Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ АНТИМАКЕДОНСКИ АТАК НА МИЛЧИН !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Има ли политички инжинеринг со името ВМРО?







16.01.2015
На промоцијата на книгата „Верни до смрт, довербата и тероророт во револуционерна Македонија“, од англискиот истражувач и професр Кит Браун, во клубот ГЕМ, која нуди нови сознанија за предилинденскиот период и Македонската револуционерна организација, се отвори и прашањето за тоа зошто во македонската историографија во последно време се инстистира на историски контуниутет на името ВМРО за сите претходни и други организации кои се бореле за македонско национално ослободување и самостојна држава.

Владимир Милчин на гостинот од САД, Кит Браун му го постави прашањето за името на Македонската револуционерна организација (МРО) кое го користи и историчарот Данкан Пери.

- Забележувам дека во македонската историографија името МРО е поретко од ВМРО и мислам дека тоа често пати создава проблеми кои не се само научни, туку актуелни, политички. Сега кога би сакал да бидам малку зајадлив би рекол – ете ти парадокс, Фондацијата Отворено општество, во 2015 година издава и промовира книга, која, како што слушнавме, побудува романтичарски чувства. А книгата се однесува на организација на која ако и додадете една буква напред, добивате една политичка партија која денес ја има власта во Македонија. Многу ме интересира зошто ВМРО, а не МРО? Дали постои некоја временска или друга диференција меѓу овие две имиња.

Дали е тоа некоја идеолошка намера да се говори како да е тоа една организација – од почетокот, па се’ до Втора светска војна, до четите организирани од Иван Михајлов и неговите луѓе, во Егејска Македонија, односно во Грција, кои биле сојузници на монархофашистите, дури и на нацистите.

Од каде е таа потреба да се извлече идеја за континуитет, односно за единство, без оглед дали се работи за еден период на романтизам, па до една неофашистичка позиција. Дали ова помага во борбата за афирмација на Македонија, држава нација, итн. Или, всушност ние треба да сме на јасно дека не се работи за една организација и не се работи за континуитет и не можеме така лесно да ги ставиме под една капа сите историски актери, сите жртви и сите крвници, рече Милчин.

Гостинот од САД, Кит Браун рече дека сознанијата од неговото истражување, се дека обичните луѓе кои се бореле, едноставно ја нарекувале Организацијата.

Драги Ѓорѓиев, историчар и директор на Институтот за национална историја рече дека ВМРО однсно ВМОРО, прв пат името го добива 1905 година

- Значи не е можно претходно да се користи тоа име, бидејќи историски не би било точно. Прво МРО, па ТМОРО, па ВМРО и 1934 година, по убиство на кралот Александар, таа организација се укинува како терористичка. А тука постои повторно и недоразбирање со Бугарите. Ова е прашање на кое не можат да ви одговорат и луѓе кои цел живот го посветиле на тоа. Бугарите тврдат дека е БМРО првата организација – бугарско македонска револуционерна организација, македонците историчари тврдат дека е МРО се’ до 1896 година кога прераснува во ТМОРО. Но, ВМРО пред 1905 година би било историски неточно да се употребува, рече Ѓорѓиев.



Владе Мичлин се обидува да го избрише В то. Кога ке се прочита зошто е инсистиранао да стои ВНАТРЕШНА, значи да го има В то во името,  јасна станува докрај играта, целта на Владе Милчин.


[Image: Milchin-anc299.jpg]
(This post was last modified: 24-10-2017, 07:09 PM by ЈорданПетровски.)
16-01-2015, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

-Почетниот мотив за мене беше фасцинацијата како се случи само за 10 години од идејата на шестмина млади луѓе кои се шетаат покрај морето во Солун, да настане револционерно движење од 20 илјади луѓе со пушки да се борат против Отоманската империја. Оваа приказна сите вие одамна ја знаете и за вас е нешто е нормално, но ја сфатив дека не е толку нормално, туку морало да има силен мотив и тоа беше фасцинантно.




(This post was last modified: 17-01-2015, 02:15 AM by ЈорданПетровски.)
17-01-2015, 02:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



(This post was last modified: 17-03-2017, 11:53 PM by ЈорданПетровски.)
17-01-2015, 02:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Браун: Книгата за македонската револуционерна организација не ја напишав за вас, туку за светот


[Image: verni-dosmrt.jpg]


15.01.2015
Фондацијата Отворено општество – Македонија, вечерва ја промовираше книгата „Вeрни до смрт: Довербата и теророт во револуционерна Македонија“ од англискиот професор и истражувач Кит Браун, кој работи на Браун Универзитетот во САД. Книга која го обработува предилинденскиот период на револуцонерното македонско движење нуди нови сознанија и како историски факти, но и како методолошки и историографски научни постапки.
Авторот Браун е долгогодишен проучувач на македонската историја и ова е негова трета книга преведена на македонски јазик, рече дека намерата му била да ја напише оваа книга, ставајќи ја историјата на Македонија во глобален контекст.
-Почетниот мотив за мене беше фасцинацијата како се случи само за 10 години од идејата на шестмина млади луѓе кои се шетаат покрај морето во Солун, да настане револционерно движење од 20 илјади луѓе со пушки да се борат против Отоманската империја. Оваа приказна сите вие одамна ја знаете и за вас е нешто е нормално, но ја сфатив дека не е толку нормално, туку морало да има силен мотив и тоа беше фасцинантно.





Неговото дел, како што рече Браун, е еден вид реакција на Данкан Пери, кој последен пат за македонкото востание пишувал пред 20 години, бидејќи во посовремените теории и научни методи можат да отворат нови аспекти.
Промоторот Драги Ѓорѓиев, директор на Институтот за национална историја, рече дека ова не е книга за лидерите, за водачите, за хероите, за митовите кои се создадени кај нас за оваа организација, тоа е книга за базата за безимените луѓе кои ја крепеле организацијата и без кои таа не би го постигнала тоа што го постигнала.
– Кит Браун низ пет елементи се обидува да ја анализира организацијата, и кои се тие пет елементи кои ги натерале тие луѓе, тоа општество за кое има мислење дека било анемично, неписмено општество, да биде толку посветено на една идеја и да се обиде да се спротивстави на една империја како Османлиската империја. Зошто и како се случило толку приврзаници да се приклучат кон таа организација во првите 10 години и како успеало за тие десет години тоа општество да создаде таква вооружена сила, се основните две прашања на Браун, рече Ѓорѓиев.





Во оваа студија Браун ја анализира печалбата, односно опшествено економскиот контекст на растатот на организацијата, односно на економската имиграција. Браун претставува едно динамично опшество, претставува една спротивна слика од стереотипите, на фатализмот и анемичноста на македонските селани и нивната предодреденост на судбината..
Според Ирена Стефоска, професор на Институтот за национална историја, размислувајќи надвор од каноните на нацијата и национализмот, Браун го вперува аналитичкиот фокус кон истражување на лојалностите.





– На тој начин се отвора едно сосема ново разбирање на историјата на османлиска Македонија и македонската револуционерна организација. Свесен за стапиците на методолошкиот национализам во проучувањето на македонското и балканското минато, или едноставно кажано за наметнувањето на сегашноста врз илинденското наследство и врз минатото воопшто, или со еден збор презентизам (толкување на историјата за потребите на сегашноста) знали пристап кои го применувале генерации на бугарски, грчки, и македонски истражувачи, идеолози, но и истражувачи надвор од регионот и кој само ја вжештувал и политизирал дебатата и која по правило и за жал се вртела за прашањето на националниот идентитет на христијанското население во Македонија, и челновите на организацијата. Независно од легитимноста на прашањето, Браун одбива да влезе во како што вели, непродуктивна дебата чија цел е зацементирање на еден и единствен апсолутен одговор, тој одбива да пропадне во бездната на апсурдот од бескрајните докажување на било која историска вистина, рече Стефоска.
Книгата „Вeрни до смрт: Довербата и теророт во револуционерна Македонија“ на македонски ја преведе Гордана Стошиќ, испечатена е во тираж од 500 примероци.
А.Б.
24-10-2017, 07:17 PM
Reply