Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДЕСКОСКА ПРОДОЛЖУВА СО ЛАГИ ЗА ПРИЧИНАТА ЗА НЕДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Во повтореното гласање Собранието го донесе Законот за ЈО

[Image: glasanjepovtoreno.png?itok=9N270P3W]

16.02.2020
Во повтореното гласање за предлог Законот за Јавното обвинителство владејачкото мнозинство успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство.
Со 80 гласови „за“ и „6“ против Собранието го изгласа Законот за ЈО, кој подолг период беше камен на сопнување меѓу власта и опозицијата.
По констатирањето дека Законот е донесен, собранискиот спикер, Џафери даде пауза од еден час.
 Во претходниот обид, „за“ гласаа 74 пратеници, но претседателот Џафери го поништи тоа гласање бидејќи како што рече, не видел оти пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори. Се бунеа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, но Џафери го поништи и ѝ дозволи процедурално на Поповска да се обрати, веднаш по неа говореше и пратеникот Ферид Мухиќ.
По изгласувањето на законот, на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и почна да вика „криминалци, криминалци“. Рече дека требало да биде прифатено првото гласање.
16-02-2020, 02:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Кои пратеници не гласаа во првото гласање за Законот за ЈО?
Messenger
[Image: prateniciiisobranie.png?itok=QRU9Fj9I]

16.02.2020

Во првото гласање на Законот за ЈО кое беше поништено поради тоа што собранискиот спикер Талат Џафери не видел оти пратеничката Лилјана Поповска се пријавила за процедурално фалеа 6 гласа за да се донесе Законот.
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети не гласал при првото гласање на Законот за јавно обвинителсто, но неговиод пример го следел и сопартиецот Џеват Адеми. Не гласале ниту претставниците на ромската заедница Амди Бајрам и Самка Ибраимовски.
Списоците покажуваат и дека Лилјана Поповска од ДОМ, поради која и се поништи гласањето не гласала.
 Не гласале ниту пратниците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Даниела Рангелова.

[Image: glasanje1.jpg?itok=uBen64UD]

[Image: glasanje.jpg?itok=5QAQaADE]
16-02-2020, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО


16.02.2020
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево од Собранието побара од претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за јавно обвинителство кој според нив е донесен нелегално.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција рече дека она што се случило денеска на пленарната седница е погазување на демократијата и спротивно на одредбите на Деловникот за работа.

Quote:– Ова е авторитарно владеење на дело. Ова веќе не е демократија. Одлуката на Собранието е неделовничка и противзаконита. Ваков закон, кој не е донесе,  не смее да биде
потпишан од претседателот Пендаровски и го повикауваме да не дава легитимитет на вакво брутално кршење на зкаоните и процедурите,
истакна Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Мицевски, ќе останат во Собранието и ќе присуствуваат само на седницата на која ќе се одлучува за распуштање на овој парламентарен состав.

Quote:– Очекуваме денес да има распуштање на Собранието. Ќе бидеме присутни во Собранието, а не во салата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во салата кога ќе се гласа за распуштање на Собранието, рече Мицевски, додавајќи дека сето ова што го прави СДСМ е бегство од избори.
16-02-2020, 02:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Тања Каракамишева

Таљат Џафери уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието.
Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето.
Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање.
Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури.
По заклучување на гласање и по завршено гласање ПРАТЕНИК НЕМА ПРАВО ДА БАРА,НИТУ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ СМЕЕ ДА ОДОБРИ ПРОЦЕДУРАЛНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРАТЕНИК.
Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи ТЕАТАР и САМОВОЛИЕ во Собранието.
Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата.
ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!
СОБРАНИЕТО ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ ПОЧНА ДА РАБОТИ И ЌЕ ЗАВРШИ КАУБОЈСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ!
16-02-2020, 03:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25



16-02-2020, 03:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Димитар Апасиев


Системски закон (за јавно обвинителство), предложен од техничка Влада (која има мандат само да спроведе регуларни избори), за којшто требаат најмалку 80 пратеници – се „носи“ по скратена постапка (со шверцерско европско знаменце) и тоа со 74 гласа – само и само да се амнестира ЗАЕВ од кривично гонење после изборите!? [Image: 2764.png?_nc_eui2=AeGjgsRYYHOM8XdR7qygWO...8kc2Vq7WhQ]<3
p.s. ЕУ, Кале, Прибе… Бекнете нешто бе, ќе ни снема лента [Image: 1f609.png?_nc_eui2=AeGG0at_HF-xJA6srtxEc...zljmiUnQCw]?

#ДаЖивеатЕвроАтланскитеВредности
#ДаЖивееПравнатаДржава
#ДолуСеверџанскиотПротекторат
(This post was last modified: 16-02-2020, 03:56 PM by ЈорданПетровски.)
16-02-2020, 03:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Ќе се поништи ли гласањето на законот за ЈО? Џафери го прекршил деловникот?


16.02.2020
Професорот на правниот факултет во Скопје Александар Спасеновски ги цитира законските одредби поради кои законот за Јавното обвинителство извесно ќе падне ако биде поднесена претставка пред Уставниот суд.
Статусот на Спасеновски во целост:
Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во #Собранието.

  1.Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето;

  2.Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници (член 97 став 2);

  3.Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање;

  4. Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се #нелегални.

  Повеќе за работата на парламентите, во учебникот “Парламентарно право”:
16-02-2020, 04:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

[/url][url=https://centar.mk/blog/category/top-vesti/]


Quote:Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Законот за јавно обвинителство



16.02.2020
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Република Северна Македонија:
Ø Закон за неевидентирани лица во матична книга на родени;
Ø Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;
Ø Закон за Јавното обвинителство;
Ø Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители;
Ø Закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана;
Ø Закон за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците;
Ø Закон за изменување на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;
Ø Закон за заштита на личните податоци;
Ø Закон за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило;
Ø Закон за управување со движењето на предметите во судовите.
Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони.
Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Северна Македонија како надлежен државен орган.



Не почека ни мастилото да се исуши веднаш ги потпиша неуставните и неделовничките закони!
16-02-2020, 11:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,072
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Ван ден Берг за носењето на ЗЈО: Владеењето на правото стана шега во Скопје

[Image: Hans-van-den-Berg-Albanci-696x370.png]

16.02.2020
Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, го коментира шверцерски донесениот Закон за јавно обвинителство во Македонија.
„Упс, тие (СДСМ/ДУИ, амбасадите на ЕУ/САД итн.) го сторија тоа повторно: ги прекршија парламентарните правила и процедури, го злоупотребија европското знаменце, спроведоа политички инженеринг сè додека пратениците не подлегнат на притисокот, што резултира со уште поголема поларизација, со одлив на мозоци итн. Опозицијата и експертите игнорирани, јавната дебата заобиколена“, реагира Ван ден Берг на Твитер.
„Луѓето сега можат да гласаат навреме, но со ова (и со разни други) македонско излизгување многумина наскоро ќе гласаат ‘со своите нозе’. Владеењето на правото, без оглед на тоа дали е оценето според старата или новата методологија на ЕУ, стана шега во Скопје и во опкружувањето. Mакедонија повеќе не е модел за Западен Балкан“, твитна во продолжение Холанѓанецот.

[Image: -ден-Берг-твит.jpg?w=640&ssl=1]
17-02-2020, 12:00 AM
Reply