Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Т Н Т - ГРУЕВСКИ И ЈАНАКИЕВСКИ ВО ГЛАВНИТЕ УЛОГИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:„ТНТ“ од СЈО за аболицираниот Груевски



Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски осомничен во случајот „ТНТ“ чие отворање денеска го најави Специјалното јавно обвинителство. “Нема совршено злосторство“, порача Фетаи на прес-конференција.

[Image: 0,,19146197_303,00.jpg]

Поранешниот премиер Никола Груевски е осомничен од страна на Специјалното јавно обвинителство како нарачател на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот и политичар Фиат Цаноски. Целта на рушењето на „Космос“ била одмазда врз Цаноски поради тоа што ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ѝ се приклучил на опозициската коалиција на СДСМ, соопшти денеска специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи. Поради аболицијата која ја прогласи претседателот Ѓорге Иванов, против Груевски и другите функционери опфатени во случајот не е донесена наредба почнување истрага. Ќе одговара само инспекторката која ја извршила наредбата за уривање на „Космос“.
„Аболицирани политичари најгрубо и со умисла, зпоупотребувајќи ја службената положба, од одмазднички причини нанеле огромна штета со уривање станбено деловен комплекс. (...) Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и други лица, заеднички со цел да му се одмаздат на Цаноски, искористувајќи ја нивната политичка моќ го принудиле градоначалникот на општина Гази Баба да најде начин незаконски да го сруши објектот на Цаноски“, изјави Фетаи.
Според СЈО, се работи за „криминална спрега на релација централна- локална власт која функционирала многу ефикасно за задоволување на желбите на нарачателот, аболицираниот поранешен премиер на Република Македонија“. И вештачењето на Архитектонскиот факултет покажала дека рушењето на објектот на Цаноски било незаконско.

[Image: 0,,19064626_404,00.jpg]
Никола Груевски


СЈО презентираше и серија фотографии од СМС преписки меѓу државните и општински функционери на ВМРО-ДПМНЕ во кои детално се опишува целиот процес на организирањето на акцијата за уривање на објектот на Цаноски.
„Не постои совршено злосторство“, рече на крајот Фетаи.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева претходно соопшти дека „Случајот ТНТ“ е очигледен пример за класична злоупотреба на институциите во лични или партиски цели.
Тимот на СЈО денеска преку Фетаи испрати и заедничка порака до јавноста во која порачаа дека не ги плашат заканите.
„До сите оние кои нечесно ја подриваат работата на СЈО, се закануваат кон припадниците на СЈО, кон нивните семејства и пријатели. Тоа се лица на кои правдата не им е во интерес и на кукавички начин сакаат да се спасат од неа. Правдата ќе го стигне секој кој се огрешил пред законот. Сите граѓани се еднакви.
Ви ветуваме дека несебично ќе се бориме за правда. Правдата е врвен интерес на РМ, а не неказнивноста“, порачува СЈО.
21-04-2016, 12:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Реакција на г. Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СЈО


[Image: gruevski-nikola-280x186.jpg]


Со внимание ја проследив прес конференцијата на СЈО. Како и досегашните прес конференции, денешната беше со чиста партиска реторика и човек што не знае кој на која функција се наоѓа, веројатно ќе помислеше дека станува збор за една од прес конференциите на СДСМ, на која се обидуваат да не оцрнат и прикажат во негативно светло нас од ВМРО ДПМНЕ, а пред се мене лично како нејзин претседател, без ниту еден единствен доказ.
Очигледно на обвинителите им беше важно единствено постигнувањето на политичкиот и партискиот ефект. СЈО веќе стана институција под целосна контрола на СДСМ и нивен главен инструмент за полички прогон на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел рушење на мојот углед и угледот на водството на партијата заради доаѓање на власт на СДСМ. Доволно е само да се види реториката на прес конференциите и малку  човек да се запраша и замисли околу доказите, и се е јасно.
СДСМ неможе да дојде на власт по нормален пат, па потребна му е ваква помош. Како што досега тоа не им успеа, така нема ни одсега. Во денешната прес конференција неколку пати беше спомнато моето име, како наводен нарачател и очигледно најважно им беше да спомнат дека сум бил аболиран, верувајки дека ќе ме стават во ист кош, со човекот кој сакаат да го донесат на власт, човекот кој тврдеше дека е најприслушкуван во Макеоднија, а за него нема ниту снимка, ниту предмет, ниту истрага од страна на СЈО, господинот Зоран Заев.
Непрофсионализмот на СЈО не е само во политичко партиската наколнетост и ставањето во функција само на една партија, туку и во неприложувањето на барем еден минимален правен доказ  против мене, па макар и измислен. Тоа е затоа што имаат предмет во кој нема ниту некаков пропуст, ниту дело, ниту било што незаконско. Ако за некои од другите споменати, извадија смс пораки со одамна починат човек, од кој смс единствено се гледа дека како одговорни луѓе и функционери, во ситуација кога рушењето на Космос беше главна медиумска вест, покажале интерес околу случувањата, за да знаат што да одговорат на многубројните повици од медиумите, за мене не успеале ни такво нешто да пронајдат.
Случајот Космос е само потврда, дека секој кој прави криминал и има незаконска постапка во оваа држава подлежеше на законот. Тоа што некој бил пратеник и богат, не смее да значи дека може да прави што сака, во смисла да го крши законот, а ако некој не е пратеник или е сиромав треба да трпи последици за сторениот прекршок. Пред  законот сите се исти и секој треба да ги почитува законите.
Впрочем и неколкуте направени вештачења во тоа време недвосмислено покажуваат дека во сучајот Космос има флагрантно кршење на законот, по што следела реакција на одговорните лица во институциите.
Жално е што СЈО наместо професионална и независна институција каква што сите граѓани очекуваа, се претвори во партиски инструмент на СДСМ, со инквизиторски елементи, и крајно непрофесионално однесување. Тоа ќе ја однесе во сигурен неуспех.
 
  Со почит,
Никола Груевски

DPMNE


Лажов со тапија!! Lazgo Lazgo Lazgo
(This post was last modified: 21-04-2016, 05:00 PM by ЈорданПетровски.)
21-04-2016, 04:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



11-06-2016, 01:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Како „Космос“ стана црна дупка


Владо Апостолов Призма
Специјалното јавно обвинителство денеска го отвори случајот „Космос“ под работен наслов „ТНТ“. „Не постои совршено злосторство“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи, објаснувајќи ги доказите за истрагата во која се сомничи експремиерот Никола Груевски, оти го нарачал уривањето на „Космос“. Поради амнестијата, Груевски и Јанакиески не се предмет на истрага, а обвинети се извршителите. БИРН истражува и потсетува на случувањата околу „Космос“.


[Image: 1-7.jpg]
Вака требаше да изгледа „Космос“ | Фото: БИРН

Како да паднал метеор, така изгледа плацот каде властите го урнаа објектот „Космос“. Огромната дупка зјае во близина на Универзитетот ФОН, а преку Вардар, во соседството се новата сала „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“.
Не ја урнале само карабината од неколку ката, туку ги кршеле и темелите, а во јамата на неколку места наѕира дебелата бетонска плоча. Само високите кранови илустрираат до каде Цаноски стигнал со градење пред 1. август 2011 година, кога паднала наредбата објектот да биде срамнет со земја.
Требаше да никнат две згради со вкупно 1.000 станови, инвестиција која ќе чинеше околу 60 милиони евра.
Вратата од работничката барака е блокирана со превртена мешалка за малтер, а до неа е паркиран болдожер, кој изгледа дека одамна завршил со уривање. Насекаде има песок, купишта цигли, цевки, штици и градежен шут со 'рѓосани железа. Расипана чешма ја нарушува гробната тишина.
Покрај калливиот пристапен пат веќе се појавила депонија полна со остатоци од храна, амбажали од пијалаци, искината облека, весници и со животински измет, а токму од тоа место, од ѓубриштето во далечината се гледаат трите убавици на „Џеваир холдиг“.


Зградата жртва на постизборниот реваншизам


Газда на „Космос“ е бизнисменот и поранешен пратеник, Фијат Цаноски. Тој се појави во политиката на изборите во 2006 година како лидер на Партијата за европска иднина (ПЕИ) со агенда да ги застапува Македонците муслимани.
Со околу 11.000 гласови влезе во Парламентот и веднаш му се придружи на Никола Груевски во новата власт. Со ВМРО-ДПМНЕ остана до 2011, кога пред изборите премина во опозиција, зашто власта во пресметката со А1 телевизија го упаси Велија Рамковски со кого Цаноски е во сватовска врска, ќерката на Рамковски е сопруга на неговиот син.
Од овој момент почнуваат посетите на градежните инспектори и неволјите за „Космос“.
Мотивите за уривањето на објектот може да се бараат и во тајмингот на акцијата, неколку месеци по изборниот триумф на ВМРО-ДПМНЕ во 2011. На овој случај му претходеа апсењето на Љубе Бошкоски и конечното затворање на А1, откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во сабота, на 30 јуни 2011 ѝ ја одзеде фреквенцијата на телевизијата во дискутабилна законска постапка.
Два дена подоцна со голема полициска поддршка се минираше „Космос“, додека истиот месец партијата на Груевски ја презеде контролата на тогашниот Совет за радиодифузија, денешна Агенција за медиуми. Интервенираше во законот и со новиот состав ја укина А2 телевизија.
СЈО во своите наоди укажува дека главниот мотив за уривање на „Космос“ била политичката одмазда. На таков заклучок наведуваат и прислушуваните разговори меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески, кои лани ги објави опозицијата. На денот на минирањето експремиерот се интересирал дали доволно е оштетен објектот, за Цаноски да не може да продолжи со градење.
„Аааа, значи ништо немаме. Одозгора надолу. Многу ситна штета е тоа“, коментира Груевски на првиот рапорт од терен.
Сепак, останаа дилемите дали властите имале аргументи в рака за да ја урнат карабината и дали ја почитувале процедурата брзајќи да ја спроведат партиската вендета. Доколку, пак, инвеститорот навистина отстапил од планот за градба, треба да се постави прашањето дали казната што ја добил, уривање на објектот е несразмерно поголема од прекршокот што го направил.
6 / 12
Остатоци од темелите

Фамозната нулта точка

Обвинителката Фатиме Фетаи денеска објасни дека преку спрегата Влада - Општина Гази Баба, експремиерот Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески го поттикнале градоначалникот Тони Трајковски да најде начин да го урне „Космос“ и со тоа ја злоупотребиле функцијата.
Фетаи твдри дека Трајковски го прифатил налогот и ја повикал провоосомничената, градежен инспектор во Гази Баба, таа да го подготви теренот за уривањето. Инспекторката се согласила и, според обвинителката, незаконски ја измерила височината на градбата.
Направила записник во кој напишала дека објектот е повисок за 1,43 метри од предвиденото и донела решение за остранување на објектот, меѓутоа вештачењето на Архитектонскиот факултет покажало дека првоосомничената дејствувала незаконски.
За прв пат [video=youtube]власта[/video] и Цаноски ги судрија токму овие аргументи околу „Космос“ во Собранието, на надзорната комисија во октомври 2011, која за разлика од неодамнешната комисија за прислушувањето, беше продуктивна и отвори неколку аспекти околу случајот.


Quote:Незаконски и тендерот за уривање
Обвинителката Фатиме Фетаи објасни дека динамиката на уривање не одела брзо како што замислиле Груевски и Јанакиески и затоа повторно дале налог или го поттикнале градоначалникот Трајковски во најкраток можен рок да го сруши објектот „Космос“ со експлозив.
„Не се водело сметка дека временски е невозможно во тој период да се спроведе законска јавна набавка за рушење со експлозив. Тој дел од законот, едноставно не ги интересирал, па градоначалникот постапил незаконски и причинил штета на општината од речиси 3 милиони денари, меѓутоа поради аболицијата тој не е опфатен во истрагата“, изјави Фетаи
Линк до договорот.


Клучниот аргумент за уривање на објектот е нултата точка од која инвеститорот почнал да го гради „Космос“. Градоначалникот Трајковски во неодамнешното интервју за ТВ Нова на Сеад Кочан

дека Цаноски сакал да направи два наместо предвидените три ката во подземната гаража и затоа почнал да го гради објектот од точка која е повисока за 1,43 метри од предвиденото.
„Самиот инвеститор пред и за време на градбата, секаде каде даваше интервју и на официјалните страни за продажба на становите, објавуваше дека гради објект со два ката подземен паркинг и катна гаража во близина. За објектот не беа одобрени два, туку три ката под земја и немаше предвидено катна гаража“, тврдеше првиот човек на Гази Баба.
Сакавме да го прашаме Трајковски зошто веднаш не реагирал, бидејќи знаел оти Цаноски ќе гради еден кат помалку под земја и дали можеби го толерирал бидејќи во тој момент инвеститорот на „Космос“ сè уште бил дел од политичкото семејство на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа Трајковски не прифати да разговара со БИРН на оваа тема.
Цаноски секогаш реплицирал дека недоразбирањето се случило зашто нултата точка на „Космос“ ја пресметал во однос на најблиската сообраќајница, бидејќи улицата на која излегува објектот сѐ уште не е изградена и оти во ваков случај токму така предвидувал законот.
На собраниската комисија, меѓутоа и во подоцнежните изјави, Фијат Цаноски тврдеше дека „Космос“, како градба од втора категорија, е урнат по наодите на ненадлежниот општински инспектор, Елисавета Најдовска, односно дека за неговата судбина требало да одлучува кадарот од Државниот градежен инспекторатот.
Дилемата остана и откако тогашниот директор на Државниот градежен инспекторат, Сашо Дукоски за време на надзорната комисија го избегна одговорот на прашањето дали инспекторката Најдовска била надлежна и ги упати пратениците на автентично толкување на Законот за градење во Собранието.
Тогаш инспекторката Најдовска прилично збунета, не можеше да одговори за која категорија на градби е овластена да врши надзор и да изготвува записници.

[Image: 318854_3711743387082_1347967969_n.jpg]
Градоначалникот Тони Трајковски

И на крај, веројатно најважно е дали во случајот „Космос“ властите посегнале веднаш по најтешката санкција за инвеститорот, нормално ако условно поверуваме во верзијата дека Цаноски градел надвор од планот.
Професорот од Архитектонскиот факултет, Мирослав Грчев, во своето стручно мислење изготвено по барање на Цаноски, вели дека во законот уривањето е предвидено како крајна мерка, откако претходно ќе се стопира градењето и ќе се даде рок тоа да се усогласи со проектот, фази коишто, според наодите на професрот, биле прескокнати во случајот со „Космос“.
„Според духот и словото на Законот за градење, членот 134 е предвиден како крајна мерка, по преземањето на мерки од членот 133 или за големи неправилности во градењето со кои се нарушени основните барања на градбата за механичка отпорност . Членот 134 не може да се употребува како прва мерка по воочените отстапувања од градбата“, напишал Грчев во стручното мислење.

Кумска врска

Има и друг агол на приказната, а тоа е дека станбениот комплекс се издигнал пред бизнис интересите на градежни фирми блиски до Јанакиески, меѓутоа овие наводи се на ниво на претпоставка и на обвинување од инвеститорот на „Космос“, Фијат Цаноски.
„Им навлегов во бизнис-интересите на фирмите блиски до власта бидејќи во „Космос“ се продаваше квадрат по 800 евра, а овие компании веќе имаат купено земјиште во близината и тешко дека можеа да ја постигнат оваа цена. Директен конкурент сум им, зашто имам сопствена градежна фирма со која можам да изведувам поевтини станови“,

Цаноски за време на надзорната комисија при крајот на 2011.

[Image: Jani%20i%20Mile%20dijalog.jpg]

Јани Макрадули веднаш потоа во Собранието го праша Јанакиески дали е точно дека на 300 метри од урнатиот „Космос“, станбен комплекс треба да гради фирмата „Искра ММ“, каде како сопственик се јавува неговиот кумашин, Дејан Панделески.
Јанакиески тогаш не беше информиран, меѓутоа неколку дена откако ја срушија карабината на Цаноски во весниците се појави информација дека токму „Искра ММ“ ќе гради луксузен станбен комплекс на местото на некогашната фабрика за автобуси ФАС “11 Октомври”.
При крајот на 2011 официјалните податоци покажуваа дека „Искра ММ“ има тројца газди: бизнисменот Цветан Панделески, инаку татко на Дејан - кумашинот на Јанакиески, скопската фирма со швајцарски капитал „Ексико“ и компанија од Белизе.
Пет години подоцна на местото на фабриката ФАС „11 Октомври“ сѐ уште нема објект, а тогашниот и сегашен градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски не одговори на прашањето на БИРН до каде е реализацијата на проектов.
Фирмата „Искра ММ“ сѐ уште постои под името „Комплекс Александрија“, меѓутоа од сопственичката структура излегоа и „Ексико“ и фирмата од Белизе, а сега еден од газдите е ЗК „Пелагонија“, во чија сопственичка структура повторно се наоѓа семејството Панделески.
Кумашинот на Јанакиески, Дејан Панделески, со друга компанија е инвеститор на станбени објекти во Скопје, а неговиот глас се појави и во „бомбите“ на СДСМ, каде според опозицијата, тој бара прилепскиот градоначалник Марјан Ристески да им се одмазди на угостителите во Прилеп, кои биле против Ристески на последните локални избори.
11-06-2016, 01:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Кривичен совет: СЈО неосновано ги бара пасошите на Груевски, Јанакиески и Трајковски

      
[Image: Krivicen-sud-860x680.jpg]
 

Скопје, 20 јуни, 2016 - 17:06 (META) 
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја отфрли како неоснована жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијата да не им одреди мерки на претпазливост на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тројцата осомничени во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое жалбите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) поднесени за лицата М.Ј., Т.Т. и Н.Г., опфатени во предметот на СЈО во јавноста наречен „ТНТ“, против кои судија претходна постапка со решение од 10.06.2016 година не им определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Кривичниот суд.
Против одлуката на Кривичниот совет не е дозволена жалба.
20-06-2016, 06:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Мафијашки удар врз професорот Грчев: Кривична пријава за злоупотреба на службената положба

Професорот Грчев во понеделник треба да се јави во Скопското обвинителство, а најверојатно станува збор за пријава поврзана со случајот „Космос“.

Плусинфо ● 15:59 22 јуни 2016 



Мафијата, поврзана со случајот „Космос“, за кој води истрага и Специјалното јавно обвинителство, решила да го возврати ударот. Професорот Мирослав Грчев од Архитектонскиот факултет во Скопје, кој вршел вештачење во овој случај, како единствен овластен вештак од областа на урбанизмот во земјава, деновиве добил известување да се јави во Основното јавно обвинителство во Скопје во својство на пријавен според Кривичниот законик.
Имено, Грчев е пријавен за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик на РМ. Овој член го санкционира искористувањето на службената положба од страна на службено лице со цел да прибави за себе или за друг некаква корист или на друг да му нанесе штета. Најмалата запретена казна во ставот 1 од член 353 е затвор од шест месеци до три години.
- Кривичната пријава што ја добив е само едно средство од големиот дијапазон оркестрирани и од едно место диригирани средства со кои со злоупотребуваат органите на државата, се врши притисок да се затне секој глас на разумот, секој глас на знаењето и експертноста и секој глас кој што, во конкретниов случај, е искористен во полза на остварувањето на вистината и на правдата. Сега, со кривичната пријава се врши координиран напад врз СЈО во врска со случајот „ТНТ“ во кој што Архитектонскиот факултет и јас изработивме вештачење по наредба на СЈО – вели Грчев.



[Image: prijava%20%281%29.png]



Според него, очигледно е поклопувањето на времето на оваа кривична пријава со големата кампања која што се одвива низ медиумите, како и инспекциите кои минатата недела беа испратени на Архитектонскиот факултет.
- Не може човек да не се изненади од овој чин, иако е тоа она што гледаме дека им се случува на сите кои ќе ѝ се испречат на патот на таа партиско државна мафија на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, која што нѐ остава секогаш изненадени затоа што нашите умови и нашата морална интуиција, не ги прифаќаат грдите факти од стварноста во која се наоѓаме. Иако толку многу добро знам кои се злоупотребите на оваа криминална партија и на што сѐ се подготвени, секогаш повторно нормален човек сака да ги гледа работите дека се подобри одошто се, сака да им даде човештина на овие луѓе кои очигледно одамна ја немаат – вели Грчев.
Професорот во понеделник треба да се појави во Основното јавно обвинителство во Скопје, по поканата што ја добил како пријавен за наводно сторено кривично дело.
Се смета дека ова е обид Обвинителството да го оттргне вниманието на јавноста од предметот што го води СЈО и да изврши притисок врз професорот Грчев, инаку долгогодишен упорен и доследен критичар на режимот на Никола Груевски.


ИЗВОР МЕГАФОН НА МИЛЧИН




Quote:ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Партискиот вештак на СДСМ – Грчев ќе одговара за злоупотреба на службената положба


Вести 22 June 2016 15:03

[Image: Grcev-ispasena-faca.png]

Партискиот вештак на СДСМ, Мирослав Грчев е повикан во просториите на Основното Јавно обвинителство во понеделник, во својство на пријавен за злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 од кривичниот законик.
Имено, Грчев е пријавен за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик на РМ. Овој член го санкционира искористувањето на службената положба од страна на службено лице со цел да прибави за себе или за друг некаква корист или на друг да му нанесе штета. Најмалата запретена казна во ставот 1 од член 353 е затвор од шест месеци до три години.
Грчев во понеделник треба да се појави во Основното јавно обвинителство во Скопје, по поканата што ја добил како пријавен за наводно сторено кривично дело.

ИЗВОР: МЕГАФОН НА ГРУЈО
(This post was last modified: 22-06-2016, 07:22 PM by ЈорданПетровски.)
22-06-2016, 07:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Апелација одлучи „бомбите“ да бидат докази против Груевски и Јанакиески во предметите за Космос и Сончев град



04/11/2017

[Image: gruevski-janakieski.jpg]

Нелегално прислушуваните разговори во врска со уривањето на “Космос” и проектот “Сончев град” да се користат како докази во судницата, одлучи Скопска апелација која ги преиначи одлуките на Кривичниот суд по жалба на Специјалното јавно обвинителство.
Во случајот „ТНТ“ првобвинет е експремиерот Никола Груевски, додека во „Топлик“ првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, додека во двата случаи обвинети се вкупно 13 лица.
На двете јавни седници во апелација вчера обвинителите од СЈО изјавија дека обвинетите во овие предмети не се жртви на прислушкување, туку, според нив, тие биле дел од власта што масовно незаконски прислушкувала.
Адвокатите на обвинетите, пак, тврдеа дека прислушкуваните разговори се незаконски стекнати и нивната употреба е спортивна на Европската конвенција за човекови права, бидејќи се нарушува приватноста на обвинетите.
04-11-2017, 05:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:
Актуелниот директор на државниот катастер од СДСМ, Борис Тунџев, кој во 2011-та имал приватна геодетска фирма и самиот геодет го оценил Космос за класична дивоградба

СЈО со фијаско, и СДСМ тврди дека Космос е дивоградба


[Image: %D1%86%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%...105629.jpg]

25.10.2018
Во судот денес тече рочиштето за ТНТ, за рушењето на дивоградбата Космос на Фијат Цановски.
Денес СЈО ги презентира доказите. Но презентирајки ги, неизбежно мора да ги покаже повеќето барања и жалби на фирмата на Цановски, како и одлуки, решенија и записници на општина Гази Баба, државниот катастер и другите институции.
Она што целата јавност во салата ја изненади е документот кој го издал денешниот директор на државниот катастер, Борис Тунџев, кој во тоа време во 2011-та имал приватна геодетска фирма и самиот бил геодет.
Сегашниот директор на катастер, кадар на СДСМ, со неговото мерење утврдил дека Космос на Цановски е дивоградба.
Тунџев утврдил дека има 1 метар и 43 сантиметри разлика на котата за подземните гаражи во однос на добиената градежна дозвола.
И не само овој документ. Сите  документи и докази кои ги презентира СЈО во судската сала, докажуваат дека објектот Космос e класична дивоградба.
Час и половина откако започна читањето на доказите на СЈО, самото СЈО е во таква дефанзива, што се бори со сите сили што помалку од доказите да се читаат јавно, а одбрана се бори да се читаат барем дел од доказите кои, за иронијата да е поголема, ги поднело СЈО.
Видливо во салата е дека одбраната и обвинетите се многу задоволни од презентирањето на доказите од страна на СЈО.
Ова е предмет кој, ако ги слушате снимките, добивате перцепција дека на Цановски му е сторена неправда, но кога ќе се прочитаат документите се гледа какви законски прекршувања направил Цановски, што општината Гази Баба немала законски избор освен да го руши објектот.




Треба сега кривично да одговара тој што ја креирал снимката од раговорите бидеји од снимката се добиало сосема поинаков впечаток!! Тоа треба да го стори СЈО за да зачува барем малку неутралност!!
25-10-2018, 06:31 PM
Reply