Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 2.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Оставка на Сејдиу
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,082
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Оставката на Сејдиу може да доведе до политичка криза

28.09.2010 - 21:42 | Балкан
Ненадејната оставка на косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу може да доведе до политичка криза и предвремени избори во Косово, а со тоа може да се одложи и почетокот на преговорите со Белград и со Европската Унија, објавуваат косовските медиуми.


Сејдиу неочекувано вчера поднесе оставка откако Уставниот суд донесе одлука дека тој не може да ја извршува функцијата претседател на Демократскиот сојуз на Косово, додека е шеф на државата.

“Коха Диторе“ наведува дека оставката на претседателот ќе се одрази негативно врз стабилноста на владината коалиција и може да доведе до предвремени избори и до одложување на преговорите со Србија.

"Оставката на Фатмир Сејдиу како претседател може да доведе до предвремени избори во земјата", нагласува весникот.

Тоа директно ќе влијае на одложување на преговорите меѓу Косово и Србија, кои во најмала рака нема да започнат толку наскоро колку што се очекуваше ", додава истиот извор.

Оставката на косовскиот претседател дојде во време кога Приштина се очекува да продолжи разговори со Белград, кој официјално не ја прифаќа независноста на својата поранешна покраина.

Косово прогласи независност во 2008 година, и покрај гневот и отпорот на Србија. Таа беше признаена од 70 земји, меѓу кои САД и мнозинството земји-членки на ЕУ.
28-09-2010, 10:21 PM
Reply