Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ СДСМ СЕ ДИСТАНЦИРА ОД СРПСТВОТО И ЈУГОСЛОВЕНСТВОТО
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Поранешната СКМ ( Сојуз на комунисти на Македонија), па после реформирана во СКМ-ПДП, па СДСМ имаше јасни препознатливи просрпски т.е. пројугословенски позиции. Дали поставувањето на споменикот на цар Душан и реакцијата на СДСМ на тоа претставува конечно дистанцирање на СДСМ од тие позиции:

Quote:СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПРАТЕНИКОТ ГОРДАН ГЕОРГИЕВ


Цар Душан ги скара СДСМ и Србите


Српската заедница во Македонија ги повикува сите Срби од редовите на СДСМ да се оградат од ваквите изјави, а од пратеникот Георгиев и од СДСМ јавно извинување кон припадниците на српскиот народ во Македонија


Српската заедница во Македонија најостро реагира против отворениот говор на омраза од претставниците на опозициската СДСМ во служба на дневно-политички потреби, која ги напаѓа и ги омаловажува Србите во Македонија и со бескрупулозни измислици и менување на историските факти атакува на НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ на нашата заедница.

Реакцијата на Гордан Георгиев, кој тврди дека "За националната демократска преродба поставувањето на споменикот на Цар Душан е голем политички срам", бидејќи "Цар Душан е проблематичен, бидејќи бил поробувач на овие простори", е крајно лаичка, провокативна и навредлива за сите нас.

Цар Душан не го поробил Скопје туку ја преселил својата престолнина од Призрен во Скопје. Секој лаик може да го види тоа преку историските податоци за изградбата на најубавите споменици на културата кои на територијата на Стара Србија ги градел Немањиќ. Неговата цивилизациска големина и вредност се евидентирани и признаени во светски рамки и за тоа може да посведочи секој доволно образован правник.

Навредите од нападите кои се насочуваат кон Србите во Македонија и на нивниот национален идентитет се ниски, подмолни и нивната цел е разгорување на омразата и предизвикување немили настани. Србите во Македонија досега имаат претрпено многу напади, дискриминации и штети по прашањето на зачувување на културниот, јазичниот и верскиот идентитет токму од работните планови на СДСМ. Ваквите постојани навреди внесуваат немири кај Србите во Македонија, а ова е уште еден притисок со цел асимилација на Србите, според тоа должни сме да побараме заштита на правата и слободите за припадниците на нашиот национален корпус од домашните и меѓународните субјекти.

Српската заедница во Македонија ги повикува сите Срби од редовите на СДСМ да се оградат од ваквите изјави, а од пратеникот Георгиев и од СДСМ јавно извинување кон припадниците на српскиот народ во Македонија, се вели во реакцијата на Српската заедница во Македонија

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=012C9FB4...87AC70F1FC
05-12-2013, 08:56 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

на иста тема прашања поставува и ВМРО-НП :

Quote:ВМРО-НП: Зошто официјалните институции не реагираат за “Цар Душан“

[Image: 9997golema.jpg]

ВМРО-Народна партија поучена од досегашното искуство воопшто не се изненади од нереагирањето на официјалните македонски институции, здруженија и граѓани кога се работи за одбележување на ликови и настани од српската историографија кои се директна штета на македонскиот народ. Сеуште е свеж примерот на грандиозната прослава на Зебрњак со што се одбележи српската окупација врз Македонија.

За поздравување се реакциите на албанскиот политички и научен фактор кои со оглед на тогашните историски услови чесно изнесоа точни факти и се спротиставија на ваквиот чин во име на сите граѓани на Република Македонија.

ВМРО-Народна партија ги потсетува македонските граѓани дека повеќе години наназад нивни сограѓани патриоти и херои со невидена жестина веднаш ја кршеа и отстрануваа спомен плочата поставена во чест на Мара Бунева.

ВМРО-Народна партија прашува: Зошто иако поминаа повеќе денови од поставувањето на споменикот на Цар Душан никаде не забележавме реакции од т.н верни чувари на македонскиот идентитет и достоинство за отстранување на истиот?

Охрабрени од молкот, поставувачите веројатно мислеа дека тоа наиде на одобрување кај македонскиот народ и набрзина ги поставија и спомениците на: Димитрија Вукашин, Јован Углеша, Андрејаш, српскиот војсководец Констатин Драгош, српскиот жупан Андреја Гропа и Јован Зограф претставници на српската династија поробувачи на Македонија.

Според ВМРО-НП, долг е списокот на чувари на македонштината од поединци и здруженија кои на оваа големо српска провокација останаа неми.

Од каде да почнеме? Светскиот Македонски конгрес на Тодор Петров, Здружението Македонски манифест на Ефтим Клетников, Русјаков и дружината, Здружението на бранители Бедем, Сител на Латас, Канал 5 на Миленко и неговите гости, Нова Македонија на Мирка, Јанко со бурекот, Гласот на Томиќ, Сонцето на Џорџ Атанасовски и најповиканата институција Македонската Радио Телевизија.

ВМРО-Народна партија отворено ги прашува сите горе наведени квази патриоти оваа ли е идентитетот по кој плачеме и за кој се бориме и ја држиме Македонија надвор од сите евро-атлантски интеграции.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=9997
06-12-2013, 02:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

Дали овој дел од соопштението на ВМРО-НП ( народна партија на чие чело е Љубчо Георгиевски) е точно:


Quote:Охрабрени од молкот, поставувачите веројатно мислеа дека тоа наиде на одобрување кај македонскиот народ и набрзина ги поставија и спомениците на: Димитрија Вукашин, Јован Углеша, Андрејаш, српскиот војсководец Констатин Драгош, српскиот жупан Андреја Гропа и Јован Зограф претставници на српската династија поробувачи на Македонија

Ако е точно ,тогаш имаме навистина проблем во РМ.
06-12-2013, 02:51 PM
Reply