Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ШТО КЕ БИДАТ БАРАЊАТА -УЦЕНИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ ЗА ПОДРШКА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Касами: Штом го отвораме Уставот, барем да ги зајакнеме правата на Албанците во Македонија


[Image: b30f2c21-fb53-450f-9da9-d4ee82fcd1a2_tv_w1200_r1_s.jpg]
Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието е можност да се интервенира и кај зајакнувањето на правата на Албанците во Македонија. Вака БЕСА на Биљал Касами го коментира вчерашното гласање за уставните измени во Собранието.
„Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. Со измените уставот ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници“, наведува БЕСА во соопштението.
Сега е можноста, смета БЕСА на Касами, да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.




Во знамињата зад грбот на Касами го нема на Државата Македонија тоа говори јасно какви ке бидат уцените.
20-10-2018, 12:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Утре ќе се формира тело за помилување на пратениците обвинети за 27 април


21 октомври 2018 / 19:56
Утре се очекува да се формира парламентарно тело за помилување на пратениците кои беа вклучени во крвавото насилство од 27 април. Ова тело беше ветено од премиерот Зоран Заев на прес конференцијата по гласањето на потребата за уставни промени. Барањата на осумте пратеници ќе се изготват заедно со Владата. Четирите барања на пратениците се прифатливи за премиерот Заев. Тој верува дека во рок од 15 дена, ќе се изготват нацрт уставните амандмани кои потоа ќе се достават до Собранието. Заев истовремено очекува бројот на пратениците кои ги поддржуваат овие промени да се зголеми во следните фази.
Партиите на Албанците кои најавија амандмани за унапредување на албанското прашање, по се изгледа нема да можат да ги поднесат бидејќи деловникот на Собранието ја определува интервенцијата на пратениците во уставните измени само во членовите кои се засегнати од предлагачот. Но, ниту една од опозиционите партии на Албанцте не прецизира дали ќе го условуваат или не Заев, со нивните четири гласа во Парламентот за промена на името.


Алијанса за Албанците:


Quote:Ништо повеќе не можеме да кажеме сега без да ги видиме нацрт амандманите кои ќе дојдат од предлагачот (Владата). Ние можеме да поднесеме амандмани само на предлозите на Владата. Значи, за тие членови на Уставот кои ќе бидат објект на промена. Дотолку повеќе на ограничува деловникот на Собранието. Да ги почекаме првин предлозите на Владата.


Беса на Касами:


Quote:Движењето БЕСА во текот на собраниската постапка ќе предложи амандмани кои се однесуваат на укинување на понижувачките термини кон Албанците со проценти, како што е случајот со албанскиот јазик, како и предлагање на амандмани во преамбулата Северна Македонија да биде држава на сите нејзини граѓани, правејќи поделба меѓу идентитетот на државата.“


Најавите на опозиционите партии на Албаницте за уставните амандмани, пратеникот на ДУИ Артан Груби ги нарече недостиг на идеологија и обид за факторизирање.


„Вакви иницијативи во овој толку клучен и деликатен момент, поддржан од Вашингтон, Брисел, Париз, Берлин, Рим, Лондон и сите центри од западниот свет, јас го гледам како архаична иницијатива, некреативна, како недостиг на партиска идеологија, го гледам исто така и отсуството на супстанца на политичко делување и напор преку мала врата да се профилира една мала партија или две мали партии со големи национални прашања“, рече Груби.
По изгласувањето на потребата за отворање на Уставот, на Собранието ќе му бидат потребни најмалку уште 100 дена за да го заврши процесот на уставни промени, секако, доколку нема нови пречки со бројот на пратеници или со амандманите.
Бесиан Лека



БЕСА на Касами сега ке биде лошиот полицаец. А кога ке дојде амандманот на глсање сите албанци ке бидат за!
24-10-2018, 12:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Села: Албанскиот не може да биде само „јазик различен од македонскиот“


24.10.2018
Лидерот на Алијансата на Албанците, денеска во собранискиот прес-центар потврди дека неговата партија ќе достави свои предлози за уставни измени кои ќе се однесуваат на изедначување на албанскиот јазик со македонскиот.
„Албанскиот јазик не може да се вика и да се дефинира како јазик кој е различен од македонскиот јазик, туку тој е албански јазик. Нормално кога ќе дојде време ние ќе интервенираме со нашите амандмани за Уставот да овозможи права за Македонија да биде подемократска и да не биде злоупотребен само зборот мултиетничко општество, тоа треба да се одрази на Уставот“, изјави Зијадин Села.
Тој рече дека во целиот процес на договорот со Грција, референдумот и уставните измени, „ние бевме разумни и ги разбираме нашите сограѓани Македонци околу дебатата за идентитетот и јазикот.
Поради исти причини повикуваме македонските политички партии да бидат разумни и да не разберат“ рече Села.
24-10-2018, 04:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Касами до Владата испрати предлози за уставните измени: Албанскиот да е службен јазик во цела Македонија


24.10.2018
Претседателот на едно од крилата на Беса, Билал Касами ѝ испрати на Владата предлози за измените во Уставот, меѓу кои се и такви со кои се предлага албанскиот да се изедначи со македонскиот јазик односно да биде службен на цела територија; државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат надвор од нејзините граници; претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување.
Предлогот на Касами во можете да го прочитате интегрално во продолжение:
„Поаѓајќи од фактот дека се наоѓаме во еден многу значаен и историски момент за иднината на државата, почитувајќи ги и промовирајќи ги сите основни демократски вредности на НАТО и ЕУ каде стремиме да се интегрираме, цениме дека ова е исклучително значаен момент за да преку интра-етничката и интер-етничката кохезија да ги исправиме грешките од минатото со несоодветното уредување на односите во државата посебно за одредени права на албанскиот народ односно етничка заедница во Република Македонија, а кои се пречка за демократското функционирање на институциите, меѓуетничката хармонија, стабилноста во државата, мирен живот, толеранцијата и демократските вредности.
Уставот на Република Македонија треба да се надгради во еден демократски устав кој ќе биде конзистентен со демократските и европските вредности на живеење, кој пред се соодветно ќе ги уреди внатрешните односи во општеството и државата и ќе биде извор на напредна и демократска држава каде бенефитите ке ги уживаат сите граѓани и етничи заедници во Република Македонија.
Ние пратениците на Движењето БЕСА во Собранието на Република Македонија му предлагаме на овластениот предлагач на уставните измени т.е Владата на Република Македонија, да при изготвување на нацрт предлогот за уставните промени кои ќе се достават во Собранието на Р.М, ги содржи и следните предлози:

Во делот на преамбулата, да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковен договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.

Образложение:
Охридскиот Рамковен Договор е потпишан во 2001 година преку дијалог и компромис од сите четри политички лидери во тоа време. Содржината на преамбулата согласно Рамковниот Договорот беше тотално изменета и во постапката за уставни измени е усвоена сосема нова преамбула на уставот која е и денес во правна сила. Првичниот предлог на уставните измени од 2001 година кој е доставен до Собранието на Република Македонија е вистинскиот модел според кој треба да се изгради иднината на ова држава, како граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници. Со една ваква интервенција би се гарантирале еднаквите права и обврски на сите граѓани кои живеат во Република Македонија, затоа што и моделот со кој стремиме интегрирање на државата во НАТО и ЕУ, треба да ги промовира вредностите кои произлегуваат од преамбулата која иако беше усвоена и потпишана од политичките лидери, не беше инкорпорирана во уставните измени од 2001 година.

Амандман V, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија да се пре – формулира на следниот начин: На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазики неговото латинско писмо. Другите ставови од амандманот V да се усогласат со ставот еден (1) од Амандаманот V.

Образложение:
Со предложената промена се овозможува отстранување на пречките и дилемите кои сите овие години се злоупотребени за дневно политички цели, исто така со ова интервенција се овозможува употребата на албанскиот јазик како службен јазик, јазик кој го зборуваат голем дел на граѓаните кои живеаат на територијата на Република Македонија. Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на Македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народм во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на ‘‘проценти‘‘ а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ.

Член 49 од Уставот на Република Македонија да се до – прецизира во насока дека Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеаат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.

Образложение:
Дијаспората е големо богатсво која ја има една држава така што сите придобивки кои доаѓаат од истата никогаш не се за само една етничка заедница, туку истите се одразуваат добро кон сите граѓани. Имајќи го предвид фактот дека диаспората активно учествувала во сите значајни процеси за државата и истата е неодвојив дел и секој обид да се фаворизира една етничка заедница, не е во согласност со демократските вредности за еднакост на сите граѓани, па така и на диаспората.

Член 75, параграф 3 и 4 да се пре – формулира на таков начин што на Претседателот на државата да не му се овозможува да ги блокира законите кои се усвоени по второ гласање во Собранието на РМ ( стекнува уставни  надлежности кои не му припаѓаат). По второто гласање во Собранието на Република Македонија ако Претседателот на Републиката не го потпише Указот за прогласување на законот во одреден временски рок од седум дена, тогаш Претседателот на Собранието на Република Македонија може да го потпише законот и да го упати на објавување во службен весник на РМ.

Образложение:
Свесни сме дека само во последната година Претседателот на државата во два случаеви одбил да го потпише указот за прогласување на законите иако согласно уставот беше обврзан. Со самото тоа се генерираат неповолни ситуации и институционални политички кризи, создавајки тензична политичка клима, како што е случајот со непотпишувањето на указот за законот за јазиците или указот за усвојување на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.

Со овие интервенции во овој член на уставот би се овозможило непречено функционирање на Собранието на Р.М како највисок законодавен орган во рамките на правниот систем. Убедени сме дека со корегирање, прецизирање и интервенција во предложените членови значително ќе се подобри содржината на Уставот на Република Македонија кој ќе гарантира стабилност и долгорочен мир. Тоа ќе ја отсликува општествената реалност и општественото секојдневие на Република Македонија и ќе овозможи ефикасно функционирање на државните органи, што е од исклучителна важност за една држава која се стреми за интеграција во НАТО и ЕУ“, пишува Касами.
25-10-2018, 11:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија, вели Заев за предлозите на Беса за уставни измени


30.10.2018
Нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија, вели премиерот Заев во однос на барањата на опозициската Беса за вметнување на нивните предлози за уставни амандмани, кои се однесуваат на унапредување на употребата на албанскиот јазик.

„Ги разбирам потребите на луѓето на дебата да даваат предлози, посебно креативноста на опозицијата и слично, но на крајот знам дека никој нема право и нема да направи каква било условеност на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Веројатно, нема да дозволиме ширење на Пандорина кутија, тоа го знаат сите. Редот е јас тоа да го потврдам. Парламентот е конечен, тој што одлучува, ние сме само предлагачи. Но, во рамките на сите овие работи, јас секојпат стојам на располагање да градиме  едно општество за сите, за коешто сите се залагаме“, вели Заев.




Секогаш досега кога Заев лажовот нешто негирал тоа излегувало спротивно.
30-10-2018, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Пандорината кутија отворена заедно со Уставот?!

30.10.2018
Охридскиот рамковен договор веќе е дел од Уставот, амбициите да не се ставаат пред Договорот од Преспа. Ова е реакцијата на премиерот по синоќешната изјава на вицепремиерот Бујар Османи, во Топ Tема, дека Охридскиот договор треба да стане дел од Преамбулата на Уставот како дел од конститутивните документи на државата. Заев, сепак, потврди дека за ова се разговара на ниво на потпретседатели, иако се уште не е утврден став. Вели дека, за него сега се приоритет разговорите со новата пратеничка група произлезена од ВМРО-ДПМНЕ, за понатамошна поддршка на уставните измени, а не ваквите барања.
Заев не очекува дека поради неисполнетите барања, некој ќе ја условува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.  Вицепремиерот, пак,  синоќа изјави дека Охридскиот рамковен договор треба да се прецизира во Преамбулата на Уставот бидејќи е решение за мултиетничка Македонија.
Од БЕСА и од Алијанса, бараат изедначување на македонскиот и на албанскиот народ во Преамбулата, а албанскиот јазик да стане официјален на целата територија на државата. Денеска не одговорија директно, дали нивните барања ќе бидат услов за поддршка за уставните измени. Чекаат покана за средба со премиерот.
Правните експерти кои ги консултиравме тврдат дека барањата на партиите на Албанците не треба и нема сега да бидат прифатени. Таквиот потег, велат, бара големи јавни дебати и анализи особено околу тоа, како сето ова би се одразило на Договорот со Грција?.
Нацрт-амандманите првично требаше да бидат доставени во Собранието најдоцна до 26-ти октомври, но рокот се пролонгираше. Сега се очекува до петок да бидат дефинирани и да се најдат на увид пред пратениците.  За содржината на амандманите, премиерот се консултира со тројца правни експерти, но и со својот грчки колега Алексис Ципрас. Потоа почнува собраниската процедура, во чии рамки прво ќе се отвори дебата во Уставната и Законодавно-правната комисија. Очекувањата се дека се ќе заврши до втората половина на јануари.
Далиборка Дамјанска Цветановска
30-10-2018, 08:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,792
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Ахмети го откри она кое сите го претпоставуваа: На претседателските избори ќе имаме свои услови


08.11.2018
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на гостување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат ќе побараат консензуален претседател.
На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ке го бранат.
„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.
Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседатен но се уште е рано да се збори за тоа.
„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.
08-11-2018, 01:42 PM
Reply