Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АМАН ЛЕВИЧАРИ ДОСТА НИ Е ОД ВАШИТ БРАНЕЊЕ СО ВАШИТЕ ЦРВЕНИ РЕВОЛУЦИИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,150
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ИНИЦИЈАТИВА ЗА МАСОВЕН НАРОДЕН ОТПОР КОН ПОСЕГНАТИТЕ УСТАВНИ ПРОМЕНИ!

 

[Image: IMG_7370.jpg]

21.10.2018
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ОТПОРОТ

Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија“! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот Референдум за „Северна Македонија“, веќе не се легитимни да одлучуваат за промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја.
Политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обврзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткупи што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собранието на РМ. Македонија е заробена држава во нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.
Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување на вазалните одлуки на нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот. Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.
Поради ова, повикуваме на масовен граѓански Отпор против сите инволвирани во оваа уставно-политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:
  • Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. Преспански договор“;
  • Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори;
  • Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.

Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!
Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.
Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.
Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!
 





Сега се виновни Заев и компанија, 1990 беа виновни Колишевски и компанија, 1968 против црвената буржоазија (од големата слобода и демократија несмеа да кажат дека тоа е Тито и неговата компанија). И секогаш така , винивен е некој поединец а тоа што НИКАДЕ левичарството несуспеа, односно секош во таквите држави царува корупција, крминал, непочитување на Устав, непочитување на човекови права и слободи, непочитување на еднаквост пред закнот, левичарите не го гледаат. Причината за нивното слепило е од лукративни причини. Ако говорат дека левичарството како идеологија е неспроведливо заради аномалиите, криминалот, корупциата, укинување на сите слободи .... кои тоа самото ги продуцира, како тогаш тие проповедајки левичарство ке дојдат на власт.
22-10-2018, 06:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,150
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Димитар Апасиев is feeling optimistic.
 


Често добивам пораки у инбокс, од типот: „А ШО БИ НАПРАИЛ ТИ АКО СИ...“?
Епа ај да не одговарам поединечно, еве у кратки црти:

1. Ако сум Џоле Иванов - Претседател на Републиката би напраил следно: 

а) Повторно ќе ги активирам аболициите за сите 50 криминалци, со што би ја минирал работата на СЈО [бидејќи и така веќе е очигледно дека е пазарено никој да не лежи, па кад је бал нек је маскенбал];
б) Ќе поднесам контрапредлог на владиниот за промена на Уставот на РМ [со цел одолговлекување на процедурата];
б) Ќе се обратам со жесток говор на пленарна седница во Собранието на РМ [за да остене во стенограмите кој на чија страна бил];
в) Ќе поднесам предлог до Уставниот суд на РМ за да го реши судирот на надлежности [при потпишување на т.н. Преспански договор од страна на министерот-узурпатор]

2. Ако сум Христијан Мицкоски - лидер на најголемата парламентарна опозициска партија:

a) Би повикал на радикализација на ситуацијата и парализа на државата со 200.000 демонстранти пред Собрание;
б) Би го одолговлекувал процесот со процедурални финти и амандмански филибастеринг, до недоглед;
в) Би им дал наредба на сите пратеници да прават невидени скандали на седниците на Собранието (процедурални интервенции, тропање по маси, тавчиња, тенџериња и слични иновативни техники).
3. Ако сум овој анонимусов шо е Јавен обвинител на РМ шо не го знам како се вика:
а) Би отворил итна истрага за поткупт на пратеници и евентуалните закани за да гласаат;
б) Би повел постапка за кривично дело Саботажа против 80те пратеници, бидејќи свесно гласаат против Референдумската одлука од 1991 - што е недозволено во правото и подлежи на кривичен прогон.

4. Ако сум Зоран Заев - Премиер на РМ:

a) Би си дал неотповиклива оставка од функцијата;
б) Би се самоубил!



Tuktuk0ni Tuktuk0ni Tuktuk0ni
22-10-2018, 07:03 PM
Reply