Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈЕВРОПЕЈЦИТЕ ЗАЕВ И АНЃУШЕВ СО РУСИ ВО КРИМИНАЛНИ ВРСКИ!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Заев и Анѓушев дел од криминал вреден 200 милиони евра – заедно со Руси!

[Image: image.jpg]

09.12.2019
Преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата освен што е оштетена „Топлификација“, оштетен е и државниот буџет – покажува истражувањето на „Економски Лидер“.
Во целиот дил, очигледно се вмешани премиерот Зоран Заев но и вице-премиерот Кочо Анѓушев, кои заедно со дел од судската власт по се изгледа соработуваат со руската офшор фирма „Битер-Холдинг Лимитед“ која предизвика лажен стечај на ТЕ-ТО – поради што беше поднесена кривична пријава од финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Имено, Финансиска Полиција го сомничи директорот на фирмата Вадим Михајлов (инаку руски државјанин) кој во моментов е во бегство, дека го предизвикал лажниот стечај на ТЕ-ТО и со тоа ги оштетил акционерите на Топлификација за повеќе од 30 милиони евра.

ТЕ-ТО ВО ЕДЕН ДЕН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ И СЕ РЕСТАРТИРАШЕ!

Оваа фамозна електрана е основана од македонската компанија „Топлификација“ во партнерство со „Битер-Холдинг“ од Кипар каде што сопственик е рускиот олигарх Леонид Лебедев. Во 2018, таа е прва на листата по остварена добивка од дури 120 милиони евра, но симптоматично, во истата година најпрофитната компанија во државава отиде во стечај.
Имено, на 14 јуни 2018, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.
Топлификација е акционерско друштво и со ова практично се оштетени инвеститероите кои купиле акции.
Стечајот се случи поради тоа што руските газди преку перење на пари извлекле 150 милиони евра (за што докази ќе објавиме во вториот дел од нашето истражување), државниот буџет е оштетен за 20 милиони евра со простувањето на данок од страна на владата а акционерите на „Топлификација“ се оштетени за 28 милиони евра, со тоа што судот ги прости долговите на ТЕ-ТО кон оваа компанија.


КАКО Е ВМЕШАН ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ?

И покрај тоа што очигледно станува збор за лажен стечај, премиерот Зоран Заев одлучи да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО.
Ова не е помош туку практично е опростување на данокот на добивка кон УЈП на ТЕ-ТО кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра.
Симптоматично е што владата додели ваква помош на компанија за која кривична пријава има поднесено Финансиска Полиција.
Во прилог, одлуката на владата од 160 седница одржана на 22 октомври 2019:

 
[Image: TetoEden.jpg]
КАКО Е ВМЕШАН АНЃУШЕВ?
При стечајот на ТЕ-ТО, како една од причините се наведува ниската продажна цена на струјата. Преку набавката на реагенси, русите ја фрлија ТЕ-ТО во стечај преку перење на пари со манипулација со цените. Но оваа компанија, според причините за стечај одобрени од судот, струјата ја продавала по неповолно ниска цена.
Струјата е продавана на компанијата ЕДС, која во моментот кога се правеле трансакциите беше во сопственост на сегашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, што го потврдуваат интерните документи од ТЕ-ТО до кои стигна Лидер.
 
[Image: Kocho1.jpg]
 
[Image: Kocho2.jpg] [Image: Kocho3.jpg]

ЗОШТО РУСКОВСКА НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО?

По кривичната пријава од Финансиска полиција, предметот за лажниот стечај е во рацете на славната обвинителка Вилма Русковска. Но, таа не презема ништо околу ова прашање.
Ова отвора сомнеж за поврзаност помеѓу политичарите, судот, обвинителството и рускиот олигарх Лебедев. За тоа кој и како го направи криминалот во ТЕ-ТО, во второто продолжение кое ќе го објавиме утре.
Чекаме во наредните денови премиерот Заев да објасни зошто одобрил помош за оваа компанија со очигледен финансиски криминал а премиерот Анѓушев да негира дека е поврзан (ќе објавиме и исплати од ТЕ-ТО кон неговата компанија).



Неверувам дека Заев ке ја даде власта!!
09-12-2019, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ВТОР ДЕЛ: Еве кој е дел од скандалот вреден 200 милиони евра во ТЕ-ТО


[Image: VTORDEL-960x533.jpg]

12.12.2019
Во првото продолжение од нашето истражување за мега-скандалот во централата „ТЕ-ТО“, ви откривме како преку бизнис-политичко-судска шема бил вреден криминал вреден вкупно 200 милиони евра, во кој оштетена е и државата.
Првиот дел од нашето истражување можете да го прочитате на следниот линк, по кој – никој од споменатите не ја демантираше нашата сторија.
Во вториот дел од истражувањето ќе ја прочитате улогата на сите актери во овој криминал.

Леонид Лебедев – Сопственик на „Битер-Холдинг“


Леонид Лебедев е олигарх од Русија кој според официјалните проценки тежи 1.2 милијарди долари. Во исто време, Лебедев е државјанин и на Кипар, каде што ја поседува компанијата „Битер-Холдинг“ која пак е сопственик на „Балкан Енерџи Груп“ и еден од сопствениците на централата „ТЕ-ТО“. „
„ТЕ-ТО“ е основана во партнерство со „Топлификација“ која во скандалот кој го објавивме е оштетена за огромна сума.
Во овој софистициран криминал, преку лажниот стечај на „ТЕ-ТО“. Лебедев успева од Македонија да извлече над 150 милиони евра во својата фирма на Кипар и со тоа да им наштети на акционерите на компанијата „Топлификација“ која е косопственик на централата.

Зоран Заев – Претседател на владата на РСМ

И покрај лажниот стечај со кој се извлекоа пари на седница на владата, премиерот Зоран Заев одлучи на „ТЕ-ТО“ да му се простат долгови кон УЈП. Со ова државниот буџет се оштети за 24 милиони евра.
Ова Заев го прави рамноправен соучесник.

Кочо Анѓушев – Заменик претседател на Владата на РСМ одговорен за економски прашања

Постојат индиции дека Анѓушев е еден можените иницијатори за доделување на државната помош.
Тој преку неговата компанија „ЕДС“ (која во меѓувреме ја продаде), имаше потпишано ексклузивен договор за соработка со „ТЕ-ТО“ од каде што ја откупуваше струјата.
Според одлуката за стечај на „ТЕ-ТО“, една од причините за стечајот (за кој финансиска полиција тврди дека е лажен) е тоа што цените биле крајно неповолни. Ова отвора дека тој е дел и од извлекувањето на пари од „ТЕ-ТО“.

Нина Ангеловска – Министер за финансии

Нина Ангеловска е надреден функционер во однос на Управата за јавни приходи, која прифаќа да се додели државна помош на ТЕ ТО АД со одложена наплата на долгот на ТЕ ТО АД.

Владимир Наумовски – Претседател на комисијата за заштита на конкуренција

Наумовски е човекот кој дал зелено светло за државна помош во ТЕ-ТО, односно за простување на долгот. Тој проценил дека со ова не се нарушува конкуренцијата, иако „ТЕ-ТО“ е на слободен пазар.
Одговорноста на комисијата е исклучително голема бидејќи државната помош е доделена на фирма која е учесник на пазарот на електрична енергија во државата и надвор од државата и додатно е учесник на пазарот на топлинска енергија во државата.

Сања Лукаревска – директор на управата за јавни приходи

Оваа институција е одговорна за наплата на даноците во РСМ и без согласност на оваа институција оваа помош не може да се реализира. Лукаревска го одолговлекувала наплаќањето на данокот за „ТЕ-ТО“ и со тоа овозможила тој данок никогаш да не се плати. Имено, според одлуката на владата тој данок треба да се плати за 9 години, но, Лукаревска претходно одолговлекувала па така ќе дојдеме до цифрата од 10 години – што значи застарување на долгот.

Вилма Русковска – шеф на основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

И покрај кривичната пријава од Финансиска Полиција за лажен стечај и кривичните пријави од акционерите на „Топлификација“, Русковска не отвора случај и не ги гони сторителите на лажен стечај.

Сашка Трајковска – судија во стечајниот оддел на Основен граѓански суд Скопје.

Оваа судијка во еден ден пресудила дека „ТЕ-ТО“ треба да оди во стечај, но и да излезе од стечај со отпис на долгот кој централата го има кон „Топлификација“. Со ова практично се ограбува „Топлификација“ но и македонските даночни обврзници.

Најава за ТРЕТ ДЕЛ
Во третиот дел од нашето истражување ќе имаме интервју со еден од акционерите во „ТЕ-ТО“, по што ќе објавуваме детални документи за делата што ги сториле сите споменати.
12-12-2019, 05:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ТРЕТ ДЕЛ: Интервју со акционер – за криминалот во ТЕ-ТО вреден 200 милиони во кои се вмешани Заев и Анѓушев

17.12.2019
Во третиот дел од нашето истражување за криминалот во централата ТЕ-ТО, разговараме со Ивица Стојановски, акционер во Топлификација која е оштетена од овој криминал.



17-12-2019, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Документите за криминалот во ТЕ-ТО, министерката Кочоска ги предаде во МВР

07.02.2020
Имаме основи за сомневање за сторен криминал, злоупотреба на државни пари и индиции за нерегуларности при постапката за доделување на државна помош во ТЕ-ТО, изјави дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочовска во врска со случајот околку доделувањето државна помош на оваа фирма.
Таа вели дека од документите кои на 10-ти минатиот месец преку архивата на МФ ги доставиле од Здружението за заштита на правата на акционерите на Топлификација АД Скопје, постојат индиции за неправилности со кои им се нанесувало индиректно штетета на акционерите на начин што ваквата постапка влијаела на претходно воспоставени правни односи меѓу двата субјекти за кои има граѓански но и активни кривични постапки .
Согласно нејзините надлежности  министерката Кочоска рече дека соодветно регагирала и целосната документација ја предала до Министерството за внатрешни работи.





Заменик министерката за финансии рече дека со доделувањето на дрќавната помош ТЕ-ТО е повластена споредено со конкуренцијата. Дополнително, вели таа, требало да се земе предвид дека ТЕ-ТО е фирма за која се водат истраги во кривичка постапка, а веројатно и кривични постапки за кои Финансовата полиција заради постоење сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Лажен стечај“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, поднела пријава до Јавното обвинителство.
07-02-2020, 02:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:ТЕ – ТО: Во последниов период ТЕ-ТО АД е повторно предмет на неосновани напади, лаги и манипулации


[Image: Te-to.jpg]


07.02.2020
Во последниов период ТЕ-ТО АД е повторно предмет на неосновани напади, лаги и манипулации од страна на претставниците на Топлификација кои имаат единствена цел притисок врз институциите и замајување на јавноста. Во целост ги демантираме изјавите и наводите на претставниците на Топлификација искажани на прес конференцијата одржана на 06.02.2020 година како невистинити и тенденциозни.
1. Целосна лага и лицемерие се обвинувањата на Г-дин Хаџи Мишев дека ТЕ-ТО при реализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас му дава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија, нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари. Заради ваквата соработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификација е таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка. Еве што на собранието на акционери одржано на 28.06.2016 година, кажа претставникот на
Топлификација за овој модел на соработка – цитираме: „Топлификација уште од 2010 предлагаше да се прави размена на гас за струја“, што е потврдено со нотарски записник.
2. Лицемерното однесување на претставниците на Топлификација кога еднаш едно зборуваат, а подоцна сосема друго за истата работа се забележува и во другите нивни невистинити наводи. Таков е случајот со небулозното обвинување дека инвестицијата на странскиот
акционер во ТЕ-ТО која е неколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат на перење пари. Кога странскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства, Топлификација ги одобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев се
фалеше по медиумите дека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсва во ТЕ-ТО.
Дополнително, при тоа одобрување на заемите од акционерите, Топлификација тогаш не ги третираше истите за зделки со заинтересирана страна за која треба да се гласа на собрание на
акционери, за после 10 години да вели дека само одложувањето на рокот на доспеаност на истите овие зделки претставува нова зделка со заинтересирана страна за која треба да гласа собрание на акционери.
3. Всушност пријавата за наводно перење пари која фактички е иницирана по барање од Топлификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството како неоснована, за што многу добро е информиран Г-дин Хаџи Мишев, но и понатаму
продолжува со лаги и шпекулации во однос на истата.
Тврдењата дека компанијата ТЕ-ТО перела пари се невистинити и небулозни имајќи го во предвид и фактот дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано и Германската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголем
надворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.
4. Неосновани и лажни се обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдува дека работел непазарно преку толинг соработката. Токму напротив, со толинг ТЕ-ТО добивал
подобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење. Зборот условеност е кажан во насока дека ТЕ-ТО заради непостоењето на алтернтивни понудувачи на природен гас мора да се прилагодува на барањето на единствениот добавувач на гас во
Севрена Македонија. Планот за реорганизација предвидува мерки за излегување од оваа условеност преку отварање на пазарот на природен гас и обезбедување конкуренција. ТЕ-ТО постојано се обраќа кон институциите да го либерализираат интерконекторот со Република Бугарија согласно третиот енергетски пакет за да се овозможи пристап до ЛНГ гасот на светските пазари.
5. Импликацијата дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некаква ексклузивност е потполно неоснована и лажна.
6. Топлификација го обвинува ТЕ-ТО за лажен стечај, а само пред една година истата таа Топлификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план за реорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле услови
за реорганизација.
Дополнително, Топлификација ги имала на увид годишните извештаи на ТЕ-ТО каде се забележува ниската рентабилност пред се заради високата цена на природен гас на пазарот во Република Северна Македонија, многу повисока од она што Топлификација и другите акционери го предвиделе и одобриле во физибилити студијата за проектот кога се носела инвестициската одлука. Така што, нема никаков лажен стечај туку тоа е објективна состојба на
ниска рентабилност на компанијата.
7. Наводот дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година е целосно манипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковна добивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро сите се по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АД. Заради тој отпис, согласно
македонскиот закон за данок на добивка иако е само пресметковна добивката, на истата се пресметува данок на добивка од 10%. Ваквата состојба е економски нелогична, бидејќи на компанија која е во стечај заради тоа што не може да ги отплаќа обврските и ги отпишува, и се
наметнува нова државна давачка заради неусогласеноста на Законот за стечај со Законот за данок на добивка. Тоа е спротивно на препораките на Европските институции од областа на
правото кои велат дека отпис на обврски во стечајна постапка не треба да подлежат на плаќање данок на добивка. Во најголем број европски држави вклучувајќи ги државите во соседството, на отпис на обврски во стечајна постапка не се пресметува никаков данок.
Со таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само ја одложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки.
Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО од дополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа што е направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државата направи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбеди континуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како и
дополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го плати после 9 години. Во случај да не се обезбедеше ова одложување, ТЕ-ТО ќе го изгубеше деловниот потфат, а државата ќе го изгубеше законскиот основ за наплата на данокот на добивка. Се надеваме дека државата во пристапниот процес за ЕУ ќе го корегира овој неправеден закон за компаниите кои имаат потешкотии и во иднина нема да им се наплаќа данок на добивка на компаниите кои направиле отпис во стечајна постапка, за да може да функционира законот за стечај.
Крајно несериозно е малцинскиот акционер на ТЕ-ТО од неразбирливи причини да се бори против доделеното одлагање на исполнување на обврските на својата компанија ТЕ-ТО, што е
спротивно на интересите на акционерите на Топлификација. Наместо Топлификација да помогне во намалувањето на цената на пренос на гас во Северна Македонија, во имплементација на интерконктивен договор за природен гас помеѓу Бугарија и Северна Македонија, подобрување на условите на работа на ТЕ-ТО преку одлуките на Регулаторната комисија, се со цел ТЕ-ТО да ја зголеми рентабилноста и да може да ги врати парите на банките, а потоа и на акционерите, нивна цел е преку лаги и манипулации да се уништи ТЕ-ТО.
Единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот на Топлификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да се гради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гас и електрична енергија, монополизиран пазар на природен гас, огромни трошоци кои ги наметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што го определија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.
Во 2017 година менаџментот на Топлификација имаше можност да ја зачува компанијата, но таа грубо ги наруши писмените спогодби помеѓу акционерите и доверителите на ТЕ-ТО,
поставувајќи ги своите интереси над интересите на останатите акционери и банките— кредитори, не можејќи соодветно да ја оцени реалната состојба на работите и економската ситуација на двете компании. ТЕ-ТО постапувајќи исклучиво во рамките на законот, зачувувајќи го балансот на интересите на акционерите и доверителите, тргна по единствено можниот пат за зачувување на дејноста на компанијата-план за реорганизација, на основа на кој апсолутно сите акционери имаат еднакво-пропорционални отписи на побарувања. На тој начин, постапките на бившиот менаџмент на Топлификација, доведоа до суштински вкупни загуби.
Целата ситуација во врска со постапките против ТЕ-ТО од страна на правосудните органи е вештачки создадена од бившиот менаџмент на Топлификација, во обидот да ги исправи своите претходни грешки. Единствениот ефект од постапките на поранешниот мемаџмент на
Топлификација е значително влошување на инвестиционата клима и невозможноста за спроведување на нови инвестициони проекти.
И покрај небулозните тврдења од страна на менаџментот на Топлификација, ТЕ-ТО трпи реални штети во секојдневното работење и заради тоа ќе започне соодветни правни постапки
за заштита на имиџот на компанијата и деловните интереси.

КЛУЧНИ ПОЕНТИ

1. Целосна лага и лицемерие се обвинувањата на Г-дин Хаџи Мишев дека ТЕ-ТО при реализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас му дава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија, нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари. Заради ваквата соработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификација е таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка
2. Небулозно е обвинувањето дека инвестицијата на странскиот акционер во ТЕ-ТО која е неколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат на перење пари. Кога странскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства, Топлификација ги одобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев се фалеше по медиумите дека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсва во ТЕ-ТО.
3. Пријавата за наводно перење пари, која е фактички иницирана по барање на Топлификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството како неоснована, за што многу добро е информиран Г-дин Хаџи Мишев, но и понатаму продолжува со лаги и шпекулации во однос на истата.
Тврдењата дека компанијата ТЕ-ТО перела пари се невистинити и небулозни имајќи го во предвид и фактот дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано и Германската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголем
надворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.
4. Неосновани и лажни се обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдува дека работел непазарно преку толинг соработката. Токму напротив, со толинг ТЕ-ТО добивал подобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење.
5. Импликацијата дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некаква ексклузивност е потполно неоснована и лажна.
6. Топлификација го обвинува ТЕ-ТО за лажен стечај, а само пред една година истата таа Топлификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план за реорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле услови
за реорганизација
7. Наводот дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година е целосно манипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковна добивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро сите се по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АД Со таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само ја
одложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки. Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО од дополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа што е направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државата направи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбеди
континуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како и дополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го плати после 9 години.
Единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот на Топлификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да се гради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гас и електрична енергија, монополизиран пазаар на природен гас, огромни трошоци кои ги наметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што го определија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.
07-02-2020, 03:36 PM
Reply