Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"ТЕНК" И "ТАРИФА" НОВИ ИСТРАГИ НА СЈО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЈО отвори две нови истраги: „Тарифа“ и „Тенк“


24/01/2017

[Image: sjo191919-47479-696x465.jpg]
Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отворило две нови истражни постапки со имиња „Тарифа“ и „Тенк“.
Со наредбата за спроведување на истражната постапка во случајот „Тарифа“ опфатени се седум лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.
Во конкретниот случај постои основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра.
Со наредбата за спроведување на истражната постапка во случајот „Тенк“ опфатени се две лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член за дејствија случени во периодот од февруари 2012 година до крајот на октомври 2012 година.
Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип
24-01-2017, 03:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СЈО отвори две нови истраги – „Тарифа“ и „Тенк“


24 јануари, 2017
 

[Image: 20122515-B417-4B29-866A-7E8F02E189C2_w987_r1_s.jpg]

Специјалното Јавно обвинителство денеска преку соопштение ја извести јавноста дека отвори две нови истраги „Тарифа“ и „Тенк“ кои се однесуваат на сомнителен тендер за набавка во ЕЛЕМ и нарачката на поранешниот премиер за купување на автомобил „мерцедес“. Во двете истраги се осомничени вкупно девет лица меѓу кои се двајца поранешни директори на ЕЛЕМ и поранешниот министер за внатрешни работи.
Во „Тарифа“ станува збор за набавка на софтвер за потребите на ЕЛЕМ вреден над четири милиони евра. Софтверот бил набавен преку фирма од Унгарија. Истрагата на СЈО покажала дека набавениот систем во значителен дел не е имплементиран, иако до сега билеисплатени 3,7 милиони евра, а согласно Договорот за јавна набавка, системот требало да се имплементира до февруари 2013 година.
„Постои основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра.Дел од осомничените неосновано одобриле исплати на парични средства на име лиценци за одржување на софтверот кој не бил имплементиран, со што причиниле штета во износ од 456.560 евра“ стои во соопштението на СЈО.
Во овој случај се осомничени седум лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.
Во случајот „Тенк“ истражителите утврдиле дека поранешниот министер за внатрешни работи и уште едно осомничено лице составиле тендер со кој фаворизирале фирма само за да можат да купат автомобил каков што побарал поранешниот премиер.
„Со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип.Во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството, било постапено спротивно на член 36 од Законот за јавните набавки и во тендерската документација имало повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки со цел фаворизирање на определен економски оператор, без да биде наведено дека можат да се дадат и понуди со други спецификации кои се еквивалентни на наведените во тендерската документација“, тврдат од СЈО.
Вредноста на купениот луксузен „мерцдес“ е 572 илјади евра а двајцата осомничени ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Засега од Обвинителството нема најави дали ќе бараат било какви мерки на претпазливост за осомничените во овие две нови истраги.
24-01-2017, 03:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Јанкулоска на Фејсбук: „Тенк“ е измислена истрага без аргументи
 
[Image: 15203387_10153905130391682_2476264430711...40x437.jpg]
фото: Фејсбук


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е првоосомничена во најновиот случај на СЈО – „Тенк“, преку Фејсбук се огласи со реакција. Таа вели дека истрагата за набавката на луксузниот Мерцедес на експремиерот Никола Груевски е измислена истрага без аргументи.


Quote:„Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи. Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции. СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО“, напиша Јанкулоска на својот Фејсбук профил.


Според истрагата на СЈО, дејствијата за набавка на „Мерцедесот“ вреден 572.000 евра, се случувале од февруари до октомври 2012 година. Јанкулоска, заедно со уште едно лице вработено во МВР, наместиле тендер така што фаворизирале определена фирма за да можат од неа да го купат автомобилот и да му ја исполнат желбата на Груевски.
25-01-2017, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(25-01-2017, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Јанкулоска на Фејсбук: „Тенк“ е измислена истрага без аргументи
 
[Image: 15203387_10153905130391682_2476264430711...40x437.jpg]
фото: Фејсбук


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е првоосомничена во најновиот случај на СЈО – „Тенк“, преку Фејсбук се огласи со реакција. Таа вели дека истрагата за набавката на луксузниот Мерцедес на експремиерот Никола Груевски е измислена истрага без аргументи.


Quote:„Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи. Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции. СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО“, напиша Јанкулоска на својот Фејсбук профил.


Според истрагата на СЈО, дејствијата за набавка на „Мерцедесот“ вреден 572.000 евра, се случувале од февруари до октомври 2012 година. Јанкулоска, заедно со уште едно лице вработено во МВР, наместиле тендер така што фаворизирале определена фирма за да можат од неа да го купат автомобилот и да му ја исполнат желбата на Груевски.







26-01-2017, 03:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Груевски: Како може да бидам обвинет зашто сум сакал да се возам со блиндирано возило?

Како може некој да биде обвинет за сакање? Сум сакал да набавам возило, сум сакал да се возам во блиндирано возило и сакам да прашам во какво возило треба да се возат лица што се под висок ризик, праша Никола Груевски на денешното рочиште за случајот „Тенк“. 


16.02.2018
Неговата одбрана, како и тој и Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски не сакаа да дадат воведни говори и рекоа дека тоа нема да го сторат се додека не им бидат дадени правата кои им следувале со закон.
На поговорката на обвинителката Ленче Ристоска дека на човек со сила може да му земете а не да му дадете, Груевски одговори дека овде во судот важело правилото „кадија те тужи, кадија те суди“.
Груевски нагласи дека разбрал дека единствен доказ против него се таканаречените снимки кои досега не ги добиле. Во расправија со судијката Добрила Кацарска, Груевски освен за опомените влезе и во делот кога беше прашан дали го разбира обвинението за случајот Тенк.
„Го прочитав обвинението, знам што пишува во него, но тоа е нејасно и не може да се извлече заклучок за што сум обвинет. СЈО вели обвинет сум дека сум сакал да се возам во блиндирано возило, па не ми е јасно како можам да бидам обвинет за сакање“, рече Груевски.
Судијката Кацарска му појасни дека законот и налага и нејзина должност е да му го појасни обвинението ако тој не го разбира. Груевски кратко и одговори: „Тоа е ваша одлука“.
На прашањето дали чувствуваат вина за обвинението за Тенк обвинетите Јанкулоска, Поповски и Груевски одговорија „не“. Груевски додаде дека не сторил ништо противзаконско. Тој се пожали дека судот на сила ја води постапката за случајот Тенк а искоментира и дека судот е партиски. По ова доби опомена од судијката Кацарска, а опоменат беше и кога стана за воведен говор пред судот и кога во едната рака држеше лист од кој што читаше, а другата рака му беше ставена в џеб. Судијката Кацарска му нагласи дека треба да го почитува судот и додека зборува рацете не треба да му бидат в џеб.
Обвинетиот поранешен заменик министер во МВР, Поповски, наместо воведен говор, пред судот обвини дека во оваа постапка постоеле два тима кои не биле рамноправни. На едниот тим, како што рече Поповски, му се укажувало дали теренот бил натопен со вода, дали ќе се играло под рефлектори, дали на природна или вештачка трева, а другиот тим ги немал овие податоци. И Јанкулоска, наместо воведен говор, обвини дека и се скратени правата кои таа ги има и дека не е во состојба да даде воведен говор поради тоа што грубо и биле прекршени правата.
Специјалното јавно обвинителство во воведен говор нагласи дека Груевски како премиер побарал од Јанкуловска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило. За ова, според СЈО, се фаворизирала фирмата Мак Аутостар. За да го исполни барањето Јанкуловска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на владата, но според СЈО, било набавено оти Груевски сакал да се води во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.
На следното рочиште закажано за 12 март ќе бидат повикани сведоци.
16-02-2018, 10:16 PM
Reply