Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.63 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СОМНИТЕЛНИ ТИПОВИ - ВИСТИНСКИ ДИСИДЕНТИ
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#1

Дисидентите некако најдоа организиран начин да се инфилтрираат во партиите, да ја продадат својата приказна

Обично, не одговарам на провокации во моите текстови од проста причина што нашето малецко општество изродило многу провокатори. Тие го работат по тоа задача. Односно, нивните газди очекуваат со провокациите да се постигне одреден ефект. Повеќе од јасно е дека газди на многумина во оваа држава им се тајните служби - домашни и странски. Според тоа, глупаво е да им се даде право на провокаторите, посебно кога се знае што стои зад нивните намери. Оние што не ми веруваат на збор, нека се запрашаат зошто нема лустрација и покрај сите напори, и покрај сиве овие години на притисок да ја има. Зошто не успеа ова општество 20 години да се исчисти од луѓето, кои со уништување на туѓи животи, напредувале и стигнувале високо во општествениот поредок? Уште почудно е што тие што биле замешани, што го воделе орото, денес или се пратеници или се министри или, пак, се угледни „личности“ што ни солат памет на сите нас, укажувајки ни како треба во демократијата да мислиме, да дејствуваме и што е сега најдобро за нас.

Одредена сомнителна личност, од ваков тип, две недели по ред пишува во еден неделник, расправајќи за историјата на ВМРО-ДПМНЕ. Раскажува на големо и нашироко за се' и сешто. Секако, притоа се користи со манипулации што се намерно употребени за да се скрие вистината. Можеби некој дел и е вистинит или близок до вистината, но кога е филувана токму вистината, како што вели и самиот неделник, се добива одличен ефект. Се' изгледа како вистина, тешко е да се провери за што станува збор, бидејќи е поминато долго време, а останува да се верува само на збор. Затоа пак мора со сила да се изгради авторитет. На пример, да се претставите како дисидент. Ова беше многу модерна улога во почетокот на осамостојувањето, па некако сите набрзина станаа дисиденти. Само, чудно е како тие како дисиденти биле универзитетски професори, добивале станови по 100 квадрати во центарот на Скопје, нивните деца се школувале во странство на трошок на државата, имале фирми на ниво на екс Југославија или, пак, биле трговски претставници во странство. Вреди човек да се праша како е тоа можно во Титова Југославија, каде што службите мораа да дадат амин за такви работи. Верувам сите знаат како беше во тој систем. Затоа и мораше да се менува, да се демократизира и да се усвојат други вредности. Меѓутоа, дисидентите некако најдоа организиран начин да се инфилтрираат во партиите, да ја продадат приказната за тоа колку биле малтретирани со станови од по 100 квадрати, а тие да станат преку ноќ најголеми поборници за демократија.

Но, не е само една „придобивката“ од демократизирањето на овие „дисиденти“. Убаво беше објаснето во неделникот како се дејствувало за да се дезавуира јавноста. Ова ќе го објаснам затоа што се сомневам дека малкумина го прочитале таму, поради малиот тираж. Сепак, станува збор за многу интересен метод, која многу работи разјаснува. Инаку, не е оригинално писанието во тој неделник. Информации за тоа како дејствувале тајните служби на Југославија и како развивале мрежи во сите републики може да се најдат во голема количина на Интернет. Посебно на сајтот http://www.necenzurirano.com. Верувам дека суетните нема да се налутат што ја споделувам информацијата. Овие дисиденти од кои некои се и новинари, сега во демократски услови треба кај јавноста да создадат мислење за одредена појава. Затоа тие ја применуваат методата на компилирање на некои точни податоци, кои се проверливи, со неточни и непроверливи податоци. Приказната на тој начин добива фантастични димензии и е пригодна за масовна консумација. Мене, на пример, ми има потврдено одреден новинар дека за времето на мандатот во Собранието, согласно со платформата за рушење на Владата на Георгиевски, се повикувани во одредени полициски кругови за да им се дадат ПИТИТЕ, кои треба да се пласираат. Одозгора на тоа, поседувам документи како тоа е планирано во ДБК. Ако тоа се знае станува јасно дека се работело и се работи за сериозна организација за да се држи Македонија под целосна контрола и надвор од каква било сериозна интеграција со поголеми системи каде правилата на игра се сосема подруги. А организирано се работело да се сруши демократски избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година.

Ние ги отворивме досиејата во 2000 година. Тоа требаше да биде почеток на расчистувањето со кодошите, меѓу кои и т.н. дисиденти. Но, не бидна така. Не знам зошто се застана само на закон за отворање на досиејата и зошто се избра варијанта имињата да бидат прецртани, односно сокриени. Од денешна перспектива мислам дека тоа бил погрешен пристап. Требаше се' да се отвори во еден бран. За полесно да се дистанцираат од системот сите што биле инволвирани во такви активности. Се направи грешка што не се отворија целосно досиејата и им се дадоа дополнителни 10 години на службите и кодошите да се закамуфлираат, а досиејата да се нашминкаат. Така, денес сите се веќе дисиденти и сите се бореле против минатиот систем. Некои од позиција на амбасадори, некои од позиција на сојузни пратеници. Смешно и жално.

Денес за дисиденти може да се претстават и криминалци што се должни низ Куманово стотици илјади евра. Луѓе што „закрпиле“ други и уништиле легитимни бизниси. Луѓе што според споменатиот терк имале фирми на ниво на Југославија, а експресно пропаднале во Македонија. Тие дисиденти од прекуокеанска далечина коментираат за се' и сешто од нашата реалност, а со години немаат храброст да се вратат во својот град, затоа што треба да погледнат на некои луѓе тука в очи. Применувајќи го рецептот на УДБА, сега тие ќе станат дисиденти и пред историјата ќе се обидат да се претстават во друго светло.

Имам причина да се сомневам дека ова се текстови што се поврзани со лична вендета, предизвикана од фрустрации, кои се нереални. Знаете, кога нема да се наметнете во маинстрим со вашите фантазмагории, тогаш почнувате да зборувате за светски заговори (ова на тој неделник ептен му одговара, дека е од таков тип). Сите се против Македонија, само вие сте витезот на бел коњ. Мммм... Груевски не ги ферма ваквите и кај него не упеаја да се наметнат, инаку ќе го воспеваа. Па сега, затоа го инволвираат во српски врски. Дали е тоа така не знам. За тоа се шушка насекаде. Ама тоа немаше да биде раскажувано да ги земаше во прегратки и овие „дисиденти“. Веројатно проценил дека се веќе искористени и потрошени.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
16-10-2010, 07:12 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=066F5...B6913EDA26

Koj ke se prepoznae od desidentite e pe*er!!! Icon_razz Icon_razz Icon_razz



АФИОНЕ навредливата провокацијата со која сакаш да спречиш прозваните во текстот да одговорат ти носи траен БАН. Незнам кој те одбанирал минатиот пат. Но тоа повеке нема да се случи.
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
16-10-2010, 07:13 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#3

Quote:
[Од: Jove
Датум: 16.10.2010 17:39:16

Kompleksite na poniska vrednost fantazmagoricno rabotat kaj tebe filipo.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=066F5...B6913EDA26
(This post was last modified: 16-10-2010, 08:04 PM by Душан Јордан Петровски II.)
16-10-2010, 08:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Отворено до Филип Петровски

СРПСКИОТ ПАДОБРАНЕЦ ВО НИШ ГО НАУЧИЈА ДА БИДЕ „БУГАРАШ“!



Панахидата за Мара Бунев (од 1993) се нуди како доказ за БУГАРАШТВОТО, клучен аргумент во РАСКОЛОТ во ВМРО ДПМНЕ од 1997. Носителот на акцијата "Чакам те да дојдеш", Филип Петровски, беше штитеник на Доста Димовска во текот на почетокот и средината од деведесетите, потоа и стана противник, а по Расколот, во втората половина од деведесетите - повторно миленик. Се прашувам и гласно размислувам: дали може човек по сопствена волја да лавира од тврдокорен БУГАРОФИЛ, до тврдокорен МАКЕДОНИСТ и пак тврдокорен БУГАРОФИЛ? Такво нешто кај нормалните луѓе не е нормално. На ова следи заклучкок дека Филип е или ментално пореметен или ова го работи по налог на некоја служба.





На моите и на нашите (Дане Поповски) искажувања во „Фокус“ и на форумот Котле (http://www.kotle.ca), околу вистината за тоа како и кој ја формирше ВМРО ДПМНЕ, за улогата на Србија и на македонските комунисти во целиот процес, уште поважно - за улогата на дијаспората и на претставниците на единствената неискомпомитирана повоена организација на ВМРО во социјалистичка Македонија, ВМРО ПРАВДА, намерно „изазван“ се јави младиот господин Филип Петровски.

Додуша, не се јави, иако е прозван во „Фокус“, туку во „својот“ медиум, „Утрински весник“ (http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C635...4D5FC1C025), каде поранешниов лидер на УМС на ВМРО ДПМНЕ, бизнисмен, пратеник и политичар, директор на јавна институција во разрешување со месеци, полемизира со нас индиректоно, преку еден фин, „господски“, во бели ракавици завиен јазик, сомневајќи се отвоено во нечие (нашето) страдање и дисидендство и фрлајќи замени на тези, дека сите ние што сме ја зборувале вистината сме биле во нечија служба, а тој, „убав на мајка“, цел живот се занимавал со „чиста политика“.

Затоа, како што тој се реши да одговори во друг медиум, јас се решив да му пишам отворено во „Фокус“, во неделникот во кој и го „прозвавме“.





Како СДБ се обиде да ме направи соработник



Драги мој Филипе, Судскиот прогон и затворањето на идеолшките и политичките противници не е во "мода" одамна, не само во Македонија, од две причини:

1. Такви случаи прават грда слика за власта и од иделошкиот противник прават ХЕРОЈ. Затоа, следениот противник или ќе го СЛЕДАТ ЦЕЛ ЖИВОТ или ќе го "ДЕРЕГИСТРИРААТ"!

2. Секој прогонуван, службата сака да го направи свој соработник. Затоа, кога ќе напишат во досието "ДЕТРГИСТРАЦИЈА", тоа значи нешто сосема друго, односно: прогонуваниот од тој момент станал СОРАБОТНИК НА СЛУЖБАТА.
Заради тоа што на службата основна цел и’ е од прогонуваниот да добие нов соработник, таа целото следењето го подредува на тоа. Методите како ќе се "убеди" следениот да прифати соработка, се или на доброволна основа или со уцена.

Законски, моето досие требaло да биде затворено после оваа службена белешка, после една година од почетокот на прогонот:

[Image: rvilqv.jpg]

Како што се гледа од службената белешка, од бугарски фирми скоро ни трага, ни глас, а пак, за контакти со Огнен Петков, нема ни збор. Тука се споменува нов човек од Бугарија професор Кљамов. Човек, кого ми го донесе истиот оној кој го донесе и Огнен, а тој човек во досието не се ни споменува.
Но, наместо тоа, активностите на СДБ земаат полн замав и во тоа време основна цел им е мое финансиско уништување . Се поставува нова екипа, СДБ ангажра нови луѓе: П.Д. „РИМЉАНИН“ и Д.Д. двајцата од Куманово, кои ми станаа верна сенка и во приватниот живот и во бизнисот, тука е и М.Т., кумановец ама живее во Белград.
Од тој момент, секој што влегол со мене во бизнис на просторот на Македонија и Србија е човек на СДБ. Бидејки требало да се реализира задачата за да станам соработник. Соработник кој ќе биде употребен против Македонската кауза и ВМРО ДПМНЕ.

Во моето досие, во службената белешка под ев. бр.348 од 03.06.1998 и буквално пишуваат: "западнал во финансиска криза, која беше искористена како посебен момент за вршење и прифаќање на разговор од истиот."



Мене ме ограби УДБА!



Во кокумната на Филип Петровски, тој алудира на мене и вели: “Денес за дисиденти може да се претстават и криминалци што се должни низ Куманово стотици илјади евра. Луѓе што „закрпиле“ други и уништиле легитимни бизниси. Луѓе што според споменатиот терк имале фирми на ниво на Југославија, а експресно пропаднале во Македонија.”


Кај мене запаѓањето во финансиска криза е дело на службата. Таа, тоа во моето досие (во делот кој го имам), воопшто не се обидува да го сокрие. Сите луѓе кои се повикувани на информативни разговори се испрашувани за моите бизнис релации. Дел од нив се инструирани како да влезат во мојот бизнис. Досието ми е отворено заради постоење на "индиции дека лицето Петровски Јордан, спроведува активности насочени кон насилно загрозување или рушење на Уставниот поредок и безбедност на Република Македонија". Прашање кое се наметнува само по себе е: зошто во досието нема ни трагa, ни глас од насочување на откривањето на луѓето со кои ќе го сторам тоа во Македонија. Лудост е, СДБ да верувала оти сам ќе го урнам Уставниот поредок или пак, можеби се алудира дека ќе го срушам Уставниот поредок користејќи ја бугарската војска!!?? Наместо луѓето со кој ке го рушам уставниот поредок во досијето се сретнуваат луѓето кои се пријателски врски на СДБ и кои „случајно“ ми земаат стока вредна 1,5 милиони тогашни германски марки:


За П.Д. РИМЉАНИН, во службената белешка 363 од 19.04.1995 година вели:
„На ден 19.04.1995 година е обавен информативен разговор со xxxxxxxx....
Цел на разговорот: Добивање на сознанија за активностите на ОО "РИМЉАНИН".

ДОБИЕНИ СОЗНАНИЈА:„.. тој лично во тоа време (јуни/јули 1994, забелешка моја), им зел роба во вредност од 1,5 милиони марки и не им дал пари веднаш, туку сега им дава намештај "КОМПО.“

ОПЕРАТИВЕН КОМЕНТАР:
„xxxxxxxxxxx е наша пријателска врска од порано xxxxxxxxxxxxx каде живее и работи, повремено доаѓа во Куманово“.


Ете, така Филипе. По толку многу години во кои не се одговори директно на ниту ниеден мој напис, СДБ соочена со фактот дека мораат да се појават нејзините луѓе пред истражниот судија за да го одвлече вниманието од суштината на проблемот, конструира приказна која за прв пат пред истражниот судија Туфегџиќ, ја кажал испекторот на СДБ, Кузман Јовановски, кој ме следеше. Бидејки и твојата приказна онака случајно е иста со онаа на инспекторот Кузман, која прв почна да ја шири ИСТРАЖНИОТ судија Туфегџиќ, ке ти го ископирам одговорот кој го дадов на двоецот - истражен судија и ОБВИНЕТИОТ инспектор. Воедно за да го спречам твојот обид да избегаш од онаа што е тема на полемиката, ќе те потсетам: разговараме за политички прогон и за соработници на полициско-политичкото подземје.



“Јордан должел пари на сите страни, а само во Куманово 20.000 Евра“

Дали сум должел пари додека не се замешала СДБ во мојот бизнис, со намера економски да ме уништи за да станам нивни соработник, како човек кој е близок со Љубчо Георгиевски?

Службата ме опљачка - нејзини луѓе ми ги украдоа парите!!! Да го потсетам Туфегџиќ: таму во досијето пишува за некој РИМЉАНИН, нека прочита.
И уште едно потпрашање: дали во неговото опкружување има директори кои оставиле работници со неплатени придонеси, плати, дали нивите фабрики останале должни кон доверителите?"



Иако, морам да кажам, има едно дополнително објаснување. Сите тие на кои наводно им должам, дојдоа кај мене 1995 година по ифарктот од кој не бев ни опоравен со понуда да направиме заедничка зделка, дали доброволно или по инструкции на СДБ, не можам да тврдам со 102,3 % сигурност, но со 99,99 %, ДА. Двајца од тие, ги имам во досието, иако не се наведени со име, но, по она што го зборуваат тогаш пред агентите на СДБ, се препознаваат како да ставиле нивна слика.

Зделка во која профитот ќе го поделиме, подразбира дека ако го делиме профитот ќе го делиме и ризикот. Но, тука е еден мој голем пропуст кој сум го сторил, зашто скоро на сите им го исплатив мојот дел од вредноста на стоката, сосе каматите и процентот на заработка. Нешто, што не сум требaл да го сторам.




„Бугарашката“ со „Македонист“ на панахида на Бунева!?

Тука би го завршил овој дел и би се вратил на суштината на дискусијата! Ќе почнам со една фотографија, бидејќи не рекле луѓето бадијалa, една слика кажува повеке од илјада зборови:



[Image: 169n81f.jpg]




Панахидата за Мара Бунев (од 1993) се нуди како доказ за БУГАРАШТВОТО, клучен аргумент во РАСКОЛОТ во ВМРО ДПМНЕ од 1997. Носителот на акцијата "Чакам те да дојдеш", Филип Петровски, беше штитеник на Доста Димовска во текот на почетокот и средината од деведесетите, потоа и’ стана противник, а по Расколот, во втората половина од деведесетите - повторно миленик. Се прашувам и гласно размислувам: дали може човек по сопствена волја да лавира од тврдокорен БУГАРОФИЛ, до тврдокорен МАКЕДОНИСТ и пак тврдокорен БУГАРОФИЛ? Такво нешто кај нормалните луѓе не е нормално. На ова следи заклучкок дека Филип е или ментално пореметен или ова го работи по налог на некоја служба.




„Фиќко“, какво е чувството да „рипаш“ за Југославија?




Да се вратиме малку наназад. Кон крајот на осумдесетите, кај воениот врв на тогашна Југославија се’ беше подредено да се сочува Југославија!

Во 63-тата Падобранска бригада при крајот на осумдесетите, расадникот на кадрите кои требaше да станат удрана помошна тупаница во логистичкото спроведување на операцијата на ЈНА, "ОПЕРА", одеа проверени регрути од највисока доверба. Се зборува низ чаршијата за Филипа, дека министер во владата која требеше да ја сочува Југославија, по потекло од „највмровскиот“ град во Македонија - Битола , ги дал сите препораки и гаранции за Филипа.
Пa следи уште едно совпаѓање: "ОПЕРИСТИТЕ" во Хрватска ги рушеа еврејските гробишта за да ја прикажат Хрватска како фашистичка, во Македонија, поточно во Куманово , "ОПЕРИСТИТЕ" ги рушеа, де муслиманските, де христијанските гробишта, за да да предизвикаат етнички конфликт. Дали си слушнал нешто за ова Филипе???
Тие судири -"РАСКОЛИ", Филипе, ти и тогаш и денеска упорно ни ги прикажуваш како судир помеѓу Македонисти и Бугарофили. Твоето лавирање во меѓупросторот, додека да дојде до изведба театарската престава "ПРЕСМЕТКА СО БУГАРОФИЛИТЕ " пред публика, е показател колку многу СДБ и ти Филипе не’ потценувате нас Македонците: се водела битка 1997 година внатре во ВМРО ДПМНЕ помеѓу Македонисти и Бугарофили, а ПОБЕДИЈА српските инсталации. Од таа 1997 година до денес, само слеп и злонамерен човек нема да ја признае ноторната вистина дека Грујовото и Љубчовото ВМРО ДПМНЕ, е 102,3% испостава на Белград!



РАМКА

Од преписката на Филип и Јордан од 2007 година




Патем Филипе, очекувам да го исполниш ветувањето дадено пред три години - а за кое за да им стане појасно на читателите ќе ги презентирам преписките од еден форум, кои заради автентичност тука ги давам во оригинал:




Quote: f9 : Posted April 30 2007 : 07:06:19


Imam nekolku prasanja vo vrska so partijata i so nekoj nastani:
1.-Zosto vo VMRO svoevremeno se napusti Makedonizmot
2.-Zosto se dozvoli bugarofilskata struja da ima zbor
3.-Zosto se prifati Bugarsko-Albanskiot dogovor za delba
na Makedonija od '41 kako politicka linija na Vmro.
4.-Dali ima ili imalo pritisoci so licni uceni vrz
Ljupco Georgievski od strana na Nato.
5.-Zosto ne raspisavte izbori pred da gi napravite ustavnite promeni
(Ramkovniot dogovor za mene e privated dogovor i ne me interesira)


Quote:filip petrovski : Posted April 30 2007 : 07:17:38

ова се добри прашања. комплексни. и имаат јасна подлога.
1. македонизмот во вмро се напушти (според мене, а немора да сум во право!) поради силната линија која што ја имаше од личности околу љуБчо (плански). мислам дека тоа беше негов избор, кој го спроведуваа други. иако и тој имаше текстови во кои го покажуваше наклонението кон исток. впрочем деновиве тој има бугарски пасош.
2. без јаки. многу. не потиснаја силно. а се боревме. за тоа постојат пишани документи и докази (долга приказна, ама ке ја допреме во иднина).
3. за ова не ми е познато. ако реферираш на изјавите за ГРУПЧИН тогаш види одговор бр.1
4. мислам ДА. ама затоа знаеа кај му се парите. пред личниот интерес тој се повлече. мастермајнд е неговата жена. таа беше љубител на пари и раскош.
5. во мојата книга ЗА НАС ке ги прочиташ моите говори на оваа тема. едноставно не ни дозволија да направиме избори. книгата можеш бесплатно да ја преземеш на : http://zanas.blog.com.mk/. читни ја во слободно време па ке продолжиме со дискусија. и благодарам за прашањата. на вакви пораки со задоволство ке одговарам, зависно од времето. поздрав


Quote:vancevtodor:Posted April 30 2007 : 21:44:49


Filipe, ke se obidam da ti "pomognam" da gi "najdesh i dadesh" vistinskite odgovori. Malku pishani dokumenti od vremeto koga pochnavte da "prakticirate" vlast , Dalavera, Drde, TI ,Djulistana, Dashto, Mujo, Romeo, Ace, Jug, Shinter.....vo tekstovi koi bea objaveni 1999g mnogu jasno i precizno pishuva koi bea vo "силната линија која што ја имаше од личности околу љуБчо (плански)".,no da pochnam so red:

“ZOSTO GLASAVME ZA VAS!?”

"KOJ JA ZNEE NASATA VMRO-VSKA POT I MAKA"


Quote:filip petrovski: Posted - May 01 2007 : 04:55:13

не е спорно тоа за далаверите. како што знаеш, драган побегна во србија пред 4 години. постојат документи (објавени) дека јас сум се спротивставил на таа политика во куманово (ке се потрудам да ги скенирам веснициве и да ти ги ставам на располагањe). но, беа многу блиску до љубчо и никој ништо не им можеше. затоа вмро падна во куманово и до ден денеска не се исправи. редовно ги губиме во куманово сите можни избори...
во секој случај благодарам на забелешката (ако е добронамерна!).


Quote:vancevtodor Posted - May 01 2007 : 23:17:54

Za tvoe sprotivstavuvanje nezam ili i toa bilo vo taen vesnik, kako tajnite chlenovi vo tajnoto VMRO DPMNE na Zmejkovski, Sokolov, Zaovski.
A ako zboruvash za tvoi istapuvanja 2001, koga stomnata e veke skrshena, "kasno Janko na Kosovo stize". Filipe, za toa nema shto da govorime, posledicite gi gledame i znaeme site. Jas so dvata napisa ti nudam potsetuvanje za da mozeme da razgovarame za prichinite za sluchuvanja 98/99 vo koi jas i ti bevme direktni uchesnici, no na razlichni strani, ti na stranata na Dalaverci, Dosta, Ljupcho, jas i sto i trieset i sedumte potpisnika na peticijata na stranata na idejata i zelbata, ke go citiram Djore- Egeec " koja Makedonija ce ja napravi bogata i pravedna drzava. Makedonija, kade za sekogo ce ima rabota i parce leb. Zemja kade ce ima srecni i zadovolni lugje, zemja od kade mladite nema da begat po beliot svet."

Kazuvash si go oteral u PM Solana a toj Filipe e posledica na 98/99g. Prichinata Filipe ja napishavme vo januari 99g i vi ja isprativme ......, vo vesnik ja objavivme vo Mart 99g , mozebi toa pismo ne si go ni otvoril a vesnikot mozebi ne si go ni prochital, pa da te potsetam.


""....deka “problematichen” e i nachalnikot na UVR Kumanovo Tasa Bogdanovski,.... Inaku, toj e mashinski inzinjer, pa taka mnogumina vo Kumanovo se prashuvaat zoshto, vo eden mnogu rizichen moment i vo edno od najrizichnite podrachja vo zemjata, na taa funkcija e postaven chovek bez nikakvo iskustvo vo taa rabota."

ps. okolu dobronamernosta ,98/99 nashite zalozbi ti bea zlonamerni,deneska .....



Quote:Hristo Posted - May 02 2007 : 01:14:32


Како бе Филипе си се спротиставил на далаверите во Куманово? Се спротиставија тие 137 луѓе потпишани на петиција. Го помниш задниот состанок на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Куманово декември 1998 година, кога на состанокот воден од Драган Даравелски присуствувавте Ти, Чедо Краљевски, Џулистана Марковска ( гости во својство на пратеници)?. Сите членови на ОК заедно со вас беа за политиката на Даравелски а само двајца се спротиставија. Едниот беше Др.Јордан Наумов-Бато а друга беШе Љубица. Тие беа и дел од потписниците на петицијата која зборуваше за узурпација на ОК од стран на Драган Далаверски. Ти лично зеде учество и со својата дискусија ја бранеше позицијата на Драган Даравелски. Што се однесува до пишување во медиуму смешно е и невистиниот што го кажуваш дека си се јавувал по новини. Ајде, малку усул. Навистина си млад човек ама немој дан кажувашп невистини. Во медиуми се јавуваа тие што ја потпишаа петицијата. Задното беше Отворено писмо до Премиерот на РМ-Љупчо Георгиевски објавено во Македонија Денес од страна на Јордан Наумов. Ти ништо не си објавил.
Ти дебело застана зад политиката на Драган Даравелски и Љупчо Георгиевски и затоа бидна награден со позиција конзул во САД.Ние од потпишаните од петицијата бевме казнети. Челните од потпишаните ( 10-ина) беа исклучени од партијата, меѓу кои и јас, а другите беа маргинализирани. Што стана со Куманово потоа а и сега знаеш. Директна вина за состојбите во Куманово ги имаш ти како директен подржувател на Драган Даравелски.Економска цена за политиката на Даравелски . Куманово сеуште ја плаќА. Тој преку свои послушници и извршители го изнесува капиталот од кумановските фирми чиј е газда и ги доведе до просјачи стап а илјадници вработени кумановци без плата и платени доприноси.



Quote: filip petrovski: Posted May 02 2007 : 03:30:23

sekoj si gi gleda rabotite od svoj agol. Kako shto moze da se naseti, vie ste se zalagale da pobedi vashata (uslovno) pozicija vo kumanovskiot komitet na vmro. I ne pobedila. Toa ne e nitu prv nitu posleden pat. Vo politikata takvi raboti se voobichaeni. Moite stavovi bezbroj pati dosega ne pobedile, pa ne kukam. Jas se boram za svoeto mislenje, pa makar i na forum.

pak ke ti kazam - dalaverci bea neaprikosnoveni zatoa shto go finansiraa ljubcho ushte pred izborite 1998. Toj nemozeshe na niv da im svrti grb. Ste trebale da gi znaete tie raboti i da izvagate dali mozete da gi pobedite.


Quote:Hristo Posted - May 02 2007 : 10:27:47


Со задното јавување си ја кажа сржта на менталната матрица која те води во политиката. А, тоа е процени кој е појак и шлепувај се со него. По таа логика, Киро Глигоров имал право што на крајот на 40-ите во Македонија ја избрал линијата на Тито во одност на линијата на Ченто, Шатев, Брашнаров и други дејци кои биле за друг пат. Стариот лисец проценил дека Титовата линија е појака, и додека овие други гниеле и умирале по македонските апсани за идејата за независна Македонија тој отишол во Белград да гради полити~ка кариера секогаш со високо подигнати уши да ги фаќа сигналите каде оди главниот политичи правец. А, што правиме со идеалите,принципите, правдата?
Тогаш во Куманово ние се боревме, не ние да ја освоиме властА ВО ОК, ТУКУ ЗА ПРИНЦИПИТЕ ЗА КОИ СЕ ЗАЛАГАШЕ вмро-дпмне И љУПЧО А КОИ БЕА ИЗНЕВЕРЕНИ. пОМОШ ВО ТОА МУ ДАДЕ И ТИ И МНОГУ ДРУГИ КОИ ГО ПРИФАТИЈА ТОЈ ПРАВЕЦ КОЈ , НА КРАЈ, БЕШЕ КАЗНЕТ ОД НАРОДОТ СО ГУБИТОК НА ИЗБОРИ.
По таа твоја прагматична тактика, а за мене неморална,политика се пдразбира само како начин да се добере до власта и при тоа да се направи позиција и пари. Е, во тоа е разлика меѓу нас. Ние се боревме за принципите. Со победа на Груевски над Љупчо се потврду дека правдата секогаш победува.


Филипе ние ниту тогаш а ниту денеска се бориме да победиме некој за да дојдеме ние како поединци на власт. И тогаш се боревме, а и сега се бориме против истото зло кое сеуште ја владее Македонија.

Онака за крај да те прашам, зошто не ги тужеше луѓето кои ти го отворија досието. Ти така чесен, правдољубив да не ја истераш правдата.... А македонските граѓани сеуште чекакат одговор на неколку прашања: Како е можно додека протестиравте со глад во 1997 година пред Собранието против политиката на СДСМ, кога ви се слошуваше во шаторите пред собранието, комплетната медицинска грижа за тебе, Антонио Милошовски и други ја организираше ДБК - ве носеше на прегледи во Клиничкиот центар и повторно ве враќаше на протести, што значи дека сдсмовската тајна полиција ги чуваше перфектно вмровските студенти кои протестираа против политиката на СДСМ, со цел, да не ви се случи нешто? Во овој контекст, зошто кога престојувавте во шаторите пред Собранието, интерес за твоето здравје, за Антонио и други пројавуваа од српската и бугарската амбасада во Скопје? Исто така, постојано мавташ со твоето полициско досие, но, зошто до денешен ден ја криеш од јавноста службената белешка од твоето досие на која се забележани повеќе телефонските разговори на твојата мајка со еден тогашен многу влијателен министер на СДСМ од Ресен (Бузлевски) за јавноста да не види што е разговарано. Засега јавноста очекува одговор на овие прашања, а дополнително може да ја продолжиме полемиката преку медиум по твој избор



Мојот oдговор на текстот на Филип Петровски "доцнеше" од технички причини не ке беше коректно да го објавам пред да излезе неделникот "ФОКУС".
21-10-2010, 07:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: 2lcog1g.jpg]


[Image: 107w0g3.jpg]


[Image: 2e4w2ua.jpg]
22-10-2010, 12:19 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

Филип Петровски остана со спуштени гаќиIcon_lol
22-10-2010, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Падобранци

Филип Петровски

Дента кога излегов од портата на касарната во Ниш за да си одам дома, во Македонија, знаев дека сум националист - македонски - за Македонија

Сосема подруг беше светот пред дваесетина години. Во секоја смисла. Прво, бевме средношколци, млади со многу поубава слика за животот и на се' околу нас. Мислевме дека можеме се', дека можеме да го освоиме светот. Затоа е добро што Александар Македонски дошол на престолот млад. Па, тргнал да го освојува светот... Ние мислевме дека тоа што ни паѓа напамет е најпаметното и никој претходно не го смислил. И имавме многу силна потреба да се докажуваме. Прво, на сите околу нас, а потоа и на самите себе дека сме храбри, дека не се повлекуваме пред ништо. О, колку беше убав животот. Колку помалку знаеш, толку повеќе си фантазираш.

Во тој контекст, го прифаќавме и секој можен предизвик. Требаше предизвикот да биде што поголем за да се чувствуваме дека сме направиле којзнае што. Не се сеќавам кој точно го предложи падобранството како најголем можен предизвик на нашата храброст. Можеби Тозо или Нешо... или некој друг од нашето друштво. И бум, веднаш почна наддавањето кој е похрабар. Но, и еден внатрешен немир - дали можеме ние да го сториме тоа. Можеме ли воопшто да бидеме падобранци? Дали е исто на земјата да се перчиш пред другарите или кога ќе се отвори вратата на авионот на височина од 800 метри низ која треба да скокнеш? Секако дека на земјата сите бевме храбри и колку ли не приказни се раскажаа за нашите лични подвизи. За да се забележи повремено, во дел од секундата, една мала замисленост на лицата што учествуваа во кажувањата приказни. Тоа беше оној дел од секунда кога секој за себе, во мислите, расчистуваше со дилемата дали навистина може да скокне од авионот.

Кога дојде времето да се оди на подготвителниот курс, некако набрзина се преполови ентузијазмот кај другарите. Истото се случи и во текот на курсот. Уште помал остана бројот на оние што упорно доаѓаа на часовите во спортскиот аероклуб од Куманово. Навистина, наскоро требаше да дојде она вистинското, да се скокне од авионот. Си замислував како ли ќе биде тоа? Какво ли е чувството? Дали можам навистина да го сторам тоа кога ќе дојде моментот? Едно е муабет, а сосема друго е она вистинското. Зашто кога ќе се отвори вратата, нема враќање назад. Плус срамота е пред другарите да го сториш тоа. Ах, младешки маки.

Дојде и тој ден на проверката - кој може, а кој не. Во околината на Прилеп во почетокот на летото се собираа сите почетници падобранци од цела Македонија. За да ги направат првите скокови. И бидна. Се скокаше вообичаено во 6 часот наутро. Најубавото време кога се раѓа новиот ден. Го гледав Прилеп од авион, сите куќи, улиците, луѓето што оттаму изгледаа малецки. Авионот леташе кон спортскиот аеродром. Само што јас нема да слетам со него, туку ќе скокнам. Се отвори вратата. Срцето удираше силно. Го слушав, го гледав. А веќе и од отворената врата гледав под нас стотици метри воздух, празен простор. Ох, колку далеку беше земјата. Најубаво ќе ми беше сега да си одев сигурно по земјата...

Три, два, еден и брзи чекори кон вратата на „АН-2“. Скокнав. Паѓам кон земјата. Дали ќе ми се отвори падобранот? Би требало. Така барем велеше процедурата што ја научивме. Имав време во тие една-две секунди се' да промислам - 1.000 километри на час. Мислата сега ми беше побрза од светлината. Неверојатно чувство. А, ако не се отвори падобранот?! Па, сепак, се отвори. Доказ е тоа што сега сум тука и пишувам. Инаку не ќе беше така. Значи, сме можеле да скокаме. Сме биле доволно храбри и тоа да го сториме. За кратко бевме херои само на себе. По слетувањето, земјата ни беше помила од кој било друг пат. Ама знаевме, пак ќе скокаме. За да се докажуваме одново и одново. Нема предавање.

Наскоро заврши епизодата во Прилеп. Потоа следуваше Куманово и нашиот домашен аеродром. Нанижав петнаесетина скокови за кратко време. И што? Некако предизвикот спласна. Сфативме дека можеме. Сега на кого да му докажуваме, како да продолжиме. Се водеше жестока дебата во друштвото што треба да биде следно. Некој предложи на регрутацијата да побараме да не пратат во Ниш, во падобранските единици. Тоа, наводно, била најелитната единица на тогашната ЈНА и таму ги примале, во многу лимитиран број, само најподготвените, најупорните, најхрабрите. Аха, е па тоа е тоа што ние го бараме. Нели сме најподготвени, најхрабри?! Сковавме план да си бараме на регрутацијата да не пратат таму. И би. Ни дадоа затоа што имавме јаки аргументи. Бевме спортски падобранци. Се сеќавам дека беа збунети одговорните, оти не беше вообичаено барањето да бидеш пратен во таа единица, и тоа доброволно. Цели 365 дена обука од секаков вид, со сите можни предизвици на психофизички план. Предизвик што не може да се совлада? Како да не. Ние можеме!

Фамозната 63. падобранска бригада беше ангажирана на фронт за време на распаѓањето на Југославија. При прогласувањето на отцепувањето на Словенија, не' ставија во авион и ни кажаа дека одиме во војна. Но, не ни кажаа каде не' носат. Тоа утро со знак за тревога не' разбудија порано од вообичаеното. А претходниот ден не' вратија од обуката за преживување во планина. Беше 26 јуни 1991 година. Летавме еден час во ист правец. Гледајќи низ прозорците, заклучивме дека одиме кон Словенија. Слетавме во Церкље од Крки. На аеродромот. Останавме таму околу два месеца.

Таму почнав да сфаќам дека Југославија не постои. Иако бев 19-годишен, го чувствував туѓиот национализам што беше силно изразен. За да се случи истото кај нас. Се роди сам по себе мојот национализам. Иако мојата генерација беше воспитувана на сосема поинаков начин. Бевме заглавени на аеродром во туѓа држава за да го одбраниме од неа. Тоа лесно се конта. Ако сакаш да сконташ. Ама немавме каде да одиме. Не можевме да мрднеме. Втората вечер загина еден од падобранците. Имаше пукање на сите страни. Потоа не' префрлија во Задар. И таму ми загина еден другар. Пред некое време ги гледав фотографиите што сами ги направиме таму. Ја имам неговата последна фотографија во животот. Верувам дека и неговото семејство ја нема... Грозно. А детето беше Хрват. Загина во Хрватска, од другата страна. Детската игра со падобрани се претвори во сериозна потреба да се преживее. И тоа го преживеавме.

Дента кога излегов од портата на касарната во Ниш за да си одам дома, во Македонија, знаев дека сум националист. Македонски. За Македонија.


П.С. Овој текст е наместо одговор на писанијата на еден човек што не е човек. Си знае самиот кој е тој. Посветен е на моите другари падобранци. Од Македонија, но и од сите други држави. На тие што преживеале, па се распослале по цел свет, и тие што не преживеале.

(Авторот е доктор по политички науки)

Извор-ГЛАСИЛО НА СДСМ
22-10-2010, 02:53 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#8

Многу подобро би било кога Филип Петровски на писанијата на "еден човек кој не е човек" - туку е Доктор по Српска стока - во кои тој се споменува во мнгоу лошо светло да наместо одговара со "наместо одговор" да одговори со одговор.

Божем, нели бил Доктор по политички науки, а не по пишување басми за деца. Тогаш можеби би сакал и да не' просвети, па да ни каже со какви тоа "аргументи" ги убедувале офицерите за регрутација.
22-10-2010, 06:57 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#9

Vo napisanovo mozam da gi sfatam ovie raboti za avtorot:

1.Vo tekstot avtorot bara da kaze deka e maz a za toa moze da go potvrdi negovoto padobransko dosie kako ucesnik vo Jugoslovenskite vojni od strana na JNA.Vo prvata polovina covek, pisatelot moze da go sfati deka detstvoto i mladinata mu se navistina nevini,i bara da go prifatime kako takov kako nacionalist-idealist.
2.Vo vtorata polovina poveke zalicuva kako nekoj voin koj se vraka od voenoto zariste (Rambo),kade gi izgubil svoite drugari-padobranci,a sredinata od kade e ne go saka.
3.Jazikot koj go koristi avtorot na ovaa pismo e polno so zanos,slicen na onoj sto se koristi vo opejuvanjeto na Junackite Epovi.
4.Tragedijata na nasiot pisatel-heroj od naseto maalo e sto takvata sudbina sam si ja istkaal,od rajot odi nakaj pekolot.
(This post was last modified: 22-10-2010, 07:09 PM by basilius_2.)
22-10-2010, 07:08 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#10

Ova se reakciite na tekstot od Filipa do sega
Moze da se zakluci percepcijata za nego deka e dobar padobranec
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=91D93...9BE0AAA972
Quote:Од: Sokolanac
Датум: 22.10.2010 12:54:02

Ubav natpis koj frla svetlina za nas Makedoncite zosto sme bidnale nacionalisti. Ne deka ja sakame tatkovinata, tuku deka drugite ne naterale da bideme takvi. Da ne bese praten vo Slovenija i Hrvatska dali i ti ce ostanese KOMUNJAR. Vo vojska site, a posebno hrabrite, stanuvaa clenovi na Komunistickata Partija. No kako sto i samiot kazuvas, sto pomalku znaes - povece fantaziras. Sega te razbiram deka koga zborese so zar protiv KOMUNISTITE toa bile tvoite fantazii, zasto sekako ne si znael kako nie starite ziveevme vo toj komunizam. Navistna ja cenam tvojata hrabrost i gledam deka kako rastes stanuvas poozbilen, mudar i iskren. Go nema nekogasniot Filip buntovnik. Se rodi Filip Makedonec. Te pozdravuvam i ti posakuvam da odis so svojata glava napred. Na Makedonija i trebaat mladi koj mislat so svoja glava.




Од: Dimitar
Датум: 22.10.2010 14:46:38

Seuste se prasuvam koja bese celta na tvojot tekst. Za zal ne uspeav da vidam nisto drugo sem zelbata za samo-promocija i skriena politicka ambicija na eden provincijalec. Navistina e greska da im se otstapuva vreden mediumski prostor na lugje koi ne samo sto nemaat, tuku i navistina ne znaat sto da kazat. Ti si padobranec vo gradska sredina, zatoa sledniot pat koga avionot ke stigne do Kumanovo skokni tamu i ne cekaj da dojdes do Skopje - ovde e vekje prepolno od lugje kako tebe.




Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.10.2010 17:17:05

Инаку нее лошо да е некој националист,лошо е ксенофобичноста проткаена со гасни комори. Инаку падобранство продолжува и во политиката,па така со таков скок бевте конзул во САД.Па едно време не скокавте па се инсталиравте во библиотеката.Па почнавте со политичкото повторно падобранство од една во друга партија.Во последната ви го одзедоа падобранот.
(This post was last modified: 22-10-2010, 07:28 PM by montehristo.)
22-10-2010, 07:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(22-10-2010, 02:53 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Дента кога излегов од портата на касарната во Ниш за да си одам дома, во Македонија, знаев дека сум националист. Македонски. За Македонија.


(Авторот е доктор по политички науки)

Извор-ГЛАСИЛО НА СДСМ




"Докторчево" првин да научи што е национализам а што шовинизам па тогаш да си одбере категорија каде припаѓа. Затоа ке му го препорачам да го прочита целиот текст на: Блогот на Богдан од кој јас тука ги постирам само кратките описи.



Quote:1. Национализмот е желба да се сочува своето, додека шовинизмот е желба да се присвои туѓото


2. Национализмот е љубов кон својата татковина и нејзините традиција и култура, додека шовинизмот е омраза кон другите земји, традиции и култури.
Или уште поконцизно: за шовинистот, одмаздата е најдобриот вид на успех, додека за националистот, успехот е најдобриот вид на одмазда.



3. Национализмот е креативен оти ги повикува своите приврзаници да создаваат, додека шовинизмот е деструктивен оти тој повикува на разурнување


4. Национализмот тргнува од себе за решавање на сопствените проблеми, додека шовинизмот ги обвинува другите за своите неуспеси.


5. Конечно, секој будала може да биде шовинист, но треба навистина паметен човек за го сфати национализмот во неговата вистинска суштина


Секако, политичарите кои ги сочинуваат политичките елити одлично знаат како да ги манипулираат таквите приглупи луѓе. Затоа, формираат преку тајни канали екстремни радикални партии и преку нив ги контролираат и искористуваат шовинистите.

Не секој паметен човек е националист, но ниту еден паметен човек не е шовинист. Тоа е најсуштинската разлика меѓу националистите и шовинистите.



пс. тоа е теза за национализмот по теркот на бата Јаначковиќ и генерал Васиљевиќ под командната палка на Милошевиќ
22-10-2010, 08:32 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#12

ПАДОБРАНЦИ - ЈУГОБРАНЦИ Icon_razz

22-10-2010, 10:44 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#13

мислам дека на Фиќо (Ф.П.) му оневозможивте секаква понатамошна политичка кариера!
пу јаз’к, пред да почне со поголеми бељи ја „упропастивте“ инвестицијата!

токму тоа му е проблемот - служеше и учеше (па и доктор стана) - ама за џабе.
е веќе му е јасно дека пелтечењево по штампа му се последните мигови во јавност!!

доктор по науки,ем по струка,амбициозен, кој сака да биде политичар - нема начин како да биде!


затоа не му замерајте на реакции Icon_lol барем додека се помири со судбината!

а у библиотека му е супер и за во иднина Icon_wink

ќе дава извештаи за тоа кој какви книги чита! Music4
23-10-2010, 02:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Трета опција

Александар Даштевски

Сите анкети за рејтингот на партиите годинава покажуваат дека опозицијата би освоила десет отсто од гласачкото тело, власта дваесет отсто, а повеќе од педесет отсто од анкетираните изјавуваат дека не знаат за кого ќе гласаат. Тоа значи дека граѓаните не се задоволни ниту од опозицијата ниту од власта. Доколку утре се одржат избори, тие заедно би освоиле триесет отсто од гласовите. Ваквата состојба на политичката сцена отвора простор за трета опција, која би била гарант дека тој што ќе ја добие довербата од граѓаните нема да ја злоупотреби. Се разбира, за да постигне успех, третата опција треба да ги обедини сите партии од десницата бидејќи гласачкото тело не е задоволно од владејачката партија, но и од гласачкото тело на левицата, чиј рејтинг повеќе години не расте. Ако тие излезат на избори поединечно, ќе ги поделат гласовите меѓу себе, што нема да им биде доволно за некој позначителен успех. Тоа оди во прилог на владејачката партија на која, според Донтовата метода, ќе и порасне просекот и ќе добие повеќе мандати. Ова неколку пати беше објавено во дневните весници. Но, во јавноста оваа идеја прв ја изнесе Филип Петровски, уште во февруари годинава. Тогаш тој изјави дека доколку се обединат НП, Обединети за Македонија и евентуално „Достоинство“, на наредните избори можат да освојат до 200.000 гласови и да станат сериозен фактор на македонската политичка сцена. Тоа беше една од причините за разидување со Љубе Бошковски, иако главните причини беа соработката со Бранко Црвенковски и сомнителните извори на финансирање. Тоа сега не е ни важно бидејќи се работи за маргинална партија, без никаков капацитет, која во меѓувреме ја напуштија најголемиот дел од членовите на претседателството, остана субјект со ниска политичка култура, што ја сместува на дното од политичката сцена. Сепак, идејата за трета опција продолжи да се врти во јавноста. Во септември и во октомври излегоа нови текстови дека Филип Петровски ќе формира партија. Таа информација почна да станува интересна за јавноста. Но, се поставува прашањето дали во Македонија постои слобода на политичко изразување?
Видовме дека сите такви обиди се проследени со сериозни притисоци и со монтирани приказни, како дел од кампањата за односи со јавноста за дискредитирање на личноста или личностите кои не мислат исто. Искуствата покажуваат дека дел од тајните служби постојано се вклучуваат во сите обиди за политичко дејствување, со цел да ги маргинализираат и да ги стават под контрола. Иако, сите држави од Југоисточна Европа одамна се ослободија од методите на претходниот еднопартиски систем, кај нас тие методи како да земаат се поголем замав. Старите структури, зајакнати со нови кадри, се охрабрени од својот успех и од неуспехот на законот за лустрација. Така, веднаш по излегувањето на овие информации, во еден наш неделен весник со низок тираж, Јордан Петровски почна со тешки навреди и омаловажувања на сметка на Филип Петровски. Се работи за човек кој за себе пишуваше дека барал и добил политички азил во Канада, поради тоа што сметал дека во Македонија никогаш нема да има услови за нормален живот. Се поставува прашањето дали мотивот за ваквите текстови е само ед економска природа, или во заднина стојат старите разузнавачки структури, кои сакаат да стават рака врз политичкото дејствување на Петровски. Тој, важи за чесен политичар, кој не може да падне под влијание на друг, има сопствени ставови за состојбите во општеството и не подлегнува на притисоци. Тоа е доволно споменатите структури да ја сфатат состојбата сериозно и да почнат со работа А притоа, тие не избираат средства додека не се постигне целта. Всушност, Филип Петровски го има почувствувано тоа на своја кожа во деведесеттите години. Се излажавме ако поверувавме дека тој репресивен систем многу бргу ќе заврши. Инаку, за Јордан Петровски, по потекло од Куманово, никој не знае која му е вистинската професија. Во времето на СФРЈ тој бил сопственик на фирмата „Снежана и синови“, а по распаѓањето на Југославија таа фирма пропадна. Единствено со што може да се пофали е дека бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но не успеал да обезбеди повисока позиција. Затоа сега грубо го напаѓа Љубчо Георгиевски и сите други важни личности во ВМРО. Тоа го прави од странство, зашто овде никогаш нема да може да се врати. Тоа е и подобро за него, бидејќи во земјава има направено големи долгови спрема свои сограѓани кои до ден денес не ги вратил. Доколку продолжи со ваквото однесување и Канада може да му ја откаже довербата, бидејќи луѓето што ги плука ќе ги известат нејзините власти за неговите постапки.

Авторот е магистер по меѓународни односи и дипломатија

Извор ВРЕМЕ
(This post was last modified: 30-10-2010, 12:33 PM by ЈорданПетровски.)
30-10-2010, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Србомански бугаромани

Филип Петровски

Заинтересиран сум весникот и таканаречениот „политички дисидент“ да докажат на суд се' што тврдат

Интересно е човек да проанализира и да се изнасмее во исто време какви фрустрации се тркалаат низ нашите весници. Кризата удрила на сите страни, посебно по тиражите, па затоа сопствениците се принудени да прават разни лудории за да го задржат вниманието на читателите. Еден од начините е да се пишува постојано за теории на заговор што ги интересира луѓето за да пронајдат виновник за општата состојба некаде далеку надвор од можноста да го фатат, а со тоа и нешто да променат. Но, друг начин е, на пример, да си најдете разни отпадоци што имаат потреба своите фрустрации да ги лечат со плукање на се' околу себе. Посебно ако тие отпадоци се согласиле да пишуваат без пари. Тогаш нискиот тираж се компензира со тоа што имате весник без новинари или со само два-тројца. Оти, вие сте толку суетен што не ја признавате реалноста и со сила се правите тоа што не сте. А, тука нема помош. Ако нискотиражниот неделник решил така да опстојува, нема помош. Не може вие пријателски да ги укажете овие работи зашто пријателството се меша со личен интерес, само за пари и за некој број повеќе продаден, по секоја цена.

Со задоволство следам колку може да се падне новинарството со ваквото практицирање. Оти мене, за разлика од многумина, јасно ми е дека се' што лета не се јаде. Односно, не е вистина се' што е напишано во весниците. Ама не е така и со пошироката читателска публика. Плукачите во овој нискотиражен неделник сфатиле дека можат да пуштаат бомбички, оти на тоа се верува безрезервно. Тоа и го прават. Добро, нека тераат. Само овој пат некои работи ќе мораат да ги докажат на суд. Тоа е толку просто. Кога вие сметате дека се' може да се напише, да се навредува како што се навредува, посебно да се изнесуваат невистини и некој да се обвинува за шпионажа, кодошење - најдобро е тоа на суд да се докаже. Многумина мислат дека со игнорирање е подобро да се поминува низ ваквите глупости. Демек, за ден-два ќе помине. Што се' не поминало. Кој се сеќава на минатата недела? Можеби тоа е делумно точно. Колективното сеќавање е на завидно лошо ниво. И можеби треба и така да се игра. Но, во мојот случај, нема да биде така. Јас сум заинтересиран весникот и таканаречениот „политички дисидент“ да докажат на суд се' што тврдат. Ќе биде симпатично да се следи потоа како „кука и плука“ сопственикот по судовите, оти веќе еднаш се најде таму со своите приказни и заговори. Па потоа други му беа виновни.

Во оваа пригода пак ќе потсетам дека човекот што се претставува како политички дисидент не го сметам воопшто за дисидент, туку за криминалец, кој останал должен во Куманово и побегнал преку океан. На кого стигнал и на кој не стигнал. Имал среќа што во почетокот на деведесеттите Љупчо и Доста одеа кај него во кафеана кога доаѓаа во Куманово. Претпоставувам дека поради тоа и му отвориле досие од државна безбедност, како што тоа го правеа за многумина од нас. Исто како и за мене. И нема тука ништо нејасно. Режимот на Б.Ц. ги користеше службите против своите политички неистомисленици. Да го потсетам „дисидентот“ дека Љупчо и Доста, кои сега обилно ги плука беа на власт кога со закон се отворени досиејата. За да му се застане на пат на таквиот начин на користење на службите. Да го потсетам како се виткаше понизно пред Доста Димовска во Баба Цана. Колку му беше мерак да седи до неа. Се топеше од радост. Има луѓе што го гледале тоа, меѓу нив бев и јас. Друго е сега ако поради психичката состојба и барањето потсвесен начин да се заборави историјата за да се прикаже како што не е, наменски заборава. Едно признавам - има среќа. И вештина. Успеа со лелекање и плачење да направи замена на тези и своите криминали да ги покрие со божемно дисидентство. Да се претстави како жртва. Бог да чува, не е тоа. Затоа велам, треба да ги воспева Љупчо и Доста што му оделе во кафеана. Ако немаше досие, ќе немаше како да стане жртва. Го знаат тоа кумановци.

Но, сега една работа не ми е јасна. Зошто толку агресивно ми се нафрла? Гледам вадел некакви преписки од форуми. Гледам дека на форумите пишувал под псевдоними. Зошто се криел тогаш, а сега не се крие? Се срамел од своето име? Се срамел од мене? И треба да се срами. Па тој беше еден од моите лобисти зашто имаше партнерски врски со татко ми. Можеби тогаш на тој начин се оддолжуваше, барем делумно. Нејсе, тоа не е битно. Душата не може да избега од такви гревови, тоа е природен закон и за тоа се плаќа порано или подоцна. Туку, не ми е јасно зошто „политичкиот дисидент“ се криел на Интернет. А ме плукал колку посилно можел. Тогаш не знаев дека тој се крие зад псевдонимот и дискутирав со него. Мислев некој со нормална желба е да разговара. Всушност, станувало збор за човек со тежина на душата, со гревови, кој не знае што да прави со себе во изгон, па така се празни. Жал ми е, не можам да ти помогнам дисиденту, секако, во наводници.

Уште само неколку работи да додадам за потребите на хрониките. Горд сум што сум бил падобранец. Не може баш секој да биде тоа. Треба храброст. Го нема баш секој тоа. Служев во Ниш. Тоа е историски факт и не може да се промени ниту, пак, сакам да се промени. Имав 18 години и Југославија се' уште постоеше. Тоа значи дека немаше македонска држава и армија. Како што кажав минатата недела, како последица на српскиот национализам тогаш, мојата класа се врати од војска радикализирана и целосно македонски определена. Да ве потсетам дека таа генерација учеше за марксизам и за духот на титоизмот како за нешто најдобро. Не сме ни чуле за Мара Бунева или, пак, за борбите на вмровците за Македонија. Не дај боже да пишувало некаде за Тодор Александров или Протогеров.

Гледам ве заинтересирала Мара Бунева. Па читајте, учете. Може ќе дознаете дека таа е Македонка што го убила српскиот ѕвер Прелиќ, кој измачувал македонски студенти и патриоти. Го жртвувала својот живот за да покаже дека тука живеат луѓе. Не избегала преку океан... Тоа е чин што заслужува подарок од наша страна при самата помисла. Ако не го разбирате, тоа не можам да ви помогнам. Годината што ја споменувате не е 1993, туку 1995. Го знам тоа според косата. Тогаш бев во рокерска фаза. Ех, времиња. Друго е тоа што во недостиг од државна прослава и огромен споменик, некои чакнориси денес го злоупотребуваат местото каде што се одржува панихида. Доаѓаат со бугарски знамиња и од тоа се прави циркус. Таму треба веднаш да се постави македонски јарбол. Највисок.

П.С. На сопственикот да му порачам дека може да го пренесе вашиот форум во целост во весникот, па така да заштеди уште повеќе на новинари, а вие уште повеќе да се чувствувате дека некој ве чита.

(Авторот е доктор по политички науки)

Извор-ГЛАСИЛО НА СДСМ
30-10-2010, 12:31 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#16

I dvajcata avtori go napakaat karakterot na Jordan Petrovski i odat kon negova diskreditacija so toa sto gi pokazuvaat svoite muskuli so cel da ja pokazat svojata sila i mok kaj Makedonskite gragani i so toa da go vospostavat svojot avtoritet koj po se izgleda go gubat.
Imeno i dvajcata gi koristat svoite tituli edniot Magister a drugiot Doktor so cel svojot avtoritet da go uste dokrepat.
Prviot pisatel e Magister po Megunarodno pravo i vo negoviot tekst upatuva zakana kon Jordan Petrovski deka moze da se zalat na Kanada da mu go odzemat politickiot azil.
Imeno kako prvo i vo Makedonskiot i Kanadskiot ustav stoi odredbata deka sekoj ima pravo na govor,eve go Kanadskiot ustav:
Ova e originalot na Angliski:

Fundamental Freedoms

FUNDAMENTAL FREEDOMS.
2. Everyone has the following fundamental freedoms:

(a) freedom of conscience and religion;
(b) freedom of thought, belief, opinion and expression, including freedom of the press and other media of communication;
© freedom of peaceful assembly; and
(d) freedom of association.
Ovaa e prevodot:
Fundamentalni Slobodi
2.Site gi imaat slednive fundamentalni slobodi.

a.sloboda na svest i religija,
b.sloboda na misla,veruvanje, misla i izrazuvanje,vklucuvajki ja slobodata na novinarite i drugi mediumi na komunikacija,
c.sloboda na mirno zbiranje i
d.sloboda na zdruznuvanje vo asociacii.
Ovaa e linkot do Kanadskiot ustav http://www.efc.ca/pages/law/charter/charter.text.html

Ovaa e Clen 16 od Makedonskiot ustav:
Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.

Ova e linkot:http://www.mlrc.org.mk/ZAKONI/Ustav_na_RM.htm

Dodeka Filip Petrovski povtorno se obiduva da ne ubedi deka za svoeto vreme dodeka bil vo 63 tata padobranska edinica vo Nis doziveal konverzacija od Srbski poslusnik vo Makedonski patriot,kako Evreinot Saul koj gi progonuval i zestoko gi napagal Hristijanite Bog mu ja pokazal svetlinata i go nateral da go pogledne vistinskiot pat, i stanal Hristijanin i se preimenuval Pavle koga mu se javil covek od Makedonija da dojde i tamu da ja siri verata.Za zal po se izgleda Filip Petrovski seuste ne moze da ja uvide greska i da se pokae za svoite postapki.
Ne ubeduva deka vo Jugoslavija nemalo Makedonski patrioti i mnogu malku znaele za VMRO,eve eden izvadok od kolumnata na Vane Cvetanov:

КОЈ ГО СРАМИ 23-ТИ ОКТОМВРИ И ИДЕИТЕ НА ВМРО

На изборите 2006 година новиот лидер ја доби довербата од граѓаните и ја имаше историската шанса да ги исправи неправдите таложени со години... но не се случи тоа. Се сеќавам на еден настан кој ми остави силен впечаток и ме потресе. На конгресот на партијата во Штип, после неколкучасовно истоштување од долги говори иполнети со лажна идеологија, пред паузата за ручек се јави за збор еден стар човек. Скоро цела сала изреагира кога му дадоа збор - од страв да не ја развлече дискусијата, а паузата веќе доцнесе цел час од предвиденото. Луѓето гладни, немаа трпение... Човекот излезе на говорницата, се претстави, кажа дека лежел затвор за идеите на ВМРО и дека тој и неговото семејство веќе децении биле под тортура. Човекот заплака кога кажа дека и денес трпат за леб и дека му е срам да оди да бара помош кај децата на оние што го тепале, мачеле и затварале, бидекјќи тие сега се на врвот на партијата во Велес. Импулсивно, еден по еден стана цела сала и со громогласен аплауз го поздрави човекот. На Груевски не му беше драго. Ја почувствува моќта на ВМРО. Свати дека во голем дел од луѓето во салата постои нешто исконско. Колку и да се обидува да го потисне тоа, знае дека енергијата од тој спонтан аплауз еден ден ќе му се удри од глава. Ова е само еден од многуте примери, кои ги има насекаде. Ако ја проверите блиската историја ќе се уверите дека семејствата на жртвите на комунизмот се жртви и на ВМРО-ДПМНЕ, а децата и внуците на комунистите се на највисоките позиции во партијата на Никола Груевски. По добивањето на власта во 2006 година секојдневно, лека полека се рушеа идеите, систематски се ништеше и се уништи се она што е чесно, и искрено во партијата.

http://kotle.ca/
30-10-2010, 05:18 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#17

Овие два текста напишани против Јордан Петровски ни ја олеснуваа работата во детекција на „ лошите„ и „ добрите„ момци во МК. И двајцата се кумановци. И двајцата беа дел од тимот на далаверите. Значи беа против “ интелектуалното„ крило во Куманово во период 1998-1999 година. И двајцата имаа високи позиции за време на вледеењето на Љупчо. Филип догура до конзул во САД, а А. Даштевски беше заменик директор ( на Драган Далаверски) на царина. Ова е уште еден директен доказ дека „ интелектуалното„ крило во Куманово имало страшен противник кој ја кочел МК на патот кон правда и демократија. И дека противникот останал здрав , жив и активен. Не чека уште борба. Како вели Груевски: „ За татковината се работи„. Тој, можеби, не мисли сериозно. Но,ние мислиме.
30-10-2010, 07:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(30-10-2010, 07:51 PM)hristo Wrote: Овие два текста напишани против Јордан Петровски ни ја олеснуваа работата во детекција на „ лошите„ и „ добрите„ момци во МК. И двајцата се кумановци. И двајцата беа дел од тимот на далаверите. Значи беа против “ интелектуалното„ крило во Куманово во период 1998-1999 година. И двајцата имаа високи позиции за време на вледеењето на Љупчо. Филип догура до конзул во САД, а А. Даштевски беше заменик директор ( на Драган Далаверски) на царина. Ова е уште еден директен доказ дека „ интелектуалното„ крило во Куманово имало страшен противник кој ја кочел МК на патот кон правда и демократија. И дека противникот останал здрав , жив и активен. Не чека уште борба. Како вели Груевски: „ За татковината се работи„. Тој, можеби, не мисли сериозно. Но,ние мислиме.


Вистината кога тогаш излегува. Еве неколку скена да се потсетиме на тие времиња и да видиме кој на чија старна бил и за што се залагал:


[Image: dorp5e.jpg]
30-10-2010, 10:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

[Image: 2aj9mi1.jpg]


[Image: 2q860b7.jpg]
30-10-2010, 10:07 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#20

Најпрвин да го поздравам форумот КОТЛЕ како мозност да се казе несто онака како се гледа работите сто ги гледаме , кои се слуциле или во кои сме биле директни уцесници.

Секогас цовекот имал потреба да она сто го гледа и во кое е директен уцесник и да го казе онака како тој го гледа и разбира.

Постирани се многу теми на форум Котле мора да се има доволно време и трпение и енергија за да се се тоа прати и да се тука уцествува.
Испровоциран особено од горе наведена тема помегу ЈОРДАН-БАБА ЦАНА и ФИЛИП-КУСЕМ а гледам се активира и АЛЕКСАНДАР ДАСТЕВСКИ-СПАНКО, веке не е време да работите се гледат незаинтересирано а зосто?

СИТЕ сме од ВМРО-ДПМНЕ и особено знаеме за настани од 1998 наваму.Се надевав оти по 2002 и ПРЕРОДЕНО ВМРО-ДПМНЕ дојдено е време на нови децки кои поинаку би ги воделе работите во партијата и во дрзавата.Се секавам оти во тие слуцуванја по пораз на ВМРО-ДПМНЕ во 2002 и повлекуванје на господин Лјупцо ГЕОРГИЕВСКИ и доаганје на цело на г-дин НИКОЛА ГРУЕВСКИ работите би се смениле и така и се слуцува се до формиранје на ВМРО-НП од страна на ЛЈУПЦО ГЕОРГИЕВСКИ а потоа и формиранје на Обединети за МАКЕДОНИЈА од страна на ЛЈУБЕ БОСКОВСКИ , мене сето тоа не ми е интересно јас сум заинетересиран единствено за ВМРО-ДПМНЕ

Знаци да не одиме далеку во време на конрес во ОХРИД кога се повлекува ЛЈУБЦО ГЕОРГИЕВСКИ , ФИЛИП ПЕТРОВСКИ е на страна на МАРЈАН ГОРЦЕВ , потоа умесно дипломатски му баци рака на ГРУЕВСКИ се до формиранје на Обединети за МАКЕДОНИЈА каде ФИЛИП ПЕТРОВСКИ-КУСЕМ и АЛЕКСАДАР ДАСТЕВСКИ-СПАНКО се заедно заедно влегуват и заедно излегуват АЛАЛ да им е.

Настани од 1995-1996 па се до 2006 се заедницки помегу сите нас, на моменти полни со радост и надез во исцекуванје дека конецно доага време на МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНИЈА

ЈОДАН ПЕТРОВСКИ-БАБА ЦАНА отвара многу теми и изнесува многу свои сопствени гледиста и доставува и документи и факти ,со оној дел каде зборува за судир на концепт како ВМРО-ДПМНЕ понатаму во КУМАНОВО јас понатаму би зборувал, а тоа е период на судир во огранок на ВМРО-ДПМНЕ во КУМАНОВО каде сто условно земено ФИЛИП-КУСЕМ е на другата страна како сто сам казува дека тој а ние не,не сме процениле кој во тоа време е појакиот така да ете тоа е тоа затоа сме изгубиле и наздравје и така и бидна си стана ФИЛИП-КУСЕМ пратеник во РЕПУБЛИЦКО СОБРАНИЕ на РМ од редови на ВМРО-ДПМНЕ како пратеник од КУМАНОВО од 1998-2002 потоа стана конзулј у САД па низа страницни придобивки за тато , мама и братцинја и тн. И се е тоа фред тој знаесе и навреме процени кој е појакиот.Мегутоа таа негова умесност некако не мине кај ГРУЕВСКИ за сто јас особено му се заблагодарувам на сегасен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на ВЛАДА на РМ

Сето лавиранје на ФИЛИП-КУСЕМ и АЛЕКСАНДАР-СПАНКО координирано оти ете сега пак ВМРО-ДПМНЕ и НИКОЛА ГРУЕВСКИ имаат санси ако и само ако во ВМРО-ДПМНЕ победи условно земено некоја струја нарецена МИЈАЛКОВСТИ наспроти СТАВРЕВИСТИ демек со обид да во партија а преку тоа и на дрзавни функции се фратат и постават онака асолни кадри како ФИЛИП-КУСЕМ да рецеме у МНР УФФФФФФФФФФФФФФФФФФ СТСТИВА и тоа болна, и како АЛЕКСАНДАР-СПАНКО како заменик директур у ЦАРИНУ како у време на ДАЛАВЕРА ДРАГАН оти сега не знам дал е ДРАГАН нас МАКЕДОНЕЦ КУМАНОВЦАНЕЦ ил е БЕЛГРАГАНЕЦ(БЕОГРАГАНИН-СРБИН)

Така да ги поздравувам и ФИЛИПА-КУСЕМА и АЛЕКСАНДАР-СПАНКО и ЈОРДАНА-БАБА ЦАНА и форум КОТЛЕ , фала ти господе сто ни го даде интернетот , мобилните , сто сме зиви и здрави , сто ја имаме МАКЕДОНИЈА и сто сме МАКЕДОНЦИ

ГО поздравувам ФИЛИПА-КУСЕМА и го охрабрувам нека повели нека поведе постапка за свое досие од страна на ТАЈНА ПОЛИЦИЈА у НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА разоткриванје на наредбодатели за следенје на истиот и секако расцитуванје на се тоа , и одговорност за да нема простор за манипулација оти разбира мездународна дипломатија.

п.с АКО се тоцни информации кои доагаат од БРИСЕЛ и од уста на актуелен премиер на ГРЦИЈА ,г-дин ПАПАНДРЕУ оти се преговара само и само за име , а не за ИДЕНТИТЕТ и негова промена еве ЕДНА јавна БЛАОДАНОСТ до единствени наси подрзуваци у СВЕТ а тоа е УСА-АМЕРИКА thanks BUSH&OBAMA forever.
31-10-2010, 08:00 AM
Reply