Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.38 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОШТО ОДИ ГРУЕВСКИ ВО ВАШИНГТОН ?????
Author Message
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#21

(16-02-2011, 06:23 PM)hristo Wrote:
(16-02-2011, 04:10 PM)Nikola Wrote:
(16-02-2011, 04:04 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(16-02-2011, 03:59 PM)nikoj Wrote:
(16-02-2011, 03:50 PM)Nikola Wrote: Точно е тоа што го збориш, отпосле почна да зборува. Дали одработува за некого, не се знае. Ама никогаш не е касно за покајание.



Комуњар не може да се покае. Покајание е нешто што е одлика на луѓе кои веруваат во бога не на комунисти ки веруваат на партијата и лидерот.

Se_klanjamSe_klanjamSe_klanjam

За се има првпат. Icon_cool

Правите паушална генерализиција. Немојте идеолошките определби на поединци да ги поистоветувате со моралниот лик на тие луѓе. Знам еден куп на луѓе од двете главни партии ( ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) кои се далеку од библиските пропишани морални начела. Како што знам и обратно. Тоа зависи од домашно воспитување и моралниот кодекс на секој човек.

Нормално, исто како да кажеш дека божемните конзервативни демохристијански партии кај нас се полни со луѓе кои никогаш во својот живот не се огрешиле од 10-те Божји заповеди. А и самиот Мојсие кои ги презентирал заповедите на јавноста во тоа време знаел да си убие по некој човек. Tuktuk0niTuktuk0ni
(This post was last modified: 16-02-2011, 07:11 PM by Nikola.)
16-02-2011, 07:11 PM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6
#22

(16-02-2011, 07:11 PM)Nikola Wrote:
(16-02-2011, 06:23 PM)hristo Wrote:
(16-02-2011, 04:10 PM)Nikola Wrote:
(16-02-2011, 04:04 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(16-02-2011, 03:59 PM)nikoj Wrote: Комуњар не може да се покае. Покајание е нешто што е одлика на луѓе кои веруваат во бога не на комунисти ки веруваат на партијата и лидерот.

Se_klanjamSe_klanjamSe_klanjam

За се има првпат. Icon_cool

Правите паушална генерализиција. Немојте идеолошките определби на поединци да ги поистоветувате со моралниот лик на тие луѓе. Знам еден куп на луѓе од двете главни партии ( ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) кои се далеку од библиските пропишани морални начела. Како што знам и обратно. Тоа зависи од домашно воспитување и моралниот кодекс на секој човек.

Нормално, исто како да кажеш дека божемните конзервативни демохристијански партии кај нас се полни со луѓе кои никогаш во својот живот не се огрешиле од 10-те Божји заповеди. А и самиот Мојсие кои ги презентирал заповедите на јавноста во тоа време знаел да си убие по некој човек. Tuktuk0niTuktuk0ni

Ликот за кој зборуваме бече член на партијата СДС и министер за финансии. Колку се сеќавам. Ве молам да ме исправите ако грешам. Името НИКОЛА е многу често во Македонија а за презимето ПОПОВСКИ ич да не правиме муабет. Тој истиот лик колку ме држи памет беше пратеник од 1994 до 2002. НАјцрниот период во македонската историја. Сега работи како асистент на универзитетот на Заставник Бојо. Немојте да заборавите дека законот за приватизација е донесен 1995. И немој некој да ми каже дека КОЛЕ бил млад и не разбирал што ке биде со тој закон. Оти е економист. Сега може и да се кае колку сака. Беже дел од составот кој ја уништи Македонската економија. Треба да му се суди оти бил соучесник. А не да се велича оти ја посрал ама е те се кае демек. Зошто тогаш не се покајал и да каже Брака Македонци БЦ ке ја искраде Македонија. Комуњарот сега одраборува за некој друг. Заставник Бојо не прибира секого на својот универзитет. За кој работи ке каже времето. За мене важи правилото Еднаш КОМУЊАР секогаш КОМУЊАР. Зборувам за времето после 1990 пред тоа луѓето морале да се членови оти ако не се им се одразувало на здравјето.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
17-02-2011, 05:43 AM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#23




17-02-2011, 10:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24


Quote:Остри тонови од Белата куќа


[Image: 8F5E476863556B44AE80018E8C923DCF.jpg]

Потпретседателот на САД, Бајден, и државната секретарка Клинтон на македонскиот премиер му ја пренеле загриженоста за случувањата во Македонија, а како позитивно се издвојува само учеството на мировниците во Авганистан

САД се загрижени за развојот на настаните околу владеењето на правото, слободата на независните медиуми, граѓанското општество и особено значење им придаваат на меѓуетничките односи во Македонија. Истовремено изразуваат надеж дека Скопје и Атина заедно ќе го решат долгогодишниот спор за името за да може Македонија да се приближи кон посакуваното членство во НАТО и да ги оствари своите евро-атлантски аспирации.

Со овие пораки премиерот Никола Груевски беше пречекан завчера во Белата куќа и во Стејт департментот на средбите со потпретседателот Џо Бајден и со државната секретарка Хилари Клинтон.

- На средбата со премиерот на Македонија државната секретарка изрази загриженост за трендот во владеењето на правото, за независните медиуми и за граѓанското општество - соопшти вчера портпаролот на Стејт департментот, Филип Кроули.

Со сличен став се огласи и кабинетот на потпретседателот Бајден, во чие соопштение стои дека тој на македонскиот премиер Груевски му пренел колкаво значење им придаваат САД на владеењето на правото, на слободата на независните медиуми на добрите меѓуетнички односи во Македонија.

Сепак, на двете средби најмногу се говорело за прашањето за името. Тоа го потврди и премиерот Груевски по средбите, најавувајќи силна фокусираност на решавањето на проблемот.

- Ставот на Америка е дека Македонија и Грција треба да го решат овој проблем, дека само ние можеме да најдеме решение, дека не треба да очекуваме некој друг да ни го реши тоа прашање и дека треба да останеме фокусирани на тоа. Тоа е и наш став. Ние и во минатото, но и во иднина ќе останеме силно фокусирани на решавање на ова прашање поврзано со името, односно со нашето членство во НАТО и во ЕУ - изјави Груевски.

Иако потврди дека тоа било најважното прашање на средбите, тој се воздржа од дополнителни и поконкретни информации. Конкретните работи му ги остави на посредникот во преговорите.

- Не можам да ви кажам нешто поконкретно за името зашто конкретните работи ги кажуваат Метју Нимиц и ОН. САД се држава која на некој начин е олеснувач на работите и тие се оние што не' охрабруваат и нас и Грција што побрзо и поитно да најдеме решение, а тие ќе застанат зад едно такво решение - рече македонскиот премиер.

Во изјавата за македонските медиуми тој уште потсети дека само поради блокадата од Грција, поврзана со името, Македонија не може да напредува во евро-атлантските интеграции, односно нема добиено целосно членство во НАТО и ги нема почнато преговорите со ЕУ.

Иако на 40-минутните средби најмногу внимание и време се посветило на прашањето за името, премиерот пред новинарите најмногу време им посвети на реформите со кои се пофалил пред американските домаќини.

- И на средбата со Клинтон и со Бајден зборував за повеќе детали за тоа што се прави со реформите зашто станува збор за реформски ориентирана влада која е насочена кон прогрес и кон постојани модернизации и реформи - изјави Груевски.

Говорел за постигнувањата во областа на образованието, на економијата, судството и за сегашното фокусирање на јавната администрација. Во детали, како што рече, зборувал за реформата во образованието, објаснувајќи дека 6 отсто од БДП во Македонија се инвестира во образование, дека е воведено задолжително средно образование, дека се отворени нови универзитети, нови факултети и дека драстично е зголемен бројот на средношколци кои се запишуваат факултет.

Во однос на економијата Бајден и Клинтон биле информирани дека

Македонија достигнала највисоки стапки во својата историја пред почетокот на кризата, дека Светската банка ги оценила многу добро нашите реформи, но и дека во 2010 година Македонија била трет најголем реформатор во светот, што е сигнал за инвеститорите кои размислуваат каде да инвестираат.

Владата, според Груевски, е фокусирана на борбата против криминалот и корупцијата, но и на спроведување на Рамковниот договор, со што земјата како мултиетничка чекорела напред во остварување на сите претходни заложби.

Освен пофалбите за реформите, Груевски воопшто не ги спомена забелешките од американските високи претставници, а на прашањето дали се зборувало за актуелната ситуација во Македонија, кусо одговори: „Ова беа главните теми, имаше и некои други, но ова беа главните теми“.

Висок третман

Премиерот Никола Груевски е третиот македонски политичар што е примен во Белата куќа. Пред него таму влегоа само претседателот Борис Трајковски и поранешниот премиер Владо Бучковски, и двајцата како гости на поранешниот американски претседател Џорџ Буш.

Груевски овој пат во Вашингтон доби висок третман, иако без поголем публицитет во овдешната јавност. По средбата со државната секретарка Хилари Клинтон 40 минути разговараше со Бајден, во собата „Рузвелт“ во Белата куќа. Извори во Вашингтон коментираат дека Американците со нетрпение го чекале македонскиот премиер, во надеж дека од него ќе добијат конкретни и прецизни одговори на сите прашања што ја засегаат Македонија, но и конкретни решенија за главните проблем.

Жана П. Божиновска
Наш известувач од Вашингтон
18-02-2011, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25



Quote:Сериозни пораки од најдобриот пријател


Пораките на загриженост што завчера ги испрати Вашингтон треба сериозно да се прифатат, истакнуваат експерти. Тие сметаат дека од Белата куќа и од Стејт департментот е чуена досега незабележана реторика при што подвлекуваат оти се загрижени поради трендовите во Македонија, како што се меѓуетничките односи.

- САД лоцираат системски проблеми во владеењето на правото, медиумите и во меѓуетничките односи. Тие не реагираат на изолиран случај, како што беа, на пример, настаните во Кондово во 2004 година, туку велат дека има тенденции. За жал, овие забелешки ги добиваме на десетгодишнината од охридскиот договор - вели професорот Стево Пендаровски.

Повеќето од експертите со кои вчера разговаравме истакнуваат дека токму поради овие проблеми прашањето за името се нашло некаде на крајот од агендата зашто Вашингтон е сериозно загрижен за внатрешните односи во земјата. Слободан Чашуле, поранешен министер за надворешни работи, вели дека двете средби во Вашингтон биле однапред испланирани. Според него, се појавија проблеми, како што е неучеството во парламентот, што довело до воспалени националистички испади.

- Се испровоцираа судири и сето тоа падна во контекст на разговорите во Вашингтон, а нашиот премиер беше прашан за тие елементи. Пораката ја сметам како пријателски совет до целото општество - како сериозно предупредување до опозицијата да се вразуми, а до Владата да обезбеди вистински дијалог - вели Чашуле.

Огнен Малески, поранешен амбасадор, вели дека „од едно штуро соопштение не може да се извлече с`, но главните пораки се пратени“.

Разговорите на Груевски со Бајден и со Клинтон потврдија дека дијалогот е воден во рамки на стратегиското партнерство помеѓу САД и Македонија, но и дека Вашингтон сака дијалог со партнер што нема проблеми со демократските капацитети и особено со меѓуетничките односи. Остана дилемата што кажал Груевски за името, односно дали САД притиснале да се најде решение пред 21 март, за кога е закажано сослушување пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Пред оваа средба дипломати информираа дека Вашингтон и Брисел ќе вршат притисок со намера наскоро да се постигне компромис. Остана да дознаеме и дали на разговорите македонскиот премиер останал на ставот дека кое било решение за името ќе го даде на референдум. (Х.И.)


18-02-2011, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26



Quote:СДСМ: Земја без углед

За тоа на кое ниво не` доведовте и каков углед на земјата направивте говори и фактот што изјавата по средбите ја дадовте на улица, наместо тоа да го направите во американските институции, реагираше вчера Ана Павловска-Данева, претседател на Централниот одбор на СДСМ, по посетата на премиерот Груевски на Вашингтон. Таа вели дека ако се споредат изјавата на Груевски и соопштенијата од Белата куќа и од Стејт департментот, испаѓа дека Груевски се сретнал со други луѓе, а не со Клинтон и со Бајден.

- Нашиот премиер нагласи како тој ги раскажал наводните реформи што ги прави во образованието, во судството, во јавната администрација и дека добил препорака спорот за името билатерално да се реши. Тоа биле главните теми. А с` што американските претставници имале да порачаат биле помалку главни теми. Дали за Груевски е неважна тема фактот што и двете соопштенија почнуваат со истакнување на загриженост за правната држава, независноста на медиумите, цивилното општество и меѓуетничките односи. Средбите со високите американски претставници не служат за евтини манипулации и спинови својствени на вашето владеење - рече Данева.

18-02-2011, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,071
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27


Quote:Зошто САД го поддржуваат бојкотот на Собранието?


Политичката криза е создадена. Следува главниот удар. Во Вашингтон. За арно, вака не те викаат. Ако и тоа не успее, дали ќе следува активирање на албанскиот фактор, како последен џокер? Или тоа веќе почна на Кале?


Во западните демократии бојкот на парламентите е незамислива работа. На таквата практика, во земји како нашава, тие без исклучок реагираат и инсистираат на нормално функционирање на институциите на системот.

Масовното напуштање на Собранието, иако без издржана директна причина, не беше прифатливо за ЕУ, а го критикуваше дури и прогрчки пратеник во Стразбур.

Напоменувајќи дека внимателно ја следат ситуацијата во Собранието, Амбасада на САД излезе со писмена изјава: „Ние сме загрижени поради актуелната криза во Македонија: закани за независни медиум, за независно судство и за процесот на евроатлантските аспирации на земјата. Исто така, загрижени сме за состојбата со политичкиот дијалог и повикуваме на отворена дебата меѓу граѓаните во Македонија, владата и институциите...“ Бојкотот го нотирале, ама не ги загрижил, иако точно тој создаде сериозна политичка криза. За повик за враќање во пратеничките клупи, веројатно не се сетиле.
Ставот, иако со „скепса“, го прецизира Кантримен, пред да нé посети: „...можно е и тоа да го видиме, бојкотот да даде корисни резултати во Македонија или Албанија!“ Кои би биле придобивките кај нас, не кажа. Начелно, се разбира, ни тој не е за бојкот на институциите. Арно ама...

Според дипломатската практика, толерирањето на создавање дополнителна криза, особено во земји што се блокирани и уценети, сигнализира постоење на некакво однапред договорено сценарио. Или создавање терен за наметнат расплет.

САД ниту се ниту можат да бидат толку загрижени околу нашите медиуми (белки ги паметат пилешките батаци), за владеењето на правото или за слични марифети. За сите тие проблеми во тек се реформи, кои побавно или поуспешно се реализираат во соработка со ЕУ. Зошто тогаш токму сега САД се експонираат?

САД немаат друг проблем со нас освен името на државата и веќе подолго инсистираат што поскоро да си го смениме. Во случајов, судството, дијалогот, Собранието... се само обичен параван. Целта е прекрстување на државата. Тоа ќе им симне стара хипотека и ќе им донесе успех, каков долго не постигнале на меѓународен план. Ќе ја растоварат Атина од едно големо гајле, во банкротот кој дневно им се заканува, ќе поентираат кај грчкото лоби во САД, ќе отстранат тешка бламажа од Брисел поради игнорирање на меѓународни обврски (Привремената спогодба) и ќе им ја олеснат работата на тамошните централи, заглавени во сопствената непринципиелност... Ќе ни го отворат и нам патот за членство во НАТО и во ЕУ, што секако не е неважно. Меѓутоа, нашето консолидирање ќе биде само привидно, поради превисоката цена што ни ја наметнуваат.

Ќе се обезбедат и доколку Судот во Хаг покаже „непослушност“ и праведно пресуди во наша корист...
Со промена на името, проектот за дефинитивно затворање на „македонското прашање“ ќе биде завршен. Го почнаа со нерегуларниот прием во ООН; продолжија со настаните во 2001 година и договорот во Охрид; и откако овозможија албанизирање на значајни делови на земјава, со административната поделба од 2004 година дојде време и за прекрстување.

Во меѓувреме беше објавено дека премиерот Груевски е поканет итно да оди во Вашингтон. Ако оваа посета не била регуларно планирана (како што изгледа), а тоа се прави макар пет, шест... месеци однапред, тогаш е сосема извесно дека во прашање е обид да ни се наметнат неприфатливи решенија. Очигледно им се брза. Празните клупи во Собранието ги максимализираа условите за решавачки притисок што поскоро да капитулираме. Поканата за Вашингтон мора да се гледа во тој контекст.
Американските намери се најавени. Рикер рече дека „Груевски ќе биде прашан дали има стратегија да ги реши овие прашања“. Кои? Судството и медиумите? Та тие не се клучни.

И од Стејт департментот беа конкретни: „САД сакаат да го прашаат премиерот каде ја води земјата во 21 век“. Зарем амбасадата не ги известува? Или баш поради тоа?

Кантримен беше арогантен. На новинарско прашање - дали македонското раководство има визија каде ја води земјата, одговори: „Тоа е многу космичко прашање, ќе размислам за него кога ќе постигнам космичка состојба на умот!“ Заслужува да ја постигне.

Евидентно е дека САД не се задоволни од „тврдоглавоста“ на Груевски, а кризата и е одличен алиби на Атина за бескомпромисност. Единствено слух за непристојните предлози има нашата опозиција. Се чини, Вашингтон сега поотворено почнува да игра на нејзина карта. Политичката криза е создадена. Следува главниот удар. Во Вашингтон. За арно, вака не те викаат. Ако и тоа не успее, дали ќе следува активирање на албанскиот фактор, како последен џокер? Или тоа веќе почна на Кале?

Во меѓувреме, иако дефинитивно маргинализиран, Нимиц беше „оживеан“ за да создаде впечаток дека името се решава преку него. Да не се помисли дека тоа ќе биде главна тема во Вашингтон, ако не и единствена. Неизвесно е само што ќе ни понудат за да капитулираме?

Не треба да има никакви дилеми дека решението за името мора да се бара во Вашингтон, не во Атина или во Брисел. Проблемот е што САД тоа го прават на сосема погрешен начин. Нашето саможртвување неизбежно ќе донесе тешки и несогледиви последици и за земјата и за регионот. Сите локални апетити, кои воопшто не се за потценување, ќе пораснат, а тоа целосно ќе го промени геостратегискиот баланс на јужниот дел од Балканот. Последиците ќе бидат катастрофални.

Знае ли кај нас некој кои се визиите на САД за земјава (и регионот), ако веќе нашите се космички?
Ако ја запалат Македонија, ќе го изгорат Балканот.

Авторот е поранешен амбасадор

Автор: Ристо Никовски
18-02-2011, 03:16 PM
Reply