Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СОРОС ПО СЕ Е КЛУЧНИОТ ИГРАЧ ЗА СМЕНА НА ИМЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Каменос: Имаш 45 милиони евра тајни фондови – Коѕијас: Имам 11 милиони, а пола одат за Црквата

[Image: soros.jpg]


18.10.2018 / 12:33
Соросовата мрежа била активна и во Грција и како што објавуваат грчки медиуми во неа наводно бил фатен и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас кој вчера си поднесе оставка. Според информациите, а кои ги кажал на состанокот на владиниот кабинет, на министерот за одбрана Панос Каменос, на тајно конто на грчкото МНР Коѕијас имал на располагање 45 милиони евра, пари кои според лидерот на независни Грци (АНЕЛ) легнале од Фондациите на Џорџ Сорос.
Така сега владината криза која ја тресе Грција добива нови димензии кои  го зафаќаат и Преспанскиот договор, па може да се констатира дека Коѕијас всушност е колатерална жртва на договорот постигнат меѓу премиерите Ципрас и Заев.
Состанокот на кабинетот на Алексис Ципрас се одржа во понеделникот попладнето откако Каменос се врати од Вашингтон каде таму го претстави својот План Б за Македонија. Тој во своја одбрана кажа дека како министер има право да претставува планови дотолку повеќе што тој е убеден дека преспанскиот договор за Северна Македонија нема да помине во македонското Собрание, па од тие причини понудил алтернатива – да се постигне регионален одбранбен пакт со цел да се запре руската пенетрација и во интерес на безбедноста во регионот.
Но, Коѕијас сметал дека е тоа мешање во неговиот ресор, па го кренал гласот и почнала битката при што се поставило и прашањето за „тајните фондови“ на министрите. Инаку, Коѕијас неколкупати беше обвинет од Каменос дека Џорџ Сорос, со намера да го истурка Преспанскиот договор, финансирал политичари, бизнисмени и новинари, а од неодмна и Министерствотото за надворешни работи. Каменос пред десетина дена обвини дека и провладиниот „Журнал на уредниците“ е финансиран од Сорос, нешто што весникот го демантираше.
Дебатата за тајните фондови ја почнал Коѕијас, кој побарал од Ципрас да му реплицира на Ксменос. Првин кажал дека Планот Б на Каменос (во буквален превод неговото презиме се преведува како Изгорениот) е опасен за владата и за земјата и притоа истакнал дека „мора да има контрола на сите тајни фондови на министерствата“. Тој додал дека во 2016 година формирал комисија за да се контролираат тајните фондови и побарал такво нешто за сите други министерства. На тоа експлодирал министерот Каменос и нивната караница, според Ефимерида, траела десет минути. Во еден момент Каменос го обвинил Коѕијас дека од Сорос зел 50 милиони евра за да го истурка Преспанскиот договор, дека е инволвиран во шема за издавање визи и оти постои злоупотреба на фондовите во МНР.

[Image: Zaev-i-Cipras-potpisuvanje-na-Dogovor-Pr...40x506.jpg]

Ципрас цело време стоел настрана и не се вмешал во кавгата. Практично, како што наведуваат внатрешни извори, го пуштил Коѕијас низ вода. Го жртвувал министерот кој го брани Преспанскиот, за министер кој е против договорот. Бројките играат улога – на Ципрас ќе му требаат гласови во парламентот кога Договорот ќе дојде за ратификација, а според планираното тоа треба да биде некаде во март в година.
Извори во МНР велат дека „Коѕијас бил преплашен од нападите на Каменос дека е тој човек на Сорос и оти земал фондови, како и од други слични напади“.
Весникот „Елефтерос прес“ објавува неколку делови од контроверзата со фондовите, односно кавгата која го принуди Коѕијас да си поднесе оставка. Според весникот ова се зборовите што си ги кажале.

[Image: kodzias-800x445-640x356.jpeg]

Каменос: Министерот за надворешни работи не може мене да ме заменува и да се информира од трети страни што се случува, кога се знае дека тој користи 45 милиони евра „тајни фондови“ кои потоа ги дистрибуира.
Коѕијас: Кои 45 милиони? Јас во МНР имам 11 милиони, а 50 проценти од нив одат за Црквата. И не си ги давам себе си, туку тие се на МНР…
Другите министри сето ова го следеле со чудење и побарале дискусијата да продолжи со други прашања.
Доброинфрмирани извори велат дека Ципрас воопшто не очекувал оти прашањето за тајните фондови и за финансирањето од Сорос ќе биде отворено во владата, а најмалку од Коѕијас.
Како и да е, прашањето со тајните фондови денес треба да се најде во парламентот.

ПРЕСИНГ.МК




Мој коментар пред да го видам текстов од ПРЕСИНГ




[Image: image.png]





Quote:ОТВОРЕНО ПИСМО ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ ГОСПОДИНОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ втор дел

[Image: 71601b6fd7fc74a9f4eea8e6c1b43d35_L.jpg]

Јордан Петровски писмото почнато на 17.07 2018 завршено на 14.10.2018

Вториот дел на отвореното писмо до Вас господине Мицковски е посветен на Реформите на УБК и Реформите на Судството, најголемиот  проблем на Македонија за опстанок на Македонската држава, за нејзина демократизација , за нејзино конечно започнување на почитување на индивидуални човекови права, за започнување на еднаквост пред законот, за крај на процесот на смена Курто со Мурти и за влез во ЕУ и НАТО, поголем проблем и од проблемот со името што конечно излезе и сега по промената на името. ЕУ конечно ја  испрати вистинската фактура во која јасно ја наведе цената за влез во ЕУ!
Еве да потсетам што бара ЕУ:

Quote:Советот забележува напредок во реформската агенда и ги охрабрува сите партии да имаат континуиран дијалог и да ги продлабочат сегашните реформи, пред сѐ, во клучните области од владеењето на правото, како што се: борбата против корупцијата и организираниот криминалреформата на судствотоборбата против радикализмот и тероризмот и реформи во разузнавачките служби. Советот ги нагласува и важноста на јавната администрација која треба да биде деполитизирана и врз заслужна основа, изборните реформислободата на медиумите и зајакнувањето на надзорот над извршната власт. Тука се потенцира важноста од ефикасно спроведување на тековните и планираните реформи. 

Реформите во разузнавачките служби и во основните полуги со кои разузнавачките служби ја заробија државата, медиумите, „НВО ата“и судството се едниствено можни само со ЛУСТРАЦИЈА според Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа! Резолуции благодарејки на кои лустрациите во Источна Германија, Полска, Чешка, Латвија се покажаа успешни. А се покажаа успешни заради фактот дека е прифатен советот на ЦИА!!!

Вилијам Колби, поранешен шеф на ЦИА, на советување во Софија 1991 година, со претставници на новите посткомунистички власти во бившите комунистички држави презентирал материјал на ЦИА за тоа кој е патот за да успее демократизирањето на државите од бившите комунистички држави.

Колби навел дека за да успее демократизацијата на комунистичките држави основен услов е во корен да се сосечат тајните полции во тие држави - ШТАЗИ, СДБ, СЕКЈУРИТАТЕА итн., а тоа е единствено можно само ако припадниците на тие служби им се оневозможи полтичко или било какво друго влијание во општеството. Бидејки тие луѓе се најголемата реална опасност за реинтеграција на тие држави односно за реставрација на старите односи.  

Р. Македонија до ден денеска не се не обиде да ја спроведе овааа препорака во дело. Сите луѓе од врвот на УДБА - заедничко име за СДБ, УБК, КОС, СИД - од „осамостојувањето“ па до денеска се во врвот на власта. Дел од нив се и во образовниот сиситем и медиумите.
Новиот избор за директор е повторно човек кој според Колби не би требело во никој случај да се осмели да конкурира а не пак да биде назначен на функцијата директор на ОТА!!

Пред неколку месеци на фан страната на ВМРО ДПМНЕ Ви го напишав следново:

[Image: 15_06.png]
Бидејки одговор немаше искористив еден статус на госпоѓата Каракамишева која е член на Венецијанската комисија а и Ваш советник: 


[Image: 28_08_1.png]


Да се обидам преку госпоѓата Каракамишева да го актуелизирам моето прашање до Вас:

[Image: 28_08.png]

Но директен одговор до денеска не добив ниту од Вас, ниту од госпоѓата Каракамишева.
За тоа дека Вашето игнорирање на моите „писма“ не било случајно добив потврда вчера. Одговорот стаса со едногласно прифатениот предлог бивш човек на СДБ/УБК односно УДБа да стане директотр на ОТА, форма која говори дека ниту ДПМНЕ не размислува за суштински реформи во тајната идеолошка полиција. Суштински реформи според препораките на ЦИА!!

До ден денска на ова немам никаков одговор, можеби не сте го виделе оваа иако би требело некој Ваш соработник да Ви го даде, бидејки основен принцип за да политичар стане успешен е да не е затворен за комуникација со било кого, па и со обични луѓе како што сум јас.

Да се вратам на битното: лустрацијата. 
Бомбите покрај другото имаа за цел да го амнестираат СДСМ од злоупотребите на УБК во партиски и идеолошки цели. Никој после бомбите не говори за неуставното прислушкување за период 1991 - 1998 година, кое по обем на луѓе кои биле ДИРЕКТНО прислушкувани е скоро дест пати поголемо од оваа во бомбите. Во бомбите се оперира со бројка од 5 илјади луѓе кои биле цел на прислушкувањето.


Не знам зошто текстов не го објавив досега, можеби од потајна надеж дека ке проговорите конечно за вистинита реформа на УБК, но вашиов прес од пред некој ден јасно ми покажа дека Вие воопшто не ни помислувате да се справите со злото наречено комунизам. Вие како воопшто да не следите што се случува во САД, не ја следите битката на председателот Трамп против Длабоката држава чии творец е Џорџ Сорос. Човекот кој Македонија ја користеше како полигон каде ке го подготвува заробувањето на САД. Задвижувањето на процесот на лустрацијата според Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа ке му пружи многу докази на председателот Трамп а и на граѓаните на САД како се злоупотребувани парите на УСАИД и наместо тие пари за кои граѓаните на САД биле убедувани дека се донираат за развој на демократија и почитување на човекови права, всушност биле користени за зацврстување на тоталитарни недемократски системи. Со тоа Македонија не само што ке се ослободи од тајната идеолошка полиција туку од демократскиот свет ке добие и подршка за решение на наметнатиот спор од Грција во своја полза, поточно со враќањето на името Р. Македонија.






Лустрација не е она што спроведе Груевски - лустрација која не се ни обиде да открие за чии интереси е правен прогонот на Македонци членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ. Ке се открие кој се учествувал во плановите Македонија да не се осамсоти, да не поднесе навреме апликации за прием бо ООН, за признаваше од САД и некои земји на ЕЗ. Во откривањето за чии интереси работела СДБ/УБК ќе се отвори патот за примена на параграфот 26 од мислењето на Венецијанската комисија.


Quote:Параграф 26

Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една
прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.   

Овој параграф ке овозможи враќање на името Р. Македонија, прием под името Р. Македонија во ООН и сигурен прием во НАТО и ЕУ под името Р. Македонија. Благодарејки на промените во ЕУ кои се веке видливи, левицата заминува во историја!!


Потврда дека во партијата никој не размислува за вистинско демонтирање на тајната идеолошка полиција е колумната „ПЛАНОТ “Б”“ на Димитар Димовски кој е член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ:


Quote:Еве го и вориот дел од овој план:
ВМРО-ДПМНЕ, која ќе победи на овие избори, од истиот момент кога ќе ја формира новата Влада, ќе се посвети целосно на најбрзо исполнување на следните работи:
– Економски раст и стабилност, со отварање на нови работни места и покачување на платите во сите сектори, до ниво на просечните плати во ЕУ;
– Да го сопреме иселувањето на македонскиот народ и да создадеме услови да се вратат оние кои се отселиле;
– Реформи во правосудниот систем и владеење на правото, со апострофирање на моментот дека – Никој не е над законот. Ниту Премиер, ниту министер, судија или обвинител;
– Формирање на надпартиско и неполитичко Јавно обвинителство, кое ќе ги испита сите индиции за криминални активности и прекршувања на законите и на претходната и на сегашната власт и тоа не само извршната, туку и на судската (и на судии и на обвинители од редовното и од специјалното јавно обвинителство), но и на законодавната власт. Обвинител кој ќе покренува судски постапки, а не политички процеси;
– Постигнување на национален консензус за сите најважни прашања за државата, кој ќе го потпишаат сите политички чинители;
– Решавање на спорот за името таму каде што му е местото, во Организацијата на Обединетите Нации, со барање за почитување на сите начела и прописи на оваа организација, спогодбите кои до сега се ратификувани и пресудата на Меѓународниот суд на правдата, при изнаоѓање на решение за наметнатиот спор;
– Итно превземање за решавање на сите обврски кои ги има Република Македонија, надвор од спорот за името, за непречен влез во НАТО и Европската Унија.


Ни во оваа колумна нема збор за растурање на Тајната Идеолошка Полиција , а без растурање на Тајната Идеолошка Полиција покрај онаа што го споменав погоре ке нема да се утврди за чии интереси работела СДБ/УБК кога 2000 година, се обиде со поткуп на пратеници да ја собори легитимно избраната власт на ВМРО ДПМНЕ , таа истрага ке одведе и до тоа кој ја предизвика војната 2001  година , ке открие кој ја опструираше полицијата и АРМ да ги порази Албанските терористи. Растурањето ке одговори и на многу други прашања од тоа како загина на Јордан Мијалков, зошто беше обидот за атентат врз Андов со истата лада од која загина Ј. Мијалков , зошто беше атентатот на Глигоров, кој и зошто се обиде да исценира дека ВМРО ДПМНЕ се финсира од Бугарија, кој и зошто го иницираше расколот ..... па се до тоа кој стоеше зад 27.04.2017

Лустрацијата според Резолуциите на Советот на Европа е битна бидејки тоа е единствениот легален и легитимен начин на премостувањето на застареноста на делата и на кој никој од Европа не може да приговара бидејки тоа е нивна препорака. А и не е потребно да се носи никаков закон за лустрација, глупоста која ја наметна Андов, а беше подржан од Груевски.
Затоа мора под итно да се донесе закон за лустрација по препораките на Советот на Европа, закон базиран на Резолуцијата 1096, закон кој ке го примени целосно членот 7, член кој гласи:

Quote:„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“ 

Многу работи ке останат од мене некажани, но се надевам дека и оваа е доволно да Ве натера да поразмислите за содржинава на писмово и да ме удостоите со одговор!!
(This post was last modified: 18-10-2018, 12:19 PM by ЈорданПетровски.)
18-10-2018, 12:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:АЈЕФИМЕРИДА: Црни пари од тајните фондови на Грција биле исплаќани на медиуми во ПЈРМ


[Image: grcija-tajni-fiondovi.jpg]
19.10.2018
Околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија, објави информативниот грчки портал Ајефимерида (iefimerida).

Како што јави МИА од Атина, за конкретниот текст реагираше претседателот на грчкиот Парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.
Новинарот од Ајефимерида (iefimerida) пишува дека информациите се од 10 октомври, последниот пат кога бил известен грчкиот Парламент за тајните фондови, односно една седмица пред кавгата на Каменос и Коѕијас на владината седница.
– Според информациите, во запечатениот документ што во Парламентот го донесе специјален службеник од Министерството за надворешни работи имаше три кодови, додека пак вкупниот износ ставен на располагање изнесуваше околу 1.000.000 евра. Првиот код се однесуваше на парите распределени на медиуми во Албанија. Вториот код се однесуваше на финансирање на медиуми во поранешната југословенска Република Македонија. Третиот код се однесуваше на средства што беа распределени за поддршка на православни цркви и главно на православието, објави грчкиот портал.
На прашањата на потпретседателите на Парламентот зошто биле финансирани медиуми во Македонија и Албанија, според Ајефимерида (iefimerida), било објаснето дека тоа е „за да постојат позитивни написи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“.
Доцна синоќа, според „Ефимерида тон синдактон“, Обвинителството во Атина наредило итна истрага за објавување доверливи информации, по написот на грчкиот информативен портал.
Претходно, со соопштение реагираше кабинетот на грчкиот премиер, во кое вели дека „невидената бедност на порталот да објавува наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно ги задира националните интереси“ и обвини дека зад тоа стои Нова демократија.
– Ако господинот Мицотакис сака да се информира за тајните фондови, да побара итно средба со премиерот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас.
За објавените информации од грчкиот портал реагираше и Никос Вуцис, претседателот на грчкиот Парламент.
– Предизвикува огорченост протекувањето во медиумите на наводните „доверливи трошоци“ на МНР, но во исто време покренува и сериозни прашања за целта и стремежите на оние политичари и електронските медиуми кои ги даваат и ги објавуваат овие „вести“, вели Никос Вуцис во пишаната изјава.
19-10-2018, 11:49 AM
Reply