Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГОВОРОТ НА СУБРАТА РОЈ НИ ДАДЕ ДО ЗНАЕЊЕ КОГО ПРИМАМЕ ВО ДРЖАВАТА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Субрата Рој предложи закон за идеално семејство и делба на граѓани од прв и втор ред, како и одземање на правото на глас за „неидеалните“



Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој на Самитот на мир на Сахара Балканскиот мировен фестивал. Цитатот од насловот е болдиран.

[Image: subrata-gruevski-stavreski1-540x340.jpg]

Ваши екселенции,

Почитувани министри,

Почитувани гости,

Почитувани новинари,

И почитуваните повозрасни и нашите сакани деца кои се сведоци на овој Фестивал на мирот,

Во името на Сахара Паривар, поточно Сахара семејството и во мое лично име, ја пренесувам мојата благодарност од дното на моето срце до сите вас за прифаќање на нашата покана и за вашето присуство.

Ова немаше да биде возможно без поддршката и помошта од почитуваниот д-р Ѓорѓе Иванов, претседател, почитуваниот г-дин Никола Груевски, премиер, почитуваниот г-дин Зоран Ставрески, заменик претседател на влада, и нивниот високо посветен и способен тим на Република Македонија.

Морам да му се заблагодарам на мојот колега, кој е како мој син; г-динот Амреш Чандра, чија иницијатива го обликуваше овој фестивал на мирот.

Како говорник-промотер, овој говор морав однапред да им го дадам на нашите пријатели од медиумите, а воедно и за да се олесни преводот на истиот на 13 различни јазици, така што денес ќе морам да говорам онака како што е наведено во оригиналниот говор. Покрај тоа, ова е важна и сериозна иницијатива, па не би сакал било што да испуштам. Тоа се причините за моето читање на говорот.

Денес се собравме за да говориме и зборуваме за мирот.

И покрај тоа што ова е Балкански фестивал на мирот, истиот претставува иницијатива од балканскиот регион за пренесување на пораката за глобален мир низ целиот свет.

Иако јас веќе ги пренесов моите размислувања за Мирот на сите вас преку повеќе од 1800 зборови кои може да ги видите во брошурата за фестивалот на мирот која веќе ја имате, сепак сакам да кажам нешто тука, на овој извонреден собир, за возвишената цел.

Нашата надворешна личност, поточно, нашето тело, се одржува енергично, активно и здраво преку храна и вода, но за нашата внатрешна личност, нашата духовна личност, за нашето ментално тело, храната се мирот и среќата кои ни даваат ментално здравје со најдобар квалитет, со многу силна волја и позитивна енергија кои секогаш се сметаат за активен оптимизам.

Секој човек сака секогаш да има среќен и исполнет живот.

Но, ничиј живот не може да биде среќен и исполнет без мирна состојба на умот. Среќата трага по мирот, но мирот не трага по среќата. Мирот треба да биде во неговиот живот, и насекаде околу него. Мир во непосредното семејство, мир во соседството, мир на работното место, мир во градот, мир во својата земја…. и така натаму.

Тука, на овој фестивал на мирот, ако говориме само за мирот меѓу две земји, поточно ако говориме и зборуваме за војната меѓу земјите, се плашам дека нема никаде да стигнеме, дека нема да можеме да го постигнеме мирот во животот на поединците од подолгорочен аспект или, што е најпожелно, со животно времетраење.

Земјата не е човечко суштество самата по себе. Телото и лицето на една земја се комбинираните и збирните лица на луѓето на таа земја, меѓутоа, само мал број луѓе се наоѓаат на челото на државата и ги носат сите одлуки за истата.

Ако говорам за Македонија, тоа е една прекрасна и особено мирна земја. Кога првпат дојдов тука, на првиот ден, нашиот почитуван премиер и нашиот почитуван заменик претседател на влада, јас и мојот син, пребарувавме низ главната пазарна област речиси 30 минути за да најдеме соодветно место за статуата на Мајка Тереза. На мое пријатно изненадување, немаше персонал од обезбедувањето кој нè придружува!

Постепено, за одреден временски период, во оваа мирна земја, јас стапив во контакт со различни луѓе од различни професии, за кои утврдив дека се луѓе кои го сакаат мирот, го почитуваат законот и етиката. Морам да го изразам почитувањето кон сите во Владата и владината машинерија бидејќи ниту еднаш не видов ниту почувствував некаков показател или некакво барање за дури и само едно евро. Извонредна и особено неверојатна Влада и владина машинерија без корупција. Затоа е особено правилно што Сахара балканскиот фестивал на мирот започнува во една убава, прекрасна и мирна држава каква што е Македонија.

Кога зборуваме за мирот, сочувството и хуманоста, веднаш помислуваме на две имиња. Г-динот Махатма Ганди, симболот на ненасилството, и неговата неверојатно голема личност која не може да се опише со зборови и реченици. Друго големо име е Мајка Тереза. Навистина се сметам за среќен што лично ја познавав, особено блиску, и би можел да се обидам да ја опишам на голем број страници, но искрено говорејќи, дури и откако блиску ја запознав, не можам да ја опишам таа извонредна личност со зборови и реченици. Родното место на Мајка Тереза е Македонија. Навистина, каква коинциденција што првиот фестивал на мирот се одржува во родното место на Мајка Тереза. Какво извонредно и прекрасно е тоа чувство.

Луѓето насекаде имаат клучна улога во однос на создавањето мир или насилство. Во секоја земја, Владата или владината машинерија, верските групи, секти или различни видови на организации, луѓето кои имаат лидерска улога на различни нивоа, се одговорни за мирот или насилството. Сите тие луѓе, поради непознавање на основите на животот, непромислено се впуштаат во насилство и за возврат создаваат иритација, тензии, нерасположение, разочарување, незадоволство, итн., и во нивните животи во иднина. Можеби во некој момент од времето, некој поединец на лидерска позиција, планира, обмислува и иницира со ограничена визија; можеби тоа го прави поради користољубие, но истиот не може да визуелизира или нема јасна претстава во однос на познавањето на животот или за иднината кога ќе треба да го ожнее отровот поради она што го посеал со неговите денешни погрешни дејствија.

Ве замолувам сите вас присутни тука, да одвоите малку време за да ги прочитате моите размислувања за мирот кои ќе ги видите во брошурата на Сахара балканскиот фестивал на мирот која веќе е кај вас. Двата напишани прегледи заедно ќе ја разјаснат оваа мисла за Мирот. Затоа, тука, денес, нема да имам едно долго обраќање кое ќе содржи образложенија за филозофскиот, поточно психолошкиот или емотивниот аспект на животот; со други зборови, за реалностите од животот со кои се раѓаме и со кои живееме.

Еден важен момент е тоа што СЕКОЈ ЧОВЕК ИМА СИЛЕН НАТПРЕВАРУВАЧКИ ИНСТИНКТ. Човекот секогаш сака да победува и ужива во поразување на некој друг. Тоа беше една од главните причини што во старите денови силните или послабите Кралеви постојано се бореле. Постојано имало мали и големи војни. Луѓето под Кралевите-победници ги замислувале своите кралеви како херои и ги реализирале своите силни натпреварувачки инстинкти преку нивните кралеви-победници. Се разбира, материјалната добивка, исто така, била главна причина за таквите конфликти и војни, но сега, со максимизирање на сопственото производство и развој преку научни војни и со мирна увозна и извозна трговија, не се постигнуваат материјални добивки со победа на која било земја преку судири. Затоа, треба да го разбереме, да размислуваме и да зборуваме за, задоволувањето на силниот натпреварувачки инстинкт на луѓето за истите да се чувствуваат како херои-победници од некаква битка.

Спортот постепено го зазема тоа место. Ги задоволуваме нашите силни натпреварувачки инстинкти преку играчите кои се закитуваат со награди во меѓународната арена.

Силно чувствувам и сакам силно да се заложам спортот да се сфаќа особено сериозно во секоја земја. Треба да се обидеме да го направиме поконкурентен, поинтересен со воведување на неколку иницијативи меѓу земјите. На пример, земјата-губитник ќе треба да изгради мала болница на нејзин трошок на територијата на земјите-победници. На Олимписките игри или на други такви спортски настани, добитниците може да добиваат оценки за настаните со кои ќе се одлучува која земја ќе даде повеќе нарачки за увоз, која ќе добие повеќе нарачки за извоз, итн., итн. Ваквата активност во спортот која тука се споменува може извонредно многу да помогне во одржувањето на хармонијата, поточно мирот, меѓу земјите.

Мојот скромен предлог за земјите од Балканскиот регион е да се иницираат на редовна основа различни дисциплини на игри меѓу земјите, спортски турнири, итн. Натпреварот меѓу земјите со културни настани треба, исто така, активно да се воведува, и ако сите се согласувате, тогаш може да воведете стимулации, можеби и мали – мали стимулации за земјите-победници за различни настани.

На овој начин земјите забрзано ќе ги обезбедуваат и агресивно ќе ги прават сите видови на истражувања и масивното производство на спортски предмети и развојот на енергија и вештина кај спортистите, а потоа постепено и драстично ќе ја намалат концентрацијата или фокусот врз истражувањето и развојот на оружје и муниција. На овие турнири треба да се воведат различни видови на стари и нови спортови со посебни вештини и помалку застрашувачки или возбудливи авантуристички спортови кои значително го возбудуваат човечкиот ум и силно ги задоволуваат натпреварувачките инстинкти.

Секогаш треба да имаме предвид дека луѓето сакаат да го живеат нивниот живот со доминација на позитивните карактеристики во нивниот ментален телесен систем доколку имаат добра средина во која можат да добијат правичен и праведен третман, во која секогаш можат да добијат храна, облека и удобно засолниште и во која имаат шанса за нивен континуиран раст и напредок. Со оглед на тоа што човекот се раѓа и со позитивни и со негативни карактеристики, доколку има неправда, дискриминација во комбинација со тешко, несигурно живење предводено од корумпирани лидери, негативните карактеристики на човечкото суштество ќе доминираат со неговите акции, реакции и сите изразувања што ќе кулминира со разочарување, огорченост, нерасположение, незадоволство, судири и битки.

Затоа, лидерите на сите нивоа секогаш треба да се грижат во насока на обезбедување на соодветна хумана средина како највисок приоритет за мнозинството од луѓето секогаш да уживаат во доминацијата на позитивните карактеристики во нивните акции – реакции и во сите изразувања што секогаш е природната и најсилната желба на можеби 99% од луѓето. Затоа што луѓето во основа секогаш посакуваат да уживаат во мирен живот.

Друг особено важен аспект кој треба да се земе предвид е високиот раст на населението. Човечкото „јас“ или сопствената личност се особено доминантни. Човекот се раѓа со тоа. Затоа, големата густина на населеноста креира секакви видови на конфузија, луѓето го губат својот душевен мир затоа што секој сака добра егзистенција. Да речеме, на пример во една просторија, има 5 лица кои се сосема комфорни, имаат потполн душевен мир, и во истата соба има 50 лица кои го губат нивниот мир поради меѓусебните судири бидејќи човечкиот природен силен инстинкт е насочен кон соодветната егзистенција; се расправаат за тоа кој ќе добие шанса да седне на столчето или тепихот, а кој можеби нема да добие ни место за стоење?

Овој проблем со пренаселеноста станува особено сериозен ако еден голем дел остане неписмен, необразован и погоден од неухранетост, кој не живее во мир и кој влијае на мирот на другите околу нив. Со тоа се имплицира дека сиромаштијата и невработеноста, во комбинација со неписменоста и немањето животно образование, станува голема пречка за душевниот мир на човекот кој копнее по исполнувањето на основните потреби за здравје и опстанок, чиј недостаток креира несреќа, разочарувања и нејасност на умот.

Не ги знам деталите, но Македонија има пониска густина на населеност. Мојот краткорочен – долгорочен предлог за земјата е да ги преземе сите можни мерки ваквата густина секогаш да ја контролира. Треба да разбереме дека сиромашната класа на луѓе со задоволство ја практикува психологијата дека ако има повеќе деца, ќе има повеќе раце за помош на остарените родители. Таквите деца сместени во една редица од колиби, остануваат да бидат една маса од коски и месо без квалитетен развој на менталните вештини. Затоа Владата треба да дефинира преку закон која е идеалната големина на едно семејство и децата од идеалното семејство треба да ги добијат сите бенефиции, посебните придобивки за граѓанинот од прв ред. Родителите со кои не доминира нивното „јас“ ќе го изберат вистинскиот пат за нивните деца. Родителите кои не ја следат идеалната семејна законска дефиниција ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, а треба да го изгубат и правото на глас. Треба да се запомни дека уставот на една земја е напишан за добросостојбата на луѓето, и за целите на добросостојбата на луѓето денес, уставот треба да се менува според постојните потреби на масите.

Уште еден аспект – Медиумите имаат негативна улога бидејќи весниците, каналите и слично главно зборуваат за негативни настани и даваат негативни известувања за расправии, убиства, силувања, итн. Ова постепено го става човекот во една затворена емотивна сфера што секогаш води кон зголемена потреба од СЕБЕСИ, без земање предвид на мислењето на другите луѓе и води кон ситуации во кои нема душевен мир. Ако има полициски час во градот, луѓето се затворени во своите соби. Слично, негативните вести потсвесно и ненамерно го принудуваат човечкиот ум да се затвори; што значи апсолутна фокусираност кон себе си, што понатаму предизикува различни проблеми како што се корупцијата и конфликтите во општеството. Затоа медиумите треба да ги намалат негативните известувања и да додадат попозитивни, поохрабрувачки информации.

И, на крајот, да ги наведам неколкуте работи кои Господ ни ги дал, мозокот, умот, срцето и душата со силна моќ за размислување. Со нивна помош, ние може да постигнеме било што и да постигнеме сѐ.

Луѓето од целиот свет кои се наоѓаат на важни, големи или мали лидерски позици треба да се едуцираат и да се убедат заради нивниот душевен мир, и само тогаш може да очекуваме насекаде мир за човештвото.

Овој фестивал на мирот започнува во балканскиот регион и истиот ќе се одржува секоја година. Во следните 12 години ќе се одржат 12 фестивали на мирот. Кај мене се јави висока почит за балканскиот регион откако пред 2 дена разбрав дека 3 земји со ентузијазам и цврста определеност веќе пристапуваат кон идејата да го одржат и да бидат домаќини на овој фестивал на мирот следната година. Земјите од балканскиот регион може да бидат предводници за Светскиот мир. Тоа ќе биде најголемиот придонес за светот. Идните генерации од балканскиот регион ќе бидат особено горди кога ќе го видат нивното име испишано со златни букви во Светската историја. Но за тоа ќе размислите и одлучите со доверба и со практикување на сето она што тука беше споменато со нови и правилни идеи кои произлегуваат од позитивните размислувања и со покажување на патот и поставување пример за целиот свет во следните години.

]LIBERTAS



После ваков говор, вакво поимање на човекови права, на Субрата треба да му се забрани влез во Македонија.
03-10-2013, 04:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Али Баба во земјата без корупција




Ѓорѓи Спасов

Во кампањата на нашата Влада „Со секс против сиромаштија“ над писоарите во тоалетите за мажи може да пишува: „Во овој момент ти ја држиш судбината на човештвото во твои раце!“

Откако Субрата Рој ни соопшти дека Македонија е земја без корупција може сите мирно да спиеме. Корупција во Македонија можеби и има, но засега според кампањите на Владата таа е изолирана појава која може да се сретне само на локално ниво и тоа во околината на Струмица. Таму на Владата и' се привидуваат октоподи, ајкули, водни змии и други сеништа кои го загрозуваат нејзиното одржување на власт во Македонија. Само таму довербата на народот во градоначалникот кој победува по трет пат не е доказ за неговата чесност. На ниво на Македонија е обратно. Секоја победа на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво е клучен доказ за довербата на народот, за способноста на кадрите и за нивната чесност и работливост.

Владата, како и компанијата на Субрата Рој, можеби е полна со криминалци, но на таквите, како што ни објаснува индискиот милионер, им е дадена можност во неговата компанија да се поправат и да станат добри граѓани. Според сугестијата на нашиот мирољубив пријател од Индија, сиромаштијата треба да се приклони кон сексот за да ја зголеми густината на населението во оваа напатена земја, од која младите масовно се иселуваат, а според програмата на Владата ќе внесуваме богати пензионери од Европа преку кампањата „Дојди и умри во Македонија“. Можеби и оваа мисла за приклонување на сиромашните кон сексот заради зголемување на густината на населението (бидејќи богатите тоа не можат да си го дозволат), Субрата Рој ја слушнал од Мајка Тереза кога му го напишала познатото писмо кое тој го покажува, иако е тешко да се поверува дека овој човек научил барем нешто од неа.

Кога човекот го гледам во придружба на сите наши министри, во оваа земја без корупција, ми вели еден мој пријател, тој ми личи на Али Баба, со оние другите што се споменуваат во приказната, и имам чувство дека Владата сега наместо „актери инвеститори“ од Холивуд со кои Груевски се сликаше во каубојски шешири, почна да ни носи „актери инвеститори“ од Боливуд кои ветуваат дека за секој вол во Македонија ќе донесат по една крава. Но, барем е весело. Мир, данс и транс.

Од такви луѓе има што да се научи и за животот на кучињата, и за емоциите и за мирот и за сексот и особено за идеалното семејство и за медиумите. Еве, на пример, Субрата Рој од говорницата на позлатениот народен театар, во кој се' уште не е одиграна ниту една претстава, му објасни на премиерот дека наместо да стравува од промена на Уставот, со која комуњарите ќе дозволат еднополови бракови, веднаш да внесе со Собранието на Македонија закон за идеалното семејство. Според Субрата Рој, „Владата треба да дефинира преку закон која е идеалната големина на едно семејство и децата од идеалното семејство треба да ги добијат сите бенефиции, посебните придобивки за граѓанинот од прв ред. Родителите што не ја следат идеалната семејна законска дефиниција, ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, а треба да го изгубат и правото на глас. Верувам, заклучува мудро Рој, дека голем дел од луѓето кои страдаат од сиромаштија ќе се приклонат кон уживање во сексот, како едно од ретките задоволства кои ги имаат“. (аплауз)

По ова, јас можам веќе и да си ја замислам кампањата на нашата влада. „Со секс против сиромаштија“. Над писоарите во тоалетите за мажи, во висина на очите, може да пишува: „Во овој момент ти ја држиш судбината на човештвото во твои раце!“ Во рамките на рекламната кампања „СС“ (Секс и сиромаштија), на жените може да им се испрати порака: „Жени - уживајте во сексот и сиромаштијата“. И така друга работа тешко се наоѓа во Македонија.

Од друга страна, со еден таков закон кај нас половина од населението, кое и така не е преброено, ќе изгуби право на глас, особено геј-популацијата, за која се тврди дека кај нас била бројна и голем број од политичките партии ќе престанат да постојат. Но, затоа уште цела година пред одржување на изборите ќе може да се води кампања: „Со секс до стекнување право на глас“.

Треба да се земат предвид и размислувањата на овој добротвор на Македонија за состојбата во медиумите. Според него: „Медиумите (во Македонија) имаат негативна улога, бидејќи весниците, каналите и слично, главно, зборуваат за негативни настани и даваат негативни известувања за расправии, убиства, за силувања итн. Ова постепено, вели Рој во улога на наш психијатар, го става човекот во една затворена емотивна сфера и води кон ситуации во кои нема душевен мир. Слично, негативните вести, вели тој, потсвесно и ненамерно го принудуваат човечкиот ум да се затвори; што понатаму предизвикува различни проблеми, како што се корупцијата и конфликтите во општеството. Затоа, препорачува тој, медиумите треба да ги намалат негативните известувања и да додадат попозитивни, поохрабрувачки информации“ (особено за владата - заб. моја).

Но, и неговиот специјален гостин од Лондон не остана покусо во кусиот говор. На мое големо разочарување, доскорешниот премиер на Велика Британија и лидер на британските лабуристи Тони Блер го видовме во недостоинствена улога на „говорник за пари“ кој беше дојден во Скопје за да ги слушне мудростите на својот богат пријател Субрата Рој. За да се вклопи во амбиентот слушнавме само дека изјавил: „Навистина ми е драго што можам да одадам почит на целиот напредок што државата го има постигнато“. (Веројатно ова Блер го видел на патот од аеродромот „Александар Велики“ до центарот на Скопје додека го возеле во луксузниот автомобил.) „И покрај сите проблеми, констатира Блер, Македонија успеа да изгради извонредна држава во целиот овој период“.

А се сеќавам како амбасадор во Лондон, додека тој беше премиер, ми беше кажано дека единствените пет минути што може да ги одвои за средба со нашиот тогашен премиер ќе бидат за време на партиската конференција на лабуристите во Брајтон, ако нашиот премиер дојде како социјалдемократ да присуствува на неа.

Но, важно е дека Балканскиот фестивал на мирот на Субрата Рој помина и Владата може да се врати на своите редовни активности од програмата „Уништи го Заев“.

Наместо да го слушаат својот инвеститор и да не шират негативни вести кои може да предизвикаат корупција, сите министри се изнаредија во една озборувачка кампања да ни соопштат „најнови“ информации за „нечесните бизниси“ на Зоран Заев во Струмица сторени уште 2009, 2011 година и пред последните локални избори. Се снимаат спотови, се печатат цели страници платени огласи во дневните весници со прашањето: Колку ли ќе украде Заев како премиер ако толку украл како градоначалник?

Го читаме прашањето со еден пријател и тој ми вели. „А, бе, овие веќе го прогласија Заев за премиер. Па тој да плати нема кој друг ваква добра промоција да му направи“. Сега народот веќе размислува на тема: што може да очекуваме од Зоран Заев како премиер. Целата кампања за негово оцрнување навестува страв кај Груевски од некого кој не крие дека заработувал со продавање пиперки на пазарот, кој е омилен кај гласачите, кој е помлад од Груевски, пообразован и поуспешен во функциите што до сега ги извршувал, не бил никогаш ниту министер ниту премиер, го сака камерата и секогаш изгледа искрено како Борис Трајковски. Заев станува новиот ноќен кошмар на Груевски. На Груевски му се привидуваат сенишата од зад Заев, се плаши да излезе на телевизиска дебата со него и покрај тоа што ги пушти сите министри да се вежбаат во кампањата за јавно озборување на Заев, во која тврдат дека имаат силни докази за неговата нечесност.

Но, наспроти препораката од Рој да не се објавуваат лоши вести и СДСМ почна да прашува за милиони евра потрошени од Владата на Груевски за некакви анекс-договори, скапи и чести патувања во Фиренца и за владини задолжувања кои не биле одобрени од Собранието.

Заев му ја пушти пораката на Груевски која гласи: „Ако не престанеш да кажуваш лаги за мене, ќе почнам да ја зборувам вистината за тебе“ . А вистината е дека од нив двајцата само Груевски е транзициски политичар, кој веќе 11 години транзитира од министер за трговија во владата на Љупчо Георгиевски кога се продаваше ОКТА, до министер за финансии во време на војната во која се набавуваа хеликоптерите од Украина, па до премиер во коалиција со Али Ахмети за кого тврдеше дека е терорист со кого никогаш нема да формира влада. Вистината, пак, што би рекол премиерот, е како шило. Ќе врти, ќе врти и ќе излезе на површината. И оп. Заев премиер.

Само, пред тоа треба да внимаваме Субрата Рој да не ни стане претседател. Уставот и така лесно се менува. А човекот има пари и штета е да пропаднат.

(Авторот е универзитетски професор)

UTRINSKI
(This post was last modified: 05-10-2013, 11:40 AM by ЈорданПетровски.)
05-10-2013, 11:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:
Субрате, брате, фала ти што прогледавме


Среќа што фирмата „Сахара“ направи приватна прослава во Скопје, која ја крсти „фестивал на мирот“. Во спротивно немаше да знаеме колку му сече на милијардерот Рој, а со тоа колку е голем резилот на власта. Човекот истреска такви планетарни глупости и идиотизми, како на пример онаа за сексот на кој ќе се вдадела сиромаштијата во Македонија и така ќе пораснел наталитетот, за медиумите што не требало да пренесуваат негативни информации и да критикуваат, за добрите и за лошите криминалци... што не вреди за тоа воопшто да трошиме хартија

Доцната пролет 1992 г., чинам дека беше јуни, весникот „Млад борец“, каде што бев уредник, немаше пари да излегува редовно, меѓу другото и затоа што новата власт не сакаше да му помогне иако ја истурка на своите плеќи, па имав отповеќе време да се занимавам со „државнички работи“. Имав еден роднина чии швајцарски пријатели му понудиле неверојатна фантастична зделка за Македонија. Мултинационална компанија со неколку милијарди долари годишен профит и со седиште во Женева достави писмо што јас требаше да го предадам во Владата. Компанијата се занимаваше со ископ на дијаманти во Јужна Африка, а во нејзиниот борд седеа европски финансиски и политички ѕвезди, меѓу кои беа и еден поранешен гувернер на банката на Швајцарија, поранешен министер од Холандија, претставници на големи швајцарски конзорциуми и сл. Предлогот беше фирмата да ѝ даде на Македонија кредит од 500 милиони долари, со 2 отсто камата на 30 години и грејс-период од неколку години, плус 50 милиони долари донација! Мислев оти ваква шанса не смее да се пропушти. Требаше само да стигнам до некој од власта.

Ѓунер Исмаил беше портпарол на Владата и прво го побарав него, а потоа тој ме советуваше да се јавам кај премиерот Црвенковски. Со нетрпение го завртев телефонот во кабинетот. Иако млад, Црвенковски и тогаш не беше зелен, па кога ја чу приказната, се изнасмеа и ми рече дека не сум прв кому тоа му е понудено, а потоа, кога почнав да му редам аргументи, сепак ме упати кај Љубе Трпески, тогаш вицепремиер, а подоцна гувернер на НБМ. На Трпески му ги предадов писмото и барањето делегација од компанијата да ја посети Македонија и да се сретне со некој од Владата. Побара детали, фотокопии од пасоши итн. од луѓето што би дошле. За неколку дена од Швајцарија ми доставија фотокопии од пасошите на неколкучлената делегација. Чекав со нетрпение, но поминаа две недели кога Трпески ме повика во Владата. Зоране, ми рече, овие луѓе се мултинационални хохштаплери! Како, му реков, зарем се работи за лага, нели имаат фирма што копа дијаманти? Нели меѓу нив има и поранешни гувернери, министри? Не биди наивен, ми рече. Имаат и фирма и милијарди долари и поранешни министри и гувернери. Сѐ имаат, само што имаат и многу незаконски заработени милијарди долари што сакаат да ги исперат! Не сме прва земја од поранешниот комунистички свет на која многу вакви белосветски мангупи ѝ ја нудат истата шема. Ние сме под мониторинг на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка и ако прифатиме ваква комбинација, ќе нѐ стават на црната листа на земји каде што се перат криминални пари. Ним, пак, ќе им биде доволно да се фалат што обезбедиле прием во Владата на Македонија, како референца за другите земји. Ете, така заврши мојата прва „државничка мисија“ да ѝ помогнам на мојата штотуку родена држава економски да се развие.

Многу години подоцна случајот сакаше Груевски да биде на власт, а Црвенковски претседател, овој пат како уредник во „Фокус“ разбрав за нова „морска комбинација“ што веќе им била понудена на Владата и на претседателот. Масонски ред од Малта, следбеници на круната на Византија, кои имаат тапија на наследството на последниот византиски император, на Македонија ѝ понудиле зделка на милениумот - таа да им отстапи територија од дваесетина квадратни километри, за таму да го возобноват Царството Византија! Во царството требаше да изградат луксузни вили за живеење, хотели, казина, туристички центар од највисока класа итн. Новата Византија требаше да добие екстериторијалност, да стане слободна трговска и економска зона во Македонија, нешто како Сан Марино во Италија. Со договорот, кој требаше да прерасне во меѓудржавен, се предвидуваше Византија да вложува голем дел од заработката, стотици милиони евра годишно, во развојот на Македонија, а една од клаузулите беше оти за 3-5 години Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ и на НАТО, за што ќе се избори масонскиот ред од Малта, без какви било условувања од Грција. Во бордот на Малтежаните седеа големи имиња од Европа, меѓу кои и братот на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, банкари од Брисел и од Лондон, адвокати, бизнисмени од Рим, Мадрид, Париз, поранешни политичари... Освен седиште, во Ла Валета редот има и универзитет, за каде што понудија стипендии за млади Македонци... Приказната ја напишав во „Фокус“. Делегација од Малта имаше веќе дојдено во Македонија, сѐ имаше сретнато со пратеници и со министри, но не дојде до официјален контакт на највисоко ниво. Подоцна разбрав оти Црвенковски повторно се изнасмеал на идејата, а немав никаков ентузијазам да го прашам Груевски што мисли за сето тоа.

Но кога го гледам индискиот милијардер Субрата Рој како изминативе години се однесува во Македонија, добивам претстава и за ставовите на премиерот. Не, да не ме разберете погрешно, немам дилеми оти Субрата навистина има пари, ако треба да ја купи и целата држава. Знам дека има пристап до владите и премиерите и на многу поголеми и посериозни држави од Македонија. Што се вели, отвора врата со нога и кај сегашниот премиер на Велика Британија - Камерон. И не се сомневам оти Индиецот е сериозен во својата најава за инвестиции во Македонија, од кои фасцинира онаа во Џумајлија, Штипско, за одгледување 20.000 крави - што треба да биде најголемата фарма во Европа.

Сепак, т.н. фестивал на мирот што деновиве се одржа во Скопје направи целата македонска јавност повторно да прогледа - при очи! Со други зборови, цело време го следевме бизнисменот Рој, малку со почит, малку со сомнение. Некои од нас се потсмеваа на неговите костумчиња без ракави, некои, пак, се згрозуваа од кичестиот проект за мегаломански споменик на Мајка Тереза во центарот на Скопје, во облик на огромна шамија. Ама сега дури видовме за каква „величина“ станува збор. Субрата ни приреди „боливудска“ забава во Скопје. За оние што не знаат, Боливуд е индискиот Холивуд, каде што се снимаат илјадници филма годишно. Но, за разлика од Холивуд, кој е технолошки врв на светското шоу, Боливуд е симбол на кичот и ниските страсти, на голата емоција што не умее да остави елементарен уметнички впечаток, а лишена е од секаков разум.

И така, среќа што фирмата „Сахара“ направи приватна прослава во Скопје, која ја крсти „фестивал на мирот“. Во спротивно немаше да знаеме колку му сече на милијардерот Рој, а со тоа колку е голем резилот на власта. Човекот истреска такви планетарни глупости и идиотизми, како на пример онаа за сексот на кој ќе се вдадела сиромаштијата во Македонија и така ќе пораснел наталитетот, за медиумите што не требало да пренесуваат негативни информации и да критикуваат, за добрите и за лошите криминалци... што не вреди за тоа воопшто да трошиме хартија.

Сепак, проблемот не е во Субрата. Човекот е навикнат со пари да купува сѐ. Кога водителката Дијана Хајден го најави бизнисменот Рој да зборува на подиумот, тој не пропушти да рече оти оваа убава Индијка е поранешна убавица на светот за 1997 година и дека тој ја именувал за потпретседател на „Сахара“, неговата компанија што има над еден милион вработени. Така, македонските „убавици“ добија порака оти во иднина можат да водат мултинационални компании и да им бидат десна рака на милијардери. Квалификацијата им е, секако, убавината! Владата на Македонија, значи, си дозволи да биде покровител на мировна манифестација од боливудски маштаб, со скапо платени дворски шутови и петпарачко музичко-забавно шоу.

Тоа не отсликува ништо друго, туку го пејзажира нашиот финансиско-економски очај. Далматинците, да ми прости читателската публика на вулгарноста, велат „ала волим кад година изда, све поскупи, појефтини пизда“. Небаре врвен индиски илузионист, Субрата ги извади од шапката вечниот миротворец Махатма Ганди и Мајка Тереза за да ги провози на вечната идеја за мирот своите македонски идолопоклоници. Парадата, односно т.н. фестивал, дополнително го осквернави гламурозниот старо-нов театар и направи приказната да изгледа како во народната „на гол газ, таламбас“. Онака како што Македонија списка триесетина милиони евра за да го светне театарот од пред земјотресот, така Субрата или некој друг, допрва ќе видиме кој, списка милиончиња во Скопје да приреди гала-фестивал за празна сала. Тони Блер, британскиот експремиер што ги одбележа 1990-тите во Европа и во светот, сега е докажан борец за мир, се разбира дебело платен, а војуваше во Ирак.

Не сум пуританец и знам оти Македонија може да се развива единствено доколку има странски инвестиции. Не знам како Субрата Рој ги заработил своите пари, но на Интернет има многу контроверзии во врска со тоа. Старите Римјани велеа „нон олет“ - „парите не смрдат“, а јас сепак сметам оти Македонија мора да внимава, без оглед дали е во прашање индиски или американски милијардер, да не се претвори во банална пералница за пари. Моралната дилема е помалку важниот дел од приказната, зашто знам оти многу граѓани од Гевгелиско, на пример, се среќни што нивните деца имаат работа во пограничните казина и можат да си обезбедат пристоен живот, иако со коцката доаѓа и дрогата, проституцијата.

Но Субрата Рој ја разголе приказната за нашиот лажен конзервативизам и уште полажниот суверенизам. Во старо-новиот театар заедно со Субрата, во Македонија парадираше турбофолк-политичката естрада на која очајнички ѝ требаат мегапроекти зашто е духовно и интелектуално заглавена во калта. Парадираа во театарот белосветските праматари, но, за жал, не во пиеса на штиците што живот значат туку во вистинска македонска трагикомедија. Субрате, брате, фала ти што прогледавме!

Автор: Зоран Димитровски

NOVA MAKEDONIJA




Зоран Димитровски ја уби Мирка !!

06-10-2013, 01:10 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#4

I so Subrata ni se povtoruvA istoto...sviranje kqu..cu .sto e bitno sto kazal Subrata,zar ne e pobitno sto ON planira da napravi u MKD nikoj ne go toa zboruva i analizira,site lovat sitno politicki poeni....
Sto se bitni politickite stavovi na eden INVESTITOR...sto nezavisnite ne gi analiziraa stavovite na "nekoi" predhodni "investitori" ili 1500-3000$ vrsea rabota???

Abe ostavete go covekot i zemete mu gi parite neka investira u MKD zarem ne gledate deka i investicija od 20-100 milioni e mnogu i dovolna za MKD,neli gledate deka se e zamreno u MKD nema nisto...
Neka napravi bilo sto..ako uspee da vraboti barem 1000 ludje koi ce rabotat za 20000 denari mesecno AFERIM...


Site pari imaat ist miris...Site SMRDAT...
06-10-2013, 01:31 AM
Reply