Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СУДИР БАЧЕВ МИЦОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ПАРТИЈАТА „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА„
 
[Image: stefan-vlahov-micov.jpg]

Почитувани македонски патриоти,
 
За почеток ќе кажам две нешта: прво, во мојот досегашен живот не сум дозволил некој да ме искористи за туѓи цели, надвор од моите идеи и интереси; второ, кога станува збор за клучни прашања, подобро е да си активен учесник во нив отколку пасивен посматрач.
 
ПРОЕКТОТ „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА“
пред и зад сцената
 
Некаде во јуни минатата година кај мене, во Институтот за национална историја, дојде и се претстави Јанко Бачев. Рече дека имал партија и сакал да ја ребрендира во насока против НАТО и ЕУ и за пријателство со Русија. Кој ги читал моите колумни во македонскиот печат од 2003 г. наваму, знае дека мојот став е ист. Потоа се видовме неколку пати со Маријан Камилоски, со поетот Ефтим Клетников и др. Му сугерирав на Бачев да ја ребрендира партијата пред локалните избори, за да го провери ефектот од промената. Не сакаше, се плашеше. Работата заврши тука.
Некаде во ноември пак се јави дека донел одлука да се ребрендира. Се заинтересирав за него и за НДМ (Народно движење за Македонија). Дознав, бил припадник на тајните служби, ги напуштил во 2002 година и веднаш создал партија, која останала сосема маргинална цели 16 години. Чесен или некадарен „удбаш“?
Знам дека сите партии во Македонија – големи и мали – се под контрола на западните служби и на нивните македонски марионети. Некои од нив: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и други, дури и се создадени од странските служби. Од друга страна, дознав дека последниве години се правени неуспешни обиди за формирање организации против НАТО и ЕУ. Ненормално е во една словенска држава како Македонија, сите постојни партии да бидат ориентирани кон Западот, иако голем дел од населението е за пријателство со Русија. Затоа прифатив да бидам заменик-претседател на ребрендираната партија под цврст услов: да имам паритетно учество во нејзината стратегија и тактика. За да нема промашувања, напишав партиската програма (делот за Евроазиската унија го подготви друг колега), која беше поделена во илјадници примероци низ Македонија.
Сепак, малку ме изненади предлогот на Бачев амблемот на Партијата да биде толку близок со тој на „Единствена Русија“. Од една страна изгледаше додворувачки, од друга (поважната за мене), можевме да бидеме искористени од западната пропаганда дека шириме руско влијание.
Во суштина, „Единствена Македонија“ мораше да биде радикална македонска партија, која сака стратешко партнерство со Русија и членство во Евроазиската унија за да ги реализира македонските национални интереси.
Затоа и во амблемот беа додадени 16-кракото сонце, лавот и црвената боја.
По ребрендирањето на 21 јануари, само за 4 месеци, Партијата создаде 62 општински комитети. Успеавме да ги донесеме во Македонија познатите Дугин и Савин (со поткрепа на наши пријатели). Во април остваривме средби во Москва и бевме пред потпишување на договор со партијата „Единствена Русија“. Но, колку повеќе што јакнеше Партијата, толку беше поголем отпорот против неа (нема друг случај за една партија во толку краток рок да се напишат стотици негативни текстови, додека фаци како Геровски, Тричковски, Спасов, како и „Гласот на Америка“, „Слободна Европа“, „Дојче веле“ и др. буквално „спиеја“ со Партијата.
Теренската дејност на Партијата практично заврши во почетокот на јуни, по новата посета на г-дин Савин, кој имаше неколку предавања во Скопје.
 
ЗАД СЦЕНАТА
 
Во суштина, идејата за создавање „проруска“ партија во Македонија е на хунтата на Заев. Целта е да се прикаже руското влијание и со тоа да се мотивира западниот притисок за НАТО, како и геноцидот врз македонскиот народ и уривањето на македонската држава. Предвреме Мицковски изјави дека Бачев е човек на Заев. Американските марионети Заев и Спасовски побарале свои марионети за нарачката од Американската амбасада.
Како веќе споменав, некои работи ми беа чудни уште од почетокот. Како човек од типот на Бачев кој се шетал на Запад, а во Русија отиде првпат во април годинава, одеднаш стана толку проруски ориентиран? Зашто, надвор од договореното, почна да објавува провокативни соопштенија од кои излегуваше дека Партијата е продолжена рака на Русија? Работите се разоткриваа чекор по чекор:
Прво, „Единствена Македонија“ стана султан-партија. И досега дури и членовите на Извршниот комитет не знаат како се финансира Партијата, какви пари се на располагање, дали седиштето на Партијата е во приватна сопственост или под наем. И ако е под наем, колку изнесува тој наем и кому му се плаќа. За тоа што ќе се прави и купува, лично решава Бачев.
Второ, во изминатите месеци се дозна дека не само во раководствата на општинските комитети, туку и во Извршниот комитет има кодоши на службите. Против нив не се презедоа мерки, независно што во мај стигна информација дека список со членовите на Партијата, дури и со пресликани пристапници за членство, се однесени во Американската амбасада.
Трето, за време на средбите во Москва Бачев се однесуваше чудно. Програмата беше средена однапред, но одеднаш побара потпишување на договор со „Единствена Русија“ и се лутеше дека тоа е неостварливо. По враќањето во Скопје, пак, стана индиферентен по тоа прашање и дури ги пратил потребните податоци (за склучување на договорот) на погрешен мејл. „Грешката“ се разоткри по повеќе од еден месец, и тоа при доаѓањето на Савин. Дотогаш им се лутеше на Русите дека доцнат со Договорот. Во почетокот на јуни, пак, се разбрза и сакаше потпишување за 10 дена. Тие контроверзии во стилот на „Заев“ се лесно сфатливи во контекстот на преговорите за договор со Грција. Целта е договорот да се потпише временски околу тој со Грција и да се прикаже „руско влијание“. Само што Русите не пасат трева и го одбија Договорот.
Четврто, кога не успеа со Договорот, хунтата на Заев замисли нова провокација. Во деновите пред капитулантскиот договор со Грција, имаше протести од страна на патриотски здруженија и граѓани. Меѓу нив беа уфрлени провокатори од службите. Затоа мојот став беше да не подлегнуваме на провокациите и ја одржував партијата до 17 јуни. Во мое отсуство, Бачев донел спротивна одлука и тој ден се истопори со македонско и руско знаме на полицискиот хермелин. Класична провокација, независно што многу неупатени македонски патриоти ја поздравија. Само што и протестантите не пасат трева и неколку денови подоцна на Бачев не му се даде можност да зборува на друг митинг. На истиот начин на 30 септември вечерта беше спречен говорот на Драган Угриновски од „Единствена Македонија“.
Петто, во месеците јуни, јули и август Партијата се трансформира во фејсбук-партија. Секојдневно по неколку соопштенија за да сме наликувале на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои го правеле истото. Намерно контроверзни акции, како таа да се бараат од Владата пари за бојкот на референдумот, иако пред тоа жестоко се критикуваше дека трошат народни пари за пропаганда. Глупави активности како желбата на Бачев да се обложува со Заев дека референдумот нема да успее итн. Меѓутоа, уште од почетокот власта започна да го хероизира Бачев за да му подигне рејтингот. Прва акција беше откажувањето да биде регистрирана Партијата со образложение дека во нејзиното име се содржи „Македонија“, иако тоа име се содржи во уште 21 регистрирани партии, вклучително и во претходната партија на Бачев. Глупав мотив, кој брзо беше коригиран, но го создаде потребниот шум со содејство и на странски медиуми. На неколу пати во медиумите Бачев се жалеше дека тој и Партијата биле прислушувани, дека сакале да го апсат итн. За прислушувањето на активисти од Партијата е точно, но во суштина целта беше хероизирање (со акцијата на 17 јуни) и самохероизирање (преку фејсбук и медиумите) на Бачев.
Шесто, хероизирањето и самохероизирањето на Бачев беше потребно за новата идеја на хунтата. Започнатото спонтано народно движење „Бојкотирам“ да мине под капата на „Единствена Македонија“. За да биде контролирано и однесено во ќор-сокак. Тоа беше најподмолната провокација, затоа што референдумот на 30 септември беше побитен од тој на 8 септември 1991. Тогаш се гласаше за осамостојување на постојна држава во рамките на југословенската федерација, а сега – за опстојување или укинување на македонскиот народ.
Со еден збор – таа диверзија мораше да се спречи. Тоа значи организациите, здруженијата, граѓаните на Македонија да дејствуваат слободно, герилски преку социјалните мрежи. Мојот став беше „Единствена Македонија“ да дејствува самостојно, како и сите останати субјекти. Секако, пред референдумот не можеше да се каже отворено за целите на владата и на Бачев. Битно беше да се ограничи неговиот простор за дејствување. Меѓутоа тој веќе се доживуваше како човек-партија. Отворете ги веб-страницата и фејсбукот на Партијата – од стотиците слики нема групна без Бачев, нема соопштение без Бачев, нема активност која не е поврзана со Бачев.
Седмо, меѓутоа Русите уште месеци пред тоа, го беа разоткриле лажното русофилство на Бачев. Но јас сакав на самото место да ги видам состојбите. За тоа ми помогна еден наш Македонец од Мелбурн. Во истото време Бачев водеше преговори за „голема коалиција против референдумот“, но во крајна линија таа се претвори во сојуз со некулку здруженија (иако помпезно беа најавени 72), па нивните членови за време на кампањата беа многу разочарани.
Мора да кажам дека во „Единствена Македонија“ членуваат многу вистински македонски патриоти, активни млади луѓе кои сакаат да се борат за македонска Македонија, но се знае пословицата дека „Рибата смрди од главата“.
Осмо, карванот „Македонија бојкотира“ на „Единствена Македонија“ беше изневера и на нашите членови, да не зборувам за македонските патриоти. Намерно беа менувани датуми на посета во градови, намерно општинските комитети не знаеја кога ќе се оди, намерно немаше соопштенија по локалните медиуми, намерно не се почитуваа часовите за доаѓање. Еден опремен автобус со написи и 30-40 луѓе во него беа шетани низ цела Македонија како муви без глави. Ставот не е мој, туку на луѓето во автобусот. Беше најавено дека ќе се посети секој град и село. Просто автобусот поминуваше низ селата беа да застанува. Во градовите, пак, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид, Прилеп итн. се застнуваше на некое место каде што се држеа говори во присуство на 5-10 случајни граѓани. Во истото време се правеа десетици слики од разни ракурси за да се прикаже посетеноста. Во Кавадарци се користеше доаѓањето на Цеца и десетиците илјади граѓани за да се слика Бачев меѓу нив. Некаде каде што немаше никаква посета (не може да ти дојдат ако не си ги поканил) дел од луѓето во автобусот ги симнуваа маиците со „Македонија бојкотира“ за да изгледаат како локални граѓани. Бачев се правдаше дека „тоа и Груевски го правеше“.
Кратко кажано, „млатевме празна слама„.А сликите и соопштенијата беа битни,затоа што македонската диаспора во Австралија поткрепи активно финансиски протестот и мораше да се прикаже дејност.Уште повеке кека фондот беше во Мелбурн и не пракаше пари,а плакаше фактури.Значи мораше да се покаже дека сме супер активни.Јас бев во автобусот само на пола од шетането низ Македонија,затоа што лошата организација носеше контраефект. Добри зборови на малите митинзи имаа претставниците на србите во Македонија,Страшко Олумчев од „Македониум„,додека говорите на Бачев беа на сите места исти и како реченици,и како интонација.Како актер кој е  наизустил текст и го повторува по 20 пати.Секој може да го види тоа во фејсбук,уште повеке дека речиси само неговите говори се објавени.
 
Неуспехот на референдумот беше дело на македонскиот народ и само на македонскиот народ.Сепак, мора да се посочат активностите на мрежата „Бојкотирам референдум“,дејноста на мали, ама многу снаодливи здруженија како „Преродба“ (кое успеа да влезе во МАНУ, да ја прекине седницата за НАТО и да наметне своја декларација), на „Македонски манифест“, кој објави како прилог на „Нова Македонија„ Македонска платформа. Во тоа време, според моите скромни сили, јас надвор од колумните правев што можам за да помогнам или да го спречам во караванот на „Единствена Македонија“.
По 30 септември Бачев целосно се разоткри како лажен русофил и истури целиот свој гнев заради потпишаниот договор меѓу организациите „Македонија и Русија“ /МИР/ и Меѓународната организација „Руско-славјанско обединение и возроздение“.Затоа што сфати дека за Русија е персона нон грата и може да оди таму ако сака само како турист.
 
СО МАКЕДОНСКАТА ПОБЕДА НА РЕФЕРЕНДУМОТ СО КОЈА СЕ ДОКАЖАВМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ,МОЈАТА РАБОТА ВО „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА„ ЗАВРШУВА. НО МОЈАТА БОРБА И БОРБАТА НА ТИЕ КОИ СТАНАА ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА ОД ПОЧИТ КОН МЕНЕ,ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА. ЗАТОА ГИ ПОВИКУВАМ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД СУЛТАН-ПАРТИЈАТА НА БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ МЕНТОРИ ЗАЕВ И СПАСОВСКИ.
ВО ДЕНЕШНОТО КЛУЧНО ВРЕМЕ МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИ, А НЕ ОД ТАКВИ КОИ ПРОПАГИРААТ ПРЕД СТУДЕНТИТЕ НАВОДНИ ВРЕДНОСТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А ИНАКУ СЕ ОБЈАВУВААТ ПРОТИВ НЕА. АКО СИ ПРОТИВ НАТО И ЕУ МОРА ДА БИДЕШ ТАКОВ И ВО МИСЛИТЕ, И ВО ГОВОРОТ, И ВО ДЕЈСТВОТО. ИСТО ТАКА И АКО СИ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО РУСИЈА. АКО ПИШУВАШ ПРОТИВ „ШИПТАРИТЕ„ ШТО БАРАШ НА НИВНИ ФОРУМИ И НА НИВНИ ТЕЛЕВИЗИИ? АКО СИ ПРОТИВ ОБСЕ,ШТО БАРАШ НА СОСТАНОЦИ СО НИВ? АКО СИ ПРОТИВ ЗАПАДОТ, ШТО БАРАШ НА ЗАПАДНИ МЕДИУМИ, КОИ ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИДЕНТИТЕТОТ И ИСТОРИЈАТА?
СЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШУВААТ КОДОШИТЕ, НАВОДНИТЕ ПАТРИОТИ И ПРЕДАВНИЦИТЕ.
 
Со почит: Стефан Влахов-Мицов
(This post was last modified: 06-10-2018, 06:21 PM by ЈорданПетровски.)
05-10-2018, 08:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Единствена Македонија го исклучи од партијата Стефан Влахов Мицов

[Image: 197.jpg]

06.10.2018
Извршниот комитет на Единствена Македонија во средата го исклучи од партијата Стефан Влахов Мицов поради докази и факти дека Влахов-Мицов дејствувал на начин кој не одговара на неговиот политички статус во партијата.
Владата на Бранко Црвенковски своевремено го назначува Влахов-Мицов на работа во Македонскиот културен центар во Софија каде имал задача по линијата на работа – македонски врховизам на македонската тајна служба да ги обработува Македонците во Пиринска Македонија.
Покасно, Влахов Мицов е префрлен во Скопје каде со потпис на тогашниот премиер Црвенковски добива на користење државен стан и вработување во буџетскта институција, а за возврат ја продолжува соработката со тајната служба.
Во периодот на ребрендирањето на Единствена Македонија, а власта уплашена од ориентацијата на партијата за сојуз со Русија која народот масовно ја прифаќа,  државната безбедност го инфилтрира Мицов во партијата со цел минирање на клучните  партиски активности, заради што е исклучен поради неколку причини:

1. По задача Влахов – Мицов се залагаше да не ги подржиме и да не излегуваме на протестите пред Собранието во месец јуни, а протестирачите како на пример, Преродба, Македониум, Македонски манифест, Светскиот македонски конгрес, поединци интелектуалци ги етикетираше со најпогрдни зборови за да биде убедлив дека нема потреба од никаква соработка и активност на партијата, да се чекало до септември кога ќе започнала Третата светска војна, но, дојде и септември и ништо не се случи. Дури, се противеше да нема ниту соопштенија и прес конференции, што значи извршувал задача партијата да биде што помалку активна.

2. По задача Влахов-Мицов беше жесток противник за формирање на Кризниот штаб „Македонија – Бојкотира„ со голем број партии и здруженија. Кога виде дека обединување е направено и Кризниот штаб е оформен, во последен момент неговите ментори го праќаат изненандно на средбата меѓу претседателот Бачев, Солза Грчева од Глас за Македонија, Љупчо Палевски од Трета партија на Македонците и Филип Петровски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ каде Мицов прави скандал и тоа во јавен локал со неконтролирана кавга со Грчева на лична основа, со цел да спречи по задача семакедонско обединување. И навистина службата успееја преку Мицов со наменската кавга. По ова, Грчева Палевски и Петровски се повлекоа од Кризниот штаб кој за волја на вистината ќе имаше поголема тежина дококу на митинзите на „Македонија-Бојкотира„ во 20-дневната кампања беа со нас Грчева, Палевски и Петровски.

3. Влахов Мицов бараше Извршниот комитет да донесе одлука за формирање на воено крило во партијата иако знаеше што се е потребно за такво нешто, но, инсистираше барем да имаме одлука и сега станува јасно дека доколку имавме таква формална одлука тајната полиција ќе имаше законска основа да го уапси целото раководство на Единствена Македонија.

4. Стефан Влахов Мицов на лице место беше фатен како по задача на тајната служба треба оперативно да покрие еден настан на претседателот Бачев во пријателска амбасада иако дури се работеше само за церемонијален настан.

5. Во текот на референдумската кампања, од Австралија дојде претставник на македонскиот бизнисмен од Австралија Илија Андонов да се запознае со кампањата и во разговорот спомна дека се надева оти парите што ги пуштиле завршија работа во кампањата, на што, зачудено му беше одговорено за какви пари зборува, по што излезе дека парите за референдумот се пуштени на банкарската сметка на Мицов оти истиот рекол наводно така било договорено. Но такви пари никојпат не дојдоа во Кризниот штаб, што значи дека Мицов проневерил и украл пари за референдумската кампања, заради што, се поставува принципеилено прашање – ако Мицов се продал и украл пари кои беа за борба за светото македонско име, односно, да спречиме референдумот да не успее, тогаш што може да се очекува од овој човек кога би бил власт и кога странските центри би му понудиле поткуп во милиони евра?!
Одлуката за исклучување на Мицов ја објавуваме по три дена, од причина што, Мицов беше присутен на Извршниот комитет при исклучувањето каде лично му беа дадени доказите и фактите за неговата дејност против партијата, по што возврати со една реченица дека и тој имал некакви докази. По ова, претседателот Бачев ја прекина седницата и побара од Мицов на следната седница на Извршниот комитет да покаже се што има, но, Мицов, наместо да донесе некакви докази вчера излезе на еден портал со некакво отворено писмо со лаги, клевети, навреди со цел да го оцрни по задача претседателот Бачев. И толку. Значи излажа, а што може да се очекува од еден кодош на службата која патем му издејстувала и Зоран Заев да ја потпише одлуката Мицов и понатаму да го користи владиниот државен стан доделен своевремено од Црвенковски и да зема плата од буџетска институција.
Како и да е, марионетската влада во Скопје ја отвори и последната карта преку соработници на тајната служба да ја ослабне Единствена Македонија. Тајната служба нема да му помогне на Заев, процесот е тргнат и ништо повеќе не може да ја сопре Единствена Македонија да ја оставри јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните за историскиот стратешки сојуз со Русија.
Место во Единствена Македонија за оние кои сакаат да имаат двојна улога, да бидат политичари и соработници на тајната служба, повеќе нема да има, Стефан Влахов Мицов е исклучен, бидејќи ние влегуваме во завршна битка со власта.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 6 октомври 2018
(This post was last modified: 06-10-2018, 06:27 PM by ЈорданПетровски.)
06-10-2018, 06:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,612
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:За лагите на кодошите Влахов-Мицов и Миленко Неделковски

[Image: 31-1024x576.jpg]

Oct
13 2018
Ми пренесоа дека кодошите Стефан Влахов Мицов врбуван од службата на материјална основа и Миленко Неделковски врбуван од службата многу одамна на компромитирачка основа, ми посветиле цела фејсбук емисија. Значи, повторно се здружиле „кучето и мачето„ иако Влахов-Мицов до скоро го нарекуваше Миленко козојебачот а овој му враќаше со ноктето со јасна алузија што мисли.
Како и да е, лагите на Миленко и Влахов-Мицов ме потсетуваат на еден епитаф – мртвите не се тепаат, но живите имаат поинаков темперамент. Всушност, Влахов-Мицов не увери во сплеткарењата и интригите на тајната служба преку свои проверени кодоши да пласира конструкции и лаги. Тајната служба ја отвора последната карта да ја оцрни Единствена Македонија и мене како нејзин претседател оти добро знаат дека доаѓа новата легална власт на Единствена Македонија.
Со презентирање на факти да ги разобличам овие диригирани полициски сплеткарења.

1.Влахов Мицов рекол дека при посетата на Москва јас сум барал на политичките средби, внимавајте добро, средби со руската служба!
Еве ги фактите: Во Москва имаше средби со лидерите на Евроазиското движење, Александар Дугин и Леонид Савин и во руската Дума со Инга Јумашева од Комитетот за надворешни работи. За какви руски служби зборува Влахов-Мицов кога имаше вообичаени политички разговори, ама по се изгледа на Влахов во главата постојано му се вртат служби оти нели потсвеста е чудна работа. Ги повикувам сите заинтересирани (новинари или обични граѓани) да дојдат во партијата, луѓето со кои разговаравме во Москва се живи и здрави, ги имам нивните телефони и лично ќе направиме разговор со нив да ги прашаме што е разговарано на средбите. Дури, тука Миленко фрлил лага дека во мај сме се претставувале како застапници на Дугин и Савин, па, нека повели да извади една таква наша изјава освен што со Савин имавме заедничка прес конфеенција по завршувањето на политичката школа што ја организираше во Скопје нашата партија под менторство на Леонид Савин. И толку! 

2.Влахов-Мицов кај Миленко си дал нереално значење дека одлуките се носеле на паритетна основа со негова согласност, дека сме ги цитирале неговите колумни и слични небулози.
Еве ги фактите: Влахов-Мицов беше само еден од повеќето членови на Извршниот комитет, а точно е дека ги кочеше сите акции на партијата, како на пример, да не се подржуваат протестите во јуни пред Собранието, да нема секојдневна реакција (соопштенија, пресови) против владините политики, да не мислиме на избори оти избори ќе нема, бидејќи руските тенкови и авиони веќе биле во Србија, па ќе тргнале накај Македонија, па да донесеме одлука за воено крило во партијата и откако му беше кажано дека партиите немаат таква можност, инсистираше да имаме барем одлука со што сега станува јасно доколку имавме одлука тајната служба ќе имаше законска основа да не испоапси.
Всушност, Влахов-Мицов цело време работел да ја оцрни идејата за Русија која народот почна да ја прифаќа на нашите средби низ државата. Нашата определба како партија беше да прикажеме еден нов модел, дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон, дека има други алтернативи, дека има сојузи во светот кои не бараат промена на името и идентитетот и сето тоа народот постепено да го осознава и апсолвира оти факт е дека ние живееме 27 години во една брутална пропаганда за НАТО и ЕУ. Наместо ова, Влахов-Мицов на средбите по комитетите и граѓаните даваше манипулативни очекувања, дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични глупости (се сеќавате, за референдумот и власта ги повтори зборовите на Влахов-Мицов со наменски информации дека во Македонија се влезени околу десет илјади од Русија и Украина).
Во однос на тоа дека биле цитирани негови колумни, на веб страната и на социјалните мрежи секој може да ги види моите и колумните на други членови на Извршниот комитет за да ги види ноторните лаги на Влахов-Мицов. Дури, неговите колумни беа голем срам за нас и за јавноста со зборови во насловите „фрлаат гомна“, „ебам иднината“, „курац у дупе и душа у рај…

3.Нова конструкција на Влахов-Мицов: Во недостиг на аргументи почнал хистерично да вреска дека не сум бил добар правник, сум имал само еден научен труд, па мојот докторат не бил добар, на што Миленко бил толку смешен што се смеел вцрвенето со лажна насмевка да даде дуг контекст иако сиротиот не ни разбирал што чита Влахов-Мицов како што и самиот не разбирал.
Еве ги фактите: Мојот магистерски и докторски труд се на теми за приемот на Македонија во Обединетите нации и како да го вратиме уставното име во ОН. Рецензиран е од врвни македонски авторитети по меѓународно право. Значи, покрај политичката, јас ја водам битката за името и на личен и научен план. Досега имам објавено преку 150 научни и стручни трудови и есеи од областа на меѓународното право и меѓународните односи, безбедноста и политиката. Од друга страна, Влахов-Мицов ме срамеше пред Дугин и Савин во Скопје кога им поколони негова книга и се претставуваше како врвен историчар, а книгата беше збирка на негови клумни. Па, јас ако ги објавам сите досегашни мои колумни ќе излезат најмалку пет книги.
Патем, еве ги фактите и за „научникот„ Влахов-Мицов. Откога службата му средува предвремен избор во научно звање наидува на страшна мина. Проф. д-р Катерина Тодоровска редовен професор и научен советник во Институтот за национална историја како член на комисијата дава негативна рецензија за квази-научникот Мицов, велејќи, цитирам: „После неколкумесечен напор да се прочитаат писанијата на Стефан Влахов Мицов, а согласно законските прописи констатирав дека неговите трудови немаат ниту значајни постигања, ниту оригинални достигнувања во историската наука, туку дека се работи за компилација која ни од далеку не е наука, а уште помалки историографија“.
Значи, Мицов да ти бил класичен измамник кој се претставува за научник. Меѓутоа, иако има негативна рецензија од член на комисијата и не ги исполнува законските критериуми, на сцена стапуваат менторите на Влахов-Мицов од тајната служба и тој експресно добива повисоко звање. Значи, скандал: од негативна рецензија до повисоко научно звање. А докторатот на Влахов-Мицов е посебна приказна, докторирал во комунистичка Бугарија на тема за бугарите каде лом ги прави Македонците.

4.Влахов-Мицов велел дека сме барале пари од Русија, дури невкусно го инволвирал и доскорешниот руски амбасадор Олег Шчербак со кого имавме прекрасна комуникација по разноразни цеременонијални поводи во интерес на македонско-руската соработка.
Еве ги фактите. При моите бројни изјави за домашни и странски медиуми, првото новинарско прашање секогаш беше има ли руски пари и руско мешање во Македонија. Доколку се погледнат моите изјави јасно кажувам дека руски пари и руско влијание се лажни приказни на власта и нивните странски ментори. Дури, секој пат потенцирав дека според македонските закони, финансирањето на партии од странски влади, странски државни органи и институции е казниво по закон и затоа се оди во затвор.

5.Влахов Мицов и Миленко во хор велеле дека ние сме реагирале со исклучување на Влахов-Мицов откако излегол со отворено писмо на порталот на Миленко.
Еве ги фактите: На седница на Извршниот комитет за исклучување на која е присутен и Влахов Мицов лично му беа предочени фактите за неговата дејност. Седницата е во ден среда. Мицов вели и јас имам документи за вас, по што јас ја прекинав седницата и му велам на Мицов на наредна седница на ИК да ги донесе документите и тој си замина. Но, Мицов, наместо да донесе некакви документи, утредента отрча кај Миленко и на неговиот портал објавува писмо полно со лаги. И толку. Значи излажа, а што може да се очекува од еден кодош на службата!?

6.Нова конструкција од Влахов-Мицов и Миленко. Јас сум одработувал за власта, а нашата 20-дневна кампања за референдумот била млатење празна слама.
Еве ги фактите: Сите говори и наши настапи на терен беа референдумот да не успее. Во 20-дневната камапања јас немав ниту една изјава за македонските телевизии. Тогаш, какво е тоа одработување кога власта ги има телевизиите!? Напротив, тие што одработуваат ги пуштаат секоја вечер на телевизии оти никој не најмува некој да одработува, а да седи дома!? Според шашавата логика на Миленко и Влахов Мицов, произлегува дека власта не плаќала жестоко да ја напаѓаме и да работиме во корист на Русија, а против НАТО, во услови кога власта е само за НАТО!? А за млатењето празна слама нека му служи на чест, оти во 20-дневната кампања од Кризниот штаб одевме дома само на спиење и на крај заедно со македонскиот народ победивме.

За крај нешто и на личен план оти според мене, ако сум се определил за политика, мора пред мојот народ и подетално да се претставам за разлика од другите политичари. Јас имав државна работа во МВР со прекрасни привилегии и плата за македонски услови. Во 2002 година излегов и ја почнав мојата политичка борба оти ја имав таа можност да ги видам предавствата во Татковинската војна во 2001 година.
Преку 15 години се борам против партиите кои 27 години лажат, крадат и ја растураат државата. Живи се Заев и Груевски, можат да посведочат дека не им прифатив коалиција, со СДСМ на парламентарните избори во 2014, и со ВМРО-ДПМЕ на локалните во 2009, 2013, 2017 и парламентарните во 2016. Општо познато е дека во нивните коалиции има по дваесетина сателитски партии чии претседатели се или пратеници или директори или било какви функционери, така што, за мене не бил предизвик функција, туку има повисоко нешто што се вика Македонија и Македонците.
Нема власт во Македонија што може да ме купи оти јас немам намера сега на оваа возраст од 52 години да ги напуштам моите идеали, дотолку повеќе, во целиот мој живот откога памтам за себе и во Југославија и во Македонија, досега не сум имал проблем за пари и егзистенција, а ќе ги немам ниту до крајот на животот, односно ги имам и повеќе отколку што треба за македонски услови. Така што, макар до крај останал вечно во опозиција, моето начело ќе биде дека треба да живееме, работиме и ако треба да умреме за Македонија оти влогот е голем – македонскиот народ и македонската држава.
Почитувани читатели, се разбира, кога ќе го читате текстот може да верувате или да не верувате на кажаното. Затоа, повикувам на најсилниот и несоборлив аргумент: Нека повелат Миленко, Влахов – Мицов и било кој друг заинтересиран да извадат се што имаат: Која функција сум ја имал кај Груевски или Заев; Кој тендер го имам добиено кај Заев или Груевски; Која донација ја имам добиено ка Груевски или Заев; Која субвенција ја имам добиено кај Груевски или Заев; Или, воопшто, која привилегија ја имам добиено. Или, да преформулирам со сиот ризик да бидам и нескромен: Нема акуелен политичар во Македонија, ОСВЕН ЈАС, кој не шетал во коалиции и кај едните – СДСМ и кај другите – ВМРО-ДПМНЕ и не добивал функции, тендери, донации, субвенции… со одработување и за Заев и за Груевски! Ова мораше да го напишам на крајот, земајќи ја предвид мојата досегашна беспрекорна 25 годишна професионална кариера без ниту една афера или дамка.
Место во Единствена Македонија за оние кои сакаат да имаат двојна улога, да бидат политичари и соработници на тајната служба, повеќе нема да има. Врз основа на изнесените факти, безпредметна е секаква понатамошна полемика со кодоши на тајната служба бидејќи ние влегуваме во завршна битка со власта.
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
13-10-2018, 09:31 PM
Reply