Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ И ЗОШТО ПУКА ВО КУМАНОВО ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Рауфи: Зад Диво Насеље стојат повеќе тајни служби


4 November, 2015 - 18:32


[Image: oruzhje_kumanovo.jpg]
29-мина се најдоа на обвинителниот акт за крвавиот 9-то мајски викенд во Куманово. Обвинети се за тероризам и терористичка организација, на обвинителниот акт има македонски државјани, жители на Косово, но и еден Албанец со германски пасош, и војник-инструктор од Албанија кој живеел во косовски Урошевац.
Во притвор се сите обвинети, меѓу нив и лидерите на групата Мухамед Красниќи- командант Малишева (Али Ахмети самиот потврди дека на 9-ти мај во 10.30 добил телефонски повик во кој Малишева барал да се направи безбеден коридор и групата да се извлече на Косово) и Сами Укшини-командант Соколи.

[Image: uapsen_sokoli2.jpg?itok=L-r43ivE]
До кривичниот суд е стигнато обвинението, и во следните денови ќе биде доставено до адвокатите на обвинетите.  За време на истрагата притворените се бранеа со молчење.
Насер Рауфи е бранител на десет обвинети кои се од Косово. Вели дека досега добиле докази на околу 1400-тини страници, но тоа е само мал дел од прибраните докази и дека остатокот ќе може да се види во судот.
-Се надевам дека овие докази кои се од телефонски разговори, транскрипти, видео снимки и слични докази со ниво на класифицираност ќе им бидат дадени на увид и на обвинетите. Сметам дека со тој увид во доказите ќе заврши за дваесет дена или за месец, рече Насер Рауфи, адвокат на обвинетите.
Под истрага се уште двајца, Осман Сулејман од Брест кој го покажа оружјето украдено од караулата Гошинце и им избега на полицајците, но е фатена Косово и е побарана негова екстрадиција. Косовецот Зијадин Красниќи бил во групата во Диво Насеље, но избегал од полицискиот обрач и е недостапен на истрагата.

[Image: policija_kumanovo2.jpg?itok=r90W5OpQ]
Вкупно 20-мина од обвинетите имале претходни кривични досиеја на Косово и во Македонија, и извршени киднапирања, закани, убиства и шверц со оружје. Малишева е осомничен и за две убиства на Косово. Ваљдет Зекај, обвинет за две убиства и уште дваесет други кривични дела. (http://telma.com.mk/vesti/koi-se-obvinetite-za-terorizam-za-krvaviot-maj...)
Во Куманово е уапсен и Неџбедин Лика, осуден за убиство во Тетово извршено пред 12 години. Тој е братучед на пратеникот Хазби Лика.
Албанскиот државјанин Генц Сефа бил инструктор во групата и експерт за експлозиви, а германскиот Енвер Клеин пукал со снајпер во Диво Насеље, а во Германија завршил и армиски пилотски курс за хеликоптери.
Адвокатот Рауфи тврди дека пред судот ќе бара да сведочат и припадници на македонските тајни служби чии имиња се спомнуваат во извештаи дека се среќавале со групата на Мирсад Ндрецај.
[Image: naser_raufi2.jpg?itok=Yyp9iRk8]
-Јас се уште сметам дека зад настаните во Куманово има сценарио подготвено од повеќе  тајни служби. Тоа го кажувам според мои сознанија, вели адвокатот  Рауфи.
Во Куманово на 9-ти и 10-ти мај беа убиени 8 полицајци, ранети беа 35 припадници на МВР, а десет припадници на групата меѓу кои лидерите Мирсад Ндрецај Нато и Бег Ризај загина во борбите.

Миомир Серафиновиќ
 
05-11-2015, 01:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:СКАНДАЛОЗНИ ДЕТАЛИ ОД АПСЕЊЕТО ВО ДИВО НАСЕЉЕ
  • Ноември 7, 2015
[Image: dc7b82cbc21cdc5ba0bf3400a7aaf96f_L.jpg]
Во мај се случи Диво насеље, каде вооружена терористичка група од Косово скоро цел викенд го тероризираше тој дел од Куманово.
 
Полицијата организираше акција во која загинаа 8 припадници на специјалните сили.
 
Акцијата заврши со неколку загинати но, и неколку уапсени терористи. На сликава се гледа дека дел од терористите кои се уапсени (Бег Ризај, Самид Кастриоти, Мирсад Ндрецај и Арбен Реџај инаку главни организатори на терористичката група) како со врзани раце и главата према ѕид седат уапсени од македонските безбедносни сили но, истите после се пријавени како убиени. 
 
Дали со оваа слика се потврдуваат сомневањата дека терористите се уапсени преку ден (а не навечер како што се покажа на телевизиите) а истите се убиени се со цел јавно да не сведочат со кого и како се договарале да го организираат немилиот настан во Куманово?!?!
 

неделникот Фокус
08-11-2015, 12:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Обвинетите за нападот во Диво насеље : Ние сме невини, нека нè преземе Јанева




 December 7, 2015 by Info Mak News

[Image: teroristi_kumanovo-770x470-620x264.jpg]

Обвинетите за тероризам од кумановската населба „Тоде Мендол“ или позната како „Диво насеље“ се изјаснија дека се невини, откако денеска се одржа јавната расправа во судот за оценка на обвинителниот акт.
Одбраната, пак, тврдеше дека нема докази за делото кои им се припишува, теротистички напад и учество во терористичка организација. Адвокатите побараа случајот да го преземе специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.
Според обвинението 18 лица од вооружената група на своите униформи имале обележја со ознката на УЧК. Според обвинението, биле следени и прислушувани со посебни истражни мерки, од 27-ми април, до 8-ми мај кога започна престрелката во Диво насеље.
Обвинителот Наум Пановски вели дека дел од припадниците на групата претходно го извршиле нападот на караулата во Гошинце каде беше одземена поголема количина на огнено оружје. Истото украдено оружје, наводно, било употребено во судирот со полицијата неколку дена подоцна.
Како што изјави Пановски врз база на прибавени информации во соработка со косовските служби, судот издал налог припадници на МВР да извршат претрес во кумановската населба. Утрото на 9-ти мај судирот започнал откако вооружената група фрлила бомба, а потоа отворила оган кон полицијата.
Насер Рауфи, адвокат на дел од обвинетите, рече дека за овие седум месеци ниту тој, ниту останатите адвокати, не виделе некаков доказ за делото кое им се става на товар на обвинетите. Адвокатите тврдеа дека откако се во притвор, обвинетите биле физички малтретирани.
Денешната јавна расправа во судот помина со силно полициско обезбедување. Објектот беше опколен со полициски службеници и со припадници на специјалните единици, а секој кој влезе во судот мораше прво да помине низ детална контрола. За сите 29 обвинети беа ангажирани по неколку полициски службеници кои ги придружуваа.
Пред судот беа собрани роднини и пријатели на обвинетите. Велат дека се невини, дека се нашле на погрешно место во погрешно време и дека им биле ветени пари доколку се придружат на групата. Таткото на еден од обвинетите вели дека не знаеле што ги чека и што ќе се случува во Диво насеље. Роднините се убедени дека зад случајот стојат политички мотиви.







07-12-2015, 10:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



09-12-2015, 12:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Почнува судењето против 29 обвинети за теророзам во “Диво насеље“
[/url]
 
[Image: timthumb.jpg]


Февруари 8, 2016 [url=http://emagazin.mk/vesti/kategorija/2]Македонија


Утре на 9 февруари почнува судењето против 29 обвинети за тероризам за мајските инциденти што се случија во Куманово минатата година.
На расправата за оценка на обвинителниот акт, којашто беше јавна, сите 29 обвинети се изјаснија дека не се виновни и дека не се терористи.

На 9 и 10 мај во Куманово во т.н. Диво насеље, дојде до судир меѓу македонската полиција и вооружена група, а во борбите коишто траеја два дена загинаа осум припадници на полицијата и десет припадници на вооружената група.
 
08-02-2016, 01:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Почна судската војна на државата против терористите од Диво насеље
 
[Image: goran.jpg]
Горан Наумовски

13:42 09 февруари 2016
Државата поседува доволно материјални докази за да докаже дека 29-мината обвинети во случајот Диво насеље, дејствувале како терористичка организација која била поделена во три групи - на организатори, логистика и извршилтели, рече денеска обвинителот Наум Пановски на почетокот на судскиот процес против обвинетите кои се товарат дека на 09 и 10 мај војувале со македонските вооружени сили за кои додаде дека биле добро вооружени и дека претходно извесен период се подготвувале за нападот на полициската станица во Гошинце, кој се случи на 21 април лани.
Според обвинителниот акт, на нив ќе им се суди за здружување во терористичка организација и за тероризам, а во дел од судскиот процес кој ќе следи, јавноста ќе биде исклучена бидејќи ќе бидат презентирани тајни докази кои државата ги поседува, како и снимки од разговори меѓу обвинетите.

Адвокатот на повеќето обвинети, Наим Шасивари, истакна дека тие здравствено и ментално не биле способни да го следат судскиот процес и побара да бидат подложени на дополнителни здравствени и психички прегледи. Но овој предлог беше одбиен од судскиот совет со одговор дека ниту адвокатите ниту затворските власти не го известиле судот за дополнителни прегледи или пак евентуално нарушено здравје на обвинетите.

Одбраната бараше изземање на јавниот обвинител и предметот да биде префрлен во Специјалното јавно обвинителство. Судскиот совет одлучи обвинителите да останат на предметот, а ако евентуално стаса барање од СЈО за тоа ќе биде одлучено дополнително.
Од биографиите на обвинетите кои беа достапни се дозна дека шестмина имаат завршено високо образование, двајца од нив се со одлично познавање и факултетско образование од областа на безбедноста, а најбројни се тие кои се со основно образование и живеат во рурална срдина во соседно Косово.
Денеска 19 обвинети се изјаснија дека се семејни луѓе и имаат вкупно 67 деца. Во судската сала им беше дозволен влез на дел од роднините на обвинетите, но голем дел останаа и надвор да чекаат. Зградата на Врховниот суд и околината е опколена со бројни полициски сили. Во моментов има пауза, по што ќе продолжи денешното рочиште.
 
Фото: Борче Поповски
09-02-2016, 01:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Диво Насеље - За обвинителството тероризам, за одбраната дефокусирање



Почна судскиот процес против 29 обвинети за тероризам и терористичка организација за случувањата во Куманово лани во мај. Тие не ги прифатија обвиненијата.


[Image: 0887895A-19AA-44BC-A938-0D9F642B2424_w640_r1_s.jpg]


февруари 10, 2016
Обвинението во таа форма како што е подготвено не го прифаќам, не се чувствувам виновен за делата тероризам и терористичка организација, што ми се ставаат на товар со обвинителниот акт. Ова го изјави првообвинетиот Сами Укшини по кратката пауза за советување со адвокатите на првото рочиште за случувањата во кумановско Диво Насеље, откако тој претходно изјави дека делумно ја признава вината, но не за тероризам.
Еден од обвинетите, Генци Сефа, изјаснувајќи се по наводите од обвинителниот акт, рече дека жали за настаните во мај и не негира дека бил припадник на група, но не се чувствува виновен за тоа за што го товари обвинителството. Друг обвинет рече дека воопшто не бил ниту во Гошинце, ниту во Куманово. Останатите обвинети децидно го отфрлија обвинението за тероризам и терористичко организирање.
Во овој процес се обвинети 29 лица за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, како и за нападот на караулата Гошинце, кон крајот на април истата година.
Јавниот обвинител Наум Паноски во воведниот говор посочи дека обвинетите на 21 април минатата година маскирани и вооружени го извршиле нападот врз полициската станица во Гошинце, а подоцна извршиле напад врз специјалните полициски сили кои по налог требало да извршат претрес во кумановско Диво Насеље. Според обвинението, криминално-терористичката група прво фрлила рачна бомба кон специјалците, а потоа отвориле оган од автоматско оружје.
  • [Image: 41DA5A5F-B306-4047-BF9B-722C9E9C058B_mw505_mh331_s.jpg]

При нападот загинаа 8 полицајци и 42 беа тешко повредени. Во обвинителниот акт, обвинетите се поделени во три групи, првата била командна структура, втората била логистика, а третата учествувала во пукањето. 18 од обвинетите се државјани на Косово, а останатите се државјани на Македонија кои ја понудиле логистиката.
Одбраната, пак, во воведниот говор не го негира настанот и случувањата, но тврди дека во обвинителниот акт нема никаков доказ за тероризам и дека во него недостасуваат важни детални описи на кривичното дело. Еден од адвокатите, Шасивар Исени, посочи дека во обдукциските извештаи не е одредено основното, односно времето на смртта на ниту еден од загинатите и предложи тие докази да бидат изземи од понатамошната постапка.
Понатаму, бранителите посочија на низа пропусти во истрагата и додавајќи дека во обвинителниот акт недостасуваат главните актери, организаторите, додавајќи дека нивните клиенти се изманипулирани и вовлечени во настаните во кои по сплет на околности дошло до меѓусебно пукање и жртви.
Доказите на одбраната на обвинетите во случајот „Диво Насеље“, главно се вербални докази, тие се поврзани со одредени институции. Случајот „Диво Насеље“ требаше да ја дефокусира јавноста од „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата, вели еден од бранителите на обвинетите, Насер Рауфи.
„Ние сметаме дека има една генеза, значи една поврзаност на настаните коишто се и Диво Насеље со бомбите, т.н. „бомби“, прислушуваните разговори. Јас и обвинетите сме убедени дека со овие настани сакаше да се дефокусира јавноста од прислушуваните разговори. Убедени сме дека се работи за структури кои во понатамошниот тек на постапката ќе ги наведеме со име и презиме. Дури и денеска некои од обвинетите најавија такви вклучени од разни институции кои сега не и ги набројувал“, изјави Рауфи.
Пред почетокот на рочиштето одбраната побара изземање на јавните обвинители Вилма Русковска и Наум Пановски, оти сметаат дека истрагата не била завршена. Бранителите побараа да им се одговори на предлогот за невро-психолошко вештачење на обвинетите, затоа што, како што велат, дел од обвинетите не се во добра психо-физичка состојба за да може да дадат исказ.
Таткото на Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева, пред почетокот на судскиот процес изрази недоверба во правосудните органи.
(This post was last modified: 10-02-2016, 04:17 PM by ЈорданПетровски.)
10-02-2016, 03:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Обвинетите во „Диво насеље“ тврдат: Шестмина од вооружената група се предадоа, но беа убиени


[Image: d-n%281%29.jpg]

Објавеново 12:09 11 февруари 2016
[Image: goran.jpg]
Горан Наумовски

Ние во Куманово немавме наредба да пукаме кон полицијата, туку ни беше речено дека ако дојдеме во контакт со нив, да пукаме само во воздух. Многу јасно се сеќаваме на тоа што ни го кажа Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, дека нема да се бориме со полицијата и затоа бараме овој монтиран случа, кој е искористен за политички цели, да се расчисти до крај, изјави обвинетиот Насуф Зекри, еден од 20-мината обвинети за случајот „Диво насеље“.
Неговиот другар по оружје, исто така обвинет, Руфки Дугани, истакна дека уште шестмина други од групата, и се предале на полицијата, но биле убиени во полициска станица. 
Обвинетиот Валбет Зекај истакна дека Јавното обвинителство го искористило зборот „тероризам“ во обвинителниот акт, за да се сокријат причините и вистината за „Диво насеље“.
Повеќето од адвокатите на обвинетите кои до сега зборуваа, истакнаа дека ниту еден од нивните клиенти не е виновен и дека сите тие ниту сториле, ниту учествувале во терористичка група. 
11-02-2016, 04:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Обвинети во „Дива населба“: Водачите на групата беа убиени откако се предадоа во полициска станица


[Image: divo%20naselje%20teroristi.png%201.png&w=590&h=360]


Водачите на вооружената група која се судри со полицијата во кумановската „Дива населба“, Мирсад Н’дрецај и Бег Ризај и уште двајца од членовите Ваљон Кабаши и Сами Кастриоти, биле убиени откако се предале во полициска станица.




Ова го обелодени Руфки Догани, еден од обвинетите во својот воведен збор пред судот, а според неговиот адвокат токму тој се предал на полицијата заедно со дел од водачите кои биле убиени отпосле.



Друг обвинет, Насуф Зекири во воведниот збор побара овој случај да се расветли од страна на „Европејците и Американците“.



„Ние не дојдовме во Куманово да војуваме, се сеќавам на зборовите на Бег Ризај и Н’дрецај дека ние во Куманово ќе бидеме како фигури, ако дојде полицијата, нема да ги нападнеме, туку ќе пукаме во воздух. Вие ќе нé осудите, но нема да ја признаеме вината. Не сме ни први ни последни што се во политички монтирани процеси. Сите сме употребени за политички цели и никогаш нема да признаеме“, рече Зекири.



Обвинетиот Валдете Зекај рече дека во овој процес зборот „тероризам“ се употребува за да се прикрие вистината.



На денешното судско рочиште за судскиот процес „Дива населба“ воведен збор даваа адвокатите на обвинетиот и дел од обвинетите кои имаа што да додадат. Адвокатите на обвинетите за логистичка поддршка на групата тврдеа дека нивните клиенти не се никако поврзани со групата и дека не е точно дека им обезбедувале сместување на членовите на групата.



Адвокатот Љупчо Веселинковски, кој го брани обвинетиот Фадил Фејзулаху, рече дека ќе докаже дека неговиот клиент не ги сторил кривичните дела за кои се гони, не организирал сместување на членовите од групата во кумановската населба „Дива населба“, не бил сопственик на објектот во кој биле сместени членовите на групата.



Според Веселиновски, зачудува фактот дека организирањето на престојот и влегувањето на групата во Куманово се случила на 2-ри и 3-ти мај, кога во Куманово се одржуваше Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и кога градот бил полн со полиција. „Не можам да извршам терористички акт во близина на семејството, жената и децата“, рече обвинетиот.



Одбраната на адвокатите на речиси сите обвинети кои даваа исказ во четврток одеше во насока дека обвинетите не се виновни за тероризам и дека судирот во Куманово немал никакви елементи на тероризам. Еден од адвокатите дури тврдеше дека дел од обвинетите додека биле сместени во „Дива населба“, не само што не му наштетиле на цивилното население и на граѓаните, туку дури и им помагале и го нарече ова дел „хуман тероризам“.



На минатото рочиште воведен збор дадоа првообвинетите во овој случај кои ја споменаа и улогата на ОБСЕ и ДУИ во расчистувањето на конфликтот, но не открија други детали.



Сите 29 обвинети тврдеа дека не се виновни, иако дел од нив не негираа дека биле дел од настаните во Куманово, но беа децидни дека не се виновни за тероризам и терористичка организација.


Во јавноста се појавија информации дека разузнавачи од македонските тајни служби биле вмешани во договарање на инцидентите во Куманово, а се објавија и разговори меѓу Н’дрецај и агент од македонските тајни служб


makfax
11-02-2016, 04:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:КОЈ И ЗОШТО ОД ВЛАСТА НАМЕРНО ЈА СОКРИВА ВИСТИНАТА


Настаните кој се‘ случија со нападот на караулата „ГОШИНЦЕ“ и „ ДИВА НАСЕЛБА“ во Куманово,од безбедноснет аспект секако дека треба да бидат детално истражени.Некој ОД ВЛАСТА СЕ ОБИДЕ ДА ЈА СОКРИЕ ВИСТИНАТА !, НО НЕЛИ Е ТАА КАКО ШИЛО ГОСПОДИНЕ ГРУЕВСКИ ? Отворено останува прашањето за ПОВРЗАНОСТ на високи преставници на власта со криминалнита група од Гошинце и Дива Населба,и нивната вмешаност не може да биде воопшто дискутабилна доколку се знаат неколку факти од кој нема бегање.

Послем нашата вчерашна објава , ,се‘ обиде „ордата“ на ВМРО ДПМНЕ на социјаланите мрежи да не нарече „Соросоидни спинери„?! Но прет фактите и Боговите молчат. Редакцијата на ОхридСкај , денес објавува ексклузивно , до сега не објавен видео материјал од нападот на Караулата „ГОШИНЦЕ“ кое е снимано преку пограничниот видео надзор на Р.Ц „СЕВЕР“ , ПОТОЧНО ОД ДЕЖУРНИОТ ОПЕРАТИВЕН ЦЕНТАР (ДОЦ)НА Р.Ц. „СЕВЕР“.Послем овој видео материјал ,кој ниту е крпен, лепен , сецкан итн, ги повикуваме лицата, ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА, НАЧАЛНИКОТ НА Р.Ц. „СЕВЕР“ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ , Помошник директор за Гранични работи при МВР МАРИНКО КОЧОВСКИ,  МИТКО ЧАВКОВ, КАКО И ГОРАН ГРУЕВСКИ , ДА ИМ ОБЈАСНАТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД , НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА , КАКО ТОА ЗНАЕЛЕ ЗА НАПАДОТ НА „ГОШИНЦЕ“ , А НЕ ПРЕВЗЕМАЛЕ НИШТО ЗА ЗАШТИТА НА БЕЗБЕДНОСТА , СУВЕРЕНИТЕОТ И ИНТЕГРИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ НА Р.МАКЕДОНИЈА??





На приложениот видео материјал , јасно се гледа ,дека напаѓачите биле цело време снимани од безбедносниот надзор на Р.Ц. Север на МВР, но сепак не превземала ништо?!!
КОЈ И ЗОШТО ОД ВЛАСТА НАМЕРНО ЈА СОКРИВА ВИСТИНАТА , И САКА ДА НАПРАВИ СЦЕНАРИЈО СЛИЧНО ОД 2001 ГОДИНА ВО МАКЕОДНИЈА?
ОХРИДСКАЈ

OHRIDSKY
06-03-2016, 04:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Tелефонски разговори и смс пораки преку кои се договарале средби за разработка на сценариото за Куманово?




March 23, 2016 Info Mak News 
[Image: 63347c89c07e9c7a930f531b7118de5b_L-678x381.jpg]

Францускиот експерт за односи со јавноста Жерар Аскинази ги потврди пишувањата на „Фокус“ дека на 17 Февруари бил во Скопје и имал средба со владини претставници. Но, во дописот до неделникот тој демантира дека дошол во Македонија за да договара т.н. „мала војна“, наводна маркетинг стратегија на власта за враќање на довербата во институциите и полицијата. Аскинази, слична реакција имал и за францускиот медиум „Медиапарт“ кој исто така пишуваше на темата. Сепак, пишува „Фокус“ тој еднаш изјавувал дека во Скопје разговарал за евроинтеграциите на Македонија, а потоа дека состанокот бил само презентација на компанијата за која работи. Не одговорил со кога точно се сретнал во Скопје.
Во последниот број, неделникот сепак се повикува на извор од Франција кој тврди дека поседува телефонски разговори и смс пораки преку кои се договарале средби за разработка на сценариото за Куманово. Преку нив практично му била нудена работа на ПиАр сценарио за мини криза во Македонија. „Фокус“ барем засега не го објавува идентитетот на овој извор.
Додека средбите на францускиот Пи-Ар експерт со македонските власти се уште отвараат сомнежи во јавноста, не се ништо појасни ниту информациите кои говореа за средби меѓу вработен или вработени во македонските тајни служби со дел од лидерите на кумановската група.
АЛСАТ М и денеска побара став од Агенцијата за разузнавање по ова прашање, но повторно не ни стигна одговор. Единствениот став досега од оваа институција, за чиј вработен се појави дури и снимка од телефонски разговор со лидер на кумановската група, е дека ќе тужи новинари и медиуми за објавување на неговиот идентитет. Не ни стигна одговор и дали побарале од некој медиум да ги отстрани содржините кои се спорни за нив или дали доставиле такви барања и до видео- сервисите каков што е „Јутјуб“. До каде е истрагата по пријавата на Агенцијата, прашавме во јавното обвинителство, но и оттаму не добивме одговор. Последно, ни кажаа дека само дека предметот е добиен и е земен во работа.
Францускиот експерт за односи со јавноста Жерар Аскинази ги потврди пишувањата на „Фокус“ дека на 17 Февруари бил во Скопје и имал средба со владини претставници. Но, во дописот до неделникот тој демантира дека дошол во Македонија за да договара т.н. „мала војна“, наводна маркетинг стратегија на власта за враќање на довербата во институциите и полицијата. Аскинази, слична реакција имал и за францускиот медиум „Медиапарт“ кој исто така пишуваше на темата. Сепак, пишува „Фокус“ тој еднаш изјавувал дека во Скопје разговарал за евроинтеграциите на Македонија, а потоа дека состанокот бил само презентација на компанијата за која работи. Не одговорил со кога точно се сретнал во Скопје.
Во последниот број, неделникот сепак се повикува на извор од Франција кој тврди дека поседува телефонски разговори и смс пораки преку кои се договарале средби за разработка на сценариото за Куманово. Преку нив практично му била нудена работа на ПиАр сценарио за мини криза во Македонија. „Фокус“ барем засега не го објавува идентитетот на овој извор.
Додека средбите на францускиот Пи-Ар експерт со македонските власти се уште отвараат сомнежи во јавноста, не се ништо појасни ниту информациите кои говореа за средби меѓу вработен или вработени во македонските тајни служби со дел од лидерите на кумановската група.
АЛСАТ М и денеска побара став од Агенцијата за разузнавање по ова прашање, но повторно не ни стигна одговор. Единствениот став досега од оваа институција, за чиј вработен се појави дури и снимка од телефонски разговор со лидер на кумановската група, е дека ќе тужи новинари и медиуми за објавување на неговиот идентитет. Не ни стигна одговор и дали побарале од некој медиум да ги отстрани содржините кои се спорни за нив или дали доставиле такви барања и до видео- сервисите каков што е „Јутјуб“. До каде е истрагата по пријавата на Агенцијата, прашавме во јавното обвинителство, но и оттаму не добивме одговор.
Последно, ни кажаа дека само дека предметот е добиен и е земен во работа.Францускиот експерт за односи со јавноста Жерар Аскинази ги потврди пишувањата на „Фокус“ дека на 17 Февруари бил во Скопје и имал средба со владини претставници. Но, во дописот до неделникот тој демантира дека дошол во Македонија за да договара т.н. „мала војна“, наводна маркетинг стратегија на власта за враќање на довербата во институциите и полицијата. Аскинази, слична реакција имал и за францускиот медиум „Медиапарт“ кој исто така пишуваше на темата. Сепак, пишува „Фокус“ тој еднаш изјавувал дека во Скопје разговарал за евроинтеграциите на Македонија, а потоа дека состанокот бил само презентација на компанијата за која работи. Не одговорил со кога точно се сретнал во Скопје.
Во последниот број, неделникот сепак се повикува на извор од Франција кој тврди дека поседува телефонски разговори и смс пораки преку кои се договарале средби за разработка на сценариото за Куманово. Преку нив практично му била нудена работа на ПиАр сценарио за мини криза во Македонија. „Фокус“ барем засега не го објавува идентитетот на овој извор.
Додека средбите на францускиот Пи-Ар експерт со македонските власти се уште отвараат сомнежи во јавноста, не се ништо појасни ниту информациите кои говореа за средби меѓу вработен или вработени во македонските тајни служби со дел од лидерите на кумановската група.
АЛСАТ М и денеска побара став од Агенцијата за разузнавање по ова прашање, но повторно не ни стигна одговор. Единствениот став досега од оваа институција, за чиј вработен се појави дури и снимка од телефонски разговор со лидер на кумановската група, е дека ќе тужи новинари и медиуми за објавување на неговиот идентитет. Не ни стигна одговор и дали побарале од некој медиум да ги отстрани содржините кои се спорни за нив или дали доставиле такви барања и до видео- сервисите каков што е „Јутјуб“. До каде е истрагата по пријавата на Агенцијата, прашавме во јавното обвинителство, но и оттаму не добивме одговор. Последно, ни кажаа дека само дека предметот е добиен и е земен во работа.
Францускиот експерт за односи со јавноста Жерар Аскинази ги потврди пишувањата на „Фокус“ дека на 17 Февруари бил во Скопје и имал средба со владини претставници. Но, во дописот до неделникот тој демантира дека дошол во Македонија за да договара т.н. „мала војна“, наводна маркетинг стратегија на власта за враќање на довербата во институциите и полицијата. Аскинази, слична реакција имал и за францускиот медиум „Медиапарт“ кој исто така пишуваше на темата. Сепак, пишува „Фокус“ тој еднаш изјавувал дека во Скопје разговарал за евроинтеграциите на Македонија, а потоа дека состанокот бил само презентација на компанијата за која работи. Не одговорил со кога точно се сретнал во Скопје.
Во последниот број, неделникот сепак се повикува на извор од Франција кој тврди дека поседува телефонски разговори и смс пораки преку кои се договарале средби за разработка на сценариото за Куманово. Преку нив практично му била нудена работа на ПиАр сценарио за мини криза во Македонија. „Фокус“ барем засега не го објавува идентитетот на овој извор.
Додека средбите на францускиот Пи-Ар експерт со македонските власти се уште отвараат сомнежи во јавноста, не се ништо појасни ниту информациите кои говореа за средби меѓу вработен или вработени во македонските тајни служби со дел од лидерите на кумановската група.
АЛСАТ М и денеска побара став од Агенцијата за разузнавање по ова прашање, но повторно не ни стигна одговор. Единствениот став досега од оваа институција, за чиј вработен се појави дури и снимка од телефонски разговор со лидер на кумановската група, е дека ќе тужи новинари и медиуми за објавување на неговиот идентитет. Не ни стигна одговор и дали побарале од некој медиум да ги отстрани содржините кои се спорни за нив или дали доставиле такви барања и до видео- сервисите каков што е „Јутјуб“. До каде е истрагата по пријавата на Агенцијата, прашавме во јавното обвинителство, но и оттаму не добивме одговор. Последно, ни кажаа дека само дека предметот е добиен и е земен во работа.
Facebook Comments
23-03-2016, 07:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лајм: Полицаец во судница признал дека Ндрецај бил уапсен жив во Диво насеље

 
22.07.16 

Прекинот на електрична енергија не била вистинската причина за прекинување на вчерашната судска седница за настаните во Диво насеље од 9 и 10 мај 2015, пишува весникот „Лајм“ повикувајќи се на извори блиски до одбраната.

[Image: kumanovo-divo-naselje-670x308.jpg]

Иако струјата и техничките дефекти се службено наведени како причина за прекинот, изворите на „Лајм“ тврдат дека вистинската причина било сведочењето на еден од полицајците учесници во акцијата во Куманово на 9 Мај 2015, кој во судницата дал потресно сведоштво. Тој признал дека Мирсад Ндрецај бил жив уапсен од страна на полицијата.
„За време на вкрстеното испрашување, еден од адвокатите на одбраната поставил „трик“ прашање. Адвокатот го прашал полицаецот дали тој го уапсил Мирсад Ндрецај, или пак тоа било сторено од неговиот колега, на што полицаецот одговорил дека Ндрецај бил уапсен од еден од неговите колеги. Одговорот предизвика мешаница во судницата и реакција на судското тело кое побара да се прекине седницата и да се избрише сведоштвото на полицаецот“, тврдат извори на „Лајм“.

– Полека испливува на виделина вистината дека Мирсад Ндрецај, но можеби и некој друг припадник на Кумановската група, бил ликвидиран откога бил уапсен – рекле изворите на весникот „Лајм“.
Весникот „Лајм“ контактирал со адвокатите на одбраната кои службено ниту го одрекле ниту го потврдиле овој навод. Весникот дознава дека наскоро ќе настапат во јавноста и ќе се обратат отворено.
Повеќе од текстот на „Лајм“ на следниот линк (на албански јазик).
Вакво обвинување веќе дадоа семејствата на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај за „Фокус“. Тие тврдеа дека двајцата водачи на вооружената група во Куманово се подоцна ликвидирани за да се прикрие сценариото за викенд-војната, според кое за пет милиони евра, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции без жртви, за да го свртат вниманието на јавноста од „бомбите“.
Алсат-М телевизија, пак, лани објави допис од Министерството за надворешни работи до Амбасадата на Косово во Македонија во кој ги има имињата на уапсените косовски државјани во акцијата. Меѓу нив (на втората страна) го има и името на Мирсад Ндрецај, кој пак, беше меѓу убиените, што, уште тогаш, ги подгреваше сомнежите дека бил ликвидиран по апсењето.


[Image: 13709986_10155157309634466_1729482114733...e=582EA20D]
[Image: 13692547_10155157309639466_5284711333363...e=582D464E]



Quote:Ekskluzive: Polici maqedonas pranon në gjykatë se Mirsadi është arrestuar i gjallë
 
By LajmPress5
E postuar më 22-07-2016, 18:20

[Image: mirsadi-polici.jpg]

Rryma elektrike nuk ka qenë shkaku i vërtetë për ndërprerjen e senacës së djeshme gjyqësore për “Grupin e Kumanovës”, mëson ekskluzivisht Gazeta Lajm nga burime të afërta me mbrojtjen e të akuzuarëve. Edhe pse zyrtarisht rryma dhe defektet teknike u përmendën si shkak për ndërprerje, burimet tona thonë se shkaku i vërtetë ka qenë dëshmia e një polici pjesëmarrës në aksionin te “Lagja e Trimave”, i cili para gjykatës ka dhënë një dëshmi tronditëse. Ai ka pranuar para gjykatës se Mirsad Ndrecaj është arrestuar i gjallë prej policisë.
“Gjatë marrjes së kryqëzuar në pyetje, njëri prej avokatëve i bëri dëshmitarit të mbrojtur një pyetje me ‘sherr’. Avokati e pyeti policin se a e ka arrestuar ai Mirsad Ndrecajn, apo kolegu i tij, polici u përgjigje se Mirsadin e ka arrestuar një kolegë i tij. Kjo shkaktoi tollovi në gjykatë, reagoi trupi gjykues, duke kërkuar që të ndërpritet seanca dhe të fshihet dëshmia e policit”, thonë burimet e gazetës “Lajm”.
Sipas tyre, kjo dëshmi e policit (dëshmitar i mbrojtur), konfirmon dyshimet që ekzistonin në opinion që nga 10 maji.
“Dal ngadalë po del në shesh e vërteta se Mirsad Ndrcaj, por ndoshta edhe ndonjë pjesëtar tjetër i Grupit të Kumanovës është likudiar pasi është arrestuar”, thonë burimet e Gazetës Lajm.
 
Gazeta Lajm kontaktoi edhe me avokatët mbrojtës të pjesëtarëve të Grupit të Kumanovës, mirëpo ata zyrtarisht as nuk e konfirmuan e as e demantuan informacionin tonë. Marrim vesh se ditët në vijim ata do të dalin dhe do të flasin publikisht për shkaqet e vërteta për ndërprerjen e seancës së ditës së premte gjyqësore.
Ndryshe dëshmia e policit (dëshmitar i mbrojtur), përputhet edhe me audio-dëshminë e Sulejman Osmanit i cili në një bisedë të incizuar me Xhezair Shaqirin, ka thënë se me sytë e tij ka pa duke u arrestuar të gjallë Mirsad Ndrecaj dhe Beg Rizaj. Sulejman Osmani në këtë dëshmi mes tjerash ka thënë se përmes një bisede telefonike, pjesëtarët e Grupit të Kuanovës kanë marrë garanci nga kryetari i BDI-së Ali Ahmeti, se nëse dorëzohen, nuk do të arrestohen prej policisë, por se do të pranohen nga ekipe të OSBE-së por se janë tradhtuar, duke rënë në dorë të policisë maqedonase.
Miëpo kjo dëshmi e policit, tani i jep një dimension të ri dhe shumë më të bazuar  akuzave për “Tradhtinë e madhe në Kumanovë”, si dhe jep një profil më të qartë të atyre që kanë tradhtuar.
Ndryshe, zyrtarisht seanca u ndërpre për shkak të problemeve me korrentin në Gjykatë,. Deri në ndërprerjen e seancës kishte dëshmuar vetëm një dëshmitar i mbrojtur. Pala mbrojtëse beson se në pesë seancat e ardhshme pritet të përfundojnë të gjithë dëshmitarët e mbrojtur. Avokatët thanë se sot asnjëri nga pjesëtarët e grupit të Kumanovës nuk është ankuar për keqtrajtim nga ana e policisë. Për keqtrajtimin e deritanishëm të pjesëtarëve të grupit të Kumanovës kanë reaguar edhe nga Komiteti i Helsinkit. “Ne menjëherë kërkuam t’i vizitojmë këta të paraburgosur, për të cilët kishte pohime se kishin qenë të lënduar, madje lëndime serioze si p.sh: thyerje e nofullës , njolla nëpër trup e të ngjashme. Kërkuam leje për vizitë në burg, në kushte normale Gjyqi çdo herë na ka lejuar t’i vizitojmë të burgosurit , por në këtë rast nuk na u lejua një gjë e tillë. Me këtë nuk mundëm të vërtetojmë se çfarë ka ndodhur në të vërtetë , por duke i lexuar raportet e Avokatit të popullit , ne mendojmë se ka pasur sulme ndaj atyre njerëzve”, deklaroi Voislav Stojanovski, Komiteti i Helsinkit. Deri tani më të keqtrajtuar nga ana e policisë, sipas avokatëve kanë qenë Andi Krasniqi, i njohur si komandant Malisheva, Demë Shehu e Ekrem Arifi. Për keqtrajtimin e pjesëtarëve të grupit të Kumanovës së fundmi u përplasën ministri i brendshëm Çavkov i cili hodhi poshtë pohimet e avokatëve dhe zëvendësi i tij Agim Nihiu i cili pohonte të kundërtën. Seanca e radhës për Kumanovën mbahet më 28 korrik
 

LAJM
23-07-2016, 02:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:“Живеејки во т.в. - кутии!“


„За време на вкрстеното испрашување, еден од адвокатите на одбраната поставил „трик“ прашање. Адвокатот го прашал полицаецот дали тој го уапсил Мирсад Ндрецај, или пак тоа било сторено од неговиот колега, на што полицаецот одговорил дека Ндрецај бил уапсен од еден од неговите колеги. Одговорот предизвика мешаница во судницата и реакција на судското тело кое побара да се прекине седницата и да се избрише сведоштвото на полицаецот“, пренесува дел од судењето на обвинетите за наводниот терористички напад во Диво Насеље - „Лајм“.
И? ШУ ПРАВИМЕ СЕГА!?
Тие што си имат работа со “гомна“ веројатно знаат, дека со нив секогаш си имаш еден основен проблем, што колку и да се тешки или страшни - кога тогаш ќе испловат - излегуваат на површина!
Да потсетиме: Веднаш по настаните во Диво Насење, во Американската амбасада, по огромна тежина на предочени докази, Груевски, своерачно мораше да им ги “исече главите“ на братучед му Мијалков, партискиот мотор и прв извршител Гоца, и еден од најдобрите теренски играчи, малски што би се рекло - “најдобро другарче“, а и човек кој е заслужен што Груевски воопшто завршил фалкутет, Миле - Ми Текна! ... И вам сеуште не ви беше јасно што се случило во Куманово, и тоа за вас не беше доволен доказ! Такви три огромни главурди на вашата ламја, да отпаднат како да се суво лисје, и вам тоа воопшто да не ве зачуди, никако да на ги повржете работите...Ние знаевме... вие сеуште несакате да знаете...
Се разбира дека не заврши на ова, кога на обувките ти е крв од осум момчиња, трагите што ги оставаш зад себе смрдат на широко и остануваат, крв втисната во земја - уште долго, се дур таа јагнешко - невина крв не најде успокој, дур не најде правдина и мир... А кај нас сеуште нема ни ПРАВДА - ни МИР!!!
Така, што и да зборуваа, како и да не етикетираа во тоа време, ние знаевме, ние почуствувавме дека тие осум мажи, тие загинати полицајци, таа нивна крв која бра правдина, да биде обвинет вистинскиот виновник и бара мир, бараат мир, бараат да се упокојат... затоа тие се приклучија на нашите маршеви и од тогаш станавме посилни, засилени со нивните духови... Осум бесни, збунети, изневерени, желни за озмада духа на полицајци, кои бара одговор - зошто, кои - прашуваа - кој, за колку пари - прашуваа.... духови на полицајци, испратени таму со една и единствена задача - да загинат! Глинени гулаби... Во планот на налудничавите братучеди, било запишано - “и сега тука ќе загинат неколку од наша страна, тоа е добро за емотивниот ефект, за собирање политички поени, и конечно да се запре лудилото кое се предизвика со објавувањето на наши прислушкувани разговори кои сме ги прислушкувале ние, објавување на наши пљачки и пустошења што исто така сме ги направиле ние, така ке можеме нив да ги прогласиме и за предавници и за виновници за ова што ние ќе го направиме со купените “кучиња на војната“, купени за 2.000 000 евра.
Кога душата ти е крвава и зла, тогаш самиот твој здив те издава, оти и тој мириса на крв, па таквиот “пеколен здив“ те издава и сведочи за крвта која планираш наскоро да ја пролееш... Па за овие пари, и дека Грујо и Мијалков купиле “мала војна“ ( поточно - планираат да ја увезат од Косово ) за цена од 2 милиона... прв говореше генералот Стојанче пред нас неколкумина, на протестите организирани пред МРТВ... Но тогаш, кога генералот Стојанче предупреди на ова, малкумина бевме што му поверувавме и го свативме сериозно, всушност малкумина бевме што воопшто мрзневме со него, таа вечер пред МРТВ, каде само неколку стотици луѓе, замислете... само неколку стотици бевме свесни дека МРТВ е јавен сервис платен со наши пари, и затоа ако не платиш - УЈП присилно со неколкукратен арач на арач ќе ти наплати... е штом е така, штом е телевизија на сите гражани на Р. Македонија, и ние сме тие што ја плаќаме ( сакале или не ), тогаш тие едноставно мораа да најдат начин за во целост да ги објават сите снимки од проектот “Вистина за Македонија“ ( Па нели и самиот нивен Пастир, Вождот, рече - внимателно слушнете ги доказите и пресудите сами ) истото го баравме и ние - Да се слушне! Да се презентира целосниот материјал, оти народот сака да знае што и како се случувало, и потоа истиот тој народ да си донесе заклучок... Значи ако тргнеме од ова, кое се случуваше скоро пред две год., Грујо беше тој, што го потценуваше својот народ и го мислеше за недоделкан, за недоветен, за недообразуван... а ние бевме тие што верувавме во мудроста на народот, да слушне и сам да си пресуди... Додека на Груевски му требаа објаснувачи, мешетари, му требаа 'три од карти', му требаа специјални вештаци, му требаа вашарски маѓионичари и секако гатачката Кате, за да на народот му објасни колку се 2 + 2 или поточно, колку милијарди во свој џеп земал лично тој ако провизијата со кинезите за автопатот, била 15 %....
Да не се одалечувам и премногу од темата... да се вратиме ние на крвавите траги на Мијалков и Грујо... Излезе признание на колсутанска куќа од Франција, платена од наши народни пари, кои како “генијална идеја“ на кој начин можат да си ги спасат скапите кожи, им предложиле да купат една таква “војна со ограничени размери“, при која ние би гинеле а тие би собирале политички поени, би се направил мал вакум простор и ограничен хаос, од некои најмногу месец дена, во кои месец дена, при војна состојба, на Груевски би му се пружила џек-пот шанса да се справи со секој кој му беше застанат на патот во стоте чекори за сто години владеење со Макадонија... секој чекор година - секоја година чекор... Кратка фингирана војна, по која ќе следеа масовни апсења на не патриоти, петоколонаши, мрачни сили, атеисти, вегетаријанци, жолти комбиња... на се што е на списокот на Гоца и Мартин ... Траките и нивната содржина ќе беа забранети и самото нивно спомнување ќе подразбираше затвор, Голи Оток - Змиско Острово... Протеасти!?! Јавното собирање ќе беше забрането со декрет и жестоко казнувано!!! - Сето тоа, само за 2 милона кои не се ни твои, туку си ги земал од народниот трезор.
Се редеа докази, докази, докази, непобитливи докази.... што за многумина “верници“, “долгогодишни слепи следбеници“, “оние кои навистина веруваа во “Дедо Мраз“, за сите нив ова преставуваше толку голем “ШОК“ што никако неможеа да го прифатат како вистина.
Зарем нивниот светец Никола и оној што е секогаш на браникот на татковината, токму тие - направиле велепредавство кон Македонија и македонскиот народ, невидено и неспоредливо, со било што, од времето кога македонецот знае за самиот себе па до денес. И затоа не можејки ни самите да се справат со сознанието и вистината, тие ( налик на ноеви ) главите ( наместо во песок ) ги набија во телевизорските кутии заглавени на т.в. “Шител“ и така живуркаат и живуркаат, и еве ги сеуште се таму, сеуште се така, до ден денешен - “Живеејки во “Шител“ кутии!“
А докази, кои ја потврдуваа вистинатаа, си се нижеа како „алки ковани“ за неко луѓе кои уште од кога трбаше да бидат однесени и заборавени во затвор, тие сеуште нешто преговараат и договараат, па дури и не потпишуваат ( играат улоги, веројатно повторно по совет на француски колсутанти, улоги на измамници кои цело време мамат но упорно тврдат дека се измамени... ) ... Но пак ние полека да се вратиме, на кај темата, само да ве потсетам:
- Несогласување на списоци испратени до и од амбасада на УСА, со оние на нашето МНР, и списоците кои беа лиферувани од Косовска страна - за учесниците, загинатите, мотивите...
Мотивите??? До денес никој не изнесе некој друг мотив освен тие 2 милони евра.
2.000 000 евра! Друг мотив не слушнавме!!!
Потоа Али Ахмети сведочеше дека дента дур траеле борбите ( “игрите“ ) бил во директен контакт со командатите на групите.
Па се случи филмско бекство на еден од уапсените од групата, кој бос и со лисици им избега на огромен број до заби наоружани и до максимум обучени, македонски специјални сили, кои го возеле, наводно, на некој локалитет на кој тој им ветил дека ќе им покаже скриено оружје... ...“Луѓе!? Вие!? Вие, “луѓе со глави во кутии“, зарем не се прашувате зошто овој терорист бил пуштен? А зошто Ндрецај е убиен откако е уапсен, а од почеток се тврди дека тој бил убиен во акцијата....
Се лиферува проверен податок дека припадници на ДБК биле во постојан, директен контакт, со предводниците на групата, еден од предводниците, ако не и главен организатор бил Ндрецај... да не е тоа можеби причината... Да не се плашеле од неговото сведочење?
Груевски и Мијалков, да не се исплашиле дека Ндрецај, со своето сведочење на суд ќе стави “фиљан штебиљ“ врз вистината која веке ја знаеме: Дека тие, со два милони евра, наши пари, решиле и се обиделе, но за среќа наша нешто се заебало во планот ( најверојатно биле откриени и фатени живи од американците ), како и да е, Тато Мијалков и Мака Груевски сакале да ни купат војна, војна во која би гинеле ние и за која никогаш незнаеш дали и како може да ти избега од контрола, како контролиран пожар, поплава на граница на разлевање, како... колку.... зошто и поради што.... неизвесен и неконтролиран број наши животи... наши, на нас македонците од македонско, албанско, србско, турско, ромско и тн. етничко потекло, а од друга страна на тастот, а сето тоа, сета таа жртва поради исклучиво лично спасување на сопствените фукции и идеата за новиот македонски пантеон кои се самите тие...
Та тогаш, што се илјадници и илјадници мртви обични луѓе - наспрам тоа што Груевски ќе остане да биде тоа што природно и е, бог!
И драги пријатели, што сеуште живеете во тв - кутија, избаждарена исклучиво на тв - Шител сеуште ништо не ви е сомнително, ништо не ви смрди во “анусот на светот“ до кој не спуштија вашите омилени светци и богови... но верувајте дека, и јас тоа аргументирано го тврдам, и ви го признавам, дека и вашиот придонес е неизмерно голем... огромен.

ФБ статус на Југослав Петровски
23-07-2016, 09:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЧАВКОВ ЗА ИСКАЗОТ ВО „ДИВО НАСЕЉЕ“ – НАЈВЕРОЈАТНО НАСТАНАЛА ЗАБУНА ПРИ ДАВАЊЕТО НА ИСКАЗОТ
Jul 23, 2016
 


По вчерашното пишување на весникот Лајм дека полицаец во судницата признал дека припадникот на кумановската група Мирсад Ндрецај бил уапсен жив во настаните во Диво насеље, Министерот за внатрешни работи Митко Чавков вели дека најверојатно станува збор за забуна при давање на исказот. Ги повика одбраната и обвинителството да ја расчистат таа дилема.

„Најверојатно одбраната и обвинителството ќе ги расчистат тие дилеми, односно не знам како би ги нарекол, мислам дека не е воопшто дилема, туку е најверојатно забуна при давањето на исказот“, изјави Митко Чавков.

Чавков вели дека е шпекулација тврдењето дека еден осомничените завршил со повреда на долните екстремитети.

Кристијан Ландов
24-07-2016, 08:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Ексклузивно интервју со Насер Рауфи, адвокат во случајот „Диво насеље“: Тајната служба жртвувала осум животи за да спаси нечии интереси

[Image: rauf.jpg&w=590&h=360]


Адвокатот Насер Рауфи, кој ги брани обвинетите во случаите „Монструм“, „Дива населба“ и „Сопот“ во интервју за Макфакс обелоденува дека македонската, косовската и српската тајна служба ги креирале настаните во кумановската „Дива населба“. Македонската тајна служба, тврди адвокатот, ги знаела последиците од акцијата во кумановската населба кои ѝ одговарале за да се дефокусира јавноста од „бомбите“ на опозицијата. Рауфи натаму во интервјуто открива дека групата требало да издаде соопштение во кое ќе бара права за Албанците, но биле изманипулирани и настаните тргнале во друг тек....
Quote:
                         Ексклузивно интервју со Насер Рауфи, адвокат во случајот „Диво насеље“: Тајната служба жртвувала осум животи за да спаси нечии интереси

[Image: rauf.jpg&w=590&h=360]


Адвокатот Насер Рауфи, кој ги брани обвинетите во случаите „Монструм“, „Дива населба“ и „Сопот“ во интервју за Макфакс обелоденува дека македонската, косовската и српската тајна служба ги креирале настаните во кумановската „Дива населба“. Македонската тајна служба, тврди адвокатот, ги знаела последиците од акцијата во кумановската населба кои ѝ одговарале за да се дефокусира јавноста од „бомбите“ на опозицијата. Рауфи натаму во интервјуто открива дека групата требало да издаде соопштение во кое ќе бара права за Албанците, но биле изманипулирани и настаните тргнале во друг тек....

Макфакс: Обвинетите за случајот „Дива населба“ кога се изјаснуваа за вина пред судот сите кажаа дека не се чувствуваат виновни, но дел од нив потврдија дека биле на местото на случувањата. Пред судот, кажаа дека целиот случај е монтиран за пари и дека во случувањата се вклучени високи функционери од Управата за безбедност и контраразузнавање. Кои се вашите сознанија како адвокат на најголем дел од обвинетите?

Насер Рауфи: Со новиот закон за кривична постапка, ние како одбрана немаме започнато да ги изведуваме нашите докази. Такви тврдења беа нафрлени во судницата, беше кажано, исто така, дека и водачите на групата биле отпосле егзекутирани, беше кажано дека тие практично се жртви и дека се наместени да бидат таму, но никој не кажа дека имал намера да војува односно да прави тероризам. Овие луѓе се манипулирани од тајните служби, не само од македонската тајна служба, туку од повеќе тајни служби. Самото обвинение кажува дека овие дејствија биле започнати од јануари, односно тие се прислушувани со Посебни истражни мерки од јануари. Сега се поставува едно прашање, зошто не превенирале нашата Управа за безбедност и контраразузнавање и нашето Биро за јавна безбедност, зошто не превенирале во смисла на тоа што знаеле кои лица ќе влезат во Македонија, точно се знаело кој влегува во Македонија, по име, по презиме, по фотографија. Тие знаеле и кој ќе влезе и каде ќе влезе и каде ќе биде стациониран. Цело Куманово ги гледало лицата како се вртат низ градот, како купуваат леб во црни униформи, во униформи на УЧК. Тогаш беше закажан и конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше направено за да се дефокусира јавноста од „бомбите“ кои беа во оптимум тој период, се сеќавате беше закажан и големиот опозициски протест на 17-ти мај, а овој се случи на 8 мај, односно наредено е да се изведе акцијата. Меѓутоа кај имате вие тука тероризам, пасивен тероризам, тука не се нападнати нашите специјални единици од страна на вооружената група, туку е обратно. Кај сте виделе тероризам каде што се напаѓаат терористите. Воопшто не била намерата да се војува туку намерата била да се направи една атмосфера, некоја вонредна состојба за да се дефокусира јавноста од актуелностите.

Макфакс: Службите рекоа дека го пресекле процесот на дејствијата со тоа што ја нападнале групата, бидејќи подоцна таа ќе нападнела полициски станици, други објекти како класичен тероризам?

Насер Рауфи: Не е точно, бидејќи групата имала подготвено едно соопштение, токму на овие што јас ги бранам, се работи за 14 обвинети, кое требало да излезе во јавност дента во 12 часот. Пресретнато е да не се објави соопштението со коешто ќе се покаже дека намерата не е да се направи некој конфликт, да се изврши напад или атентат, или нешто слично, како што се прикажува во обвинението, туку да се избори за некое договарање по однос на правата на албанската популација во тој дел, која е посебно загрозена, во смисла на Охридскиот рамковен договор.

Макфакс: Тоа значи дека во зародиш била нова АНА?

Насер Рауфи: Да. Со соопштението требало да се каже дека немаат намера да војуваат.

Макфакс: Како групата планирала да се избори за правата на Албанците во тој дел?

Насер Рауфи: Со тоа што би направиле нешто како ситуацијата во Кондово, тактиката беше да се заземе одредена територија, практично тука се работеше за неколку улици, во Дива населба, каде што ќе се обезбеди терен и ќе се дојде до некои преговори за Охридскиот рамковен договор.

Макфакс: Од она што може да се види, Албанците во Куманово не се обесправени.

Насер Рауфи: Зборувам за формата што требало да се развие, суштината е тајната служба да го реализира ова да се направи атмосфера на едно ненормално живеење, небезбедност.

Макфакс: Во јавноста беа објавени разговори меѓу водачот на групата, Мирсад Ндрецај и еден агент од тајните служби. Целата ситуација изгледаше како да имало некој договор, но дека излегол од контрола?

Насер Рауфи: Не би рекол дека е излезено од контрола но имало манипулација. Според мене, нема ниеден рационален и разумен човек кој би отишол да загине, туку им се дадени гаранции дека ќе бидат во Македонија колку да го објават тоа соопштение и како што влегле безбедно, така и ќе излезат. Сценариото било дека соопштението ќе се објави, меѓутоа изиграна е и групата и е нападната со цел да се ликвидира. Друга е темата дека акцијата е лошо изведена и има последици. На самиот брифинг на полицајците не им било кажано колкава е групата, тука се манипулирани, не им е кажано дека групата е вооружена, во тоа сум сигурен. Намерно не им е кажано и се сакало да дојде до такви последици, да дојде до ескалација. Македонските полицајци се жртвувани.

Макфакс: Според вашите информации, дали е точно дека полицијата тргнала во акција за дрога?

Насер Рауфи: Да, точно е. Кажано им е дека има криминална група, дека ќе се извршат претреси.

Макфакс: Какви цели требало да оствари групата?

Насер Рауфи: Во делот каде нема рамноправност на Албанците, акцентот е ставен на монтираните процеси, судството, за мафијашкиот систем, целиот систем кај нас е мафијашки. Секоја држава има мафија, кај нас мафијата ја води државата. Тоа е голема разлика.
Групата е манипулирана, но македонската тајна служба сигурно ги знаела последиците. Во таа ситуација праќаат единица за брзо распоредување, а специјалци праќаат за студентите. Зошто не ги пратиле „тигрите“?

Макфакс: Дали овие лица биле закана за одредени политичари и се испратени да бидат егзекутирани?

Насер Рауфи: Има и такви верзии и во нив јас верувам, дека некому од политичарите, на високи функционери некои од овие припадници им пречеле и имале интерес да бидат ликвидирани, меѓутоа дека била целта овие да се егзекутираат јас во тоа гарантирам . Друго е што на нашите безбедносни сили не им е кажано тоа и тие отишле таму како за претрес на куќи без никаква заштита. Од таму и таков лош епилог и јас се изненадив кога (тогашната министерка за внатрешни работи Гордана) Јанкулоска излезе и рече дека ова е успешна акција. Па јас да сум водев ќе бише поуспешна. Тоа е акција водена со точна намера да има жртви, тоа е еден масакр со умисла. Чудо е како нема повеќе жртви, имајте предвид дека педесетина се повредени со тешки повреди. Можело да дојде во вистински масовен масакр, најверојатно тоа го планирале.

Макфакс: Дали српските тајни служби имале интерес и за случувањата во Дива населба?

Насер Рауфи: Мислам дека минимум се организирани, нашата тајна служба, со српската и со косовската тајна служба, инаку од каде ѝ податоци на нашата тајна служба кои се лицата, од каде се... тоа им го дале веројатно косовските служби... Тука се вмешани трите служби и тие знаеле за целата ситуација.

Макфакс: Со оглед на доказите кои ги имате и контактите кои ги имате со лицата од групата, вие носите заклучок дека македонската тајна служба жртвувала осум животи со можност да бидат жртвувани многу повеќе со цел да се спасат нечии интереси. На какви интереси мислите, кој требало да биде заштитен и кое било сценариото?

Насер Рауфи: Засега би рекол дека има можност за такво сценарио, јас во тоа верувам. Индициите тоа го покажуваат, но, сепак, да ги почекаме доказите, првенствено излагањата на обвинетите, па сведоците, па други наши докази кои ги подготвуваме. Меѓутоа, има такви индиции дека сценариото е на тајните служби, бидејќи не само она што се појави на Јутјуб, иако некој ќе каже па тоа му е работа на припадник на тајните служби да се инволвира во групата, сепак има показатели дека некои лица ги посочиле со име со презиме дека учествувале со дејствија.

Макфакс: Лица од УБК преземале дејствија за да се организира масакр?

Насер Рауфи: Да, да, ние тоа ќе го докажеме. Засега се тоа индиции, но тоа ќе го предложиме како доказ и верувам дека тоа ќе го докажеме дека се инволвирани лица од УБК кои имале интерес да се случи она што се случи.

Макфакс: Дали ДУИ се плаши од вас како адвокат, односно дека знаете „малку повеќе“ и дека може да се извадат некои докази за нив?

Насер Рауфи: Ако некој се плаши од некого, тоа е некој кој е инволвиран и кој знае дека тоа ќе се докаже. Јас досега сум немал некои притисоци, односно нешто што може да се смета како сериозно.

Макфакс: Дали има доказ дека на групата ѝ се платени два милиона евра за акцијата, како што се тврдеше?

Насер Рауфи: Како материјални докази нема такво нешто, а како вербални да. Предложивме такви сведоци, но јас не верувам дека ова е сторено за материјални интереси. Не ја исклучувам можноста дека „командант НАТО“ и Бег Ризај зеле пари, но на другите не им било кажано дека некој зел пари.

Макфакс: Вие баравте овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство, но Судот го одби барањето. Дали сте имале некои контакти со СЈО?

Насер Рауфи: Во овој предмет има разговори кои се прибавени на незаконски начин и затоа ние бараме овој предмет да го преземе СЈО. Јас не верувам во ова наше обвинителство или судство, јас верувам само на СЈО. Мислам дека СЈО го работи овој предмет. Можеби упадот во УБК бил и за овој предмет. Мислам дека се прибавени дел од доказите, мислам дека ќе го работи и овој предмет СЈО и дека ќе го разреши.

(Продолжува)
28-10-2016, 11:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Командант Соколи: Тајните служби на Иванов и Груевски се пазареа со терористите

„На лицата кои беа убиени пред да се предадат, тајните служби кои го чуваат претседателот Ѓорге Иванов и онаа служба која ја водел поранешниот премиер Никола Груевски, им нудеа по 5 милиони евра. Државата се пазареше со терористите. Кажете ми која нормална држава би правела договор со терористи“, рече во судница првообвинетиот Сами Укшини алијас командант Соколи во завршен збор.

[Image: mkd-322730.jpg?itok=YMyCA-7e]

31.08.2017
Обвинетиот командант Соколи рече дека ако оние од групата на која ѝ се суди се терористи, тогаш терористи се и они кои се пазареле со нив. Оние кои според првобвинетиот ја организирале целата акција, Соколи ги нарече членови на криминален систем.
„Тие беа еден комплетен криминален систем, почнувајќи од Никола Груевски и други лица и негови соработници. Државата се пазареше со организаторите и сега нас сака да не казни за тероризам. Затоа јас не му верувам на судот кој заедно со обвинителството се криминализирани. Во војна има еден победник и еден поразен. Ние изгубивме со предавство, веќе не изморивте и затоа не веруваме во правда“, рече Сами Укшини.
Пред судот првообвинетиот Укшини рече дека снимките кои во судница им биле презентирани, за него се смешни, а судот, како што рече, ги малтретирал со слушање на разговорите обезбедени со ПИ-мерки. Го спомена и случајот „Монструм“ за кој рече дека бил монтиран исто како и „Диво Насеље“.
„Државата прави пазар со нас, а вие ми зборувате за држава овде“, и се обрати Укшини на судијката.
На оваа негова изјава жестоко реагираше судијката Верка Петковска која образложи дека овие разговори се дел од доказите за конкретен кривично-правен настан и со нивното презентирање во судница обвинетите не биле малтретирани, туку се презентирале како дел од доказна постапка која траела согласно законот. Судијката Петковска додаде дека судницата не е бојно поле за кавги и расправии и споменувањето на други постапки кои таа ниту ги судела, ниту се дел од постапката која сега ја суди, не е дозволено. Петковска на присутните им појасни дека редот во судницата го прави таа.
По обвинетиот Укшини, во судница зборуваше и обвинетиот Генци Сефа кој кажа дека обвинителството посочило дека обвинетите имале политички мотиви, но не кажало кои се тие.
„Обвинителот вели овде еден дел сме биле дојдени за пари, а дел поради политички мотиви. Нека каже кои се тие мотиви. Дали се политички партии. Да знам каде припаѓам, оти ако припаѓам во политиката, да бидам политичар. Да каже обвинителот кои се тие спонзори од кои сме требале да земеме пари. Да знаеме од кого да си ги бараме парите, оти јас пари не простувам“, изјави во завршен збор пред судот обвинетиот Сефа.
Тој ѝ се обрати и на судијката Петковска на која ѝ посочи дека имала можност да затвори голема дупка, како и да придонесе за соживот меѓу Албанците и Македонците.
„Последиците од чорбата на тајните служби што ја пробавме ние, ја вкуси и полицијата. Судот имаше шанса да го расчисти ова. Ние вистината ја знаеме, а вие требаше да ја расчистите вистината во спомен на починатите лица и  заради нивните семејства, заради вашиот народ. Имавте шанса да затворите голема дупка. Ние и нашите луѓе ова ќе го расчистиме порано или подоцна. Јас во ниту еден момент не слушнав факти дека сме сториле тероризам“, ѝ рече Сефа на судијката.
Тој додаде дека никогаш не ни сонувал дека ќе му се суди за тероризам и дека не би одел толку километри ако некој не го викнел да дојде во Македонија.
Нивниот адвокат Шазивар Исеини во завршен збор пред судот рече дека обвинетите нападнале откако во нив пукала полицијата, а пред нападот не сториле никакво кривично дело. Тој од судот побара да ги огласи обвинетите за невини оти доказите не покажале дека се сторители на кривичните дела. Адвокатот Исеини се извини на обвинетите доколку судот одлучи да ги осуди, и како што кажа, тој со своето скромно знаење не успеел да ги ослободи.
Кон завршниот збор на адвокатот се приклучија и обвинетите Адријан Бујари, Лирим Демири, Лендрит Рустемај и Енвер Хоџа Клајн. 
Во судскиот процес за Диво Насеље на 37 лица им се суди за тероризам и терористичка организација.
31-08-2017, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36










Quote:Диво насеље: 7 доживотни казни, 33 виновни, 4 ослободителни пресуди


[Image: divo-naselje-777x426.jpg]
Фото ТВ21

02.11.2017
Пред малку беше прочитана пресудата за обвинетите во случајот „Диво насеље“. На казна доживотен затвор се осудени седуммина, 13 добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, двајца по 14 години затвор. Еден е осуден на 18 години затвор, тројца на 13 и еден на 12 години затвор.
Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни, а четворица добија ослободителни пресуди.
Обвинетите кога се читаше пресудата не беа во судницата, туку ја слушаа само новинарите, адвокатите и роднините на обивнетите. Тие беа изнесени од судництата, бидејќи викаа УЧК и ја пеаја албанската химна. На судот му дофрлаа дека тие не се терористи, туку дека терористи се оние кои влегоа во Парламентот на 27. април и ги тепаа пратениците.
Додека во судницата на скопскиот Кривичен суд се чекаше соопштувањето на пресудата, еден од роднините пред судот, се обиде да влезе во судот, но беше спречен од полицијата.


[Image: priveden.jpg]

Како што јави репортерот на НОВА ТВ, при интервенцијата мажот беше соборен и приведен.
Засега нема детали за овој случај.
 
(This post was last modified: 02-11-2017, 02:30 PM by ЈорданПетровски.)
02-11-2017, 02:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



02-11-2017, 02:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



13-11-2017, 12:11 AM
Reply