Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДА СТАСАМЕ ДО ПОБЕДАТА ТРЕБА ДА ПОЧНЕМЕ ДА УЧИМЕ КАКО СЕ ПОБЕДУВА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Една народна мудрост вели: решението за проблемот кое се потпира врз нечие искуство гарантира успешно решение на проблемот.

Налетав на едно интересно интервју и ке пренесам дел од него. Го пренесувам од причина за да научиме нешто од искуството на народ кој имал и има слични маки како нашиве. Но за разлика од нас тие наоѓаат решение. Да учиме нешто од нив.

Quote:Зборот холокауст секогаш се поистоветува и со еден
народ, Вашиот, еврејскиот. Евреите и нивната богата се-
когаш болна историја...

САДИКАРИО: По Кинезите, Евреите се најстар преживеан
народ, кај кој покрај зачуваните традиции, има постојани
метаморфози, брзи промени. Потекнуваат од Сумер и Акад
(Месопотамија). Ним им се придружиле поединци или групи
верници од блиските семитски народи, како Феникејци (на-
родот од морето), Аморејци, Арамејци, Халдејци (Вавилонци),
Моаби и избрканите Хикси од Египет. Фактор кој ги одржал е
монотеизмот, договор и апсолутно следење на богот Ел или
Јахве. Библијата (или Тора) е книга која ја создале учени Евреи.
Евреите доживеале жестоки судири и геноциди од Римската
империја. Во средниот век доживеале масовни и радикални
прогони и геноциди, а во минатиот им се случил холокаустот
на нацистите. Денес во светот има околу 15 милиони Евреи, 5
милиони во Израел, 9 во Америка и 1 милион во Европа и во
Русија. Се верува дека на територијата на Македонија првите
Евреи дошле по инвазијата на Вавилон во VII век пр.н.е., а по-
тоа за време на Александар Македонски. Тогаш овде го збо-
рувале јазикот јаван, мешавина на хебрејски и на старо маке-
донски или, пак, коине. Најголемиот број се доселиле за време
на Римската империја. Бидејќи зборувале латински јазик ги
нарекле Романиоти и од нив денес има мал број живи. Во XV
век, од Шпанија и од Португалија се протерани околу 300.000
Евреи, а спалувајќи инквизицијата убила околу 1 милион. Тие
дошле и во Османлиската империја, односно и на Балканот. Сè
до холокаустот најголем и најважен еврејски центар бил Со-
лун. За време на најголемиот ужас се убиени речиси сите Ев-
реи од Македонија. Денес во државава има 215 Евреи. И по-
крај големиот углед еврејската заедница постепено исчезнува
поради асимилацијата, но и иселувањето заради социјалната
криза во Македонија.

Нацистичките логори на смртта секоја година веќе шест
децении го предупредуваат човештвото кое како да не
е во состојба да ја научи, да ја сфати Дарвиновата тео-
рија на постоењето...

САДИКАРИО: Зборот холокауст е кованица од грчкиот ја-
зик и во буквален превод значи целосно изгорување. На хе-
брејски соодветен збор е "шоа", со исто значење, користен и
во Библијата. Се однесува на уништувањето на Евреите во
нацистичките логори на смртта, најчесто со употреба на гас, а
потоа со горење во крематориуми.
Нацизмот датира од 1920 година и во значителна мерка е
по врзан за Хитлер. Мистериозно е зошто толку многу ги мра-
зел Евреите, кога во младоста се дружел со нив, неколкумина
му помагале да ги продаде сликите и така да ја преживее со-
цијалната криза. Исто така, нацизмот има длабоки корени во
Франција, Англија, Австрија и Германија. Кога во 1933 година
дошол на власт бил отворен првиот концентрационен логор
"Дахау", каде прво се спроведувал "Еутаназија проект" т.е. уби-
вање хендикепирани деца, старци, болни луѓе, со изговор
дека тоа се "бескорисни усти" за кои општеството не треба да
тро ши пари. Подоцна, биле додадени и "непожелни лица":
комунисти, свештеници кои се противеле на нацизмот, хомо-
сексуалци, на крај и Евреите, без разлика на нивната по ли-
тичка припадност или заслугите за Германија. Потоа на ред
дошле и други "непожелни" популации, како Ромите, па "сла-
вофонските", туркофонските народи, за да ги вклучат и сите
германски народи. Во јануари 1942 година бил донесен закон
за тотална екстерминација на сите Евреи (по список, за кој е
фасцинантно тоа што биле забележани сите Евреи во Европа,
11 милиони), и тоа организирано во мрежа на концентрациони
логори (најмногу во Полска), со еден централен логор - "Ауш-
виц" и три само за Евреи - "Треблинка", "Собибор" и "Мајданек".
Во "Аушвиц" се користел отровниот гас циклон-Б (цијанид), за
кој денес се знае дека се произведувал во фабриката "Фарбен",
финансирана од швајцарски и од шведски банки. Македон-
ските Евреи заедно со тие од Варшавското гето се убиени во
Треблинка". Најтежок и најморбиден логор на смртта бил
Јасеновац", каде се убивало со механички средства (чекани,
секири...), за денес да се оспорува дека постоел. Вакви не ги-
рања има и за другите логори. За командант на проектот бил
именуван Адолф Ајхман, кому му е судено во Израел. Во овие
логори се правеле и експерименти на луѓе - пресадување очи,
органи, стерилизација, вештачко оплодување, хибернација
за мрзнување), инфекции, бојни отрови, космички испи ту ва-
ња. Нив ги водел Јозеф Менгеле, доживеал длабока старост
без да биде суден. Во логорите се убиени 11 милиони луѓе.
Македонија прво била под окупација на Германија, која й ја
предала предоминантно на Бугарија (освен рудниците), а дел
на Италија. Бугарија веднаш го спровела "Законот за заштита
на нацијата" кој, меѓу другото, предвидувал сите Евреи да но-
сат жолта значка, да бидат концентрирани во посебни гета, да
се спроведе конфискација (30 отсто од имотот веднаш, а дру-
гиот дел подоцна), се забранувале културна дејност, мешовити
бракови, дружење со не-Евреи, настава, земјоделие, бизнис,
им се ограничувале храната и огревот. Била планирана екс-
терминација на сите Евреи, прво на 20.000, на оние од Ма-
кедонија, Тракија и Јужна Србија, што целосно било извршено.
На 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи од Македонија
и собрани во "Монополот" во Скопје, а потоа во три конвои
испратени во логорот "Треблинка" каде веднаш ги убиле. Се
спа силе само околу стотина, оние кои се придружиле на пар-
тизанскиот отпор, од кои половина загинале во борбите. По-
веќето од преживеаните заминале во новоформираната др-
жава Израел. Неколку фамилии се спасиле успевајќи да по-
бегнат во Албанија и во Италија.
Инаку, бугарските Евреи не биле уништени поради побуната
на населението, а најмногу и затоа што се приближувала Цр-
вената армија, од стравот од одмазда. Некои македонски Ев-
реи биле во бугарски логори и се спасиле, на пример, Сал-
вадор Леви, Исак Леви, Аврам Садикарио и Исак Таџер.
12-11-2010, 03:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:За народ кој ја преминал пустината,
давајќи му отпор на натчовечкото, неверојатно е дека
од себе не го откорнал библиското "не убивај",
со што можеби би го намалил самоуништувањето...

САДИКАРИО: Недостојно и ниско е Евреите да се набе ду-
ваат за некакво мирно држење, како што велеа некои кому-
нистички раководители "се криеле како глувци". Според мене,
точно е тоа дека требало отпорот да биде пожесток и по ми-
литантен, бидејќи со нацисти не треба да се има милост и ком-
промис. Евреите й веруваа на Европа, особено на Германија и
на Франција, од кои не очекуваа масовни убиства. Исто така,
Библијата вели "не убивај", што е внатрешна сопирачка за
оние кои веруваат. Сепак, голем е бројот на оние кои биле во
партизанските одреди на Југославија и на Македонија, исто
така, имало еден вид отпор и со бројните самоубиствени по-
буни речиси во сите логори, значаен е самоубиствениот отпор
на Варшавското гето, доброволното учество во Британската
армија, Еврејските воени единици во Полска и во Литванија,
војници и офицери во Американската армија, во Црвената
армија. Советскиот сојуз им го додели највисокиот орден на
народен херој на околу 400 Евреи за нивната храброст, што со
оглед на антисемитизмот и строгоста на Сталин, е речиси не-
веројатна бројка.
Еврејската милитантност се покажа доцна, со формирањето
на познатите групи како Хагана, Абрахам Штерн и групата на
Бен Гурион, кои ја создадоа државата Израел. По нејзиното
формирање, по налог на првиот премиер Бен Гурион, прва
задача било формирањето Израелска армија и разузнавачка
служба "Шин Бет", подоцна агенција "Мосад". Точно е дека за
спречување на нацизмот и на холокаустот, пред сè, е потребна
воена сила.
Денес во Европа и во светот неонацизмот е во исклучителен
пораст, особено како реакција на беснеењето на исламскиот
екстремизам. Во Германија, на последните избори околу 1 ми-
лион гласови добија неонацистите. Дали во иднина ќе биде
можно нацизмот да се сузбие без воена интервенција...?

Слушајќи ја Вашата еврејска историја, нè враќате во
длабоките корени на македонската. Сличности во ми-
на тото, разлики во денешнината... Македонци и Ев реи...

САДИКАРИО: Македонците и Евреите имаат сличности во
судбините, а разлики во резултатите. Ние што сме во Ма ке-
донија се чувствуваме како стопроцентни Македонци и за нас
од исклучителна примарност е просперитетот на оваа др жа-
ва. Загрижува патот по кој оди Македонија, во познатото
самоуништување. Недостатоци постојат и кај Евреите, сите
човечки слабости, и меѓу нив има криминал, корупција, меѓу-
себен антагонизам..., но кога се работи за опстанокот, особено
за државата Израел, нема дилема дека тоа е апсолутен прио-
ритет. Обратното од ова е холокауст. Обратното е победа од
нацизмот, што воопшто не е нереално. Во Македонија сè е по-
приоритетно од опстанокот на државата. Тоа не е својство са-
мо на политичарите, туку речиси и на целата популација.
Антагонизам кон себе, феноменот "на комшијата да му умре
козата", нереагирањето на крајните опасности кои ја униш ту-
ваат државата, како лекар ме потсетуваат на синдроми со ге-
нетски дефект, а како Македонец бескрајно ме загрижуваат.
Немам илузии за тоа дека некој ги сака Евреите, а уште по-
малку нивната држава. Но, тие мора да живеат, па и по цена на
смрт. Паралелата меѓу овие народи: никој не ги сака Маке дон-
ците, а уште помалку нивната држава, но тие мора да живеат и
по цена на смрт. Значи, Евреите или сличните на нив прво мо-
ра да се борат за да живеат, а второ да се борат за да ги са-
каат.
Една индиректна паралела: еден експерт ми објаснуваше
дека постојат три вида власт - извршна, економска и јурис тич-
ка
. Во развиените земји првите две најчесто
се корумпирани
, а третата е таа од која се плашат.
Тоа важи и за Израел и за САД. Кај Арапите (освен можеби Египет) и
кај нас корумпирани се сите три власти
. Мислам дека првичниот клуч за Македонија
е да ја решиме корумпираноста на јуристичката власт. Јурис-
тиката а не бизнисмените можат да ја решат македонската
економија.
12-11-2010, 04:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Прогонети од светот се збраа на едно
парче земја, да јаодживеат болката на опстојувањето, да
се разбудат оддвеилјадагодишниот сон за сопствена држава...

САДИКАРИО: Кај Евреите сонот за еврејска држава постои
2000 години, од времето кога ја изгубија во борбите со Рим-
ската империја. Во молитвите секој ден повторувале "...след-
ната година во Ерусалим", "...ако некогаш те заборавам Еру-
салиме, да ги изгубам двете очи". Со векови верувале дека ќе
дојде Месија кој повторно ќе го оформи царството Израелско.
И Месијата го добија други народи.
Државата Израел е формирана 1948 година, како резултат
или последица на долгогодишната идеологија наречена цио-
низам, но и поради нивната најголема трагедија - холокаустот.
Ционизмот постоел подолго време, преку поединци или ор-
ганизации со разни политички профили. Сепак, се смета дека
најпроминентен, но и со конкретен предлог за организирана
држава бил новинарот Теодор Херцл, кој идеите ги збрал во
книгата "Еврејска држава". Во практиката најзаслужен е Давид
Бен Гурион, прв премиер, кој ги обедини Евреите кон заед нич-
ката идеја, знаеше кога да нападне а кога да биде дипломат,
личност која го предложи името Израел, изборот на химната,
знамето, системот, меѓународните односи, армијата, разуз на-
вачките служби, приоритетите. Според него, Израел има три
столба на опстанок - сопствена храна, сопствена одбрана и
сопствено знаење. Затоа, приоритети беа земјоделието (ни-
когаш својствено за Евреите), науката, армијата, школството,
здравството и уметноста. Тој предложил прв претседател да
биде Алберт Ајнштајн, препознавајќи го приматот на науката,
кој одбил сметајќи дека не одговара да се занимава со по ли-
тика. Досега ќе мораше да издржи 4 жестоки војни и кон-
тинуирана војна со тероризмот. Успехот во војната се должи
на два фактора: врвна технологија, надмоќна во регионот, но
и во светот; и врвна мотивираност која се граничи со фана-
тизам, без која не е замислив опстанокот. Повеќето израелски
премиери биле генерали, лично сметам дека тоа е најдоброто
решение за Израел, иако моите убедувања базично се против
војната.
Проблем број еден се водата и мирот. Успеси број еден се
земјоделието, медицината, телекомуникациите, армијата, ра-
зуз навачките служби.

Некако тамошните случувања наведуваат и на една не
избежна помисла. Дали Израел е милитаристичка држава?

САДИКАРИО: По сите перформанси Израел остава впе-
чаток на демократска земја. Има многу партии, со најразлични
гледања на светот, религиозни и секуларни партии и групи,
истовремено и социјализам и капитализам. Таа е центар на
четири религии - јудизам, христијанство, ислам и бахајство.
Ерусалим е "цветна градина" на археологијата, историјата и
религиите. Кога ќе посетите кибуц, мислите дека тоа е таа
градина, но подоцна сфаќате дека всушност не знаете кој од
нив каде има скриена армија и армада. Израел и натаму
останува милитаристичка држава, но во демократска обланда
во начинот на живеење, изборите, слободата на говорот итн.
Евреите велат "Аушвиц, никогаш повеќе". Никогаш повеќе -
значи армија. Армија - значи наука и технологија.

Како би ни изгледал светот кога на една територија би
се гетоизирал еден народ, не би биле никакво поле за
ништо. Но, сепак секој треба да си го знае своето место.
Израелците и Палестинците - Македонците и Албан-
ците...

САДИКАРИО: Секако дека постои одреден паралелизам
меѓу Израелците и Палестинците со Македонците и Албан ци-
те. Во основа Израел е пустина, што ќе добијат Арапите ако го
освојат? Ако тоа го направат потоа би требало да се истепаат
меѓу себе. За жал, недемократските режими во арапските зем-
ји се толку силни, што тие едноставно мораат да имаат некој
непријател со кој ќе му се закануваат на сопствениот народ.
Од друга страна, исламските лидери се за степен поит ри од
другите. Тие лесно го добија Витлеем, со што кон тро ли раат
важен христијански духовен центар. Би сакале да го земат и
Ерусалим заради двојна контрола: едната за исламот и другата
за цел свет. Секуларниот свет смета дека религиоз ните центри
не се важни, но тоа е многу опасна и жалосна заблуда. Освен
тоа, Израел е важен туристички центар и из вор за значителна
заработувачка. Трето, мешање на големите сили, кое нема ско-
ро да заврши, а за среќа кај нас овде тоа не е во толку голема
мера.
Нашиот проблем Македонци-Албанци не е лоциран во не-
пријателствата меѓу државите Македонија-Албанија или маке-
донски Албанци во однос на Македонија, туку косовски Ал-
банци во однос на Македонија. Значи, се работи за тери-
торијална аспирација кон Македонија од страна на Косово.
Македонските Албанци ги поддржуваат косовските не затоа
што многу ги сакаат, туку најмногу затоа што нашава Маке-
донија не се сака себеси. Што кажувам? Па, ако Македонија
по кажеше самопочитување, максимална цврстина и реше-
ност да постои како, на пример, Германија по војната, или
Америка, Шведска... тогаш сите субјекти ќе имаа уште поголем
респект. Тогаш на Албанците во неа ќе мораше да им биде
чест да кажат дека се Македонци. Кога се наоѓаат во земја која
сама себе не се респектира и преферира да се уништи во
корист на нечии лични интереси, тогаш друга земја која има
каква-таква перспектива и самопочит е многу подобар при-
мер. Ова не е никакво оправдување за раните кои Албанците
им ги нанесоа на Македонците и на Македонија, само укажу-
вање на еден фактор. Ете, и во Грција има повеќе етникуми, но
сите имаат почит кон државата и никој не смее да помисли да
мрдне во однос на неа.
Можеби под површината на сè се крие тежок проблем на
самоантагонизам. Длабоко се надевам дека не ни се случува
една тивка Бартоломејска ноќ, од таква ноќ никој нема да
биде поштеден. Привилегија е да се живее во Македонија, но
мирисот на привлечноста често е трње кое го покрива цветот.
Љубоморни на помислата дека некој ќе ни го откине цветот,
ние го негуваме трњето. Имаме вода, земја, сонце, а нашите
да лечини во историјата не се мерат со светлосни години. Ја
препознаваме шансата, а неспособни сме да ја оствариме. Ус-
пехот не е во вродената способност ниту, пак, крајната содр-
жина на целта, туку свесноста дека е потребна цел.
(This post was last modified: 12-11-2010, 04:18 AM by ЈорданПетровски.)
12-11-2010, 04:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Поимот антисемитизам е од поново време, поточно од
но винарот Вилхелм Мар, од пред околу 150 години, во Гер-
манија, и се однесува на омразата кон Евреите. Зборот не е
соодветен, бидејќи Семити се и други народи (потомци на
Шем, син на Ное), од кои најмногубројни се Арапите. Уште
една грешка се провлекува во научниот свет, дека Семитите
се раса, а всушност тоа е лигвистички поим кој го вовел фи-
лозофот Ернест Ренан. Врз база на јазични групации на ро-
дите биле поделени на Семити и Ариевци, грешката натаму
се зголемила кон тоа дека Ариевци се Германците и Нор-
дијците (бесмислено), што е основа за нацизмот. Како да ка-
жувате дека Французите и Италијаните се една раса, а Гер-
манците и Англичаните друга.
Во стариот век антагонизмот и борбите против Евреите
биле за територија, во средниот век поради религија, а во
новиот век најмногу поради економија, односно од завист
кон економскиот, академскиот, уметничкиот успех итн. Ре-
чиси една третина од нобеловците се Евреи, а по бројност
во светот се помалку од промил. На најеминентните светски
универзитети повеќе од една третина од професорите се
Евреи, а на Колумбија (Њујорк) и Брандајс (Бостон), речиси
сите. Тоа се однесува и за универзитетите во Русија, особено
на оние од областите математика и физика. Во Русија нај го-
лемите бизнисмени се Евреи, најмногу поради нивните
прет ходни позиции во КГБ и тогашната влада, што е основа
за нов жесток антисемитизам и неонацизам. Сегашниот ан-
тисемитизам најмногу е потенциран со антагонизмот меѓу
Израел и Арапите, два семитски народа. Тоа се пренесува и
на религиозна основа (џихад), што е екстремно опасно за
светот.
Традиционално историски пријатели на Евреите се сме-
таат Турците, Холанѓаните и Персијците, но со последниве
односите се нарушени поради џихадот. Македонците, исто
така, се популарни меѓу Евреите, поради античките вре ми-
ња од периодите на Александар и на Птоломеј, а сметам де-
ка тоа по малку е запоставено поради недоволните позна-
вања и афирмацијата на модерна Македонија.
12-11-2010, 04:17 AM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#5

Просто кажано, изговорот дека "сите не' мразат" не е прифатлив. Бидејќи ако Евреите, кои се универзално омразени од памтивек до денес и се најнеобезправениот народ на светот можат да направат држава која е за завидување, тогаш секој мора да може да ги стори истото.
12-11-2010, 11:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Текст кој заслужува да се прочита и да се извлече некоја поука од него.

Quote:Животот, верувањата и наследството на Роналд Реган

Можеби се прашувате зошто му посветувам цел прилог на американски претседател што се родил пред 100 години и каква врска има тоа со Македонија. Веднаш ќе ви одговорам: Роналд Реган сакал да смени една нација и на крајот успеал да ги смени и нацијата и светот

В сабота, 6 февруари, се навршуваат 100 години од раѓањето на американскиот претседател Роналд Реган, кој е роден во мал град во Илиноис. Можеби се прашувате зошто му посветувам цел прилог на американски претседател што се родил пред 100 години и каква врска има тоа со Македонија. Веднаш ќе ви одговорам: Роналд Реган сакал да смени една нација и на крајот успеал да ги смени и нацијата и светот.

„Холанѓанецот“, како што го нарекувале, бил никој и ништо и пораснал во зафрлено гратче во Илиноис. Татко му бил продавач на чевли, а мајка му светица. Никогаш немал многу и не барал многу. Сакал само да сними нешто во Холивуд. Откако кратко учествувал во радиоемисија, снимил нешто во Холивуд и излегло дека е добар актер, всушност одличен актер. Подоцна неговите непријатели се подбивале со него поради актерското искуство, ама тој не им посветувал многу внимание на нивните задевања. Актерството не било тоа што му дало смисла на неговиот идентитет, исто како што и не очекувал претседателствувањето да ја дефинира неговата личност. Идентитетот му го дала грижливата мајка, која на него пренела одредени вредности и верувања. И татко му му помогнал да научи многу лекции и, иако имал проблеми со алкохолот, го научил синот да ја цени вредната работа и да ги почитува луѓето. Како што Реган напишал во својата автобиографија: „Родителите постојано ме бомбардираа со тоа колку е важно луѓето да се ценат како поединци. Во нашата куќа повеќе немаше тешки пороци, ниту пак расни навреди или други остатоци од религиозна или расна нетрпеливост. Причина за тоа беше што татко ми самиот имаше можност да научи што е тоа дискриминација. Пораснал во ера кога на вратите во продавниците имало натписи ЗАБРАНЕТО ЗА КУЧИЊА И ЗА ИРЦИ“.

Реган се откажа од кариерата во Холивуд за да застане на чело на Здружението на филмски актери, кое ги претставуваше холивудските актери. Како претседател на Здружението, беше изложен на политичката страна на животот и научи повеќе за другите „изми“, каков што е комунизмот, и се заколна дека ќе се бори против него. Како што го искусуваше животот, почна да менува политички партии, преминувајќи откај демократите кај републиканците и рефлектирајќи ги нивните верувања. Се откажа од профитабилна позиција во „Џенерал електрик“ како водител на телевизиски серии и се впушти во политичките води, кандидирајќи се за гувернер на Калифорнија. По двата мандати како гувернер (1967–1975 г.), остана во политичката арена и двапати по ред беше избиран за претседател на САД (1981–1989 г.). И вдахна нов живот на Републиканската партија и заедно со Бери Голдватер, сенатор на Аризона, ги удри темелите на конзервативното движење.

Како претседател му рече на Горбачов „да го турне ѕидот“. Советскиот Сојуз го нарекуваше „зла империја“, велејќи дека си дава право „да прави криминал, да лаже и да мами...“ Реган се бореше против комунизмот... и победи. „Како знаете кој е комунист?“ Тоа е некој што ги чита Маркс и Ленин. „Како знаете кој е антикомунист?“ Тоа е некој што ги разбира Маркс и Ленин. Реган веруваше дека демократијата триумфира во Студената војна „бидејќи тоа беше војна помеѓу вредностите на два системи – еден систем што и дава предност на државата и друг систем што им дава предност на поединецот и на слободата“. Денес стотици милиони поединци од целиот свет живеат во слобода.

Како претседател, Реган се фокусира на неколку едноставни идеи и вистини какви што се слободата, супериорноста на поединецот пред државата, колективниот систем и системот на слободна пазарна економија. Реган за слободата велеше: „Слободата секогаш е многу блиску до истребување. Таа не се пренесува на следната генерација преку крвотокот. За неа мора да се бориме, мора да ја штитиме и свесно да ја предаваме од една на друга генерација“.

За слободната пазарна економија Реган велеше: „Конкурентниот слободен систем ни обезбеди највисок стандард на живот во светот, создаваше генерации и генерации на умови на полето на технологијата, кои постојано го водеа светот кон инвентивност и промени, и продолжува да обезбедува неограничени можности овозможувајќи им на Американците од најсиромашен народ да се искачат на врвот од скалата на успехот“. Реган напиша: „Секоја личност е единствена, ама сите сакаме слобода, мир, љубов, сигурност, добар дом и можност да го славиме Господа на свој начин. Сите сакаме да напредуваме и да ги подобриме животите на нашите деца. Сите сакаме можност да го работиме тоа што ќе го избереме и соодветно да бидеме наградени за тоа и да можеме да си ја контролираме судбината“. Зар Македонците не го сакаат истото?

Р еган веруваше во Господ. Вербата на Реган беше тивка и едноставна и му помогна да остане силен низ многуте искушенија и превирања. Сепак веруваше дека Господ нé создал сите, дека нé сака и дека се грижи за нашите интереси како поединци. Реган напиша: „Не сме поразени сé додека не се откажеме од Господа. Должни сме да ги штитиме животите на нашите неродени деца. Без Господ демократијата нема да опстои“.

Кратко пред да му заврши и вториот претседателски мандат, Реган го рече следново за своето наследство: „Да бидеме сигурни дека тие што ќе нé наследат ќе речат дека во нашето време сме го направиле најдоброто што сме можеле. Ја завршивме трката, ја зачувавме нивната слобода, ја одржавме вербата“. Верувам дека Роналд Реган го направи токму тоа, ја заврши трката, ја зачува слободата на луѓето и ја одржа вербата.
Една негова реплика ми остана во срцево и постојано си ја повторувам. Се надевам дека ќе одекне и во вас. „Секогаш ќе се сеќаваме. Секогаш ќе се гордееме. Секогаш ќе бидеме подготвени, значи секогаш ќе бидеме слободни“.

Авторот е независен и слободен интелектуалец

Автор: Џејсон Мико
03-02-2011, 03:17 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#7

Неколку “дупки“ во цитираното интервју и воопшто како на Евреите се гледа како на модел за решение на нашите проблеми:
- решителноста на Хитлер да ги уништи Евреите како народ воопшто нема мистериозен корен. Германија пост- Версајскиот договор е земја во која царува хиперинфлација, фрапантна невработеност и пауперизам, наспроти повластениот слој граѓанство кое највеќе од се` е засегнато само со себе и своите салонски полемики. Евреите низ западна Европа се главните контролори на протокот на пари и нивните резерви се извор за позајмици кои ги финансирале сите дотогашни индустриски револуции. Германија не е никаков исклучок. Доста експониран дел од повластениот тогашен слој биле Евреи. Од таму Хитлер кога зборува за заговорот против Германија во заговорниците ги вклучува и Евреите.
- низ историјата на секој народ може да се најдат периоди на прогон, тоа не е само еврејскиот. Што тие создале онаква држава каква што создале Душан Јордан Петровски, и ние ќе создадеме јака Македонија кога би ја имале Америка за најверна и најпонизна слугинка.
- во нацистичките логори на смртта не умирале само Евреи. Меѓутоа ционистичката пропаганда успешно го киднапира колективното сеќавање и тие логори стануваат строго и само еврејски.
Ако веќе бараме модели за решавањето на нашите проблеми, дај да погледнеме малку пореално.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
05-02-2011, 01:45 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#8

(05-02-2011, 01:45 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Неколку “дупки“ во цитираното интервју и воопшто како на Евреите се гледа како на модел за решение на нашите проблеми:

AplauzAplauzAplauz
05-02-2011, 01:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Неколку работи за мене се битни :

Quote:Недостатоци постојат и кај Евреите, сите
човечки слабости, и меѓу нив има криминал, корупција, меѓу-
себен антагонизам..., но кога се работи за опстанокот, особено за државата Израел, нема дилема дека тоа е апсолутен приоритет.

Quote:Една индиректна паралела: еден експерт ми објаснуваше дека постојат три вида власт - извршна, економска и јурис тичка. Во развиените земји првите две најчесто се корумпирани, а третата е таа од која се плашат.Тоа важи и за Израел и за САД. Кај Арапите (освен можеби Египет) и кај нас корумпирани се сите три власти
. Мислам дека првичниот клуч за Македонија е да ја решиме корумпираноста на јуристичката власт. Јуристиката а не бизнисмените можат да ја решат македонската економија.

Правиш убава забелешка со тоа дека во логорите страдале и други, АМА СЕ ЗБОРУВА САМО ЗА ЕВРЕИТЕ.!!!! Знаеле да си ја пробродадат приказната за страдањето.

Американците се наши најголеми подржувачи НО НА ЧОВЕК МОЖЕШ ДА МУ ЗЕМЕШ СО СИЛА АМА НИКАКО НА СИЛА НЕМОЖЕШ ДА МУ ДАДЕШ
(This post was last modified: 05-02-2011, 04:20 AM by ЈорданПетровски.)
05-02-2011, 04:16 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

(12-11-2010, 04:15 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:За народ кој ја преминал пустината,
давајќи му отпор на натчовечкото, неверојатно е дека
од себе не го откорнал библиското "не убивај",
со што можеби би го намалил самоуништувањето...

САДИКАРИО: Недостојно и ниско е Евреите да се набе ду-
ваат за некакво мирно држење, како што велеа некои кому-
нистички раководители "се криеле како глувци". Според мене,
точно е тоа дека требало отпорот да биде пожесток и по ми-
литантен, бидејќи со нацисти не треба да се има милост и ком-
промис. Евреите й веруваа на Европа, особено на Германија и
на Франција, од кои не очекуваа масовни убиства. Исто така,
Библијата вели "не убивај", што е внатрешна сопирачка за
оние кои веруваат. Сепак, голем е бројот на оние кои биле во
партизанските одреди на Југославија и на Македонија, исто
така, имало еден вид отпор и со бројните самоубиствени по-
буни речиси во сите логори, значаен е самоубиствениот отпор
на Варшавското гето, доброволното учество во Британската
армија, Еврејските воени единици во Полска и во Литванија,
војници и офицери во Американската армија, во Црвената
армија. Советскиот сојуз им го додели највисокиот орден на
народен херој на околу 400 Евреи за нивната храброст, што со
оглед на антисемитизмот и строгоста на Сталин, е речиси не-
веројатна бројка.
Еврејската милитантност се покажа доцна, со формирањето
на познатите групи како Хагана, Абрахам Штерн и групата на
Бен Гурион, кои ја создадоа државата Израел. По нејзиното
формирање, по налог на првиот премиер Бен Гурион, прва
задача било формирањето Израелска армија и разузнавачка
служба "Шин Бет", подоцна агенција "Мосад". Точно е дека за
спречување на нацизмот и на холокаустот, пред сè, е потребна
воена сила.
Денес во Европа и во светот неонацизмот е во исклучителен
пораст, особено како реакција на беснеењето на исламскиот
екстремизам. Во Германија, на последните избори околу 1 ми-
лион гласови добија неонацистите. Дали во иднина ќе биде
можно нацизмот да се сузбие без воена интервенција...?

Слушајќи ја Вашата еврејска историја, нè враќате во
длабоките корени на македонската. Сличности во ми-
на тото, разлики во денешнината... Македонци и Ев реи...

САДИКАРИО: Македонците и Евреите имаат сличности во
судбините, а разлики во резултатите. Ние што сме во Ма ке-
донија се чувствуваме како стопроцентни Македонци и за нас
од исклучителна примарност е просперитетот на оваа др жа-
ва. Загрижува патот по кој оди Македонија, во познатото
самоуништување. Недостатоци постојат и кај Евреите, сите
човечки слабости, и меѓу нив има криминал, корупција, меѓу-
себен антагонизам..., но кога се работи за опстанокот, особено
за државата Израел, нема дилема дека тоа е апсолутен прио-
ритет. Обратното од ова е холокауст. Обратното е победа од
нацизмот, што воопшто не е нереално. Во Македонија сè е по-
приоритетно од опстанокот на државата. Тоа не е својство са-
мо на политичарите, туку речиси и на целата популација.
Антагонизам кон себе, феноменот "на комшијата да му умре
козата", нереагирањето на крајните опасности кои ја униш ту-
ваат државата, како лекар ме потсетуваат на синдроми со ге-
нетски дефект, а како Македонец бескрајно ме загрижуваат.
Немам илузии за тоа дека некој ги сака Евреите, а уште по-
малку нивната држава. Но, тие мора да живеат, па и по цена на
смрт. Паралелата меѓу овие народи: никој не ги сака Маке дон-
ците, а уште помалку нивната држава, но тие мора да живеат и
по цена на смрт. Значи, Евреите или сличните на нив прво мо-
ра да се борат за да живеат, а второ да се борат за да ги са-
каат.
Една индиректна паралела: еден експерт ми објаснуваше
дека постојат три вида власт - извршна, економска и јурис тич-
ка
. Во развиените земји првите две најчесто
се корумпирани
, а третата е таа од која се плашат.
Тоа важи и за Израел и за САД. Кај Арапите (освен можеби Египет) и
кај нас корумпирани се сите три власти
. Мислам дека првичниот клуч за Македонија
е да ја решиме корумпираноста на јуристичката власт. Јурис-
тиката а не бизнисмените можат да ја решат македонската
економија.

Каде живее Садикарио? Во Македонија? Не верувам, да човек кој живее во држава каде Владата и општеството функционира “ согласно законите“, каде дури и неродените бебиња умираат “ согласно законите“, да има таков еден дефетистички став дека третата-јурисдичката ( судската) власт е корумпирана.NeneneNeneneNenene
05-02-2011, 09:57 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#11

(05-02-2011, 04:16 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [quote='МрачниотКоњаник' pid='33127' dateline='1296866725']
1. Правиш убава забелешка со тоа дека во логорите страдале и други, АМА СЕ ЗБОРУВА САМО ЗА ЕВРЕИТЕ.!!!! Знаеле да си ја пробродадат приказната за страдањето.

2. Американците се наши најголеми подржувачи НО НА ЧОВЕК МОЖЕШ ДА МУ ЗЕМЕШ СО СИЛА АМА НИКАКО НА СИЛА НЕМОЖЕШ ДА МУ ДАДЕШ
1. Да го имаме цел Холивуд под своја контрола со генерации наназад, да видиш какви се` приказни ние можеме да продадеме. Во киднапирањето на сеќавањето за тој дел од Втората Светска Војна најмалку има вешт маркетинг.
2. Американците се научија да ги играат и двете страни, има една тема за немирите во Египет на “Вести од светот“ и неколку цитирани статии таму кои посочуваат токму на таква двојна игра, се прашувам колку сме ние исклучок во таа нивна пракса на играње и на двете спротивставени страни?

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 05-02-2011, 07:34 PM by МрачниотКоњаник.)
05-02-2011, 07:29 PM
Reply
tumba ku Offline
Member
***

Posts: 57
Joined: May 2012
Reputation: 0
#12

(05-02-2011, 01:45 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Неколку “дупки“ во цитираното интервју и воопшто како на Евреите се гледа како на модел за решение на нашите проблеми:
- решителноста на Хитлер да ги уништи Евреите како народ воопшто нема мистериозен корен. Германија пост- Версајскиот договор е земја во која царува хиперинфлација, фрапантна невработеност и пауперизам, наспроти повластениот слој граѓанство кое највеќе од се` е засегнато само со себе и своите салонски полемики. Евреите низ западна Европа се главните контролори на протокот на пари и нивните резерви се извор за позајмици кои ги финансирале сите дотогашни индустриски револуции. Германија не е никаков исклучок. Доста експониран дел од повластениот тогашен слој биле Евреи. Од таму Хитлер кога зборува за заговорот против Германија во заговорниците ги вклучува и Евреите.
- низ историјата на секој народ може да се најдат периоди на прогон, тоа не е само еврејскиот. Што тие создале онаква држава каква што создале Душан Јордан Петровски, и ние ќе создадеме јака Македонија кога би ја имале Америка за најверна и најпонизна слугинка.
- во нацистичките логори на смртта не умирале само Евреи. Меѓутоа ционистичката пропаганда успешно го киднапира колективното сеќавање и тие логори стануваат строго и само еврејски.
Ако веќе бараме модели за решавањето на нашите проблеми, дај да погледнеме малку пореално.

BravoBravoBravoBravoBravo

Germanija vo periodot od 1933god., pred da dojde Hitler na vlast bese drzava vo koja kapitalot bese 75% vo racete na evreite, iako nivniot udel vo naselenieto bese okolu 7-8%. Samite evrei ja uzurpiraa vlasta i se prikazaa kako najgolemi GERMANCI vo drzavata. Holokaustot bese logicen spoj na slucuvanjata.
Deneska vo Germanija ima okolu 0,6% evrei so minorna vlast, neli e toa malku prozirno.
Kade otidoa tie evrei posle 1945 god., kakov e nivniot pridones za slucuvanjata vo 1940-1945, da li gorea slucajno ili nesto treto.???
I na kraj, nie gorime so vekovi a AMERITE ne ne ebat???
SLUCAJNO???

29-06-2012, 11:04 AM
Reply
tumba ku Offline
Member
***

Posts: 57
Joined: May 2012
Reputation: 0
#13

Ama , te molam nemoj da me obvinis za antisemit,zatoa sto so antisemisti nemam nisto zaednisco.
29-06-2012, 11:32 AM
Reply