите како посебна етничка заедница да влезат во Уставот, измени во територијалната организација со која меѓу другото Лабуништа ќе биде посебна општина се барањата на ПЕИ, кои за СДСМ се прифатливи.


Мислев дека после глупоста што ја направија делегатите на ДПМНЕ ќе се случи мало отрезнување и промена на односот помеѓу нас Македонците, но токму најгласните тогаш, сега се бетер и од нив. И после некој ми зборува за предавници бугараши.

Ако тргнеме вака, наскоро може да добиеме етничка група Мијаци, Шопи, Которци, Македонци атеисти ќе најдат друго име, Македонци каталоци некое трето.

20-04-2011, 03:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:За Бошкоски, изборите ќе бидат „Слобода или смрт“

Познатиот слоган од македонската историја „Слобода или смрт“ ќе биде мото под кое опозициската партија Обединети за Македонија ќе ја водат изборната кампања на претстојните предвремени парламентарни избори.

- Политиката на Никола Груевски ја води земјава во смрт, а ние ја избираме слободата. Избираме слобода за влез во ЕУ и во НАТО, за демократија, толеранција, слобода за вечна и единствена Република Македонија, изјави партискиот лидер Љубе Бошкоски на прексиноќешната промоција на изборната програма во скопската Универзална сала.

Бошкоски истакна дека по ниедна цена нема да се согласи со промената на уставното име.

Сеопфатна економска трансформација на земјата, нов закон за бранителите, мерки за намалувањето на невработеноста и на сиромаштијата, развојот на земјоделството се само дел од идеите во партиската изборна програма.


Sm_bigeekSm_bigeekSm_bigeek LazgoLazgo Tuktuk0niTuktuk0ni NesumjasNesumjas PosPosPosPosPosPos
(This post was last modified: 20-04-2011, 03:41 PM by ЈорданПетровски.)
20-04-2011, 03:41 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#5

Мислам дека утнале со изборот на слоганот...

20-04-2011, 03:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(20-04-2011, 03:47 PM)acko Wrote: Мислам дека утнале со изборот на слоганот...


Не да го утнале туку забегале. PopPopPop
20-04-2011, 04:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7



Quote:Црвенковски: Немам веќе право на лични амбиции во политиката

20 април 2011
Кристина Озимец

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски на денешната прослава од 20 годишнината од постоењето на партијата рече дека повеќе нема право на лични амбиции во политиката


[Image: lookup]

„Ги вршев највисоките државни функции – Претседател и Премиер на Македонија. Има ли поголема чест и признание за еден човек. Јас повеќе право на лични амбиции во политиката немам, имам само обврска и долг кон овој народ и оваа држава. Затоа знам дека оваа политика на Груевски и ВМРО ДПМНЕ е погубна за оваа земја и таа мора да се порази, а ова не може да се случи без консолидиран, обединет, силен СДСМ“, рече Бранко Црвенковски кој понатаму говореше за економијата, справувањето со криминалот и корупцијата и повика на итно решавање на спорот за името со Грција и влез во ЕУ и НАТО.
Лидерот на СДСМ вечерва и официјално ја прогласи Радмила Шеќеринска за кандидат на оваа партија за премиер на Македонија, на престојните предвремени парламентарни избори.
„Господине Груевски од денес нема потреба да ја спасувате Македонија од Бранко Црвенковски. Јас нема да бидам дел од идната власт во оваа земја, не заради вас и вашите пусти желби, туку заради тоа што таков договор во СДСМ имавме уште од денот на моето враќање, затоа што ние сме одговорна партија. Ајде да ја спасиме и ослободиме Македонија од вас, господине Груевски и вашата преродба“ рече Црвенковски пред своите поддржувачи во Метрополис арената.
Како што соопшти Црвенковски, трите имиња кои ќе бидат најблиски соработници на Шеќеринска во евентуалната нова влада се Зоран Заев, Зоран Јовановски и Стево Пендаровски.
Радмила Шеќеринска рече дека кандидатурата ја прифаќа како огромна обврска и во име на многу загрижени и исплашени граѓани.
„Секој ден во Македонија се раѓаат 65 деца и тие веќе имаат по две илјади евра долг. Секој трет Македонец е сиромашен, повеќе од половината од сиромашните семејства се во селата и секој втор средношколец сака да си замине од Македонија и вака може да говориме до недоглед. Задача на политичарите е да говорат и да ги решаваат проблемите на својот народ, а не за опозицијата“, рече Шеќеринска во своето обраќање и додаде дека на следните избори СДСМ оди на победа.


Дали Бранко ке биде носител на некоја листа.???
20-04-2011, 08:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8



Quote:Жарко Јорданоски (21.04.2011)

МОЈОТ ДОСЕГАШЕН ЖИВОТ И ЖИВОТОТ НА МУХИЌ И НА ТРЕНДО СЕ НАШАТА КАМПАЊА

Жарко Јорданоски е долгогодишен новинар, еден од најдобрите во професијата, кој работниот век го помина во реномирани македонски медиуми, како Дневник, Време и Фокус. Сега свртува нова страница во својот професионален ангажман, и ќе се обиде на следните избори да стане член на македонскиот парламент, како независен кандидат…


[Image: bwy1303405696w.jpg]

Досега согласност да бидат ставени на неговата листа му дадоа две многу познати личности, кои никогаш досега не се занимавале со политиката директно, но многу често и многу конкретно ја допирале во својата работа и со јавните настапи - Ферид Мухиќ и Сашо Мацановски Трендо.

Од каде идејата да се кандидирате за независен пратеник и колку време таа мисла созреваше во Вас?

Прво, не се кандидирам јас, туку јас составувам листа од независни кандидати, што не е исто, иако е слично, зашто тој што ја составува листата на тој начин ги обзнанува и на граѓаните им ги понудува своите критериуми, својот систем на вредности и приоритети. Не сакам тоа да биде листа од Жарко Јорданоски, па зад него кој ќе се затекне. Таа листа треба да говори сама за себе, да биде мое животно огледало, политичко кредо, па и мое "сиви" ако сакате. Листата не е готова, отворена е и за влегување и за излегување, а ќе се состои од луѓе кои јас ги сметам за достојни и пристојни, кои со свој вреден труд, чест и принципи си ја работеле својата работа и постигнале одредени успеси, секој во своите области. За прашањето од каде идејата, одговорот е едноставен - од каде и сите други идеи, од светот на идеите и идеалите, што би рекол Платон, од умот, универзален или индивидуален, кои еден во друг се проткајуваат. Таа идеја долго зрее во мене, додека не прерасна во одлука, откако ги отфрлив сите сомнежи во себе, во својот народ, и сите наталожени предрасуди кон политика како дејност, која не по своја вина во моментов е дојдена на лош глас.

Прво треба заедно со кандидатите од Вашата листа да соберете одреден број потписи за да биде кандидатурата официјална. До каде сте со таа постапка?

Кога листата ќе биде готова, кога ќе добијам согласност од сите во неа, кога ќе си заминат сите што не можат да поднесат да бидат со некој друг на неа од нивни причинини, ќе ја затворам, ќе ја објавам листата и ќе ги повикам сите граѓани на кои таа им се допаѓа, им влева доверба и би сакале да гласаат за неа, да вложат и тие мал напор и да појдат до Министерството за правда, во Општина центар, кај Градскиот парк и да го депонираат својот потпис за неа. Јас ќе ги повикам сите кои сакаат тоа да го направиме заеднички и одеднаш, да се собереме на 2 мај, понеделник, пред споменикот на Гоце Делчев, кај фонтаната во парк, и да ја направиме таа работа во еден ден. Собирањето потписи треба да биде готово до 5 мај, и ако се’ биде во ред, на изборите во Изборната единица број 1 ќе имаме и една независна листа, меѓу останатите.

Како одеше договарањето со Ферид Мухиќ и со Трендо? Дали иницијативата потече од тебе и како реагираа тие? Имате ли барем провизорна поделба на обврските?


Договарањето помина во најдлабоко меѓусебно разбирање, иако не со ист степен на верба дека тоа ќе успее. Но, сите се согласивме дека, бидејќи листата не е дефинитивна, и во согласност со развојот на настаните секој може да процени дали ќе продолжи или ќе излезе. Се’ зависи од тоа како ќе одреагираат другите независни личности, околу чие детектирање и посочување, во голема мерка се согласуваме, и најпосле, како ќе одреагираат гласачите, со собирањето потписи. Значи, независна листа ќе имаме, ако сите си ја заслужиме, со по некој свој придонес, инаку не. Иницијативата потече од мене, Ферид и Трендо ми се стари и докажани пријатели и меѓу нас има искрена почит, уважување и разбирање. Поделба на обврските има - тие имаат обврска да останат она што се колку што можат повеќе и подолго - луѓе со образ, интегритет и дигнитет, и да си ја работат својата работа како и досега, а јас да го правам сето останато, внимавајќи да не ги повредам нивната чест, углед и чувства.

Колкава екипа сте во овој момент?

Којзнае? Ако мислите на сите оние што ги сакаат истите работи како нас - човечност, разум и позитивни чувства, и кои едвај чекаат за такви луѓе да се изјаснат, верувам дека сме многу голема екипа. Ако мислите на оние што активно учествуваме, се советуваме и се трудиме македонските гласачи да добијат ваква независна листа, не повеќе од 10 до 15 луѓе.

Доколку влезете во трката за место во Парламентот, со каква предизборна стратегија ќе настапите? Ораторски сигурно ќе бидете моќни, но кои се главните точки на вашата програма?

Како кој. Во парламентот нема да делуваме како екипа, хомогено и компактно, туку како индивидуални личности, секој според својата совест и сопственото чувство за вистина. Она што можеме да им го ветиме на гласачите се нашата искреност и нашата слобода. Верувам дека тоа може да ја разбуди истата желба и потреба и кај партиските пратеници, кои знаеме најчесто како гласаат - по директива. За независните пратеници директиви не постојат. Тие се автономни и такви треба да останат, без оглед на разликите. Тоа може да му ја врати на парламентот примарната улога во демократијата и да го врати во средиштето на политичкиот живот. Односно, да биде местото каде се донесуваат главните одлуки, а не само машина за заверување на волјата на владата.

Најкратко кажано: што и’ треба на Македонија во овој момент? Имате ли визија за создавање модерна држава?

Пак велам, зборувам во лично име. На Македонија и треба демократија, слобода на говор, автономија, почитување на човековите права. Демократија - при донесување на одлуките во демократските институции, слобода на говор внатре и надвор од институциите, значи и слобода на печатот, автономија - и на поединците и на институциите и на државата во целина. Односно, напуштање на досегашната практика се’ да биде хиперконтролирано од една точка - сите ресори треба да се подредат и да да функционираат во правец на своите цели, некогаш и долгорочни, а не во правец на исполнување на барањата на ефемерната, дневна или партиска агенда. Р’бетот на сето тоа треба да биде почитувањето на човековите права во секој домен. Другите работи доаѓаат сами по себе. Ако сметате дека е модерна онаа држава која над се’ го става поединецот и неговото право на среќа, неговото право слободно и самостојно да одлучува, тогаш да, мојата визија е визија за една модерна Македонија.

На кој дел од електоратот се фокусирате?

На ниту еден и на сите. Ние немаме време да се занимаваме со такви калкулации како што е "таргетирање" на електоратот, што е всушност поткупување на разни категории гласачи, по правило побројните. И тоа со евтини ветувања пред избори, кои по правило и не би им следувале, а често остануваат неисполнети. Ние не правиме кампања, нашите досегашни животи се нашата кампања. На своите гласачи можеме да им ветиме само, како што кажав, дека во парламентот ќе настапуваме отворено и слободно и во согласност со нашата чест и совест, која истовремено е чест и совест и на таквите гласачи, кои досега успеале да препознаат нешто во нас. Ние ќе бидеме нивниот глас. И дека од тоа нема да отстапиме по цена на ништо, ништо на овој свет нема да не’ корумпира, нема да ни ги разводнува ставовите ниту да ни ги заматува мислите. Дека ќе се држиме до принципите, етиката и логиката, како досега, така и отсега. Кој тоа го разбира, не му требаат други ветувања.

Кои се Вашите ставови за клучните прашања во овој момент: спорот за името, корупцијата, независноста на судството, економската состојба... Ќе понудите ли нешто поконкретно од „борба против лошото“ и „залагање за доброто“?

Ако е разбрано она погоре, можам да зборувам за моите ставови за овие прашања, не за заеднички ставови, иако верувам дека голем степен на согласност меѓу нас постои. Мојот став за името е дека тој мора да биде донесен во максимално демократска процедура, во согласност со волјата на големото мнозинство граѓани. Референдумот не е неопходен, иако може да се спроведе, ако се покрене таква иницијатива, со предвидените услови за тоа. Сепак, таа волја на гласачите може да се детектира и во парламентот, и мора да биде двотретинска. Мора да се утврди дали народот, т.е. парламентот, воопшто сака решение, ако сака, какво мора да биде тоа за да не биде повредено неговото достоинство. И најпосле, до тие одлуки, какви и да бидат, мора сите доследно да се придржуваме, и заеднички да ги поднесуваме последиците, или да ги береме плодовите. Името не е работа на една личност, на една влада или на една партија. Тоа е прашање од општонационален интерес и така мора да се третира. Корупцијата, пак, е рак рана на ова општество, која го осиромашува системот и го обесмилува чесниот труд. Затоа мора да се искорени, но треба да се посочи нејзиниот корен. Ние како независни пратеници ќе ја имаме таа слобода и привилегија, што ја немаат другите, да посочиме каде е нејзиниот корен, нејзиното жариште - во самиот политичко-партиски живот, кој генерира потреба од корупција, местење тендери, преплатување јавни набавки, токму поради огромната потреба на партиите од пари за реклами и предизборни кампањи и слично. Бидејќи не сме партиски пратеници, тоа ќе можеме отворено да го кажеме, и, нормално, ќе се соочиме со силен отпор од партиите, медиумите, и другите коруптивни центри. Идејата за генерален реизбор на судии не е лоша, но неа не смее да ја спроведува една влада, една партија, една гарнитура, зашто повторно ќе го добиеме истото. Тука треба многу да се внимава и да се размислува. Добрата економска состојба е последица на принципиелно водена политика, и тука е само важно инвестирањата да бидат продуктивни, без луксузирање. Треба да се размислува за анимирање на домашните инвеститори, а не само чекање на странски инвеститори и нагаѓање што нив им треба. Прво да видиме што им треба на домашните инвеститори и зошто досега не се појавуват, или се ретки.

Какви ви се проекциите за потребниот број гласови за влегување во Собранието?

Прашање е за колку пратеници да влезат? За еден е една, за десет е друга бројка. Нам ни се добродојдени сите гласови на луѓето што имаат доверба во нас, колку и да се.

Како може независни поединци, кои немаат милиони евра на сметка, ниту влијателен медиум и не биле експонирани во јавноста како политички фигури, да успеат во тоа во што не успеале некои што го имале сето тоа?

Еве вака, со ум и разум.

Користите ли искуства од некој сличен пример претходно?

Не. Иако имало слични пример, но не кај нас. За наши услови ова е новум, нешто без преседан, а тоа што сме мала држава, во која сите се знаеме, е голема олеснителна околност. Повеќето од овие луѓе одлично и’ се познати на македонската јавност и таа веќе има формирано свое мислење за нив. Не ни требаат "пиар-менаџери" и "спин доктори". Нашата кампања е завршена пред да почне, зашто како што реков, нашите досегашни животи се нашата кампања.

Што ако не успеете? На Вашиот фејсбук профил напишавте дека политката е пат од кој нема враќање. Дали тоа значи формирање партија и повторен обид на следните избори?

За другите не знам, јас ќе успеам следниот пат, на поинаков начин. А ќе успеам и сега, дури и да не влезам во парламентот.



Миодраг Мишолиќ
21-04-2011, 06:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Две трибини, иста публика






Сопрете ја снимката на 1'и 20"





Сопрете ја снимката на 18"


http://on.net.mk/makedonshtina/dve-tribini-ista-publika
26-04-2011, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



Quote:ВМРО-НП ги објави носителите на шестте изборни единици

ВМРО-НП ги соопшти носителите на шестте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 5 јуни.

Како носител на изборната единица број еден, ВМРО-НП го назначи Влатко Андоновски, професор на Шумарскиот факултет, на втората изборна единица поранешниот министер за транспорт и врски Љупчо Балковски, на третата актуелниот претседател на ВМРО-НП Марјан Додовски, на четвртата Миле Јакимовски, генерален секретар на партијата, на петтата почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски и на изборната единица број шест Драган Давидовски член на советот во Тетово.

Партијата упати порака до сите политички партии дека партијата е тука и дека излегува сигурно и стабилно на предвремените избори и со јасна порака, “Да, тука сме да ја кренеме Македонија на нозе“.

“Знаеме дека Македонија се наоѓа во тешка социјална и економска состојба, се наоѓа во се’ поизолирана меѓународна позиција со многу недефинирани прашања и затоа цениме дека новото редефинирање на политичката сцена треба да донесе свежина во иднината на политичкото живеење во Македонија, а ние сме убедени дека токму тоа можат да го најдат во ВМРО-НП“, изјави денес Марјан Додовски, претседател на партијата.

Тој информираше дека конвенцијата на која ќе бидат промовирани сите 20 кандидати за секоја листа ќе се одржи на 8 мај во Куманово.

Додовски истакна дека тие како политичка партија веруваат дека постојат реални шанси на изборите на 5 јуни тие да излезат со двоцифрена бројка на пратеници во Собранието.

Тој нагласи дека по завршувањето на изборите приоритет на партијата ќе биде колку пратеници ќе освојат а со тоа да почнат да водат и преговори со политичките партии со кого би ја составиле и следната влада.

Од партијата се убедени дека Драган Давидовски со неговиот ангажман во шестата изборна единица ќе биде и пратеник во Собранието на Македонија.



Зошто ли е избрано Куманово за одржување на партиската конвенција????
26-04-2011, 02:37 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8
#11

Quote:Битка по изборни единици

Весна Коваческа - Трпчевска


26.04.2011 14:50

Љубчо Георгиевски

Љубчо Георгиевски објави дека влегува во изборната битка од петката. Неговата Народна оди сама на изборите, тврди дека нема договор со Груевски, да одработува за ВМРО-ДПМНЕ.

„За нас приоритет е колку пратеници ќе освоиме, а со тоа апсолутно да почнеме да водиме преговори со политичките партии со кого би ја правеле излезната македонска Влада, подеднакво сме и блиску и далеку и од едните и од другите“, изјави Марјан Додовски, ВМРО Народна.

Додовски ќе биде носител на листа во жешката за десницата, трета изборна единица. Таму се појавува најверојатно и лидерот на бранителите Стојанче Ангелов.

Иако нема конечна одлука во тројката можно е да носи листа и Љубе Бошкоски.

Кој од ВМРО-ДПМНЕ ќе им биде конкуренција не се знае оти вистинска кавга според информациите од терен е меѓу самите вмровци - се споменуваат министерот за надворешни Милошоски, кој е во игра и за петката, пратеникот Ѓорчев кој се вели дека барал место во Скопје, а желба имал директорот на Центарот за комуникации, Димовски.

За прв пат можна е и албанска пратеничка листа - на ДУИ, со Бујар Османи. Носител на листата на СДСМ најверојатно ќе биде партискиот потпретседател Гордан Георгиев.

На девет дена до истекот на рокот за кандидатските листи врие по штабовите и се е отворено, посебно што водечките партии паралелно ги договараат и можните коалиции.

Адутите за иден премиер на власта и опозицијата Груевски и Шеќеринска, најизвесно е дека одат во одмерувачка битка во Скопје.

Изненадување во единицата е можно ако се одлучи и лидерот на СДСМ, Црвенковски да биде носител на листа што не се исклучува како можно.

ЛДП размислува за лидерот Манасиевски или екс градоначалникот Пенов. Тука се појавува и Филип Петровски. ДУИ го планира чаирскиот градоначалник Меџити. Можно е и лидерот на Нова Демократија Селмани.

Најверојатно носители на листите на СДСМ ќе бидат потпретседателите, генералниот секретар Петров и пратениците Ивановски и Макрадули.

Во ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат високите функционери Јанкуловска, Ставревски, Вељановски, пратениците Ѓорчев, Димовски.

Листите за пратеници до 5-ти мај треба да бидат доставени до ДИК.

izvor



Znaci vo 5 I.E. kaj mene ke bidi lupco pak koj znae po koj pat od dmpne po se izgleda povotorno milosevski a od sdsm makraduli pak od ldp zerenovski a od obedinete na ljube sigurno pak nekoj skopski kadar en veruvam deka bitolcankata ke ima prednost no mene me intersira dali dostoinstvo ke ima kadar od Bitola kako nositel ili i tie kako site ke nosat covek od strana
Inaku za site do sega zvanici ni predlozeni se znae deka bile poveke pati tuka predlozeni kako nositeli i ne napravile skoro nisto za Bitola ili ako napravile toa bilo mnogu malku znaci site da si odat i da ne gi vidam tuka oti do sega nitu ednas ne dosle vo Bitola taka da vidat sto se slucuva a ne sega da se toporat i prodavaat politika kolku mu e vazna Bitola i Bitolcani krv da mu ebam nivna aramiska
Pishtoldzija
27-04-2011, 01:42 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#12

Quote:- Секој глас даден за таквите помали партии не само што значи глас фрлен за некој кој четири години ќе биде во опозиција и нема да може да им помогне на граѓаните туку истовремено е и директна поддршка на Бранко Црвенковски и на неговите погубни политики, рече премиерот. Тој додаде дека независно дали се дава гласот за ВМРО-Народна, за Обединети за Македонија или за некоја друга од помалите партии на тој начин директно му се помага на Бранко Црвенковски со тоа што со тој глас не се поддржува ВМРО-ДПМНЕ за да може да ги оствари политиките кои ќе се ветат сега со програмата, кои ќе бидат во духот на политиките кои и досега се спроведуваа главно фокусирани на економијата, но и на националните интереси на Македонија, рече премиерот Никола Груевски.

Ова во колумна го пишуваше Влатко, сега го изјавува Груевски, а најверојатно ќе го слушаме уште многу пати од ДПМНЕ во кампањата. Ова е копија од ХДЗ, поточно од Санадер, кој на последните парламентарни избори во Хрватска за малку ќе изгубеше, а тоа најмногу затоа што стандардните гласачи на ХДЗ ќе гласаа за помалите од десницата. ХСП дури беше и трета партија со 15% подршка. Но, тогаш Санадер ја пушти паролата глас за ХСП (и за други такви партии) е глас за СДП. И овој маркетиншки потег имаше неверојатен успех таму! На крај, ХСП заврши само со 1 пратеник, а другите десни исто завршија катастрофално, а Санадер победи на изборите иако тоа ниту една анкета скоро да не го предвидуваше, ниту излезните.

Дали ќе му успее на Груевски ќе видиме... Јас не верувам дека многу ќе запали ова кај нас. И така веќе сите приказни за секакви комбинации се пуштени од поодамна и веќе скоро се потрошени за поголем ефект...

27-04-2011, 05:00 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#13

(27-04-2011, 05:00 PM)acko Wrote:
Quote:- Секој глас даден за таквите помали партии не само што значи глас фрлен за некој кој четири години ќе биде во опозиција и нема да може да им помогне на граѓаните туку истовремено е и директна поддршка на Бранко Црвенковски и на неговите погубни политики, рече премиерот. Тој додаде дека независно дали се дава гласот за ВМРО-Народна, за Обединети за Македонија или за некоја друга од помалите партии на тој начин директно му се помага на Бранко Црвенковски со тоа што со тој глас не се поддржува ВМРО-ДПМНЕ за да може да ги оствари политиките кои ќе се ветат сега со програмата, кои ќе бидат во духот на политиките кои и досега се спроведуваа главно фокусирани на економијата, но и на националните интереси на Македонија, рече премиерот Никола Груевски.

Ова во колумна го пишуваше Влатко, сега го изјавува Груевски, а најверојатно ќе го слушаме уште многу пати од ДПМНЕ во кампањата. Ова е копија од ХДЗ, поточно од Санадер, кој на последните парламентарни избори во Хрватска за малку ќе изгубеше, а тоа најмногу затоа што стандардните гласачи на ХДЗ ќе гласаа за помалите од десницата. ХСП дури беше и трета партија со 15% подршка. Но, тогаш Санадер ја пушти паролата глас за ХСП (и за други такви партии) е глас за СДП. И овој маркетиншки потег имаше неверојатен успех таму! На крај, ХСП заврши само со 1 пратеник, а другите десни исто завршија катастрофално, а Санадер победи на изборите иако тоа ниту една анкета скоро да не го предвидуваше, ниту излезните.

Дали ќе му успее на Груевски ќе видиме... Јас не верувам дека многу ќе запали ова кај нас. И така веќе сите приказни за секакви комбинации се пуштени од поодамна и веќе скоро се потрошени за поголем ефект...

Цццц...А уште да ни кажеше -Гласајте за нас или ќе ве истепам? Icon_smile Ова е она за кое пишував и истото го збореше Миленко...Треба да направат кампања во стилот на Б.Ц.-Или си ДПМНЕ или не си ДПМНЕ!
(This post was last modified: 27-04-2011, 06:08 PM by Nikola.)
27-04-2011, 06:07 PM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#14

Quote:Нема раат
Ни останува да пребродиме уште една предизборна тортура од лаги и бесмислици, напади и кодошења, кои не се за кажување во кафеана, а камоли за на телевизија

[Image: alek[82].jpg]
Според последната анкета на институтот „Џесика Алба сака албино“, спроведена на репрезентативен број од 1.000 и не ми фаќајте за кусур испитаници, на прашањето „Ако утре има парламентарни избори?“, 69 отсто од прашаните рекле дека ќе гласаат за Александар Русјаков, 11 отсто би гласале за ВМРО-ДМПНЕ, 8 отсто за СДСМ, 12 отсто рекоа „Претплатникот не е достапен!“, а оние 2 отсто за да излезе целината од 102 отсто, рекоа дека баш би сакале Амди Бајрам да го видат како нов мандатор за премиер. На прашањето „На кој политичар најмногу му верувате“, 99 отсто од испитаниците, својата доверба би му ја дале на Александар Русјаков, а оние еден отсто што останаа си веруваат самите на себе. И на последното прашање од анкетата упатено само до еден испитаник, кое гласи „Со кој политичар би ја поминала ноќта и би го дочекала утрото?“, прашаната Џесика Алба одговори, „Сто проценти тоа е Александар Русјаков, а Никола Груевски и Бранко Црвенковски не ги познавам“. Жими мајка!

И додека рејтингот пред избори на Александар Русјаков вртоглаво му расте за сметка на сите други рејтинзи, тој полека почнува да сфаќа дека избори воопшто и нема да има, затоа што ни се спрема крвопролевање на кое оние што сакаат да гласаат нормално, ливчето ќе мора да го напикаат, не во расцепот на гласачката кутија, ами во расцепената глава на некој вмровец или сдсмовец. Веста за крвопролевањето во нашите животи ја донесе пророкот Фрчкоски, кој ни кажа дека некои папучари ќе излезат од својот домашен дрес код и на избори ќе се претворат во мажишта, кои претпоставувам дека на нежните табани ќе навлечат воени цокули и ќе газат со нив по живи луѓе, за потоа изгазени, Заев да ги јаде. Оваа вест се разбира дека беше презентирана преку фабриката за производство на вистина и смоки, А1-уличарска. Е сега, за да има вистинско крвопролевање, понекогаш мора да има двајца, па затоа пред некој ден на истата фабрика за вистина и смоки, нивната лобистка во друштво на Ким Мехмети (за моја голема жал тоа не беше Ким Бесинџер, Ким Катрал, Ким Кардашијан или некоја друга нормална за гледање Ким), ни кажа, веројатно од владини извори, дека власта се спрема за крвопролевање. Само не ни кажа дали властиве исто така седат дома по „папучи“ и од што тоа ќе излезат, ама кој како седи по дома и што прави, очигледно знае само гореспоменатиот пророк, поради кого на времето од демократска и нелустрирана Македонија, бегаа луѓе и стануваа дисиденти, оти очигледно пустиов немал со кого да прави муабет, па морал да следи и прислушува.

Како и да е, нас очигледно пролевањево на крвта што не се спречува со тампони, не ни бега, па затоа јас, кој ете случајно сум Александар Русјаков, а за голема нервоза на некои, Македонец, одлучив да се занимавам со едно друго „крвопролевање“ што во средата се одвиваше на „Сантјаго Бернабеу“, каде што судијата Волфганг Штарк, освен жолт и црвен картон во џебот, требаше да има и стап во раката. И откако за мој голем ќеф, Лајонел им покажа кој е Меси на теренот, откако со друштвото си се извикавме пред телевизорот и никој никому не пролеа крв, иако држевме спротивставени страни, сфатив дека Мурињо и Гвардиола се многу поинтересни во својата војна, отколку нашиве партиски портпароли. Затоа, замислете само, колку би било прекрасно, на 5 јуни, среде новата арена „Филип Втори Македонски“, да ни играат Барселона и Реал Мадрид, па да ги напикаме таму сите надежни крвопролевачи, за да видат дека на светот постојат и поубави нешта од нивната волја за моќ. На полувреме ќе заиграат и убави девојки како Џесика Алба и Ким Кардашијан, чисто партиските фанатици од двата табора да видат дека има и друг пол, освен оној на нивниот лидер.

Оти од забеганиве, нема раат.

А кога веќе ја споменав и новата арена, морам да ви признаам, дека многу ми беше драго кога видов коментари од типот, „Ќе ви се сруши!“, „Види какви влезови сте направиле!“ и „Кој тим ќе ви игра на стадионот?“, оти мерката за интелигенција ќе постои сé додека постојат и глупаци што вака коментираат општо добро што нема врска со партиска припадност. Па така, следната влада, чија и да биде, никако да не ги направи стадионите во другите градови, ни на крај памет да не им падне да ја поврзат Македонија или не дај боже да почнат да ја користат сончевата и термалната енергија, кои се практично бесплатни.
И така, откако голема стана можноста Европската Унија повторно да си ги врати границите и да се разграничи внатре во својот „рај“ поради паниката од емигранти, нам ни останува под ова небо македонско, кое некои сакаат да го направат славомакедонско или северномакедонско, значи нам ни останува да пребродиме уште една предизборна тортура од лаги и бесмислици, напади и кодошења, кои не се за кажување во кафеана, а камоли за на телевизија и да се надеваме дека во иднина ќе добиеме непартиски човек за директор во Советот за радиоконтузија, кој еднаш засекогаш ќе донесе одлука дека партиските предизборни пресови и пресии може да се емитуваат само по полноќ, со едно „Забрането под 18 години“ пред почетокот, сé додека партијците, партизаните и партибрејкерите вака се однесуваат, оти ако сте совесни родители ќе го држите преку ден телевизорот исклучен, за не дај боже децата да ви видат што има по светов.

Уффф, ете јас си пишувам, а ваму увото ми фаќа звук од телевизорот за да ми каже дека во Охрид се одржала некаква дебата за слободата на медиумите, на која учествувале, се разбира, само гореспоменативе лобисти. И пази ваму заклучок! На 5 јуни со демократски избори ќе биде срушена диктатурата. А? Ви звучи тука нешто блесаво? Оф, кутри Германци од наци Германија, кутри совети и преостанати напатени под диктаторски тортури! Па, сé што требало да направат е да спроведат демократски избори среде диктатурата и чао Адолфе, збогум Јосифе Висарионович, гитла од тука Кастро, Пиноче и Тито! А како тоа се спроведуваат демократски избори во диктатура? Значи, пак сме први во светот по оригиналности...

А сега извинете ме, Џесика Алба ми ѕвони на телефон, раат ми треба.

Авторот е уметник

Автор: Александар Русјаков

Извор
(This post was last modified: 30-04-2011, 09:11 PM by montehristo.)
30-04-2011, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15


Најнов бисер, предлог на СДСМ: државата да им плакја на вработените во администрацијата до една четвртина од каматите на потрошувачките кредити?! Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni Da_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_lud LazgoLazgoLazgoLazgo Sm_bigeekSm_bigeek PosPosPosPosPos
(This post was last modified: 04-05-2011, 02:34 PM by ЈорданПетровски.)
04-05-2011, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16


Quote:ЛДП ги објави листите со кандидати за пратеници во шесте изборни единици

04.05.2011 - 21:02 |

[Image: ldplogo_55426.jpg]

Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска ги објави листите на кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори во шесте изборни единици.


Во Изборната единица 1, носител на листата е претседателот на ЛДП Јован Манасијевски, а веднаш по него се Весна Велиќ Стефановска и Ивица Боцевски. Во втората Изборна единица кандидатската листа ја предводи поранешниот претседател на ЛДП и градоначалник на Град Скопје Ристо Пенов, третата Дуфе Кукоски, а четвртата Изборна единица поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин.

Во петтата Изборна единица носител на листа ќе биде Андреј Жерновски, а во шестата Роза Топузова Каревска.
04-05-2011, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17


Quote:Членовите од Демократската десница, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ
05.05.2011 - 14:09 |


Чувствувајќи се политички и финансиски изманипулирани од Филип Петровски, членовите од Општинските комитети на Прилеп и Штип на неговата неодамна формирана партија Демократска десница, преминаа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ .

Според нив, пресудно за ваквиот нивни чекор било тоа што се почувствувале како да се Тројански коњ во десницата.

Истиот став и мислење, го зазеде и членството на оваа партија од источна Македонија, односно од речиси сите општини од Изборната единица 3.

Овие луѓе, после се, сметаат дека за нив, сепак, ВМРО-ДПМНЕ е лидер на демократските процеси и единствен правилен избор на овие парламентарни избори.

Каролина Дурло



Дали да му веруваме на СИТЕЛ за оваа вест. Да не почнат и Грујовистите да го копираат Љубе Бошковски во бомбастичните објави за преминувања на членови од други партии кај нив или пак се работи за приказна со која треба да му создадат слика на Филипа дека е ПРОТИВНИК на Грујо.??? Јас би рекол дека се работи за оваа второво. Треба да му се гради слика дека е противник на Грујо. Одстапувањето на простор да пишува Филип колумни во ДНЕВНИК е онака случајно
05-05-2011, 02:34 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#18

(05-05-2011, 02:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Членовите од Демократската десница, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ
05.05.2011 - 14:09 |


Чувствувајќи се политички и финансиски изманипулирани од Филип Петровски, членовите од Општинските комитети на Прилеп и Штип на неговата неодамна формирана партија Демократска десница, преминаа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ .

Според нив, пресудно за ваквиот нивни чекор било тоа што се почувствувале како да се Тројански коњ во десницата.

Истиот став и мислење, го зазеде и членството на оваа партија од источна Македонија, односно од речиси сите општини од Изборната единица 3.

Овие луѓе, после се, сметаат дека за нив, сепак, ВМРО-ДПМНЕ е лидер на демократските процеси и единствен правилен избор на овие парламентарни избори.

Каролина Дурло



Дали да му веруваме на СИТЕЛ за оваа вест. Да не почнат и Грујовистите да го копираат Љубе Бошковски во бомбастичните објави за преминувања на членови од други партии кај нив или пак се работи за приказна со која треба да му создадат слика на Филипа дека е ПРОТИВНИК на Грујо.??? Јас би рекол дека се работи за оваа второво. Треба да му се гради слика дека е противник на Грујо. Одстапувањето на простор да пишува Филип колумни во ДНЕВНИК е онака случајно

Помеѓу Љубе и Филип, мислам дека цела Европа е веќе зачленета во тие две партии. Ама еве и Грујица сака парче од тортата, можеби тој во типичен антички стил ше се осврне кон поход кон Азија... таму и онака има мнгоу повеќе потенцијални членови одошто во Европа.

Интересно е Јордан, а мислам дека и Ацко ова го начна вчера, ова што една сурија "анти-грујовисти" се истиснаа од Дневник, за да се заменат со нов "анти-грујовист", кој до вчера земаше плата од државното јасло.
05-05-2011, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19



Quote:ПОДЕМ ги соопшти носителите на изборните листи
05.05.2011 - 18:13 |

[Image: podemlogo_55542.jpg]

Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, денеска ги соопшти носителите на изборните листи.

Во првата Изборната единица носител на листата е Владимир Кочовски од Скопје, поранешен директор на ЈП „Улици и патишта“ и на Државниот пазарен инспекторат. Носител во втората Изборната единица е Мицко Дудучки, специјалист по неврологија и психијатрија. Во третата Изборна единица носител на листата е оториноларингологот Стојан Маролов.

Носител на листата во четвртата Изборната единица е Драган Димески, дипломиран политиколог, директор во АД „Македонски Пошти“, а во петтата Изборна единица носител е Живко Јанкулоски, доктор на науки и универзитетски професор, поранешен вицепремиер за образование и за земјоделствио, шумарство и водостопанство.

Како што соопшти ПОДЕМ, конвенцијата на која свечено ќе се промовираат листите на кандидати ќе се одржи во Битола на 11 мај годинава, а кампањата ќе се одвива под изборниот слоган „ПОДЕМ за Македонија“.



05-05-2011, 07:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20


Quote:Aртан Груби и Жаклина Глигоровска на избирачките листи на ДУИ



[Image: dui.jpg&imgSize=230&cropH=180]

Артан Груби, лидерот на невладината „Разбуди се“ и досега неекспонираната Жаклина Глигоровска од скопски Карпош,се најголемите изненадувања на избирачката листа на ДУИ.

Груби кој беше советник на холандската амбасадорка и учествуваше во инцидентите на скопско Кале е четврти на листата во втората изборна единица, додека Глигоровска,која според партиски извори е долгогодишен член на партијата,со албанска националност,е деветта во првата изборна единица.

Демократската Унија за Интеграција е првата партија која ја достави листата до ДИК. ДУИ која најави дека платформата на партијата е да обединува а не да дели, ќе брка пратенички места во пет од шесте избирачки единици. Лидерот Али Ахмети е носител на листата во шестката. Во единицата, листата ја предводи Изет Меџити, актуелниот градоначалник на Чаир. Ермира Мехмети е прва на листата во избирачката двојка, а Бујар Османи, актуелниот министер за здравство ја води листата во тројката. Во изборната единица 5 носител на листата е Арбен Лабуниште. /M.J.
05-05-2011, 08:26 PM
Reply