Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
САШО МИЈАЛКОВ КЕ ПРАВИ НОВА ПАРТИЈА ИЛИ КЕ ГО ОСВОЈУВА ВМРО ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,148
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Никна ли новата политичка партија на „недопирливиот“ Сашо Мијалков?!

[Image: -681x681.jpg]
15.12.2019
„Унија на Европски ферералисти на Македонија“, „Македонски концепт“, портал „Политика“…
Звучи моќно зарем не?
Да, токму така звучи и те така моќно да во овој нов концепт кој навидум самофинасиран наеднаш се рашири така моќно како никоја политичка опција до сега. Па оттука ставивме прст на чело да малку истражиме кој стои позади овие фамозни „моќни“ имиња со „европски додавки“. Па така денес во хотелот „DoubleTree by Hilton“ конференцијата ќе ја отвори ни повеќе ни помалку, претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски  и Кристофер Глук, зам.претседател на УЕФ.
Во нашата јадна ни држава ништо не останало неоткриено така и овој концепт и унија со самото тоа кога ќе прочитате кои се дискутанти на истата ќе ви стане и те како јасно кој стои зад целиот „проект“ опс концепт…
Дискутанти ќе бидат Зеќир Рамчиловиќ, потпретседател на Собранието на РСМ, Никола Димитров, министер за надворешни работи на РСМ, Радан Канев, пратеник во европскиот парламент од Европската Народна Партија (ЕНП / EPP), Горан Милески, министер за локална самоуправа на РСМ, Илхан Ќучук, пратеник во европскиот парламент од АЛДЕ, Никола Поповски, претседател на НСЕ и пратеник во Собранието на РСМ, Марија Џеркович Петровиќ, амбасадор на Црна Гора, Даниела Рангелова, пратеник во Собранието на РСМ, Хари Локвенец, пратеник во Собранието на РСМ, Љубчо Нешков, новинар и сопственик на БгНес, Драган Антоновски, новинар и директор на МИА, Доц.Д-р Шптим Љатифи, Проф. Д-р. Гордан Георгиев, Проф. Д-р. Ненад Марковиќ, Цветан Цветанов, претседател на Евроатлантски Центар за Безбедност, Весела Чернева, Европски Совет за надворешни работи, Љупчо Петковски, Центар за Европски стратегии, Сефер Селими, претседател на „Democracy Lab“, Петар Богојески, претседател на УЕФМ. (извадок од порталот Политика)
Не треба многу да се претпоставува и истражува, јасна е пораката како ден која ни ја пренесуваат концепташите, само малку чудно што не ја користат и фејсбук страната Реприза.Мк исто така сомнителен портал кој само што почна, започна со рекордни 10.000 фанови, а знаеме како се стига до голема бројка на фанови – следбеници.
Даниела Рангелова, Сашо Лазаревски екс претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Карпош и екс кандидат за градоначалник на Карпош, Богојески (аналитичарот), членови на семејството на пратеникот Антонио Милошески
И нека не ве чуди ако во новиот „концепт“ или како нов уредник се појави името на новинарот кој се откажа од политички емисии во една телевизија (поради политичките ангажмани на неговата сопруга) тој истиот и те како глуми дека се откажал од политиката а всушност е сенка поточно ние си го нарековме Иво Котевски за сиромашни ….
Епа, Бате Саше – нека е со среќа, добра екипа скришум си склопил – ама многу е проѕирна за сите нам кои се занимаваме со истражувачко новинарство во политичките зделки на денешницата. Ние сфативме вака, а времето ќе покаже и докаже дека сме во право…
п.с Наскоро очекуваме да ги објавите и имињата на новите концепташи – Никола (Тамара) Тодоров, Јанчев, Канчевска – Милевска, Мукоски, Василевски, Ивица Коневски и сите пајташи кои беа амнестирани од страна на Хорхе Иванов…
Самите докажувате и сте пример дека „трета опција“ не е возможна во Северна Македонија бидејќи има доста „робови“ кои се ставени вскут да мораат да бидат дел од нови концепти и патишта.
дотогаш ќе слушаме УГД ФМ радио опс „UE FM stereo“
[Image: uefm.png]
„А, сад Адио“….
Л.М

ПРЕСЦЕНТАР.МК
15-12-2019, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,148
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Очајнички обид на Мијалков да го преземе ВМРО-ДПМНЕ, преку Никола Попоски

21.07.2020
Тесниот резултат на парламентарните избори го разбуди политичкото подземје. Озогласениот екс-директор на УБК, Сашо Мијалков, се обидува да создава внатрепартиски превирања во ВМРО-ДПМНЕ да ги минимизира шансите на партијата за било какво учество во наредната влада.

По четири годишен политички карантин, утринава со фејсбук статус се појави поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски, кој анализира зошто партијата не успеала да извлече добар резултат на претходните избори.

Ова појавување на Попоски, според сознанијата на „Лидер“ е директно иницирано од Мијалков кој уште на изборната вечер почнал да кова план за преземање на најголемата центар-десно партија во државава.

Во писанието, Попоски побара од раковотстото на партијата да се откаже од обидите на било каков начин да учествува во наредната влада и така власта да ја препушти на СДСМ.

-Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив. Не умирај магаре до зелена трева, на рати – не е идеална стратегија. – вели Попоски во своето пишување кое можете интегрално да го прочитате на следниот линк.

Попоски беше пратеник во претходниот пратенички состав, кој скоро никогаш не се појавуваше на собранската говорница и четири години немаше никаква политичка изјава. Не изнесе свој став за промената на името за чие менување не ни гласаше „против“ во Собранието.

За време на претходната власт, Попоски на пријателите им зборувл дека него го чекала цела Европа и дека имал загарантирано работно место во Брисел и преку 40 понуди за работа, но остана да си ја зема пратеничката плата без никаков ангажман. Сега, од нигде се појавува и покакажува политички амбиции.

Тој е долгогодишен кадар на Мијалков, вплетен во бројни скандали. Додека беше министер, неговиот татко беше директор во М-НАВ а неговата мајка беше дел од комисијата која праќа болни на лекување во странство. Министерството за надворешни работи го водеше во периодот кога земјата најмногу се оддалечи од евро-атланските интеграции, што заедно со неговиот ментор Мијалков го вбројува во групата на политичари кои само декларативно имаат про-западна агенда.

Попоски беше толку повлечен од политиката, што дури и на неговиот фејсбук профил сеуште стои постер од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016.

За лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски се споменуаше како фаворит на Мијалков и пред конгресот на кој победи Христијан Мицкоски во декември 2017. Тогаш тој се повлече, но, познато е и дека Никола Груевски во тие моменти говорел дека Поповски нема храброст да ја води партијата.

Како што дознаваме, претходните денови Сашо Мијалков го собрал тимот кој наводно треба да исценира немири во ВМРО-ДПМНЕ со ветување дека ќе ја преземат партијата. На Попоски му го понудил лидерското место, а на контроверзниот поранешен градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски му било ветено местото генерален секретар. Мијалков дури одлучил и самиот да се промовира, па уште на изборната вечер креирал сопствена фејсбук страница која оди „спонзорд“ до ден денес.

Стратегијата на Мијалков преку своите поранешни структури да ја преземе партијата, веќе подолго време орбитира во скопските кругови, но, извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека овие одметници од партијата немаат никакви шанси да направат превирања, затоа што партиските структури се цврсти и се посветени на процесот на формирање на влада која би обезбедила нови избори во догледно време.

-Сашо Мијалков е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ уште од октомври 2018 година. Тој се соочува со одење во затвор поради бројните кривични дела кои ги има сторено како директор на УБК и поради кои се водат судски процеси против него. Сакајќи да се спаси, тој коалицираше со СДСМ и им помогна во обезбедување на пратеници за промена на името, но и на последните избори. Сега повторно одработува за да го намали коалициониот потенцијал на ВМРО-ДПМНЕ по последниот изборен резултат. Мијалков би сакал партијата да биде негова за да се заштити од кривичен прогон со пазарења. Сепак, за тоа нема шанси, ВМРО-ДПМНЕ е обединето. – брифира за „Лидер“ висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Проценките се дека обидите на Мијалков да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ преку Попоски се очајнички, но, останвуа да видиме дали тој има капацитет да ја измести партијата од шини на сред преговорите за составување на идната влада.

Љ.З.

21-07-2020, 09:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,148
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Не умирај магаре до зелена трева, на рати


21.07.2020
Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нѐ критикуваат дека слабо учиме од искуства.

Почнаа да нѐ прашуваат дали воопшто сакаме да победуваме. Особено со оглед на бројните констатирани слабости кај противниците. Конечно, сите не прашуваат дали имаме стратегија. Накратко, ова би бил еден мал придонес.

За изборите:

1. Анкетите прецизно ги предвидоа резултатите (особено оние спроведени повеќе месеци претходно).

2. ДИК и МВР (предводени од ВМРО) завршија горе-долу коректна работа за нивно спроведување, што во наши услови не е лесно.

3. Обвинување кон гласачите за исходот е несоодветно и може само да ги влоши резултатите во следни циклуси.

4. Толкување дека доколку не се брои една категорија гласачи, имаме подобар резултат, не е само во судир со унитарниот карактер на државата, туку и го руши идеалот на Илинденците, да не говориме за имиџот кој го создава за нас во очи на исклучените, но и кон странците.

Сега:

5. Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање Влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно.

Следно:

6. Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде.

7. Веднаш да најавиме дека недвосмислено со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив.

Наравоучение:

8. Не умирај магаре до зелена трева, на рати - не е идеална стратегија.

9. Тие што можат да земат учество во одлуки (на ЦК, ИК, ОК, МК, КИМ) легитимно е да нѐ прашаат дали ние воопшто сакаме да се обидеме да победуваме? Што исто не е лесна работа.

Ако одговорот е - не, тогаш е сосем во ред да продолжиме да си тераме со заклучоците.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ


Quote:Менкиноски до Поповски: Еден од ножињата, еден од предавниците, да не се повториш….а веруј, и нема да се повториш

Од плусинфо Објавено 21/07/2020 21:24:07
Адвокатот Тони Менкиноски преку Фејсбук му одговори на ексминистерот за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски дека лидерот Христијан Мицкоски треба да признае пораз на изборите и партијата да оди во опозиција. Менкиноски преку објавата вели дека едвај чекал прилика да му каже на Поповски дека е еден од предавниците.

– Во една прилика зимата 2017, во ходниците на Централниот штаб беше запрен од Никола Груевски на краток муабет, муабет во кој Груевски го повика дотичниов да појде со него до пред министерство за Правда, и заедно да протестираат за укинување на притворот за лицата кои учествуваа во настаните од 27ми Април.
Попоски му одговори со:
– Јас да дојдам да протстирам за тие? На што ти личам?

Груевски со неколку соработници продолжи по патот и дојде со нас стотината на протестот, Попоски си замина во канцеларија, отмено и надмено давајќи до знаење дека сепак реализиран лик како него, нема што да бара и да се меша со обични партиски смртници кои мрзнеа на улицата на минус 25.

Одамна чекав ова да дојде прилика да го кажам, еве приликата дојде денес.

Еден од ножињата, еден од предавниците, еден од минатото.

Да не се повториш….а веруј, и нема да се повториш.

Твоето во ВМРО-ДПМНЕ заврши, напиша Менконоски.

Quote:Toni Menkinoski
1h ·

Во една прилика зимата 2017, во ходниците на Централниот штаб беше запрен од Никола Груевски на краток муабет, муабет во кој Груевски го повика дотичниов да појде со него до пред министерство за Правда, и заедно да протестираат за укинување на притворот за лицата кои учествуваа во настаните од 27ми Април.
Попоски му одговори со:
- Јас да дојдам да протестирам за тие? На што ти личам?

Груевски со неколку соработници продолжи по патот и дојде со нас стотината на протестот, Попоски си замина во канцеларија, отмено и надмено давајќи до знаење дека сепак реализиран лик како него, нема што да бара и да се меша со обични партиски смртници кои мрзнеа на улицата на минус 25.

Одамна чекав ова да дојде прилика да го кажам, еве приликата дојде денес.

Еден од ножињата, еден од предавниците, еден од минатото.

Да не се повториш....а веруј, и нема да се повториш.

Твоето во ВМРО-ДПМНЕ заврши.
21-07-2020, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,148
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:[b]Сашо Мијалков директно против Христијан Мицкоски: На ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство![/b]

Од плусинфо Објавено 22/07/2020 11:15:22

Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и разузнавање, долги години втор човек во партијата, ги коментира резултатите на избори и оценката дека се освоени два пратеника повеќе од најголемиот опонент СДСМ, без пратениците на БЕСА.

– Жалам што мора да кажам, но ваквите ставови се навистина незрели и несериозни. Да не знае човек дали да плаче или да се смее. Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста. Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните.

Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери.

Затоа сите искрени и чесни членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се потиштени и разочарани, а само раководството слави победа.

– Раководството обвини за изборни нерегуларности, поткуп на ранливите категории и бројни нарушувања на изборниот процес…

– Човек треба да има храброст и да ја погледне вистината во очи. Вистината е дека се пропушти златна шанса Заев да биде соборен на избори со овакво владеење во изминатите три години. За жал јавноста не виде алтернатива во сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како и може да види кога по ниту едно важно прашање раководството немаше заземено став?

Доколку имало поткуп, зошто тогаш МВР не го спречи? ВМРО-ДПМНЕ имаше технички министер цели седум месеци. Доколку тој не бил способен и неговиот тим, кој ги предложи и поддржа? Доколку СДСМ успеал да пенетрира кај социјално ранливите категории, тогаш чија била проценката ВМРО-ДПМНЕ да оди без технички министер за труд и социјала и да не се обиде да го спречи тоа?

Грешки има многу, но префрлањето на одговорноста нема да ја подобри реалноста. Дали биле лоши кандидатските листи или била лоша понудената програма или Републичкиот изборен штаб целосно потфрлил, повторно одговорноста оди кон едно место. Не може претседателот на РИШ да не свикува состаноци и луѓето кои треба да работат на терен да остануваат без инструкции. Не може кампањата да се води со реторика како во 90-тите години и спотови кои повеќе служеа за потсмев отколку што ги мотивираа граѓаните. Некој ја одобрил таа реторика и тие спотови, а видовме со колкава излезност резултираа.

– Колку бомбите влијаеја на изборниот резултат? Дали ВМРО ДПМНЕ не употреби се што имаше и зошто?

– Не знам дали ВМРО ДПМНЕ имало и други „бомби“, што имало на нив и зошто не биле употребени. Го знам резултатот од целата операција, а резултатот е поразителен за Христијан Мицкоски. Врзувањето со сомнителни ликови кои би обезбедиле нелегално снимени материјали не е политика. Таканаречените бомби кои беа пуштани и од едната и од другата страна можеби имаа влијание врз сопственото гласачко тело, но тоа се луѓе кои секако би излегле и би гласале за ВМРО или СДСМ. Кај неутралните предизвикаа само чувство на разочарување, бидејќи не гледаа никаква понуда , туку само материјали со кои се компромитира противникот . Затоа многумина апстинираа , а добар дел ја даде поддршката за партија како Левица која е анти НАТО и анти ЕУ, спротивно од тоа како би требало да биде ориентирана ВМРО-ДПМНЕ. Намалената излезност беше на директна штета на ВМРО ДПМНЕ, а воздигнувањето на Левица, на долг рок, повторно ќе направи поголема штета на ВМРО ДПМНЕ отколку на СДСМ.

– Во дел од бомбите се тврдеше дека е споменувано и вашето име, а во неколку наврати највисокото раководство ве обвинуваше за релации со СДСМ ?

– Како изминативе скоро две години, така и добар дел од кампањата и од медиумскиот простор што го имаше актуелното раководство беше искористен за пресметка со мене, употребувајки ноторни лаги и невистини како што е наводната соработка со СДСМ. Дали беше тоа заради некаков страв од моето влијание стекнато со работа, труд и резултат, или мислеа дека ќе бидат поголеми во очите на членството не знам, но знам каков е исходот. Резултатот е најлош во историјата. Одлучив да се воздржам од напад кон раководството за да не направам штета на партијатата и воедно да не им се дадат аргументи и оправдувања за лошата политика. Се држев на страна и не се мешав, иако ми нанесуваа штета. Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не се наивни и не смеат ниту Мицковски, ниту неговите блиски соработници, да ги потценуваат. Прокоцкаа неверојатна шанса, а цената на нивната незрелост и суета сега ќе ја плаќа членството на партијата. Наместо обединување, се форсираа конфликти и се дистанцираа луѓе. Со таква политика беше јасно дека нема да стигнеме далеку. Лажните анкети може да ги покријат лажните вести само до денот на гласањето. После граѓаните ја испорачуваат сметката.

– Има ли можност ВМРО ДПМНЕ да направи влада?

– Според мене шансите се сведени скоро на нула, но тоа е последната сламка на спас за која што се држи ова раководство. За три години Христијан Мицкоски доживеа три тешки порази. На претседателските избори падна од 535.000 гласови во 2014 година на 319.000 гласови лани. На референдумот немаше став, но знаеме дека победи опцијата на власт и конечно потопот што се случи на15 јули.

Искрено се сомневам дека Левица ќе сака да му даде поддршка со оглед на тоа што во програмските определби на партијата е барањето да се забрани користење на името ВМРО и да се бара повлекување од НАТО и од ЕУ курсот, како и отповикување на признавањето на Косово. Искрено се сомневам дека која било албанска партија ќе сака да влезе во авантура со Левица и Мицкоски. Сметам дека е чесно да им се каже на членовите дека ова раководство и оваа политика на ВМРО ДПМНЕ е поразена и дека нема да дојде на власт. Сепак не гледам зошто не би им се оставил уште еден краток временски простор за да се види дали ќе успеат и во најновото ветување дека и покрај поразот ќе успеат да состават влада.

Доколку не успеат во тоа, патот е јасен. Признавање на неспособноста, извинување за грешките и ослободување на партијата за демократизација и ново раководство. ВМРО ДПМНЕ е бренд. ВМРО ДПМНЕ не смее да се навикне на порази и да се помири со тоа како што актуелното раководство се помирува.

Дали планирате да се активирате и да се вратите во политиката?

– Се чувствувам целосно реализиран. Бев дел од ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање до сега и ке останам и понатаму. Изградивме модерна, силна, конзервативна партија која што ги имаше интересите на Македонија пред се и над се. Во статутот ги вградивме евроатлантските определби. Ова на што актуелното раководство го сведе ВМРО ДПМНЕ е срамно и непрепознатливо.

Не планирам да се активирам во политиката но никогаш не знаеме што носи иднината. Како и да е, не можам да го премолчам ова што и го прават на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно преку нивни полтрони пуштаат нарачани текстови дека сум стоел зад некои кандидати само за да ме нападнат и мене и нив. Јас стојам зад тоа дека демократски треба да се избере ново раководство доколку не успеат да го исполнат и последното ветување. Сигурен сум дека кој било кандидат ќе има поголем капацитет од сегашните, но треба да се избере најдобриот кој ќе ја поведе партијата во нови победи.

22-07-2020, 11:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,148
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Обединување под нови постулати

Ако имаше подобра понуда и ако гласачите ја сметаа ВМРО-ДПМНЕ за добра алтернатива, денес ќе славевме победа, прва после неколку изборни порази во низа. Тоа е реалноста. Пишува Никола Тодоров 22.07.2020


Во мојата колумна од 19 февруари оваа година насловена „Изборите и идеалната држава“, објавена пред ескалацијата на состојбата со пандемијата, предвидов дека излезноста на овие избори ќе биде мала. Тоа мое тврдење го темелев на фактот дека поларизацијата и нетрпеливоста ќе кулминира помеѓу двата блока и со тоа ќе ги одврати од гласање оние кои не припаѓаат на ниту еден политички блок. Беше јасно, а тоа и се покажа на овие избори дека на луѓето им е преку глава од партиите и од нивната жед за власт, крв и моќ. Слабата привлечност на политичките елити го испорача цехот. Кампањата изобилуваше со негативна реторика, навреди и закани, па ветувањата за подобар животен стандард останаа само блед шум задушен од неартикулираните вресоци на партиските гласноговорници.

Искуството во политиката ми покажало дека негативната кампања не води кон победа. Води кон одвраќање на гласачите да гласаат, води кон апатија и разочараност. На избори се победува со генерално позитивен наратив, визија, проекти и потсетување за реализираните проекти. Точно е дека секогаш имало и ќе има негативна кампања, но таа никако не смее да доминира. На овие избори за жал тоа не беше случај. Негативната кампања одврати многу гласачи. „Бомбите“ со кои се гаѓаа политичките противници одвратија од гласање многу луѓе кои се мислеа да гласаат за една или друга политичка опција.

Меѓусебните навреди и ниското ниво на политичка толеранција зачинето со говорот на омраза предизвикаа чувство на горчина и одбивност кај електоратот. Кога на сето ова ќе ја додадеме и состојбата со пандемијата и крајно застрашувачкиот дневен здравствен билтен на новозаболени и починати доведе до тоа и двете партии да потфрлат на изборите. Состојбата со пандемијата ја ставам последна во низата бидејќи сметам дека и во условно речено мирнодопски услови поради причините кои ги наведов излезноста повторно ќе беше ниска.
Политичарите треба да бидат прогресивната елита во државата, но за жал кај нас меѓусебно се третираат како излитени мифки. И нормално е, потоа и народот така да ги третира. Затоа на овие избори се повтори истиот оној шамар кој народот го удри на двете политички партии за време на првиот круг на претседателските избори. Сега имаме два шамара во низа после кои доколку политичките елити не се отрезнат, може да следат тектонски поместувања и експериментирања на македонската политичка сцена.

Ако треба накратко да објаснам што се случи би го рекол следново: На овие избори не победи СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ загуби. Победи единствено ДУИ. Како победи и зошто е друго прашање и тема која заслужува сериозно да си го ставиме прстот на челото.

За жал и на разочарување на сите нас кои долги години сме искрени членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, морам да констатирам дека не успеавме да го победиме СДСМ и покрај фактот што имаше многу причини тоа да се случи. Изгубивме. И што порано го прифатиме овој факт, тоа подобро и за ВМРО-ДПМНЕ и за државата. Причините може и треба да ги анализираме, објективно и трезвено, но она што мораме да го направиме е да не дозволиме да се подели ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа на никому од нас нема да му одговара. Тоа можеби ќе му оди во прилог на СДСМ, но и ним единствено на краток рок бидејќи не може да зборуваме за квалитетна власт без квалитетна опозиција. Поделени и раскарани ќе губиме повторно, и повторно. Тоа е рецептот за неуспех и тоа долго време ќе ја држи ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а СДСМ ќе победува со исклучително недоволни и неубедливи триста два триесет илјади гласови. Апатијата ќе остане на високо ниво. Морам да констатирам дека ако имаше подобра понуда и ако гласачите ја сметаа ВМРО-ДПМНЕ за добра алтернатива, денес ќе славевме победа, прва после неколку изборни порази во низа. Тоа е реалноста. Не смееме од оваа констатација да правиме сцена. Ова не е напад на ВМРО-ДПМНЕ, напротив ова е обид за спас. Капсулирањето на ВМРО-ДПМНЕ само ќе придонесе за нов пораз. Неприфаќањето на мултиетничноста на државата како реалност исто така.

Не ми е поентата да критикувам, уште помалку да се ситам на поразот. Тоа не е добро и е спротивно на моите принципи и идеали. Она на што сакам искрено да повикам е единство. Потребно ни е обединување. Ни треба силна, прогресивна, европска, централно- десна народна партија базирана на инклузивност, а не на исклучивост. Поставена на модерни постулати на умерен патриотизам, целосно ослободена од екстремниот национализам и популизам. Ни треба ВМРО-ДПМНЕ која ќе може да го победи СДСМ.

Евоцирајќи спомени од минатото целава ситуација ме потсети на изборите во 2016 година, Груевски беше претседател, а јас бев шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, па додека ги чекавме изборните резултати, кои беа тесни како и овие, знаевме дека и еден глас да загубиме, и еден пратеник помалку да имаме и тој и јас ќе си поднесевме оставка како врвен демократски чин. Ама сепак, тогаш победивме со 454.577 гласови.
22-07-2020, 01:53 PM
Reply