Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА-КОЈ ПАТ ДА ФАТИМЕ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Лоша 2014 година за Македонија предвидуваат Американците:

Терористите ги проучиле американските разузнавачки напори откако поранешниот договорен соработник Едвард Сноуден до медиумите достави информации за истото, подвлече денеска директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер.

Пред Сенатската комисија за разузнавање, Клапер кажа дека терористите ги смениле нивните комуникациски методи, со што ја отежниле работата на американските разузнавачи. На истиот распит, директорот на Агенцијата за одбранбено разузнавање, генерал-покловникот Мајкл Флин рече дека Сноуден нанел непроценлива штета на напорите за национална безбедност.

Директорот на Центарот за национален контратероризам Метју Олсен, пак, наведе дека има извесен пораст во извештаите за закани пред Олимпијадата во Русија. Според него, најголемата закана не е врз Олимпиското село, туку врз „меките мети“ во Сочи.

Во Проценката на светските закани што Клапер во име на американската разузнавачка заедница ја претстави на распитот, во делот за Европа се вели дека прашањето со приватноста и прислушкувањето на американската Агенција за национална безбедност (НСА) може да се наметне како политичко прашање на изборите за Европскиот парламент во 2014-та. Самитот на НАТО во септември 2014-та, пак, се оценува како можност за јакнење на Алијанската и најавување на нов генерален секретар.
Документот акцентира и дека нерамнотежата во евро-зоната и бавниот економски растеж во Европа ја менуваат поличката економија на континентот, што потенцијално може да предизвика поддршка за националистичките и популистички партии.

Во делот за Западниот Балкан стои дека без оглед на позитивниот развој на настаните во регионот лани, 2014-та ќе се карактеризира со длабоки етнички и политички поделби, при што ситуациите во Македонија и во Босна и Херцеговина добија назнака „особено експлозивни“.

„Македонската влада продолжува да турка програми наменети за промоција на етнички македонскиот национализам, на сметка на евроатлантската интеграција на земјата. Што подолго се одолголекува со македонското членство во ЕУ и НАТО поради спорот со Грција околу уставното име на земјата и слабите билатерални односи со Бугарија, толку е поголем ризикот дека ќе нарасне етничката напнатост“, проценува американското разузнавање.

За Босна, документот наведува дека различните интерпретации на политичката рамка заснована на Дејтонскиот договор, како и обидите на водачите на трите заедници да одржат контрола врз своите политички и етнички области, ќе продолжат да ги поткопуваат централните државни институции. „Изборите во 2014-та најверојатно нема да ги премостат овие разлики, што ќе ги намали надежите за евроатлантската интеграција на Босна што веќе ја имаат постигнато нејзините соседи“, стои во документот.

Глас на Америка на македонски јазик
http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&c...vest=11366
31-01-2014, 11:18 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Мерсал Биљаљи:

Во 1974 година, еден фанатичен свештеник со име Џин Џонс, како водач на сектата Храм на народот го основал кампот Џонстаун во Гвајана. Порано, храмот функционирал во САД, но без некое големо финансиско значење. Во Гвајана сектата бројала точно 1.111 луѓе кои живееле во камп изолиран од светот, со лажно чувство на духовен мир. Делувале среќни и весели мислејќи дека се многу блиску до Бога, оти така ги убедувал духовникот Џонс. Водачот почнал да собира силни финансиски донации, кои најмногу ги користел за лични цели. Стекнал големо богатство, а за кампот одвојувал само за голо преживување. Како последица од тоа условите во кампот станале сè потешки и неподносливи. Луѓето биле соочени со болести, глад и очај. Но, Џонс знаел дека пропагандата е најсилно оружје. Знаел лагата да ја прикаже како вистина, лошото како добро, несреќата како среќа. Џонс секој ден сектата ја натерал да вежба колективно самоубиство користејќи го слоганот „Кога не можеме да живееме слободни, барем да умреме слободни“.



По некое време американските власти дознаеле за колективното измачување на бројните измамени луѓе, па пратиле службена делегација во чиј состав биле и конгресмени. Тие ја увиделе човечката катастрофа во храмот и барале луѓето да се пуштат на слобода. Но, наместо тоа бандата на Џонс на 18. ноември 1978 возвратила со сила. Ја нападнала делегацијата по што биле убиени еден конгресмен, тројца новинари и еден камерман, а 11 други лица биле ранети. Потоа, на членовите на сектата им биле поделени валиум и цијанид помешани со сок. Прво отровниот пијалок им бил даден на бебињата, потоа на децата, а кога увиделе родителите како им умираат чедата, тие и самите го испиле отровот. Оние што одбивале тоа да го сторат, мачно и мизерно биле убиени зашто ги сметале за „синови на сатаната“. Само мала бројка луѓе успеала да се спаси од смртта. Бројката на изгинати лица била точно 914.



Секогаш така завршува кога се владее со лаги, манипулации и сатанизации. Тогаш се завршува кај црниот ѓавол. Редовно лажниот патриотизам по некое време произведува колективна трагедија во истиот момент кога луѓето ќе сфатат дека „патриотизмот“ на водачите, впрочем, не бил ништо друго, освен личен патриотизам кон туѓите пари. Таквиот „патриотизам“ вешто се маскира во атрактивна амбалажа, а внатре празнина. Празни души, празен морал, празни лопати и празни лажички. Веќе масовно луѓето сфаќаат дека прекарот „патриот“ не значи ништо друго, освен голем арамија. Денес ќе се сметаш за „патриот“ ако лапнеш неколку стана во центарот на градот, ако имаш раскошни вили, големи хациенди, милиони од тендери на пријателки, снаи, мајки, ќерки и синови. Ако вртиш пари по Карипските острови, по Белизе, Салвадор или Кипар. Ако возиш бесни коли и супер-луксузни јахти. Ама не купени со свои, туку со туѓи пари. Со пари на екстремно осиромашениот народ, кој долги години верувал дека волкот е тој што најдобро може да ги чува јагнињата. Со пари на тие што ги доведоа до состојба за повеќе да се плашат од животот отколку од смртта. Луѓе кои дури немаат ни третман на овци, оти овците за да ги молзите ќе мора да ги храните. Луѓето се претворени во маса кои очекуваат животот да им помине. Тие веќе не се изборат за среќата, туку за спас од несреќата. Нивната способност не се мери по тоа колку создале добрини, туку по тоа колку можат да трпат лошотии.



Неодамна, од првиот човек на ЦИА ни беше испратена порака дека 2014 година за нас ќе била турбулентна, оти национализмот и мега-корупцијата ја имаат уништено евроатлантската перспектива. Претходно Си-Ен-Ен нашата економија ја вброи во петте најлоши економии на светот. Деновиве Џон Кери на конференцијата за безбедност во Минхен, јасно посочи кон една држава од западен Балкан која има власт во тесна коалиција со организираниот криминал и национализам, и која како таква претставува сериозен извор на внатрешна и регионална експлозија. И конечно, пред три дена Џонатан Мур, директорот за централна и јужна Европа во американскиот департамент, истакна дека во Македонија се користат сите можни државни ресурси против опозицијата и политичката конкуренција и дека таквата ситуација веќе е неодржлива. Треба да се каже дека последниве три години, на многуте важни светски собири посветени на безбедноста, Македонија експлицитно била спомнувана во негативна конотација.



Нашиот Џин Џонс се посочува за пример како не треба да се владее со државата. Вакви координирани квалификации по ниедна логика не можат да бидат случајни. Постојат сериозни индикации дека наскоро силно ќе удри антикриминална бура. Реални се шансите бурата „Македонија 2014“ да ја разнесе мега-пералницата „Скопје 2014“, која патот и иднината на луѓето ги претвори во бетон и мермер. Знае ли воопшто Груевски дека корумпирањето медиуми со буџетски пари не е само морална мизерија, туку и кривично дело? Како ќе го објасни тој фактот што претходно добиената битка за името ја продал на Грците (и сега срамно лаже за свиткан рбет)? Како тој ќе го објасни создадениот општ хаос и криминал во државата, тогаш кога во екраните ќе ги снема новинарските шарлатани, козари или бурекџии? Кој ќе одговара за создадената државна мафија во земјата? Кој ќе сноси одговорност за општиот грабеж во државата? За создадената меѓународна криминална пајажина? За суспендирањето на демократијата? За затворањето недолжни луѓе? За персонализирањето на државните институции? За поткупување медиуми и квази-новинари?Кој ќе одговара за омразата и тепачките фабрикувани во владини лаборатории? Бидете сигурни дека тогаш најгрлати против нив ќе бидат токму тие што сега ги поддржуваат и се збогатуваат, а не се ништо повеќе од смешна имитација на прост новинар! Ќе се зачудат ли кога ќе видат дека токму тие што денес криминално купуваат фарми, фирми, банки, рудници, медиуми, болници и хотели, истиот ден кога ќе паднат од власт ќе ги остават сами? Дури ќе ги обвинат дека со сила ги натерале на богатење.



Меѓународната заедница со години молчела. Се движела по линијата на помалиот отпор. Сега увидела што чудо станавме. Сега велат: „Без грижа, брзо ќе завршат во затвор“. Но, на луѓето не им е важно кој ќе заврши во затвор, туку тоа што самите веќе со години се во некаков психолошки и материјален затвор. Странците сега сфаќаат дека толерирањето вакви диктатура може опасно да го зарази целиот регион. Ако диктатурата не се казнува, таа не само што расте, туку се претвора во стимулативна порака за многу други диктаторски претенденти во регионот и пошироко. Наскоро ќе имаме избори. Имаме само две опции: 1) организираниот криминал со маска на патриотизам и национализам и 2) опцијата на спасувањето на луѓето, на државата и мирот во неа.



Првата опција иако во сржта е многу слаба, таа медиумски е многу силна. Бројни новинари и медиуми ги претвори во проститутки и јавни куќи, но со разлика што во јавните куќи сами си плаќате со свои пари. Најадекватен нивен слоган би требало да гласи: „Гласајте за нас за да ви биде многу лошо“. Барем тоа е докажано. Ќе можеме ли овај пат да ја сузбиеме лошата теза за нашите претходни избори, дека тие се механизам за покорување на луѓето? Ќе го следиме ли и понатаму нашиот Џин Џонс...


http://plusinfo.mk/mislenje/1296/-Blisku...bilizacija
09-02-2014, 08:10 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Во политиката, обично, има петлиња кои порано ке кукурикнат најавувајки ги потезите на “ тешкашите“. Тоа се прави да се види реакцијата на народот од најавеното. Стефан Влахов-Мицев има интересна колкумна која по мене е такво едно предвремено кукурикање т.е.најавување. Тоа исто го направи провладиниот експерт проф. Димитар Мирчев во ноември/декември 2011 година во весникот ДНЕВНИК, укажувајки дека името и идентитетот мижеме да го сочуваме само ако се државно сојузиме со некоја наша блиска земја која е во ЕУ или е на пат кон ЕУ.
Еве што кажа Стрфан Влахов-Мицев:


Украинската земја и население биле покорувани од Полјаци, Литванци, Руси и Австријци. Македонската територија и народ – од Грци, Бугари, Албанци и Срби. Проблемот и на украинскиот и на македонскиот народ е што не разбираат (да ги парафразирам зборовите на Черчил) дека нема вечни непријатели, но има вечни интереси. За разлика од прагматичниот западен свет, словенските народи си останаа романтичари, емоционално и историски оптоварени и искомплексирани. Од тие причини и Хитлер и Черчил ги сметале Словените за пониска од англо-саксонската раса, способни да бидат само робови и топовско месо во време на војни. Општопозната е глупавата омраза меѓу Србите и Хрватите и вообразеноста на Словенците во однос на едните и на другите. Во различни историски периоди имало напрегања и меѓуУкраинците и Русите, меѓу Украинците и Белорусите. Традиционална е омразата, пак, на Полјаците спрема Русија. Денес Црногорците и Србите се гледаат како мачето и кучето. Во своите „Записи“ (1875-1878), рускиот амбасадор во Османлиската империја, грофот Игнатиев, пишува: „Расната посебност на Словените, за разлика од Германците, се состои во стремежот на секое племе, на секој клон од едно исто семејство, да ја зачува својата самостојност и разновидност, со тоа што нема да се потчинат едно на друго. Тие би можеле постепено да се обединат преку еден заеднички литературен јазик и само во форма на одбранбен сојуз, кој би ги обединил нивните борбени сили против заедничкиот непријател и би ги потчинил на една заедничка дипломатска и економска цел“. Како најголема словенска држава, Русија се обидуваше да ги раководи и да ги контролира другите словенски народи, па оттаму се и историските компликации меѓу неа и нив. Во исто време, во своите обиди да си ја зачуваат самостојноста од Русија, словенските држави се претвораа во пиони на западниот свет и негово политичко и воено оружје.

Романтизмот е убавo својство, но тоа треба да се пројавува само во приватните, во семејните односи. Западниот свет е лишен од романтика и приватно, и во државно-политичките односи. Во словенскиот свет е обратно – романтиката доминира и во едната и во другата насока. Тоа не дава можност успешно да се бранат националните интереси.

Што е национален интерес?

Од древноста до денес тој вклучува неколку работи. Прво, територијална целокупност и независност на државата. Второ, заштита на националниот идентитет, што значи јазик, историја, култура и традиција. Трето, висок просечен стандард на граѓаните на државата. Се друго – карактерот на државното уредување, потпишување или суспендирање договори, водење војни или склучување мирни договори, членство или откажување од членство во политички, економски, воени блокови и сојузи може да бидат не цел, туку само средство за остварување на националните интереси.

Украина е една од големите држави во Европа со нејзиното 50-милионско население. Таа граничи со Русија, а значителен дел од нејзините граѓани се Руси. Тоа значи дека територијалната целовитост на Украина зависи од нејзините добри односи со Русија. Животниот стандард на Украинците исто така зависи од трговијата со нејзиниот северен сосед. Освен тоа, Украина е диспечер во транспортирањето на руски гас кон Централна и Западна Европа. Заради таа нејзина улога таа користеше преференцијални цени за своите граѓани. Тие факти покажуваат дека националните интереси на Украинците и на Русите објективно се совпаѓаат и доколку повеќе се задлабочат и двете држави ќе имаат полза од тоа. Од тие причини Русија и предложи на Украина да влезе во нејзината царинска унија, каде што се Казахстан и Белорусија. Предностите за тој акт се очигледни. Русија има население од 145 милиони луѓе, Казахстан – 15 милиони, Белорусија 10 милиони. Заедно, станува збор за пазар од околу 170 милиони луѓе, а да не заборавиме дека во иднина кон царинската унија ќе се приклучат и други држави. Украинските стоки без проблем ќе може да се пласираат на тој пазар, без уцени и без претензии какви што имаа при трговијата со Европската унија. Освен тоа, Русија објави дека ќе го финансира украинскиот државен долг со 15 милијарди долари и ќе ја намали цената на гасот за Украина за една третина.

Што и предложи ЕУ на Украина во споредба со руските понуди? Да потпише договор за слободна трговија и договор за асоцијација со ЕУ, плус помош од 2 милијарди евра. Договорот за слободна трговија значи Украина да се согласи на својот голем пазар да увезе западни стоки, а во исто време да договара квоти за извоз во Унијата. Всушност, ЕУ сака да ја претвори Украина во свој полуколонијален поданик, како што направи како со членките Бугарија, Романија, Словенија, Полска. Целта на САД, пак, е Украина да влезе во НАТО за американските ракети да може да бидат инсталирани на границата со Русија. Само идиоти не можат да ја видат таа стратегија на САД и на ЕУ. Украинските политичари, всушност, се покажаа идиоти, а некои од нив се дебело поткупени од Запад.

Западната стратегија за Украина се виде уште во 2004 г. во времето на т.н. портокалова револуција. Всушност, повеќе од две децении по паѓањето на Берлинскиот ѕид, американскиот државен тероризам е надвиснат над сите континенти. Во Азија – Ирак, Авганистан. Во Африка – Либија, Сирија, Египет, Сомалија. Во Европа – Југославија, а потоа Србија, Македонија во 2001 г., Украина. Освен тоа, во поранешните заткавкаски советски републики итн. Кандидатката за претседател на САД во 2016 г. Хилари Клинтон го нарече Путин - „Хитлер“. Во праксата, американските фашисти го надминаа Хитлер затоа што тој не војуваше на сите континенти. САД го надминаа Хитлер и затоа што тој ги користеше, а не ги разурнуваше инфраструктурите на завладеаните држави. Либија со Гадафи беше четврта според економскиот развој и животниот стандард на населението во Африка. Денес е претворена во пустош. Иста е ситуацијата и во Ирак, Авганистан, Сирија. Со бомбардирањето на Србија во 1999 г. САД и НАТО ја уништија инфраструктурата за повеќе од 100 милијарди долари. Фрлија повеќе од 10 тони осиромашен ураниум, кој многукратно ја зголеми смртноста на целиот Балкан. Нема држава во која влегле Американците, а таа потоа да напреднала. Украина веќе го загуби Крим, во иднина веројатно ќе ја загуби и својата источна половина. За Западот таа просто е жртвено јагне, колатерална штета во војната против Русија. Западот нема ниту желба ниту волја за воени дејствија против Москва. Затоа и објавува економски „санкции“ против Русија. Тоа веднаш покажува дека, имено, Русија е неговата цел. Украина, Господ да ја прости!

Судбината на Украина е предупредување за македонските политичари. Украина ни е блиска, зашто пријателски е расположена спрема Македонија. Зашто во неа има многу Украинци -македонисти. Во тоа се уверивме пред две години, во времето на Седмицата на македонската наука во Украина. Во Киев и во Харков. Всушност, Харков има население колку цела Македонија. Само економските односи меѓу нив се доволни за македонската трговија. Но, голем дел од македонските политичари, слично на украинските, се неразумни, а друг дел – дебело поткупени. Впрочем, обрнете внимание на разликата меѓу Русија и САД. Во времето на студената војна Американците ги поткупуваа само врхушките во социјалистичките држави. Тогашниот Советски сојуз, пак, за да ја држи Бугарија како свој сателит, секоја година и пушташе по околу 3 милјарди долари неповратна помош преку нафта и оружје. На тој начин и обичниот бугарски граѓанин живееше добро. По 1991 г. од позиција на единствена суперсила САД даваат се помалку пари, а имаат се поголеми претензии.

Во моментов, еднакво се загрозени и македонскиот идентитет, и македонската држава. Загрозени се и од надвор, и од внатре. За разлика од Украина, која ЕУ сака да ја приклучи, на Македонија и става вето за членство. Бара да се откажеме од од своето име, т.е. од својот македонски идентитет, јазик, историја, култура и традиции. Нашите политичари ги продолжуваат напорите да влезат во таа фашизирана Европа. Слично како украинските. Сите гледаат дека САД, преку македонските Албанци, ја уриваат македонската држава, а ги продолжуваат напорите да се пикнат во НАТО, кадешто веќе се македонските непријатели Грција, Бугарија и Албанија. Тоа е самоуништувачки синдром. Ако Албанците и САД сакаат да ја уништат Македонија, а ние сами не можеме да се одбраниме, елементарната логика наложува да побараме сојузници кои се алтернатива на таа закана. Во спротивно, на непријателите им велиме: „Дојди Волчко, изеди ме!“



Стефан Влахов - Мицов

http://www.mkd.mk/kolumni/ukrainskite-po...ivniot-pat

28-03-2014, 08:11 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Овој заден дел од текстот на Стефан Влахов-Мицев е највозбудлив:

[undefined=undefined]Во моментов, еднакво се загрозени и македонскиот идентитет, и македонската држава. Загрозени се и од надвор, и од внатре. За разлика од Украина, која ЕУ сака да ја приклучи, на Македонија и става вето за членство. Бара да се откажеме од од своето име, т.е. од својот македонски идентитет, јазик, историја, култура и традиции. Нашите политичари ги продолжуваат напорите да влезат во таа фашизирана Европа. Слично како украинските. Сите гледаат дека САД, преку македонските Албанци, ја уриваат македонската држава, а ги продолжуваат напорите да се пикнат во НАТО, кадешто веќе се македонските непријатели Грција, Бугарија и Албанија. Тоа е самоуништувачки синдром. Ако Албанците и САД сакаат да ја уништат Македонија, а ние сами не можеме да се одбраниме, елементарната логика наложува да побараме сојузници кои се алтернатива на таа закана. Во спротивно, на непријателите им велиме: „Дојди Волчко, изеди ме!“[/undefined]

Сега јавно се прашувам-Што да правиме за да не не изеде Волчкото на Стефан Влахов -Мицев? А знаеме кои ни се нашите непријатели, нели. Тоа се Албанија, Грција и Бугарија. Косово не се спомна, но јасно ни е на сите нас дека и Косово е земја на Албанците. Наградно прашање до форумџиите- Која нам блиска земја остана за потенцијален сојузник за да ја спасиме Македонија и нејзиниот идентитет, историја , култура и традиција? А, Русија е далеку!?


28-03-2014, 08:26 AM
Reply
Тодор Offline
Македонски Българин
***

Posts: 111
Joined: Oct 2010
Reputation: 27

(28-03-2014, 08:26 AM)hristo Wrote: Сега јавно се прашувам-Што да правиме за да не не изеде Волчкото на Стефан Влахов -Мицев? А знаеме кои ни се нашите непријатели, нели. Тоа се Албанија, Грција и Бугарија. Косово не се спомна, но јасно ни е на сите нас дека и Косово е земја на Албанците. Наградно прашање до форумџиите- Која нам блиска земја остана за потенцијален сојузник за да ја спасиме Македонија и нејзиниот идентитет, историја , култура и традиција? А, Русија е далеку!?

Църна Гора?
Небото да е книга, морето мастило, не ще можам да напишам своите ядови.
29-03-2014, 08:31 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(29-03-2014, 08:31 AM)Тодор Wrote:
(28-03-2014, 08:26 AM)hristo Wrote: Сега јавно се прашувам-Што да правиме за да не не изеде Волчкото на Стефан Влахов -Мицев? А знаеме кои ни се нашите непријатели, нели. Тоа се Албанија, Грција и Бугарија. Косово не се спомна, но јасно ни е на сите нас дека и Косово е земја на Албанците. Наградно прашање до форумџиите- Која нам блиска земја остана за потенцијален сојузник за да ја спасиме Македонија и нејзиниот идентитет, историја , култура и традиција? А, Русија е далеку!?

Църна Гора?

Македонија не граничи со Црна Гора. Второ, мислиш дека Црна Гора е доволно голема за да гарантира на Македонија безбедност?

29-03-2014, 10:12 PM
Reply
Тодор Offline
Македонски Българин
***

Posts: 111
Joined: Oct 2010
Reputation: 27

(29-03-2014, 10:12 PM)hristo Wrote:
(29-03-2014, 08:31 AM)Тодор Wrote:
(28-03-2014, 08:26 AM)hristo Wrote: Сега јавно се прашувам-Што да правиме за да не не изеде Волчкото на Стефан Влахов -Мицев? А знаеме кои ни се нашите непријатели, нели. Тоа се Албанија, Грција и Бугарија. Косово не се спомна, но јасно ни е на сите нас дека и Косово е земја на Албанците. Наградно прашање до форумџиите- Која нам блиска земја остана за потенцијален сојузник за да ја спасиме Македонија и нејзиниот идентитет, историја , култура и традиција? А, Русија е далеку!?

Църна Гора?

Македонија не граничи со Црна Гора. Второ, мислиш дека Црна Гора е доволно голема за да гарантира на Македонија безбедност?

Църна Гора ми беше само за пеза. Сега на сериозна стъпка; не е Словения, нито Хрватия, а не е и Босна и Херцеговина... Погоди ти коя е таа?
Небото да е книга, морето мастило, не ще можам да напишам своите ядови.
30-03-2014, 12:37 PM
Reply
тракиецъ Offline
Member
***

Posts: 103
Joined: May 2012
Reputation: 12

(30-03-2014, 12:37 PM)Тодор Wrote:
(29-03-2014, 10:12 PM)hristo Wrote:
(29-03-2014, 08:31 AM)Тодор Wrote:
(28-03-2014, 08:26 AM)hristo Wrote: Сега јавно се прашувам-Што да правиме за да не не изеде Волчкото на Стефан Влахов -Мицев? А знаеме кои ни се нашите непријатели, нели. Тоа се Албанија, Грција и Бугарија. Косово не се спомна, но јасно ни е на сите нас дека и Косово е земја на Албанците. Наградно прашање до форумџиите- Која нам блиска земја остана за потенцијален сојузник за да ја спасиме Македонија и нејзиниот идентитет, историја , култура и традиција? А, Русија е далеку!?

Църна Гора?

Македонија не граничи со Црна Гора. Второ, мислиш дека Црна Гора е доволно голема за да гарантира на Македонија безбедност?

Църна Гора ми беше само за пеза. Сега на сериозна стъпка; не е Словения, нито Хрватия, а не е и Босна и Херцеговина... Погоди ти коя е таа?

Е, то друго не остана ... Сърбия!
30-03-2014, 08:36 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(30-03-2014, 08:36 PM)тракиецъ Wrote:
(30-03-2014, 12:37 PM)Тодор Wrote:
(29-03-2014, 10:12 PM)hristo Wrote:
(29-03-2014, 08:31 AM)Тодор Wrote:
(28-03-2014, 08:26 AM)hristo Wrote: Сега јавно се прашувам-Што да правиме за да не не изеде Волчкото на Стефан Влахов -Мицев? А знаеме кои ни се нашите непријатели, нели. Тоа се Албанија, Грција и Бугарија. Косово не се спомна, но јасно ни е на сите нас дека и Косово е земја на Албанците. Наградно прашање до форумџиите- Која нам блиска земја остана за потенцијален сојузник за да ја спасиме Македонија и нејзиниот идентитет, историја , култура и традиција? А, Русија е далеку!?

Църна Гора?

Македонија не граничи со Црна Гора. Второ, мислиш дека Црна Гора е доволно голема за да гарантира на Македонија безбедност?

Църна Гора ми беше само за пеза. Сега на сериозна стъпка; не е Словения, нито Хрватия, а не е и Босна и Херцеговина... Погоди ти коя е таа?

Е, то друго не остана ... Сърбия!

Тешко беше, но на крај погодивте Icon_razz

30-03-2014, 09:05 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Поголемиот дел од граѓаните на Македонија сака да бидеме дел од Европа. Еден од нив сум и јас. Но, дали ке мора да ги делиме и овие европски ( западни “ вредности“).



22-12-2014, 09:57 PM
Reply