Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.25 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДОЖД СРЕД ПУСТИНА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,081
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Неверојатно откритие: Создале дожд сред пустина


Понеделник, 03 Јануари 2011 21:20

Со векови луѓето од Блискиот Исток сонуваат песокливата пустина да ја претворат во земја погодна за земјоделство со изобилство на свежа вода. Денес се еден чекор поблиску до остварување на овој сон, откако група научници вработени од страна на владетелот на Абу Даби изјавија дека успеале да предизвикаат поројни дождови на ден без облаци.

[Image: desert-rain-1.jpg]

Тие тврдат дека успеале да предизвикаат 52 невремиња минатата година во источниот регион Ал Аин со помош на нова технологија дизајнирана за да го контролира времето.

Луѓето кои живеат во тој регион биле збунети од дождот кој понекогаш бил пропратен со грмотевици. Научниците работеле тајно под покровителство на шеикот Калифа бин Зајед Ал-Најан кој што е претседател на Обединетите Арапски Емирати.

Тие употребиле огромни јонизатори за да генерираат полиња на негативно наелектризирани честички. Токму овие честитчки помагаат во формирањето на облаци, а истражувачите се надевале дека тие облаци ќе „родат“ дожд.

Основачот на швајцарската компанија Metro Systems International задолжена за овој проект, Хелмут Фулер, фалејќи се изјавил: „Успеавме многупати да произведеме дожд!“

Ова е прв пат луѓето да произведат дожд од влажноста во воздухот на ден без облаци. Во минатото, Кина и неколку други земји употребуваа хемикалии со цел создавање и уништување на дождовни облаци.

[Image: desert-rain-2.jpg]

Минатиот јуни, Metro Systems International изгради 20 емитери на пет локации кои можат да испратат трилиони јони во атмосферата коишто пак можат да создадат облаци. За време на четирите летни месеци емитерите биле вклучувани кога влажноста на воздухот достигнувала 30% или повеќе. Тогаш, иако метеоролошката служба предвидела чисто небо и 0% шанса за дожд во регионот Ал Аин, сепак врнело 52 пати!

Проектот бил надгледуван од Институтот за метеорологија Макс Планк, еден од водечките светски центри за атмосферска физика. Професорот Хартмут Грасл, поранешен директор на институтот, изјавил: „Постојат безброј примени за оваа технологија. Една од нив е носењето на вода во сувите области. Ова е можеби едно од најважните човекови откритија“.

Покрај тоа што оваа технологија ќе донесе вода во пустините, таа овозможува и огромни заштеди. Целиот систем чини околу 6 милиони фунти, додека една фабрика за десоленизација на морската вода чини оклу 850 милиони фунти.
04-01-2011, 02:47 AM
Reply