Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 10 Vote(s) - 2.2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
In Memoriam:Dr. Hans-Lothar Steppan (1935-2011)
Author Message
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

Quote:In Memoriam:

Dr. Hans-Lothar Steppan (1935-2011)



5. февруари 2011

Rheinbreitbach (Рајнбрајтбах), Германија



Почина големиот лобист и посведочен пријател на Македонија д-р Ханс-Лотар Штепан



По кратко боледување во својата 76. година од животот почина д-р Ханс-Лотар Штепан, и прв германски амбасадор во Македонија и автор на книгата „Македонскиот јазол„. Штепан беше еден од најголемите лобисти за вистината на Македонија и активно работеше на запознавање на европската и светската јавност со тоа прашање што зборува и самиот факт со неговата книга која доживеа неколку изданија на германски, македонски и англиски јазик.



Книгата „Македонскиот јазол“ од д-р Ханс Лотар Штепан, во издание на книгоиздателството „Аз-буки“, беше обид на првиот германски амбасадор во Македонија низ презентирање архивски документи да ја покаже вистината за македонски народ. Соочен со оспоруваната позиција на Македонија, особено интензивирана по распадот на југословенската федерација, Штепан ги прегледа досиејата на Политичкиот архив на германското министерство за надворешни работи, пронаоѓајќи во нив несоборливи аргументи против асимилаторските тенденции што со векови го врзуваат компликуваниот македонски јазол.



Ханс-Лотар Штепан беше роден во Источна Прусија во 1935 година. Студирал индустриско инжинерство на Техничкиот универзитет во Дармштад. Докторирал на економски науки и работел како научен асистент се до 1965 година кога се вработува во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. На дипломатска должност бил во Франција, Гвинеја, Финска и Југославија. Од 1986 до 1995 година бил амбасадор на Германија во Катар, Чад и Македонија.





Ханс Лотар Штепан е добитник на следните награди од Македонија:

Во 2007 година Македонска академија за наука и уметност (МАНУ) му ја додели наградата „Блаже Конески„

Во 2008 ги добива наградите: „Духовен воин на Македонија“ од манифестацијата Македонски духовни конаци и наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков„ од фондацијата „Рамковски„. Истата година е добитник на плакета за високи достигнувања на општина Кисела Вода од Скопје.





Ханс-Лотар Штепан во неговите многубројни интервјуа најмногу ќе остане забележан по следните негови изјави и слогани:



„Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија„



„Грција треба да има одговорност за правда и вистина!„





Многу земји, меѓу нив и САД, го признаа вашето уставно име. Тоа покажува дека американските политичари и научници мора да ги истражиле нивните архиви за македонската историја и дека го извлекле единствениот можен заклучок. Светот, врз база на подоброто познавање на македонската вистина, практично е обврзан да ја поддржи демократска Македонија, интензивно и ефикасно. Во секој случај, европската солидарност со една измамничка политика (на Грција м.з.) ќе го дискредитира не само измамникот туку и членките на ЕУ, кои се солидарни со него„.



„Убеден сум дека сите историчари се согласуваат дека ако сакате да ја сфатите денешната политичка ситуација, морате да навлезете во историјата. Оваа историја докажа она што јас го проверив, на пример, дека Грција пред 1912-'13-тата никогаш не ја поседувала македонската територија. Ни во античко, ни во римско време, ниту во словенско време, ни за време на Отоманската империја. Само по прекршувањето на меѓународниот закон во 1912-'13-тата за време на Балканските војни, заедно со Бугарија, Србија и Црна Гора. Тие ги окупирале и ги припоиле Македонија, Тракија и Епир. Во основа, Грција ја украла македонската територија, зашто ова било против меѓународниот закон. Оваа историска врска е целосно независна од правото на Македонија за самоопределување. Сите народи во светот го имаат тоа право, така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша.„



„Европската комисија и НАТО знаат дека Грција е вешта, и дека лаже околу наметнатиот проблем што го создаде околу Македонија. Знаат дека не треба да биде така. Посебно од лулката на Европа, од лулката на демократските принципи. Грција треба да има одговорност за вистина и правда. Мислам дека заднината се Балканските војни и односите меѓу Балканската лига и Антантата пред Првата светска војна„.



Нека почива во мир!





Текст и фотографија:

Гоце ДУРТАНОСКИ
Извор

Еден човек кој го сметам за наш и за светски граѓанин.
Човек кој застана зад вистината и правдата.
Слава му
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 07-02-2011, 06:11 AM by montehristo.)
07-02-2011, 06:07 AM
Reply