Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АНДОВ- ГЕОРГИЕВСКИ-ПЕТРОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

(This post was last modified: 12-11-2017, 12:33 PM by ЈорданПетровски.)
30-10-2017, 11:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: 0001.jpg]

[Image: 0001.jpg]
(This post was last modified: 30-10-2017, 11:58 PM by ЈорданПетровски.)
30-10-2017, 11:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Се јави и Љупчо да му помогне на колегата  Андов а најдобро ќе му помогне само ако ја потврди Бугарштината на ВМРО!!


[Image: 623cd828-9925-44d9-ac21-6f5a5bd53816.png][img=508x0]https://screenshots.firefoxusercontent.com/images/623cd828-9925-44d9-ac21-6f5a5bd53816.png[/img]




пс. толку сум го наплашил Љупчо што на неговиот профил не ми дозволува ниту да кометирам ниту да лајкувам!!
(This post was last modified: 11-11-2017, 02:31 PM by ЈорданПетровски.)
31-10-2017, 12:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Реакција на колумна на Стојан Андов: Богдановски работеше против ВМРО како соработник на УДБА


До „Фокус“ пристигна реакција од Јордан Петровски од Канада на текстот на Стојан Андов „Зошто Драган Богдановски беше против кратенката ВМРО во името новата партија?“ објавен во нашиот неделник бр. 1151, од 28 октомври 2017. Г. Петровски беше споменат во текстот, но бидејќи неговата реакција по својата големина значително го надминува оригиналниот текст на Андов, и поради ограничениот простор во неделникот, за да не го кратиме текстот и да овозможиме дебата и полемика, одлучивме да ја објавиме на веб-страницата на „Фокус“


11/11/2017
[Image: mkd-65166-696x522.jpg]
Неодамна на страниците на „Фокус“ Стојан Андов даде една негова верзија на македонската историја, која мора да ја побиеме доколку сакаме да излеземе од котелот на комунистичката заблуда. На почетокот на мојата реакција на текстот на г. Андов ќе укажам дека јас никогаш и никаде не сум напишал ниту пак рекол дека сум основач на ВМРО-ДПМНЕ или пак дека сум учествувал во основањето на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак сум бил нејзин член! Јас првите контакти со врвот на партијата сум ги направил на крајот на октомври 1990, после основачкото собрание на партијата во Куманово! Мојата цел во влегувањето во овие преписки е проста: да се открие вистината, зашто само на здрав темел се гради куќа што трае. Зошто се сокрива вистинската историја можеби најдобро ќе биде објаснето од овие два цитата од текстовите на Групацијата на дисиденти и ветерани:„Засега за луѓето од ВМРО-СДРМА (ПРАВДА) не можат да се најдат повеќе податоци. Тоа е од причина што ако ги изучуваме нив ќе видиме дека Македонците се нескршливи, дека за идеалот поднесувале затворања, прогонувања, преживеале голготи и тоа ќе ни биде пример за тоа какви треба и ние да бидеме.
Со години на нас ни се нудат ‘херои’ кои Службата ги скршила и ги направила свои соработници. Што мислиш зар Службата не
може да го сокрие податокот дека Драган Богдановски бил нивни соработник или за било кој друг нивни соработник? Може, но на неа и е целта, да го убие во старт градењето патриотизам во карактерот на Македонецот.“
Дека сме знаеле како ќе се однесуват комунистите од СДСМ и од ДПМНЕ, говори овој цитат од текстот објавен 2010 година „Удбашкото ДПМНЕ ја прокоцка шансата што му ја даде ВМРО Правда!!!“ и тоа на страниците на „ФОКУС:“
„Од друга страна, една група на луѓе поддржана, а по сѐ и финансирана од Груевски, се обидува основањето на ВМРО-ДПМНЕ да го врзе исклучиво за Драган Богдановски и ‘Берлинската група’. Целта е многу јасна. Утре, историчарите кога ќе ги обработуваат писмата, манифестите, декларациите, и досието на Драган Богдановски и кога нема да сретнат ни збор за ВМРО, ќе ја отфрлат тезата дека се работело за нешто сериозно и додавањето на четирите букви ‘ВМРО’ ќе биде третиранo како симболика или само пропаганден потег. Со тоа ќе се изврши најголема историска лага и ќе се документира дека немало континуитет на ВМРО и оти единствена вистина, која ете, ја докажуваат, е дека комунизмот од српска провиниенција ни даде држава: што е и основна цел на антимакедонската политика од 1943/1990 год. и до денес.“
Би сакал да му се заблагодарам на г. Андов што ме спомена во неговиот текст па така ми овозможи да реагирам на ова негово писание а ако дозволи уредништвото на „ФОКУС“ тектов да излезе на нивните страници и така го натера господинот Андов да реагира на напишаното во овој текст ќе биде драгоцен придонес кон расветлувањето на комунистичките историски лаги!
Инаку, со Дане Поповски сме правеле обиди да реагираме на текстовите кои ги пишува господинот Андов во „ФОКУС“ а се врзани за ВМРО, но безуспешно од причина што „ФОКУС“ не сакаше да објавува ништо, бидејки не сме биле споменати. Тоа што Дане Поповски бил еден од основачите на ВМРО-СДРМА (ПРАВДА) не беше доволна причина за „ФОКУС“ да отстапи простор и да им овозможи на своите читатели за првпат да ја слушнат вистината за делувањето на ВМРО после 1945 година, да ја слушнат вистината од луѓето кои за првпат од Организацијата прават обид да ја направт политичка партија, со дозвола на нејзиниот легитимен лидер, Ванчо Михајлов!
Кога човек го чита г. Андов добива впечаток дека тој бил современик на Делчев, Сандански, Александров, соборец на Михајлов, соосоновач на ВМРО-СДРМА со Смичко, Гиге, Дане, Чакра, и Мрме.
Оваа хајка за уништување на Организацијата трае одамна. Таа почнала со Софиското јануарско советување во 1904 год., кога Сандански ја извршува првата поделба во неа, продолжила 1923/4 год., кога НКВД и БКП се обиделе ВМРО да ја стават под своја 100 отсто контрола, но безуспешно, па затоа се прави обид со формирањето на ВМРО Обедината во 1925 (репризирани марифетлуци после 1991 од учениците на НКВД и неговиот клон во Југославија, УДБа, со формирањето на десетици партии со предзнакот ВМРО) да се воспостави таа контрола!
Кон крајот на 1989 две групи на стари борци за обединета, самостојна, суверена и демократска Македонија, независно една од друга, следејќи ги случувањата во светот после падот на Берлинскиот ѕид и веќе неминовниот распад на Југославија сакаат да го остварат нивниот многугодишен сон, заради кој дел од младоста го провеле во Идризово, Зеница и другите КП домови на Југославија, а зрелите години под постојан прогон од УДБа во Македонија и низ Европа, Северна и Јужна Америка.
Групата во Македонија освен идеја не прави ништо поконкретно. Свесни се дека за УДБа ќе се прелесен залак.
Групата што е во емиграција е исклучиво составена од членови на ВМРО-Правда. Овој состав е решен да оди до крај во својата заложба. За да го елиминираат најсилното оружје на УДБа, етикетата која ја им е закачена од раните денови на Титова Југославија— а за која се свесни дека УДБа повторно ќе ја употреби за да ги неутрализира — Ванчомихајловизмот — Костадин Смичковски оди на разговор кај Ванчо Михајлов. Меѓу другото, разговорот има за цел да се постигне согласност со Михајлов тој да не ја оспорува употребата на името ВМРО. Михајлов беспоговорно ги прифаќа барањата на Смичковски. За прифаќање и поддршка на идејата, пресудно кај Михајлов е што и тој е свесен зошто УДБа, за разлика од неговите еднакви, од движењата на Хрватите, Словенците, и Србите, го остава жив: за да биде „Баба Рога“ со која УДБа не само што ќе го плаши граѓанството во Македонија, туку и да биде најмоќната етикета односно кал со која ќе ги валка сите лица кои се неподобни по антимакедонскиот комунистички систем. „Деца, вие бевте и останавте Македонци,“ ќе заклучи Михајлов. „Правете, но знајте дека УДБа ќе ве попречи. Јас сум веќе престар да го менувам она што сум го тврдел за себе сиве овие години.“
Накратко ќе се навратиме подалеку во минатото за да оставиме уште едно многу важно сведочење. Имено, кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на дваесеттиот век, откако водачите на ВМРО-Правда еден по еден излегуваат од затвор и постигнуваат каква-таква консолидација на своите животи низ светот и во Македонија, заклучуваат дека ВМРО-Правда треба да згасне. Тие сметаат дека движечката сила кон македонското осамостојување повторно треба да стане ВМРО—Организацијата, која е единственото тело кое континуирано се залага за третман на Македонецот како еднаков на секој друг човек на светов. Предводниците на ПРАВДА се свесни дека доколку на чело на Организацијата остане Ванчо Михајлов, тогаш таа нема да биде успешна во својата заложба. Затоа, тие заклучуваат дека е неминовно да се постави нов водач на организацијата. Нивни избор е д-р Костадин Смичковски, човек кој долги години е во самиот врв на ВМРО, поради што Ванчо Михајлов одлично го познава. Братот на Костадин, Бранко е човекот кој се грижи за безбедноста на Михајлов.
Но, како што му е познато на секој читател, транзицијата од Михајлов до Смичковски нема да се случи иако Михајлов бил согласен со тоа да дојде до негова смена. Промената нема да дојде благодарение на дворските игри на луѓето околу Ванчо Михајлов. Тука мора да се издвои Вида Боева (сестрата на проф. Георги Боев и лична секретарка на Михајлов), чија основна грижа и задача е Ванчо да остане на чело на Организацијата, при што етикетата за пробугарскиот карактер на ВМРО би останала негибнатa. Од колкава важност за УДБа е да не дојде до промена во врвот на Организацијата зборува и фактот што луѓето на УДБа во овој период прават обид да го ликвидираат Костадин Смичковски. Смичко ќе мине цели две години во Германија сокривајќи се од џелатите на УДБа. Откако се стекнува со впечаток дека заканата по неговиот живот е мината, Смичковски се враќа во Лугано. Кратко по неговото враќање во Лугано го напаѓа чудна болест за која ниту тој, иако бил лекар, до крајот на животот не ја утврдил дијагнозата. Интересно е што истата болест го зафаќа и зетот на Анте Павелиќ со кој Костадин е многу близок пријател. Смичковски е убеден дека болеста е резултат на обид за негово труење од страна на УДБа. По долгодошно боледување од оваа мистериозна болест, д-р Костадин Смичковски конечно ја губи борбата во зимата 2012 год., но не пред да остави вредни сведочења за неговото учество во делувањето на групата од ВМРО-Правда.
Да се вратиме на случувањата од 1989/90 год. Многу бргу по средбата на Смичковски со Михајлов се случуваат два битни настани, кои по наше видување се клучните во попречувањето на македонското осамостојување, а со тоа и демократизација. Покрај другото, настаните прејасно укажуват дека Ванчо Михајлов бил под контрола, односно, опсервација на УДБа, бидејќи по средбата Михајлов – Смичковски, се појавува Драган Богдановски со идеја за формирање на Демократска партија на Македонија која ќе ја застапува Илинденската идеологија!
Драган Богдановски на почетокот на 1990 најавува формирање на Демократска партија на Македонија по иницијатива на еден академик и двајца универзитетски професори од Скопје кои тајно се среќават со него во Шведска за да му ја изложат идејата.
До ден денес не дознавме кои се двајцата професори и академикот кои биле кај Богдановски. Се надевам г. Андов, кој сугерира запознатост со историјата околу Богдановски, ќе даде одговор на ова битно прашање, односно дека ќе приложи документ од кој ќе ги осознаеме имињата и точниот датум на средбата во прашање. Јас тврдам дека се работи за лага која Богдановски се обидува да му ја „продаде“ на тогаш актуелниот претседател на ДООМ, д-р Богољуб Андоновски! Според сознанијата кои ги има групацијата, таква иницијатива и средба не постои! Од писмото кое Богдановски го упатил до д-р Андоновски се гледаат манипулациите на Богдановски. Имено, тој пишува на 3 февруари 1990, дека во Македонија веке е ФОРМИРАН Иницијативен одбор за создавање на партијата чие Основачко собрание ќе го одржи на 4 февруари 1990. Се надевам дека г. Андов и за ова ќе даде некој доказ!
[Image: 5.png]
11-11-2017, 12:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Тоа не би било ништо чудно и спорно доколку во Координативниот одбор на партијата не ги вклучува Дане Попоски и Данчо Бојковски, без да ги извести и да добие согласност од нив. Попоски и Бојковски се луѓе од врвот на ВМРО-Правда, десничари чија идеја била Македонија под протекторат на Америка. Првичното име на ВМРО Правда е ВМРО СДРМА (Слободна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка). За овој потег Богдановски за првпат ги известува двајцата во февруари 1990. Во тој разговор Поповски на Богдановски му го пренесува ставот на ВМРО дека тие го условуваат своето учество во формирањето на партијата со тоа, пред ДПМНЕ да стои ВМРО. Богдановски го одбива предлогот. Кај Драган Богдановски постои одбојност кон ВМРО. Тоа може да се заклучи и од неговите пишани работи. Тој скоро никаде не го споменува ВМРО, ниту пак се повикува на ВМРО како историска организација со заложба за изедначување на Македонците со останатите светски народи. За тоа сведочи и Дане Попоски.
Драган Богдановски иднината на Македонија и по распадот на Југославија ја гледа и понатаму со комунистичка идеологија како дел од „Обединета Советска Македонија“ или „Балканска Федерација.“

[Image: 2-2.png] 

Ова не треба да зачудува или пак да предизвика посебно изненадување. Проучувајќи ги подлабоко гледањата на Богдановски, тој по сѐ бил левичар и русофил, поточно сталинист, како што исправно забележал и Андов.
По разијдувањето меѓу Богдановски и вмровците, на 15 март 1990, тој во „Млад Борец“ го објавува Манифестот на ДПМНЕ без да направи корекција во Координативниот совет, односно, без да ги повлече Дане Попоски и Данче Бојковски. Не ги повлекува бидејќи во меѓувреме игра на друга карта—преземање на МААК. По неуспехот за преземање на МААК, Богдановски ги обновува преговорите со ВМРО и на крајот на 26 април 1990 во Царев Двор, ресенско, оди во куќата на Дане Поповски, кој доаѓа во Македонија за да се завршат преговорите и ако не се постигне договор, ВМРО-Правда да отпочне подготовки за самостоен настап.
Мојот текст ќе заличи на каша-попарата на Андов, односно нема да биде комплетен ако аргументирано не ги побијам манипулациите со кои сака Драган Богдановски да го претстави како голем и единствен вистински борец за македонската кауза.
Еве го оргиналниот, а воедно и прв документ, освен летките, кои зад себе ги оставале основачите на ВМРО-Правда. Тоа е програмата и името на партијата која носителите на континуитетот на ВМРО се подготвувале да ја регистираат. Програмата и името се правени пред да се направи разговорот со Ванчо Михајлов, а за да се задржи асоцијацијата на ВМРО, односно да се даде јасно до знаење дека ВМРО е вистинското име на партијата на ДПМ, се додава ПРАВДА!

[Image: 1-3.png]

Забележувате дека името ѝ е ДПМ ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА, името кое — каква „случајност“ — Богдановски го дал на неговата партија!
Инаку, Драган Богдановски во 1950 бил осуден за кражба, а не поради судир со југословенските власти заради определбата за создавање на македонска независна држава како што вели г. Андов!


[Image: 4.png]

Очекувам г. Андов да ја понуди пресудата со која Богдановски во 1950 во Белград е осуден како македонски националист!
Постои документ дека Богдановски воопшто не бил во Аргентина! Целта на патувањето на Богдановски во Бразил, според описот на г. Андов, има многу нелогичности! Богдановски за Бразил можел да замине најрано на почетокот на 1951. Зарем не е чудно, младо момче, веднаш по излегувањето од затвор, кое не знае друг јазик освен македонскиот и српскохрватскиот да тргне на патешествие во Бразил?
За ова интересно е сведочењето на Јоне Шикалевски, човекот кој во логорот во Грција влегол со првата група бегалци а излегол последен и кој веќе после првата година од престојот во логорот одлично го владеел англискиот јазик, станал преведувач на логорската управа, составена од американската војска. Кога воената управа веќе почнала да им дава „визи“ за заминување на логорниците тие сами избирале во која држава ќе заминат. Според сведочењето на Шикалевски излегува дека тврдењето на г. Андов оти Богдановски не можел да замине за Европа, не држи.  Богдановски во логорот доаѓа некаде во 1951 а во тој период веќе немало никакви ограничувања за избор на државата каде ќе сакал да замине секој логораш! Скоро сите логорници, откако пристигале на своите избрани дестинации му пишувале писма на Јоне, со деталите каде се, така што Шикалевски контактирал со сите кои му се јавувале.
Тука се јавуваат прашањата кои ќе си ги постави секој разумен човек: кој му ги обезбедил врските на Богдановски во Бразил и со кого; и кој му го финансирал патувањето и џепарлакот додека не се снајде во Бразил? Во Бразил имало само една група на ВМРО и тоа групата од Богданци. Значи, многу пологично е Богдановски да оди во САД, или во Европа, каде има вмровци и од Куманово и кумановско со кои би имал можност полесно да стапи во контакт.
По враќањето од Бразил, Богдановски останал во Европа. Со што се занимавал во периодот по враќањето од Бразил, па сѐ до 1961, не би коментирал бидејќи нема цврсти докази за тој период. Во 1961, во Париз Богдановски бара начин да влезе во организацијата „Лозари“. Зачестено оди во центарот за емиграција со цел да се сретне со лозарите — по сѐ првото македонско организирано движење во Европа после војната — кои дел од своето слободно време го поминувале во центарот за да им помогнат на новодојдените Македонци. До средбата доаѓа кога Богдановски започнува расправија со некои Бугари во која ја нагласува посебно својата македонска определба. Таа расправија прераснала во тепачка помеѓу Богдановски и Бугарите. Тогаш во тепачката се замешале Данче Бојковски, Петре Јовановски, водачите на Лозарите и уште некои Македонци со цел да го одбранат Богдановски. Од тој момент Богдановски заради својата јасно искажана македонска определба станал нераздвоен придружник на Данче и Петре. Чудно е што Драган дотогаш доаѓал во центарот ама никогаш не се закачал со Бугарите, кога за првпат таму биле Данче и Петре, Богдановски ја покажал својата омраза кон Бугарите!?
Документите за Драгановото кодошење на Данчета како човек кој работел за ЦИА, ги поседувам.
Драган не учествувал во формирањето на ОКМ — организација која подоцна ќе се преименува во ДООМ, па потоа во НФМ. Тој ќе се заинтересира за ОКМ откако таа ќе почне да добива на масовност кај Македонците во емиграција.

[Image: 3-1.png]

Од тој момент во ОКМ, односно во ДООМ, почнуват внатрешните кавги и расправии, а со тоа организацијата наместо да се занимава со она за што е формирана, таа е опструирана со внатрешни кавги. Еве дел од писмо на д-р Андоновски од кое јасно се гледа формата на опструирање на работењето на ДООМ. Метод на опструкција, обиди за формирање на паралелни организации, и партии кои ќе бидат применувани и после формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.


[Image: 1-2.png]

Еве дел од Службена белешка бр.1014 од 27.07.1988 г. од кој јасно се гледа соработничката улога на  Драган:

[Image: 3.png]
[Image: 2-1.png]
[Image: 1-1.png]
[Image: 2.png]

(Легенда: „Брест“ – д-р Андоновски; „Рашомон“ – Драган Богдановски)
Што била целта на СДБ се гледа од овој дел од едно писмо на д-р Андоновски упатено до Драган:

[Image: 1.png]

Заради ограничениот простор ќе се задржам само на уште еден бисер од герданот на манипулации на г. Андов, а кој е обид да се објасни од каде Богдановски добивал пари за својот живот, прашање кое сум го поставил на скоро сите подржувачи на тезата дека Драган не бил соработник на УДБа/СДБ.
11-11-2017, 12:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Господинот Андов вели: „Поради потфатите за јакнење на македонската национална свест на македонската емиграција во западните земји, Богдановски бил дури директно помаган и заштитуван од страна на македонските тајни служби, а тоа било толерирано од југословенските тајни служби. … [Д]а отпатува во некоја од европските земји каде што се надевал дека ќе развие политичка активност за отцепување на Македонија од Југославија.“
За период во кој југословенските тајни служби убиваат, апсат, судат и репресираат илјадници Македонци, и Хрвати кои се залагаат отцепување на Македонија и Хрватска од Југославија, г. Андов ни вели дека истите тие служби го заштитувале и финанскиски го помагале Богдановски и тоа со знаење на југословенската служба кон неговата наводна цел Македонија да ја отцепи од Југославија. Господине Андов немојте до толку да ја потценувате интелигенцијата на Македонците! Тајната полиција го финсирала Драган за да работи против организациите и луѓето кои работеле на идејата за обединување и осамостојување на Македонија.

Крсте Црвенковски во своите „Дневни записи“ меѓу другото запишал:
„Мене ми е познато дека Богдановски повеќе години, политички и пропагандно, дејствуваше против СРМ и СФРЈ. Тој го издаваше и беше главен автор на списанието на МОД ‘Македонска Нација’. Тој е еден од водачите на екстремното националистичко движење во странство. Но, таа организација , колку што јас можев да насетам, е повеќе чедо на ‘нашата УДБ-а’.“ („Пулс“, Скопје 28.05.1992)

На ова само ќе го додадам сведочењето на Јоне Шикалевски во кое тој, причината за киднапирањето и осудувањето на Драган ја објаснува со тоа што одредена сума на пари која тајната полиција му ја дала на Драган за да изврши плаќање на соработниците и за други активности, тој ги потрошил за себе. Ако бил навистина непријател на Југославија во време кога тајната југословенска полиција ги ликвидирала своите противници ширум светот, зар ќе ризикувала да го киднапира и да го пренесува Богдановски во Југославија? Кога ќе се погледне активноста на Богдановски во Идризово—дадов некои примери погоре—јасно е дека тој бил соработник на УДБа.
За бугарскиот „карактер“ на ВМРО кој г. Андов го докажува со приказни, ќе понудам неколку изјави на луѓе кои биле обвинувани, прогонувани и судени за бугарофилство:
Ние сме прогонувани, судени и затворани како „ванчомихајловисти-бугарофили“ или „бугараши“ во времето на апсолутна власт на србокомунистите. Заминати сме скоро сите од Македонија, некои уште на почетокот на педесеттите, некои на почетокот на седумдесеттите, некои на почетокот на осумдесеттите, некои на почетокот на новиот век. Секој од нас, ако навистина бил бугарофил како што ни стои во обвиненијата, со стапнување на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснел за Бугарин. Такви меѓу нас нема! Ние сите сме Македонци.
Се надевам, односно очекувам, г. Андов да ми посочи со име и презиме кои од луѓето од ВМРО – Правда кои избегале од Македонија кога стасале на безбедни дестинации се декларирале како Бугари. Дали ќе може г. Андов да приложи доказ за мене за моето декларирање како Бугарин откако сум дојден во Канада, оти јас сум прогонуван за соработка со БНСР?
Толкувањата за целта, и за националните чувства на водачите на ВМРО на г. Андов јасно потврдуваат дека неговите писанија се строго антимакедонски, кои за цел имаат да ја продолжат лагата која комунистите и САНУ ја сервираат од 1945 па до денес. Да се суди за нација и национални чувства, со денешни поимања за настани од пред еден век е само доказ за нечесната намера на тие што наметнуват таков суд. Секој кој се обидува да дојде до вистината — а таа е единствено во интерес на Македонците — ќе бара и ќе ги цени мислењата на луѓето кои биле современици на тие случувања и кои за тоа оставиле писмена трага.
Англичанецот Брајлсфорд кој неколку години престојува во Македонија како „незаинтересирана“ страна донел и најточен суд за бугарофилството:

„Една од последиците на брзиот економски развој на Бугарија беше, нејзината потреба од работници да охрабри бескраен бран македонски имигранти, кои поминуваа неколку месеци, или неколку години во Кнежеството и потоа се враќаа во своите села со заштеди. Овие луѓе станаа мисионери на бугарската идеја. Тие ја проширија славата на нејзината слобода, нејзиното богатство, и нејзиниот брз развој. Бројот кој оди во Србија е незначителен, и нивните вести за Србија не се многу позитивни иако за сета нејзина политичка нестабилност Србија сѐ уште претставува голема разлика од Турција. Кога уште ќе се додаде покрај сите свои примати, булгарофилските Македонци го започнаа својот прекрасно-организиран револуционерен комитет во 1893 год., српската кауза во Македонија го доживеаа својот смртоносен удар. Со тоа што го нагласуваше својот антагонизам спрема Бугарија, официјална Србија и официјално и отворено застана на страната на Турција, и ништо не можеше да биде пофатално за иднината на било која христијанска раса во Турција. Македонското селанство ќе ја поддржеше било која пропаганда која му ветуваше било каква надеж за брза слобода од отоманското ропство. И конечно, има голема разлика и во пропагандите на балканските држави. Додека Бугарија работеше за автономија на Македонија, Србија и Грција работеа на припојувањето на Македонија со нив. Резултатот е во тоа што нивните активности работат кон профит на нивната земја, додека Бугарите несомнено создаваат дух на локален Македонски патриотизам. Српското движење е чиста официјална агитација, водена и финансирана од Белград; додека и покрај симпатиите на Софија, бугарскиот Револуционерен комитет е вистинска македонска организација.“

Сведочење на Брајлсфорд за востаничкото движење:
„Востаничкото движење навистина е автохтоно македонско движење, подготвено од Македонци, предводено од Македонци, и помогнато од страсното сочувство на општото словенско население. Безмалку не постои село кое не е приклучено кон Организацијата (ВМРО). Во поголемите градови, како Монастир, има неколку поединечни Бугари кои не се активни и волни членови. Пред десет и дваесет години, кога децата во македонските училишта беа учени да ја пеат султановата химна, за пречеци на официјални посетители, тие тајно беа учени да пеат чувствителна песна, ‘слава му нему, кој и да биде, кој ќе ни е ослободител.’“

Агентот на ЦИА, Ангел Кујунџиски од Париз, на 9 мај 1949 год. поднел извештај:
„Ванче Михајлов е тежок анти-комунист и е строго анти-советски настроен. Тој отсекогаш се залагал за независна Македонија, т.е. Македонија која нема да е под јаремот ниту на Бугарија, ниту на Грција, ниту на Југославија, а особено не под јаремот на Русија. Ванче Михајлов е вистински Македонец, и јас само како таков го познавам.
Го прашав Михајлов зошто тој и неговата организација соработувале со монархистичката Влада за време на војната, кога Цар Борис вети дека Македонија ќе ја направи независна држава. Михајлов категорично негираше било каква соработка со Цар Борис од негова страна; понатаму ми рече дека кога Цар Борис и Германците предложиле тој да биде поставен на чело на независна и слободна македонска држава обединета со Бугарија, Михајлов, не само што го одбил предлогот, тој го советувал царот и неговата влада и тие да ја одбијат оваа понуда, бидејќи како и да ѐ, оваа држава би била само привремена, и би била растурена со завршувањето на војната. Михајлов ми кажа дека тој не може да го замисли формирањето на било каква независна македонска држава без претходна согласност од страна на САД. Михајлов многу директно ми рече дека ова тој не го зборува оти јас сум американски државјанин, туку ми објасни дека тој нема доверба кон Англија, и затоа што тој е убеден дека не може да се формира независна македонска држава без претходна согласност на САД. Според Михајлов, Англија има направено многу грешки во овој дел на светот, и дека таа се уште продолжува да прави грешки тука. Според Михајлов, Англија има голема недоверба кон словенските народи. Михајлов вели дека оваа недоверба е неоснована, бидејќи, иако Македонците ја имаат истата вера како Русите, тие никогаш нема да ги имаат истите принципи, и дека Македонците никогаш нема да станат Руси, исто како и што не можат да станат Бугари или Срби. Македонците ќе си останат Македонци, секогаш, дали во рамките на независна Македонија или пак под патронат на ООН или под контрола на грчката држава.“

Извадок од книгата „Херои и убијци“ од Стојан Христов, за првпат објавена во САД во 1937 година:


[Image: Untitled.png]

Конечно, во прилог на неговото извинување во „Нова Македонија“ до господата Андов, Глигоров, и Тупурковски, необјавено останало извинувањето на Драган Богдановски — дел од неговото претсмртно проштално покајание—до раководството и членството на ВМРО ДПМНЕ:

„Со ова писмо го повлекувам како невистинито сето она што го имам напишано против нашата партија особено против нејзиниот смел водач Љубчо Георгиевски. … Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски туку во србоманијата на Киро Глигоров – диктатор, наследник на српскиот диктатор Лазар Колишевски. Нека ова поздравно писмо биде сфатено како моја искрена исповед и како грижа на мојата совест. Идејно и со своето полувековно политичко минато припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ. Како вмровец сакам да умрам и да бидам испратен во гробот од мои вмровци.“

 Јордан Петровски, главен уредник на порталот kotle.ca, Заседавач на Комитетот за демократизација на Р. Македонија, и политички азилант во Канада
11-11-2017, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Георгиевски до Андов: Името ВМРО, го ставивме поради таквите како тебе кои беа симбол на југословенството! 



[Image: %D1%99%D1%83%D0%B1.-%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D...24x625.jpg]

на ноември 11, 2017

Пишува: Љубчо Георгиевски за неделникот “Фокус“
 
 
Со веќе видливиот крај и политички крах на ВМРО-ДПМНЕ, се повеќе и повеќе политичари, колумнисти, аналитичари, но и квази – експерти, кои со своите писанија излегуваат од рамките на вообичаената критика. Таа критика, секако, ВМРО-ДПМНЕ ја заслужува за периодот на последните 11 години, во кои таа партија владееше со Македонија.
Во таа заслужена критика и јас самиот многупати имам учевствувано. Се ројат текстови на споменатите категории автори во кои, не само што се бара дефинитивно расчистување со актуелната гарнитура раководители на ВМРО-ДПМНЕ, туку се алудира на што е можно подолготраен, дури и на конечен пораз на таа политичка опција.
Но, не е само тоа. Во тие текстови, за кои секојдневно сведочи јавноста, се бара и нешто што е многу подлабоко, поструктурно и посуштинско: фрлање комплетна анатема и на се што е, што било и што ќе биде ВМРО!
Значи, се бара потполно расчистување и поништување на идејата на ВМРО, расчистување со историските заслуги на партијата, па, би рекол, расчистување и умртвување и на историската идеја на ВМРО. Во таа смисла, сакам да го изнесам и сопствениот став, иако и досега, повеќепати во различни пригоди сум зборувал и сум се изјаснил за тоа. Особено кога станува збор за мојот поглед на состојбите дејствувањето на актуелната ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека на тоа имам барем малку повеќе право од многумина други, кои од различни причини и аспекти, токму сега, се навраќаат на таа тема. Се разбира, фактот дека од истите кругови ми се оспорува мојата ролја во создавањето и градењето на таа партија, моето право и во оваа пригода јавно да го изнесам својот став по тие прашања е потполно легитимно, и е, убеден сум, со поголема специфична тежина. Нека звучи и нескромно, но јас сум тој кој во современа Македонија ја воскресна идејата за и на ВМРО. И тоа, сега веќе, во далечната 1990 година.
Најнапред, неколку реченици за денешната ВМРО-ДПМНЕ, иако и досега многупати сум зборувал и сум пишувал за тоа.
 
 
ЗАБЕГУВАЊЕ ВО АНТИЧКАТА ИСТОРИЈА
 
 
Првите критики за идеолошкото застранување на актуелната ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа од левицата, туку од мене лично. Бев првиот што упати јавна критика на почетоците на антиквизацијата на македонската историја. И тоа, во самиот нејзин зародиш. Тоа своевидно забегување во античката историја што го направи раководството на денешната ВМРО-ДПМНЕ, која, како што реков, сум ја создал и безрезервно учевствував во нејзиното етаблирање на политичката сцена во Македонија, никогаш не било својствено за основната идеологија на ВМРО.
Исто така, ќе потсетам дека мојата маленкост ја упати и првата критика кон раководството и артијата во однос на се поизразените назнаки на устоличувањето на автократијата во нашето општество и воведувањето екстремно високи разно – разни казни за граѓаните и за фирмите. Тоа беше прво предупредување на јавноста и на политичката опозиција за последиците од таквото однесување на, пред се, најтесното раководство на партијата. Тоа можеби беше последица на фактот дека моите истомисленици јас паднавме први на удар, а тој удар се случуваше во време кога се поклопуваа интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Нивниот заеднички интерес, синхронизирано се отслика во тоталната екскомуникација на ВМРО- Народна партија од медиумите. Убеден сум дека ВМРО-Народна партија  и јас лично бевме потполно недостапни за јавноста од единствени причина: Моите жестоки критики кои им ги упатував на моите наследници во ВМРО-ДПМНЕ, се однесува на безрезервното отворање на македонскиот културен и духовен простор за само еден од нашите соседи – северниот. Таа “операција“ беше успешно изведена со “несебична“ помош од медиумите, кои, без исклучок, беа под нивна апсолутна контрола.
Постојат барем 30 соопштенија и мои изјави во кои денешната ВМРО-ДПМНЕ ја нарекувам “ВМРО – движење за Југославија“, со што недвосмислено го изразив својот став кон таквата политика. Затоа, веднаш да расчистам: да се зборува за денешната ВМРО-ДПМНЕ како за некаков наследник на идејата на историското ВМРО е навистина погрешна, односно промашена позиција. Денешната ВМРО-ДПМНЕ во ништо не се поклопува со партијата ВМРО-ДПМНЕ што ја создадов во 1990 година и ја предводев до 2005 година. Тоа уште помалку можеме да го ставиме во контекст на идејата на ВМРО во периодот од пред Првата светска војна и периодот меѓу двете светски војни. Или, пак, да се бара некакво подудирање со идеите на праосновачите на ВМРО.
Во дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски на чело, се издвојува левичарската историска теза „да се стави се на еден куп, тоа да се уништи, да се запали и да не остави ни една трага“, а тоа да го направат некои леви интелектуалци и политичари. Но, таа теза има еден недостаток што историјата, недвосмислено го потврдила, а идејата завршила на светското историско буниште. Затоа, таа грешка ќе биде основа на нивниот иден пораз ако опстојат на тој пат и во иднина и ако ја следат таа идеја.
 
 
ДОДАВКАТА ВМРО ВО ИМЕТО НА ПАРТИИТЕ ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА
 
 
И уште нешто. Македонската левица, одвреме – навреме, излегува во јавноста со констатација дека самите “вмровци“ најмногу и наштетуваат на идејата на ВМРО. И таа “левичарска“ идеја, често обоена во сите бои на триумфот, не е оригинална и не е нивна. И таа идеја е формулирана од мене. Во тој пакет, пред подолго време и за жал на некои современици, ја вклучив и констатацијата дека ВМРО ја оствари својата идеја за македонска државност, самостојност и независност и ако сакаме да и помогнеме на таквата Македонија и на историската идеја на ВМРО, тоа најдобро ќе го направиме ако се договориме тоа свето име да го заштитиме, со тоа што ќе и го вратиме на историјата. Реализацијата на таа моја, идеја, се разбира, подоцна прифатена од многумина и од повеќе политички опции, најбезболно и најбрзо, но и најправедно, може да ја донесат само вмровците групирани во најразлични политички партии што го носта тој предзнак, тие четири букви на македонскиот код – ВМРО.
Никако не е тоа идеја која може да им ја наметнат луѓето со лева ориентација, а пак, најголемата грешка ќе ја направат ако се обидат тоа да го направат со некој насилен закон и со гласање на мнозинството во парламентот. Тоа, едноставно, би бил насилнички чин.
Затоа, јас сум поборник и лично ја поддржувам таа идеја. Се согласувам дека ВМРО-ДПМНЕ, во овој момент, е доволно искомпромитирана партија и можеме со договор, како што веќе реков, четирите свети букви – ВМРО да и ги препуштиме на историјата.
Еве неколку зборови за тие што го бараат тоа.
Со задлабочена и суштинска негација на идејата на ВМРО денес се занимаваат многумина огорчени и партиски дефинирани колумнисти. Тие можеби имаат и право, затоа што беа единаесет години на удар и изложени на различни видови тортура на недемокрастките принципи на владеење на денешното ВМРО-ДПМНЕ. Но, не би ги именувал сите. Меѓу нив има и такви кои можат да послужат како прототип , а кои сакаат да се докажат пред сегашниот СДСМ кој ги контролира послугите на власта. Мотивите на тие поединци, групи, па дури и политички сили се различни. Во нивните мотиви, бездруго, нема да навлегувам бидејќи тоа е сосема друга приказна.
Таков прототип, или, подобро речено – егземплар, е господинот Стојан Андов. Најдиректен повод за тоа ми дадоа неговите два долги текста објавени во неделникот “Фокус“.
 
АНДОВ ДВАПАТИ ГО СПАСУВАШЕ ВМРО-ДПМНЕ
 
 
Најпрвин би се задржал на одредени биографски моменти на Андов, за кои сметам дека не би било добро да ги изоставиме. Кај него јасно ја гледам огорченоста и неговиот антимозитет кон историската идеја на ВМРО, односно на ВМРО-ДПМНЕ, на чие чело до 2003 година бев јас. Тој токму таа ВМРО ја нарекува „зло“, а јас можам да ја потсетам јавноста дека господинот Андов на двапати со своите политички одлуки многу и помогна на истата таа ВМРО. Првиот пат тоа беше кога преку Змејковски и Стојменов во 2000 година, СДСМ се обиде да направи пуч против власта на ВМРО „купувајќи“ петмина пратеници на ВМРО. Во тој момент на помош ни притекна Либералната партија, а нејзин претседател беше тој. На тој начин, значи со негова директна помош, власта од 2000 година до 2002 година ја задржавме и ја споделувавме со него, а тој беше претседател на македонскиот законодавен дом.
Така, од четирите години во кои јас ја предводев Владата на Република Македонија, последните две бевме со Стојан Андов. За неговото однесување и соработката со него, секогаш сум имал убави зборови. Особено во времето на воената криза. Мислам дека и тој, барем досега, истото тоа го споделуваше од своја страна. Таа наша соработка ја крунисавме со тоа што на познатиот 15 септември 2002 година излеговме во заедничка коалиција на парламентарните избори и заедно ги изгубивме. Овде, ќе потсетам дека во 2006 година, кога ВМРО-Народна партија се оддели од ВМРО-ДПМНЕ, повторно му понудив да влезе во коалиција со нас, а тој љубезно ме одби и ми кажа дека избрал да оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски.
Во тој меѓупериод, Андов промовираше една своја книга во која имаше една своја книга во која имаше напишано некои негативни оценки за Јордан Мијалков, министер за внатрешни работи во првата македонска влада и вујко на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Новиот лидер Груевски им забрани на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се појават на промоцијата на таа книга на Андов. Така, на таа промоција од сите можни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се појавив само јас, што беше многу индикативен настан за демократскиот капацитет на новиот лидер кој од мене го презеде кормилото на ВМРО-ДПМНЕ.
Поентата од овој пример ми е дека Стојан Андов е во основата на зајакнувањето на груевизмот. Тој, подоцна, во 2008 година, му даде уште една таква поддршка. Во својата колумна, Андов вели вака: „Љубчо Георгиевски борејќи се за независноста на Македонија главно ги прифаќаше идеите на ВМРО, но животот е многу строг учител. Тој колку што предупредуваше во кариерата, толку повеќе се оддалечуваше од идеите на ВМРО и фактички својата политичка кариера ја заврши во оној момент откако раскина со идеите на ВМРО. Тие идеи потоа ги приграби Груевски. И ете видовме какво зло можат да му донесат посебно на македонскиот народ.
 
Претпоставувам дека оваа реченица е точната дефиниција што се поклопува со биографските и политичките факти на Андов, односно со неговото коалицирање со мене додека сум бил “вмровец“, а потоа, откако јас сум ги напуштил тие идеи, следува неговата коалиција со господинот Груевски, затоа што од тој момент, тој бил вистинскиот “вмровец“.
Тоа е накратко за колаборацијата (коалицијата???) на Стојан Андов со “злите“ вмровци. Денес тој е веќе огорчен и јасно деклариран антивмровец.
Сега малку за неговите тези во споменатите текстови што ги објави во неделникот „Фокус“.
 
 
ДАЛИ АНДОВ МУ СЕ ДОДВОРУВА НА СДСМ?
 
 
Во првиот дел на својот фељтон за ВМРО, Андов влегува длабоко во историјата од пред Санстефанска Бугарија, па до Втората светска војна. Во таа смисла, Андов и експлицитно и имплицитно ни “соопштува“, дека од својот почеток на 23 октомври 189 година, ВМРО е концепт на бугарската идеја за Македонија. И таа приказна ја тера се до појавата на ВМРО – Обединета, зборувајќи за бугарскиот концепт на сите видови ВМРО од нејзиното раѓање. Тоа значи дека ги опфаќа сите светли и свети имиња на ВМРО. Читајќи го текстот, во еден момент се најдов во дилема: што сака да ни каже авторот?
Дали сака да му се додвори на СДСМ и да му даде дополнителни аргументи и поддршка во контекст на најновиот договор за добрососедство со Бугарија, или конечно сака да ни соопшти, дека по многу години илузија и лаги на југословенската комунистичка истографија, дефинитивно сака да проговори за темните места на нашата, македонска историја? Можеби, пак, сака, едноставно да го демонстрира своето познавање на историјата на ВМРО, што за жал, денешните раководители на ВМРО-ДПМНЕ не го поседуваат?
Сепак, препрочитувајќи го вториот дел, на текстот, кога авторот пресвртницата ја прави со ВМРО – Обединета, не можам, а да не заклучам дека Андов во првиот дел во сопствениот текст уште еднаш го демонстрира својот концепт на омраза против историската, реалната вистина, а, воедно, и единствената вистина за нашата, македонската историја.
Во секој случај, ваквото експлицитно и имплицитно прозивањето на историското ВМРО како бугарска идеја и бугарска концепција на Македонија, мислам дека Андов ќе мора многу повеќе да им го објасни на сопствениот круг истомисленици отколку на оние од другата страна на реалната идеолошка матрица.
Конечно, преседанот што всушност не е никаков преседан, затоа што тоа е старата матрица што ја знаеме од Титова Југославија, доаѓа во моментот кога Андов ни соопштува дека ВМРО – Обединета е таа со која реално почнува процесот на македонската нација. Исто така, во текстот ни објаснува дека Тодор Александров, всушност, го раскинува Мајскиот договор затоа што не можел да прифати дека Македонците се посебна нација и оди понатаму велејќи: „Од тој момент течат два процеси на ВМРО, едниот бил процес на истребување на секој од ВМРО кој давал знаци на убедување дека Македонците се посебен народ и имаат различна националност со Бугарите“.
 Неспоменатите светли и свети иминја на ВМРО - Обединета Повторно доаѓаме до фактот дека Андов, за жал, не се помрднал ни за милиметар во својот поглед на македонската историографија и на македонската историја. И повторно ги поткопува раните кои навидум мислевме дека се затворени. Па, кога сме кај ВМРО - Обединета, би сакал, дополнително да го поставам прашањето на Андов и на сличните како него. Ако ВМРО - Обединета е светлата точка на македонската историја, како тоа во комунистичка Југославија, освен името на Димитар Влахов, не се споменува ниту едно друго име од истата таа организација ? Го повикувам господинот Андов да ги најде биографиите на десетте најактивни раководители на ВМРО - Обединета. А јас само ке му кажам дека за осумдесет проценти од нив, односно за нивните имиња, воопшто немаме слушнато во Македонија. Меѓутоа, многу поинтересни се биографиите на неспоменатите, а прашањето е : како завршиле идеолошки и национално светлите имиња на Обединетите за Македонија ? Уште еднаш сакам да го прашам Андов : како таа единствена светла точка на македонската историографија, во 1941 година, во името на македонската Комунистичка партија, неспоменуваните донесоа едногласна одлука македонската Комунистичка партија да се отцепи од Комунистичката партија на Југославија и да се припои кон Бугарската комунистичка партија ? Како тоа после промената на Методија Шаторов - Шарло и доаѓањето на Бане Андреев, шаторовизмот и понатаму продолжува да биде политика и на второто раководство на македонската комунистичка партија ? И конечно, кога Андов и левичарите од негов тип ке престанат да се занимаваат со личностите и настаните поврзани со ВМРО, ами ке се свртат кон бугарофилите од сопствената комунистичка партија? Притоа, да не заборавиме дека ВМРО - Обединета е создадена со одлука на Бугарската комунистичка партија и е распуштена со одлука на Бугарската комунистичка партија. Кога наследниците на довчерашните комунисти, а денес знаменосци на демократизацијата на македонското општество ке успеат да најдат сили да направат рехабилитација на своето раководство кое 1945 година беше ликвидирано, уништено и затворено во рамките на Југославија? И кога ке престанат да мистифицираат дека тие се наследниците на Ченто, Шатев, Брашнаров ...? Сите тие прашанја му ги поставувам на Андов. Зошто? Затоа што Андов е дел од наследниците кои ги затвараа и уништија тие наши, македонски комунисти! И на крајот, во текстот на Андов има една банална работа. Тој две цели страници, скапоцен новински простор, троши за една информација : Богдановски не се согласил со името ВМРО и прави мистификација од тоа. Точно е дека јас и Змејковски му ја дадовме идејата на Богдановски да го стави името ВМРО, а дека тој нешто посебно се спротивставувал на тоа е шпекулација, отколку мотив да се напише колумна, односно толку долг текст. Андов посветува голем дел во својот текст на прашанјето : зошто било потребно во 1990 година да се стави името ВМРО? Господине Андов, еве ке ви одговорам. Името ВМРО го ставивме поради таквите како тебе. Затоа што ти во таа 1991 година, партијата која ја водеше, ти се викаше Реформски сили на Југославија, затоа што беше еден од поголемите симболи на југословенството. И, треба да знаеш, секогаш кога зборувавме за Киро Глигоров како за голем Југословен и тебе те стававме во тој пакет, рамо до рамо со него. А такви како тебе имаше многу во тоа време и токму на таквите луге, сакавме да им создадеме една експлозија во главата за да сфатат дека имало идеја за самостојна и независна Македонија. Нема никаква друга мотивација, никаква друга мистификација. Жал ми е што и после толку многу години не успеавте тоа да го разберете !
(This post was last modified: 12-11-2017, 12:32 PM by ЈорданПетровски.)
12-11-2017, 12:28 PM
Reply