Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ПО СТАПКИТЕ НА ЗАЕВ, НЕ ГИ ПРИЗНАВА ИЗБОРИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Покрај тоа што не ги признаваме овие избори за фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ бара итно враќање на демократијата и достоинството во земјата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и посочи 7 барања

[Image: izjava111-gruevski-640x289.jpg]



Бараме:
1.Организирање на предвремени парламентрани избори согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на исти начин како што беа организирани парламентарните избори на 11 декември 2016 година. Ајде Заев ако си толку силен и јак, да одиме на избори. Ако ние можевме да спроведеме избори по овој модел, најмалку што можеш е и ти да се согласиш да одиме на избори по истиот тој модел.
2.Итна смена на директорот на Агенцијата за аудиовизулени и медиумски услуги, и избор на директор на оваа значајна институција по предлог на опозицијата.
3.Оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, враќање на старото законско решение и избор на претседател на ДИК од редовите на опозицијата, бидејки под плаштот на независен експерт, всушност се инсталираше личност која не работеше правично и чесно, туку по инструкции на друг.
4.Итна истрага и вештачење со наше учество на уредите за прислушкување на УБК, заради основано сомнение дека полицијата врши прислушкување на најмалку 100 лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
5.Итно и без пролонгирање завршување на судењето за случајот Поткуп, во кој Заев на очиглед на целата јавност бара мито во висина од 200 илјади вера.
6.Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување на изборните нерегуларности од изборите во 2016 и изборите во 2017 година, како и на злоупотребата на целокупниот државен апарат во изборни цели за изборите во 2017 година.
7.Откако се виде дека масовно се ослободуваат сторители на тешки кривични дела, бараме итно ослободување на лицата кои се во притвор и прекинување на процесите против сите граѓани за случувањата на 27 април 2017 година, рече Груевски и додаде:
„Ајде да видиме кој е за демократија, правда и слобода а кој не е. Кој е силен, а кој не е силен. Кој е во право а кој не е во право. Ако Заев има барем минимум доблест и човечко достоинство треба веднаш и без одлагање да ги прифати сите овие 7 точки. Подаваме рака пред да е предоцна. Македонија оди во лош правец, а хунтата на Заев ја турка во опасно сценарио, сериозни ризици и големи опасности“.
Ова не е новина, додаде Груевски, нам, на ВМРО-ДПМНЕ ваков изборен грабеж и вакви изборни нерегуларности, ваков терор ни се случи и на изборите во 2004 година, кога беше украдена демократијата а изборите беа фалсификувани. „После тој изборено насилство во 2004 година, ВМРО-ДПМНЕ ја освои огромната доверба на народот и во 2006 година победи на парламентарните избори! Оваа денешна битка, битка за Македонија, тукушто почна. Времињата ќе се променат, Македонија мора да победи“.


Предоцна Груевски !! Само   Da_ne_si_lud  Da_ne_si_lud го прави овој чекор сега после вториот круг.
29-10-2017, 10:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



30-10-2017, 12:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Заев прогласи голема победа, побара од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспитаат одлуката за непризнавање на изборите


[Image: zaev-696x408.jpg]

29/10/2017
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прогласи голема победа низ цела Македонија.
– Им честитам на сите граѓани за денот на демократијата. На денешниот втор круг, граѓаните ја потврдија победата и се определија за поквалитетен живот за сите. Уште од вечерва ја продолжуваме акцијата за живот во Македонија. Зборот е збор. Ние нашиот збор го дадовме. Не смее да има еуфорија, завршуваат прославите вечерва, од утре почнуваме со работа. Ги повикувам и ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат својот став за непризнавање на изборите. Ги разбирам емоциите на раководството за таквата одлука и апелирам во прв план да ги стават интересите на граѓаните – истакна Заев.
(This post was last modified: 30-10-2017, 04:47 AM by ЈорданПетровски.)
30-10-2017, 04:46 AM
Reply