Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕХНИЧКА ВЛАДА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: image.jpg]
28-12-2019, 06:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Драган Ковачки за МВР, ново лице во политиката со врвни достигнувања за Македонија

[Image: dragan-kovachki.jpg]
[url=https://republika.mk/kategorija/vesti/makedonija/][/url]28.12.2019 / 17:23

Ковачки е офицep од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија во Република Македонија и е припадник на првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак. Долгогодишен припадник на специjaлната единица Волци и активен учесник во одбpaната на држата во 2001 година
Полковникот Драган Ковачки е решението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за прв човек во Министерството за внатрешни работи, дознава Република
Ковачки е ново лице во политиката и, како што најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, уште вчера во телевизиско интервју, тој е професионалец од сферата на безбедносните политики.
Професионалната кариера ја градел со напредување низ сите скалила во АРМ. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата. Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада , началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.
Неговото образование, сито така е од сферата на одбраната. Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија воХрватска и Воена Академија во Р. Македонија. Завршил успешно во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризам. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.
Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска. Родител е на две деца, и е од Скопје.
28-12-2019, 06:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Ахмети: Предлогот на Мицкоски за министер за внатрешни работи е добар, се работи за професионалец


[Image: mickoski-ahmeti-3-960x628.jpg]

Македонија 28.12.2019 / 17:23
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата со Христијан Мицкоски, рече дека предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил добар.

Quote:За мене предлогот на Мицкоски за министер за внатрешни работи е добар. Станува збор за човек професионалец, рече Ахмети по средбата со Мицкоски.

Ахмети рече дека тоа е докажан професионалец кој не бил познат како политички активист во цивилниот живот. Лидерот на ДУИ оценува дека Тоа ќе биде добро решение како за МВР така и за мирот и безбедноста. Тој се надева дека ова решение ќе биде прифатливо и за СДСМ но остава да помине разговорот Мицкоски и Заев.
28-12-2019, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Мицкоски: За час и половина Заев ќе ми јави дали го прифаќа нашиот предлог за технички министер за МВР


Македонија 28.12.2019 / 18:14
Името на техничкиот министер за внатрешни работи, имињата на останатите предлози на ВМРО-ДМНЕ и можноста за промена на изборниот модел биле темите на кои разговарале премиерот во заминување Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата. По средбата Христијан Мицкоски рече дека била конструктивна.


Quote:Би издвоил три теми од денешниот разговор со премиерот во заминување, Зоран Заев. Првата беше за името на техничкиот министер за внатрешни работи, втората тема беше посврзана со имињата на останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе бидат дел од техничката влада и третата тема беше, што ја отвори господинот Заев, а тоа е околу можноста за изборниот модел и настаните во собранието околу тоа прашање. По првото прашање разговаравме за името, му го презентиравме, му ја презентиравме биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации коишто тој треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Се договоривме за околу час, час и половина да се слушнеме телефонски за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки, ниту пак имаше некакви дополнителни кометари. Станува збор за човек нов во политиката, човек врвен професионалец. човек со исклучително богата кариера во службата, онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата држава.
Поврзано со второто прашање како што се имињата на техничките министер за труд и социјална политика и замениците технички министри за земјоделие и администрација, од прилика слушнавме од премиерот во заминување, господинот Заев за профилот на личностите коишто очекува техничкиот премиер да ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се договоривме во понеделник пред да бидат објавени имињата ќе имаме телефонска консултација, а дури потоа откако ќе ја завршиме таа телефонска консултација, ќе ги соопштиме на јавноста.
За третото прашање, разговаравме и ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме спремност веднаш по завршувањето на овие избори, опозицијата и власта, кои и да бидат тогаш, а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш опозиција ќе биде СДСМ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на т.н. отворени или преференцијални листи на следните локални избори, посебно за листите на советници, рече Мицкоски.


На прашањето каков резултат очекува од изборите Мицкоски рече дека очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија.
28-12-2019, 06:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



28-12-2019, 07:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



28-12-2019, 07:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Дескоска смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи е противуставен


[Image: deskoska-smeta-deka-predlogot-na-vmro-dp...staven.jpg]

28.12.2019
– Министерката за правда Рената Дескоска, која е и универзитетски професор по уставно право, се огласи на својот Фејсбук профил за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи.
– Покрај толку советници од Правен, да пуштиш противуставен предлог?!, напиша Дескоска на Фејсбук.
Нејзиниот став го заснова на членот 97 од Уставот, што пропишува: „Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.



Quote:Двојни аршини при уставните толкувања: За Ковачки не може, за заменикот на Шекеринска може?!

28.12.2019
При своите коментари, Дескоска заборава дека не реагирала за истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник.
[Image: Bekim-Maksuti.jpg]
 
29-12-2019, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Не е спорен Ковачки, Заев бега од избори

28.12.2019
По коментарите на највисоките претставници на власта и, пред се, на премиерот Зоран Заев дека е спорен неуставен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, полковникот Драгана Ковачки, да биде назначен за технички министер за внатрешни работи, се поставува прашањето дали брзото истакнување на ваквите ставови претставува обид да се одложат изборите и можноста народот да гласа за промена на власта.
Со оглед на професионалната биографија на Ковачки, во која е тешко да се најде црна дамка, се наметнува прашањето која е причината што Заев веднаш по средбата со Христијан Мицкоски влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија.
Тргнуваајки по толкувањата на Зоран Заев, тогаш може да се заклиучи дека неуставни биле претходните назначувања на Чавков за прв човек во МВР од редовите на полицијата, на Силјан Аврамовски за министер за внатрешни, кој дојде од редовите на МВР, како и Славјанка Петровска која СДСМ ја предлага за заменик министер во МВР, а која доаѓа на ова место од структура на полицијата.
Тоа било случај и со Зоран Иванов кој беше полковник кога стана Директор во Агенција за разузнавање, како и за Беким Максути кој стана заменик министер за одбрана од позиција во АРМ.
Сите овие примери покажуваат дека е извесно оти станува збор за обид на СДСМ да бара алиби со цел одложување на изборите.



Quote:Ременски контра Заев и Десковска: Три пати бил назначуван кадар како Ковачки!

28.12.2019
Пратеничката Феосина Ременски во коментари на Фејсбук посочи дека донсега три пати се случувсло лице кое не е цивил да биде назначено на министерска позиција.
Во коментар кај Александар Диневски, таа само соопшти дека ова де случувало 3 – пати.
 
[Image: photo_2019-12-28_21-00-32-700x482.jpg]
[Image: photo_2019-12-28_20-59-02.jpg]



Сиљан Аврамовски бил назначен за министер 2002 година во владата на Бранко Црвенковски
29-12-2019, 01:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Hristijan Mickoski
19 mins ·
Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта.
А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце.
Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.
Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова.
Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија.
Благодарност до сите кои се јавија и изразија поддршка за нашиот пристап. За решение кое е без ниту една црна дамка, што и највеќе ги плаши криминалните од власта. Тоа пак ме охрабрува да продолжиме со нашата заложба за борба против корупцијата, криминалот и мафијата која е спрега на политика, криминализиран дел од полициското подземје и бандитите на улиците кои одработуваат за власта. ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател верува во професионалците кои се дел од нашите институции, во чесните луѓе кои се разочарани од оние кои гледаат на политиката низ призма на само личен интерес и воедно имаат надеж дека доаѓаат луѓе кои ќе се борат за да сето ова го променат и да вратат ред и поредок во државата. Тоа се храбри луѓе кои ќе бидат мобилизирани и затоа стравот кај многумина од овие криминални структури е очигледен. Токму затоа е и нашиот предлог за технички министер, бидејќи тој човек ќе работи со тие професионалци и храбри луѓе кои не се плашат, и ја сакаат Македонија затоа што немаат резервна држава и се надвор од клановските врски меѓу подземјето и политиката. И знам дека вакво едно решение ја избезумува власта и нејзините перјаници кои треба да знаат дека допрва ги чека главоболка пропорционална со степенот со кој се огрешиле спрема законите и народот на Македонија. Затоа ја повикувам Власта да не ги одложува работите, кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми.
Вистината зошто го оспоруваат нашиот предлог за технички министер за Внатрешни работи треба да се бара во истата причина зошто претходно пуштија над сто закони во Собрание, повеќето за заштита на личните и лукративни интереси на врхушката на власт, или пак во тоа што го одбија предлогот за превремена ратификација на протоколот за членство во НАТО. Сето ова е само алиби, а вистината лежи во сознанието дека ќе загубат на изборите и тоа ги прави нервозни и тогаш најмногу грешат, се плашат, галамат, даваат отпор кон она што е неминовно. А народот ги чека да им го даде црвениот картон и не е прашање дали ќе паднат, затоа што ним им се бројани деновите во политиката.
29-12-2019, 12:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:СДСМ и конечно го одби предлогот Ковачки да биде министер за внатрешни работи!


29.12.2019
СДСМ смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи друг кандидат за технички министер за внатрешни работи и оценува дека по отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот што опозициската партија го изнесен на синоќешната лидерска средба е спротивен на Уставот.
– Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април, соопшти попладнево СДСМ.
Според партијата, Уставот е јасен и оти согласно со членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција. Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства.
– Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат, нагласува СДСМ.
29-12-2019, 05:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:ВМРО-ДПМНЕ се повлекува од Ковачки, ќе предложат нов професионалец што не е партиски член

02.01.2020
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција најави дека се откажуваа од предлогот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи.

На негово место во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат, кој според најавите на Мицкоски ќе биде професионалец и непартиски член.




02-01-2020, 02:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Наќе Чулев е новиот предлог за технички министер за внатрешни работи

[/url] [Image: nakje-chulev-960x720.jpg]
[url=https://ohrid24.mk/?p=11175]02/01/2020
58
Новиот предлог за технички министер во МВР на ВМРО-ДПМНЕ е Наќе Чулев, поранешен директор на Агенција за разузнавање, објави „Курир“. Наќе Чулев е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.
Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.
Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.
Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.
Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана.
Тој е ново лице во политиката, но не и во секторот на безбедносни прашања. Тој работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е редовен предавач на Дипломатската академија на МНР.
Претходно во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.
Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година.
Наќе Чулев има 47 години, роден е во Кавадарци.
02-01-2020, 04:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Заев поднесе оставка

[Image: ostavka-1-700x933.jpg]

03/01/2020
Премиерот Зоран Заев на неговото гостување во Утрински брифинг соопшти дека утринава ја поднел неговата оставка и дека очекува процедурата да започне набргу во Собранието.
– Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада, вели Заев.
На прашањето како очекува да помине денот, при процедурата за неговата оставка и избор на новата техничка влада Заев за Утрински брифинг одговори:
– Би требало да помине глатко и би требало нормално, ако сме нормална земја сепак заедничка влада се бира. Уште еднаш да напоменам оваа пракса на влада беше воспоставена 2016 на наше барање. Во моментот кога се преговараше за Преспанскиот договор беше побарано тоа од опозицијата и чесно и достоинствено е да се даде нешто што сте го барале токму и вие. Јас верувам дека на тој начин се задоволува право на опозицијата да биде контролор, но секако да си презеде и своја одговорност. Денеска доаѓа до ревизација. Денешниот ден почнува со мојата оставка, оставката во секој момент би требала да стигне во архивите на Собранието, каде претседателот на Собранието го свикува Собранието. Со констатирање на оставката веројатно ќе се прави пауза за да може новиот кандидат за премиер Оливер Спасовски да го добие самиот мандат и да ги достави предлозите до Собранието. Предлозите се два пакети, едниот е на министрите на Влада, а вториот се заменик-министрите. Тоа е таканаречената пржинска Влада или дополнителната Влада која има задача да ги формира демократските избори и секако најголемо очекување на нашите граѓани, секако и мое е дека навистина ќе имаме избори за пример.
03-01-2020, 11:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Antonio Miloshoski
5 hrs ·
#ЗЗаминува #ТолкуЗаев
Убав ден, 3ти јануари, денот кога од владата си заминува Зоран Заев, најголемиот политички измамник во историјата на Македонија.
Аболициран политичар без идеологија, кому единствен мотив во политиката му беше и му остана земањето по 1€ за Вицето и влијанието врз правосудството за да си обезбеди неказнивост.
Човек без чест, кој се колнеше во сопствените деца и претци дека нема да го смени уставното име, за потоа да ја погази народната воља од референдумот и со поткуп и судски уцени врз пратеници да го силува Уставот и достоинството на Македонците.
Политичар кој не ги знае суштинските разлики на рамниот во споредба со прогресивниот данок, но многу добро ги знае цените на сите тендери во РЕК Битола и ЈП за Државни патишта.
Премиер кој имал повеќе средби и телефонска комуникација со Боки13, отколку со градоначалниците на Битола и Прилеп заедно.
Функционер во чие време драстично поскапеа горивата, услугите, лекарствата, а за жал поефтини само цената на кокаинот и марихуаната што ја произведуваат и негови блиски, а заштитени дилери им ги шиткаат на младите.
Заев е премиерот од кој се срамеше нацијата од неговите недолични гафови за "сексапил Јуропиан лејди", како и од лечењето на неговите лични комплекси на инфериорност преку долгите разговори со лажниот Порошенко, Столтенберг и Грета Тунберг.
Заев е премиерот во чие време рекетирањето стана примарен метод за комуникација со стопанствениците.
Заев е тој кој лажните ветувања за нови студентски градови во Скопје, Штип и Битола, изградба на канализацијата во Арачиново, решавањето на депонијата во Тетово, изградбата на модерен Клинички центар и младинската гаранција за вработување на секој дипломиран студент, ги користеше само за предизборна манипулација, а до ден денес останаа само лажни ветувања.
Заев е единствениот премиер измамник кој две години бесрамно го лажеше народот дека државата добила датум за преговори со ЕУ, па дури и организираше лажни прослави со народни пари.
Заев е единствениот политичар кој на нечовечки начин ја злоупотреби трагичната смрт на малата Тамара, убиството на Мартин Нешковски, масакрот на момчињата кај Смилковско езеро, смртта на новинарот Никола Младенов, и ги лажеше и јавноста и блиските на покојните дека тој ќе ја открие вистината. А вистината е дека само лажел за власт и дека убиецот на Мартин Нешковски денес е слободен и надвор од Македонија.
Заев е другарот на Катица Јанева и неа до последно ја предлагаше за заменик на Јовески.., а сите знаат дека Катица не би можела да врши таква голема "Рекет" операција без да ја има неговата поддршка преку извршната власт.
Заев е измамникот кој сеуште се вози во мерцедесот за кој ги лажеше луѓето што му веруваа дека ќе го продаде за амбулантни возила.
Но, на лагата и се кратки нозете. Денес Заев не може да ја излаже ни Баба Перса од Волково. Заврши!
Денес е убав ден, 3ти јануари 2020 година, бидејќи лагата, срамот, неспособноста, измамата, рекетарството, поткупот и дволичноста си даваат оставка. Толку Заев, еднаш и никогаш повеќе !

[/url][Image: 81184533_2977311115621668_70545564072820...e=5E96DB62]
[Image: 82082678_2977311315621648_71198187660572...e=5E975AD1][Image: 81004628_2977311378954975_17584888164835...e=5E950A0C][Image: 81207161_2977311832288263_21016169277418...e=5E96ED58]



[url=https://www.facebook.com/ufi/reaction/profile/browser/?ft_ent_identifier=ZmVlZGJhY2s6Mjk3NzMxMTg2MjI4ODI2MA%3D%3D&av=100002233038284]
03-01-2020, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:СКАНДАЛ: Министерката Нина Ангеловска забранува комуникација со заменичката

08.01.2020
Скандалозни меjлови од министерката за финансии, Нина Ангеловска, кои откриваат кривично дело, стигнаа до редакцијата на Економски Лидер.
Во нив може да се прочита како Ангеловска забранува комуникација со нејзината заменичка.
[Image: tema-1-360x481.jpg]
Практично, Ангеловска ги тера и вработените во министерството да прават илегални активности затоа што согласно законот, таа сега има врзан потпис со заменичката назначена од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашањето е што сака да скрие Нина Ангеловска?
 
[Image: tema-2-339x640.jpg]
08-01-2020, 04:14 PM
Reply