Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДИМИТАР ДИМИТРОВ-АНТИКВИЗАЦИЈА Е ДЕЛО НА УДБА
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Со години наназад нема прочитано подбри ставови за минатото и сегашноста на Македонија од тезите на проф. Димитар Димитров во утрински весник:

Quote:(1)

Интервју - Антиквизацијата е тројански коњ на Грција

Сега, кога Тито и Југославија ги нема, свртената историја се спушта до антиката, до Александар и до античките Македонци. Академици апологети на југословенскиот комунизам, преку ноќ се превртеа во проповедници на антиквизацијата, вели професорот Димитар Димитров

Гордана Дувњак

Зошто во Македонија и по 22 години од осамостојувањето полесно поминуваат пораките до граѓаните за патриотизам и етноцентризам отколку за човекови права и слобода?

Почнувате со прашање, чие расветлување бара цел есеј, ако не и студија. Епистемолошки е многу важно да се води сметка за контекстуалноста при употребата на категориите. Патриотизмот и човековите права и слобода не си противречат во принцип. Во услови на ропство овие три категории се стопуваат. Така на печатот на ВМРО било напишано: „Смрт или слобода“, а Тодор Александров ја истакнувал девизата „Се' за Македонија“. Требало Македонија да стане држава – услов за слобода и права. На другата страна, при состојба на етаблирана демократија, на пример, А. Стивенсон и Е. Кенеди исповедале патриотизам како иманентна човечка потреба.

Во нашиот случај, патриотизмот налагаше сиромашната југословенска република да се подготви за оптимален стопански развој; полициско-политичката држава да се претвори во правна и социјална држава, како базични претпоставки на човековите права и слободи, кои од своја страна генерираат патриотизам. Таков гигантски пресврт, објективно, беше тешко да се изврши за 20 години. Со криминалната приватизација, со редукцијата на стопанските капацитети, со преголемата невработеност, со осипувањето на населението поради падот на наталитетот и иселувањето - тешкото го направивме уште потешко. Патриотизмот, човекољубието, дури и егоизмот, повикуваат да поставиме грб под таа планина. Патриотизам кој не го носи тој товар е стратегија на демагошка онтологија. Најниско паѓаме со етноцентризмот. Тоа е т.н. етнички национализам, што го персонализира С. Милошевиќ. Во спој со патриотизам, тој добива форма на етнопатриотизам – на барут или на Хитлер. Ако е точна претпоставката на Вашето прашање, ние потфрлуваме како граѓани.

Како гледате на тоа што развојот на македонската парламентарна демократија е диктиран од политички документи како Рамковниот договор, мајски договори, па дури и извештаи како оној за настаните од 24 декември?

За жал, синтагмата македонска парламентарна демократија е многу релативна, слично како во нашата фаза на поранешна југословенска република. И тогаш имавме парламент, но со него и со се' друго раководеше Авангардата на работничката класа. Караѓорѓевиќевата јужна бановина Тито ја унапреди и изедначи со другите југословенски републики, но „за Македонците направи да биде казнива секаква помисла за Македонија надвор од Југославија“ (Палмер и Кинг, „Југословенскиот комунизам и македонското прашање“, 1971). Хипотеката на таквата Македонија ја диктира состојбата на која укажувате, а не актуелната меѓународна заедница. Кога зборуваме за овие нешта, пред искушение сме да грешиме душа, да паднеме во изолационизам, ксенофобија, евроскептицизам и антиглобализам. Патот на осамостојувањето беше широк источноевропски процес. Ние како дел од него ја надминавме положбата на идеална парадигма на Југославија. Од гледна точка на идејата на Европа, на Брисел може да му се префрли за т.н. Западен Балкан. На нова Европа и' соодветствуваше политика на обединувањето, не политиката на проширувањето, која Западниот Балкан го врати на реалполитиката на поделена Европа, предизвикувачот на балканските и на двете светски војни.

Отсуството на сопствена демократска традиција и отклонувањето од европскиот обединителен процес, овозможија транзициски метеж во Македонија. Наместо партии што резултираат од македонската демократија, ние имаме партии наследнички на Сојузот на комунистите, на ВМРО или партии од етничка провениенција, која од која поавторитарни, а ниеден лидер со биографија на борец за демократија. Така, Македонија се претвора во предмет за освојување и парцијално користење. Во таков деформиран однос меѓу деловите и целината, парламентарната демократија трае еден ден – денот на изборите, со оглед на правото на гласање. Следното утро Македонија го добива својот Луј Четиринаесетти, пред кого се релативизираат сите институции на државата, почнувајќи од претседателот на РМ, претседателот на Собранието и Собранието. 24 декември се случи затоа што Собранието „зариба“ како сервис на Владата. Да се елиминираат пратениците на опозицијата која претставува една идеална третина од парламентарниот состав (поради нивниот отпор, со допуштени и недопуштени методи, на некомпромисното усвојување на буџетот), значи да се анулираат претходните парламентарни избори и да се создаде состојба на аномија. Мајскиот договор е гаснење на пожарот. Самата ЕУ е фатена во парадоксална стапица: колку повеќе го одлага нашето интегрирање толку повеќе ќе мора да прибегнува кон такви палијативни решенија.
16-09-2013, 02:26 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Quote:2)

Човек сте од постарата партиска гарда на ВМРО-ДПМНЕ. Колку денешното водство остана доследно на изворните принципи на демохристијанската конзервативна десница?

Мислам дека врската што ја посочувате претставува во принцип доктринерна пресиленост. Во евокацијата на ВМРО тогаш одекна викот на нашите обездомени предци за своја држава и слобода, а не доктрината на демохристијанството. Денес, кога прославуваме 22 години самостојност, десницата и левицата се легитимираат пред историјата во мерата во која се вградуваат во тие стратегиски рамки (на своја држава и слобода), а не со меѓусебни пресметки во традицијата на антагонизмот меѓу комунистите и вмровците. Тоа од нив бара, пред се', ревизија на статутите на партиите по углед на статутите на западната социјалдемократија и демохристијанство – пропишување внатрепартиска демократија како услов за парламентарна демократија.

Еден автентичен вмровец, војводата Васил Чекаларов, пред повеќе од еден век ликвидирал човек кој, индоктриниран од грчкиот владика Каравангелис, заговарал антички, александарски македонски идентитет. Како тогаш антиквизацијата стана државен проект токму на ВМРО-ДПМНЕ?

Во основа, одговорот на ова прашање може да се најде кај самиот Васил Чекаларов, кој вака ја коментира мисијата на „гркоманскиот поп Герман“: „Човек којто не разбира от историја и да почне да ти проповедва со неја, това е много смешно!“ За жал, македонскиот издавач си дозволил многубројни „исправки“ на Чекаларов, при што оваа реченица ја изоставил и го сокрил објаснувањето на војводата на нашиот божемен античко-македонски идентитет како грчко масло, кое наши луѓе го голтаат поради неразбирање на историјата. Може да се чини чудно, но објаснувањето на Чекаларов на антиквизацијата со неразбирањето на историјата, денес има уште поголема тежина. Генерациите посредувани со Вардарска Бановина и со комунистичка Југославија, го немаат примарниот опит на Чекаларов и на поп Герман. Тие се измиени од историјата. Великосрпската историографија не' симна на ниво на племе; југословенско-македонската комунистичка историографија – таа „дебела проза на историчари обучени на југословенски начин“ (Кит Браун, „Минатото под прашање“) – е рационализација на Титовиот македонизам од дефиницијата на Палмер и Кинг. Како таква, таа проицира свртена историја во вид на пат што води од Југославија наназад, а се прикажува како еволуција што се кристализира во југословенско-македонска нација. Оваа егзотична проекција има карактер на локално знаење, во размин со целата светска наука. Сепак, се спроведуваше ефикасно во услови на блоковската поделба и на информативната блокада. Сега, кога Тито и Југославија ги нема, свртената историја се спушта до антиката, до Александар и до античките Македонци како на исход. Академици апологети на југословенскиот комунизам, преку ноќ се превртеа во проповедници на антиквизацијата, заборавајќи што пишувале до вчера.

Покрај овој вакуум во автономната историографска едукација, за успехот на антиквизацијата е заслужна и УДБ-а. Како антитеза на МПО, таа сред нашата дијаспора го популаризирала античкиот мотив. Иницијаторот за формирање на ВМРО-ДПМНЕ, човек контролиран од полицијата, на митинг во Охрид, изрази вера во победа „со штитот и мечот на Александар Македонски и со камата и мечот на Гоце Делчев“! На амблемот на партијата долго време стоеја едно под друго знамето од Кутлеш (Вергина) и земскиот грб со лавчето. Од друга страна, денес е толку јасно дека антиквизацијата ни нанесува огромна штета и на внатрешен и на надворешен план. Таа е од огромна полза за Грција која во неа добива доказ за нашиот иредентизам. И затоа објективно врши улога на тројански коњ, улога каква што и' беше наменета во оригиналната грчка верзија: ни го зема умот, а ние во тоа постулираме преродба и наш идентитет. И пред светот не' прави некредибилни.

Лустрацијата е еден од најкритикуваните процеси во државата. Дали вмровските кадри се толку „имуни“ на кодошењето, штом ги нема на листата на лустрирани?

Во принцип, идејата на лустрацијата е просветлувањето, посредувано со некое значајно поместување, кое овозможува нов поглед назад, ревизија, за да ни се направи полесен одот напред (транзиција), кон повисок квалитет. Слична смисла има нашата народна пословица „Секое зло за добро“. Едностраната примена на нашата лустрација отстапува од идејата на лустрацијата. Но, многу поголема едностраност пропишува самиот закон за лустрација, кој од сите институции и актери на претходниот систем, на лустрација ги подложува соработниците на тајните служби. Тоа имплицира дека главен столб на системот биле кодошите – што е фундаментална неправда и помрачување, а не просветлување. Не функција на транзицијата, туку континуитет на паднатиот режим.

Посебен осврт заслужува случајот со лустрацијата на писателите. Лустрацијата тука може да има смисла само ако го помага автономното толкување и просудување на книжевното творештво. Тоа претпоставува книжевно-теориски студии еманципирани од идеолошките стеги. Тие студии сигурно ќе ги одменат апологиите по основа на идејноста и на морално-политичката подобност, кои си допуштале мистификација, автор кој не се чита да се прогласува за великан кој е толку пред времето, што ќе се чита во иднината! А автор кој ја пародира колективизацијата да се прави „случај“.

Од друга страна, на проблематичната лустрација уследи проблематична реакција, што заличи на апологија на Титовиот модел на социјалистички реализам и македонизам, во чиј спомен ни остана писателската населба на Водно, која сама по себе го отсликува статусот на писателите до комунистичката номенклатура. Имено, тематизацијата на таа интимност, на дедуцирањето од идеолошко во естетско (во текстот на Вашиот соговорник „Револуција и литература“) услови во фокусот на пресметката со либерализмот во Македонија да се најде книжевноста. Пледоајето за автономија на уметноста беше жигосано како либерализам, писателите беа построени зад Авангардата. След пленумите на ЦК на СКМ уследи серија состаноци на Активот на писателите комунисти во просториите на ЦК, на кои писателите ги верификуваа наодите на Партијата.

Затоа ни лустрацијата, ни ретуширањето во реакциите на неа, не се прилог на транзицијата, не осветлуваат каде сме биле, каде одиме. Најцелисходно е Државниот архив на РМ да ги објави стенограмите од споменатите пленуми на ЦК на СКМ и од состаноците на Активот на писателите комунисти. Така, без секаква излишна демагогија, вие младите ќе можете изворно да се запознаете со еден момент кој многу кажува за нашиот од по „маките и радоста“ (да парафразирам еден наслов на Ацо Шопов, поради кој државната критика го искара за песимизам – кога требаше да се проповеда оптимизам).

Колку македонскиот синдром на „самоуништување“ е актуелен и денеска?

Да, актуелниот процес на лустрацијата го асоцира синдромот на самоуништувањето, што некои мои колеги го дефинираат како некаква специфично македонска темна метафизика. Таквиот поглед е во согласност со метафизиката на нашата историографија, која низ неколку генерации не' третира како гуски во магла. Прочитајте ја само главата за Берлинскиот конгрес во „Дипломатијата“ на Кисинџер, „Македонија“ (1906) на Брејлсфорд, Карнегиевиот „Извештај за балканските војни“, „Хероите и убијците“ на Стојан Христов, спомнатата книга на Палмер и Кинг - и ќе заклучите дека не станува збор за самоуништување, туку за екстремно тешка положба во која е фрлен еден народ, како колатерална штета од антагонизмот на великите сили на поделена Европа; така што станало невозможно да се постигне внатрешна слога околу некој спасоносен исход, па се прибегнувало кон меѓусебни пресметки, кои уште Брејлсфорд ги видел како граѓанска војна. Тоа се однесува на кодошлакот под отоманското ропство, на борбите на ВМРО со грчките и српските чети, на внатрешните пресметки во ВМРО, вклучително на ликвидациите на кодошите односно на колаборационистите (гркомани и србомани), на комунистичките ликвидации и репресија врз непријателите на државата. Тоа воопшто не е некоја темна метафизика, туку многу конкретна историја. Една непобитна илустрација таа историја има во мемоарите на Киро Глигоров, каде што масовните ликвидации во Велес, Куманово и на други места се објаснуваат како дело на ОЗНА (под раководството на полковник Црногорец) која македонското раководство го присилила да ја обезбеди со информации за осомничените. Слично беше и со нашите седумдесетти години. Белград нареди да се принесе и македонски курбан во борбата против либерализмот и македонското раководство удри по „либералите“. Но „синдромот“ веќе ја немаше таа сила, жртвата заврши со компромисни „диференцијации“.

Хрватскиот аналитичар Жарко Пуховски недамна ги дефинираше Македонија и БиХ како единствени две поранешни југословенски републики што не се навистина држави. Босна затоа што е еден вид протекторат, а Македонија како еден вид нејасно распадната држава. Гледате ли сериозни предизвици за иднината, па дури и за опстанокот на земјава?

Жарко Пуховски ми е во убав спомен од времето на „Праксис“. Тој има остар јазик и строги критериуми. Изјавата за нас му е во согласност со референцата ПЈРМ, која имено со таква тенденција е мотивирана и како таква ја сметам за голема грешка на Грција и на ОН. Таа тенденција ја генерира етнопатриотизмот, позицијата на природни граници, на некој вид македонски или албански милошевиќевизам. Сепак има место да се ублажи судот на Пуховски. Впечаток за нејасно распаѓање дава исходувањето од еден модел или од претходен вид/фаза на државата, а државата се менува добивајќи нов вид, нов квалитет. Идентификацијата со граѓанскиот патриотизам врзан за РМ интегрирана во ЕУ, го прави вториот случај, кој ќе го демантира и, верувам, ќе го израдува Пуховски.

Во светски рамки се актуелни дебатите за криза на политичките лидерства. Какво влијание има тоа за малите народи и малите држави?

Дебатата на која укажувате, има основа во пресметливоста на политичарите во врска со нивната зависност од избирачите. Тоа нив ги прави прагматични, воздржани пред донесување големи одлуки. Може со голема веројатност да се каже дека ваквиот квалитет на политичките лидерства е дел од причината за нашата евроатлантска интеграција. Но, како би било можно, при парламентарна демократија, лидерство кое ги игнорира избирачите? Кризата на лидерството е криза на човекот. На духовноста, на хуманитетот, на ширината на душата и на умот. На компетентноста да се проценува во такви координати, па да се застанува зад големи, достоинствени потези за општо и продолжително добро.

На тој план, во обратна пропорција со нашиот волумен, ги гледам и проблемите на Македонија.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=181F27AE1...114850F809
16-09-2013, 02:28 PM
Reply
Вовата Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,983
Joined: Jan 2010
Reputation: 33
#3

(16-09-2013, 02:28 PM)hristo Wrote:

Точно е!
23-09-2013, 02:34 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#4

Quote:СРБИТЕ СЕ НАЈСТАР НАРОД ВО ЕВРОПА

Анатолиј Алексеевич Kљосов, биолог од Универзитетот „Харвард“, тврди дека српскиот ген е стар 12.000 години и е најстар во Европа. Американскиот доктор со руско потекло ги објави резултатите од неговата генетска анализа, според која, Србите се пранарод на сите денешни Словени, но и на многу други европски народи.

- Српските гени Р1а1 се стари 12.000 години, а другите гени се стари меѓу 4.000 и 7.000 години. Сите народи во Европа (освен два) имаат повеќе од 40 отсто српски или прасрпски гени – тврди Kљосов, претседател на научната советничка управа при Меѓународното генолошко биро.

Според неговиот научен труд е изработена карта со српскиот ген, која покажува дека тој е распространет повеќе од 60 отсто во денешна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, но и во Данска, северниот дел на Германија, јужниот дел на Скандинавија и во дел од Велика Британија. Тој тврди дека оваа група е типична за сите Словени, но дека во значителна мера ја имаат и припадниците на најголемата каста во Индија и дека Ариевците се „Словени кои од подрачјето на Србија дошле до Индија“ пред околу 3.850 години. Тој понатаму заклучува дека сите Словени потекнуваат од Балканот и тоа од денешна Србија и од Босна и Херцеговина.

Kako be ova,pa zar ne nastanal svetot od Makedonidot,zar ima nekoj postar od Makedoncite?

I Srbite gi ceka antikvizacija....

SmajlitoSmajlitoSmajlito
23-09-2013, 04:57 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

(23-09-2013, 04:57 PM)Larsson Wrote: Kako be ova,pa zar ne nastanal svetot od Makedonidot,zar ima nekoj postar od Makedoncite?

I Srbite gi ceka antikvizacija....

SmajlitoSmajlitoSmajlito
Србите не ги “чека“ антиквизација, можеби им се повторува “антиквизацијата“ од 90-тите, кога низ нивните медиуми имаше сешто да се види, слушне и прочита (Срби су божански народ... бре), и тоа од автори академици, на крај нивната “антиквизација“ се сублимира во три збора- Србија до Токија... како тој залет заврши, сите знаеме и видовме.
Помеѓу македонската и српската “пролет на национални чувства“ можеш да правиш паралела само ако си злонамерен параноичен комуњар што се плаши од се` што ја оддалечува Македонија од Југославија.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
24-09-2013, 04:39 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#6

(24-09-2013, 04:39 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Помеѓу македонската и српската “пролет на национални чувства“ можеш да правиш паралела само ако си злонамерен параноичен комуњар што се плаши од се` што ја оддалечува Македонија од Југославија.

Povece se plasam da ne zavrsime kako Srbite site Srbi pod edna "sljiva" i mesto Srbija do Tokija,Srbija i Srbi u Milvokiju....
25-09-2013, 10:05 AM
Reply