Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТРЕЗОР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Од трезорот на МВР „испумпани“ 860.000 евра

Поранешни високи функционери во УБК и во МВР се осомничени дека го оштетиле буџетот за 860.000 евра





Пишуваат: Владо Апостолов и Мери Јордановска

Поранешните шефови на УБК и на Петтата управа, С.М. и Г.Г., помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Н.С., како и бившиот шеф на кабинетот на директорот на УБК, Т.Ј. се осомничени од СЈО за новиот случај „Трезор“, дознава БИРН.
Според СЈО, во перидот од 2010 до 2015 година, тие преку фирмата „Финзи“, каде директоруваше починатиот сведок на СЈО, Коста Крпач, од буџетот на МВР „испумпале“ вкупно 860.000 евра преку неколку сомнителни договори за набавка на опрема и парите ги искористиле за лично богатење.
За четвртоосомничениот постои основано сомнение дека како службено лице со умисла им помогнал во реализацијата.
Обвинителката Фатиме Фетаи на денешната пресконференција ја објави истражната постапка за овој случај, меѓутоа не ги откри имињата и иницијалите на осомничените. Како што најавија од СЈО дополнително од судот ќе побараат мерки за обезбедување на осомничените, што значи дека засега не се знае дали обвинителството на Катица Јанева ќе бара притвор за некој од осомничените.
За овој случај Специјалното обвинителство има сведок од МВР.
Како што објасни Фетаи,  во 2010 тројцата вработени во УБК во име на полицијата стапиле во контакт со британска компанија за набавка на опрема за потребите на управата, меѓутоа наместо МВР директно да ја купи опремата од британската фирма, набавката одела преку посредникот „Финзи“. Па така, разликата во цената што полицијата ќе ја добиела при евентуална директна зделка со фирмата од Британија и цената што ја добила преку „Финзи“ е повисока за над 360.000 евра.
Според сознанијата на БИРН, станува збор за британската компанија Гамма ТСЕ. Станува збор за компанија, која, според податоците од нивната веб страна, врши набавка за владини агенции од целиот свет за готови проекти за надзор од 1990 година.
„Гамма ТСЕ произведува високо специјализирани возила за надзор и интегрирани системи за набљудување и обезбедува помош на владините агенции да собираат податоци“, стои на веб страницата на британската компанија.
Пумпани пари и преку анекси

[Image: fatime-fetai.jpg]Обвинителката Фатиме Фетаи ја обелодени истрагата за случајот „Трезор“

Во 2012 година биле склучени два анекса на договорот на „Финзи“ со МВР и тука, според СЈО, разликата во набавната и продажната цена на фирмата на Коста Крпач била околу 215.000 евра.
Како што објасни обвинителката Фетаи, по неколку години иако опремата била застарена и не била функционална, односно во УБК имала книговодствена вредност од 1 денар, министерството склучило договор за одржување на таа иста опрема повторно со Коста Крпач и со неговата „Финзи“, вреден 30.000 евра месечно. Според СЈО, оваа компанија немала капацитет за таа работа, ниту, пак, имало потреба опремата да се одржува. Овие договори биле во вредност од околу 285.000.
Сѐ на се, сумата која била „испумпана“, според СЈО, е во вредност од 860.000 евра.
Фетаи најави дека во овој случај ќе бара замрзнување на имот, меѓутоа обвинителството не прецизираше за чиј имот се работи, ниту, пак, прецизираа дали осомничените сѐ уште работат во УБК.
Овој случај многу потсетува на шемата што ја откри лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку една од неговите „бомби“, само што во тој случај опремата се набавуваше од Израел и набавката одеше преку фирмата НВСП, која се јавува во истата бизнис-шема со „Финзи“.

Договорите на „Финзи“ и на „НВСП“ со министерството за внатрешни не се објавени во базата за јавни набавки, веројатно затоа што МВР ја искористила законската можност да не ги објавува овие договори повикувајќи се на доверливост на податоци.
Како што веќе пишуваше БИРН, фирмата Финзи долго време ја брануваше јавноста, особено по самоубиството на директорот Коста Крпач, кој во април годинава си го одзеде животот во својот дом во Скопје.
Финзи е формирана 2009 година, а како сопственик се јавува фирма од Соединетите Американски Држави, Finzy LLC, лоцирана на 41 State Street Suite 106, Albany. Фирмата, според документите од САД, е регистрирана и е активна. Токму оваа адреса води кон мистериозната скопска фирма Ексико, бидејќи вториот газда на Ексико е фирмата Калвус ЛЛЦ, исто така лоцирана на адресата 41 State Street Suite, Albany.
И по смртта на Крпач, тој сè уште фигурира како директор на фирмата, бидејќи за да биде сменет, треба да се појават вистинските газди на оваа компанија и да извршат промени во Централниот регистар.
Финзи е сопственик на фирмата основач на порталот Нетпрес, но се наоѓа во мрежата на голем број домашни и офшор компании поврзани со високи функционери и бизнисмени.

[Image: SHEMA1.jpg]
 
 
Quote:На денешната прес-конференција беше соопштено дека во 2010 година, основачкиот влог на „Финзи“ во 2010 година, од 5 илјади евра се зголемува на 650 илјади евра. Овие пари, според истрагата на СЈО, дошле од подружницата на Финзи отворена на Кипар, а потоа преку Кипар, парите се влеале како основачки влог во компанијата Си-Фи-Кар. Првото име на оваа фирма, според податоците од Централниот регистар е „Систина кардиологија“, а во 2011 година името го менува во Си-Фи-Кар (најверојатно кратенка од Систина, Финзи, Кара). Оваа компанија беше ликвидирана во јули годинава, но историјатот на истата сè уште е достапен. Според документите, прв сопственик на Си-фи-кар (односно Систина кардиологија) е токму „Финзи“, а потоа сопствеништвото се менува и се крие во Лугано. Последен сопственик, пред да се ликвидира фирмата, е сестрата на бизнисменот Орце Камчев, Кристина Камчева – Стојческа.



Quote:Раководни лица од УБК осомничени за злоупотреба на над 862 илјади евра

 

[Image: sjo11.png]

Специјалното јавно обвинителство денеска го објави првиот случај за економски криминал под кодно име Трезор.
Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи се работи за група злупотреба на Буџетот на РМ.
Од доказите во овој предмет има основано сомнение дека злоупотребата на положбата и оштетување на Буџетот се искористени искористени за друга корист – имотна корист и лично богатење.
Во истрагата што се отвора осомничени се три раководни лица од УБК и едно од МВР за прибавена имотна корист за добро познато правно лице  регистрано како Финзи ДОЕЛ  во вредност од 53 милиони  15 илјади и 794 денари или 862.045 евра за која вредност е нанесена директна штета на Буџетот.
Од доказите прибавени во предистрага има основано сомнение дека од  јули 2010 до 2012 година првите три осомничени лица ја искористиле службената положба и за трето лице обезбедиле имотна корист која надминува 35 милиони  488 илјади 294 денари или  577 илјади и 45 евра.
За четвртоосомниченото лице постои сомнение дека со умисла им помогнал во реализацијата.
Доказите упатуваат дека трите осомничени лица со цел да набават електронско телекомуникациска опрема опрема за МВР и УБК во име на УБК од 07 до 09 јули 2010 година биле во Велика Британија каде оствариле средба со правно лице за набавка на опрема од тоа правно лице за потребите на 5-та управа при УБК. Четвртото осомничено лице гии подготвувало техничките спецификации.
Наместо а се набави опремата директно од добавувувачот од Британија, а со цел прибавување на имотна корист како посредник е вклучена фирмата Финзи ДОЕЛ каде како управител до 3.2.2011 година е лице кое е во крвно сродство со третоосомничениот во истрагата.
На 23 декември 2011 година е склучен Анекс на договорот од страна на МВР и сведок од Финзи ДОЕЛ сега покојниот Коста Крпач во вредност од 49 милиони 265 илјади и 246 денари.
Според обвинителката Фетаи за сите осомничени ќе бидат побарани мерки на претпазливост и мерка замрзнување на имотот.
Крпач, инаку академски сликар и управител на Финзи и еден од аболицираните на списокот на претседателот Иванов  на 27 април беше појанден мртов во неговиот стан во Капиштец. Како што соопшти обвинителката и портпаролка на СЈО – Ленче Ристовска тој со изјава им укажал дека примал закани, но за тоа какви и од кого не прецизираше, со цел да не се попречи истрагата и за неговата смрт која ја води Основното обвинителство.

-Лицето Коста Крпач доброволно се јави за да биде сведок во една предистражна постапка, која се уште не е објавена . Малку сме ограничени со информациите кои по однос на овој случај може да ги дадеме, бидејќи не се работи за само наша предистражна постапка, туку се работи за предистражна постапка и на Основното јавно обвинителство и не би сакале да ја нарушиме тајноста.
Ние имаме изјава од лицето Коста Крпач со која ни укажува дека постоеле такви закани, за тоа е известено Јавното обвинителство, доказите кои ги поседуваме се тука кај нас, меѓутоа доставени се и до нив сите релевантни информации кои можат да им послужат.  Кога ќе заврши предистражната постапка јавноста ќе биде известена за сите околности за овој случај, посочи Ристовска на прес конференцијата на 3 јуни.
28-09-2016, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Интегрален текст од прес конференцијата на СЈО

28.09.2016
Денес ова Јавно обвинителство оддржа прес конференција. Во продолжение е изјавата на Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, а јавната обвинителка Ленче Ристоска одговараше на новинарски прашања.

Почитувани, согласно начелото на транспарентност на работењето на СЈО, но и како наша обврска пред Вас, денес ќе ви претставам еден нов случај кој го отвара ова обвинителство, а кој се однесува на груба злоупотреба на средствата од буџетот на Република Македонија.

Паричните средства за кои ќе стане збор се средства на сите граѓани на Република Македонија, кои Вие секојдневно ги одделувате по разни основи од вашите примања и ги доверувате на владеачките елити за да креираат посигурно и попросперитетно општество за Вас и Вашите поколенија.

Наместо тоа, од доказите во предметот кој ќе Ви го презентирам произлезе основано сомнение дека таквите средства преку злоупотреба на службената положба на определени носители на функции, преку оштетување на буџетот, биле искористени за други цели, конкретно како имотна корист-лично богатење, што е казниво согласно Кривичниот Законик.

Во овој момент истрагата се отвара поради основано сомнение дека со дејствијата на три раководни лица од УБК при МВР на РМ и на едно раководно лице при МВР на РМ е прибавена имотна корист на, од скоро добро познато правно лице, регистрирано во РМ под името Финзи ДООЕЛ Скопје, во вкупен износ од 53.015.794,00 денари или 862.045 евра и за истиот износ е сторена директна штета на буџетот на Република Македонија.

Овој предмет во СЈО се води под името „ Трезор “

Најнапред, напоменувам дека се работи за истражна постапка и во овој момент постои основано сомнение за она што ќе биде изнесено и во оваа насока потенцираме дека секое лице се смета за невино, се додека со правосилна судска пресуда не се докаже спротивното.

Истрагата, во овој момент опфаќа две точки со кривично-правни дејствија и таквите ќе ви ги презентирам посебно, со поединечен износ на корист и штета, иако вкупната корист и штета за која постои основано сомнение дека е прибавена, односно направена, е онаа која ја наведов на почетокот на излагањето.

Имено, од доказите прибавени во текот на предистрагата произлезе основано сомнение дека во временскиот период од месец јули 2010 година до крајот на 2012 година, првите три осомничени лица, заедно ја искористиле службената положба и овластување и за правното лице ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје прибавиле имотна корист која надминува значителна вредност во вкупен износ од 35.488.294,00 денари или 577.045 евра и нанеле имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија, која надминува значителна вредност во наведениот износ. За четвртоосомничениот постои основано сомнение дека како службено лице со умисла им помогнал во реализацијата.

Доказите упатуваат дека прво, второ и третоосомничениот со цел да набават опрема за потребите на МВР- УБК, во име на УБК на РМ во Велика Британија во временскиот период од 07.07.2010 година до 09.07.2010 година оствариле состанок со претставниците на правно лице од Велика Британија и договориле набавка на електронска и комуникациска опрема и обука за користење на опрема од тоа правно лице, а за потребите на петтата управа при УБК. Третоосомничениот учествувал во дефинирање на техничките спецификации на опремата.
Меѓутоа, наместо опремата да биде набавена директно од правното лице од Велика Британија, како најекономичен, односно најефтин начин на набавка, според доказите, со цел да прибават имотна корист за правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје договориле истата да се изврши преку правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, каде како Управител од 19.08.2009 година до 03.02.2011 година, било лице кое е во крвно сродство со третоосомничениот, а како основач е запишано правното лице Финзи ДОО од САД.

Постои основано сомнение дека откако го договориле начинот, условите и цената на набавката на опремата, прво и второосомничениот по враќањето во Република Македонија усно му наложиле на сведокот, кој е вработен во МВР, да започне со постапка за набавка на опрема од правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје и истата да се спроведе без примена на условите предвидени во Законот за јавни набавки.

Според доказите, на ден 24.11.2010 година, сведокот доставил писмена покана до ДТУ,, Финзи,, ДООЕЛ Скопје за да истото достави понуда за набавка. Врз таа основа правното лице ДТУ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје до МВР доставило понуда со спецификации, со планирана динамика за испорака на бараната стока, како и тренинг и подршка на опрема од производителот од Белика Британија со вкупна вредност на понудата во износ од 124.293.233,00 денари, со вклучен ДДВ.

Инаку, според доказите правното лице ДТУ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје е основано во 18.08.2009 година, од правно лице од САД. До крајот на 2010, кога му е доделена работата од МВР за набавка на предметната опрема, единствено што работел овој правен субјект е што има зголемување на основната главнина со 650.000 евра паричен влог. Овие средства се префрлени од сметката на Финзи САД, кој била отворена на Кипар, на сметката на Финзи ДООЕЛ Скопје. Потоа истите средства се префрлаат како влог во правното лице Си-фи кар (Систина – Финзи Кардиологија).
По ваквата понуда, од страна на службите на Управата за безбедност и контраразузнавање е изготвен договорот за купопродажба помеѓу МВР на РМ и ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, и на ден 26.11.2010 година веќе е склучен Договор за купопродажба, со вкупна вредност на договорот од 124.293.233,00 денари со вклучен ДДВ.

Овој договор, склучен два дена после поканата за понуда од МВР до Финзи опфаќал купопродажба на електронска и комуникациска опрема и обука за користење на опрема од производителот од Велика Британија, со утврден начин на плаќање.

Според доказите произлезе основано сомнение дека откако правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје извршило увоз на опремата од правното лице од Велика Британија и од страна на тоа правно лице со увозот биле доставени и фактурите за опремата до Финзи, на вкупен износ од 89.322.845,00 денари или 1.452.403 евра, истата опрема ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, ја префактурирала спрема МВР, на вкупен износ од 124.293.233,00 денари со ДДВ или 2.021.028 евра, и така ја препродала опремата на МВР на РМ.

Целиот износ со ДДВ од страна на МВР на РМ е исплатен на сметка на ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје. Од ова произлегува основано сомнение дека со дејствијата на осомничените, за правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје прибавиле имотна корист која надминува значителна вредност во вкупен износ од 22.265.449,00 денари или 362.039 евра и нанеле имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија, која надминува значителна вредност во наведениот износ.

Овој износ претставува разлика помеѓу набавната вредност без ДДВ на ДТУ “ Финзи “ од правното лице од Велика Британија и продажната вредност без ДДВ од ДТУ “ Финзи “ спрема МВР.
Од доказите произлезе дека овие дејствија продолжиле и во 2011 година. Во месец Декември 2011 година, од страна на прво и второсомничениот, усно му е наложено на сведокот дека УБК на МВР има потреба од набавка на дополнителна опрема од ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје.

Од страна на службите на УБК изготвен е Анекс кон договорот и на 23.12.2011 година, помеѓу МВР на РМ застапувано од сведокот и правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, претставувано од тогашниот управител, сега починатиот Коста Крпач, склучен е анекс на договорот за купопродажба на дополнителна опрема во вкупна вредност од 49.265.246,00 денари.

Правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, изготвило ф-ра на износ од 35.695.030,00 денари со вклучен ДДВ, па иако опремата наведена во врска со анексот по вид и по количина делумно е различна од спецификацијата во прилогот на анексот, сепак износот е целосно исплатен од страна на МВР на РМ.

Во текот на месец Јуни 2012 година, постои основано сомнение дека од страна на второосомничениот е изготвен допис-барање до Сектор за финансиски материјално технички и логистички работи при МВР на РМ и истиот е даден на потпис на четвртоосомничениот, кој, без да има овластување, спротивно на чл.2 од Правилникот за систематизација на работните места во Управата за безбедност и контраразузнавање, ставил своерачен потпис и печат на барањето за доопремување на системската единица за подвижен видео надзор.
Таквото барање помогнало да се склучи и вториот анекс на основниот договор, па на 09.07.2012 година склучен е вториот анекс помеѓу МВР на РМ застапувано од сведокот и правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје претставувано од тогашниот управител Коста Крпач, со вкупна вредност на анексот од 3.432.309,00 денари.

Сепак, од страна на ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје е изготвена ф-ра на вкупен износ од 17.580.921,00 денари, што е повеќе од пет пати повисок износ од вредноста во анексот. Иако опремата наведена во фактурата делумно е различна од барањето за доопремување и понудата за склучување на анексот кон договорот, сепак износот од 17.580.921,00 денари е целосно исплатен од страна на МВР на РМ.

Со овие дејствија постои основано сомнение дека осомничените за правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје прибавиле имотна корист која надминува значителна вредност во вкупен износ од 13.222.845,00 денари или 215.005 евра и нанеле имотна штета на средствата на буџетот на Република Македонија, која надминува значителна вредност во наведениот износ. Овој износ претставува разлика помеѓу набавната вредност без ДДВ на ДТУ “ Финзи “ од производителот во Велика Британија и продажната вредност без ДДВ од ДТУ “ Финзи “ спрема МВР.

Ова е првата точка од истрагата, со кои дејствија постои основано сомнение дека прво, второ и третоосомничениот сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, а четвртоосмничениот дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од КЗ.

Понатаму во кратки црти ќе ви ја изнесам и втората точка во која се опфатени кривично правни дејствија за кои постои основано сомнение дека ги сториле тројца од осомничените од првата точка.
Имено, постои основано сомнение дека во временскиот период од месец јули 2014 година до крајот на 2015 година во Скопје, првоосомничениот и второосомничениот, заедно, ја искористиле службената положба и овластување и за правното лице ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје прибавиле имотна корист која надминува значителна вредност во вкупен износ од 17.527.500,00 денари или 285.000 евра, и нанеле имотна штета на средствата на буџетот на Република Македонија, која надминува значителна вредност во наведениот износ. За четвртоосомничениот постои основано сомнение дека како службено лице со умисла им помогнал во реализацијата.

Доказите упатуваат на основано сомнение дека прво и второсомничениот со цел да прибават имотна корист за ДТУ “ Финзи “ ДООЕЛ Скопје, иако немало потреба за одржување на електронската и комуникациската опрема, се договориле да се направи барање како да има потреба за одржување на истата.

Второсомничениот изготвил допис-Барање кое му го предал на четвртоосомничениот, за да истиот на 17.07.2014 година без да има законски овластувања своерачно го потпишал и го доставил до службата на МВР за реализација.

Според доказите, со наведениот допис се посочува дека заради наводна целосна реализација на проектот со набавката на електронска и комуникациска опрема од Велика Британија, а воедно и непречено и успешно функционирање на опремата, било потребно да продолжи одржувањето на опремата од производителот од Велика Британија и истата да биде редовно одржувана, сервисирана, надградувана со поддршка на хардвер, софтвер и лиценца на севкупната опрема, а во име на производителот да продолжи да ја врши правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје.
Постои основано сомнение дека опремата од основниот договор и анексите била нефункционална, поради хардверска и софтверска застареност, и целосно истечен рокот на лиценците, но тоа не било пречка со дописот да се побара правното лице Финзи да продолжи со одржување на таквата опрема.

Инаку од доказите произлегува дека книговодствено оваа опрема во МВР е евидентирана со вредност од 1 денар, а договорот за одржување е на приближно 30.000 евра месечно.

Од страна на сведокот до правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје доставена е покана за поднесување на понуда, а на 09.02.2015 година од страна на ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје до МВР на РМ е доставена техничка понуда со прилог техничка спецификација за целосно одржување, сервис и надградба на опрема, за временски период од две години, како и сертификат во фото копија издаден на 15.06.2014 година од правното лице од Велика Британија, со важност до 14.06.2015 година, иако според доказите таков сертификат не е издаден од тоа правно лице.

Постои основано сомнение дека на 03.03.2015 година, помеѓу МВР на РМ, застапувано од сведокот и правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, застапувано од одговорното лице Коста Крпач е склучен Договор за извршување на услуги за редовно одржување, сервисирање, надградување и поддршка на хардвер, софтвер и лиценци на севкупните системи и опрема од производителот од Велика Британија на принцип на целосно каско одржување.

Од доказите произлезе дека врз основа на овој договор МВР се обврзува на ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје да му исплаќа авансен месечен паушал, по претходно доставена месечна про-фактура во износ од по 1.947.500,00 денари без ДДВ, со вкупна вредност на договорот од 46.740.000,00 денари без ДДВ.
Од ова постои основано сомнение дека со, погоре наведените дејствија осомничените за правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, иако истото не ја извршило услугата, бидејќи немало технички и човечки капацитети, ниту пак имало потреба од таква услуга, поради нефункционалност и хардверска и софтверска застареност и целосно истечен рокот на лиценците издадени од производителот, прибавиле имотна корист која надминува значителна вредност во вкупен износ од 17.527.500,00 денари или 285.000 евра и нанеле имотна штета на средствата на Буџетот на Р М која надминува значителна вредност во наведениот износ.

Овој износ претставува исплатен авансен деветмесечен паушал, заклучно со месец декември 2015 година, за да непосредно по смртта на управителот на Финзи, еднострано, од страна на МВР е раскинат договорот.

Со овие дејствија, од втората точка од истрагата постои основано сомнение дека прво и второосомничениот сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, а четвртоосмничениот дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од КЗ.

Од досега прибраните докази за предметот „Трезор“, а со кои ова Обвинителство располага, може јасно да се извлече заклучокот дека постои основано сомнение дека инволвираните ги сториле предметните дела.

Во конкретниот случај, за сите осомничени од судот ќе биде побарана соодветна мерка за обезбедување на нивно присуство во постапката. Воедно, од судот ќе бидат побарани и мерки за привремено замрзување на имот.

Почитувани! Парите, како и вистината, се како шило. Ова обвинителство ќе вложи максимални напори, секој кој злоупотребил народни пари, да седне на обвинителна клупа и да ги врати парите.
28-09-2016, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Од:Maja Јовановска и Сашка Цветковскасептември 28, 2016


Мијалков, Грујовски, Јакимовски и Стајковиќ осомничени во „Трезор“

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков,Тони Јакимовски и бившиот помошник министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ се осомничените во случајот Трезор, дознава НОВА од судски извори.

Првите тројца осомничени, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, осомничените функционери ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Според приложеното од Специјалното јавно обвинителство, „Финзи“, откако ја презела набавката во свои раце во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. Легитимните дилеми кои ги отвори СЈО во истрагата се како „Финзи“, која во тоа време немала ниту еден вработен, а ниту пари за да ја набави опремата, била одбрана за партнер во МВР, но и зошто воопшто имало потреба од посредник во зделката. Не е јасно ниту каде завршиле парите со коишто е директно оштетен буџетот, а кои легнале на нивната сметка.

„Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, додека фирмата од САД е поседувана од фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, последен беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој се самоуби. Прочитајте детаљи за „Финзи“ на овој линк.
(This post was last modified: 28-09-2016, 01:41 PM by ЈорданПетровски.)
28-09-2016, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Трезор: СЈО бара притвор за едно лице и замрзнување на „Финзи“


Во врска со истрагата во предметот „Трезор“,Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за определување мерки за претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од судот да ги одземе патните исправи на овие лица.

– Воедно, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото – се вели во известувањето на СЈО.

До Основниот суд Скопје 1 поднесено е и барање за донесување привремена мерка – забрана за користење и за располагање со трансакциската сметка на правнато лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

Под кодното име „Трезор“ Специјалното јавно обвинителство отвора истрага по сомнение за проневера на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат  тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење.

Според судски извори на НОВА, осомничени се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков,Тони Јакимовски и бившиот помошник министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ.
(This post was last modified: 11-10-2016, 01:21 AM by ЈорданПетровски.)
28-09-2016, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:СЈО бара притвор за Горан Грујевски

28/09/2016
Фокус дознава дека предлогот за притвор за едно лице од осомничените во „Трезор“ што СЈО го достави до Судот е за Горан Груејвски кој беше директор на Петтата управа на УБК.

Ова не е првпат да биде побаран притвор за Грујевски кој се појавува во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Тврдина“, му беше определена мерка притвор, но откако одлежа некој дена во Шутка, Судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

Тој е и еден од обвинетите во првото обвинение кое го поднесе СЈО, а се однесува на уништување на документација за уништувањето на опремата за прислушување во УБК.
(This post was last modified: 11-10-2016, 01:20 AM by ЈорданПетровски.)
29-09-2016, 12:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Блокирана сметката на „Финзи“, заглавени 650.000 евра






Објавено на 07 октомври 2016
[Image: SHEMA1.jpg]

Автор: Мери Јордановска

Блокирана е сметката на фирмата „Финзи“ која што беше вклучена во случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Директорот на „Финзи“ Коста Крпач, според обвинителството, изврши самоубиство во април годинава, a газдата на „Финзи“ е фирма која што се крие во САД.
СЈО, според истрагата што ја води, ги сомничи поранешните шефови на УБК и на Петтата управа, Сашо Мијалков и Горан Грујовски, помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Небојша Стајковиќ, како и бившиот шеф на кабинетот на директорот на УБК, Тони Јакимовски дека преку „Финзи“ испумпале пари од буџетот на МВР во вредност од околу 860.000 евра.
Тие, според СЈО, стапиле во контакт со британска компанија за набавка на опрема за следење интернет комуникации, меѓутоа наместо МВР директно да ја купи опремата од британската фирма, набавката одела преку посредникот „Финзи“.
Во текот на вчерашниот ден судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје донел решение со кое наложил да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.
„Ова решение беше донесено по повод наше барање за донесување привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциска сметка на правното лице во случајот „Трезор“. Нашето барање беше прецизирано согласно укажувањата на судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, со што изразивме подготвеност за продлабочување на професионалната соработка со судот“, се вели во дописот на СЈО.
Инаку Коста Крпач се уште не е избришан од регистарот како директор на ова правно лице, бидејќи, за да се случи тоа, потпис треба да стават „анонимните“ газди од САД. На сметката на „Финзи“, заглавени се 650.000 евра, пари кои фигурираат како основачки влог на компанијата. Неизвесно е кој раководи со овие пари со оглед на тоа што сопственикот на „Финзи“, фирмата Финзи ЛЛЦ се наоѓаат во Албани, САД, а управителот е починат пред речиси половина година.
Иако не е познато точно со што се занимавала оваа фирма, таа во 2015 година има пријавено приходи од над 1,5 милиони евра.
„Финзи“ е сопственик на фирмата „Нет прес ком“ ДООЕЛ,  што го поседува порталот „Нетпрес“. Пред Коста Крпач, управител на Финзи беше Владислав Стајковиќ – брат на помошник-министерот за информатички технологии во МВР, Небојша Стајковиќ.
Владислав Стајковиќ е актуелен директор на фирмата Мобико (каде што сопственик е директорот на Телеком Жарко Луковски) и воедно е газда на НВСП.
НВСП, пак е сопственик Радио Слободна Македонија и Три телевизија ДООЕЛ Куманово.
11-10-2016, 01:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Утре на Мијалков ќе му се суди за проневера на пари за набавка на опрема за тајната полиција


[Image: sasho-saso-mijalkov-vo-sud-701x394.jpg]


04.02.2018
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, утре седнува на обвинителна клупа за случајот на специјалното јавно обвинителство „Трезор“. Мијалков е обвинет за проневера на државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа. Во обвинението, заедно со него, опфатени се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  бегалецот Горан Грујевски, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ. Предметот ќе го суди судијката Џанета Бегтовиќ.
Според обвинението на СЈО, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.
Откако „Финзи“, ја презела набавката, во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. „Финзи“, во тоа време немала ниту еден вработен, а немала ниту пари за да ја набави опремата, но станала партнер на МВР како посредник во зделката. „Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, која пак, ја поседува фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма беше Владислав Стајковиќ, братот на Небојша Стајковиќ. Последен директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој под сонителни околности се самоуби.
Мијалков во 2016 година во интервју за „Прес24“ изјави дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО за „Трезор“ се измислени и неточни. „Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка“, изјави тогаш Мијалков.
В. М.
(This post was last modified: 04-02-2018, 02:06 PM by ЈорданПетровски.)
04-02-2018, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:„Трезор“ одложен, се чека исходот од жалбата за Грујевски


 
[Image: 05022018141424_web_134067603.jpg]

Судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков е одложено за 29 март.
Причина за одложувањето, како што појасни судијката Џанета Бегтовиќ, е затоа што се чека исходот од жалбената постапка пред Врховниот суд во Грција за обвинетиот поранешен началник на Петтата управа во ДБК, Горан Грујевски заради, како што рече, економично и целисходно водење на постапката.
Адвокатот Петар Василев пред судот рече дека има правосилно првостепено решение од Судот во Солун со кое се дозволува екстрадиција на Грујевски во Македонија, но дека решението е во жалбена постапка пред Врховниот суд на Грција.
Василев додаде дека не би можел да каже кога ќе се произнесе грчкиот Врховен суд, но дека според праксата рокот за донесување одлука е од три до шест месеци.
Судијката Бегтовиќ рече дека ќе побара од претседателот на Кривичниот суд да назначи адвокат по службена должност доколку некој од најблиските членови на семејството на Грујевски не достави полномошно дека во меѓувреме ангажирале бранител.
Адвокатот Љупчо Шврговски побара од судијката почетокот на главната расправа да биде во април, бидејќи 29 март е многу рано за да се очекува екстрадиција на Грујевски. Бегтовиќ не го прифати предлогот на Шврговски.
На денешното рочиште во Кривичниот суд дојдоа поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, сите обвинети во „Трезор“.
Обвинението на СЈО пред Судот го застапуваа обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.
Обвинетите се товарат за  злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
05-02-2018, 07:10 PM
Reply