Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА-ЗЕМЈА НА АПСУРДИ!
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1


Не знам дали вакво нешто може да се случи во некоја друга земја:

Деветте скулптури на и покрај Мостот на цивилизациите, меѓу кои се наоѓа и скулптурата на цар Душан, и понатаму се без сопственик и без одобрение затоа што надлежните институции за поставување споменици молчат пред нивната појава. Негираат одговорност од Општина Центар, која го изгради мостот, како и од Министерството за култура и од Службата за општи и заеднички работи која го уредува просторот каде се поставени. Сите можни инстанци негираат вмешаност и не можат да се најдат документите за леење на скулптурите, нивно поставување и кој им е авторот. Останува нејасно кој ги платил скулптурите затоа што од Општина Центар велат дека е склучен договор само за 29 скулптури кои се наоѓаат на мостот, додека останатите две на оградата, седум од двете страни на мостот, и три кои во иднина треба да се постават, се без автори, без сопственик и без договор.



Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, пред неколку месеци го најавил поставувањето на скулптурата на цар Душан за која Центар не дала одобрение, но не дознавме од него како знаел што да очекува. На прашањата дали знае кој е автор на скулптурата и од каде се издвоени пари за нејзина изработка, Стоиљковиќ ни рече само дека со нападот на овој споменик се врши напад на српското малцинство во Македонија со што се разгорува србофилијата која мора да престане.



- Во Македонија еднаш засекогаш мора да се расчисти со србофобијата. Оние кои се противат на оваа скулптура застапуваат една антисрпска позиција, антисрпска омраза која предизвикува меѓуетнички немир. На противниците од СДСМ и невладината „Разбуди се“ не им сметаше поставувањето на кој било друга скулптура од проектот „Скопје 2014“, туку им пречи токму скулптурата на цар Душан. Тоа е антисрпство – вели Стоиљковиќ.



Скулптурите кои се предвидени со програмата на Општина Центар и за кои може да се најде решение во документацијата, се леени во српската леарница Јеремиќ и ја чинеле општината околу 20.000 евра за секоја посебно. Ако се претпостави дека исто толку чинеле и вишокот девет кои се наоѓаат веќе на мостот и оние три кои треба да се постават, тогаш доаѓаме до сума од 250.000 евра, пари кои не знаеме од каде се издвоени и кој ги исплатил за да се изработат скулптурите.



Дел од авторите на легално изработените скулптури не знаат кој е автор на оние кои не се наоѓаат во програмата. Уметниците велат дека Општина Центар ја водела постапката за леење и изработка, а дека тие биле задолжени само за проектот и идејното решение, поради што не знаат ни која леарница ги обликувала.



- За тие прашања се обраќате на погрешно место. Одговорите треба да ги има Општина Центар – вели Валентина Стевановска, автор на седум скулптури кои се наоѓаат на мостот, при што една, онаа на Јован Зограф е поставена пред една недела и не се наоѓа на мостот, туку на партерот пред Археолошкиот музеј.



Според дел од политичката јавност, последниве денови неправедно беше ставен во центар на вниманието споменикот на цар Душан, на кој се противеа поединци и невладини организации, но само со цел, велат соговорниците, да се одвлече вниманието на јавноста од поважни теми. Ако скулптурите, вклучувајќи ја и таа на цар Душан, се дивоградби, тогаш треба да се отстранат без двоумење затоа што не може да се дозволи нелегално искористување на јавниот простор.



Советничката на СДСМ од Град Скопје, Софија Куновска, посочува дека ако можеше во рок од 24 часа да се отстрани скулптурата на Златната клозетска школка која пред неколку години преку ноќ се појави на улица Македонија, тогаш истиот третман треба да го имаат и овие реквизити.



- Поставувањето на споменикот на цар Душан е најсвеж пример како од оваа власт на евтин и шверцерски начин се злоупотребува историјата и културата. Замислете, се поставува споменик од два тона на централна локација, нарачан изработен и платен и никој не знае кој го сторил тоа, ниту владата, ниту министерствата, ниту Град Скопје. И сега ние треба да се расправаме за глупости кој бил цар Душан пред 1000 години, а не кој прави мајмуни од нас денес во 2013 година. Ако не го поставиле тие до сега ќе беше тргнат за 24 часа како што ја тргнаа скулптурата Златна клозетска школка пред архитектонскиот експеримент на Вангел Божиновски на улица Македонија. Ако е дивоградба се знае постапката за дивоградби – вели Куновска.



Општина Центар, на барање на градоначалникот Андреј Жерновски, изработи ревизија на проектот „Скопје 2014“, чиј финален дел беше презентиран минатата недела, но останува прашањето зошто беше превиден овој пропуст. Станува збор за проблематично дело каде не може да се лоцира изработката, нарачката и исплатата на дванаесетина споменици, нешто што ревизорите не може да не го забележат. Како што дознаваме, конкретно скулптурата на цар Душан е поставена на почетокот од ноември, додека на мостот се наоѓаат имиња на други историски личности кои исто така не се наоѓаат во програмата која ја изгласале советниците на Општина Центар.



Ако никој не ги нарачал скулптурите, тогаш кој ги штити? Се поставува и прашањето дали некој би одговарал ако ги вандализира скулптурите со оглед на тоа што најверојатно станува збор за дивоградби. Доколку некој врши вандализам и уништување на објекти од јавна или приватна сопственост, интервенира полицијата, но во овој случај не може да се лоцира сопственикот затоа што државните институции негираат поврзаност со скулптурите. Тие не се платени од општината која единствено ги спроведувала тендерите за нивното поставување, што значи дека секој вандализам над овие скулптури би бил напад на нешто што не е во ничија сопственост.

http://www.plusinfo.mk/vest/117897/Fanto...mska-vlast
06-12-2013, 03:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



06-12-2013, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

На секоја лага и се кратки нозете па така и на ДПМНЕВСКОТО глумење лудило дека незнаат кои стои зад поставувањето на спомениок на Тито.
Појасен доказ од оваа изјава на КОРБИЗИЕ, кодошоот од Титовите леви сили дека Грујо му ветил поставување на споменик на Тито НЕМА.
Малку за Грујо!! И оваа ветување е потврда дека тој е тој најлесно го продава националното достоинство на МАКЕДОНЦИТЕ!! Да се потсетриме: АМНЕСТИЈАТА на убијците на цивили МАКЕДОНЦИ, непочжитување на законот за знамиња, непочитување на законот за имињата на училиштата ...
Еве го сведочењето на КОРБИЗИЕ:



06-12-2013, 11:37 PM
Reply