Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТРАЕКТОРИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЈО го осомничи „дил ориентед“ тимот Груевски, Јанакиески и Пешевски

 
Маја Јовановска мај 22, 2017
Поранешниот премиер Никола Груевски е првоосомничен во случајот „Траекторија“ што денеска го објави Специјалното јавно обвинителство. Тој заедно со уште тројца поранешни високи владини функционери го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра, при изборот на кинеската компанија која ги градеше автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Освен Груевски, осомничени во случајот се и екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, како и уште еден бивши функционер.

[Image: 18698762_10155270384578267_951420357_o-300x163.png]

Станува збор за изборот на кинеската компанија „Синохидро“. Како што соопшти обвинителката Фатиме Фетаи, четворицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, односно местење на тендерот за изградба на двете делници, со цел „Синохидро“ да ја добие зделката.
Целата ујдурма според доказите на СЈО се одвивала во втората половина на 2012 и текот на 2013. Главен „мозок“ на „Траекторија“ бил Груевски, кој ги давал насоките на останатите осомничени.





„Осомничените изборот на изведувач требало да го направат според македонското законодавтсво, а потоа целата проектна документација да ја достават до Кина, односно до сите компании кои се квалификувани за вакви проекти. Но, тие тоа не го сториле. Туку документацијата ја доставиле само до две кинески компании. Во јануари 2013 година тројцата осомничени, поттикнати од првоосомничениот, иако биле доставени две понуди од компании од Кина, воделе преговори само со една компанија. Втората компанија дополнително доставила пониска понуда од фаворизирана фирма, но ваквата понуда осомничените ја скриле и не ја евидентирале никаде и парафрирале договор со компанијата која имала повисока понуда“.

[Image: 18624497_10155270205293267_753234267_n-300x187.png]

„Дил ориентед“ 

Во прислушувани материјали беа објавени разговори меѓу екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески како договараат кинеска компанија да ги гради автопатите на исток и на запад.
Според објавените телефонски разговори, се договара провизија од 5 проценти или 25 милиони евра и иако во план било да се изберат две фирми, потоа се одбира само кинеската компанија да ги гради двата автопати Миладиновци –Штип и Кичево-Охрид.

[Image: Gruevski-temeli-300x300.jpg]

Разговор меѓу Груевски и Јанакиески

НГ: Кажи ми сега за овие жутиве, каква е динамиката? Кога они доаѓаат, кога поднесуваат и кога се преговорите?
МЈ: Значи, на 29-ти во 10 им е кажано, може да го пролонгираме. Начелно тогаш им е кажано дека треба да достават понуда.
НГ: Да не го пролонгираме, а?… За ова ти колку предлагаш?
МЈ: 5 на целото.
НГ: Што 5 на целото? МЈ: 5%.
НГ: Не, не у точен износ колку?
МЈ: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.
НГ: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?
МЈ: Па…тие го спомнаа тоа, и генерално си е океј вака тоа. 5 на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.
НГ: Ќе ти прифатат толку?
МЈ: Ако му кажиме ќе прифатат, да, не е тоа ништо. И на другото е толку.
НГ: Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството.
МЈ: Еве ја одев по некоја аналогија од претходното…
Кога СДСМ ги објави разговорите, владејачката ВМРО ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и соопштија дека целиот процес за избор на компанијата за изградба на двете делници се одвивал на највисоко професионално ниво. За договорот за изградба на патиштата се изготви посебен Закон за изградба на двата автопатишта Владата зема кредит од 580 милиони евра од кинеската „Ексим банка“, со рок на  отплата од 20 години, пет години грејс период и 2 % каматна стапка. Владата со пари од буџетот учествува со 10 отсто.





Изградбата на автопатиштата беше најавена на голема врата како најкрупен инфраструктурен проект. Договорот за изградба со кинеската компанија „Синохидро“ се реализираше со посебен Закон што во 2013 -та година се изгласа во Собранието. Кога се носеше законот за договорот за изградба на автопатите, пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе гласаат за законот и оти генерално даваат поддршка за изградбата на патиштата, но ги критикуваа цените за изградба на километар автопат и поволностите дадени за компаниите кои ќе ги градат. Тогаш опозицијата обвини  дека проектот е коруптивен и оти Владата неколкупати нелогично го зголемила износот на инвестицијата за автопатиштата.

Која е Синохидро?

„Синохидро“ е компанија која има градежни проекти низ цел свет, особено во Африка, Азија, Европа и Јужна Америка. Се јавува како  директен изведувач или учествува во проектирање на хидроцентрали, брани, патишта, аеродроми, пристаништа, згради. Но и покрај бројните проекти, Синохидро во светот ја пратат низа контровезрии.

[Image: mkd-15254-300x178.jpg]

Така според пишувањата на странските медиуми, “кинезите се омилени инвеститори на корумпирани владини функционери затоа што нивните инвестиции доаѓаат со многу малку услови за теми како етика, еколошка заштита, корупција, владеење на правото“ изјави за „Зимбабве индипендент“ во февруари лани економскиот експерт Максвел Саунгвеме. Во 2014 година токму оваа компанија како што пренесуваат странските медиуми за бизнис зделка во Пакистан,  била под суспензија од Светска банка поради сомнеж за корупција.
22-05-2017, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Попоски: Случаите што ги отвори СЈО против ВМРО-ДПМНЕ се уште еден доказ дека се работи за обични извршители на Заев и на СДС

22.05.2017 16:11

[Image: poposki-1.png]

Случајот што СЈО го нарече „Траекторија“ е уште еден доказ дека се работи за обични извршители на Зоран Заев и на СДС и тоа е уште еден политички предмет. Целиот случај е базиран врз измислени работи, првата работа со која се обидува да се криеира случај е наводно предизвикување материјална штета од 155 милиони евра, штета не постои, а целта на ваквата комуникација е да се привлече вниманието на јавноста, истакна Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Се работи за капитален проект од кои имаат корист сите граѓани на Република Македонија, втората лага која е изнесена денес од страна на СЈО е дека не бил применет законот за јавни набавки. Во овој случај фактите велат дека Собранието уште во 2013-та година донесе закон за реализација на ифрастуктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Штип врз основа законот на ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу владата на Македонија и владата на Кина. Овој закон за реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на законот за јавни набавки и за овој закон би нагласиле дека расправаа и гласаа и пратениците на СДС и пратениците на ДУИ, рече Попоски.
Тој вели дека во третиот случај СЈО ги обвинува дека се разговарало само со една компанија и дека не била избрана најниската цена.
-Вистината е следна, склучени се меморандуми со две компании и тоа двете компании доставиле свои понуди и во 2013 е одбрана најниската понуда, би повториле дека се работи за политичка мотивација и истото ќе биде докажано во понатамошната постапка, вели Попоски.
22-05-2017, 07:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Судот затрупан со приговори - Груевски вели дека судот работи под политички притисок


14.02.2018
[Image: 189429.jpg]

Повторно беше одложено судењето за случајот „Траекторија“, бидејќи и по одбиените приговори и по паузата која судијата ја даде за да одлучи за денешните приговори на одбраната кои исто така беа одбиени, адвокатите на обвинетите, но и поранешниот премиер Никола Груевски продолжија да изнесуваат нови приговори. Иако судот го одби барањето за отфрлање на бомбите и смс пораките како доказ Груевски во своето обраќање до судијата повторно побара смс пораките да не бидат доказ, бидејќи како што вели ваквите електронски записи е лесно да се манипулираат и менуваат со цел да им се стави вина на нив како обвинети. За Груевские спорен е и начинот на кој се прибавени смс пораките и изрази сомнеж дека тие може да биле менувани во времето додека биле во сопственост на СДСМ која е жесток политички потивник и преку невистини сака да ни јан урне репутацијата за политички цели, рече Груевски.
Тој дури рече и дека и судот работи под политички притисок на што судијата реагираше и ги замоли обвинетите да не се служат со такви квалификации.
Следното рочиште е закажано за први март.
14-02-2018, 02:10 PM
Reply