Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Реџеп Тајип Ердоган
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,874
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Реџеп Тајип Ердоган: Турција е спремна за војна

[Image: Image_6201250_126.jpg]

13. август 2018

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека една силна држава треба да е подготвена за секаква ситуација и во името на тоа да обезбеди траен мир.
– Тајната на успехот на државите се крие во подготвеноста за војна во секое време, ако тие сакаат мир. Ние сме подготвени со се со што располагаме, нагласи Ердоган на средба со амбасадорите во Анкара.
– Тираните на светскиот систем не може грубо да посегнуваат на нашите постигнувања, за кои сме платиле со крв, додаде тој на адреса на САД, јави ДПА.
Во истото обраќање тој рече дека државата се наоѓа под економска „опсада“ која нема ништо заедничко со економските показатели.
Тој додаде дека очекува да продлжат нападите врз турската економија. Турската лира е на нов рекорден минимум во однос на доларот (7-1).
Ердоган наведе дека акциите на САД се удар во грбот на Анкара и дека се појавува „економски терор“ што се води на социјалните медиуми, но според него „ќе има казни за сите предавници“.
(This post was last modified: 13-08-2018, 03:57 PM by ЈорданПетровски.)
13-08-2018, 03:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,874
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ТРАМП: „НАШИТЕ ОДНОСИ СО ТУРЦИЈА ВО МОМЕНТОВ НЕ СЕ ДОБРИ!“



[Image: 556202461533c16857a46ed5bfb7c21c_L.jpg]

10.06.2018
„Само што авторизирав увдојување на тарифите на челик и алуминиум кон Турција со оглед на тоа дека нивната валута, турската лира, забрзано се девалвира во однос на нашиот силен долар!“ вели изјава на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер утринава. „Тарифата на алуминиумот ќе биде 20% а на челикот 50%,“ продолжува Претседателот, за на крај да заклучи дека „Нашите односи со Турција не се добри во моментов!“






[Image: 1.jpg]






Турција неодамна го одби барањето на САД да го ослободи американскиот пастор Ендру Брансон кој од 2016 година е во затвор во таа држава под сомнение дека бил американски шпиун и дека се обидувал да ја христијанизира Турција.

Однесувањето на претседателот Трамп кон државите чии лидери се однесуваат кон него и САД без почит, како што беа случаите со Канада, Иран, и сега Турција, треба да бидат поука за македонските власти. Доколку тие искрено сакаат САД да биде на нивна страна во обидот за влез во ЕУ и НАТО, како што Заев неодамна изјави воинтервју за жолтиот печат Базфид, тогаш не е поучно да го критикува за неговиот однос кон печатот и слични работи кои Трамп ги смета за лична навреда. Ваквото однесување на Заев укажува дека неговото позирање дека договорот со Грција е склучен од искрена желба за влез во ЕУ и НАТО, можеби е само уште една манипулација на човекот кој се покажува како патолошки лажго.
(This post was last modified: 13-08-2018, 04:22 PM by ЈорданПетровски.)
13-08-2018, 04:17 PM
Reply