Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ !!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


Quote:Стразбур пресуди: МВР одговорно за сопствените „каубои“


Европскиот суд смета дека државата е директно одговорна за акти на насилство сторени од полициски службеници

Гордана Дувњак

Државата е директно одговорна за акти на насилство сторени од полициски службеници во извршувањето на нивните надлежности. Од државите се очекува да воспостават високи професионални стандарди во рамките на нивните системи за спроведување на законот и да обезбедат почитување на бараните критериуми. При опремувањето на полициските сили со оружје, не само што мора да бидат дадени неопходните технички обуки, туку мора да се направи и селекцијата на агентите (полициските службеници).

Овие важни пораки се содржани во една од последните пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во случајот „Сашо Ѓорѓиев против Република Македонија“, во која македонскиот државјанин ја доби правната битка против матичната држава по речиси 10-годишна судска голгота. Утврдено е дека нашата држава направила повреда на член 2 од Европската конвенција за заштита на човековите прав, што е едно од најфундаменталните права - правото на живот. Судот наложил на жалителот да му се исплатат 4.000 евра на име материјална штета за болничките трошоци, како и 12.000 евра за нематеријална штета, поради претрпена болка.

Случајот е поведен во Стразбур на 27 ноември 2006 година, а решен на затворена седница на 27 март оваа година од судски совет составен од седум судии. Од пред една недела, пресудата е преведена и објавена и на веб- страницата на Министерството за правда, каде што точно може да се види образложението на Судот напишано на 26 страници.

Настанот што е повод за апликацијата пред меѓународниот суд се случил пред повеќе од десет години, на само една година по воениот конфликт во Македонија, кога големо количество оружје се наоѓаше во рацете на полициски резервисти. Критичниот ден на 6 јануари 2002 година, утрото во 3,50 часот полициски резервист Р.Д. кој бил претходно на стража, во алкохолизирана состојба отишол во еден скопски бар. Од службениот пиштол испукал куршум и го погодил во градите жалителот Сашо Ѓоргиев (1972), кој работел како келнер. Момчето се здобило со тешки телесни повреди, а како трајна последица на овој немил настан е инвалидизираност на десната рака. Бил опериран два пати, а вториот пат во април 2002 година во Белград.

На 27 март 2003, Основниот суд во Скопје го осудил Р.Д. на две години затвор. Судот утврдил дека Р.Д. во алкохолизирана состојба, ненамерно го повлекол чкрапалото на неговиот пиштол и го погодил на растојание од еден метар. Жртвата била советувана да побара надомест на штета со посебна граѓанска тужба, а одлуката станала правосилна на 8 мај 2003 година. На 23 јуни 2008 година Р.Д. почнал со издржување на казната, но по само 17 дена, основниот суд по барање на осудениот ја повторил постапката, а неколку месеци подоцна, поточно на 12 март 2009 година, повторно го прогласил за виновен, но овој пат затворската казна од две години му ја заменил за условна на четири години.

На 11 ноември 2002 година, Ѓорѓиев повел граѓанска постапка против државата (МВР) за надомест на штета. Граѓанските судови, во трите инстанци, го одбиле барањето на жалителот наоѓајќи дека државата не можела да биде одговорна во случај на отсуство на каузална врска меѓу дејството на Р.Д. и неговите службени должности. Инцидентот се случил откако тој ја завршил службената должност, односно стражарењето. Во барот тој не извршувал никаква службена должност во врска со неговата работа.

Но, Судот во Стразбур, спротивно од македонските судови, заклучил дека без оглед дали Р.Д. имал намера да го убие или не, жалителот бил жртва на однесување кое, по самата своја природа, го ставил неговиот живот во опасност.

Скопскиот адвокат Петар Шилегов, кој е правен застапник на македонскиот државјанин кој ја тужеше државата, не крие дека е задоволен од пресудата.

„Оваа пресуда ми е битна и како професионалец и како човек. Како адвокат ја доживувам како професионален успех, но уште побитна ми е како човек, бидејќи докажува дека правдата сепак, на крај победува“, нагласува Шилегов. Тој смета дека нејзината важност е голема бидејќи ќе воспостави пракса за во иднина судовите да не се однесуваат заштитнички кон државата и државните органи, а во прв ред на МВР.

„Најтешки се случаите кога државата крши човекови права и слободи, наместо да ги штити“, заклучува адвокатот. Тој вели дека по истекот на 3 месеци во кои државата има право на жалба на пресудата, неговиот клиент планира да поведе нов судски процес за обновување на постапката.

Владиниот агент Костадин Богданов вели дека дека не планираат да ја обжалат пресудата и верува дека и пред истекот на роковите, ќе му бидат исплатени средствата на македонскиот граѓанин.

„Прв во досегашната пракса е утврдена повреда на член 2 од Конвенцијата, бидејќи во изминативе години, главно повредите се однесуваа на член 6 и на правото на правична судска постапка, како и за фер судење“, подвлекува Богданов, кој е „државен адвокат“ на нашата земја во Стразбур.

Тој смета дека пораките од меѓународниот суд се мошне значајни и ќе бидат од полза на македонските судови, но вели дека не треба да се заборави дека настанот се случил пред 10 години, во поинаков политички контекст од досегашниот.

„Најновиот оглас за прием на 300 полицајци, во кои се предвидени строги критериуми при изборот на припадници, говори дека државата веќе презема мерки за построга селекција на оние што планира да ги прими во своите редови“, додава Богданов.

Пресуда со историско значење

Ваквата пресуда по многу нешта има „историско значење“ и би требало да им биде од корист на македонските судии во градењето на судската пракса. Нејзиното огромно значење е во тоа што таа ја лоцира не само индивидуалната одговорност на „чуварите на редот“ кои незаконски посегаат по оружјето, туку и во државата, поточно во државните органи претставени преку Министерството за внатрешни работи. Тоа во голема мера би требало да го смени и светогледот на македонските делители на правда во случаите слични на оние со „тигарот“ Игор Спасов, кој го уби Мартин Нешковски, гостиварскиот полицаец Јаким Трифуновски, кој смртно застрела двајца Албанци и слични примери од црната хроника.
06-06-2012, 01:43 AM
Reply