Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.63 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СОМНИТЕЛНИ ТИПОВИ - ВИСТИНСКИ ДИСИДЕНТИ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#41

(10-11-2010, 06:56 PM)Solenik Wrote: Јордан, "Утрински" ти даде ли било каква причина зошто не ја објавуваат твојата реакција на колумната на Филип П.?

Ова ти е комунизам без преседан. Каква е "демократијата" во Макеоднија кога на човек не му се дозолува да си го одбрани името од напади? Каде е здужението на новинарите да реагира? Каде е Владата да го одбрани индивидуалецот?

Божем "Утрински" е на СДСМ, а Филип божем бил "десничар", а сите заедно тие божем биле против Грујо. Нели се ова одлични шанси за Грујович да го покаже вистинското лице на неговите политички "противници"?

Овој настан е доволен да и најнеутралните и најнеупатените , а нормални, луѓе разберат што се случува во Македонија. Дека партиите само формално се покриени со идеологија, а всашност во нив правилно се распоредени луѓе кои ги контролираат структурите на УДБА и КОС. Тоа важи, барем досега, и за многу партии кои покасно се јавуваа, како замена за старите ако луѓето се разочаруваа во нив. Исто важи и за медијумите, како и Здружението на новинари. Фактички, целиот политички простор е покриен. Затоа и МК тоне во однос на соседните земји. Тоа е и објаснување како Бугарија, Румунија и Албанија, кои пред 20-ина години беа далеку под МК во сите параметри, а сега се пред неа. Србокомунистичките структури си ја завршија работата. За жал, успешно.Дали треба да им се дозволи и понатаму да ја силуваат Македонија???
11-11-2010, 06:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

Денеска Утрински Весник без моја дозвола го скратил текстот и го објавил во рубликата писма оваа е сторено за да ја избегнат тужбата.

Quote:За вистината нема недостоинствен медиум

Јордан Петровски, Канада

(Повод: колумната „Србомански бугаромани“ на Филип Петровски, објавена во Утрински весник“ на 30.10 2010.)

Не е голема трагедија еден „доктор по српска стока“ како мене да нема познавања од основниот политички и куртоазен бон-тон, но, кога е тоа случај со еден доктор по политички науки, тогаш нешто смрди во македонската држава. Во оваа насока, на моите колумни во „Фокус“ каде што е споменат, д-р Филип Петровски ми реплицира во „Утрински весник“, избегнувајќи дури да ми го спомене и името. Меѓутоа, покрај тоа што д-р Филип одговара во друг медиум и воопшто не ги демантира моите писанија, тој на УДБА-шки, да не речам уличарски начин, само наведува невистини од кујната на тајната полиција, со цел да ме дискредитира во јавноста. Да одиме по ред.

Ти, Филипе, добро знаеш дека јас не се приклучив кон посткичевските победници, бидејќи сакав да си ја исполнам мојата должност како Македонец. Не се приклучив кон српските инсталации во Македонија - а со тоа не дозволив да го добијат најголемиот доказ, со кој ќе го оспореа и осамостојувањето на Македонија. Ти добро знаеш дека доколку успееше местенката на СДБ во тоа време, преку мене да се фингира дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира од бугарската држава, србокомунистичките инсталации осамостојувањето ќе го прогласеа за обид на „бугарофилите“ во Македонија за припојување кон Бугарија - бидејќи ќе добиеја непобитен доказ. Јас со добивањето политичкиот азил во Канада докажав дека Македонија се' уште не е демократска држава, односно дека се' уште е во србокомунистичката прегратка.

Доколку си бил засегнат патриот, требало да се спротивставиш на наводните лаги уште во 2000-2005 година кога се водеше мојата постапка за азил во Канада. Веројатно, не приговараше од оправдани причини: од дипломат со „три дена“ конзулство не треба да очекуваме ништо повеќе, освен лаги! Филипе, очигледно е дека газдите тебе те „пуштија по бука“, бидејќи на секој му е јасно дека по оваа полемика, твојата политичка кариера е завршена приказна.

Приказнава што ја промовира Филип е само нов обид на мал круг луѓе што се претставуваат како „патриоти“ и кои преку девалвирање на мојата личност и менувањето на историјата, сакаат да ја прикријат улогата на државно-полицискиот врв против просперитетот на Македонија. Доколку навистина си патриот, националист и единствениот вистински вмровец како што се претставуваш, тогаш моите наводи ќе ги демантираш со политички аргументи. Така, за моите наводни „криминални“ дејанија, на кои алудираш, постојат институции во Македонија што треба да ги решат.

Патем, јавноста се уште чека одговор на прашањата во врска со мојот и твојот политички ангажман во овие 20 години, а кои ти упорно ги одбегнуваш: зошто во Куманово, низ текот на деведесеттите „оперистите“ ги уриваа, де муслиманските де христијанските гробишта за да да предизвикаат меѓуетнички конфликт и кој учествуваше во уривањето? Дали ти си носител на акцијата „Чакам те да дојдеш“, односно, т.н. „Пресметка со ’бугарофилката’ Доста Димовска?“ Како успеа да служиш војска во ЈНА, во 63. Падобранска бригада, во која одеа проверени регрути од највисока доверба, бидејќи оваа формација на ЈНА беше ударна логистика на „опера“?

Само како илустрација да потсетиме дека на протестите учествуваа студенти со многу посомнително минато од Филип Петровски, па за нив не е отворено досие. Твоето досие е поради ширење национална и верска омраза. Ти, Филипе, со демонстарциите не се бореше за повеќе права на македонските студенти - туку се бореше за одземање на правата на Албанците. Твоето досие, чинам, е водено во законската рамка од една година. Тогаш се наметнуваат нови прашања: Која е цената што ја плати да нема кривичен прогон? Зошто не ги тужиш луѓето што ти го отворија досието? Ти така чесен и правдољубив, да не ја истераш правдата? Нема логика! Како е можно додека протестиравте со глад во 1997 година пред Собранието против политиката на СДСМ кога ви се слошуваше во шаторите пред Собранието, комплетната медицинска грижа за тебе и други ја организираше ДБК - ве носеше на прегледи во Клиничкиот центар и повторно ве враќаше на протести?

Зошто до денешен ден ја криеш од јавноста службената белешка од твоето досие на која се забележани повеќето телефонски разговори на твојата мајка со тогашниот влијателен министер на СДСМ, Бузлевски, за јавноста да не види што е разговарано? Бидејќи претендираш за местото нов лидер на македонската држава, редно е јавноста да знае кој си ти - Филип Петровски.

Извор-ГЛАСИЛО НА СДСМ
(This post was last modified: 11-11-2010, 02:10 PM by ЈорданПетровски.)
11-11-2010, 02:06 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#43

(11-11-2010, 02:06 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Денеска Утрински Весник без моја дозвола го скратил текстот и го објавил во рубликата писма оваа е сторено за да ја избегнат тужбата.

Мислам дека сепак постои простор за тужба.

Quote:Македонските закони гаратнираат слобода на говор, но и заштита на личноста. Во таа смисла, доколку поединец е спомнат во даден текст на даден медиум, законот мѕ овозможува на споменатиот поединец простор во истиот медиум, во истиот простор, со иста должина за да си ја одбрани честа. Текстот кој следи е реакција на Јордан Петровски на колумната на Филип Петровски "Србомански бугаромани" во "Утрински Весник". Одговорот на Јордан Петровски беше испратен до "Утрински Весник" на 3 ноември 2010, но се' уште останува необјавен. Наспроти тоа, "Утрински Весник" објави реакција на колумната на Филип Петровски на пензионер од Скопје, човек кој што на никаков начин не беше спомнат во текстот на Филип Петровски. Нам и на вас ни останува сами да пресудиме за независноста на македонското новинарство.
11-11-2010, 02:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Еден од коментарите во "Утрински Весник":

Quote:Од: Dosta etnicko cistenje "Otode Grupcin"!
Датум: 11.11.2010 14:47:46
Vistinskite Makedonci so potencijal da bidat "vodaci na svojot narod" vo Makedonija, nitu porano a nitu sega nemale sansa po demokratski pat da bidat "videni" od narodot. Vesto i uporno 24 casa dnevno i sedum dena nedelno za toa da ne se sluci se trudat "sluzbite" na onie koi sakaat da ni go nametnat (a eve gledame dosega i go nametnuvaa uspesno) "otode Grupcin"! Bez samozrtva (barem i najmala) nema da moze da gi cistime vakvite neprijatelski i domasno kodoski elementi od Makedonija. Zasega nadvor od Makedonija se uste ima slobodni misliteli Makedonci, a kako stojat rabotive so EU i NATO (Fuere i drugite koi ne navreduvaat kako da sme dzgan i baraat da gi zastituvame od reakcii) brojot na takvi Makedonci konstantno raste...no ovoj pat i vo samata Republika Makedonija! Mozebi naskoro i Vinozito genocidot ke go narece GENOCID, a ne "nekulturen odnos" od Grcija kon Makedoncite (kako sto insistirase Vaskopulos da go narekuvame). Mozebi i "otode Grupcin" ke se kaze javno deka e GENOC
13-11-2010, 04:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:Магистер со кариеристички цели

Со ништо не предизвикан, се јави „магистерот по меѓународно право“ Александар Даштевски од Куманово и координирано со шефот му Филип Петровски, тргнаа во СДБ-овска офанзива за да ме оцрнат и девалвираат. Јас, за разлика од Фрчкоски, Георгиевски, Црвенковски, Стојменов и компанија немам што да кријам, ниту од што да се плашам. Затоа, си го користам правото на реплика за да не дозволам моето име да се валка во калта на Даштевски. Бидејќи сум „доктор“ на науки за твојот сој, ќе споделам со тебе една лекција по правото и демократијата. Прво, м-р Даштевски, во твојата колумна пишуваш дека Филип Петровски се подготвува да стане новиот лидер на македонската држава. Во тоа немам причина да се сомневам. Затоа, како совесен Македонец, сакам да ги пренесам демократските принципи кои ги научив во Северна Америка, каде што на „траен одмор“ ме испратија кадри од твој калибар. Тука, поединците кои претендираат да станат лидери се ставаат низ триста филтри. Журналистите и политичките аналитичари секојдневно ги проучуваат карактерите и личните истории на кандидатите, за луѓето кога одат на избори да знаат кому му го даваат својот глас - при што граѓанинот своеволно му отстапува дел од својата света слобода. Притоа, нема разочарувања во новата власт по првите сто дена - како што стана нормална практика во Република Македонија. Твоето јавување магистре единствено можам да го протолкувам во својство на „занасач на кривину на туѓи ташаци“ - работа која најдобро ја знаеш. Дека тоа е така, најдобро зборуваат твојот „политички ангажман и кариера“. За разлика од тебе, јас не членував во ниедна партија во плуралистичка Македонија, туку својот придонес се обидов да го дадам како совесен граѓанин - без профитерски и кариеристички цели. Твојата лага дека сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ за да обезбедам некоја повисока позиција зборува за тебе - односно за твоето поимање на членување во партија. Јас, иако не бев член на партијата, го издадов и го финансирав партискиот весник „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ ја помагав партијата со финансиски средства во два изборни циклуса 1990 и 1994 година. Можеби ова не го знаеш, бидејќи ти тогаш беше во партијата која ВМРО-ДПМНЕ ја сметаше за легло на бугарофили. Доколку, пак, си бил засегнат со мојот азил, требало да се спротивставиш на наводните лаги уште во 2000-2005 година, кога се водеше мојата постапка за азил во Канада. Колку што ме држи умот, ти во 2001-2002 година често патуваше службено во Торонто - до душа на пропатување за Каракас, Венецуела. Па, не ќе е на одмет да појасниш со кого имаше „соработка“ во Венецуела бидејќи си патувал во својство на заменик-директор на Македонската царина. Ако си заборавил зошто си одел во колевката на кокаинот, сигурно знае твојот тогашен претпоставен министер - сегашниот премиер Груевски. Многу е смешно магистер по правни науки да не знае основни работи за добивање и за одземање азил. Магистре, да разголам уште една твоја лага. Јас сум единствениот од оние на кои им се отворени и водени досиеја од идеолошки и политички причини по 1991 година кој се залага на дело да се истурка лустрацијата. Поведов постапка пред редовен суд во Македонија, јас - „криминалецот““ Јордан Петровски - со кривична пријава во 2007 година против некогашниот и сегашниот полициски врв: Фрчкоски, ?окревски, Аврамовски, Верушевски и Богоевски. Оваа кривична пријава треба да ги открие оние што ме ограбија и оние на кои им „должам“ пари. Поминаа години, но, нема завршница по кривичната пријава. Во 2009 година покренав иницијатива пред Комисијата за лустрација за проверка на изјавата на кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски. За „криминалец“ многу дрско однесување, а магистре? Каде бевте тогаш вие, правдољубивите „доктори“ и „магистри“ по меѓународно право?

Јордан Петровски
ИЗВОР

Конечно и ВРЕМЕ ја објави мојата реакција. зошто ја чуваа толку денови не е тешко да се предпостави.
15-11-2010, 01:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

(05-11-2010, 10:54 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(30-10-2010, 12:27 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Трета опција

Александар Даштевски

Иако, сите држави од Југоисточна Европа одамна се ослободија од методите на претходниот еднопартиски систем, кај нас тие методи како да земаат се поголем замав. Старите структури, зајакнати со нови кадри, се охрабрени од својот успех и од неуспехот на законот за лустрација. Така, веднаш по излегувањето на овие информации, во еден наш неделен весник со низок тираж, Јордан Петровски почна со тешки навреди и омаловажувања на сметка на Филип Петровски. Се работи за човек кој за себе пишуваше дека барал и добил политички азил во Канада, поради тоа што сметал дека во Македонија никогаш нема да има услови за нормален живот. Се поставува прашањето дали мотивот за ваквите текстови е само ед економска природа, или во заднина стојат старите разузнавачки структури, кои сакаат да стават рака врз политичкото дејствување на Петровски. Тој, важи за чесен политичар, кој не може да падне под влијание на друг, има сопствени ставови за состојбите во општеството и не подлегнува на притисоци. Тоа е доволно споменатите структури да ја сфатат состојбата сериозно и да почнат со работа А притоа, тие не избираат средства додека не се постигне целта. Всушност, Филип Петровски го има почувствувано тоа на своја кожа во деведесеттите години. Се излажавме ако поверувавме дека тој репресивен систем многу бргу ќе заврши. Инаку, за Јордан Петровски, по потекло од Куманово, никој не знае која му е вистинската професија. Во времето на СФРЈ тој бил сопственик на фирмата „Снежана и синови“, а по распаѓањето на Југославија таа фирма пропадна. Единствено со што може да се пофали е дека бил член на ВМРО-ДПМНЕ, но не успеал да обезбеди повисока позиција. Затоа сега грубо го напаѓа Љубчо Георгиевски и сите други важни личности во ВМРО. Тоа го прави од странство, зашто овде никогаш нема да може да се врати. Тоа е и подобро за него, бидејќи во земјава има направено големи долгови спрема свои сограѓани кои до ден денес не ги вратил. Доколку продолжи со ваквото однесување и Канада може да му ја откаже довербата, бидејќи луѓето што ги плука ќе ги известат нејзините власти за неговите постапки.

Авторот е магистер по меѓународни односи и дипломатија

Извор ВРЕМЕ

Quote:Одговор на колумната "Трета опција" од Александар Даштевски објавена во весникот "ВРЕМЕ" на 30.10.2010 година.

МАГИСТРИ ПО ПОЛТРОНИСТИЧКО ПРАВО

На 14 октомври 2010, јас и Дане Поповски објавивме статија во "Фокус" и нa http://www.kotle.ca која ја започнавме со следниов пасус:

"Знаевме дека нашиот текст од минатиот број на 'Фокус' за тоа дека досијеата се во Белград, ќе предизвика интерес, но, знаевме и дека никој од прозваните ќе нема храброст да одговори директно, па уште во 'Фокус'. Ќе пуштат некоe нивно пискаралце да напише текст полн со лаги и манипулации. Стара комуњарска игра. Си имаат тие весничиња во кои си ги објавуваат писанијата на пискаралцата, кои 'ничим изазвани' ќе објаснат дека белото не е бело. Да се спомене вистинскиот повод за писанието Бог да чува и да брани, но, затоа ние ќе се дрзнеме и ќе сакаме да одговориме на лагите."

И би, "ничим изазван" се јави "Магистерот" по меѓународно право - Александар Даштевски од Куманово.

Коорднириано, со шефот му, Филип Петровски, одат во СДБ-овска офанзива на оцрнување и девалвација на личноста - овој пат моја. Јас, за разлика од Фрчолина, Љубчо Георгиевски, Црвенковски, Стојменов и компанија, немам што да кријам, ниту од што да се плашам. Затоа, си го користам правото на реплика, за да не дозволам моето име да се валка со калта на Изметот на Македонското општество, кое преку полтронизам се докрепило до титули и функиции кои може да им ги додели само некој Луд Милојко или Црвен Кмер - а со Македонија, фала Богу, владеат и едните и другите.

Бидејќи сум "Доктор" на науки за твојот сој, ќе споделам со тебе една лекција по правото и демократијата. Како прво Магистер Даште, во твојата колумна пишуваш дека Филип Петровски се готви да стане новиот лидер на македонската држава. Во тоа немам причина да се сомневам. Затоа, како совесен Македонец, сакам да ги пренесам демократските принципи кои ги научив во Северна Америка, каде што ме испратиja кадрите од твојот калибар на "траен одмор". Тука, поедниците кои претендираат да станат лидери се ставаат низ триста филтри. Журналистите и политичките аналитичари секојдневно ги проучуваат карактерите и личните истории на кандатите, за да кога луѓето одат на Избори знаат кому му го даваат својот глас - при што граѓанинот своеволно му отстапува дел од својата Света слобода на народниот пратеник т.е. Владата. Притоа, ги нема разочарувањата во новата Власт после првите сто дена - како што стана нормална прaкса во Република Македонија. Затоа, јас ја кревам тревогата околу Филип Петровски. Доколку ти беше совесен интелектуалец и патриот, ти ќе го работеше ова.

Твоето јавување бре Дашто единствено можам да го протолкувам во својство на "занасача на кривину на туѓи ташаци" - работа која најдобро ја знаеш. Дека тоа е така најдобро зборуваат твоjoв "политички ангажман и кариера" кои се состојат од менување на партии како хартиени шамивчиња за бришење нос, а се’ со единствена цел да се дограбиш до некоја фунциичка, на твојот омилен начин - лижејки туѓи задници.

За разлика од тебе јас не членував во ниедна партија во плуралистичка Македонија, туку својот придонес се обиднов да го дадам како совесен граѓанин - без профитерски и кариерситкчки цели. Твојата лага дека сум бил член на ВМРО ДПМНЕ за да обезбедам некоја повисока позиција зборува за тебе - односно за твоето поимање на членување во партија. Јас, иако не бев член на партијата го издадов и финансирав партискиот весник "ГЛАС" на ВМРО ДПМНЕ ја помагав партијата со финасиски средства во два изборни циклуса 1990 и 1994 година. Можеби ова не го знаеш бидејќи ти тогаш беше во партијата која ВМРО ДПМНЕ ја сметаше за легло на "бугарофили".

Магистре по занасање (по бацување задници?), доколку си бил засегнат со мојот азил, требало да се спротиставиш на наводните лаги уште во 2000-2005 година, кога се водеше мојата постапка за азил во Канада. Колку ме држи умот ти 2001/02 година често патуваше службено во Торонто - додуша на пропатување за Каракас, Венецуела. Па, не ќе е на одмет да подобјасниш со кого имал "соработка" во Венецуела, бидејќи си патувал во својство на Заменик Директор на македонската Царина. Ако ти си заборавил зошто си одел во таа колевка на кокаинот, позната како Венецуела сигурно ќе знае твојот тогашен претпоставен Министер - сегашниот Премиер Груевски. Многу е смешно ти Магистар по правни науки да не знаеш основни работи за добивање и одземање на азил, па сега на јавна сцена да изиграваш кловн кој ќе се залагал, замислете, да ми се одземе доделениот азил во Канада!? Да не е смешно би било трагично.

За крај Магистре, да разголам уште една твоја лага. Само јас Магистре сум едниствениот од оние на кои им се отворени и водени досиеа од идеолошки и политички причини после 1991 година кој се залага на дело да се истурка лустрацијата. Поведов постапка пред редовен суд во Македонија, јас - "криминалецот" Јордан Петровски - со кривична пријава во 2007 година против некогашниот и сегашниот полициски врв: Фрчкоски, Чокревски, Аврамовски, Верушевски и Богоевски. Оваа кривична пријава треба да ги открие оние кои ме ограбија, и оние на кој им "должам" пари. Поминаа години, но, нема завршница по кривичната пријава. Во изборниот циклус за Председател на Македонија 2009 година, покренав иницијатива пред Комисијата за лустрација за проверка на изјавата на кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчковски.

За "криминалец" многу дрско однесување, а Mагистре? Каде бевте тогаш вие правдољубивите "доктори" и "магистри" по меѓународно право?

P.S.

Еве да прочиташ што зборува за твојот гуру, Советникот кој ви доаѓа во кафиќот деновиве: "Арно ме потсети за да се комплетира приказната за предавството на Филипчо во 1997 година. Потпиша и откако му ветија дека ќе стане претседател на УМС се попишмани. И без око да му трепне пред ТВ камерите цинично смешкајќи се образложува: Знаете во хороскоп сум Близнак! По нашему - двоцевка!" http://www.forum.kotle.ca/showthread.php...54#pid6054

P.P.S

Читателите кои сакаат да се запознаат со моите ставови 1998 и 1999 година ќе можат да ги прочитаат текстовите: "Полиција и Политика", "Од Бивши Робијаши и Силеџии, Даравелски Направи Државни Чиновнци" и "Доста Димовска Работи Против ВМРО – ДПМНЕ", како и целата досегашна преписка cо Филип Петровски, можат да ja најдат на линкот: http://www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=636

Јордан Петровски

Cкратената верзија од уредникот на Време:

(15-11-2010, 01:42 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Магистер со кариеристички цели

Со ништо не предизвикан, се јави „магистерот по меѓународно право“ Александар Даштевски од Куманово и координирано со шефот му Филип Петровски, тргнаа во СДБ-овска офанзива за да ме оцрнат и девалвираат. Јас, за разлика од Фрчкоски, Георгиевски, Црвенковски, Стојменов и компанија немам што да кријам, ниту од што да се плашам. Затоа, си го користам правото на реплика за да не дозволам моето име да се валка во калта на Даштевски. Бидејќи сум „доктор“ на науки за твојот сој, ќе споделам со тебе една лекција по правото и демократијата. Прво, м-р Даштевски, во твојата колумна пишуваш дека Филип Петровски се подготвува да стане новиот лидер на македонската држава. Во тоа немам причина да се сомневам. Затоа, како совесен Македонец, сакам да ги пренесам демократските принципи кои ги научив во Северна Америка, каде што на „траен одмор“ ме испратија кадри од твој калибар. Тука, поединците кои претендираат да станат лидери се ставаат низ триста филтри. Журналистите и политичките аналитичари секојдневно ги проучуваат карактерите и личните истории на кандидатите, за луѓето кога одат на избори да знаат кому му го даваат својот глас - при што граѓанинот своеволно му отстапува дел од својата света слобода. Притоа, нема разочарувања во новата власт по првите сто дена - како што стана нормална практика во Република Македонија. Твоето јавување магистре единствено можам да го протолкувам во својство на „занасач на кривину на туѓи ташаци“ - работа која најдобро ја знаеш. Дека тоа е така, најдобро зборуваат твојот „политички ангажман и кариера“. За разлика од тебе, јас не членував во ниедна партија во плуралистичка Македонија, туку својот придонес се обидов да го дадам како совесен граѓанин - без профитерски и кариеристички цели. Твојата лага дека сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ за да обезбедам некоја повисока позиција зборува за тебе - односно за твоето поимање на членување во партија. Јас, иако не бев член на партијата, го издадов и го финансирав партискиот весник „Глас“ на ВМРО-ДПМНЕ ја помагав партијата со финансиски средства во два изборни циклуса 1990 и 1994 година. Можеби ова не го знаеш, бидејќи ти тогаш беше во партијата која ВМРО-ДПМНЕ ја сметаше за легло на бугарофили. Доколку, пак, си бил засегнат со мојот азил, требало да се спротивставиш на наводните лаги уште во 2000-2005 година, кога се водеше мојата постапка за азил во Канада. Колку што ме држи умот, ти во 2001-2002 година често патуваше службено во Торонто - до душа на пропатување за Каракас, Венецуела. Па, не ќе е на одмет да појасниш со кого имаше „соработка“ во Венецуела бидејќи си патувал во својство на заменик-директор на Македонската царина. Ако си заборавил зошто си одел во колевката на кокаинот, сигурно знае твојот тогашен претпоставен министер - сегашниот премиер Груевски. Многу е смешно магистер по правни науки да не знае основни работи за добивање и за одземање азил. Магистре, да разголам уште една твоја лага. Јас сум единствениот од оние на кои им се отворени и водени досиеја од идеолошки и политички причини по 1991 година кој се залага на дело да се истурка лустрацијата. Поведов постапка пред редовен суд во Македонија, јас - „криминалецот““ Јордан Петровски - со кривична пријава во 2007 година против некогашниот и сегашниот полициски врв: Фрчкоски, ?окревски, Аврамовски, Верушевски и Богоевски. Оваа кривична пријава треба да ги открие оние што ме ограбија и оние на кои им „должам“ пари. Поминаа години, но, нема завршница по кривичната пријава. Во 2009 година покренав иницијатива пред Комисијата за лустрација за проверка на изјавата на кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски. За „криминалец“ многу дрско однесување, а магистре? Каде бевте тогаш вие, правдољубивите „доктори“ и „магистри“ по меѓународно право?

Јордан Петровски
ИЗВОР

Конечно и ВРЕМЕ ја објави мојата реакција. зошто ја чуваа толку денови не е тешко да се предпостави.

Денешниот одговор на Даштевски:

Quote:Азилантот

Александар Даштевски

Во писмото што во весников го објави малку познатиот политички дисидент со низок степен на образование и на култура Јордан Петровски, од ниски побуди изнесе голем број невистини и навреди против мене. Ова ќе биде последно мое обраќање кон овој анонимен политички дисидент затоа што понатамошната комуникација ќе ја продолжам преку Канадскиот конзулат во Република Македонија, на начин што ќе ги испратам овие текстови, преведени на англиски и заверени од овластен преведувач, до канадското МНР за да види на какви луѓе дава државјанство и да преземе мерки против него, затоа што навредување странски државјани не е дозволено во ниедна држава.
Петровски, инаку, добил политички азил во Канада и нема право да се врати во Македонија. За да добие политички азил, морал да се откаже од македонското државјанство. Во таа постапка морал да изјави дека е против општествено-политичкиот систем во Македонија. Од друга страна, против него нема никаква политичка постапка бидејќи, како што самиот изјавува, тој никогаш не бил политичар, туку против него се води кривична постапка која се уште траела. Со своите постапки во еден неделник и во неговите писма тој покажува дека кривичните и други постапки против него се оправдани и дека поминал добро додека бил во Македонија. Се шират вести дека со парите што ги зел од свои деловни пријатели и ги префрлил од Македонија во Канада, скапо платил за адвокат кој му ја истуркал постапката за азил бидејќи неговиот случај нема врска со политиката. Се зборува и дека остатокот од парите ги употребил за бизнис во Канада, што можеби не е точно. Но, очигледно е дека сега таму му е здодевно, па се занимава со банални работи што се однесуваат на Македонија и на нејзините граѓани.
Што се однесува до неговите наводи за моето образование, што неколкупати го потенцира, ќе истакнам само дека магистер се станува со напорна работа, многу труд и самооткажување. Тоа е резултат на континуитетот на моето перманентно образование, што може да се поврзува само со професионална кариера. Се друго е непознавање и мешање на работите.
Понатаму, Филип Петровски не ми е никаков шеф на мене, туку е мој пријател повеќе од дваесет години. Можеби тој не знае што значи пријател затоа што самиот пишува дека им „должи“ на неговите поранешни пријатели, па затоа пишува дека јас не сум бил предизвикан да го нападнам, иако тој нападнал едно чесно момче од триесет и осум години, со највулгарни измислици и навреди, на кое, според возраста, може да му биде дедо. И тоа со ништо непредизвикан.
Измислиците за јужноамериканските држави нема да му поминат затоа што го потценува капацитетот на читателите, што не е чудно, поради нивото на кое тој се наоѓа. Имено, не сум слушнал некој да одел во јужноамериканска земја од Балканот или од Европа преку Торонто. Бидејќи пишува за тоа, а живее во Торонто, тој најдобро ги знае тие врски со јужноамериканските држави. Можеби и самиот ги користи, па така му текнало да ги спомене во неговото писмо. А зошто патува во тој правец - најдобро знае тој. Јас никогаш не сум бил во ниедна јужноамериканска држава, ниту имам намера некогаш да одам. Можеби овој одговор ќе го подигне неговото его, што, најверојатно, е и негова цел. Во Република Македонија, сепак, нормално е да ги дискутираме актуелните општествено-политички теми во државата.

Авторот е магистер по меѓународни односи и дипломатија
IZVOR

пс. ги постирав сите текстови. Mојот оргинален одговор. Писмото кое е објавено во ВРЕМЕ е cкратено oд уредникот без моја согласност. Зато ги постирам сите по редослед,така најубаво ке се види се.
(This post was last modified: 20-11-2010, 07:08 PM by ЈорданПетровски.)
20-11-2010, 07:07 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#47

Прво за образование. Еве, и Тито да го споменам во позитивно светло. Човекот беше бравар, па успеа да се наметне како еден од најголеми државни лидери во текот на 20-от век. Од друга страна, имаме куп магистри и доктори по науки ( посебно во посткомунистички земји) кои останаа анонимни во однос на допринос на напредокот на општеството или средината во кои живеат.Второ, Александар Даштевски беше заменик директор на Драган Далаверски кој пак за свото директорување “ заслужи“ 7-годишен затвор, која казна ја избегна криејки се во Србија. Зошто неговиот директор Драган Далаверски не побара политички азил во Канада? Еве, Александар Даштевски како магистер по правни науки, веројатно, би му помогнал,.Icon_lol. Трето, политичкиот азил на Јордан Петровски е брука , ама не за Македонија туку за раковидните гарнитури на МК ( лажни елити), кои многу успешно ја држат МК во суштински тоталитарен мрак, а формално во повеќепартиски живот. Во тој мрак, успешно се “ осветлија “ многу директори и заменици на директори...на сметка на народниот интерес.
На нас, обичните Македонци, кои никогаш не сме биле директори или заменици директори не поради недостаток на капацитет туку поради специфичните вредносни критериуми кои службите ги негуваа преку своите контролирани политички партии, а кои го посакуваме просперитетот на МК, од посебен значај ни е политичкиот азил на Ј. Петровски. Тоа е крунски доказ, верифициран во демократска западна земја, дека МК е далеку од слободите и правото...независно од многуте завршени правници, магистри и доктори по правни науки. Напротив, многу од тие магистри и доктори по политички науки својски се трудеа да ја држат МК на дното на правниот поредок. Затоа пак, за себе си направија цели богатства.
Во секој случај му благодариме на Александар Даштевски што се јави... за да ги оштриме нашите копја за конечната пресметка со ненародните гарнитури во МК. Би го замолиле да издејствува одговор и од неговиот пријател Филип Петровски... а , зошто да не и од неговиот поранешен директор, и се надевам исто пријател, Драган Далаверски. Сигурно и он би сакал да го скара Јордан Петровски и сите други кои го почитуваат Јордана за неговите заложби и труд за демократизирање на Македонија.
20-11-2010, 07:43 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#48

Даштевски Wrote:Петровски, инаку, добил политички азил во Канада и нема право да се врати во Македонија. За да добие политички азил, морал да се откаже од македонското државјанство. Во таа постапка морал да изјави дека е против општествено-политичкиот систем во Македонија.

Зошто тоа би му било проблем на Даштевски, Петровски и на други кои што се јавуваат и даваат слични коментари?

Па досието најмногу содржи податоци од времето на СДСМ. Па, нели тие се бунтуваа против тој систем, го критикуваа таквото општество, а сега се главни бранители на тој систем. Зошто ’едно чесно момче од триесет и осум години’ постојано парадира со своето досие, колку што знам тој изјавуваше дека бил жртва на таков ’општествено-политички систем’, кого и што брани сега Даштевски?

Филип Петровски велел дека не се сложувал со политиката на Драган Даравелски и дека пишувал и дејствувал против него. Сега ми е јасно како го правел тоа. Го ставил неговото другарче Даштевски да му биде заменик на Драган во царина, за овој да може да му ги манира сите лоши постапки и да го спречи шверцот и се друго криминално што правеше Даравелски и така да ја заштити Македонија. Icon_lol

21-11-2010, 01:42 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#49

Оваа колумнa на Дашто е мизерија за Македонското новинарство. Даштевски прима хонорар да пишува лаги, клевети и фантастика. Тоа е нивото на неговата правна и дипломатска експертиза. Се прашувам дали и нему уредникот на "Време" му го скатил и изменил текстот? Се прашувам дали овој пат воопшто ќе ја објават рекацијата на татко ми, бидејќи очигледно е надлежните органи кои треба да ги штитат правата на поедниците не преземаат ништо? И после западот бил крив што македонските медиуми добиваат ниски оцени.

Но, очигледна е целта на Дашто - да го смени курсот на дискусијата. Да не заборавиме дека темата на разоговор беше Филип Петровски, а не процесот за добивање на Канадско државјанство или каде Јордан Петровски оди на одмор. И секако, зарем има по лесно нешто од трупање на лаги и невистини и заклучување на дискусијата без да се даде можност на другиот да си ја одбрани честа?... А да, да не ги заборавиме заканите дека ќе контактирале "преку Канадскиот конзулат во Скопје". И? Што треба тоа да значи? Зошто не контактирале со Канадските власти кога се водеше постапката? Зошто не го предизвикаа азилот послениве 5 и кусур години? Даштевски, како и Диневски си покажува дека целта му е да го замолчи татко ми преку празни закани, но правејќи го тоа само повеќе им даваат потврда на нашите искажувања: дека работат кооридинрано како соработници на СДБ!
21-11-2010, 05:07 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3
#50

Quote:ЗА ВОЈВОВИТЕ, СЕРДАРИТЕ И МАКЕДОНСКИОТ ГЕБЕЛС

Зборуваа како тужбите против македонските новинари, од кои наводно за 50% биле одговорни Соросоидите и СДСМовците, се виновниците за нискиот рејтинг на Македонија според слободата на медиумите. Јас би рекол, нискиот рејтинг на Македонија според слободата на медуимите се должи на присуството на луѓе од калибарот на Латас, Сашко Ордановски и слични во клучните места на македонските медиуми, како и крајната партизираност на истите. Странскиве наблјудувачи, колку и да сака Црвената Ариcтокpатија да ни го измие умот, не пијат нафта. Тие наблјудуваат, контактираат со месното население, читаат, гледаат и си ја вршат нивната должност. Македонското новинарство е пред целосен колапс. Новинарите се препукуваат и се навредуваат меѓусебно, притоа не ги истражуваат темите за кои пишуваат, уредниците не ги санкционираат ваквите пропусти, не ги креваат стандардите на објективно пренесување на настаните, новинарите не ги земаат обете страни од приказната, на повиканите поедници не им се дава прилика да ги понебитат изнесувањата против нив, а сето ова бидејќи медуимите се ставени во крајно прпагандиситичка улога, де на едната, де на другата бадна – при што најголема жтрва останува народот кому му е потребна вистината и објективноста.
21-11-2010, 07:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51

(20-11-2010, 07:07 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Азилантот

Александар Даштевски

Во писмото што во весников го објави малку познатиот политички дисидент со низок степен на образование и на култура Јордан Петровски, од ниски побуди изнесе голем број невистини и навреди против мене. Ова ќе биде последно мое обраќање кон овој анонимен политички дисидент затоа што понатамошната комуникација ќе ја продолжам преку Канадскиот конзулат во Република Македонија, на начин што ќе ги испратам овие текстови, преведени на англиски и заверени од овластен преведувач, до канадското МНР за да види на какви луѓе дава државјанство и да преземе мерки против него, затоа што навредување странски државјани не е дозволено во ниедна држава.
Петровски, инаку, добил политички азил во Канада и нема право да се врати во Македонија. За да добие политички азил, морал да се откаже од македонското државјанство. Во таа постапка морал да изјави дека е против општествено-политичкиот систем во Македонија. Од друга страна, против него нема никаква политичка постапка бидејќи, како што самиот изјавува, тој никогаш не бил политичар, туку против него се води кривична постапка која се уште траела. Со своите постапки во еден неделник и во неговите писма тој покажува дека кривичните и други постапки против него се оправдани и дека поминал добро додека бил во Македонија. Се шират вести дека со парите што ги зел од свои деловни пријатели и ги префрлил од Македонија во Канада, скапо платил за адвокат кој му ја истуркал постапката за азил бидејќи неговиот случај нема врска со политиката. Се зборува и дека остатокот од парите ги употребил за бизнис во Канада, што можеби не е точно. Но, очигледно е дека сега таму му е здодевно, па се занимава со банални работи што се однесуваат на Македонија и на нејзините граѓани.
Што се однесува до неговите наводи за моето образование, што неколкупати го потенцира, ќе истакнам само дека магистер се станува со напорна работа, многу труд и самооткажување. Тоа е резултат на континуитетот на моето перманентно образование, што може да се поврзува само со професионална кариера. Се друго е непознавање и мешање на работите.
Понатаму, Филип Петровски не ми е никаков шеф на мене, туку е мој пријател повеќе од дваесет години. Можеби тој не знае што значи пријател затоа што самиот пишува дека им „должи“ на неговите поранешни пријатели, па затоа пишува дека јас не сум бил предизвикан да го нападнам, иако тој нападнал едно чесно момче од триесет и осум години, со највулгарни измислици и навреди, на кое, според возраста, може да му биде дедо. И тоа со ништо непредизвикан.
Измислиците за јужноамериканските држави нема да му поминат затоа што го потценува капацитетот на читателите, што не е чудно, поради нивото на кое тој се наоѓа. Имено, не сум слушнал некој да одел во јужноамериканска земја од Балканот или од Европа преку Торонто. Бидејќи пишува за тоа, а живее во Торонто, тој најдобро ги знае тие врски со јужноамериканските држави. Можеби и самиот ги користи, па така му текнало да ги спомене во неговото писмо. А зошто патува во тој правец - најдобро знае тој. Јас никогаш не сум бил во ниедна јужноамериканска држава, ниту имам намера некогаш да одам. Можеби овој одговор ќе го подигне неговото его, што, најверојатно, е и негова цел. Во Република Македонија, сепак, нормално е да ги дискутираме актуелните општествено-политички теми во државата.

Авторот е магистер по меѓународни односи и дипломатија
IZVOR

Незнам кога и дали мојот одговор на текстот на Александар Даштевски ке биде објавен во весникот ВРЕМЕ затоа го објавувам тука:

Quote:From: jordanpetrovski@hotmail.com
To: gbarbarovski@yahoo.com
Subject: reakcija
Date: Wed, 24 Nov 2010

Одговор на текстот "Азиланти" објавен во Време, број 2119, 20.11.2010
од Александар Даштевски

ГРАТИС ЛЕКЦИЈА ЗА МАГИСТЕРОТ ПО ПРАВО

Господине магистре по меѓународно ПРАВО. Основно начело во правото е дека секој е невин додека не се докаже вината со правосилна пресуда. Ти како Магистар по правни науки изнапиша еден куп конструкции и лаги без да понудиш ништо посилен доказ од "рекла-казала". Лаги кои потврдуваат дека или титулата ти е незаслужена (т.е. подарена или купена) или имаш задна намера со твоите лаги свесно и неправедно да ме оцрниш.
До каде оди твоето незнаење зборува и фактот дека тврдиш оти сум морал да се откажам од Македонското државјанство. Еве, малку ќе те подучам, оти мојот докторат во кластата на Др. Ратко-Мацон е точно за тие како тебе. Кршењето на човековите права односно злоупотребата на тајната полиција за партиски цели не го прави државата, туку власта т.е. партијата која е на власт. Власта не е држава.
Твојот бисер дека сум "против општествено-политичкиот систем во Македонија" е фраза која беше употребувана во еднопартискиот систем, а беше стандардна и омилена на Титовите комуњарчиња, а и на инспекторите кои го воделе моето досие, за да оцрнат, прогонуваат, осудат и затворат некој што ја критикуваше Комунистичката партија, подоцна СДСМ. Ништо чудно од тебе да чујам вакви бисери, јас те знам убаво кој си, но со овие бисери ќе те запознаат и другите.
За да покажам пред Канадските надлежни колку демократска била власта во Македонија го приложив полициското досие кое е водено од 1992 до 1998 г. Покрај другите докази, прислушкување, следење, озвучување итн. постои и писмото бр. 921 од 30.11.2000 г. во кое се вели дека за мене е евидентирано постоење на лично досие отворено заради политички и идеолошки причини. Ова е писмо кое го потпишал претседател на Комисија избрана од Владата чии кадри бевте Ти, Филип П. и Далаверски, а во која преку вашата заштитничка "бугарашката" Доста Д. имавте апсолутно влијание. Нудам верификувани документи (кривична пријава, јавна иницијатива за лустрирање на претседателскиот кандидат Фрчковски) за моите обиди по легален и инстуционален пат докажам кој е виновникот. Нудам вистински статус на азилант кој е добиен од една од земјите на Г-8. Твоето подбивање со мојот азилантски статус по автоматизам го валоризира репесивниот криминоген систем кој ме направил азилант, а го понижува демократскиот систем за кој велиш дека си поборник.
Бидејќи се јавуваш како заштитиник на младо 38 годишно момче за кое велиш дека сте пријатели преку 20 години тогаш сигурно ќе ги знаеш одговорите на прашањата на кои другачето ти Филип не може да се осмели да одговори, а воедно и ќе се вратиме на темата на која ја почнавме оваа "полемика":
1.Зошто во Куманово, низ текот на деведесеттите „оперистите“ ги уриваа, де муслиманските - де христијанските гробишта за да да предизвикаат меѓуетнички конфликт и кој учествуваше во уривањето?
2.Дали Филип П. е носител на акцијата „Чакам те да дојдеш“, односно, т.н. „Пресметка со ’бугарофилката’ Доста Димовска?“
3.Како успеа Филип П. да служи војска во ЈНА, во 63. Падобранска бригада, во која одеа проверени регрути од највисока доверба, бидејќи оваа формација на ЈНА беше ударна логистика на „Опера“?
4.На фотографијата која ја приложив во една моја колумна во "Фокус", јасно се гледа дека Филип П. и' бил штитеник на Димовска, за да во 1997 година за време на т.н. раскол во ВМРО-ДПМНЕ и' стане измислен противник, а по т.н. раскол повторно да и' стане миленик. Се прашувам, како може човек да лавира од тврдокорен БУГАРОФИЛ, до тврдокорен МАКЕДОНИСТ и пак тврдокорен БУГАРОФИЛ!? Кај нормалните луѓе тоа не е нормално, па според тоа, Филип или има ментални проблеми или тоа го работел по налог на некоја служба?
5. Кој е твојот (т.е. Филипов) одговор на коментарот:
"Позната е врската меѓу службите во Србија и „кумановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ (Даравелски, Томе Стојановски-Далавера, Филип Петровски). Интересено е што 'Кумановското лоби' паѓа и го губи приматот во исто време кога паѓа Милошевиќ. Во 1997 г., во ВМРО-ДПМНЕ, а посебно во УМС, немаше човек кој можеше да организира толку добро организирани протести. Самите протести беа организирани во три фази: прво беа само студенски протести, па откако се истрошија студентите беа активирани средношколците, па потоа имаше штрајк со глад.
Имајќи го сето ова во предвид, воопшто не изненадува постапката на македонските безбедносни служби кои т.н. лидер на студентските протести, Филип Петровски, го ставаат под постојана присмотра, а токму поради сомнежот дека одржува контакти со српски разузнавачи." Извор: http://istoricar.blogspot.com/2007/02/1997_19.html
6.Досието на Филип П. е отворено поради неговото ширење на национална и верска омраза. Филип, со демонстарциите не се бореше за повеќе права на Македонските студенти - туку се бореше за одземање на правата на Албанците.
Тогаш се наметнуваат нови прашања:
6.1.Која е цената која тој ја плати да нема кривичен прогон, иако во неговото досие пишува дека индициите заради кои е отворено досието се докажани?!
6.2.Филип П. така чесен и правдољубив, да не ја истера правдата, а прв другар да му бил Магистер по Право - зошто Филип не ги тужи луѓето кои му го отворија досието?
7.Зошто до денешен ден Филип П. ја крие од јавноста службената белешка од неговото досие на која се забележани повеќето телефонски разговори на неговата мајка со тогашниот влијателен министер на СДСМ, Бузлевски, за јавноста да не види што е разговарано?
П.С.
Ова е за тебе: Ако ти си заборавил зошто си одел во Венецуела сигурно ќе знае твојот тогашен претпоставен Министер - сегашниот Премиер Груевски или и тој заборавил? Колку заборавил на патните налози за Венецуела се гледа по тоа што ич не му се брза да дојде до екстрадиција на Далаверски од Србија... Да не има случајно врска молкот, небрзањето и директорувањето на твоето другарче или пак, Филиповото директорување е повторна заслуга на "бугарашката" Доста?

Јордан Петровски е Азилант со двојно државјанство
27-11-2010, 05:23 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,440
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#52

Recnikot na VISOKOOBRAZOVANIOT DASTEVSKI:
1.Ako ne mozes po magareto udri po samarot
Quote:малку познатиот политички дисидент со низок степен на образование и на култура Јордан Петровски, од ниски побуди

2.Uste ednas udri po samarot pa ako ne se uplasilo magareto do togas, togas mu zapreti
Quote:Ова ќе биде последно мое обраќање кон овој анонимен политички дисидент затоа што понатамошната комуникација ќе ја продолжам преку Канадскиот конзулат во Република Македонија
3.Avtorot na teksot za ova znae od "sigurni izvori".(mnogu mi lici na nasite novinari koi izvestuvaat od sigurni no anonimni izvori bliski na ......)
Quote:Петровски, инаку, добил политички азил во Канада и нема право да се врати во Македонија. За да добие политички азил, морал да се откаже од македонското државјанство. Во таа постапка морал да изјави дека е против општествено-политичкиот систем во Македонија
4.Od sigurni izvori vo RADIO MILEVA.......што можеби не е точно
Quote:Се шират вести дека........ Се зборува и дека .......
5. 100% TOCNO, i jas od DOSADA se grizam za moite koi se maltretirani na rabota od kolegi so vrski vo vlasta
Quote:Но, очигледно е дека сега таму му е здодевно, па се занимава со банални работи што се однесуваат на Македонија и на нејзините граѓани.
6.Ajde da vidime kolku si se ti zrtvuval daj da ja proverime tvojata magistratura vamu
http://theplagiarism.com/
Quote:Што се однесува до неговите наводи за моето образование, што неколкупати го потенцира, ќе истакнам само дека магистер се станува со напорна работа, многу труд и самооткажување
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 27-11-2010, 09:34 PM by montehristo.)
27-11-2010, 09:29 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#53

АФИОНЕ навредливата провокацијата со која сакаш да спречиш прозваните во текстот да одговорат ти носи траен БАН. Незнам кој те одбанирал минатиот пат. Но тоа повеке нема да се случи.

Што е работата,зошто ме одбаниравте????
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 05:05 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#54

(05-01-2011, 05:05 PM)афион Wrote: АФИОНЕ навредливата провокацијата со која сакаш да спречиш прозваните во текстот да одговорат ти носи траен БАН. Незнам кој те одбанирал минатиот пат. Но тоа повеке нема да се случи.

Што е работата,зошто ме одбаниравте????

Претседателот помилува на државни празници, а ние на годишнина на форумов... Icon_razz

05-01-2011, 05:47 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#55

И сега треба да сум фин и културен така ?? Icon_razz
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 05:52 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,440
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#56

(05-01-2011, 05:47 PM)acko Wrote:
(05-01-2011, 05:05 PM)афион Wrote: АФИОНЕ навредливата провокацијата со која сакаш да спречиш прозваните во текстот да одговорат ти носи траен БАН. Незнам кој те одбанирал минатиот пат. Но тоа повеке нема да се случи.

Што е работата,зошто ме одбаниравте????

Претседателот помилува на државни празници, а ние на годишнина на форумов... Icon_razz

SmeshkoSmeshko
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
05-01-2011, 05:55 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#57

(05-01-2011, 05:52 PM)афион Wrote: И сега треба да сум фин и културен така ?? Icon_razz

Потруди се... Icon_razz

05-01-2011, 06:00 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#58

Кога ти го велиш,а си оглед дека следи божиќ ќе се потрудам Icon_razz
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija

http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
05-01-2011, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#59

Quote:Знаењето е МОЌ

[Image: avatar_88.jpg?dateline=1356539014]

Доколку е точна максимата дека силата на народните движења е во нивната бројност, тогаш најголемиот предизвик на слободарските движења на македонските граѓани била токму во неможноста да се комуницира слободно за да се зголеми бројот на оние кои знаат дека не се сами во своите напори. Односно, слободата на говорот и слободата на комуникацијата низ кои се шири Знаењето се клучот за слобода на општесвото. Следствено, до моето заминување од Македонија немаше распространета употреба на Интернетот, и комуникацијата беше ограничена помеѓу неколкумината кои можеа да се сретнат и да разговараат слободно, во поверение дека некој од малкумината нема да е предавник на каузата. Каузата беше проста: слобода, во секој аспект од животот.

Тогаш, пред не-така-далечните десетина години, незадоволните мораа да делуваат во мали клетки, што всушност ги правеше слободарите комплетно неефективни—тие попуваа на верниците. Доколку клучот на народното движење е во неговата масовност, клучот на масовноста е во релативната охрабреност на луѓето да пристапат кон движењето. Самотијата е најголемата причина за страв во животот—поголема и од самата смрт. Оттука, самотијата во отпорничкото движење е уште пострашна, оти доколку отпорникот се најде себе си казнет, тогаш, изложен како отпадник пред сиот народ, неговата самотија се множи експоненто. Тука лежи тајната на успехот на Тиранските режими: во стравот од осаменоста! Пред повеќе од десетина години се собиравме затворени во “Баба Цана”. Други, пред дваесет, триесет, четириесет и повеќе години се собираа во меанни, во подруми, во селски колибки, за да можат да си ја олеснат душата критикувајќи го режимот, нудејќи предлози како да се промени истиот.

Денес светот е поинаков. Денес има нов инструмент кој нам, Ветераните, не ни беше достапен—Интернетот. Благодарение на овој инструмент можеме да дознаеме но и да ги пренесме нашите животни приказни! Благодарение на Интернетот можеме да ја научиме вистината, која полека, но сигурно избива на површината како кајмак. Поважно, можеме да знаеме дека има и други кои ја осознаваат вистината! Вистинта која допира до нас, допира и до нив: знаеме дека не сме сами! Лагата ќе владее сѐ додека вистината не ѝ излезе в'пресрет! Најважно, Интерентот дава уникатна можност да видиме дека другите ја осознаваат вистината: имаме потврда дека не сме сами во нашето знаење! Тие знаат дека ние знаеме за нивните голготи и нивното незадоволство, но знаат и дека ние знаеме за нивното. Тие знаат дека тие не се сами! Знаеме дека знаат, но и тие знаат дека ние знаеме дека тие знаат. Илјадници други знаат дека некој знае за нивото знаење, иако тие меѓусебно не се познаваат. Знаењето се шири—истовремено масивноста на движењето незнајно расне. Осаменоста се намалува, храброста расне, а стравот се губи!

Доколку силата на движењето е во масивноста, тогаш целта полека, но сигурно се остварува. Да, можеби денес не знаеме како да го насочиме знаењето, но тоа е веќе простиот дел од равенката. Имаме иста цел: подобар, подостоинствен, чесен живот. Секој ден знаеме повеќе од претходниот: секој ден сме помоќни од претходниот! Оваа цел е лесно остварлива: единствено ни е потребно миг да здивнеме. Миг повеќе за Црвените Кмери. Но, миг повеќе, и толку. Нивните мигови се одбројани. Тие тоа го знаат, затоа се однесуваат така очајно. Од сега натаму, секој миг повеќе нив повеќе ќе ги мачи! Оти тие знаат дека крајот им е близу. Знаат и дека знаеме дека знаат дека крајот им е близу. Нив, ги има многу, и не се сами, но, тие сѐ повеќе остануваат осамени, реликти на едно минато време. ЗНАЕМЕ дека иднината ѝ припаѓа на слободна Македонијa!

Групација на Ветерани Дисиденти при

Комитет за демократизација на Република Македонија
14-04-2011, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,418
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#60

(14-04-2011, 02:05 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Знаењето е МОЌ

[Image: klz1302734656q.jpg]

Quote:Нема вакцина против страв

Стравот станува „енергетски принцип“ на политичкиот поредок, а легитимитетот го црпи од една заштитничко-послушничка формула чии носители се аморални креатури и обединети полуфабрикати

Не морбили, туку епидемија на страв го има зафатено нашево општество.

Луѓето престанаа да зборуваат. Молчат, шепотат, неразбирливо мрморат, а кога се принудени јавно да го кажат своето мислење, го кажуваат само тоа што сака да го слушне соговорникот лиценциран со некаква функција. Луѓето молчат во анкети, молчат во дебати, молчат на работа, молчат секаде стуткани во страв од ова време-невреме во кое чесноста, професионалноста и достоинството станаа редок сувенир, а правото на став - причина за секаков вид одмазада од монополистите врз „вистината“.

Денес на јавна сцена владее историската концептуализација на стравот, истата онаа според која пред многу векови луѓето биле сметани за суштества на стра“от. Кога ваквиот концепт ќе се „повампири“ во 21 век на сите нивоа и кога ќе стане општествено релевантен наспроти слободите на луѓето, тогаш демократијата губи секакво значење. Стравот станува диктатор, го искривува поимот за времето и произведува антидемократски чинови деструктивни за елементарната слобода. Стравот е крадец на можноста луѓето да развиваат активности, бидејќи го неутрализира потенцијалот за каква било акција. Стравот ја цица енергијата и ги разјадува институциите на политичкото претставување. Стравот ја јаде душата на демократијата.

Власта како елемент на политичкото, тежнее кон трајна сигурност преку создавање социјална состојба на општа застрашеност и креирање внатрешни и надворешни непријатели. Стравот станува „енергетски принцип“ на политичкиот поредок, а легитимитетот го црпи од една заштитничко-послушничка формула чии носители се аморални креатури и обединети полуфабрикати. Која политика произведува страв? Онаа што не е способна да обезбеди одржлив поредок преку демократски средства. Историјата, но и сегашноста покажуваат дека режимите засновани на страв на крајот и страшно завршуваат, бидејќи препарирањето на јавноста со алатки на застрашување длабоко ги поткопува темелите на општеството. Стравот на крајот произведува контраефект и ги уништува целите на политиката што го инаугурирала, но ја уништува и репродукцијата на утврдените социјални процеси до степен на имплодирање на таквите системи.

Императив на една демократија не е да се однесува како лонец под притисок во кој се крчка општа состојба на страв. Вистинските демократии се препознаваат по тоа што креативно ги сублимираат и редуцираат човечките стравови. Напорот да се идентификува стравот, да се означи и да се обезбеди грижа за неговите жртви, е прв чекор во борбата за негово искоренување.

Степенот на нашата цивлизација денес не е одреден од фактот дека сме далеку од значајните интегративните процеси, туку од фактичката состојба за тоа како сега живееме. Македонците денес се сиромашни, понижени и длабоко заплашени граѓани, натиснати в ќош и препуштени на силни партиски и егистенцијални притисоци, колективно заостанување, примитивизам, молчење, трпење и живуркање. Степенот на нашата цивилизација денес го одредува општата удолница на која се наоѓаме, го одредува онаа правна, граѓанска и егзистенцијална несигурност изразена преку секојдневно понижување и заплашување, преку надмоќта на „шљамот“ над законот, преку владеењето на дрскоста, самоволието и непросветеноста, преку растечката безнадежност на младите...

Денес, кога масовно тече вонредното вакцинирање против морбили, се прашувам дали е тоа еден од најопасните вируси што може да се вгнезди во нечиј организам. Ми се чини дека е мачкина кашлица во однос на разорната вироза на стравот. Таа не се прележува еднократно, што значи дека човек не може да стекне секундарен имунитет, а вакцина против страв, едноставно - не постои. Стојан Андов во една своја книга тврди дека Македонците страдаат од уплав, што е најтешка форма на страв. Како непоправлив оптимист одбивам да поверувам во тоа, иако практиката с` почесто ме демантира. Народната поговорка вели - каде што е болката, таму е и лекот. Значи, лекот е во секоја индивидуа, само прашање на личен и морален интегритет е дали ќе го активира или ќе му се предаде на она ирационално чувство што го разјадува и духот на човекот и духот на времето.

Славната изрека „пишувај за на зборовите да им биде тесно, а на смислата широко“, во овој контекст би значела „зборувај гласно за на стравот да му биде тесно, а на слободата широко“.

Со застрашени или уплашени луѓе не се гради авторитетна, туку авторитарна држава. Притиснат и застрашен човек никогаш нема да биде горд Македонец, туку стуткано Македонче подложно на секави уцени и притисоци. Во таква ситуација, воопшто не е важно како ќе се вика земјата, ако нема внатрешна есенција на храброст и одважност што ќе ја претставува нејзината државотворна суштина. Затоа, секој сам треба да избере дали ќе го победи стравот или ќе дозволи неповратно да биде изеден од него. Тие избори се многу поважни од парламентарните.
Катерина Блажевска
15-04-2011, 11:26 PM
Reply