Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДРЖАВЕН ИДЕНТИТЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Американскиот амбасадор Пол Волерс на предавањето на Штуловиот Универзитет во Тетово го искажа својот став за државниот идентитет на Република Македонија ( како да тој биде прифатлив за сите етнички групации во РМ). По повод тоа негово искажување започна дебата за тоа прашање. Првите дискутанти беа Љубчо Георгиевски и Биљана Ванковска. Да видиме дали дебатата ке продолжи:

http://24vesti.mk/24-analiza-02-12-2013
03-12-2013, 02:48 PM
Reply
veritas Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,691
Joined: Feb 2010
Reputation: 7
#2

(03-12-2013, 02:48 PM)hristo Wrote: Американскиот амбасадор Пол Волерс на предавањето на Штуловиот Универзитет во Тетово го искажа својот став за државниот идентитет на Република Македонија ( како да тој биде прифатлив за сите етнички групации во РМ). По повод тоа негово искажување започна дебата за тоа прашање. Првите дискутанти беа Љубчо Георгиевски и Биљана Ванковска. Да видиме дали дебатата ке продолжи:

http://24vesti.mk/24-analiza-02-12-2013

По-добре е да го смените името на Пеония, защото в днешна Македония никога не са живели антични македонци, а паjонци paeonians. А както е известно от историята те са били смъртни врагове на античните македонци.
Другия вариант е да се признаете за наследници на античните македонци и по този начин да станете братя с албанците. Защото има теории, че античните македонци не били гърци, а илири. Така че приемайки, че сте антични македонци ще признаете и вашето илирско потекло. Мисля че владата на Груевски се движи в тази насока, първо да ви направи антични македонци и после да станете братя на албанците с общо илирско потекло. Така с албанците ще станете един народ и ще създадете Голема Албания.

(This post was last modified: 03-12-2013, 10:40 PM by veritas.)
03-12-2013, 10:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(03-12-2013, 02:48 PM)hristo Wrote: Американскиот амбасадор Пол Волерс на предавањето на Штуловиот Универзитет во Тетово го искажа својот став за државниот идентитет на Република Македонија ( како да тој биде прифатлив за сите етнички групации во РМ). По повод тоа негово искажување започна дебата за тоа прашање. Првите дискутанти беа Љубчо Георгиевски и Биљана Ванковска. Да видиме дали дебатата ке продолжи:

http://24vesti.mk/24-analiza-02-12-2013


Јас размислувањето, односно пораката на Волерс ја разбрав дека државниот идентитет треба да се врзе за името на државата а тоа значи СИТЕ КОИ ИМААТ ПАСОШ, односно ДРЖАВЈАНСТВО на ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА се МАКЕДОНЦИ. Принцип кој е во употреба во САД, Канада, ....

04-12-2013, 07:52 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(04-12-2013, 07:52 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(03-12-2013, 02:48 PM)hristo Wrote: Американскиот амбасадор Пол Волерс на предавањето на Штуловиот Универзитет во Тетово го искажа својот став за државниот идентитет на Република Македонија ( како да тој биде прифатлив за сите етнички групации во РМ). По повод тоа негово искажување започна дебата за тоа прашање. Првите дискутанти беа Љубчо Георгиевски и Биљана Ванковска. Да видиме дали дебатата ке продолжи:

http://24vesti.mk/24-analiza-02-12-2013


Јас размислувањето, односно пораката на Волерс ја разбрав дека државниот идентитет треба да се врзе за името на државата а тоа значи СИТЕ КОИ ИМААТ ПАСОШ, односно ДРЖАВЈАНСТВО на ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА се МАКЕДОНЦИ. Принцип кој е во употреба во САД, Канада, ....

Еве што вели самиот Пол Волерс

-



[undefined=undefined]Датум: 26.11.2013, 18:34
АМЕРИKАНСKИОТ АМБАСАДОР ПРЕДИЗВИKА РЕВОЛТ СО ГОВОРОТ ВО ТЕТОВО

Пол Волерс ги измеша лончињата за идентитетот





Американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, сосема ги измеша лончињата и, освен што се обиде да прави споредби на нешто што не се споредува, држеше предавање за теми што не се во неговиот домен на работа, предизвикувајќи револт кај македонските граѓани, реагираат аналитичари на говорот на Волерс во Тетово. Според нив, накусо Волерс претера, иако сака да се прикаже како пријателски амбасадор. Но, тој не е овде да дели лекции за идентитетот, особено не за идентитетот на граѓаните на земјата во која е амбасадор.

- Вие како жители на Македонија треба да решите како ќе се дефинирате себе и врз основа на кои вредности. Не можете да се дефинирате по својата националност, која е различна, ниту по верата, која исто така се разликува, или по културата, која е слична, но не е иста - рече Волерс на предавањето пред студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Неговата порака до граѓаните е дека мора да го пронајдат она што им е заедничко и за тоа да има поширока дебата. Но, никој нема дилема што сме, бидејќи знаеме што сме, а уште помалку треба да се дефинираме.

- Некои се обидуваат тоа да го направат преку формирање на идентитетот враќајќи се далеку назад во историјата, но како што реков во моето излагање, тоа е опасен начин за идентитетот, бидејќи некои можеби ќе бидат изоставени. Сметам дека многу луѓе во оваа држава се чувствуваат оставени настрана со таков пристап. Затоа барањето заеднички вредности е многу подобро и важно за иднината и, според мене, сите треба да учествуваат во таа дебата - изјави американскиот амбасадор.
http://daily.mk/pol-volers-gi-izmesha-lo...rd=2594583

[/undefined]


А како го разбраа неговиот говор новинарите, експертите и политичарите во РМ :

Според историчарот Далибор Јовановски, Волерс треба да биде повнимателен и да води сметка за чувствата на граѓаните зашто ефектот може да биде пад на проамериканското расположение кај македонските граѓани.

- Вистинските пријатели внимаваат на чувствата на своите пријатели. Тој многу добро знае дека се работи за чувствителни прашања поради спорот со Грција, но и поради односите со Бугарија - вели Јовановски.

Прашањето што го постави писателот Ефтим Kлетников е зошто Волерс со таква порака не им се обрати на Грците и на Бугарите кога говорат за идентитетот и за историјата.

- Идентитетот сам по себе е историска меморија и има свој континуитет кај народите. Таа историска меморија не може да се брише - вели Kлетников и додава дека не може некој да држи слово за идентитет ако нема митови во сопствената историја, а американскиот мит почнува со Мики Маус.

Според него, не може некој, па ни американски амбасадор, да ни зборува нам за идентитет, кога сите други народи држат до сопствениот идентитет. Што би било кога некој на Французите, на пример, би им зборувал за нивниот идентитет.

- Не може Волерс да н` смета за безлична маса. Неговата порака значи да не се викаме Македонци. Тој всушност отворено кажа дека 2001 година и Охридскиот договор се американска агенда – ни изјави Kлетников.

За него е апсурдна паралелата меѓу Македонија и САД како мултиетнички држави, бидејќи, како што вели, Америка е нова цивилизација, ја создале авантуристи, кои уништиле цела древна цивилизација полна со мудрост.

- Ние не можеме да го градиме својот идентитет како Американци, врз основа на вероисповедта, какво е нашето минато, затоа што дедо ми бил Германец, баба ми била од Данска, па што сум јас? Германец или Данец? Јас сум од третата генерација во Америка, моите родители, моите чичковци се родени во Америка и можат да се нарекуваат Американци - рече Волерс.

Инаку, неговиот претходник, амбасадорот Филип Рикер, во своите говори и коментари за решавањето на името, остана на ставот дека решение е можно, со добра волја и посветеност на двете страни, без да се навлегува во прашањата на идентитетот.
http://daily.mk/pol-volers-gi-izmesha-lo...rd=2594583

[undefined=undefined]

Мирка Велиновска:

Тој е првиот претставник на држава (вклучително и нашава) што отворено и директно призна дека преговорите за името не се само замена на непристојната референца ПЈРМ со друго достоинствено име што нема да ни го навредува националното достоинство, туку сложена операција за декодирање на македонскиот идентитет, кој ја повредува Грција зашто сугерирал иредентистички планови. И првиот, кој отворено признава дека 2001-та беше американски проект од А до Ш. „А“ во случајов е појавата на ОНА и Али Ахмети, а „Ш“ рамковниот договор, кој доведе до октроиран устав. [/undefined]

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22333

Миленко Неделковски:

[undefined=undefined]Миленко жестоко распали по американкиот амбасадор Пол Волерс кој во говор пред студентите на Штул зборуваше за македонскиот идентитет. За прв пат можеме да се согласиме со нешто кажано од Миленко и поради тоа се чувствуваме многу перверзно :(. Еве што напиша Миленко на фб:

Се си мислев дека Рикер е најглупиот САД амбасадор во Македонија, ама овој ВОЛерс ги надмина сите очекувања.
Дилемата кај мене е 1) Дали тој не разбира; или 2) Си мисли дека има работа со глуп народ???

ВОЛерс упатил “на можност од опасност од пристапот на идентитетот“!!!!
Ако ПОЛ ВОЛ може ова да го прераскаже или објасни ја ке се обесам на плоштад. Шта је писац хтео да каже?

Предхдно вели “Некои луѓе го градат идентитетот врз база на историјата“!!!???
Аман бе, екселенцијо. Ти не се идентификуваш ли со Дејви Крокет и јунаците од Аламо, или со Вајат Ерп, или со Фаундинг Фадрс, или со Џон Вејн, или со Елевис Присли???
Ако се идентифиукуваш со “сегашните вредности“ на САД тие се: окупација на суверени земји, ликвидација на политичари, убиства, уништувања на цели држави, 10-тици илјади мратви во Северна Африка, Ирак, Авганистан, милиони мртви во Виетнам и Кореа... Натаму, задолжена САД кон Кина со долгви што никогаш нема да може да ги врати. Уништени градови како Детроит. Фалсификување избори (Буш - Гор). Атомски бомби на небитни од воен аспект цели како Хирошима и Нагасаки. Владеење на НЕдемократијата. Владеење на Банкари надвор од било која избирна процедура и демократски процес.

Ние амбасадоре се идентификуваме со Говрлево, со торзото на Адам, со средниот текст на Каменот од Розета, со Александровата дипломатија, со Филиповата мудрост, со Јустинијановото право, со Гоцевата идеа на културен натпревар (што ти апсолутно неможеш да ја разбереш)... Се идентификуваме со секој амбар во секое село што е постар од твојата држава.

Де екселенцијо дојди во емисија да подебатираш со луѓе што знаат како стојат работите. А не да одиш на универзитет каде што се штанцаат и фалсификуваат дипломи за мали пари.[/undefined]






05-12-2013, 07:59 AM
Reply